1 нед.
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Србија не е вмешана во заплената на пет тони марихуана со потекло од Македонија, тврди Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека Србија не е вмешана во поседувањето на петтe тони марихуана со потекло од Македонија.Тој изјави дека неговите противници „сè превртеле наопаку“, па сега тврдат дека во скандалот околу откриените пет тони марихуана – стои државата.„Пред неколку дена, луѓе од Управата за криминалистичка полиција пронајдоа пет тони некаква дрога. А сега дали само синот или и синот и таткото знаеле за тоа, тоа е друго прашање, нека утврдат надлежните органи, нема да претпоставам ништо. Ние ја спроведовме таа акција“, рече Вучиќ, за ТВ Пинк, зборувајќи за запленувањето на пет тони марихуана на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ.Тој изјави дека неговите противници сега велат: „бидејќи не е на насловната страница на ниту еден од таблоидите, државата сигурно е вмешана во тоа“.Пет лица се осомничени во случајот со рекордната заплена на повеќе од пет тони марихуана пронајдени во четвртокот во селото Коњух, во близина на Крушевац, и  се бранеа со молчење пред Обвинителството за организиран криминал на Србија.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6in59jkg5f4ofLaHqX5

(Фото) Силен циклон го погоди Мадагаскар, има загинати

Циклонот Фитија го погоди Мадагаскар, при што загинаа најмалку три лица, а повеќе од 28.000 луѓе се погодени од катастрофата. Повеќе од 8.400 луѓе се раселени, а бројот на жртви би можел да се зголеми. Илјадници куќи се поплавени, додека 24 училишта се делумно или целосно уништени.Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 28.000 луѓе се погодени од циклонот Фитија кој го погоди Мадагаскар, соопшти Националната канцеларија за управување со ризици од катастрофи на таа земја.Како што е наведено, едно лице го загубило животот кога врз него паднало дрво, друго лице се удавило, а третото било затрупано под урнатините на куќа, пренесува локалниот „L'Express.mg“. Едно лице се води како исчезнато откако го однела река, а пет други лица се повредени.Првиот удар на циклонот бил во саботата наутро по локално време, а забележани се ветрови со јачина од 150 километри на час и налети до 210 километри на час. Раселени се повеќе од 8.484 луѓе, од кои 7.326 се сместени во 34 засолништа, додека уште 1.158 нашле засолниште кај семејство или соседи. Куќите исто така се тешко оштетени – 6.139 куќи се поплавени, 104 се оштетени, а 813 се уништени.Многу ученици нема да можат веднаш да се вратат на училиште, поради делумното или целосното уништување на 24 училишта. Бројот на жртви би можел да се зголеми во идните извештаи, бидејќи, според податоците на Националното биро за управување со ризици и катастрофи, информациите сè уште се собираат и проверуваат.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
pance-tosh

(Видео) Тошковски: Од 120.000 на 500 прекршоци – ‘Безбеден град’ дава резултати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град“ во СВР Скопје каде и официјално стартуваше проектот „Безбеден град“ за евиденција на прекршоците во сообраќајот.Тошковски сведочеше за успешниот старт на проектот, дека одвива според планираните параметри и граѓаните како што се и очекуваше во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила.„Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи Вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35% на територија на СВР Скопје и Вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4.“, потенцираше министерот Тошковски при посетата.Министерот за внатрешни работи уште еднаш посочи дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија и сме можеле да покажеме еден поинаков пристап, за разлика од претходно.Тој уште еднаш од се срце упати честитки до македонските граѓани за почитувањето на сообраќајните правила и изрази сигурност дека во иднина со вакво однесување и со ваков начин на однос кон својата држава, ќе покажеме дека навистина ги имплементираме оние европски вредности коишто ги заслужуваат македонските граѓани.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
50272096_227157594830299_3138700583100219392_n_227157588163633

Студено утро во Македонија, температури под нулата

Денес времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а нестабилноста ќе биде поизразена во западните и југозападните краишта, каде локално се очекуваат повремени врнежи од дожд. Во повисоките предели не е исклучена појава на слаб снег, но без најава за значајни наноси.Утрото ќе биде студено, со температури под нулата во повеќе котлини и повисоки места, што значи дека на влажните коловози има услови за појава на голомразица. Во текот на денот ќе следи умерено затоплување, со дневни температури што ќе се движат претежно меѓу 4 и 9 степени, зависно од регионот и облачноста.Во Скопје се очекуваат облаци и сончеви периоди, со максимална температура околу 7 степени и минимална околу -2. За Скопскиот регион е активно жолто предупредување за дожд, што значи дека локално може да има поинтензивни врнежи и намалена видливост, особено во вечерните часови и на отворени делници.На граѓаните им се препорачува претпазливост при утринско возење поради можни заледени површини, а на патните правци кон запад да се очекуваат повремено влажни коловози и краткотрајни врнежи.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
izlea-reka

Се излеа Калковска Река, патот Удово - Валандово затворен за сообраќај

Од АМСМ информираат и дека поради магла има намалена видливост до 100 метри на планинските превои Плетвар, Ѓавато и ПресекаПатниот правец од Удово за Валандово од утринава од 05:25 часот е затворен за сообраќај, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).Затворањето на патниот правец е поради излевање на Калковска Река на коловозот.Сообраќајот од оваа делница, како што велат од АМСМ, се пренасочува на патниот правец од селото Марвинци кон Валандово.Од АМСМ информираат и дека поради магла има намалена видливост до 100 метри на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека.На останатите патишта од АМСМ велат дека сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози. На некои повисоки места на коловозите има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Алкохолизирано возење попладнево заврши со сообраќајна несреќа и кривична пријава во Скопје

Возач од Скопје е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во која биле повредени две лица, информира Министерството за внатрешни работи.Како што соопшти МВР, денеска (01.02.2026) полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.М. (50) од Скопје. Околу 16:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила – „сеат ибица“, управувано од М.М., „тојота“, управувана од А.Г. (25), и „мерцедес“, управуван од М.В. (32), сите со скопски регистарски ознаки.Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Г. и сопатничката Л.Г.По преземените мерки и извршеното алкотестирање, било утврдено дека М.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,32 промили алкохол во крвта.За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
brza-pomos-nokje-3

Заталкан куршум рани дете во скопско Глумово, полицијата трага по потеклото на истрелот

Десетгодишно девојче е тешко повредено во пределот на ногата откако било погодено од заталкан куршум во двор од куќа во скопското село Глумово.Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје. Детето по повредувањето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде лекар констатирал тешки телесни повреди.„На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во село Глумово, скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче во пределот на ногата“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.Полициските екипи извршиле увид на местото на настанот, а надлежните служби преземаат интензивни мерки за утврдување од каде е испукан куршумот и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Охриѓанец возел иако имал забрана: МВР му го одзеде возилото, следува кривична пријава

Полициски службеници од СВР Охрид поднеле кривична пријава против 44-годишен охриѓанец, кој бил затекнат како управува патничко возило иако имал изречена и впишана заштитна мерка „забрана за управување со моторно возило“.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 1 февруари 2026 година околу 17 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид било сопрено патничко возило марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.С. (44) од Охрид. По извршените службени проверки било утврдено дека возачот управувал со возилото и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.За настанот бил известен јавен обвинител, а возилото веднаш било одземено. По целосно документирање на случајот, против Ј.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Охрид | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfdkk4fdv45b0fPWYXD3

(Видео) Вирална снимка од Ричмонд: Маскирани крадци ограбиле златара пред очите на минувачите

Снимка од дрска кражба во Лондон, во населбата Ричмонд, за кусо време стана вирална на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во јавноста. Двајца маскирани мажи, во саботата претпладне, пред очите на шокирани минувачи, со чекан го скршиле излогот на семејна златара и однеле вреден накит.Инцидентот се случил околу 10:30 часот, а на видеото јасно се гледа како еден од напаѓачите, со фантомка на лицето и голем чекан во рацете, ѝ приоѓа на златарата „Gregory & Co“, додека неговиот соучесник стои на готовс со подготвена торба. За неколку секунди улицата одекнувала од силни удари, додека напаѓачот без двоумење удирал по излогот.Иако ламинираното безбедносно стакло кратко време пружило отпор, крадецот упорно ги насочувал ударите во една точка сè додека стаклото не попуштило. Во тој момент, неговиот соучесник се нафрлил кон излогот и со голема брзина почнал да го собира накитот, ставајќи го во сина торба, по што двајцата избегале од местото на настанот.Повеќето сведоци останале вчудовидени и не реагирале, додека најмалку едно лице прибрано го снимало целиот настан со мобилен телефон. Еден очевидец за британските медиуми изјавил дека напаѓачите „се појавиле од никаде, со чекан и торба, и веднаш почнале да го кршат прозорецот“, додавајќи дека сè се случило толку брзо што никој немал време да реагира.Полицијата во Лондон соопшти дека е започната истрага и дека се анализираат снимките од надзорните камери и видеата објавени на социјалните мрежи, со цел да се идентификуваат сторителите на кражбата.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
vucic-45345

Вучиќ се огласи за нарко-афера која води до Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи по повод неодамнешната заплена на голема количина дрога во близина на Крушевац која дошла од Македонија, оценувајќи дека дел од јавноста и политичките актери се обидуваат секој успех на државата да го претстават во негативен контекст.„Што и да се случи, каде и да се случи, тие ќе свртат сѐ наопаку и за секој успех на државата ќе ја обвинат токму државата“, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм, реагирајќи на коментарите и критиките поврзани со случајот.Во меѓувреме, Посебното одделение за организиран криминал при Вишиот суд во Белград на 31 јануари 2026 година донесе решение со кое им одреди притвор на осомничените Н.С., Р.С. и И.Д., во траење до 30 дена. Притворот е изречен поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, ризик од повторување на кривичното дело, како и поради тежината на делото и вознемиреноста на јавноста.Според судското решение, осомничените се товарат за кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, за кое е предвидена затворска казна подолга од десет години. Судот оценил дека начинот на извршување и последиците од делото можат да го загрозат непреченото и правично водење на кривичната постапка доколку осомничените се бранат од слобода.Против решението за притвор е дозволена жалба до кривичното вонпретресно веќе на Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

За дрогата прашајте го Заев, Филипче има директна комуникација со него, вели ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ поврзано со заплената на дрога во Србија, оценувајќи дека обидите на опозициската партија да отвори прашања за овој случај се лицемерни и насочени кон дефокусирање на јавноста.Од владејачката партија посочуваат дека СДСМ, наместо да поставува прашања кон институциите, одговорите треба да ги побара кај, како што наведуваат, „познатиот сопственик на фабрика за марихуана“ и поранешен премиер Зоран Заев. Во реакцијата се додава дека не е важно дали Заев се наоѓа во Струмица или, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, престојува во Дубаи.„СДС прашуваат како поминала дрогата. Одговорите на овие прашања нека ги постават кај Зоран Заев“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека токму во периодот на владеење на СДСМ биле донесени одлуки и законски решенија поврзани со одгледувањето и производството на канабис.Во реакцијата, од ВМРО-ДПМНЕ дополнително тврдат дека постои директна поврзаност меѓу Заев и актуелното раководство на СДСМ, посочувајќи дека Венко Филипче, како што велат, има директен контакт со поранешниот премиер.Партијата нагласува дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за борба против криминал и дрога, обвинувајќи ја опозицијата дека токму во нивно време биле создадени, како што велат, услови за ширење на канабис-индустријата и за сомнителни бизниси поврзани со неа.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека институциите ќе постапуваат согласно закон и дека, според нив, јавноста треба да добие одговори од оние кои, како што тврдат, се директно поврзани со ваквите појави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynhpt3n4oh2rjfHXHtLB

Села пак се огласи: „Безбеден град“ создава несигурност и неправда особено кај Албанците

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, денеска остро реагираше на почетокот на примената на проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за, како што рече, селективна и камуфлирана форма на казнување која создава чувство на несигурност и неправда кај граѓаните, особено кај Албанците.Во обраќањето до јавноста, Села посочи дека проектот, наместо да придонесе за поголема безбедност, ги прави граѓаните поранливи, изложени на притисок, неправично третирање и финансиско оптоварување. Тој апелираше до граѓаните на трпение и внимателност, нагласувајќи дека, како што вели, заеднички ќе ја добијат битката против, според него, дискриминаторскиот проект.Села истакна дека граѓаните имаат доволно свест за сопствената безбедност и дека санкции и глоби се потребни само за оние исклучоци кои со своето однесување навистина ја загрозуваат безбедноста. Според него, недозволиво е во име на тие поединечни случаи да се казнуваат и прогонуваат сите останати за мали пропусти и ситни невниманија кои, како што нагласи, не претставуваат реална опасност.Притоа, без, како што рече, намера да се меша во независноста на судството, принцип кој неговата партија континуирано го промовира, Села упати јавен повик до судиите на Уставниот суд. Тој побара итно и приоритетно да се разгледа иницијативата што Алијансата за Албанците ја поднесе пред неколку дена, со која се оспоруваат законските измени поврзани со проектот „Безбеден град“.Според Села, во иницијативата се наведени бројни аргументи кои, како што тврди, јасно укажуваат на неуставноста на законските решенија. Тој повика Уставниот суд што поскоро да закаже седница за да се спречи, како што рече, уште поголемо комплицирање на состојбата, изрекување казни и „пљачка“ на граѓаните преку механизам за кој Алијансата е убедена дека на крајот ќе биде прогласен за неуставен.„Да ги ослободиме граѓаните од овој страв и неизвесност што е можно побрзо и конечно да ја затвориме оваа тема“, порача Села, нагласувајќи дека очекува одлука која ќе стави крај на примената на спорниот проект.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library93bueevimbas7C4bcsT

„Меланија“ разнесен од критиката: Документарец со оценка 1,1 и обвинувања за пропаганда

Судејќи според реакциите на публиката и критиката, новиот документарен филм „Меланија“ не наиде на ниту трпение ниту разбирање за обидот да ѕирне зад позлатените кулиси на светот на Доналд Трамп. Напротив, приемот е, благо речено, поразителен.На IMDb филмот моментално има оценка од само 1,1 од 10, додека на Rotten Tomatoes собра едвај 11 проценти позитивни критики, со што веќе се позиционира меѓу најлошо оценетите наслови оваа година.Британскиот критичар Зан Брукс, во осврт за „Гардијан“, оценува дека од приказната за поранешната манекенка од Словенија можел да се направи квалитетен документарец, но дека „Меланија“ завршила како „деморализирачка, смртоносна и целосно неубедлива“. Според него, филмот мачно и бавно ги води гледачите низ подготовките за втората инаугурација на Доналд Трамп – од проби на фустани и избор на декорации до распоред на маси – и повеќе наликува на „дизајнерска таксидермија“ отколку на вистински документарен филм.Брукс особено се потсмева на фактот што најголемиот дел од „напрегнатоста“ се сведува на грижите на Меланија дали белата блуза ѝ е преширока и дали треба да се стесни. Кога станува збор за она што навистина би можело да ја интересира публиката – која е таа, што мисли и како изгледа тој свет одвнатре – критичарот вели дека филмот не открива речиси ништо. Неговиот заклучок е суров: два часа гледање делуваат како „чист, бескраен пекол“.Сличен впечаток има и Ник Хилтон од „Индипендент“. Тој потсетува дека животната приказна на Меланија – патот од Европа до Америка – е „создадена за Холивуд“, но дека филмот едвај се занимава со тоа. Наместо тоа, фокусот е ставен на дваесетина дена пред инаугурацијата и на ситници како дизајнот на масите, деталите на шеширите и слични „проблеми“. Хилтон документарецот го опишува како празен и без содржина, до тој степен што, како што пишува, дури и изразот „нема содржина“ би бил навреда за пареата од електронска цигара. Според него, филмот е делумно пропаганда, делумно услуга за моќни играчи, но во суштина – едноставно лош.Ништо поблага не е ниту публиката. Коментарите на IMDb се преполни со критики дека филмот се претставува како документарец, а всушност е предолг, заморен и без вистинска вредност, со очигледна намера Меланија и Трамп да се прикажат во подобро светло. Еден гледач го сумира впечатоците велејќи дека станува збор за „предолг и ужасно досаден филм без ниту една откупна особина“, додека друг се жали на монотоната нарација и „рамното“, безбојно снимање. Трет коментар иронично забележува дека, ако филмот навистина чинел милиони долари, „некој умешно го намирисал Амазон и ја искористил шансата“, оценувајќи го како бавен и задушлив обид за лакирање на имиџот.Во морето негативни реакции, еден корисник се пошегувал дека „единственото нешто што навистина вредело во филмот биле чевлите на Меланија“. Друг подолг осврт го опишува искуството на гледање како исполнување на однапред зададена нарација, со „трошки од Меланија“ и надуен промотивен тон, прашувајќи се зошто воопшто е снимен ваков филм додека Доналд Трамп сè уште е активен во политиката. Заклучокот на овој гледач е дека филмот бил толку здодевен што не бил ниту доволно интересен за гледање, ниту доволно опуштачки за спиење – обид за контрола на јавната слика кој не успеал да понуди никаква вистинска длабочина.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryuhuhuoc4tjlu5RcQ1ow

(Видео) Царицата на македонските народни приказни наполни 79 години

Денес, на 1 февруари, македонската културна јавност одбележува 79 години од раѓањето на Шенка Колозова, актерка чиј глас, лик и сценска појава со децении се врежани во колективната меморија на неколку генерации. Родена во 1947 година во селото Добрево, Пробиштипско, од родителите Стоица и Катерина Станојкови, Колозова уште од најраните години го избра патот на уметноста и раскажувањето како животна мисија.По дипломирањето на Филозофскиот факултет во Скопје, нејзиниот професионален пат се врзува за театарските сцени во Штип и Куманово, а подоцна и за Македонскиот народен театар во Скопје, каде го заокружи работниот век и од каде се пензионираше. Во 1968 година стапува во брак со Ѓорѓи Колозов, со кого ги добива ќерките Катерина и Кристина, а со кого ќе создаде и едно од најпрепознатливите културни наследства во македонската телевизиска историја.Зад неа останува импозантен опус: повеќе од 100 премиери, над 6.000 изведби и десетици антологиски улоги во претстави како „Свирачот на покрив“, „За сите мои синови“, „Електра“, „Сè за градината“ и „Печалбари“. Колозова се потпишува и како автор и драматизатор, меѓу кои и обработките на народните приказни собрани од Марко Цепенков, со што дополнително го зацврсти мостот меѓу усното народно творештво и современата сцена.Играше во бројни телевизиски драми, емисии, филмови и серии, но за публиката засекогаш ќе остане препознатлива како Царицата од „Македонските народни приказни“, култниот серијал создаден заедно со нејзиниот сопруг, кој остави неизбришлив траг во детството и културното воспитување на илјадници деца.За своето дело е добитничка на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во 1971 година, „Гран при“ во 2006, „Св. Јоаким Осоговски“ во 2012, признанието почесен граѓанин на Пробиштип во 2017 година, наградата за животно дело „Васил Иљоски“ во 2020 и наградата за животно дело за Театар „Колозов“ во 2021 година.На 79-годишнината од нејзиното раѓање, Шенка Колозова останува симбол на посветеност, уметничка истрајност и културна меморија. Нејзините приказни, сцени и ликови продолжуваат да живеат како дел од идентитетот на македонската култура.Интервју на Шенка Колозова пред шест години:

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
bitkoin

Криптопазарот без здив: Биткоинот го бележи најдолгиот негативен низ од 2018 година

Биткоинот поминува низ еден од најтешките периоди во последните години, откако цената на најпознатата дигитална валута за време на викендот падна под 76.000 долари. Тоа претставува намалување од околу 40 проценти во однос на највисокото ниво достигнато во текот на 2025 година, со што вредноста се врати на рамништа забележани пред ескалацијата на големите глобални царински и трговски судири.Она што во октомври изгледаше како краткотраен корективен пад, денес се претвори во сериозен структурен проблем за криптопазарот. Според анализите, инвеститорите повеќе не продаваат од паника или страв, туку пазарот се соочува со едноставен, но опасен недостиг – нема доволно нови купувачи и сè помалку верба дека цената ќе се врати на растечка патека во блиска иднина. За разлика од претходните циклуси, овојпат нема еден конкретен шок или колапс што го објаснува падот, туку станува збор за постепено слабеење на побарувачката и исцрпување на ликвидноста.Податоците покажуваат дека во јануари биткоинот изгубил речиси 11 проценти од својата вредност, што е четврти последователен месец со негативен резултат. Станува збор за најдолгиот ваков низ од 2018 година наваму. Пазарните аналитичари предупредуваат дека во текот на 2026 година тешко е да се очекува нов историски рекорд, бидејќи ентузијазмот што со години го туркаше растот сега очигледно е ослабен.Значаен сигнал за промената на расположението е и состојбата на социјалните мрежи, каде што речиси исчезна гласната поддршка и повиците за купување „додека е ефтино“. И покрај поволните регулаторни сигнали од државите и зголеменото институционално учество во криптосекторот, пазарот не реагира позитивно, што укажува дека добрите вести одамна биле вградени во цената. Во меѓувреме, од инвестициските фондови што се фокусирани на биткоин континуирано се повлекува капитал, што дополнително ја потврдува ерозијата на довербата кај малите и средните инвеститори, особено кај оние што сега се соочуваат со реални загуби.Состојбата дополнително ја влошува фактот што на пазарот има околу 30 проценти помалку слободен капитал во споредба со октомври, што ја намалува можноста за големи трансакции без нови ценовни шокови. Историските искуства не носат утеха – по претходните длабоки падови, на биткоинот му биле потребни и до три години за целосно закрепнување. Дел од аналитичарите проценуваат дека вистинскиот опоравок не треба да се очекува најмалку уште шест до девет месеци, период во кој тргувањето веројатно ќе се одвива во помал обем и без јасен тренд.Покрај внатрешните слабости, биткоинот денес се соочува и со силна конкуренција за вниманието и парите на инвеститорите. Сè поголем дел од капиталот се пренасочува кон акции на компании поврзани со вештачката интелигенција, како и кон традиционалните сигурни засолништа – златото и среброто, кои бележат раст во последните месеци. Во таква средина, биткоинот ја губи позицијата на „жешка приказна“ од минатите години и влегува во фаза што бара долгорочно трпение, а не брзи очекувања за нови рекорди.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Пресврт за пушењето на јавни места во Македонија од март

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, порача дека Македонија е подготвена за сериозен пресврт во политиките за заштита од пушење, при што предлог-законот што е во јавна дебата е усогласен со највисоките стандарди на Светска здравствена организација и, според регионалните споредби, ја позиционира државата веднаш зад Словенија, која важи за лидер во оваа област.Во анализата што ја презентира Клековски, се наведува дека Словенија и Хрватска имаат највисоко ниво на заштита од пушење, додека Грција и Бугарија обезбедуваат многу добра заштита. Во групата земји со солидна, но не и најстрога регулатива се вбројуваат Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, додека Босна и Херцеговина останува со најслаба заштита.Според предложените решенија, Македонија би вовела речиси целосна забрана за пушење во затворени простории, со ограничени исклучоци, што ја доближува до најстрогите европски практики. Предлог-законот предвидува и изедначување на третманот на електронските цигари со класичните тутунски производи, што е пракса веќе воспоставена во Словенија, Хрватска, Грција и Бугарија. Дополнително, Македонија и Словенија би биле единствени во регионот со забрана на вкусови и ароми кај тутунските и сродните производи.Клековски нагласува дека предлог-законот оди чекор понатаму и во делот на рекламирањето, со целосна забрана која ги опфаќа и инфлуенсерите на социјалните мрежи, што ја става Македонија во групата земји со најстрога регулатива во овој сегмент. Единствено Словенија, засега, има воведено и таканаречено „plain packaging“, односно стандардизирано пакување без брендирани елементи.Сепак, според директорот на ФЗО, клучниот предизвик останува спроведувањето на законите. Искуствата од регионот покажуваат дека контролата е најслаба надвор од големите урбани центри, во канцелариски простории и во угостителските објекти, особено во ноќните часови и во локали со жива музика, клубови и казина. Тој посочува дека земјите со медитеранска клима полесно ја применуваат забраната, поради поголемата употреба на отворени простори.„Потребно е да учиме од туѓите искуства и да изградиме систем кој нема само добро напишани закони, туку и доследна примена, со што ќе обезбедиме подобра заштита на здравјето на граѓаните“, порачува Клековски, нагласувајќи дека предлог-законот претставува историска можност Македонија да се вброи меѓу лидерите во регионот во борбата против пушењето.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3pq7o825tdqu6zQsXfa

Руски напад врз родилиште во Запорожје: повредени шест лица, меѓу нив и трудници

Руски сили денеска извршија напад врз родилиште во Запорожје, на југот на Украина, при што се повредени најмалку шест лица, соопшти гувернерот Иван Федоров. Тој објави и видеоснимки од местото на настанот на кои се гледа оштетената зграда со искршени прозорци и чад што се издига од објектот, објави Kyiv Independent.Меѓу повредените се и две трудници кои во моментот на нападот биле на лекарски преглед. „Нападот врз родилиште е уште еден доказ дека се води војна против животот“, изјави Федоров.За време на инвазијата, руските сили повеќепати таргетираа цивилна инфраструктура, вклучително и родилишта. Во напад во Вилњанск, во Запорошката област, во 2022 година беше убиено бебе старо два дена.Најновиот напад врз Запорожје доаѓа во период кога Русија ја засилува офанзивата во јужниот регион и редовно изведува удари во ова подрачје. Инцидентот се случи во услови на обиди за преговори за мировен договор меѓу Украина, САД и Русија. Американскиот претседател Доналд Трамп на 29 јануари соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин прифатил еднонеделна обустава на нападите врз украинските градови, но Москва подоцна појасни дека тоа се однесува само на Киев и дека примирјето истекува денеска, непосредно пред најавениот нов бран студено време.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryjj34a64k8g2p7jBI44N

Сателитски снимки откриваат ново руско воено засилување близу Финска

Русија започнала со обнова на напуштена воена база во градот Петрозаводск, во Република Карелија, во непосредна близина на границата со Финска, со цел таму да смести до 15.000 војници од новоформираниот 44. армиски корпус. Ова го покажуваат сателитските снимки што ги објави финската јавна телевизија Yle, а ги пренесуваат и повеќе меѓународни медиуми.Снимките го прикажуваат просторот на поранешниот гарнизон во близина на електраната Рибка, кој бил напуштен од почетокот на 2000-тите години. Локацијата сега е расчистена од ниска и висока вегетација, а до октомври минатата година биле забележани повеќе од 50 воени камиони и други возила. Во Петрозаводск веќе постојат голема воздухопловна база и магацин за воена опрема, а паралелно се градат и нови работилници и инфраструктура.Според информации од локални руски медиуми, изградбата на нови касарни во Петрозаводск треба да започне во текот на оваа година. Русија го формирала 44. армиски корпус во Карелија уште во 2024 година, со што биле додадени околу 15.000 војници. Дел од нив веќе пристигнале во градот, што ја објаснува потребата од забрзана изградба на објекти за сместување и обука.Воениот аналитичар и поранешен фински разузнавач Марко Еклунд за Yle изјавил дека постои голема веројатност овие сили да се обучуваат за испраќање на боиштето во Украина. Истовремено, се работи и на изградба на ново воено населено место во Кандалакша, во Мурманска област, што дополнително укажува на поширока воена активност во северозападниот дел на Русија.Во меѓувреме, Финска и Шведска на 27 септември минатата година формираа заедничка бригада со околу 5.000 војници, која ќе биде стационирана во Лапонија, долж границата со Русија. Финската воена разузнавачка служба на 22 јануари годинава соопшти дека Русија не се откажала од обидите за оштетување на подводната инфраструктура во Балтичко Море, што дополнително ги зголемува безбедносните грижи во регионот.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Картелски скандал без преседан – како 5 тона дрога поминале преку Македонија кон Србија?, прашува СДСМ

Опозициската СДСМ обвини дека заплената на околу пет тони дрога во соседна Србија, за која се наведува дека потекнува од Македонија, претставува еден од најголемите картелски скандали во регионот и побара итна и целосна одговорност од надлежните институции.Од партијата посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, дополнително ја засилува сериозноста на случајот. СДСМ прашува како е можно толкава количина наркотична дрога да ја мине македонската граница и да заврши на српска територија без, како што велат, поддршка или пропуст од структури во власта и институциите.Во соопштението се наведува дека Владата молчи, додека јавноста со денови чека одговори на клучните прашања – кој дозволил дрогата да помине, кои институции потфрлиле и дали постои вмешаност на високи функционери во, како што го квалификуваат, картелскиот ланец.СДСМ потсетува дека подолго време алармира за поврзаност меѓу криминални структури во Македонија и Србија, додавајќи дека сè уште нема одговор ниту за фотографиите на премиерот Христијан Мицкоски со лице со иницијали С.З., познато како Симе, кое било уапсено во друг случај поврзан со дрога, оружје, муниција и поголема сума пари.Во реакцијата се наведува и дека во судските постапки во Србија и Црна Гора се цитираат таканаречени „Sky“ преписки во кои се споменува „шефот Оскар“, додека истовремено Соединети Американски Држави подготвуваат закон за Западен Балкан со фокус на борбата против корупцијата и организираниот криминал.СДСМ оценува дека случајот ја става Македонија во исклучително негативен контекст и порачува дека за ваков, како што велат, картелски скандал мора да има одговорност, нагласувајќи дека „работата не е завршена“ и дека сите инволвирани, без исклучок, ќе мора да одговараат пред јавноста и институциите.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryq5u4fdlvdmg7fhxyqAz

Стартува еден од најзначајните проекти за Скопје: сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања