1 нед.
Mask1

Историско спојување: SpaceX и xAI стануваат највредната приватна компанија во светот

Американскиот милијардер и претприемач Илон Маск донесе одлука да ги спои својата вселенска компанија SpaceX и фирмата за вештачка интелигенција xAI, во трансакција со која новоформираната компанија се проценува на дури 1,25 билиони американски долари. Станува збор за едно од најголемите корпоративни спојувања во историјата на приватниот сектор, со кое Маск дополнително ја зацврстува својата амбиција за доминација во областите на вештачката интелигенција и вселенските технологии.Акувизицијата на xAI е потврдена во соопштение објавено на официјалната интернет-страница на SpaceX, потпишано лично од Маск, со што се потврдија претходните информации во медиумите. Според извори запознаени со договорот, SpaceX е вреднуван на околу еден билион долари, додека вредноста на xAI е проценета на 250 милијарди долари. Вработените во компаниите биле информирани преку интерен допис, во кој е наведено дека трансакцијата се реализира исклучиво преку размена на акции, со очекувана вредност од 526,59 долари по акција.Во соопштението се наведува дека целта на спојувањето е создавање на, како што се наведува, најамбициозниот вертикално интегриран иновациски систем на Земјата и надвор од неа, кој ќе ги обедини вештачката интелигенција, ракетните технологии, вселенскиот интернет, директната мобилна комуникација и глобалната платформа за размена на информации во реално време. И покрај спојувањето, SpaceX и натаму планира иницијална јавна понуда на акции подоцна оваа година, за која претходно се проценуваше дека би можела да донесе до 50 милијарди долари, што би било најголемо излегување на берза во историјата.Објаснувајќи ја стратешката логика зад ваквиот потег, Маск изјавил дека во период од две до три години најевтиниот начин за извршување на компјутерски операции за вештачка интелигенција ќе биде токму во вселената. Според него, тоа би овозможило побрзо тренирање на напредни AI-модели и обработка на огромни количини податоци, со потенцијал за значајни научни и технолошки пробиви.Во таа насока, SpaceX поднел барање за одобрување на лансирање до еден милион сателити во Земјината орбита. Компанијата веќе остварува значителни приходи преку сателитската мрежа Starlink, која брои повеќе од 9.000 активни сателити и, според достапните податоци, веќе носи поголем приход од лансирањата на ракети.Спојувањето дополнително ги испреплетува бројните деловни потфати на Маск. По преземањето на Твитер во 2022 година и неговото преименување во X, платформата беше интегрирана со xAI во зделка вредна 33 милијарди долари. xAI, кој го развива чет-ботот Grok, според проценките троши околу една милијарда долари месечно, што го прави еден од најкапитално интензивните проекти во технолошкиот сектор.За разлика од некои други иницијативи на Маск, SpaceX се смета за негов најуспешен и најстабилен бизнис. Компанијата е единствената американска фирма што рутински транспортира астронаути до Меѓународната вселенска станица и назад, а воедно е и клучен партнер на НАСА и на американското Министерство за одбрана, што дополнително ја зацврстува нејзината позиција како столб на идните вселенски и технолошки амбиции на Маск.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Лишен од слобода возач во Струга: управувал без возачка дозвола

Вчера во 15:12 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода Е.А. (42) од с. Шум, струшко, поради управување на возило без положен возачки испит.При редовна сообраќајна контрола на ул. „Партизанска“, било запрено патничко возило „Алфа Ромео“ со струшки регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола.За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
taksi

Таксистите во Атина штрајкуваат два дена поради електричната транзиција

Атина ќе остане без такси услуги во вторник и среда, откако таксистите најавија нов дведневен штрајк.Сојузот на таксисти на Аттика (SATA) протестира против роковите за транзиција кон електрични возила и конкуренцијата од други даватели на возачки услуги, додека бара даночни олеснувања и дозвола таксистите да ги користат лентите за јавен превоз.SATA, кој последните недели организира низа штрајкови, планира и протестен марш низ централна Атина кон канцеларијата на премиерот Кијакос Мицотакис во вторник наутро.Таксистите во Солун најавија дека ќе штрајкуваат во среда.Од 1 јануари, сите нови такси возила за кои е издадена лиценца мора да бидат на електрична енергија како дел од зелената транзиција на Грција, а SATA бара продолжување на рокот за неколку години. Сојузот бил дополнително незадоволен поради тоа што Министерството за транспорт им доделило, според SATA, неправедни привилегии на конкуренти кои управуваат со возила со нулта емисија и нудат возачки услуги.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2022-08-31-113034

Ќе се доградуваат двата објекта кај Ректорат, но нема да имаат барокна фасада

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ, чија изградба е стопирана повеќе од десет години, ќе се доградуваат кога ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи.Во разговор за МИА проф. д-р Горан Марковски од Градежниот факултет рече дека двата објекта, кои се простираат на вкупно 22 753 квадратни метри, ќе го задржат постојниот габарит и ќе немаат барокна фасада. Во нивната внатрешност ќе има прераспоредување на просториите, ќе има промени во инсталациите за греење, компјутерската инсталација итн.Двата објекта ќе ги користи само Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бидејќи само една зграда не ги задоволува потребите ниту на овој факултет ниту на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, за кој беше наменет другиот објект.„Двата објекта се подземно поврзани со паркиралиште, а ќе има и топла врска помеѓу нив бидејќи ќе бидат за еден факултет, откако се заклучи дека ќе добиеме две згради, но ниту едната ниту другата нема да ги задоволи потребите ни на двата факултета. Сега треба да се најде проектант, потоа да се најде изведувач и да ги доврши работите. Проектната задача е доста обемна од сите аспекти. Дадени им се одредени насоки на идните проектанти каде треба да се движат и во однос на архитектонскиот облик, но, се разбира, не премногу детаљно затоа што на проектантот треба да му се даде слобода“, изјави проф. Марковски.Динамиката со која ќе продолжи изградбата на објектите ќе зависи од расположивите средства во буџетот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryj1acamb8l5p085OMXYH

Пренџов: Инфлацијата е драстично намалена, работниците во јавните сектори ќе добијат покачување од 40%

„Во поглед на државните вработувања коишто ги имаме, ние имаме политика на многу чесен однос кон секој еден синдикат којшто беше во Владата овие две години. Прво дојдоа преговори од образование добија кумулативно до крајот на нашиот мандат за 4 години околу 48%, потоа беа социјалните работници околу 20% покачување, исто околу 40% добија од здравството покачување на платите, 10% добија во МВР вработените, целосно се исплатени сите пари во рамките на одбрана и на Армијата“, рече Љупчо Пренџов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија 24 во емисијата „Анализа“.Пренџов потенцираше дека инфлацијата за разлика од изминатите години е драстично намалена и дека преку дијалог со Владата, работниците во јавните сектори ќе добијат покачување од 40%.„Доколку има повисоки плати во приватниот сектор тогаш и државата добива повеќе, бидејќи тие средства работникот ги зема, ги троши, а државата преку даноци повеќе пари прибира во Буџетот. Но одговорна држава вели, дајте сега вие седнете како работодавачи и како работници направете еден дијалог, и она коешто вие ќе се договорите ние ќе го почитуваме како држава, бидејќи во Република Македонија за разлика од 90-тите години, сега колку им треба работно место на работниците толку им треба човек и на сопствениците, ова што сега се случува е далеку од желба за реално решавање на работите“, рече Пренџов и додаде:„Во 2022 година инфлацијата беше 14,2%, а на храна и пијалоци беше повеќе од 50% инфлација, денес во 2025 имаме 3,9% инфлација, лани сме имале 3,5% а во 2026 година ќе имаме 2,5% инфлација. Очекувам во четврток оние 7.700 вработени и нивните претставници да дојдат во Владата, да разговараат и на крај да ги добијат и тие нивни 40%“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
trendafilov

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов по насока на СДС и Левица одбива зголемување на платите до 40%

Вистинското лице на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов излегува на површина. Тој е во служба на СДС и Левица и одработува за нивни интереси, наместо, согласно неговата позиција, да ги штити правата на работниците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Трендафилов е избраник на СДС, кој преку Јованка Тренчевска беше поставен за претседател на ССМ и ден денес продолжува да ги извршува насоките делегирани од партија.Затоа, по насока на СДС и на Левица, Трендафилов го одбива покачувањето на платите на административните службеници за 40%.Само за да му се оддолжи на СДС затоа што го поставија на претседателското столче во ССМ, Трендафилов заедно со неговите другари ја продолжија послушноста која синдикатот ја има историски кон оваа партија.Како на дугме, кога СДС е опозиција и му треба тема за политички поени, ССМ се активира и бара повисоки плати, а кога СДС е власт и кога инфлацијата е двоцифрена, платите стагнираат, а вработените по институции со месеци немаат плата, Трендафилов никаде го нема да се побуни за тешкиот живот на работниците и на сите граѓани.Сега, без никаква економска анализа со 4% инфлација, Трендафилов бара за само една година минималната плата да се зголеми за 50%. Додека пак во време на СДСМ, за седум години власт минималната плата не се зголеми за толку, односно 50%, иако имавме енормно покачување на цените по марките, двоцифрена инфлација и зголемени сметки за струја до плафон.Тогаш никаде ги немаше ССМ и Трендафилов да се пожалат дека, со тие плати и со така високите цени, во време на власт на СДС македонските граѓани тешко живеат и одвај врзуваат крај со крај.За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ е партија која мисли за иднината и доброто на работниците и на сите граѓани, затоа и бара и нуди разумни, реално издржливи и економски оправдани решенија.Да нема негативни ефекти како економска криза, зголемување инфлација, дупки во буџетите, единствено решение коешто моментално може да се примени е зголемување на минималната и на другите плати во април годинава за околу 14% кое до 2028 година ќе стигне до 40%. Во денари, тоа претставува зголемување од над 10 илјади денари на платите во администрацијата за само две години.Затоа, упатуваме повик до Трендафилов барем еднаш да го стави во предност интересот на граѓаните и работници, да ја остави политиката на страна и да го прифати предлогот на Владата за работниците да добијат повисоки плати“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
sijarto

Унгарија ja тужи ЕУ

Унгарската влада поднесе тужба до Судот на правдата на ЕУ, барајќи поништување на Уредбата RePower EU, чија цел е постепено укинување на увозот на руски гас.Ова го изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто. Тој тврди дека ЕУ со усвојувањето на уредбата ја надминала својата надлежност, бидејќи одлуката е погрешно претставена како мерка на трговска политика, а не како санкција, додека нејзината примена би ја загрозила безбедноста на снабдувањето со енергија во Унгарија.Сијарто, пишува унгарскиот Индеx, наведе дека Унгарија ја оспорила уредбата RePower EU пред Судот на ЕУ по нејзиното официјално стапување на сила, истакнувајќи дека за Унгарија не постојат поевтини и по сигурни алтернативи на руската нафта и гас, како и дека без тие енергенти не е можно да се гарантира енергетската безбедност на земјата ниту одржувањето на ниски трошоци за домаќинствата.Сијарто наведе три клучни причини поради кои Будимпешта бара поништување на уредбата: прво, RePower EU во суштина претставува политика на санкции, поради што би барала едногласна одлука на земјите членки; второ, ЕУ нема надлежност за донесување такви одлуки бидејќи енергетската политика е во надлежност на земјите членки; и трето, принципот на енергетска солидарност во ЕУ се крши доколку се загрозува снабдувањето со енергија на која било членка.Според Сијарто, судскиот процес би можел да трае помеѓу една и пол и две години, а укинувањето на руските енергенти, како што наведе, би можело да го зголеми трошокот за енергија во Унгарија.Уредбата RePower EU беше усвоена од Европскиот парламент во декември, додека Советот на ЕУ ја потврди во јануари, при што против беа само Унгарија и Словачка.Според планот, забраната се однесува исклучиво на рускиот гас, додека за укинување на увозот на руска нафта и нуклеарно гориво ќе се одлучува со посебна уредба во 2026 година.Според договорот на институциите на ЕУ, увозот на руски течен природен гас (LNG) би бил забранет од почетокот на 2026 година, додека забраната за увоз на гас преку гасоводи би стапила на сила на 30 септември 2027 година, со предвидени транзициски периоди за постоечките договори.Уредбата предвидува и обврска на земјите членки да изработат национални планови за диверзификација на снабдувањето со гас, додека Европската комисија ќе ја надгледува примената на забраната.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library9mfic5t8cgbl8fsPH2a

Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на главниот, во врвот на власта, вели СДСМ

Во време кога во буџетот недостасуваат 2 милијарди евра зад грбот на народот власта спроведува грабеж преку криминални тендери, вели СДСМ.„161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени,  1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.Милионски суми, огромен број тендери, само за едни исти омилени фирми.Украденото мора да се врати кај народот. А за тоа да се случи, мора да има одговорност за криминалните тендери.Одговорноста треба да почне од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на главниот, во врвот на власта.Наместо празни зборови кои служат само за промоција, Мицкоски нека ги повика обвинителите и судиите кои ги поставува и нека почнат од 161 тендер, па на 51 тендер, па на тендерот во Пошта.Не може таму, тие му се тендерските другари и шефот на кабинет, па незгодно нели“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Rusija-ruska-policija-1-620x350

Малолетник пукаше со воздушна пушка во руска школа

Ученик од деветто одделение отвори оган со воздушна пушка во една гимназија во Уфа, најголемиот град на Република Башкортостан во Русија, потврди гувернерот на таа република, Радиј Хабиров.Според неговите зборови, во инцидентот немало повредени, а малолетниот напаѓач е приведен. Како што пренесува руската агенција ТАС, безбедносните служби веднаш интервенирале, а ситуацијата во училиштето е ставена под контрола.Хабиров наведе дека нема опасност за учениците и наставниот кадар, како и дека во моментов се утврдуваат сите околности на настанот.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Сменa во украинската дипломатија: Зеленски потпиша укази за разрешување

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша укази за разрешување на амбасадорката на Украина во Куба, Ирина Костјук, и на амбасадорот во Сенегал, Јуриј Пивоваров, кој истовремено ја претставуваше Украина и во Либерија, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја и Гвинеја Бисао.Според указите, Зеленски ја разреши Ирина Костјук од должноста амбасадорка на Украина во Куба.Со друг указ, шефот на државата го разреши Јуриј Пивоваров од функцијата амбасадор на Украина во Сенегал. Тој исто така е разрешен и од должноста амбасадор по заедничка акредитација во Либерија, Брегот на Слоновата Коска, Република Гвинеја и Гвинеја Бисао.Во октомври 2025 година, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха соопшти дека Украина во текот на оваа година ја затвора својата амбасада во Хавана, на Куба, и го намалува нивото на дипломатските односи со таа земја.Сибиха објасни дека одлуката, меѓу другото, е поврзана со ставот на кубанските власти кон војната на Руската Федерација против Украина, како и со информациите за масовното вклучување на кубански државјани во руската армија.Според зборовите на министерот, илјадници Кубанци потпишале договори и учествуваат во борбени дејствија на територијата на Украина, а одбивањето на Хавана да го запре тој процес го нарече соучесништво во агресијата.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
popova-sapka

Студено утро во Македонија: Попова Шапка со -5°C, снежна покривка до 34 см

Минималните температури во земјава утрово се движат од -5°C на Попова Шапка до 2°C во Гевгелија. Во останатите градови се регистрирани: -4°C во Крива Паланка, -3°C во Скопје-Петровец и Демир Капија, -2°C во Битола, Крушево, Кавадарци, Куманово, Маврови Анови, Струмица и Прилеп, додека -1°C има во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип и Берово.Во изминатите 24 часа најмногу воден талог е измерен во Крива Паланка, Берово, Пожар, Охрид и Виница, по 1 l/m².Најобилна снежна покривка има на Попова Шапка со 34 см, следат Крушево со 18 см, Маврови Анови со 11 см, Берово со 4 см и Ѓуриште со 1 см..

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryndfsoggmso0bdI6SAMF

ЕУ планира забрана за увоз на руски бакар и благородни метали

Европската унија разгледува воведување забрана за увоз на бакар и неколку клучни благородни метали од Русија, меѓу кои платина, иридиум и родиум.Овој предлог е дел од 20. пакет санкции што Брисел планира да го усвои до крајот на февруари 2026 година, по повод двегодишнината од почетокот на војната во Украина, пренесува Блумберг, повикувајќи се на анонимни добро упатени извори.Главна цел на овие мерки е рускиот гигант „Норникел“, најголемата рударска компанија во земјата, која досега успеа да избегне директни санкции од ЕУ поради својата критична улога на светскиот пазар.Одлуката за забраната доаѓа во момент кога светските пазари на овие метали веќе се под силен притисок, а цените на бакарот достигнуваат рекордни нивоа поради големата побарувачка и ограниченото снабдување, додека на пазарот на платина се бележи дефицит.Руските метали веќе се делумно потиснати од западните берзи, како што е Лондонската берза на метали, но и понатаму наоѓаат пат до европските индустриски потрошувачи.Европската унија се надева дека со овој потег дополнително ќе ги исцрпи руските воени фондови, и покрај ризикот од натамошен раст на цените на суровините.Новиот пакет санкции е проследен и со најава за огромен пакет финансиска помош за Украина во вредност од 90 милијарди евра за наредните две години.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryc6kjd73ng138eyvYqyo

(Видео) Нови воздушни напади врз Киев и Харков

Руските сили рано утринава извршија напад врз Киев, Харков и други поголеми градови во Украина, а во нападите има повредени лица и штета на енергетската инфраструктура, соопштија украинските официјални претставници.Во нападите се повредени четири лица, по две во Киев и Харков, соопштија официјални претставници во двата најголеми украински града.Во Киев, каде што ноќеска температурите се спуштија на речиси -20 степени Целзиусови, сведоци на агенцијата Ројтерс пријавија експлозии по полноќ, кои, според нивните изјави, биле предизвикани од ракети и дронови.„Ударните напади предизвикаа штета во пет киевски окрузи, погодени се три станбени згради и објект во кој се наоѓа градинка, изјави началникот на градската воена управа“, Тимур Ткаченко.Тој додаде дека, според моменталните податоци, најмалку две лица се повредени во нападите, пренесува Укринформ.Предупредувањето за воздушен напад во Киев било на сила повеќе од пет часа.Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека нападите во овој град биле насочени кон енергетската инфраструктура.„Целта е очигледна: да се предизвика максимално разорување и градот да се остави без греење при силни студови“, напиша Терехов на Телеграм.Началникот на Харковската регионална државна администрација, Олег Синегубов, извести дека две лица се повредени во руското гранатирање, пренесува Униан.Русија и Украина минатата недела соопштија дека ги прекинале меѓусебните напади врз енергетската инфраструктура, но не се согласија околу временската рамка за прекин на таквите удари.Кремљ соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп лично го замолил рускиот претседател Владимир Путин да се воздржи од напади врз Киев до 1 февруари, додека Зеленски изјави дека прекинот на нападите врз енергетските објекти треба да трае една недела, почнувајќи од 30 јануари.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
jotova

Први консултации на Јотова со партиите за службена влада

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова ќе ги одржи првите консултации со претставниците на парламентарните групи во 51-вото Народно собрание во рамките на процедурата за назначување службен претседател на владата, соопшти прес-службата на шефицата на бугарската држава.Јотова денеска ќе разговара со претставници на ГЕРБ-СДС, а потоа и на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“.Минатата недела Јотова се сретна со сите потенцијални службени премиери наведени во Уставот, а петмина од нив изразија подготвеност да ја преземат функцијата – заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров, заменик-омбудсманот Марија Филипова, претседателот на Националниот завод за ревизија Димитар Главчев, како и заменик-претседателите на заводот за ревизија Маргарита Николова и Силвија Кадрева.– Мојата идеја е следниот службен премиер да одговори на очекувањата на бугарските граѓани, изјави Илијана Јотова во неделата.Таа додаде дека ќе го објави назначувањето на службен претседател на владата откако ќе одржи консултации со партиите застапени во парламентот. Изборот на следниот службен претседател на владата е избор на Народното собрание, бидејќи тие ги изгласаа сите овие промени во Уставот како функционери кои треба да ја преземат оваа функција, како и процедурата и правилата според кои тоа треба да се случува, потсети Јотова.Според промените во Уставот од 2023 година, по консултации со парламентарните групи и на предлог на кандидатот за службен претседател на владата, претседателот назначува службена влада и закажува избори во рок од два месеци. По промените, двапати се спроведени слични консултации – во април и август 2024 година. За разлика од сега, тогаш консултациите беа во еден ден со сите партии истовремено, пренесе БТА.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

САД и Индија постигнаа договор: Што му вети Моди на Трамп

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, наведувајќи дека е постигнат трговски договор меѓу двете земји.Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, исто така соопшти дека Индија се согласила да престане со купување руска нафта.„Од пријателство и почит кон премиерот Моди и, по негово барање, со моментално дејство, се договоривме за трговски договор меѓу Соединетите Американски Држави и Индија, со кој САД ќе наплатуваат намалена реципрочна царина, намалувајќи ја од 25 на 18 отсто“, наведе Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Американскиот претседател напиша и дека една од темите на разговорот била војната во Украина и дека, во тој контекст, Моди се согласил Индија да престане со купување руска нафта и да го зголеми увозот на енергенси од Соединетите Американски Држави, а потенцијално и од Венецуела, што, според неговите зборови, би можело да придонесе за завршување на војната во Украина.Според наводите на Трамп, Индија се обврзала да ги намали своите царини и нецарински бариери кон американските производи на нула, како и значително да го зголеми купувањето на американска стока во рамки на политиката „Купувај американско“.Трамп додаде дека станува збор за купување американски енергетски, технолошки, земјоделски и други производи во вредност поголема од 500 милијарди долари.Тој оцени дека односите меѓу САД и Индија во наредниот период дополнително ќе бидат зајакнати, истакнувајќи дека тој и премиерот Моди „постигнуваат резултати“.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека до 20.00 часот бројот на казни од „Безбеден град“ во понеденик како работен ден е ист како во неделата.- Денес можам да кажам дека фактичката сосотојба е иста  Имаме 508 прекршооци на ниво на Скопје, Куманово, Тетово и коридорите. Од тие 454 се за брзо возење, 42 се за црвено светло, 12 се нерегистрирани, рече министерот.Тој изрази задоволство од, според него, малите бројки на казни и очекува дека бројката ќе остане горе-доле иста за целиот 24-часовен период.Според статистиката на МВР за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно 55.435 граѓани, имаат по една изречена забрана. Сепак, бројките на повратниците во прекршоците се алармантни. Вкупно 7.987 лица се соочиле со втора забрана, додека 1.863 возачи имаат по три правосилни пресуди за забрана за управување возило.Посебен акцент министерот стави на „рекордерите“ во негативна смисла, посочувајќи дека постојат лица кои десетици пати го изигрувале законот.„Имаме 687 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, истакна Тошковски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycgol2beo49hf9XIonRh

Се продава службеното „ауди“ на Мерко

Општина Струга ќе формира комисија која ќе ја утврди почетната цена за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“, по што возилото ќе биде понудено на јавна, отворена и транспарентна аукција, соопшти денеска општинската прес-служба.Одлуката за продажба на службеното возило беше првата што градоначалникот Менди Ќура ја потпиша веднаш по превземањето на мандатот. Одобрување за реализација доби и од Советот на Општина Струга.- Општина Струга не планира набавка на службено возило за градоначалникот. Како што е јавно соопштено, во текот на целиот мандат градоначалникот ќе користи сопствено приватно возило, а сите трошоци поврзани со неговото користење ќе ги покрива лично. Наместо луксузно возило, Општина Струга ќе набави функционално комбе, во служба на општинската администрација, спортските клубови и градските активности, стои во информацијата.Минимизирањето на трошоците на градоначалникот и на администрацијата на Општина Струга, според соопштението, е јасен приоритет на градоначалникот Ќура.Против поранешниот градоначалник на Општина Струга се водеше судски процес за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра, а Судот во Струга донесе ослободителна пресуда.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
magla

Зимски услови на државните патишта, магла на правецот Гевгелија – Богородица

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ. Намалена видливост и појава на магла до 60 метри е забележана на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица.Од 15 ноември 2025 година во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси при влез и излез од државата.Од АМСМ апелираат на прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони. Како критични се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Воедно, се потсетува дека патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
271957282_480992096753139_6073821672417444389_n

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени.Според УХМР, од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Анкети во САД: расте фрустрацијата од водството на Трамп, економијата во втор план

Иако актуелниот американски претседател Доналд Трамп јавно се фали со успесите на својата администрација, најновите истражувања на јавното мислење укажуваат на сè поголемо незадоволство и фрустрација кај граѓаните на Соединетите Американски Држави. Според повеќе анкети спроведени во јануари, значаен дел од Американците сметаат дека Трамп се занимава со погрешни приоритети и не посветува доволно внимание на секојдневните економски проблеми, особено на растечките трошоци за живот.Анкетите покажуваат дека, иако Трамп повторно беше избран во голема мера поради економските теми, мнозинството граѓани сè уште не чувствуваат конкретна корист од неговите политики. За голем дел од регистрираните гласачи, економијата е едно од најважните прашања со кои се соочува земјата, а околу половина од нив сметаат дека политиките на претседателот го направиле животот „помалку достапен“ за просечниот Американец. Истовремено, големо мнозинство анкетирани изјавуваат дека Трамп не посветува доволно време и внимание на економските прашања, став со кој се согласува и значителен дел од неговата сопствена партија.Дополнително, значаен број гласачи наведуваат дека економските мерки на администрацијата или директно им наштетиле или, во најдобар случај, не донеле никаква промена. Само мал процент од испитаниците велат дека имале лична корист од економскиот курс на претседателот, а речиси половина очекуваат состојбата во економијата во следната година да се влоши.Покрај економијата, расте и незадоволството од начинот на кој Трамп ја води имиграциската политика. Иако дел од јавноста и понатаму ја поддржува идејата за депортација на лица кои нелегално престојуваат во земјата, сè повеќе граѓани сметаат дека применетите тактики одат предалеку. Значителен дел од регистрираните гласачи оценуваат дека активностите на имиграциските служби се прекумерно агресивни, а ваквиот став бележи раст во однос на претходните месеци. Истражувањата покажуваат и дека поддршката за Трамп по ова прашање опаѓа дури и меѓу републиканците, што укажува на пошироко разнишување на довербата во неговиот пристап.Истовремено, анкетите покажуваат дека многу Американци сакаат претседателот да се занимава помалку со надворешната политика и повеќе со внатрешните проблеми. Во последниот период, Трамп отвори низа контроверзни теми на меѓународната сцена, меѓу кои и идеи за преземање контрола врз Гренланд, залагање за американско влијание врз венецуелската нафта и остри чекори кон Иран. Овие иницијативи, според истражувањата, не наидуваат на широка поддршка кај јавноста, а особено непопуларна е идејата за Гренланд, на која мнозинството Американци се спротивставуваат.Особено индикативни се податоците што укажуваат на пад на довербата во Трамп меѓу републиканските гласачи. Иако со години неговите поддржувачи покажуваа висока толеранција кон неговиот стил и однесување, новите анкети бележат намалување на поддршката за неговите политики, како и растечки сомнежи околу неговата етичност, почитувањето на демократските вредности и менталната подготвеност за извршување на функцијата. Процентот на републиканци кои се целосно или во голема мера уверени во неговата способност да ја води државата е во опаѓање, што претставува предупредувачки сигнал за администрацијата во пресрет на меѓуизборната година.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања