1 нед.
velosiped

Абвтомобил удри во 71-годишен велосипедист

Претходно, на 31.01.2026 година, во 17:35 часот, на магистралниот пат Струмица–с.Ново Село, во с.Босилово, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.И. (21) од Струмица, удрило во велосипед управуван од Ѓ.И. (71) од с.Босилово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
soobrakjajka-izletano-vozilo

Двајца малолетници тешко повредени, автомобил излета од патот Прилеп–Македонски Брод

На 01.02.2026 година, во 17:11 часот, на регионалниот пат Прилеп–Македонски Брод, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здобил и сопатникот И.М.Сите повредени се пренесени во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvfa8jbncs9u8aGcg8Oc

Објавен првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на програмата „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“, велат од Град Скопје.„Со отворањето на овој конкурс, Скопје влегува во нова фаза во која идеите треба да прераснат во реални, одржливи и европски релевантни културни проекти.Проекти кои нема да живеат само една година, туку ќе остават трајна вредност во градот, во заедниците и во целокупниот културен екосистем.За таа цел, бараме проекти со:– силен концепт и јасна европска димензија– општествена и културна вредност– професионална реализација– подготвеност за работа во комплексен и динамичен процесПрвата фаза на селекција на аплицираните проекти ќе ја спроведе независното тело Скопје 2028, врз основа на формалните и квалитативните критериуми утврдени во јавниот повик.Втората фаза на селекција ќе ја спроведе Главното жири, составено од двајца домашни експерти, уметничкиот раководител, како и два меѓународни експерти од Европската Унија, согласно добиените стручни насоки, добиени по консултација со администрацијата во Брисел.Европска престолнина на културата не е сцена за импровизација.Тоа е заедничка обврска кон Европа, дека знаеме да создаваме, да управуваме и да реализираме врвни културни програми.Доколку сте културна институција, организација, уметник, креативен колектив или професионалец кој верува во силата на културата да ги менува градовите, ова е вашиот момент!Проектите избрани преку овој меѓународен конкурс ќе станат дел од официјалната програма на „Скопје 2028“ и ќе се реализираат низ целиот град и во сите десет општини, како во институционалните простори, така и на јавни локации. Ова е еден од неколкуте повици кои ќе бидат објавени во иднина“, се вели во соопштението.Аплицирајте тука:https://skopje2028.mk/apply/

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryihg8p9r2duni8vlYSIf

Државата воведува ред во енергетиката: усвоен Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес одржа прес-конференција на која министерката Сања Божиновска ги презентираше Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година.Во рамки на Годишниот план за 2026 година, до Министерството беа доставени вкупно 284 иницијативи од заинтересирани инвеститори, по јавен повик објавен во септември 2025 година, со рок за поднесување до 01.10.2025, согласно Законот за енергетика. По спроведена постапка на проверка и евалуација, изработена е ранг-листа по принципот „прв дојден – прв услужен“, при што се прифатени 67 иницијативи за изградба на нови енергетски објекти за производство на електрична енергија со инсталирана моќност поголема или еднаква на 1 MW.Прифатените проекти опфаќаат: 59 фотонапонски електроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 3.014,103 MW и проценета инвестиција од 2.109.872.100 евра, 7 ветерни електроцентрали со вкупна моќност од 907,7 MW и инвестиција од 1.180.010.000 евра, 1 когенеративна гасна електроцентрала со инсталирана моќност од 495 MW и инвестиција од 445.500.000 евра.Вкупната инсталирана моќност на објектите опфатени со Планот изнесува 4.416,803 MW, а вкупната проценета вредност на инвестициите е 3.735.382.100 евра.Значаен сегмент од Планот се системите за складирање на електрична енергија, кои се клучни за стабилноста и флексибилноста на електроенергетскиот систем. Во Планот се опфатени: 77 интегрирани складишта во склоп на постоечки или нови електроцентрали, со вкупна инсталирана моќност од 1.389,68 MW и капацитет за складирање од 3.465,96 MWh, 19 изолирани складишта со инсталирана моќност од 637,518 MW и капацитет од 1.494,746 MWh.Вкупно, Планот опфаќа 96 складишта на електрична енергија, со вкупна моќност од 2.027,198 MW, капацитет од 4.960,706 MWh и проценета инвестиција од 1.984.282.400 евра.Дополнително, во Годишниот план се вклучени и 56 енергетски објекти од општинските енергетски планови доставени од 7 единици на локалната самоуправа – Македонски Брод, Лозово, Дебрца, Кавадарци, Куманово, Брвеница и Кочани. Станува збор за фотонапонски електроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 51,8795 MW, како и 61 складиште на електрична енергија со вкупна моќност од 27,6792 MW и капацитет од 117,56 MWh, што ја нагласува улогата на локалните самоуправи во енергетската транзиција.Во Планот се вклучени и прелиминарни мрежни и пазарни анализи од нацрт–Интегралната студија, која согласно Законот ја изработуваат ОПС МЕПСО АД и ОДС Електродистрибуција ДООЕЛ, во соработка со Министерството. Анализите обезбедуваат стабилност на системот, N–1 сигурност, како и пресметки за инвестициските трошоци и роковите за приклучување на новите енергетски објекти, вклучително и потребите од дополнителни мрежни инвестиции.„Нашата цел е јасен баланс – економски развој, заштита на животната средина и силен јавен интерес. Ова се документи што внесуваат ред, сигурност и долгорочна визија во енергетиката“, нагласи Божиновска.Министерката Божиновска истакна дека овој план ќе обезбеди повисоки стандарди, построга контрола и јасни правила, со јасен баланс меѓу енергетската сигурност, заштитата на животната средина и јавниот интерес.Министерството ќе продолжи со транспарентна имплементација и редовно информирање на јавноста за спроведувањето на Годишниот план.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
policacec-ohrid

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица

Во периодот од 01.01.2026-31.01.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 15.943 издадени платни налози, 3.683 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 74 лица, од кои 67 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење под дејство на дрога и психотропни супстанци или прекурсори, еден возач поради возење во забранет правец, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, четири за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец јануари евидентирани се 4.233 прекршоци за неправилно паркирање, 1.611 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 474 санкции за возење под дејство на алкохол.Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 16 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 184 пешаци и еден возач на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 1.093 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 310 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 141 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 90 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии), а еден возач поради неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата (флешери).Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvljpgafo45s85LwbD2G

Афера со ИПАРД: управител и државни службеници обвинети за давање и примање поткуп, бил ветен подарок од 50.000 евра

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице обвинето дека сторило кривично дело Давање поткуп и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, три лица кои сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание и на едно лице му се става на товар кривичното дело Примање поткуп.„Првообвинетиот како управител на кривично одговорното правно лице аплицирал на јавен повик на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој на РСМ и поднел барање за користење на финансиски средства преку ИПАРД програмата. Бидејќи правното лице не ги исполнувало пропишаните услови, апликацијата била пониско рангирана и не ги исполнувала критериумите за добивање финансиска поддршка.Со цел апликацијата неосновано да биде повисоко рангирана и побараниот износ на финансиска помош во целост да биде одобрен, управителот, во име и за сметка на правното лице, во повеќе наврати ветувал и давал пари. На раководно службено лице во Агенцијата бил ветен подарок во износ од 50.000 евра, а на уште три лица им биле дадени 5.000 евра за да го искористат своето реално влијание и службена положба и да извршат притисок за донесување одлука што не смеела да биде донесена.Во текот на истражната постапка обвинителството утврди и кривична одговорност кај уште четири државни службеници вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој на РСМ против кои јавниот обвинител поднесе Обвинителен предлог за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, додека на кривично одговорното правно лице на товар му се става кривичното дело Давање поткуп.Обвинетите постапувајќи спротивно на своите службени обврски, овозможиле незаконско одобрување на апликацијата. Тие при обработка и контрола на документацијата извршиле погрешна пресметка на исполнетоста на условите и врз основа на некомплетна документација го изработиле, контролирале и одобриле Образецот за контрола на комплетност на договорот, а потоа и Решението за одобрување на финансиска поддршка. Второобвинетиот во Обвинителниот акт, иако бил свесен дека правното лице не ги исполнува законските услови, го потпишал решението со намера да го прими ветениот подарок.Поради неизменетите околности, законските основи поради кои на четворицата обвинети им беше определена мерка притвор, а не едно лице мерка куќен притвор се уште постојат, па со обвинението до судот е поднесен и предлог за продолжување на изречените мерки. За обвинетите државни службеници со Посебен предлог се предложени мерки на претпазливост: забрана за вршење службени активности поврзани со кривичното дело, односно работни активности како службено лице во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, одземање на патни исправи и обврска за повремено јавување кај надлежен орган.Исто така, со Обвинителниот акт јавниот обвинител предложи одземање на предметите употребени за извршување на кривичното дело мобилни телефони, медиуми за складирање на дигитални податоци и парични средства и тоа 35.370 евра, 206.000 денари и 200 швајцарски франци.Од прибраниот доказен материјал во оваа истражна постапка произлегоа индиции по однос на постапување со средствата од ИПАРД програмите за што ОЈО ГОКК отвори предистражна постапка која е во тек“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
2022-08-06_10-08-35-098

Претрес во Куманово: пронајдена дрога, две лица лишени од слобода

На 01.02.2026 година, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода М.К. (24) и Ј.С. (18), двајцата од Куманово.При извршен претрес во домот на М.К., по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Дополнителните мерки покажале дека двајцата заеднички ја поседувале и препродавале дрогата.Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryc2lhjsgefpuu90cv3Gu

Владата на Хрватска ќе го организира дочекот на ракометарите во Загреб

Министерот за туризам, Тончи Главина, потврди дека Владата на Република Хрватска, на телефонска седница, донела одлука да ја преземе организацијата на дочекот на ракометарите кои освоија бронзен медал на Европското првенство.Дочекот ќе се одржи денеска во 18 часот на Плоштадот Бана Јосип Јелачиќ, а на прашањето дали на настанот ќе настапи Марко Перковиќ Томпсон, Главина кратко одговори:„Ќе ги исполниме сите желби на ракометарите.“Министерот упати и остра порака кон Градот Загреб:„Градот Загреб рече ‘не’ на спортот, ракометарите, народот и прославата на нашите врвни спортски успеси. За нас тоа е неприфатливо и многу сме тажни поради тоа. Владата го сака спортот и вели ‘да’ на спортот, ‘да’ на ракометарите, народот и хрватските патриотски песни. Донесовме одлука и Владата, заедно со Хрватскиот ракометен сојуз, ќе организира дочек на ракометарите денеска во 18 часот на Плоштадот Бана Јосип Јелачиќ. Ги повикуваме сите сограѓани да се приклучат и да бидат дел од убавата атмосфера“, рече Главина.Владата потоа испрати и официјално соопштение со кое е потврдено одржувањето на дочекот:„Имајќи предвид дека хрватската ракометна репрезентација освои бронзен медал на Европското првенство во ракомет, што се одржа во Данска, Шведска и Норвешка, што претставува уште еден извонреден успех на оваа генерација ракометари, Владата на Република Хрватска смета дека е потребно да се организира соодветен дочек во Загреб. Во согласност со тоа, на утринската телефонска седница Владата донесе Заклучок за преземање на организацијата на дочекот за бронзените ракометари, во соработка со Хрватскиот ракометен сојуз. Дочекот ќе се одржи в понеделник, 2 февруари 2026 година, со почеток во 18:00 часот, на Плоштадот Бана Јосип Јелачиќ во Загреб. Ги повикуваме сите навивачи и граѓани да дојдат на централниот градски плоштад на главниот град на Хрватска, да ги поздрават хрватските ракометари и заедно со нив да го прослават нивниот голем успех.“

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
timco-mucunski

Муцунски ќе учествува на Светскиот самит за влади во Дубаи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до четврток престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, каде ќе учествува на Светскиот самит за влади. „На Самитот, кој се одржува под мотото „Обликување на идните влади“, ќе учествуваат над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 20 претседатели на меѓународни организации, како и над 500 министри и лидери од мултинационални компании од целиот свет. Настанот е посветен на унапредување на меѓународната соработка и изнаоѓање иновативни решенија за идните глобални предизвици. Во рамки на Самитот, министерот Муцунски ќе учествува и ќе се обрати на панел-дискусијата „The Next Logistics Order: What Must Change?“, како и на министерска тркалезна маса на високо ниво, посветена на развојот на глобалните логистички и трговски системи и актуелните геополитички промени. За време на посетата е предвидено потпишување меморандум за разбирање меѓу владите на Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, како и одржување бројни билатерални средби со високи претставници на држави, меѓународни организации и мултинационални компании. Учеството на министерот Муцунски на Светскиот самит за влади во Дубаи претставува потврда на активната улога на Република Северна Македонија во промовирањето на мирот, стабилноста и меѓународната соработка, како и на заложбите на македонската дипломатија за продлабочување на односите со клучни меѓународни актери, вклучително и со земјите од арапскиот свет и Блискиот Исток“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryd859ep56vob669Mwqus

Трендафилов: Мицкоски не дојде во ССМ, се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на платите

Во 9 часот во Сојузот на синдикатите на Македонија го чекавме претставникот на Владата да дојде и да потпишеме Спогодба за утврдување на висината на минималната плата во бруто - износ започнувајќи со исплатата за месец февруари 2026 година со која минималната плата се зголемува на 600 евра во нето, а останатите плати се зголемуваат за најмалку 6000 денари, објави на социјалните мрежи претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.„Но, не се проблем само овие плати, проблем се ниските плати кои се поголем број на работници ги примаат и затоа веднаш мора да се зголемат останатите плати за најмалку 6.000 денари и да се зголеми минималната плата на 600 евра !Денеска, паднаа маските, се разобличија лагите кои претставникот на Владата ги изјавуваше изминатите денови за да створат сомнеж кај работниците, денеска не дојде како што го поканивме, денеска тие имаа други приоритети, а се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на работничките плати ниту зголемување на минималната плата, ниту зголемување на останатите плати.Но, мала криза и одма почнаа да наддаваат со зголемување на работничките плати, па така за борбата што ја водеше Синдикатот на УПОЗ скоро една година, за она што протестираа работниците во управата, она што тие од Владата одбиваа да го направат, денеска зборуваат дека ќе го прават.Добро е што претставникот на Владата по големиот работнички протест го прифати предлогот на Синдикатот на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството, а требаше веднаш и без одлагање да го потпишат колективниот договор.Се потврди дека само зборуваат, а не делуваат, денеска требаше да ги зголемат и платите на вработените во управата за 40 %, но не се појавија на потпишувањето на спогодбата и на колективните договори, бегаат од одговорноста, како што бегаат цела 2025 година.Дополнително, работниците во јавниот сектор треба да знаат дека барањето за укинување на одредбите од Општиот колективен договор во делот за пресметка на плата (просечна плата по коефициент за сложеност) иста како на функционерите, значи намалување односно откажување од работничките плати за x(12,6%) + y(9,2%) = z(21,8%) за 130.000 работници во јавниот сектор или во парички, да им земат 3 парички на работниците, а да им дадат 1 паричка што е недозволиво.Дополнително, барањето на поединци за укинување на Општиот колективен договор значи вработените да останат без јубилејни награди, без К-15 (образование, здравство, одбрана, полиција и др.), без додатоци за плата кои беа зголемени со Општиот колективен договор за јавен сектор.Го поставуваме прашањето дали оваа Влада не само што не сака да им даде зголемување на платите на работниците, туку сака да им земе се на работниците “, се вели во објавата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Мицкоски: Над 50 случаи на висока корупција се во постапка, украденото мора да се врати кај народот

Денес ја одржуваме конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое не е формалност, туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно застанува цврсто, системски и бескомпромисно против криминалот и корупцијата, изјави премиерот Христијан Мицкоски.„Оваа Влада ја започна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментов повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, случаи кои со години биле затскриени, одложувани или игнорирани. Но ова не е крај, туку почеток. Очекуваме отворање на нови случаи, темелни истраги и резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во државата и институциите. Јасно и гласно сакам да порачам: Нема селективна правда. Нема заштитени. Нема недопирливи. За таа борба да биде успешна, потребно е јакнење на судството и обвинителството, институционално, кадровски и функционално. Само силно, независно и професионално судство и обвинителство можат да ја изнесат оваа борба до крај и да обезбедат правдата да не биде спора, ниту селективна, туку ефикасна и правична. Јас сум за засилени мерки во борбата против корупцијата. Но борбата не завршува со кривична постапка. Борбата мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот. Затоа што криминалот не смее да се исплати. Украденото мора да се врати кај народот. Токму затоа ги воспоставуваме овие механизми и токму затоа денес го конституираме овој Совет. Конфискацијата на незаконски стекнатиот имот и имотната корист не е едноставен чекор, таа е повеќедимензионален и комплексен процес, кој опфаќа повеќе фази, меѓусебно поврзани и условени, во кои се вклучени повеќе институции со јасно дефинирани надлежности и одговорности. Следејќи ги фазите на постапката за поврат на имот, Стратегијата за периодот 2025 – 2028 година јасно ги дефинира трите приоритетни области на дејствување: Прво, пронаоѓање, идентификување и следење на незаконски стекнатиот имот и имотната корист, не само во земјата, туку и надвор од неа, преку меѓународна соработка и современи финансиски истражни механизми. Второ, привремено обезбедување и конфискација на имот и имотна корист, брзо, ефикасно и во согласност со законот, без простор за манипулации, одолговлекувања или злоупотреби. И трето, ефикасно управување со одземениот и конфискуваниот имот, вклучително и неговата повторна употреба за социјални цели, затоа што одземениот криминален имот мора да добие нова, општествено корисна вредност и да се врати во служба на граѓаните. Овој Совет, под водство на потпретседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, има клучна улога во координацијата, надзорот и стратешкото насочување на сите овие процеси. Очекувам од вас професионалност, храброст и интегритет, но пред сè резултати. Денес поставуваме темели на систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединци. Ова е борба за правна држава. Ова е борба за доверба. Ова е борба за достоинството на граѓаните. И во таа борба, нема да отстапиме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library0g40jm4e7qpqf6zEF1u

Штрајк на јавниот транспорт во Германија: автобусите и трамваите запрени

Патниците низ Германија денес се соочија со ледени температури и празни перони, откако десетици илјади работници во јавниот превоз стапија во штрајк по повик на синдикатот Verdi, со што беше запрен автобускиот и трамвајскиот сообраќај во повеќето градови.Verdi, кој ги застапува речиси 100.000 работници во транспортот, повика на штрајк откако минатата недела заглавија преговорите со локалните и државните работодавци за условите на работа. Синдикатот бара пократки смени, подолги паузи за одмор и повисоки плати за ноќна и викенд работа, и покрај тоа што градовите се борат со буџетски ограничувања.Штрајкот ги засегна околу 150 локални транспортни компании во сите 16 германски сојузни држави, вклучувајќи ги Берлин, Хамбург и Бремен.„Една од најголемите координирани акции во локалниот транспорт во последните неколку години, штрајкот започна според планираното“, изјави Серет Кањурт за rbb радио, главен преговарач на Verdi.Следниот круг преговори е закажан за 9 февруари. Тој додаде дека се очекува јавните превозници да се вратат на преговарачката маса. Во Штутгарт, Карлсруе и Фрајбург услугите ќе бидат прекинати цел ден, соопштија синдикалните службеници. Температурите паднаа под нулата во поголемиот дел од земјата, што ја влоши ситуацијата за патниците кои се принудени да бараат алтернативен превоз.И покрај тоа, Deutsche Bahn претходно соопшти дека нивните градски возови S-Bahn во градовите како Берлин, Хамбург, Минхен и Штутгарт, заедно со меѓуградските линии, денес ќе сообраќаат нормално, бидејќи нивните вработени не се членови на синдикатот Verdi. Преговорите меѓу Verdi и здруженијата на работодавците беа напнати, а синдикалните лидери ги обвинуваат локалните власти дека се обидуваат да ги намалат правата и да ги продолжат смените.Во Берлин, преговарачите на Verdi рекоа дека операторите сакаат работниците сами да ги финансираат подобрувањата со одрекување од платено боледување и флексибилно работно време. Следниот круг преговори е закажан за 9 февруари. Синдикалните лидери предупредија дека би можеле да следат дополнителни штрајкови доколку работодавците не понудат значајни отстапки.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library2ki2k3thkj8bdKwrubD

Полицаец од Делчево возел без возачка

На 02.02.2026 во 06:45 часот, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д. (23) од село Тработивиште, делчевско.При сообраќајна контрола на бул. „Македонија“ во Делчево, констатирано е дека лицето управувало патничко возило „Фолксваген Голф“ со делчевски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола.По насока на јавен обвинител, возилото е одземено, а лицето е приведено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryhmm5bi8vd9qbcYV6CXN

Колку тони дрога се пренесени преку македонските граници без да бидат откриени, прашува Димитријевиќ

Во соседна Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија. Меѓу уапсените има и ко-сопственик на македонска фирма. Ова е огромен, криминален, картелски скандал за кој мора да има одговорност, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.„Клучното прашање на кое власта мора веднаш да одговори е: Како 5 тони дрога поминале преку македонската граница?Кој дозволил 5 тони дрога да се прошверцува?Без поддршка и заштита од структури во власта, криминал од вакви размери не може да се случи.Ова не е инцидент – ова е систем.Како е можно во држава со Сејф Сити, со камери и скенери на граничните премини да поминат 5 тони дрога?Или ова е толку добро организирана картелска мрежа поврзана со сѐ и никој ништо не ѝ може?Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога се пренесени преку македонските граници без да бидат откриени?Криминални тендери, дрога од 5 тони, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници вредни 65.000 евра.А нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра за работниците кои едвај врзуваат крај со крај.Како во мафијашки филм.СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и во Србија, но наместо одговори, молк.Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството конечно да реагира?Ќе покрене ли истрага за овој случај или повторно гласот не допира за скандалите и криминалот на власта“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
sneg

Романија окована со мраз: Температури до -20 степени

Романската Национална метеоролошка управа (ANM) денеска објави жолт степен на предупредување за силен студ и мраз, кој важи до утринските часови во вторник за повеќе од половина земја.Според ANM, Молдавија, Добруджа, Олтенија, Мунтенија и источна и југоисточна Трансилванија ќе имаат особено ниски температури, во просек 7 до 9 степени под нормалата за овој период од годината, пренесува Аџерпрес.Максималната температура ќе се движи меѓу -9 и -3 степени, паѓајќи уште пониско во северна Молдавија, околу -15 степени, каде што силниот мраз ќе трае цел ден.Ноќите ќе бидат исто така мразовити, со минимални температури меѓу -20 и -8 степени. Како што е најавено, до среда времето ќе остане особено студено, со силен мраз.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
policija-policajci-radari

22-годишник возел 139км/ч, на место каде е дозволено 60км/ч

На 01.02.2026 во 15:25 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Г. (22) од село Ношпал, битолско.При контрола на сообраќајот со радар, констатирано е дека тој управувал патничко возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 км/ч, на место каде што ограничувањето е 60 км/ч.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување на моторно возило“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
policija-srbija

Во гаража во Земун пронајдени 500.000 психоактивни таблети

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, УКП, Службата за борба против организиран криминал, Службата за сузбивање криминал и Одделението за посебни акции, заедно со полициски службеници од Полициската управа Пожаревац, во соработка со Повисокото јавно обвинителство во Белград, заплениле околу 500.000 таблети од листата на психоактивни супстанции и уапсиле две лица.Поради постоење основи за сомневање дека извршиле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, уапсените се Г. Ѓ. (61) и М. И. (42).Полицијата во Земун, во гаражата што ја користеле осомничените, пронашла таблети од листата на психоактивни супстанции, за кои се сомнева дека осомничените ги чувале за понатамошна продажба.На осомничените им е определено задржување до 48 часа и тие ќе бидат приведени пред надлежното обвинителство со кривична пријава.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Посебен режим на сообраќај во општина Центар

Од денеска до 23 септември 2026 година ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во општина Центар.Како што информира ГД „Гранит“ АД Скопје, посебниот режим на сообраќај се воведува поради градежни активности кои се однесуваат на изградба на улици и комунална инфраструктура на улицата Тодор Александров бр.11 и бр.12 во Општина Центар.Се работи за улицата која се надоврзува на булеварот Мајка Тереза, поранешна „Водњанска“ во делот по училиштето „Кочо Рацин“ кој води кон Водно.„Согласно издадено Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-12450/4 од 13 јануари 2026 година, Ве известуваме дека на ден 2 февруари 2026 година ГД Гранит АД Скопје ќе започне со градежни активности кои се однесуваат на изградба на улици и комунална инфраструктура на улици: Тодор Александров бр.11 и Тодор Александров бр.12, Општина Центар во Скопје“.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
dacic

Дачиќ: Не е точно дека властите сакале да ја сокријат информацијата за заплената на 5 тони марихуана

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес ги демантираше тврдењата дека властите сакале да ја сокријат информацијата за заплената на пет тони марихуана во близина на Крушевец, оценувајќи дека полицијата не се интересира за нечија политичка припадност.Тој, гостувајќи на телевизија Пинк, изјави дека новинарите биле присутни кога се случила заплената и дека таа телевизија имала „ексклузивни снимки од терен“.„Да некој сакал нешто да сокрие, сигурно не би ги повикал новинарите“, рече Дачиќ.Според неговите зборови, сите полицајци кои учествувале во акцијата треба да бидат наградени затоа што „ги спасиле децата од труење“.Министерот наведе дека марихуаната била спакувана за дистрибуција и дека веројатно била испратена во Србија од Македонија или Албанија, но дека со истрага ќе бидат утврдени сите детали.Дачиќ додаде дека во акцијата не учествувале странци, туку само српската полиција.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
kradec-1

Приведен крадец од тетовско за издржување на затворска казна

На 01.02.2026 во 14:05 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Е.Н. (33) од село Горно Седларце, тетовско.Тој бил баран по наредба на Основен суд Тетово за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.По приведувањето, Е.Н. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања