1 нед.
plata-evra

Министерството за финансии на Британија нуди до 115.000 евра за оние кои ќе си заминат од работа

Министерството за финансии на Велика Британија им нуди на своите службеници до 100.000 фунти (115.450 евра) за да заминат доброволно, како дел од плановите за намалување на бројот на работни места.Британската министерка за финансии Рејчел Ривс сака да го намали бројот на вработени, од 2.100 во своето одделение, за околу 300 до 2030 година, се наведува во извештајот што го пренесува Ројтерс.Намалувањето на бројот на вработени во Министерството за финансии е дел од поширок напор да се намалат административните трошоци за 16 проценти во британската влада.Министерството за финансии би можело и понатаму да побара отпуштање на некои службеници доколку доброволните заминувања не бидат доволни во неговите канцеларии во Лондон, Дарлингтон, Нориџ и Единбург.„Министерството за финансии е најголемото досега забележано, така што во овој период на стабилност сега е правилно да ја намалиме нашата големина на позначително ниво преку шема за доброволно заминување, во согласност со целата влада“, соопшти Министерството за финансии за Financial Times.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryj5oa9ct7goso1L8A8SR

Испитајте си го ставот, контрадикторни сте, им рече адвокатот Шилегов на обвинителите за „Пулс“ по обвиненијата за полицајците

Адвокатот Петре Шилегов бара да се запре судењето за да се измени обвинението. Тој денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да ослободи дел од обвинетите, повикувајќи се на економичноста на постапката. Ова следува по обвиненијата од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, каде обвинителката детално образложи зошто се поднесени три засебни обвиненија. Само едно од трите обвиненија за полицајците се однесува на пожарот - нереагирањето на полицајците критичната вечер (виделе, но не превенирале активирање на пиротехниката). Другите пак (издавањето дозовла, проверките, лажните записници), не можат да се доведат во корелација со последицата - пожарот.Според Шилегов, државата троши огромни финансиски средства за судски процес кој, како што рече, може да се покаже како правно неоснован. Во своето излагање, Шилегов укажа дека самиот обвинителски орган во поврзан предмет донел спротивен правен заклучок.Според таа одлука, било утврдено дека нема директна причинско-последична врска меѓу непостапувањето и настанатата последица, поради што евентуалната одговорност би можела да се сведе само на „злоупотреба на службена положба и овластување“, дело кое, како што истакна Шилегов, веќе е застарено. Токму оваа правна логика, според одбраната, мора да се примени и во актуелната постапка.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryus3mmmd7ghs40CpMAb5

(Видео) Скандал на Греми: Шер повика починат музичар да излезе на сцена

Доделувањето на наградите Греми 2026 година ќе се памети по моментот кој стана вирален и ги насмеа публиката и гледачите ширум светот, а во главната улога се најде музичката икона Шер.Иако Академијата најави импресивен список на презентери, меѓу кои беа Чепел Роан, Тејана Тејлор и Ники Глејзер, вистинското изненадување на вечерта беше 79-годишната пејачка, која требаше да ја додели наградата за Снимка на годината (Record of the Year).Шер, која ден претходно ја прими Греми наградата за животно дело (Lifetime Achievement Award), излезе на сцената и го започна говорот на необичен начин.„Не сум баш добра во ова“, рече таа.„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на Академијата што ми ја додели оваа награда за животно дело. И добро е што го направија сега, затоа што имам добри гени, но нема да бидам тука уште долго“, додаде таа.Пејачката потоа повеќе од две минути зборуваше за својата кариера долга шест децении и им порача на колегите музичари:„Во оваа професија сум веќе 60 години, но сакам да ви кажам само едно – никогаш не се откажувајте од својот сон, без разлика на сè. Живејте го, бидете тој сон, а ако сега не се остварува, наскоро ќе се оствари“.Потоа таа збунето погледна околу себе на сцената.„Тоа е сè што имам да кажам. Веројатно сега треба да одам. Добро, морам да одам“, заклучи таа и тргна кон излезот од сцената, заборавајќи дека нејзината главна задача допрва следуваше – да ги прочита номинациите и да го прогласи победникот.Додека одеше, водителот на вечерта Тревор Ноа ја застана:„Шер, пред да заминеш, можеш ли да ни ги најавиш номинираните? Јас би можел, но не е исто. Јас немам такво искуство. Да го поздравиме сите враќањето на Шер!“Враќајќи се на микрофонот, Шер ги претстави кандидатите, а потоа, по драматична пауза, наместо да го отвори ковертот, само стоеше во тишина. Кога конечно го отвори, за победник го прогласи починатиот Лутер Вандрос (Luther Vandross), кој почина во 2005 година.„А Греми оди… Ох, рекоа дека ќе биде на екранот“, рече таа, па додаде: „Лутер Вандрос“. Публиката експлодираше во смеење бидејќи пејачот е мртов веќе 21 година.Шер потоа ја исправи грешката: „О, не, Кендрик Ламар“.Овој музичар сфати дека победи откако пејачката го изговори името на Лутер Вандрос.Ламар и SZA ја примија Греми наградата и ја изведоа песната „Luther“ инспирирана од покојниот пејач.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycfcivtnkjvp71R7aZJz

Ристески: Дали Општина Аеродром е дел од пирамидална тендерска шема вредна 11 милиони евра?

Првото прашање се однесува на една многу значајна тема, поврзана со корупцијата, за скандалот што СДСМ го обелодени преку својот антикорупциски тим пред повеќе од две недели, каде што имавме случај една иста градежна компанија, во општини на територија на државата, да добие 51 јавна набавка за разноразни градежни работи — дури и за услуги што не се исклучиво градежни, од типот на изнајмување камиони, хортикултурно уредување итн, изјави координаторот на советничката група на СДСМ во Советот Општина Аеродром, Милутин Ристески.„Станува збор за една фирма која очигледно е „универзална“. Вкупната вредност на тие 51 набавка изнесува 16 милиони евра. Од нив, 22 јавни набавки, во вредност од околу 11 милиони евра, се доделени од страна на Општина Аеродром. За луѓето што работат со проблематиката на јавните набавки, ова е податок што вклучува аларм дека можеби станува збор за фаворизирање на оваа фирма при спроведувањето на постапките за јавни набавки. СДСМ ги повика Финансиската полиција, Државната комисија за спречување на корупција, како и Јавното обвинителство, да преземат мерки во однос на овој случај — да ги испитаат овие сомнежи, за што реално се потребни овластувања на органи што се занимаваат со истраги, за да може прецизно да се утврди дали оваа фирма е фаворизирана во постапките за јавни набавки или не. Во моментов немаме одговор во јавноста кој би можеле да го прочитаме, меѓутоа она што мене ме интересира и сакам да го поставам како прашање — а се однесува на Општина Аеродром — е: Дали досега Финансиската полиција, Државната комисија за спречување на корупција или Јавното обвинителство побарале какви било документи од Општина Аеродром, поврзани со овие 22 јавни набавки во изминатите четири години?“ изјави координаторот на советничката група на СДСМ во Советот Општина Аеродром, Милутин Ристески.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-library644npuqi4dks9Lrxmkt

Еко-свест против Бошков Мост: Изградбата ја загрозува репродуктивната средина и опстанокот на Балканскиот рис

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ Скопје испрати отворено писмо до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.Писмото ви го пренесуваме во целост:Со огромна загриженост ја примивме Вашата неодамнешна најава за можно реактивирање на проектот за хидроцентралата „Бошков мост“. Како граѓани и заштитници на природното наследство, должни сме да Ве потсетиме дека овој проект е во спротивност со националните закони, меѓународните обврски и современите еколошки стандарди и претставува директен и сериозен ризик за интегритетот на Националниот парк Маврово.Проектот „Бошков мост“ произлегува од застарен концепт кој одамна ја загуби својата легитимност поради следниве клучни причини:1. Прекршување на меѓународните обврски (Бернска конвенција)Република Македонија како потписник на Бернската конвенција има обврска да ги почитува препораките на Комитетот за зачувување на дивите видови и живеалишта. Во случајот со Маврово, Комитетот уште во 2015 година укажа дека изградбата на „Бошков мост“ директно ја загрозува репродуктивната средина и опстанокот на Балканскиот рис, критично загрозен вид кој го има своето последно прибежиште токму на оваа локација. Комитетот јасно повика на стопирање на сите хидроенергетски проекти во рамки на паркот. Дополнително, Бернскиот комитет во 2025 година констатираше дека не е постигнат значаен напредок во исполнувањето на препораките, вклучувајќи го и откажувањето на сите концесии и итното репрогласување на паркот согласно меѓународните стандарди.2. Економска неисплатливост и неодржливостСтудиите на независни експерти и меѓународните финансиски институции веќе покажаа дека овој проект е економски неоправдан. Трошоците за изградба, во споредба со минималното производство на електрична енергија и огромната штета врз екосистемот, го прават проектот чиста загуба. Во време кога соларната и ветерната енергија се поефикасни и поекономични, инвестицијата „Бошков мост“ би значела чекор назад во енергетската политика.Земајќи ги предвид овие факти, до Владата упативаме конкретни барања: Итно спроведување на препораките на Бернската конвенција и отфрлање на сите планови за хидроенергија во заштитените подрачја, и Итно репрогласување на НП Маврово, кое ќе оневозможи идна деградација на паркот.Долгогодишното одложување на репрогласувањето на Националниот парк Маврово создаде правна празнина, која директно овозможува реализација на штетни инфраструктурни и градежни проекти во срцето на паркот. Наместо исклучок, ваквите интервенции станаа практика што постепено го разградува интегритетот на едно од највредните природни подрачја во државата. Репрогласувањето на Маврово не е административна формалност, туку единствениот механизам за воспоставување јасна, обврзувачка рамка за заштита, усогласена со IUCN стандардите и меѓународните обврски на државата. Само со нов закон за НП Маврово може конечно да се стави крај на практиката на ад-хок одлуки, притисоци и проекти кои го жртвуваат јавниот интерес и природното наследство за краткорочни цели.Истовремено, репрогласувањето ќе воспостави рамка за одржлив развој и економска сигурност на локалното население, преку поддршката на одржлив туризам, традиционални дејности и зелени економски активности.Секое понатамошно одложување на репрогласувањето значи продолжување на деградацијата на Маврово и преземање свесен ризик за едно од највредните природни подрачја во државата.Почитуван Претседателе на Владата, Ве повикуваме да покажете лидерство базирано на наука и јавен интерес, а не од застарени енергетски политики и идеи. Природата на Република Македонија не е ресурс за краткорочен профит, туку наследство кое сме должни да го зачуваме за идните генерации.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Франција стои зад обидот за пуч во Буркина Фасо и активности во Сахара–Сахел, тврди Русија

Руската служба за надворешно разузнавање соопшти дека Франција планира и спроведува неоколонијални пучеви ширум Африка, наведувајќи дека Париз стои зад обидот за државен удар во Буркина Фасо и активно работи на дестабилизација на регионот Сахара–Сахел.Руската служба за надворешно разузнавање известила дека Франција планира неоколонијални пучеви во Африка.Како што се наведува во извештајот, Франција била вмешана во обидот за пуч во Буркина Фасо на 3 јануари, а Париз ќе продолжи да дестабилизира земји во регионот Сахара–Сахел, пренесува TASS. Службата наведува дека Франција „жешко бара можности за политичка одмазда“ во Африка и дека францускиот претседател Емануел Макрон овластил свои разузнавачки агенции да покренат план за елиминација на „непосакувани лидери“.Според наводите на Службата, Франција истражува опции за соборување на новиот претседател на Мадагаскар, а исто така преминала и на директна поддршка на терористи од различен вид, кои стануваат нејзини главни сојузници на африканскиот континент.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-4450PM

Патниот правец Удово – Валандово повторно отворен за сообраќај

Сообраќајот на патниот правец Удово - Валандово е нормализиран, соопшти Авто Мото сојузот на Македонија.Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин поради излевање на Калковска Река на коловозот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryttc9ace0ged61rfS82U

Mејлови на Епштајн: мозоци од Македонија користени во истражување за нов лек

Македонија се споменува во мејловите на осудениот милијардер, сексуален предатор, педофил и трговец со малолетнички за бело робје, Џефри Епштајн.Во еден од мејловите што се појавија во јавноста, Епштајн е информиран за научно истражување поврзано со развој на лек кој, според тврдењата, би можел да ги стопира самоубиствените нагони. Во рамки на ова истражување, како што стои во пораката, биле користени и човечки мозоци од Македонија.„Ги зеле примероците и мозоците, најпрво на Универзитетот во Питсбург, а потоа, во 1994 година, во Колумбија. Досега имаат собрано колекција од околу 1.000 човечки мозоци — некои од жртви на самоубиство, други контролни мозоци — уредно складирани во замрзнувачи на -112°F. Малата балканска земја Македонија ги придонесува најновите мозоци, благодарение на член на факултетот на Колумбија кој потекнува од таму и помогнал во организацијата. Македонските мозоци се замрзнуваат веднаш по нивното отстранување и се транспортираат во сандаци, под надзор, околу 4.700 милји, за да завршат во црни кутии со големина на кутија за чевли, обележани со QR-кодови. Внатре се наоѓаат исечени делови од розево ткиво во пластични кеси, означени со маркери: десна страна, лева страна, датум на собирање“, се наведува во мејлот, испратен до Епштајн од лице чие име е целосно цензурирано.Станува збор за информативна електронска порака во која, според содржината, му се презентира истражувачкиот проект и неговата научна позадина, најверојатно со цел да се побуди интерес за можна инвестиција во компанија која би го комерцијализирала потенцијалниот лек. Мејлот е комбиниран со објава и анализа од „Блумберг“, што дополнително укажува на обидот проектот да се прикаже како сериозна научна и бизнис-можност.Иако во пораката не се наведуваат имиња на институции или поединци од Македонија, самото споменување на земјата во ваков контекст отвора сериозни прашања за начинот на прибирање, користење и изнесување на човечки биолошки материјал, како и за етичките и правните аспекти на ваквите истражувања.Целиот меил, објавен од страна на Департментот за правда на САД

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
314603782_10160081490267487_721209305356417339_n

(Видео) Силно невреме во Грција: Обилните снежни врнежи ги затворија училиштата

Силно невреме ја погоди Грција, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата во делови од Тракија, додека обилни снежни врнежи, мраз, невреме и силни дождови предизвикуваат сериозни проблеми низ целата земја.Според одлуката на официјалните лица, наставата во училишта во повеќе области во Тракија ќе се одвива онлајн, додека училишта остануваат затворени поради обилни снежни врнежи и мраз, пренесува ERT njuz.Во ски-центарот Лајлија во Серес, 15 автомобили беа заробени со часови бидејќи нивните возачи не ставиле синџири за снег.Невремето во Грција денеска ќе донесе обилни дождови, невреме и локално обилни снежни врнежи во повеќе делови од земјата, а најзагрозени ќе бидат Источниот Егеј, Крит, Тракија, каде се предвидува засилување на ветровите и дополнително паѓање на температурите.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryti5ck05l1s569ALAXSP

Два резервоари од кои истекувало гас се причина за експлозијата во фабриката за колачи во Грција

Подрум кој не се појавува во плановите на зградата и два непрјавени резервоари со пропан се во центарот на истрагата за причините на експлозијата што ја уништи фабриката за колачи „Виоланта“ во близина на градот Трикала, при што животот го загубија пет работнички, а седум други лица кои биле присутни на местото се здобиле со повреди. Несреќата се случила кратко по 4 часот наутро минатиот понеделник.Истражувањата покажуваат дека имало два резервоари надвор, но имало и четири внатре во подрумот – или, поточно, од цевките кои биле поврзани со нив, истекувало гас со месеци.Сопственикот и шефот на обезбедувањето негираат дека биле информирани од вработените за сомнителен мирис на гас.Случајот има и политички импликации, бидејќи инженерот кој ја потпишал дозволата за градба, Димитрис Папастергиеу, подоцна градоначалник на Трикала, е сегашен министер за дигитална администрација.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
marihuana2

Претреси во Битола: Лишени од слобода две лица поради пронајдена дрога

На 2 февруари 2026 година, полициски службеници од СВР Битола извршија претреси и лишија од слобода две лица поради пронајдена дрога.Првиот случај се однесува на М.Р. (18) од Битола, кај која на ул. „Партизанска“ е пронајдена прашкаста материја. Со наредба на Основен суд Битола, извршен е претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.Вториот случај е поврзан со О.Н. (40) од Битола, лишен од слобода на ул. „Илинденска“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.По целосно документирање на случаите, против двајцата лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
1705740819-collage-sneg-am-2-750x422-1

(Видео) Тешки зимски услови го парализираа сообраќајот и енергетските системи во САД

Тешките зимски услови го нарушија сообраќајот и енергетските системи низ Соединетите Американски Држави, приземјувајќи повеќе од 1200 авиони и оставајќи десетици илјади луѓе без струја во неколку држави, јави Bloomberg.Според Националната метеоролошка служба, се очекуваше снежните врнежи да ослабнат, но условите сè уште се тешки. Додека се предвидува дека невремето ќе се засили над Атлантикот.Duke Energy, компанија за електрична енергија и природен гас со седиште во Северна Каролина, ги замоли своите корисници да ја ограничат потрошувачката на електрична енергија во утринските часови за да се спречат привремени прекини на електричната енергија.Извештајот на Bloomberg наведува дека прекините на струјата сè уште продолжуваат во делови од југот, каде што ледот од претходното невреме ги срушил далноводите. Според податоците за следење на прекини на струјата, скоро 178.000 домови и компании биле без електрична енергија во неколку држави.Нарушувањата во воздушниот сообраќај продолжија низ целата земја, а Меѓународниот аеродром Charlotte Douglas пријави најголем број откажани летови.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
gasi-gashi-afrim

Гаши во официјална посета на Вашингтон

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши, во периодот од 2 до 7 февруари 2026 година ќе престојува во официјална посета на Вашингтон, Д.Ц., Соединетите Американски Држави.„За време на посетата, претседателот Гаши ќе учествува на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast), еден од најзначајните традиционални настани во САД, како и ќе оствари низа средби со американски конгресмени и претставници на меѓународни партнерски организации, со фокус на зајакнување на институционалното и политичкото партнерство.Во рамки на агендата, претседателот на Собранието ќе се обрати на Форумот за безбедност во Американскиот конгрес, на кој учествуваат лидери од европските земји и претставници на Американскиот конгрес, каде што ќе се дискутира за инвестициите во областа на одбраната, регионалната безбедност и трансатлантското партнерство.Исто така, претседателот Гаши ќе биде дел од панел-дискусијата на конференцијата „Balkans Forward Summit“, организирана од Атлантскиот совет.Целта на посетата е продлабочување на односите со Соединетите Американски Држави и унапредување на соработката во областа на демократијата, безбедноста и интеграциите“, информираат од Собранието.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
UaYct-

СДСМ: Нема одговор кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога?

5 тони дрога завршила во соседна Србија преку Македонија, косопственик од македонска фрима е меѓу уапсените а власта молчи за овој картелски скандал, вели СДСМ.„Нема одговор кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога?Нема одговори ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот познат како Симе, уапсен во друг случај со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина пари.СДСМ со денови алармира за поврзаност на криминални структури во Македонија и во Србија.Со секој нов ден власта на ВМРО тоне сѐ подлабоко во скандали, криминал и корупција.Криминални тендери, дрога од 5 тони, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници вредни 65.000 евра.А нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра за работниците кои едвај врзвуваат крај со крај.Како во мафијашки филм“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
nafta

Индија ќе купува нафта од Венецуела, Трамп вели: Договорот е веќе постигнат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Индија ќе купува нафта од Венецуела наместо од Иран, наведувајќи дека веќе е постигнат „концепт на договор“.Ројтерс претходно објави дека САД соопштиле дека Индија наскоро би можела да продолжи со купување венецуеланска нафта за да се намали зависноста од руската нафта, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.Индија порано беше главен купувач на руска нафта по воведувањето на западните санкции по руската инвазија на Украина во 2022 година, додека увозот на иранска нафта беше ограничен поради американските санкции.Трамп во август минатата година ја удвои царината за индискиот увоз на 50 отсто за да го притисне Њу Делхи да престане со купување руска нафта.Порано овој месец предупреди дека царината повторно би можела да се зголеми доколку Индија не ги ограничи своите купувања.Меѓутоа, министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во јануари сигнализираше дека дополнителната царина од 25 отсто би можела да се укине поради намалувањето на индискиот увоз на руска нафта.Американската администрација во март 2025 година воведе царина од 25 отсто за земјите кои купуваат венецуелска нафта, а минатата година се Трамп закани дека истата мерка ќе ја воведе и за Индија.Меѓутоа, САД оваа недела ги ублажија некои санкции за венецуелската нафтена индустрија за да им олеснат на американските компании продажба на сурова нафта.Трамп исто така изјави дека Кина би можела да постигне договор со САД за купување венецуелска нафта, нагласувајќи дека таков договор би бил „голем“, но не даде детали.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

Германски гигант во криза: Се затвораат 20.000 работни места

Германскиот индустриски гигант „Бош“ (Bosch) ги потврди плановите за затворање на 20.000 работни места, откако профитот минатата година речиси се преполови.Објавата укажува на растечкиот притисок врз некогаш доминантниот производствен сектор и дополнително го зголемува притисокот врз политичарите во Берлин да пронајдат решение.Официјалните податоци покажаа дека стапката на невработеност во Германија пораснала на 6,6 проценти – највисоко ниво во последните дванаесет години. Бројот на невработени во јануари надмина три милиони.„Економската реалност се огледува и во нашите резултати“, изјави извршниот директор на „Бош“, Штефан Хартунг, опишувајќи ја 2025 година како „тешка и, во одредени случаи, болна година“ за компанијата, која е водечки добавувач на автомобилски делови.Овој потег доаѓа во услови на сè поголем пад на автомобилската индустрија во земјата, која долго време беше столб на германското производство.Секторот забрзано ги укинува работните места. Студија од 2025 година откри дека само минатата година во Германија биле укинати повеќе од 50.000 работни места во автомобилската индустрија.Падот на германската автомобилска индустрија прерасна во поширок политички тест за владата во Берлин, како и за Европа во целина.Некогаш крунскиот бисер на економијата, индустријата сега се соочува со предизвици поради актуелната политика за електрични возила, трошоците за енергенси и агресивната конкуренција од кинеските производители, пишува „Политико“.Како што добавувачите слабеат, ризикот се поместува од пониски профити кон трајна загуба на конкурентноста.Со порастот на отпуштањата и одложувањето на инвестициските одлуки, владата на канцеларот Фридрих Мерц е под сè поголем притисок од работниците, синдикатите и лидерите на индустријата да ја преиспита германската индустриска стратегија, додека сомнежите се шират во земјата и низ Европа околу способноста на Германија да остане економска сила.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
3-1

–7 степени на Попова Шапка, најмногу дожд во Гевгелија

Најниската утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде што живата во термометарот се спушти до –7 степени. Под нулата беше и во Берово и Маврови Анови (–4), Крушево (–3) и Крива Паланка (–2). Во Скопје температурите се движеа околу нулата, додека најтопло утрово беше во Гевгелија со 3 степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија – 26 литри на метар квадратен, потоа во Демир Капија (20) и Струмица и Маврови Анови (по 17). Значителни количества дожд наврнаа и во Скопје, Кавадарци, Берово, Велес и Тетово.Снежната покривка е највисока на Попова Шапка и изнесува 50 сантиметри, додека во Маврови Анови се измерени 14 сантиметри. Снег има и во Берово (5) и Ѓуриште (2 сантиметри).

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
sneg-jkoreja

(Видео) Студен бран во Полска: Најмалку 38 лица загинаа од хипотермија

Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Веслав Шчепански, изјави дека најмалку 38 лица починале од хипотермија во таа земја оваа зима, што е двојно повеќе во споредба со истиот период лани.Шчепански додаде дека се чекаат обдукциите на уште две тела и дека бројот на починати од хипотермија би можел да се зголеми на 40, пренесува агенцијата ПАП.Тој истакна и дека во истиот период 54 лица починале од труење со јаглерод моноксид.Шчепански наведе дека припадниците на итните служби, меѓу кои и околу 8.600 полицајци, пребаруваат напуштени објекти и засолништа во потрага по луѓе кои бараат засолниште од студот.Тој посочи дека низ целата земја се поставени специјални шатори со греење кои ќе работат 24 часа дневно, со цел да им се обезбеди засолниште на бездомниците.Шчепански синоќа најави дека Полска ја очекува најстудената ноќ во годината и дека температурите во поголемиот дел од земјата ќе се движат меѓу 20 и 30 степени под нулата.„Во Сувалки температурата може да падне и до минус 29 степени, но поради ветерот ќе се чувствува како минус 36 или 38“, изјави тој.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryudfvtc060d0qdVCB6IL

Кнежевиќ за состојбата во Црна Гора: Ќе дојде до сериозни политички турбуленции

Претседателот на Демократската народна партија на Црна Гора (ДНП), Милан Кнежевиќ, изјави дека владата на Милојко Спајиќ формално сè уште има мнозинство откако ДНП ја напушти власта, но додаде дека очекува суштински да дојде до турбуленции.„Суштински ќе дојде до сериозни политички турбуленции, бидејќи е јасен нашиот став дека српскиот јазик треба да биде нормиран како службен и изедначен со црногорскиот, дека треба да дојде до измени и дополнувања на Законот за државјанство и дека народното знаме, тробојката од Уставот на Кнежевината од 1905 година, треба да биде нормирана во Законот за државни симболи и да дојде до сеопфатен дијалог со граѓаните“, изјави Кнежевиќ за ТВ Пинк.Тој рече дека ставот на Спајиќ, според кој наводно не дозволува уцени и поради кој наводно ги одбил барањата на ДНП, е стекнат преку консултации на црногорскиот премиер со германскиот амбасадор и амбасадорот на ЕУ во Црна Гора.„Потоа господинот Спајиќ тоа го верификуваше и на владата, велејќи дека ова се прашања кои треба да ги решаваме преку работни групи. А знаете, кога во Црна Гора ќе формирате работна група, тоа ви е како кружни текови околу кои се вртите и никогаш не можете да стигнете дома“, рече Кнежевиќ.Односот на Хрватска кон Црна ГораКоментирајќи го односот на Хрватска кон Црна Гора, Кнежевиќ праша дали со Црна Гора владеат тие двајца амбасадори и министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.„Хрватите од нас бараат да им го вратиме бродот ‘Јадран’, да им ја дадеме Превлака, да платиме воена отштета за нешто што не се случило во Моринј, да им дадеме некаква земја во Бока Которска, секојдневно им забрануваат влез во Хрватска на нашите интелектуалци и свештени лица, испорачуваат нови барања, а Црна Гора безусловно, покорно прифаќа сè што од неа го бараат Грлиќ Радман, Пленковиќ и оваа хрватска десница“, рече Кнежевиќ.Тој потсети дека неговата партија ја повлекла поддршката и за градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ, кој ќе мора или да бара поддршка од Демократската партија на социјалистите, или во Подгорица ќе мора да се распишат вонредни избори, што, како што вели Кнежевиќ, дополнително ја усложнува состојбата.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Медведев: Не сме заинтересирани за глобален судир, не сме луди

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Москва нема интерес да распалува глобален судир, исто како што немала интерес да започне специјална воена операција во Украина.„Секако дека не сме заинтересирани за глобален судир. Не сме луди. Ова е кажано сто пати. Кому му е потребен глобален судир?“, изјави Медведев во интервју за ТАСС, Ројтерс и проектот Варгонзо, потсетувајќи дека руското раководство повеќепати го предупредувало Западот и земјите на НАТО, повикувајќи ги да ги земат предвид интересите на Русија и да седнат на преговарачка маса.Како што вели тој, глобалната ситуација може да доведе до состојба во која сè во еден момент би можело да излезе од контрола, а опасноста од глобална војна е многу голема.„Тоа, секако, ја вклучува и нашата земја – Руската Федерација, Народна Република Кина, Индија и земјите од она што денес го нарекуваме глобален Југ. Јасно е дека ова е сосема нов феномен, со сопствен правен субјективитет, како што велат правниците, и со желба директно да се учествува во меѓународните односи, а не индиректно преку други земји“, изјави заменикот на шефот на Советот за безбедност на Русија.На прашањето на новинарите за најневеројатната прогноза што би можел да ја даде за 2026 година, Медведев оцени дека распадот на НАТО и враќањето на Европската унија кон купување руска нафта и гас би биле корисни за целата планета.„Меѓу неверојатните работи, бидејќи тоа го барате, на пример – Европската унија ќе ѝ се извини на Руската Федерација и повторно ќе побара продажба на гас и нафта. Или НАТО ќе се распадне поради повлекување на САД. И двете, инаку, би биле корисни за нашата планета. Дали е тоа можно? Веројатно е, како и сите неверојатни работи – можно“, истакна Медведев.Според неговите зборови, колонијалните тенденции кон суверена земја како Венецуела биле изненадувачки.„Апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, од страна на Американците е катастрофа за меѓународното право и го поткопува целиот систем на меѓународни односи“, рече Медведев, додавајќи дека планира да објави правен есеј за правните аспекти на апсењето на Мадуро.Кога станува збор за односите меѓу Москва и Лондон, Медведев оцени дека само фундаментална промена на британската политика може да ги подобри односите со Русија.„Она што го прави сегашното британско раководство е еден вид бесна, примитивна русофобија со цел да си го подигне сопствениот изборен рејтинг“, изјави тој.Во врска со Гренланд, Медведев оцени дека желбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја преземе контролата над таа земја претставува сериозен предизвик за единството на Западот.„Нема да се задржувам на Гренланд. Нашиот претседател неодамна рече дека тоа не нè засега. Нека САД и Европејците го решат тоа, но целата работа е прилично чудна. Ништо слично не се случило барем во последните неколку децении, а сега се случува. Ова навистина претставува сериозен предизвик за атлантското единство“, рече Медведев.Тој, исто така, оцени дека тврдењата дека Русија и Кина претставуваат „закана“ за Гренланд се само тактика на заплашување.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања