1 нед.
media-librarylq0kl7tt7imncq9zZv8

(Видео) Се враќа една од најпопуларните адвокатски серии

Криминалистичката драма Адвокатот од Линколн (The Lincoln Lawyer), адаптација на серијалот бестселери, доби зелено светло од Netflix за петтата сезона, само неколку дена пред најновите епизоди да стигнат на платформата.Четвртата сезона на серијата ќе биде премиерно прикажана на 5 февруари.Заплетот го следи идеалистичкиот адвокат Мики Хелер, кој ја води својата пракса од задното седиште на автомобилот, преземајќи случаи со различна тежина низ Лос Анџелес. Секоја сезона е фокусирана на еден голем случај кој доминира со приказната, заедно со неколку помали случаи кои се испреплетуваат.Предстојната сезона носи драматичен пресврт, бидејќи Хелер ќе биде принуден да се брани самиот себе откако ќе се соочи со обвиненија за убиство.Серијата „Адвокатот од Линколн“ се базира на серијалот романи на писателот Мајкл Конели. Првата книга е екранизирана уште во 2011 година во филм во кој главната улога ја толкуваше Метју Меконахи.Поврзано со потврда за петтата сезона, копродуцентите и извршните продуценти Тед Хамфри и Дејлин Родригез изјавија:„Многу сме среќни што на 5 февруари ќе ја претставиме четвртата сезона на публиката, а уште повеќе сме возбудени што можеме да ја споделиме веста дека веќе вредно работиме на следната.“„Четвртата сезона го води Мики Хелер на неговото досега најзахтевно и најинтензивно лично патување. Возбудени сме и благодарни што таа приказна можеме да ја продолжиме и во петтата сезона“, додаваат тие.„Адвокатот од Линколн“ има одлична оцена од 90 отсто на сајтот Rotten Tomatoes, додека последната сезона достигна совршени 100 отсто.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Тужба против Стејт департментот поради стопирањето визи за државјани од 75 земји, меѓу кои е Македонија

Група организации за човекови права поднесоа тужба против Стејт департмент на САД поради неодамнешната одлука за пауза на обработката на имигрантски визи за државјани од 75 земји меѓу кои е Македонија, оценувајќи дека ваквата политика грубо ги нарушува децениски воспоставените принципи на американското имиграциско право.Тужбата е поднесена во федерален суд во Менхетен и бара судска наредба со која би се блокирала примената на мерката, која стапи на сила на 21 јануари. Подносителите тврдат дека одлуката се темели на неосновани и, како што наведуваат, докажливо неточни претпоставки дека државјаните на засегнатите земји емигрираат во САД со цел да се потпрат на социјална помош и дека претставуваат ризик да станат таканаречен „јавен товар“.Тужбата е поднесена од National Immigration Law Center и други граѓански организации, во име на поширок круг тужители, меѓу кои и американски државјани кои тврдат дека се разделени од своите семејства поради новата политика. Како тужител се наведува и ендокринолог од Колумбија, на кого му е одобрена работна виза, но не може да ја добие поради тоа што Колумбија е вклучена меѓу земјите опфатени со паузата.Според наводите во тужбата, мерката влијае врз апликанти од повеќе региони, вклучувајќи земји од Латинска Америка како Бразил, Колумбија и Уругвај, балкански држави меѓу кои Босна и Херцеговина и Албанија, јужноазиски земји како Пакистан и Бангладеш, како и бројни држави од Африка, Блискиот Исток и Карибите.Од Стејт департментот засега нема официјален одговор на барањата за коментар. Во дипломатска депеша испратена до американските мисии, а до која имале увид медиуми, се наведува дека се спроведува „целосна ревизија“ на сите политики, регулативи и насоки со цел да се обезбеди „највисоко ниво на проверка и безбедносна проценка“ за сите апликанти за американска виза. Во истиот документ се тврди дека апликантите од 75-те засегнати земји носат висок ризик да станат корисници на локални, државни или федерални ресурси во САД.Политиката, според официјалните појаснувања, не се однесува на туристичките визи, кои во последно време се во фокус поради тоа што Соединетите Американски Држави ќе бидат домаќини на Светското првенство во фудбал во 2026 година и Олимписките игри во 2028 година. Судската постапка што допрва започнува се очекува да отвори поширока дебата за границите на извршната власт во областа на имиграцијата и за критериумите врз кои се темелат ваквите рестриктивни мерки.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
tik-tok

TikTok повторно достапен по неколкудневниот прекин со работа

Популарната платформа TikTok соопшти дека нејзините услуги се целосно обновени по сериозен технички дефект кој погоди милиони корисници во САД за време на изминатата недела.Прекинот, кој започна крајот на јануари, беше предизвикан од прекин на електричната енергија во еден од клучните центри за податоци на компанијата Oracle, а ситуацијата беше дополнително отежната од силното снежно невреме. За време на овој период, корисниците се соочуваа со бројни проблеми: од неможност за поставување нови видеа и пребарување на содржина, до грешки во прикажувањето на бројот на прегледи, кој на многу профили беше на нула.„Успешно ја стабилизиравме нашата инфраструктура во соработка со американските партнери за центри за податоци“, се наведува во официјалното соопштение на ентитетот TikTok USDS. „Сведоци сме на непријатностите што ги предизвика овој прекин и им благодариме на корисниците за трпението додека работевме на решавање на овој сложен проблем.“Иако основните функции сега се оперативни, некои креатори на содржина сè уште пријавуваат помали технички потешкотии, но компанијата уверува дека сите податоци и ангажмани на корисниците (лајкови и следбеници) се безбедни и дека статистиките постепено ќе се ажурираат во целост.Аналитичарите истакнуваат дека овој „инфраструктурен кошмар“ ја покажува ранливоста на новата мрежа сервери на која се потпира TikTok во рамките на своето реструктурирање, но и брзината со која конкурентските платформи почнаа да привлекуваат корисници за време на застојот.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryeb79874sfn40ev4Bmi3

„Безбеден град“ за еден ден: 646 сообраќајни прекршоци и 101 забрана за возење

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на вчерашниот ден, 1 февруари 2026 година, системот „Безбеден град“ евидентирал вкупно 646 сообраќајни прекршоци на територијата на државата, при што доминираат пречекорувањата на дозволената брзина и минувањата на црвено светло.Според податоците на Министерство за внатрешни работи, за минување на црвено светло биле констатирани 64 прекршоци. Од нив, 35 се регистрирани на територијата на Скопје, пет во Тетово и 24 во Куманово. Истовремено, системот детектирал вкупно 582 случаи на возење со брзина поголема од дозволената. Најголемиот дел од овие прекршоци се регистрирани во Скопје – 445, додека во Тетово се евидентирани 36, во Куманово 31, а 70 прекршоци се констатирани на патните коридори.Како резултат на утврдените прекршоци од двата вида, МВР информира дека биле изречени вкупно 101 забрана за управување моторно возило. Од Министерството повторно апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, потенцирајќи дека системот „Безбеден град“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди со тешки последици.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytallh42oq402fzo7lcs

Microsoft потврди нов баг: Некои Windows компјутери не можат да се исклучат или да одат во режим на спиење

Јануари 2026 година се покажа како исклучително проблематичен месец за оперативниот систем на Microsoft.По низа пријавени грешки, компанијата потврди постоење на нов баг кој спречува корисниците да ги исклучат своите компјутери нормално или да ги стават во режим на спиење (hibernation).Иако Microsoft првобитно се обиде да го реши проблемот со вонредно ажурирање, најновите податоци покажуваат дека обемот на проблемот е поголем отколку што се мислеше. Според ажурираната документација на официјалниот портал Windows Health Dashboard, проблемот го погодува поширок спектар на уреди.Проблемот се манифестира на системи кои имаат овозможени функции Secure Launch и Virtual Secure Mode (VSM). VSM е технологија заснована на виртуелизација која ги чува чувствителните податоци во заштитен дел од меморијата за поголема безбедност.Верзии на оперативни системи погодени од багот се:Windows 11, верзија 23H2Windows 10, верзија 22H2Windows 10 Enterprise LTSC 2021 и 2019Добрата вест за просечните домашни корисници е дека овој баг главно го погодува специфичните бизнис и безбедносни конфигурации, па повеќето стандарни корисници нема да почувствуваат проблеми.За системите со активирана функција Secure Launch веќе е достапна исправка, но корисниците чиј уред користи Virtual Secure Mode сè уште чекаат. Microsoft официјално потврди дека работи на трајно решение:„Компјутерите со функција Secure Launch и овозможен Virtual Secure Mode исто така се погодени. Планираме овој проблем да го решиме во некое од наредните ажурирања на Windows“, стои во соопштението на компанијата од 30 јануари 2026 година.Овој инцидент се случува во момент кога Microsoft се соочува со остри критики поради квалитетот на ажурирањата и воведувањето AI функции кои многумина ги сметаат за непотребни. Паван Давулури, шеф на одделот Windows, неодамна изјави дека компанијата во 2026 година ќе се фокусира на стабилност и перформанси на системот за да ja врати довербата на корисниците и да ги реши клучните проблеми кои им го отежнуваат работењето.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryttc9ace0ged61rfS82U

Спротивставени бројки и исти уверувања: што знаеме за изнесувањето мозоци од Македонија

Откако во јавноста повторно исплива темата за испраќање мозоци од Македонија во САД за научни истражувања, фокусот постепено се префрли од самиот проект кон противречностите во изјавите за неговиот обем, времетраење и институционален надзор. Иако сите вклучени страни инсистираат дека станувало збор за легална и етички оправдана научна соработка, бројките и формулациите што се појавуваат во јавниот простор отвораат сериозни прашања.Поранешниот директор на Институтот за судска медицина, професорот Алексеј Дума, во во изјава за „Дојче веле“ тврди дека од Македонија биле испраќани околу 10 до 15 мозоци годишно, најчесто од лица починати од самоубиство и дека таа бројка е скромна и строго контролирана. Според неговите изјави, секој примерок бил испраќан со согласност од семејствата, со одобрение од етички комитети и со целосна документација, при што ја отфрла секоја можност за злоупотреба или профит.Од друга страна, во научни трудови објавени пред повеќе од една деценија, потпишани токму од Дума, професорот Горазд Росоклија и нивни американски соработници од Универзитет Колумбија, се наведува дека во рамки на соработката се собирале меѓу 25 и 75 мозочни примероци годишно. Иако во тие текстови се појаснува дека станува збор за вкупната колекција во рамки на меѓународниот проект, а не исклучиво за Македонија, ваквата формулација е во очигледен судир со подоцнежните јавни тврдења за далеку помал македонски удел.Токму овој јаз меѓу бројките е во сржта на јавната дилема. Додека денешните изјави ја минимизираат количината и инсистираат на строго ограничен обем, пишаните научни извори оставаат впечаток на далеку поширока и поинтензивна активност, особено ако се има предвид дека соработката, според самите автори, започнала уште во 1996 година и траела со години. Во отсуство на јавно достапни официјални податоци од институциите, останува нејасно дали бројките од трудовите се однесуваат на различни фази од проектот или на поширок географски опфат што не е доволно прецизно објаснет.Дополнителна конфузија создава и начинот на кој самите автори во научните статии зборуваат за административните услови во Македонија. Во нив се наведува дека изнесувањето на ткиво било сложен процес, но и дека постоеле олеснувања во однос на регулативата, што денес, во контекст на чувствителноста на темата, звучи спротивно на уверувањата дека контролата била максимална и непробојна. Истовремено, се признава дека во почетокот недостасувале воспоставени протоколи и етичка практика, кои подоцна морале да се градат паралелно со самиот проект.За јавноста, која за овој проект дозна дури по неговото актуелизирање во меѓународен контроверзен контекст, овие разлики во наративите се клучни. Не станува збор само за научната вредност на истражувањето, туку за прашањето колку транспарентно институциите комуницирале со граѓаните и дали сите аспекти биле јасно дефинирани и документирани во моментот кога се одвивале.Засега, официјалните институции во Македонија не излегоа со детална хронологија, прецизни бројки и јасна рамка за тоа колку примероци, во кои години и под кои услови биле изнесувани од земјата. Во ваков вакуум, спротивставените изјави и различните интерпретации неизбежно создаваат сомнеж и недоверба. Без јасни и проверливи одговори, приказната за македонските мозоци останува заглавена меѓу научното објаснување и јавниот сомнеж, со отворено прашање кој наратив е поблиску до целосната вистина.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryt2q8ikl3pbgv2cVW6nj

(Видео) Лавина активирана поради скијање надвор од патеките, еден повреден

Од ски-центарот Брезовица упатено важно предупредување до сите скијачи и сноубордисти по инцидент предизвикан од неодговорно однесување на поединци кои скијале надвор од официјалните и обележаните патеки, што довело до активирање лавина.Како што е соопштено, три скијачи започнале спуштање надвор од уредените патеки, при што се случила лавина. Двајца се оддалечиле од местото на настанот, додека еден скијач останал заглавен на врвот на необележаната патека со повредена нога.Благодарение на брзата и професионална интервенција на припадниците на ски-спасувачката служба, повредениот скијач е безбедно евакуиран и пренесен во амбуланта.Од ски-центарот истакнуваат дека со таквите постапки неодговорните поединци сериозно ја загрозиле не само сопствената безбедност, туку и животите на спасувачите, кои за време на интервенцијата биле изложени на дополнителен ризик.За инцидентот е известена полицијата.Ски-центарот Брезовица упати апел до сите посетители строго да ги почитуваат пропишаните правила и да користат исклучиво официјални, обележани ски-патеки, со порака дека скијањето надвор од патеките претставува сериозна опасност и за скијачите и за спасувачките екипи.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryail7ejttqa2eciGeUFj

(Видео) Објавен трејлерот за „Ѓаволот носи Прада 2“

Новото продолжение на „Ѓаволот носи Прада“ започнува со препознатливите тактови на песната „Vogue“ на Мадона, јасно најавувајќи дека модата повторно е во центарот на вниманието. Трејлерот пристигнува неколку месеци по краткиот тизер-клип објавен во ноември, кој ја остави публиката без конкретни детали за приказната, но потврди повторно обединување на главните ѕвезди — Ен Хатавеј и Мерил Стрип.Новиот материјал сега открива дека Енди овој пат е на значително повисока позиција — уредник на рубрика. Студиото претходно објави и пократок промотивен снимок кој прикажува вербален дуел меѓу Енди и нејзината долгогодишна деловна ривалка. Ликот кој го толкува Емили Блант зајаснува дека Енди е значително посамоуверена отколку порано, но барем еден детал останал ист — нејзините веѓи.Првичниот филм е објавен во 2006 година, а продолжението ќе се прикажува во кино од 1 мај. Во своите улоги се враќаат Стенли Тучи, Трејси Томс и Тибор Фелдман, додека во актерската екипа се приклучуваат и Кенет Брана, Сајмон Ешли, Луси Лиу, Џастин Теру, Б. Џ. Новак, Полин Шаламе, Рејчел Блум, Патрик Брамал и Лејди Гага.За режија повторно е задолжен Дејвид Френкел, додека сценариото го потпишува Алајн Брош Мекена. Продукцијата ја предводат Венди Фирнман и Карен Розенфелт, а според најавите, приказната овојпат ќе се фокусира на Миранда Присли и нејзината борба со промените и падот на значењето на печатените модни медиуми.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygbj33q2216190cwVrxb

Сиљановска-Давкова од Дубаи: Светот се менува

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати што се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите, порача дека промените во современиот свет неминовно бараат и длабока промена во образованието, со поинакво согледување на реалноста – низ очите на новите генерации. Таа истакна дека во време на забрзан развој на вештачката интелигенција, образованието повеќе не смее да се сведува на еднонасочно пренесување и меморирање факти, туку мора да се насочи кон развој на критичкото и креативното размислување.На еминентниот собир, на кој учествуваат околу 150 врвни научници, меѓу кои нобеловци и раководители на истражувачки институции од целиот свет, претседателката оцени дека традиционалниот образовен модел е надминат и недоволен за предизвиците на Четвртата индустриска дигитална револуција. Таа нагласи дека денешните ученици и студенти припаѓаат на дигитални и аудиовизуелни генерации кои учат, размислуваат и комуницираат поинаку од претходните, додека образовните системи сè уште функционираат според модели создадени за сосема поинаков, линеарен свет.Сиљановска-Давкова посочи дека образованието денес се претвора во триалог меѓу наставникот, ученикот и вештачката интелигенција, што го прави процесот на учење подинамичен и посложен. Во тој контекст, таа порача дека вештачката интелигенција не смее да биде забранета, но мора да биде јасно и одговорно регулирана, поради ризиците што ги носи, особено опасноста од зависност и создавање нови облици на нееднаквост. Според неа, клучно е да се постигне глобален консензус дека вештачката интелигенција во образованието и во секојдневниот живот мора да биде транспарентна, правична и водена од човекот.Во своето излагање, претседателката нагласи дека образованието треба да се насочи кон области во кои вештачката интелигенција има ограничувања, како што се менталната стабилност, емоционалната интелигенција и етичкото и моралното расудување. Таа предупреди дека доколку знаењето и технологијата останат во рацете на мал број актери, постои опасност од создавање ново „дигитално селанство“, со продлабочување на социјалните и економските разлики.Осврнувајќи се на состојбите во земјата, Сиљановска-Давкова оцени дека ваква промена на парадигмата е неопходна и во македонскиот образовен систем, кој, како што рече, сè уште функционира според застарени модели и бележи слаби резултати. Сепак, таа изрази уверување дека Македонија располага со значаен човечки потенцијал, посочувајќи на научници кои се меѓу најцитираните во светот и на силното присуство на жени во STEM-областите.Претседателката порача дека науката не познава мали и големи држави, туку само мали и големи идеи, и упати отворен повик за меѓународна соработка. Таа истакна дека Македонската академија на науките и уметностите, како и универзитетите и факултетите во земјата, се отворени за заеднички истражувачки и развојни проекти, нагласувајќи дека токму преку соработка, размена на знаења и совети може да се изгради образование што ќе одговори на предизвиците на иднината.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryrhb9sbv0ki648OKTANs

Признание од Владата: „Буџетот не е во најдобра состојба“, тврди СДСМ

Сојузот на социјалдемократи на Македонија оценува дека Владата на Христијан Мицкоски јавно го потврдила она на што опозицијата со месеци предупредува – дека државниот буџет е во сериозна криза и дека во него недостигаат значителни средства. Повод за ваквите обвинувања е изјавата на министерката за енергетика Сања Божиновска, која, според СДСМ, отворено признала дека финансиската состојба е далеку од стабилна.„Како што знаете, Буџетот не ни е во најдобра состојба, меѓутоа ќе видиме“, изјавила Божиновска, што, според СДСМ, претставува директно признание дека државната каса е празна. Од партијата велат дека оваа изјава е уште еден доказ дека во буџетот недостигаат најмалку две милијарди евра, како што претходно повеќепати укажувал и претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Според опозицијата, додека Владата тврди дека нема средства за зголемување на платите и пензиите, истовремено непречено се реализираат, како што велат, сомнителни и криминални јавни набавки. СДСМ наведува дека има пари за 161 тендер доделени на една фирма, за 51 тендер преку општините за „омилена фирма“, за девет милиони евра за двајца вработени, како и за 1,2 милиони евра доделени на фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.Од партијата обвинуваат дека единствено за граѓаните нема средства, посочувајќи дека Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра и дека со ваквата финансиска политика ја турка државата кон економска криза. Според СДСМ, следниот чекор на Владата ќе биде задолжување со скапи кредити, по што, како што тврдат, ќе следи и реализација на проектот „мигранти за пари“.СДСМ предупредува дека веќе започнал прилив на странски „економски работници“, додека домашните работници остануваат без соодветна заштита и без повисоки примања. Партијата оценува дека се остваруваат нивните претходни најави и дека признанијата од самата Влада само ја потврдуваат, како што велат, сериозноста на финансиската состојба во која се наоѓа државата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryboe8994flovicmDuquD

(Видео) „Дејан, седум твои колеги и пријатели загинаа. За кого лажеш? За газдата?“, мајка на загинатиот Андреј му се обрати на сведокот

„Дејан, седум твои колеги и пријатели загинаа. За кого лажеш? За газдата?“. Со овие зборови Марија Петрушева, мајка на загинатиот Андреј во пожарот во дискотеката „Пулс“, јавно се обрати до сведокот Дејан Манасиев, обвинувајќи го дека ја менува вистината и свесно ја доведува во заблуда и јавноста и судот. Таа најави дека родителите на загинатите млади лица ќе поднесат кривична пријава против Манасиев поради, како што тврдат, лажно сведочење.Петрушева посочува дека постојат длабоки и суштински противречности меѓу исказот што Манасиев го дал непосредно по трагедијата и неговото денешно сведочење во судницата. Според неа, сведокот, кој работел како шанкер во објектот, првично потврдил дека плафонот бил спуштен и обложен со сунѓер, а сега целосно ги негира тие тврдења.„Сто сведоци кажаа дека плафонот бил спуштен. Тој сунѓер, со отровни примеси, е причината поради која нашите деца се задушија и починаа“, изјави Петрушева, во обраќање исполнето со болка и гнев.Таа нагласи дека Манасиев лично ѝ ги раскажал последните моменти на нејзиниот син, но дека денешната верзија што ја изнел пред судот е целосно поинаква. Петрушева тврди дека располага и со пораки од приватна комуникација, во кои Манасиев опишува како заедно со Андреј и уште еден келнер се обидувале да излезат од објектот низ густ чад.„Ми кажа дека ништо не се гледало од чадот, дека тој се вратил кон тоалетите да провери дали има заглавени деца, а Андреј и Ице продолжиле кон излезот. Денес слушаме приказна дека наводно видел триесет млади луѓе кои снимале со телефони и дека тоа предизвикало стампедо. Тоа е спротивно на сè што ми кажа тогаш“, вели таа.Дополнително, семејствата на жртвите реагираат и на изјавите на Манасиев во врска со помошните излези и противпожарната опрема. Додека тој тврди дека една од споредните врати била отклучена и проодна, Петрушева наведува дека други сведоци и фотографии од денот на пожарот покажуваат дека вратата била заклучена со катанец и без внатрешна квака.Спорен, според неа, е и бројот на противпожарни апарати. „Во обвинителството зборуваше за еден, можеби два апарати, а денес веќе се три. Не знам што се смени, но знам дека ова е сериозно контрадикторно“, рече Петрушева, додавајќи дека токму поради ваквите разлики родителите ќе поднесат кривична пријава.Таа ја заврши пораката со оценка дека ваквото однесување не му служи на честа на сведокот, особено ако се има предвид дека и самиот изгубил блиски пријатели и колеги во трагедијата која го потресе целото општество.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Тренерот на Ливерпул го користи Ѓоковиќ за мотивација на фудбалерите

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, откри дека е голем почитувач на Новак Ѓоковиќ и дека со него ги мотивира своите фудбалери.Пред натпреварот на својот тим против Њукасл во сабота (4:1), Холанѓанецот зборуваше со внимателно избрани зборови за Ѓоковиќ:„Треба да имате почит кон таков спортист. Само на малкумина им е дадено да бидат на толку врвно ниво толку години, но тоа колку тој трае надминува сè. Мислам дека играл во полуфиналето на сите грен слемови во последните неколку сезони, и тоа во своите години… Со сета почит тоа го нагласувам, секако“, рече Слот за „TNT Sports“ и продолжи:„Кога станува збор за фудбалот, имаме среќа што сме во ерата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. А беше привилегија да се живее во ерата на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Ѓоковиќ. И тоа што е уште тука само по себе зборува.“Гледајќи ги потезите и говорите на Новак, тренерот на Ливерпул учел важни лекции.„Разговаравме за Мохамед Салах и за тоа што е потребно да се направи за да бидете на врвно ниво секои неколку дена, и тоа толку долго. Ѓоковиќ е вистински пример. Претходно за состаноците во поранешните клубови користев некои негови моменти, било тоа негови говори, видео-клипови или исечоци од неговите тениски натпревари“, рече Слот.

Спорт | пред 1 седмица

1 нед.
media-library9be76c9uahlb1g4BTr2

МОК ги претстави Олимпијците за Милано Кортина 2026: Историски настап со четворица натпреварувачи

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска на прес-конференција официјално го претстави македонскиот олимписки тим кој ќе ги брани боите на нашата држава на претстојните Зимски олимписки игри во Милано, Кортина (6–22 февруари). Годинашниот настап е од историско значење за македонскиот спорт, бидејќи за прв пат државата ќе ја претставуваат четири олимпијци, сите со остварена квота.„Македонскиот олимписки тим кој ќе настапи во Италија е составен од врвни спортисти кои се најдобри во своите дисциплини:Јана Атанасовска, нашата најмлада натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање, ќе се натпреварува во слалом и велеслалом;Виктор Петков ќе настапи во алпските дисциплини велеслалом и слалом;Ставре Јада, како најискусен член на својата трета Олимпијада, ќе се бори во нордиските трки спринт и 10 км интервал старт;Ана Цветановска, по својот настап во Пекинг, ќе ја претставува Македонија исто така во нордиските дисциплини спринт и 10 км интервал старт.Спортистите истакнаа дека остварувањето на олимписката норма е резултат на долгогодишна макотрпна работа, огромни жртви и илјадници километри поминати на тренинзи во екстремни услови. Тие упатија голема благодарност до Македонскиот олимписки комитет за целокупната поддршка во секој аспект од нивните подготовки, нагласувајќи дека токму таа логистика и сигурност им овозможила целосно да се фокусираат на спортските цели. Со голем оптимизам порачаа дека се подготвени да го дадат својот максимум на патеките во Италија, истакнувајќи дека учеството на овие Игри за нив е исполнување на „детскиот сон“, но и голема одговорност да ја направат македонската нација горда, ветувајќи борба за секоја стотинка.Претседателот на МОК, Даниел Димевски, изрази задоволство од постигнатото и од новите партнерства:„Стојам гордо пред вас бидејќи за прв пат настапуваме со четворица спортисти со А-норма. Ова е плод на работата на Скијачката федерација и олимпискиот систем кој го градиме. Особено ми е мило што на овој пат ни се приклучија и нови спонзори и партнери, што ја потврдува довербата во овој тим. Обезбедивме комплетна зимска опрема од JOMA, а за здравјето ќе се грижи болницата Вита-Ес&. Иако сме јужна земја, а не скијачка велесила, нашите олимпијци по квалитет се посилни од целиот регион околу нас. Обезбедивме врвни услови и силна логистика на сите полиња за да се претставиме во најдобро светло.“Делегацијата ќе биде сместена во неколку олимписки села со цел спортистите да бидат поблиску до патеките, а за нивната логистика ќе се грижат шефот на мисијата Цветанка Макаровски и нејзиниот заменик Петар Спасеновски.Распоредот за настап на нашите нордијци е на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе се одржат на 14, 15 и 18 февруари.Настапите ќе се пренесуваат на Македонската радио телевизија (МРТ), во рамки на специјализираното студио за ЗОИ 2026“, се вели во сопштението.

Спорт | пред 1 седмица

1 нед.
mobilen-telefon

Полицаец од полициската во Ѓорче Петров го гонат за „оддавање на службена тајна“ – испратил видео доказ на Инстаграм

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „оддавање на службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.На 20.12.2025 година, управител на угостителски објект во Скопје пријавил кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Како дел од постапката, управителот му испратил на пријавениот полициски службеник видео запис од безбедносните камери поврзано со пријавеното кривично дело.Полицаецот, пак, видео записот го споделил преку социјалната мрежа „Инстаграм“ со лице кое издржува казна затвор во КПД „Затвор Прилеп“, кое исто така било пријавено од управителот за кривичното дело „изнуда“.Одделот за внатрешна контрола најавува дека против А.Ј. ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка и ќе изрече задолжителни мерки: одземање на службено оружје и муниција, задолжителен психолошки и психијатриски преглед и суспензија од работното место до завршување на постапката.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfmi13a8b4phj01M1TLw

Македонци во Дубаи – клучна врска за економска и трговска соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, денеска во Дубаи оствари средба со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати – успешни професионалци кои со своето знаење и искуство даваат значаен придонес за локалната економија.По средбата, министерот Муцунски истакна дека Македонците во дијаспората претставуваат важен мост меѓу матичната држава и земјите во кои живеат и работат, особено во економската и трговската сфера. На средбата беше разговарано и за потенцијалот за продлабочување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, со фокус на економијата и трговијата, како и за улогата и придонесот на дијаспората во овој процес.Министерот ги запозна присутните и со активностите на Владата и Министерството поврзани со дијаспората, вклучително и со Стратегијата за унапредување на соработката со дијаспората, која е во завршна фаза, како и со можностите за нивно поактивно вклучување во развојните и економските иницијативи во државата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Обвинителство отвори предмет за петте тони марихуана запленети во Србија

Обвинителството во Северна Македонија има оформено предмет во врска со запленетите пет тони марихуана во Србија, за којашто српските медиуми првично информираа дека била набавена од македонска територија.„Обвинителството уште во петокот беше навремено и целосно информирано за настанот и без одлагање презеде активности во рамките на своите законски надлежности. Веднаш е воспоставена интензивна и континуирана комуникација со надлежните органи на Република Србија, со активна размена на релевантни информации и координација на дејствијата, со цел целосно и сеопфатно откривање на сите инволвирани лица и евентуални организирани структури поврзани со случајот на заплена на пет тони марихуана. Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Република Северна Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност“. велат од ОЈО.Петте тони марихуана беа запленети на 29 јануари во регионот на селото Коњух кај Крушевац, централна Србија. Српската полиција ја оцени заплената како најголема во историјата на земјата, а вредноста на наркотикот се проценува на седум до десет милиони евра.Вишиот суд во Белград одреди притвор за три лица.Српското обвинителство предложи издавање налог за апсење, вклучително и меѓународен, за осомничениот Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на организирана криминална група и е во бегство.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Преживеаниот шанкер од „Пулс“ бара отштета, но нема да се приклучи на кривичниот прогон: Повторно ми е падната сатурацијата на 65 проценти

Дејан Манасиев, кој работел како шанкер во дискотеката „Пулс“ од отворањето во 2012 година, изјави дека персоналот работел без договори, а кобната вечер голем дел од вработените не успеале да се спасат.Манасиев, кој сè уште се соочува со сериозни здравствени последици и намалена сатурација, истакна дека наредбите ги добивале директно од газдата Деко, вработените немале никаква обука за заштита при работа и не бил сигурен дали имало хидранти, освен неколку противпожарни апарати.Низ солзи, сведокот раскажа за загубата на колегите:„Од вработените таа вечер само Анастасија преживеа. Починаа другите шест-седум“, рече тој.„Сега повторно ми е падната сатурацијата после 10 месеци, падната ми е на 65 проценти“, откри сведокот.Tој претрпел сериозни повреди на дишните патишта, лекувајќи се во Штип, Скопје и девет дена во Грац, Австрија, а последиците ги чувствува и денес. Манасиев не се приклучува кон кривичниот прогон, но ќе поднесе отштетно побарување.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

„Пожарот се ширеше со голема брзина бидејќи целиот плафон беше со сунѓер“, вели сведок на пожарот во „Пулс“

Сведокот Петар Марковски на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, при кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, изјави дека успеал да се спаси, но дека и денеска чувствува последици, со оштетени дишни органи.На прашања од Обвинителството, тој рече дека бил редовен посетител на „Пулс“. Наведе дека билетите за вечерта биле купени од Тодор Јованов, брат на сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов-Деко, а обезбедувањето го сочинувале Лазар Захариев, Мартин Ѓеорѓиев, Ивица, чие презиме не го знае, и уште едно лице.Во одговор на прашање на обвинителот, Марковски го опиша влезот во дискотеката и рече дека вратата зад шанкот се користела како излез за малолетници при полициски рации.Во врска со пиротехниката, сведокот изјави дека се користела и претходно, најмалку десетина пати кога тој бил присутен во „Пулс“. Опишувајќи ги пиротехничките средства, рече дека биле во вид на прскалки. Додаде и дека пред реновирањето плафонот бил повисок, но потоа бил спуштен.„Се беше регуларно, се до момент кога предложив да одиме да пиеме пијачка на шанкот, кога во тој момент се вклучија прскалките. Мислам дека беше околу 2.30.часот. Почна да гори плафонот. Во тој момент настана паника и луѓето почнаа да се движат кон излезот. Пожарот се ширеше со голема брзина бидејќи целиот плафон беше со сунѓер. Сите беа во паника и пред вратата се создаде стампедо при кое јас се онесвестив и по неколку минути ме разбуди девојче што ме познава. Врз мене имаше три лица кои исто така беа онесвестени и бев заглавен под нив. Морав да ги соблечам патиките за да станам. Потоа продолжив кон излезот. Во тој момент моите другари почнаа да викаат кон мене за помош бидејќи еден од најдобрите другари лежеше на паркингот пред дискотеката. Во исто време помагав на сите на кои им беше потребна помош. По неколку минути се упативме кон болницата за да помагаме таму бидејќи гледавме и знаевме дека е хаос” – рече сведокот.На прашањето дали некој ги упатувал како да го напуштат објектот, сведокот одговори негативно.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
mobilen-telefon

Таксист украл мобилен и чанта од скопјанец во Центар

На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј. (26) од Скопје пријавил дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар едно лице, кое управувало такси возило, побарало да позајми мобилен телефон за да изврши разговор. Откако му го дал телефонот, лицето му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.Полициските службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
taksi-vozila-kocani

Гостиварец фатен во такси со кокаин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 07.10.2025 година во населба Питарница, гостиварско, полициски службеници запреле такси возило во кое бил пријавениот, а при преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања