1 нед.
media-libraryjrkgfsovir1m8pARFa5

Карлос Алкараз е новиот шампион на „Австралија опен“, Ѓоковиќ застана на чекор до рекордот

Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен, откако во финалето во Мелбурн го совлада Новак Ѓоковиќ и ја спречи неговата мисија за освојување на рекордната 25. гренд-слем титула.Клучниот гем од мечот донесе жестока размена на удари, во која Карлос Алкараз успеа да ја искористи грешката на Ѓоковиќ и да ја преземе контролата. Српскиот ас возврати со препознатливата магија, напаѓајќи на мрежа по втор сервис и освојувајќи поен со два прецизни волеја, но потоа следуваше нова неизнудена грешка која му овозможи предност на Алкараз.По силен ритерн, Алкараз стигна до две меч-топки и ја искористи првата, со што го запечати триумфот и ја освои титулата на Австралија опен.Со овој триумф, шпанскиот тенисер уште еднаш ја потврди својата доминација на најголемата сцена, додека Ѓоковиќ остана без ново историско достигнување, и покрај силниот отпор и борбата до самиот крај на финалето.

Спорт | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

СДСМ обвинува: Повлекувањето на Кедев е дел од сценарио за заташкување на здравствен скандал

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, оцени дека повлекувањето на д-р Сашко Кедев од Здравствениот совет при Министерството за здравство претставува сериозен скандал и отвора сомнежи за организирано заташкување на случајот со наводни непотребни кардиохируршки операции.Според Цветановски, повлекувањето на Кедев не е случајно ниту временски, ниту суштински. Таа посочи дека оставката е примена во Министерството за здравство на 23 јануари, а како причина Кедев навел незадоволство од „започнатите контролни процеси“. Дел од медиумите, пак, пренесоа дека меѓу клучните забелешки е и работата на комисијата која требало да ги продолжи проверките за случаите на сомнителни и непотребни операции на срце.Цветановски нагласи дека датумот 23 јануари е особено индикативен, бидејќи доаѓа само два дена по отворањето предмет од страна на Обвинителството, на 21 јануари, наводно „по допрен глас“, по јавните настапи на Жан Митрев, во кои изнесе обвинувања и клевети кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче.„Министерот за здравство ја крие оставката на Кедев и за медиумите тврди дека таа не е пристигната, иако документот е примено уште на 23 јануари“, изјави Цветановски.Таа потсети дека токму Кедев во ноември 2025 година јавно го објави, како што рече, најголемиот скандал во македонското здравство, поврзан со сомнежи за непотребни операции. И покрај тоа, два и пол месеци не следувале конкретни постапки, немало кривични пријави, ниту биле објавени имињата на инволвираните лекари и приватни здравствени установи.„Два и пол месеци поминаа во молк и заташкување. Потоа Жан Митрев излегува со клевети на национална телевизија, Обвинителството експресно отвора предмет, а само два дена подоцна се повлекува Кедев. Дали ова е случајност? Ништо не е случајно“, порача Цветановски.Таа го поврза случајот и со, како што рече, односот на премиерот Христијан Мицкоски кон правосудството, прашувајќи дали ова е „чувството за правда“ што тој го демонстрира преку јавни настапи и говори во Собранието.Клучното прашање, според СДСМ, е дали јавните обвинувања на Митрев биле насочени кон тоа да се изврши притисок за повлекување на Кедев и да се сопре истрагата за наводните злоупотреби во здравството.„Дали ова е цената што граѓаните треба да ја платат за да се заштити еден човек од одговорност? Зошто д-р Жан Митрев толку долго молчеше и сам не се пријави во Обвинителството? Дали се чекаше време за прикривање траги?“, праша Цветановски.Таа порача дека за ваков скандал никој нема право да молчи или да калкулира и дека, како што истакна, „одговорност ќе има – за сите, без исклучок“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6otgqj7fqj7q8SjEP8s

(Фото) Започна изградбата на булеварот Македонија во Скопје, ќе се реши сообраќајниот метеж

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од почетокот на нов инфраструктурен проект во Скопје, кој, како што истакна, значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и ќе го олесни сообраќајното движење во централното градско подрачје.„Сакам да изразам задоволство што денеска, заедно со градоначалникот, односно градоначалниците, со луѓето од јавните претпријатија на Градот Скопје, но и со останати граѓани, отпочнуваме еден проект којшто многу ќе значи за скопјани и ќе додаде вредност во квалитетот на живот“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека нема да навлегува во техничките карактеристики на проектот, но посочи дека е убеден оти неговата реализација ќе придонесе за полесно и поефикасно движење низ центарот на градот.„Амбициозен е планот овој мандат целосно да биде завршен, амбициозен е и планот во 90 дена да биде завршен овој дел. Но, сигурен сум дека, имајќи предвид дека имаме амбициозен градоначалник и амбициозни градоначалници, сето ова ќе се заврши и скопјани ќе можат да се движат по овој коловоз многу скоро“, истакна премиерот.Проектот, според најавите, треба да донесе конкретни придобивки во секојдневното функционирање на градот и да придонесе за подобра урбана поврзаност и проточност на сообраќајот во Скопје.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-library0macachlreevcFQIboH

Приведен тетовец за семејно насилство, алкотестот покажал над 3 промили

Полициски службеници од ПС Тетово привеле 51-годишен жител на Тетово по пријава за семејно насилство врз неговата сопруга.Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, на 31 јануари 2026 година во 14:35 часот, во Тетово, полициските службеници постапиле по пријава за семејно насилство и го лишиле од слобода Г.Ј. (51) од Тетово.При извршеното алкотестирање кај лицето било утврдено присуство на 3,02 промили алкохол во крвта, по што тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни законски мерки.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
tepacka

Тинејџер натепал 45-годишен скопјанец во Центар

Полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетно лице од Скопје, осомничено за физички напад врз сограѓанин.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 31 јануари 2026 година во 15:40 часот, на подрачјето на општина Центар во Скопје, бил приведен 17-годишник од Скопје. Приведувањето следело по претходна пријава дека малолетникот физички го нападнал Д.Ј. (45) од Скопје.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
policija-2457

Жена тепала полицаец во центарот на Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска лишија од слобода 25-годишна жена од Гостивар, поради напад врз полициски службеник.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 февруари 2026 година, во 00:20 часот, на подрачјето на општина Центар во Скопје, приведена е Е.Б. (25) од Гостивар, откако физички нападнала полициски службеник при извршување на службени задачи.Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
trendafilov

Манасиевски: Трендафилов јавно призна дека СДС и Левица стојат зад протестите на ССМ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски изјави дека претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, јавно признал дека зад протестите на ССМ стојат политичките партии СДС и Левица.Манасиевски посочи дека во телевизиско гостување, на Трендафилов му се „измакнала изјава“ во која рекол дека „сите се здружиле против оваа влада“, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува директен доказ за политичка позадина на синдикалните активности.„Ова е првпат Трендафилов јавно да признае вакво нешто. Со таа изјава се потврдува дека протестите на ССМ не се автентична борба за работнички права, туку дел од политичка агенда на СДС и Левица“, рече Манасиевски.Тој обвини дека раководството на ССМ, по насока на овие партии, ќе направи сè за да не се прифати новиот колективен договор, со кој, како што наведе, минималното зголемување на платите во јавната администрација од април годинава би изнесувало 3.580 денари, а просечното зголемување над 6.000 денари, односно повеќе од 100 евра.Манасиевски потсети дека понудата за зголемување на платите до 40 проценти не е нова и дека постои уште од минатата година, но, според него, токму поради политичка соработка со СДС и Левица, ССМ одбива да ја прифати.„Кога СДС ја испразни државната каса и ја остави државата во длабок минус, Трендафилов и ССМ молчеа. Тогаш не бараа повисоки плати, што дополнително покажува дека нивното делување е политички мотивирано“, истакна Манасиевски.Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не ветувала чуда, туку работа и конкретни резултати, потсетувајќи на зголемувањата на платите во образованието, здравството, полицијата, одбраната и социјалната сфера. Според него, истата политика ќе продолжи и во јавната администрација, како и со поддршка на приватниот сектор за зголемување на платите.„Никој не тврди дека состојбата е идеална, но вистината мора да се каже. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сè што е во нејзина моќ за да го подобри животниот стандард на граѓаните“, порача Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
soobrakajka

Тешки повреди во низа сообраќајки: Излетување од пат, судир на четири возила и несреќа со запрежно возило

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатите два дена на подрачјето на Битола, прилепско и радовишко, информираат од Министерството за внатрешни работи.Првата сообраќајна несреќа била пријавена на 1 февруари 2026 година во 04:28 часот во СВР Битола. На улицата „Партизанска“ во Битола, патничко возило „мерцедес“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (44) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво. Возачот бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.Втората сообраќајна несреќа била пријавена на 31 јануари 2026 година во 11:10 часот во ОВР Прилеп. На патниот правец Прилеп – Битола, во близина на селото Галичани, се случил судир меѓу четири патнички возила. Во несреќата учествувале возило „сеат“ управувано од Ј.Ј. (31) од Битола, возило „опел“ управувано од С.Т. (38) од селото Горно Оризари, битолско, возило „рено“ управувано од Л.М. (18) од селото Крклино, битолско, и возило „фиат“ управувано од Д.И. (40) од Прилеп. Со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ј., а повредите му биле констатирани во Градската општа болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.Третата несреќа била пријавена истиот ден, 31 јануари 2026 година, во 14:30 часот во Полициската станица Радовиш. На регионалниот пат Р 2431 од планината Плачковица кон Радовиш, запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва излетало надвор од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Џ.Б. (23) од Радовиш, а повредите му биле констатирани во Медицинскиот центар Штип. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.Во оваа несреќа, А.Б. (45) и К.Б., кои исто така се превезувале на запрежното возило, го напуштиле местото на настанот, но по преземени мерки од полициските службеници, возилото и огревните дрва биле пронајдени и предадени на Шумската полиција Радовиш.Од МВР информираат дека се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на сите три сообраќајни несреќи.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryas9r1eq4aghqdRntHDm

Прагот на толеранција за брзо возење ќе се намалува со тек на време, проблеми од утрово нема, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на првиот ден од почетокот на казнувањето преку системот „Сејф сити“ нема евидентирани поплаки од граѓаните и дека е во постојана комуникација со министерот за внатрешни работи.Тој појасни дека Владата и Министерството за внатрешни работи одлучиле на стартот да го зголемат прагот на толеранција, со цел граѓаните постепено да се навикнат на новиот систем и да не бидат казнувани веднаш. Според него, во моментов прагот на толеранција изнесува 15 проценти, што е над европскиот стандард од 10 проценти, но најави дека со текот на времето ќе се враќаат на тие европски прагови.„Како што ќе се навикнуваат возачите, така постепено ќе се враќаме во европските рамки. Но суштината не е казнувањето, туку да нема сообраќајни незгоди и загубени човечки животи“, истакна Мицкоски.Премиерот изрази очекување дека со целосната примена на „Сејф сити“ ќе дојде до драматично намалување на бројот на сообраќајни прекршоци и изречени казни, нагласувајќи дека проектот е насочен кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, а не кон полнење на буџетот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library394rmk2fr4fr8OmWH9V

При крајот на оваа пролет ќе се набавуваат камионите за Комунална хигиена-Скопје, а ќе стигаат до крајот на годинава

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП Комунална хигиена Скопје, најави премиерот Христијан Мицкоски.Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според Мицкоски, состојбата дополнително била усложнета и со превработеност, како и со недоволна ефикасност на дел од вработените.„Со овие 40 камиони значително ќе се подобри состојбата со хигиената во Скопје. Хигиената ни е прв приоритет и ова е конкретен чекор за решавање на проблемот“, рече Мицкоски.Тој најави дека процесот на набавка се очекува да биде заокружен до доцна пролет, а испораката на возилата да започне до крајот на годината. Според премиерот, новата механизација ќе овозможи поефикасна работа на Комунална хигиена и видливо подобрување на чистотата во градот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryp9i3cdhieumpeEoKEHq

Ѓорѓиевски: Не може преку ноќ, но мора да се работи на дислокација на цементарницата

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека прашањето за дислокација на цементарницата „Усје“ претставува долгогодишен, наследен проблем, кој не може да се реши преку ноќ, но нагласи дека институциите за првпат јасно застанале на страната на граѓаните.„Тоа е наследен проблем на сите нас. Мислам дека дислокацијата е можна, но мора да се има предвид дека станува збор за приватна сопственост и не може преку ноќ да се донесе одлука за нејзино преместување. Потребно е системски да се работи на тоа, со цел идните генерации да не се соочуваат со вакви фабрики во населени подрачја“, изјави Ѓорѓиевски.Тој додаде дека Град Скопје целосно ја поддржал иницијативата за дислокација и дека институциите се на страната на граѓаните кои со години алармираат за влијанието врз животната средина и здравјето.„Апсолутно ја поддржавме иницијативата за дислокација и сме на страната на граѓаните. За првпат досега, Владата и Град Скопје застанаа зад граѓаните по ова прашање, додека претходно сите молчеа“, нагласи градоначалникот.Според него, процесот бара време, правна постапка и сериозен пристап, но отворањето на темата и институционалната поддршка, како што рече, претставуваат значаен чекор кон трајно решение на проблемот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya333e1p5k8bf8sNrKCW

Забрзани работи на клучните сообраќајни точки во Скопје, најавен тендер за „Борис Трајковски“

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека со засилено темпо се работи на неколку клучни инфраструктурни проекти во главниот град и дека дел од нив влегуваат во завршна фаза.Тој посочи дека интензивни активности се одвиваат на клучката кај Момин Поток и на мостот „Љубљанска“, како и дека се наоѓаат при крај постапките за супервештачење, што треба да овозможи пробивање на мостот на релација Гази Баба – Аеродром. Според неговите најави, во наредните десет дена ќе биде распишан тендер за довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект кој, како што рече, конечно треба да биде целосно завршен.Во однос на мостот Аеродром – Керамидница, Ѓорѓиевски објасни дека постојат проблеми со околу 30 објекти кои сè уште се нерешени и се во приватна сопственост. Како што наведе, спорот се води со еден објект кај кој експропријацијата е завршена од едната страна, додека за другата страна сопственикот има повисоки финансиски барања. Поради тоа, ангажирани се супервештаци, а градоначалникот изрази уверување дека и овој процес наскоро ќе биде заокружен.Ѓорѓиевски додаде дека паралелно се работи и на стабилизирање на јавните претпријатија и дека, според него, градот постепено се враќа во нормала. „Даваме сè од себе Скопје повторно да застане на здрави нозе“, истакна градоначалникот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

МВР со нови приводувања за безобѕирно управување возила во Пелагонија

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи лишија од слобода тројца возачи во Крушево, Прилеп и Битола, откако било утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол.На 1 февруари 2026 година во 01:05 часот, на улицата „Тодор Проески“ во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го привеле Д.Д. (23) од Прилеп. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што алкотестот покажал 1,58 промили алкохол во крвта.Претходно, на 31 јануари 2026 година во 18:37 часот, на место викано „Стопанство“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Д. (51) од селото Кривогаштани, прилепско. При контрола било запрено патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, а кај возачот биле измерени 3,37 промили алкохол во крвта.На 1 февруари 2026 година во 02:12 часот, на улицата „4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го привеле С.Н. (21) од селото Брусник, битолско. Тој управувал патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, а при алкотестирање било утврдено присуство на 1,54 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на настаните, против сите три лица ќе бидат поднесени соодветни пријави за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Европски процени: Руските загуби нагло растат, мобилизацијата станува неизбежна опција

Бројот на руски војници загинати во борбите против Украина во последните неколку недели бележи нагло зголемување, а доколку ваквиот тренд продолжи, Кремљ би можел да се соочи со сериозни тешкотии во надоместувањето на загубите без нов бран мобилизација, покажуваат процени на повеќе европски влади, објави „Блумберг“.Украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров изјави дека украинските сили во декември убиле околу 35.000 руски војници. Тој наведе дека целта на Киев е до лето тој број да се зголеми на 50.000 месечно, што би значело речиси двојно зголемување на месечниот просек што НАТО го пресметал за 2025 година.Според европските процени, зголемената ефикасност на украинската армија е резултат пред сè на интензивната и прецизна употреба на дронови. Во последниот период, односот меѓу загинати и ранети значително се поместил во корист на смртните исходи, што дополнително ја усложнува можноста за надоместување на загубите. Извори запознаени со процените наведуваат дека бројот на загинати достигнал рамниште со тековната регрутација, што би можело да го принуди Кремљ на нов мобилизациски потег.Сепак, ваквата одлука се смета за политички исклучително чувствителна. Рускиот претседател Владимир Путин досега избегнуваше повторување на мобилизацијата од септември 2022 година, кога беа повикани околу 300.000 резервисти, потег што предизвика масовно напуштање на земјата и зголемено незадоволство во руското општество.Европските анализи ја проблематизираат и нарацијата што Москва ја пласира во јавноста, а која повремено ја повторува и американскиот претседател Доналд Трамп, според која руската предност на теренот ја прави победата неизбежна. Напротив, растечките загуби би можеле да ја ослабнат преговарачката позиција на Путин во наредните месеци.Прашањето за територијата останува централно во мировните разговори што ги посредуваат САД. Русија инсистира Украина да го отстапи целиот Донбас, вклучувајќи ги регионите Доњецк и Луганск, дури и деловите кои руската армија не успеала да ги заземе. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли оваа можност, но посочи дека безбедносните гаранции од САД би можеле да бидат клучни за спречување нов напад по евентуален прекин на огнот.Иако руските сили продолжуваат со масовни ракетни и дронски напади врз украинската енергетска инфраструктура, оставајќи големи делови од земјата без струја и греење во зима, напредокот на боиштето останува минимален. На фронтот долг околу 1.000 километри нема значајни стратешки пробиви, а борбите главно се сведуваат на тактички судири.Клучен фактор во новата динамика на војната станува токму технологијата на дронови. Според извештај на латвиските безбедносни служби, дроновите моментално се одговорни за 70 до 80 проценти од сите загинати и ранети во руската и украинската армија. Оваа технологија овозможува постојано извидување, корекција на артилериски оган и прецизни напади, со што драстично се менува односот на силите на теренот.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
policacec-ohrid

Охриѓанец приведен откако со дрвен предмет и нож нападнал сограѓанин

Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, на 31 јануари 2026 година во 23:20 часот, го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, по пријава за насилен инцидент што се случил на улицата „Марко Нестороски“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрвин со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон него. Со брза интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен, со цел спречување на понатамошна ескалација на насилството.По целосно документирање на настанот, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи.

Охрид | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarypopvfer1oucscrp4H4F

Новак доминира во првиот сет: 6-2 против Алкараз во финалето на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ игра за својата 25. грен слем титула во кариерата, со што би поставил апсолутен рекорд во историјата на тенисот. Во финалето на Австралија опен во Мелбурн, Ѓоковиќ по првиот сет има водство од 1:0 против Шпанецот Карлос Алкараз, откако одигра импресивен воведен сет и славеше со убедливи 6-2.Ѓоковиќ рано го одзеде сервисот на противникот, целосно ја контролираше играта, делуваше самоуверено и стабилно од почеток до крај, а во финишот направи уште еден брејк со кој ја потврди доминацијата и го обезбеди првиот сет.Еден од навивачите на Ѓоковиќ привлече особено внимание со транспарент на кој имаше фотографија на Новак претставена како филмски плакат и порака: „Бегство од Алкараз“, што дополнително ја засили еуфоријата меѓу публиката.Ѓоковиќ со ваквиот почеток јасно најави дека е решен да испише нова страница во тениската историја и да ја освои титулата што би го издвојала како најуспешен грен слем шампион на сите времиња.

Спорт | пред 1 седмица

1 нед.
Mask1

Маск: Мерките за спречување на неовластената руска употреба на Старлинк даваат резултати

Извршниот директор на компанијата SpaceX, Илон Маск, изјави дека мерките што компанијата ги презела за да ја спречи неовластената употреба на сателитскиот интернет-систем Старлинк од страна на Русија се покажале како успешни.„Се чини дека чекорите што ги презедовме за да ја спречиме Русија неовластено да го користи Старлинк вродија со плод. Доколку е потребно да се направи уште нешто, информирајте нè“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.Неговата изјава доаѓа откако Украина јавно потврди дека соработува со SpaceX со цел да се спречи користењето на Старлинк за воени цели од страна на руските сили. Украинскиот министер за дигитална трансформација и одбрана, Михајло Федоров, изјави дека Киев заедно со SpaceX работи на технички решенија кои ќе оневозможат управување со дронови преку овој систем.Украинските власти претходно соопштија дека Старлинк бил пронајден на дронови со долг дострел, користени во руски напади, што предизвика сериозна загриженост за можната злоупотреба на западната технологија.„Западната технологија мора да продолжи да му помага на демократскиот свет и да ги штити цивилите, наместо да се користи за тероризам и уништување на мирни градови“, напиша Федоров во објава на Икс.Старлинк од почетокот на војната има клучна улога во одржувањето на комуникациите во Украина, а прашањето за неговата безбедна и контролирана употреба останува едно од најчувствителните во контекст на тековниот конфликт.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarye4732fpr9nnk9c5oKYr

Иван Ивановски: 2026 ќе биде година на дисциплина, не на импулсивни одлуки на берза

Во услови на засилени геополитички тензии, воени конфликти и реструктурирање на глобалните синџири на снабдување, финансиските пазари влегуваат во период на зголемена неизвесност. Одлуките на големите централни банки, движењата на обврзничките пазари и економското ривалство меѓу САД, Кина и Европа сè почесто стануваат главни двигатели на берзанските трендови. Наместо стабилни циклуси, инвеститорите се соочуваат со средина во која ризикот и волатилноста се трајна состојба, а не исклучок. Во таков контекст, 2026 година се очекува да биде година на внимателно позиционирање и долгорочна стратегија, особено за малите пазари и ритејл инвеститорите.Според економистот и инвестициски експерт Иван Ивановски, геополитичката нестабилност не е спореден фактор, туку суштинска компонента на пазарната динамика.„Светот влегува во период на зголемена макроекономска неизвесност, каде геополитичките тензии, воените интервенции и реструктурирањето на глобалните синџири на снабдување директно ги диктираат пазарните движења. За инвеститорите, управувањето со ризикот сега е поважно од кога било, а волатилноста треба да се гледа не само како закана, туку и како можност за оние што размислуваат долгорочно и дејствуваат врз основа на структура, а не на емоции“, вели Ивановски.Кон крајот на 2025 многу се зборуваше за AI балонот и преценетоста на AI компаниите но вештачката интелигенција останува еден од клучните двигатели на глобалниот економски раст. Според Ивановски, AI влегува во нова, пофункционална фаза.„Растот на AI во 2026 година ќе продолжи, но веќе не како теоретски концепт, туку како практична алатка што носи реална вредност во оптимизацијата на бизнис-процесите и намалувањето на трошоците. Компаниите што ќе успеат да ја интегрираат вештачката интелигенција во своето секојдневно работење ќе стекнат стратешка предност што може да редефинира цели индустрии“, истакнува Ивановски.Покрај технологијата, неговите предвидувања за 2026 година се насочени кон сектори со долгорочна издржливост и финансиска стабилност. Наместо краткорочни трендови, фокусот останува на индустрии што можат да функционираат во различни економски циклуси.„Како инвеститори важно е да знаеме како да ги препознаеме секторите со силни биланси и стабилни основи. Во 2026 година, клучно ќе биде да се следат технологијата, енергетиката и примената на AI во медицината, бидејќи тие имаат капацитет да создаваат вредност и во услови на економски притисоци“, нагласува Ивановски.Неговата проценка е дека наредната година ќе биде тест за зрелоста на инвеститорите: дали ќе реагираат импулсивно на глобалните шокови или ќе градат портфолија врз основа на знаење, анализа и долгорочна визија. Финансиската едукација и дисциплинираниот пристап кон пазарите остануваат клучен услов за стабилен економски раст и одржлива инвестициска култура, нешто кон што Ивановски се стреми да го создаде во Македонија преку Prime Class заедницата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library0vqk3sgqrbgs3LWFe4e

(Видео) Синот и сопругот знаеја дека чуваат дрога, раскажа мајката и сопруга на уапсените за тоните марихуана поврзани со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот во околината на Крушевац, случај кој српските власти го оценуваат како една од најголемите акции против организираниот криминал во историјата на земјата.Ана Спасојевиќ во изјава за српскиот таблоид „Република“ изјави дека семејството било угледно и дека не била свесна што се чува на имотот. Таа наведе дека знаеле нејзиниот сопруг и синот, но дека, според она што ѝ било кажано, станувало збор за нешто што привремено било оставено таму, само неколку дена.„Не ми е важно кој го сторил тоа, сè ќе се открие во истрагата. Ова ни се случува првпат во животот, ништо слично никогаш не сме имале“, изјави Спасојевиќ, додавајќи дека целата ситуација тешко ѝ паѓа и дека поради стресот не може да спие и зема терапија за смирување.И соседите изразуваат неверување. Комшиката Радмила Тодосијевиќ изјави дека веста за пронаоѓањето на дрогата ја затекнала и ја вознемирила, нагласувајќи дека семејството го познавала како работливо и чесно. Таа посочи дека Спасојевиќи со години живеат таму и се занимаваат со земјоделство, одгледување овошје и зеленчук, додавајќи дека немала никакви сознанија за нелегални активности.Во меѓувреме, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ им честиташе на припадниците на Министерството за внатрешни работи и на безбедносните служби за, како што рече, исклучително успешно спроведената акција кај Крушевац. Според него, станува збор за еден од најголемите и најзначајни успеси на српската полиција во борбата против организираниот криминал.„Оваа историска акција јасно покажува дека во Србија нема заштитени и дека секој што ќе помисли дека може да се сокрие зад партиска книшка за да врши кривични дела – нема да успее. Секој што се занимава со криминал ќе биде најстрого казнет и процесуиран согласно законот“, порача Гашиќ, нагласувајќи дека борбата против криминалот и корупцијата е апсолутен приоритет на државата и дека се води без компромиси и без исклучоци.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2025-04-01-at-11.25.51

ССМ и СДС се едно исто, синдикатот молчеше кога работниците со месеци беа без плата, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека Сојузот на синдикати на Македонија и СДС, како што наведуваат, дејствуваат како „едно исто“, обвинувајќи го синдикалното раководство дека не се грижи за реалните интереси на работниците, туку служи за дневнополитички цели на опозициската партија.Според ВМРО-ДПМНЕ, барањата за минимална плата од 600 евра и за покачување на платите, кои доаѓаат од ССМ, не претставуваат искрена борба за подобар животен стандард, туку политичка агенда. Како аргумент, од партијата посочуваат дека актуелното раководство на ССМ, предводено од Слободан Трендафилов, одбило предлог на Владата за системско зголемување на платите, со кое, според нив, до крајот на мандатот минималната плата би достигнала 600 евра, а платите на останатите вработени би се зголемиле и до 40 проценти.Во соопштението се наведува дека одбивањето на овој предлог е мотивирано од потребата ССМ и СДС да задржат тема за дневна политика, која, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, не носи конкретна корист за работниците. Дополнително, од партијата го критикуваат и предлог-законот на СДС за минимална плата од 600 евра, оценувајќи го како популистички и неподготвен, без јасно образложение за изворите на финансирање и начинот на негова реализација.ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека пред две години, кога ја презела власта од СДС, затекнала, како што наведуваат, уништена економија, буџетски дефицити и институции со сериозни финансиски проблеми. Како пример ги посочуваат Македонски железници, Македонски шуми и „Македонија пат“, каде, според нив, вработените со месеци не добивале плата. Во тој период, велат од партијата, ССМ и неговото раководство не реагирале, што, според нив, дополнително ја потврдува поврзаноста меѓу ССМ и СДС.Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат ССМ и неговото раководство да го прифатат и потпишат новиот колективен договор, со кој, како што тврдат, во април 2026 година вработените би добиле покачување од околу 15 проценти, при што најниското зголемување би изнесувало 3.580 денари. Според партијата, со ваква динамика и системско решение, минималната плата во јавниот сектор би достигнала 600 евра до 2028 година.Во заклучокот од соопштението, ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека не ветува „чуда“, туку, како што велат, искрен, чесен и системски пристап за постепено подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања