1 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Обвинителство отвори предмет за петте тони марихуана запленети во Србија

Обвинителството во Северна Македонија има оформено предмет во врска со запленетите пет тони марихуана во Србија, за којашто српските медиуми првично информираа дека била набавена од македонска територија.„Обвинителството уште во петокот беше навремено и целосно информирано за настанот и без одлагање презеде активности во рамките на своите законски надлежности. Веднаш е воспоставена интензивна и континуирана комуникација со надлежните органи на Република Србија, со активна размена на релевантни информации и координација на дејствијата, со цел целосно и сеопфатно откривање на сите инволвирани лица и евентуални организирани структури поврзани со случајот на заплена на пет тони марихуана. Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Република Северна Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност“. велат од ОЈО.Петте тони марихуана беа запленети на 29 јануари во регионот на селото Коњух кај Крушевац, централна Србија. Српската полиција ја оцени заплената како најголема во историјата на земјата, а вредноста на наркотикот се проценува на седум до десет милиони евра.Вишиот суд во Белград одреди притвор за три лица.Српското обвинителство предложи издавање налог за апсење, вклучително и меѓународен, за осомничениот Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на организирана криминална група и е во бегство.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Преживеаниот шанкер од „Пулс“ бара отштета, но нема да се приклучи на кривичниот прогон: Повторно ми е падната сатурацијата на 65 проценти

Дејан Манасиев, кој работел како шанкер во дискотеката „Пулс“ од отворањето во 2012 година, изјави дека персоналот работел без договори, а кобната вечер голем дел од вработените не успеале да се спасат.Манасиев, кој сè уште се соочува со сериозни здравствени последици и намалена сатурација, истакна дека наредбите ги добивале директно од газдата Деко, вработените немале никаква обука за заштита при работа и не бил сигурен дали имало хидранти, освен неколку противпожарни апарати.Низ солзи, сведокот раскажа за загубата на колегите:„Од вработените таа вечер само Анастасија преживеа. Починаа другите шест-седум“, рече тој.„Сега повторно ми е падната сатурацијата после 10 месеци, падната ми е на 65 проценти“, откри сведокот.Tој претрпел сериозни повреди на дишните патишта, лекувајќи се во Штип, Скопје и девет дена во Грац, Австрија, а последиците ги чувствува и денес. Манасиев не се приклучува кон кривичниот прогон, но ќе поднесе отштетно побарување.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

„Пожарот се ширеше со голема брзина бидејќи целиот плафон беше со сунѓер“, вели сведок на пожарот во „Пулс“

Сведокот Петар Марковски на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, при кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, изјави дека успеал да се спаси, но дека и денеска чувствува последици, со оштетени дишни органи.На прашања од Обвинителството, тој рече дека бил редовен посетител на „Пулс“. Наведе дека билетите за вечерта биле купени од Тодор Јованов, брат на сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов-Деко, а обезбедувањето го сочинувале Лазар Захариев, Мартин Ѓеорѓиев, Ивица, чие презиме не го знае, и уште едно лице.Во одговор на прашање на обвинителот, Марковски го опиша влезот во дискотеката и рече дека вратата зад шанкот се користела како излез за малолетници при полициски рации.Во врска со пиротехниката, сведокот изјави дека се користела и претходно, најмалку десетина пати кога тој бил присутен во „Пулс“. Опишувајќи ги пиротехничките средства, рече дека биле во вид на прскалки. Додаде и дека пред реновирањето плафонот бил повисок, но потоа бил спуштен.„Се беше регуларно, се до момент кога предложив да одиме да пиеме пијачка на шанкот, кога во тој момент се вклучија прскалките. Мислам дека беше околу 2.30.часот. Почна да гори плафонот. Во тој момент настана паника и луѓето почнаа да се движат кон излезот. Пожарот се ширеше со голема брзина бидејќи целиот плафон беше со сунѓер. Сите беа во паника и пред вратата се создаде стампедо при кое јас се онесвестив и по неколку минути ме разбуди девојче што ме познава. Врз мене имаше три лица кои исто така беа онесвестени и бев заглавен под нив. Морав да ги соблечам патиките за да станам. Потоа продолжив кон излезот. Во тој момент моите другари почнаа да викаат кон мене за помош бидејќи еден од најдобрите другари лежеше на паркингот пред дискотеката. Во исто време помагав на сите на кои им беше потребна помош. По неколку минути се упативме кон болницата за да помагаме таму бидејќи гледавме и знаевме дека е хаос” – рече сведокот.На прашањето дали некој ги упатувал како да го напуштат објектот, сведокот одговори негативно.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
mobilen-telefon

Таксист украл мобилен и чанта од скопјанец во Центар

На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј. (26) од Скопје пријавил дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар едно лице, кое управувало такси возило, побарало да позајми мобилен телефон за да изврши разговор. Откако му го дал телефонот, лицето му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.Полициските службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
taksi-vozila-kocani

Гостиварец фатен во такси со кокаин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 07.10.2025 година во населба Питарница, гостиварско, полициски службеници запреле такси возило во кое бил пријавениот, а при преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
zelenski-putin

Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски можна само во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека контакт меѓу претседателот Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин е можен само во Москва, пренесе руската агенција Интерфакс.Песков на прес-конференција беше запрашан дали Кремљ ја разгледува можноста за организирање средба меѓу Зеленски и Путин „на неутрална територија“.„Зеленски предлага контакт, Путин рече дека тоа е можно во Москва. Овој став останува наш став.“Песков го опиша ставот на Москва како „прилично доследен“.„Остануваме отворени за преговори. Работата се спроведува преку работни групи. Го поздравуваме тоа и сме подготвени да продолжиме со оваа работа во интерес на решавање на состојбата во Украина.“Зеленски претходно повеќепати повтори дека ниту Русија ниту Белорусија не доаѓаат предвид како можна локација за средба.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library1bjai028in1m9LeN6JJ

УПОЗ: Без протест немаше да има понуда за зголемување на платите

Во четврток во 16:45 часот, Владата повторно ќе седне на преговарачка маса со Синдикатот на УПОЗ за барањата што произлегоа од одржаните протести за зголемување на платите на вработените во управата и правосудството.„Синдикатот на УПОЗ во месец јануари 2025 година, протестираше заедно со вработените за зголемување на платите а преговорите еднострано од Владата беа прекинати.Иако Синдикатот на УПОЗ се обидуваше тие преговори да продолжат, и вработените во управата и правосудството да добијат додаток на плата, а во месец октомври 2025 година, Синдикатот на УПОЗ се обрати до Владата на РМ за предвидување на средства за 2026 година, за ова зголемување.По одржување на протестот на 28. јануари, Владата веднаш излезе со "понуда" за зголемување на платите на работниците во управата и правосудството, која без протест немаше да биде добиена.Нагласуваме дека вработените имаат право на веќе стекнати права утврдени со колективни договори, и новото зголемување на платите ќе значи дополнително материјално право нешто за што Синдикатот на УПОЗ се залага“, се вели во објавата на УПОЗ.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryuukeghplktda8lv7BxW

Мециновиќ: Левица поднесува закони против партиски вработувања и дискриминација на бремените

Амар Мециновиќ, пратеникот од Левица, на прес конференција најави дека пратеничката група на Левица ќе поднесе два закони во Собранието со цел да се стави крај на неправдите во јавното здравство и на системската дискриминација на бремените работнички. Првиот закон, се однесува на процесот на вработување во јавното здравство, кој, како што рече Мециновиќ, и покрај формалните законски одредби за транспарентност, во пракса е партизиран. „Иако законот за здравствена заштита предвидува јавен оглас и рангирање врз основа на стручност и компетентност, во пракса се случува спротивното. Членот 161 му дава дискреционо право на директорот на здравствената установа да избере кого ќе вработи, дури и ако тој кандидат не е прворангиран. Следствено, имаме бројни случаи кога најдобрите кандидати не беа избрани, а целата постапка се сведуваше на формалност со однапред познати одлуки, изјави Мециновиќ.Тој нагласи дека ваквата практика довела до обесхрабрување на младите и квалитетни здравствени работници, губење на довербата во институциите и одлив на дефицитарен медицински кадар во странство. „Предлагаме едноставно и јасно решение. Во член 161 се додава една реченица која гласи: ’Работодавниот орган мора да го избере најдобриот кандидат согласно редоследот на ранг листата’. Ништо повеќе, ништо помалку. Ова значи крај на дискрецијата и крај на партиските вработувања и клиентелизмот во јавното здравство“, порача Мециновиќ.Вториот предлог закон се однесува и на измени во зЗконот за работни односи и има за цел да се заштитат бремените жени кои работат со договор на определено време. „Иако формално законите забрануваат дискриминација врз основа на бременост, во пракса постои сериозна правна дупка. Бремената работничка ги ужива сите права додека трае договорот, но со истекот на договорот на определено време ги губи сите права поврзани со бременоста и родителството. Ова е чиста институционално дозволена дискриминација“,  рече Мециновиќ. Според него, проблематична е одредбата од член 101 став 3, која дозволува престанок на работниот однос и покрај бременоста. Левица предлага три клучни измени: автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време со доставување на лекарска потврда за бременост, бришење на можноста за престанок на работен однос поради истек на договорот и воведување строги казни за работодавачите кои нема да ја почитуваат оваа обврска. „Со ова се обезбедува континуитет на правата поврзани со бременост и породилно отсуство и се испраќа јасна порака дека мачинството не смее да биде каза ниту ризик за егзистенцијата“, истакна тој. Мециновиќ оцени дека актуелната состојба е показател за длабока дехуманизација на законските решенија. „Државата има обврска да ги заштити мајките, децата и правото на достоинствен труд. Не можат никакви економски индикатори, никакви финансиски извештаи на поединни  работодавци, приватни или државни, да бидат во надредена положба над егзистенцијата на  граѓаните, особено кога станува збор за бремените жени“, додаде пратеникот.Пратеникот потсети дека Левица и претходно предложила мерки како дуплирање на породилното отсуство, флексибилно работно време за млади родители во првите пет години од животот на детето и бесплатен превоз за млади родители, но ниту една од нив не била прифатена. На крај најави дека двата законски предлози ќе бидат доставени до сите пратеници и повика на нивна поддршка без разлика на партиската припадност.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
operacija

Тројца меѓународни експерти ќе ги испитуваат кардиолошките и кардиохируршките интервенции

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции е составена од тројца еминентни меѓународни експерти со долгогодишно искуство во областа на кардиологијата и кардиохирургијата.Член на комисијата е д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, редовен професор по кардиохирургија на Универзитетот во Удине и визитинг професор на универзитетите „Стенфорд“ и „Сан Диего“ во Соединетите Американски Држави. Тој располага со богато професионално искуство во областа на трансплантацијата на срце и е член на уредувачките одбори на повеќе европски стручни медицински списанија.Во составот на комисијата е и д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Словенија, кој има повеќегодишно искуство на раководни позиции во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана. Тој е доктор на науки на Универзитетот во Марибор и автор на бројни научни и стручни трудови од областа на кардиоваскуларната хирургија.Трет член е д-р Черчек Миха, интервентен кардиолог од Словенија, со долгогодишно искуство во Одделот за кардиологија – единица за коронарен третман при Универзитетскиот медицински центар во Љубљана. Тој е доктор на биомедицински науки и бил ангажиран како истражувач во реномираниот медицински центар „Cedars-Sinai“ во Лос Анџелес, САД.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
pari-1

Аплицирале за онлајн кредит на туѓо име, па ја убедиле оштетената да им ги даде парите

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П. (35) од Струга и К.Т. (47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.Според истрагата, пријавените довеле во заблуда едно лице од Општина Карбинци, а со лажно прикажување на факти обезбедиле пристап до нејзините лични податоци и број на банкарска сметка. На 25.06.2025 година, тие аплицирале за онлајн кредит во финансиско друштво, а потоа, под изговор дека станало грешка, ја убедиле оштетената да ги повлече паричните средства и да ги предаде на второпријавената.Случајот е целосно документиран и против двете лица ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
mickoski-gruevski-141412

Мицкоски нека го повика Груевски да одговара и да ги врати двете милијарди евра што ги украде, вели СДСМ

За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата, Мицкоски прво мора да се уапси самиот себе и своите најблиски. Мицкоски ги стави во свои канџи речиси сите институции, судството, обвинителството, и не само што му се под контрола туку им дели и задачи од собраниската говорница, вели СДСМ.„За да ја докаже својата „желба“ за борба против криминалот и корупцијата, самиот нека се упаси!Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на главниот.Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност за криминалните тендери: 161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма преку општините, 9 милиони евра за двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта...Мицкоски нека го повика Груевски да се врати во Македонија, да одговара и да ги врати двете милијарди евра што ги украде.Зошто не инсистира неговиот личен пријател Орбан да го депортира оној што украде најмногу од граѓаните на Македонија – неговиот учител?Зошто нема одговори од каде поминала дрогата од 5 тони преку границата, за скапите часовници, за фотографиите со киминалецот Симо?Дали вака изгледа „борба“ против корупцијата и криминалот?Не, ова е слика на криминалот и корупцијата во власта.Македонија го има својот Мадуро“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryblmbp08nqnd45AhZeAG

Документ на МАНУ на сајтот на американската Национална библиотека за медицина: како мозоци од Македонија станаа дел од светската психијатриска наука

На официјалниот сајт на американската Национална библиотека за медицина е објавен научен документ подготвен од Македонската академија на науките и уметностите – Оддел за медицина, депониран како авторски ракопис со слободен пристап во јули 2014 година. Станува збор за труд со наслов „Збирка за психијатриски мозоци во Македонија: Општи лекции за научна соработка меѓу земјите со различно богатство“, кој првично бил објавен во 2013 година во научното списание Prilozi.Документот не е клиничка студија со конкретни медицински дијагнози, туку аналитички и искуствен научен труд во кој авторите опишуваат и анализираат речиси две децении долга соработка меѓу македонски и американски институции во областа на невропатологијата и психијатријата, заснована на обдукциски мозочни примероци од Македонија.Како започнала соработкатаСпоред трудот, соработката започнала во 1996 година меѓу Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк и Институтот за судска медицина во Скопје. Главната научна цел била проучување на мозочните промени кај шизофренија, а подоцна и кај други психијатриски нарушувања, вклучително нарушувања на расположението и случаи на самоубиство.Македонија била избрана како партнерска земја поради високата стапка на обдукции, релативно краткиот постмортем интервал и постоењето на квалификуван медицински кадар, но со ограничени ресурси за научни истражувања. Американската страна, пак, располагала со напредна технологија и лабораториска инфраструктура, но со сериозен недостиг од соодветни примероци за психијатриски истражувања.Од каде се мозоците и како се обработуваатВо документот јасно се наведува дека мозочните примероци потекнуваат од обдукции на психијатриски пациенти во Македонија, кои биле упатувани и обработувани преку Институтот за судска медицина во Скопје. Годишно се собирале од 25 до 75 мозоци, со медијан постмортем интервал од околу 13 часа, што е исклучително кратко во меѓународни рамки.По обдукцијата, дел од мозочното ткиво се замрзнувало со специјален медиум, а друг дел се фиксирал во формалин и потоа се чувал во бафер, со цел да се зачува неговата имунореактивност. Паралелно со физичката обработка, се спроведувале и психолошки обдукции, односно ретроспективни клинички проценки врз основа на медицинска документација и интервјуа. Авторите потенцираат дека без вакви клинички податоци, самиот биолошки материјал нема научна вредност.Што овозможила оваа соработкаИако трудот не наведува конкретни патолошки откритија, во него се истакнува дека благодарение на свежината и начинот на обработка на ткивото било можно да се развие нова и исклучително сигурна метода за Голџи-боење на човечки неврони, што претставува значаен методолошки напредок. Мозочниот материјал и клиничките податоци од Македонија биле искористени во 39 финансирани научни истражувачки проекти во САД, Канада и Македонија.Како директна последица на проектот, во Македонија биле воспоставени нови лабораториски капацитети за електронска микроскопија, стереологија и протеомика, а државата во следните години инвестирала значителни средства во научна опрема.Предизвици и улогата на клучните актериВо документот отворено се опишуваат и проблемите со кои се соочувала соработката, меѓу кои чувството на таканаречен „научен колонијализам“, административните бариери и недоволната традиција за меѓуинституционална соработка. Овие пречки, според авторите, биле надминати преку транспарентност, личен ангажман и воведување меѓународни етички и истражувачки стандарди.Посебно се нагласува улогата на Горазд Росоклија, професор на Универзитетот „Колумбија“ со потекло од Македонија, кој бил главната врска меѓу американските и македонските институции и лично ги решавал најсложените административни прашања, особено околу извозот на биолошки примероци. Клучна институционална улога имал и Алексеј Дума, тогашен директор на Институтот за судска медицина во Скопје, кој инсистирал Институтот активно да се вклучи во научни истражувања и ја отворил вратата за проектот. Трет автор на трудот е Ендру Џеј Дворк, професор на Универзитетот „Колумбија“, кој учествувал во научниот и методолошкиот развој на соработката.Пораката на документотВо заклучокот, авторите порачуваат дека успешната меѓународна научна соработка не смее да се сведува на едноставно користење ресурси, туку мора да гради локален научен капацитет и институционална култура. Документот, објавен во 2013 година и јавно достапен од 2014 година преку американската Национална библиотека за медицина, претставува редок писмен доказ како Македонија, преку обдукциски систем и стратешка соработка, станала релевантен партнер во светската психијатриска и невропатолошка наука.И овој документ „Psychiatric brain collection in Macedonia: General lessons for scientific collaboration among countries of differing wealth“ е јавно достапенMејлови на Епштајн: мозоци од Македонија користени во истражување за нов лек - Скопје1.мк

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryo6t200pvub8cagzXVWK

Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата меѓу Мицкоски и УПОЗ е закажана за во четврток

Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Трендафилов, како Влада најостро реагираме на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог.„Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот УПОЗ е закажана и ќе се одржи во просториите на Владата во четврток во 16:45 часот. Ова е конкретен доказ дека Владата не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати. Социјалниот дијалог се води таму каде што му е местото, во институциите, со јасен план и реална намера за изнаоѓање решенија. Сите обиди истиот да се претвори во лажни наративи и самоволни појавувања, се неодговорни и штетни по интересите на работниците, кои наводно се бранат. Владата останува цврсто посветена на конструктивен социјален дијалог, но нема да дозволи истиот да биде злоупотребуван за дневнополитички калкулации“, стои во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Поранешната претседателка на Косово, Јахјага спомената во е-пошта од Џефри Епштајн

Во најновите документи кои ги објави Министерството за правда на САД за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, се споменува и поранешната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, објави Телеграф.Kон крајот на јануари, американското министерство за правда објави три милиони документи за Епстин, во кои покрај многу други се споменува и името на Јахјага.Како што пишува „Коха“, во е-пошта испратена на адресата на Епстин од Даниел Сиад, чие име често се сретнува во неговата преписка, се споменува и името на претседателката на Косово.„Принцезата од Тајланд ќе биде во Њујорк во Обединетите нации со претседателката на Косово, таа би сакала да се запознае со вас“, се наведува во е-поштата испратена на адресата на Епстин.Не е познато дали се одржала средбата.Оваа е-пошта, како што наведува „Коха“, датира од 16 септември 2012 година, кога Јахјага ја извршуваше претседателската функција.Валентина Абази, советничка на Јахјага, изјави дека Јахјага никогаш не се сретнала со Епстин, ниту побарала средба со него и дека дури и не знае кој е тој.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
penzija

Костовски најави финансиска поддршка за пензионерите со минимални примања

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека Општина Бутел објавува повик за доделување на финансиска помош за најранливата категорија на пензионери од нивната општина.„Објавуваме Јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија. Јавниот повик е отворен од 03.02.2026 до 24.02.2026 година, информира Костовски во објавата на Фејсбук.Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот.Право на финансиска поддршка ќе остварат: граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на Општина Бутел; приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 22.547 денари.Костовски посочи дека исплатата ќе биде на принцип “прв дојден - прв услужен”.„Продолжуваме со грижата за нашите најстари граѓани“, порача градоначалникот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Граделе зграда во Радовиш без одобрение, надзорниот инженер наплатил 136.214 денари

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и Ж.А. (64) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Исто така, кривично пријавен е и Љ.Е. (55) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.Правното лице и второпријавениот како одговорно лице во текот на 2024 година започнале градба на станбена зграда за домување на катастарска парцела без соодветно одобрение.Третопријавениот, во својство на надзорен инженер, вршел надзор над објектот и покрај тоа што знаел дека не е издадено одобрение за градење. Дополнително, тој извршил незаконска наплата по претходно доставена фактура за извршен надзор, со што се стекнал со противправна имотна корист од 136.214 денари.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
DSC_0097

Украинец ограбен од тројца малолетници во Градски парк

На 01.02.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, О.М. од Украина пријавил дека околу 04:30 часот во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од три лица, најверојатно малолетници. Тие му ја одзеле чантата во која имал пари и документи.Полициските службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4tbhr2pht0au4E3qI2c

Левица: Изјавата на Чучуљ ја компромитира ДКСК и ја поткопува довербата на граѓаните

Гостувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, на ТВ Телма, наместо да ја расчисти аферата што ја отвори Левица, отвори уште подлабоки и поалармантни сомнежи за функционирањето и интегритетот на Антикорупциската комисија, велат од политичката партија Левица.„На јавноста ѝ беа понудени вообичаени бирократски флоскули - „ќе се види“, „ќе се утврди“, „ќе се излезе со став“, но суштинските прашања повторно беа избегнати. Особено загрижувачки е обидот да се релативизира очигледниот проблем со непријавените фирми поврзани со членката на ДКСК, Цвета Ристовска, за коишто досега објавивме дека има добиено 2,2 милиони денари од касата на ДПМНЕ.Претседателот Чучуљ тврдеше дека, согласно закон, функционерот пријавува имот на лицата со кои живее во заедничко домаќинство, алудирајќи дека Ристовска не била должна да ги пријави фирмите на своите синови. Но токму тука аргументот паѓа во вода - при самиот избор, на анкетниот лист од 18.01.2024 година, Цвета Ристовска пријавува имот и на своите деца (стан, моторно возило) што јасно покажува дека таа во тој период живеела со нив. Сепак, свесно и намерно, ја изоставува фирмата која постои уште од 2020 година, а која обзнанивме дека добила 2,2 милиони од касата на ДПМНЕ!Овој факт го демаскира обидот за правно жонглирање и ја открива суштината на проблемот, односно дека не станува збор за незнаење или пропуст, туку за селективна транспарентност.Дополнително, изјавата на Чучуљ дека анкетните листови на членовите на ДКСК „се проверуваат секоја година“ знаејќи го ова, не влева доверба, туку напротив - ја компромитира самата институција. Ако ова е точно, тогаш логично се поставува прашањето: Како фирма што постои од 2020 година и била релевантна уште при изборот во 2024 година, останала „невидлива“ за сите тие проверки? Како после вакви факти воопшто ќе можат граѓаните да веруваат на наводни „проверки“?Ова не е изолиран случај, туку дел од поширока слика. Истата таа Антикорупциска комисија сведоци сме како ги аминува предметите за функционери на ДПМНЕ, се прогласува за „ненадлежна“ ги затвора без санкции, ги заборава во фиоки. Денес, сè појасно се гледа зошто - Антикорупцијата е вградена во корупциската октоподска шема на ДПМНЕ, чиј политички центар е токму кај Христијан Мицкоски.Кога антикорупционер крие фирми поврзани со најблиските, кога тие фирми добиваат милионски средства од партиската каса на ДПМНЕ, а истата таа институција треба да ги контролира партиските финансии, тогаш тоа е заробена институција.Интегритетот на ДКСК е сериозно нарушен. Доколку навистина постои намера да се врати довербата на јавноста, тогаш расчистувањето мора да почне одвнатре со демонтажа на партиско-коруптивните врски што ја држат Антикорупциската комисија во служба на ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
benzinska-benzin-nafta-

Ново покачување на цените на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26.1.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,433%, кај дизелот за 4,757%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,829% и кај мазутот зголемувањето е за 5,973%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,6498%.Од 3.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 33,885 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 ден/кг и сега ќе изнесува 33,885 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.2.2025 година.Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6pg4i8vqgcq60O2Ern7

Манасиевски: Единственото решение за зголемување на платите е зголемување на платите за околу 14% во април годинава

Покачувањето од 40% на платите на административните службеници, Трендафилов ги одбива по насока на СДС и на Левица. Избраникот на СДС кој беше наместен преку Јованка Тренчевска за претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, и ден денес продолжува да работи за СДС, а не за интересот на работниците, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.„Трендафилов одбива да им се зголемат платите на работниците во јавниот сектор, затоа што мора да возврати на СДС кои го поставија за претседател на ССМ. Тој заедно со неговите другари ја продолжија послушноста кон СДС, која ССМ ја има историски.Трендафилов бара зголемување од 5-% на минималната плата, за само една година, а изминатите 7 години во време на СДС, минималната плата вкупно не се зголеми за 50%. Дополнително, ССМ и Трендафилов, не ги слушнавме ниту еднаш да говорат дека во времето на СДС се живееше тешко, со двоцифрена инфлација, со скапи цени по маркетите и со сметки за струја високи до плафон. Тогаш за Трендафилов и ССМ изгледа добро се живеело.Но, сепак ВМРО-ДПМНЕ е партија која размислува за иднината и доброто на работниците. Единственото моментално решение за зголемување на платите и на минималната плата, а притоа да немаме економска криза, висока инфлација и дупки во буџетите, е зголемување на платите за околу 14% во април годинава, а вкупно околу 40% до 2028 година или во бројка над 10.000 денари би се зголемила платата во администрацијата за само 2 години од денес.Го повикуваме Трендафилов барем еднаш да ја остави политиката на страна и да размислува за граѓаните и работниците. Да го прифати предлогот на Владата и работниците да добијат зголемени плати“, додава Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања