1 нед.
media-librarypi53rkqmpvqe5Th4zEP

Три лица поврзани со петте тони дрога од Македонија завршија во притвор

Вишиот суд во Белград синоќа, на 31 јануари, им одреди притвор на тројца од уапсените лица по рекордната заплена на пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац. Притвор им е одреден на Н.С., Р.С. и И.Д., поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, ризик од повторување на кривичното дело, како и поради нарушување на јавниот ред и мир, соопштија од Вишиот суд, пренесуваат српските медиуми.Јавното обвинителство за организиран криминал претходно објави дека е донесена наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски. Според обвинителството, станува збор за организирана криминална група која дејствувала на меѓународно ниво и во текот на јануари 2026 година набавила повеќе од пет тони марихуана на територијата на Република Македонија.Како што наведуваат истражните органи, по план на организаторот, осомничениот Иван Драгниќ ја транспортирал дрогата преку државната граница до магацин поврзан со семејството Спасојевиќ, од каде што осомничениот Урош Младеновски ја преземал за понатамошна продажба на српскиот пазар. Според официјалните податоци, станува збор за точно 5.002.079,18 грама марихуана, што оваа заплена ја прави најголема во историјата на Србија.Особено внимание во јавноста и во истрагата предизвикува фактот што осомничениот Иван Драгниќ е косопственик на компанијата регистрирана во Скопје за производство и преработка на медицински канабис. Според српските медиуми, овој податок дополнително ја зајакнува тезата за меѓународен карактер на криминалната операција и отвора прашања за потеклото на наркотичната дрога.По сослушувањето, сите осомничени го искористиле законското право да се бранат со молчење, по што обвинителството побарало притвор за сите лица, оценувајќи дека сериозноста на делото и количината на дрогата претставуваат висок ризик за истрагата. За Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на криминалната група и се наоѓа во бегство, поднесен е предлог за распишување потерница, вклучително и меѓународна.Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека станува збор за најголемата заплена на дрога досега во земјата, нагласувајќи дека акцијата претставува рекорд во историјата на српската полиција. Според официјалните податоци, претходниот рекорд изнесувал 1.960 килограми, додека во текот на целата мината година во Србија биле запленети вкупно 6,1 тон различни наркотични супстанци.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygog8jc24lp4h1AguCnT

Триумф на македонскиот џез: Победа на Гордан Спасовски во Холандија

Нашиот композитор, аранжер и пијанист, како и член на Националниот џез оркестар, Гордан Спасовски, вечерва оствари значаен меѓународен успех, освојувајќи ја првата награда на престижниот International Big Band Composition Contest во Холандија.Македонскиот композитор и пијанист беше прогласен за победник со својата композиција „Lioness“, која ја воодушеви меѓународната жири-комисија и ја донесе највисоката награда на овој реномиран натпревар.Ова признание претставува уште една потврда за квалитетот и меѓународниот потенцијал на македонската џез-сцена, како и за уметничкиот печат што Гордан Спасовски го остава надвор од границите на земјата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски: Доброволното плаќање на казната носи поволности, но сериозните прекршоци значат и забрана за управување со возило

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија, детално го објасни начинот на примена на санкциите во рамки на системот „Безбеден град“, со посебен акцент на повеќекратните прекршоци, сериозните надминувања на дозволената брзина и можностите за доброволно прифаќање и плаќање на казните.Тошковски посочи дека законската рамка јасно ги дефинира последиците за сообраќајните прекршоци и дека иако секој возач може да погреши, драстичното и опасно прекршување на правилата носи построги санкции. Како пример наведе дека доколку на делница со дозволена брзина од 50 километри на час возач управува со повеќе од 90 километри на час, покрај парична казна се изрекува и забрана за управување со моторно возило.Со таквата мерка, како што појасни министерот, лицето во одреден временски период нема да смее да управува ниту со сопственото, ниту со кое било друго возило од таа категорија, што претставува сериозна последица за оние што грубо ги кршат сообраќајните правила.Во исто време, Тошковски нагласи дека системот предвидува и механизми за стимулирање на одговорно однесување од страна на граѓаните. Доколку сторителот доброволно ја прифати одговорноста и ја плати казната во рок од осум дена, ќе плати само половина од изречениот износ. Дополнително, доколку во рок од 16 дена ја плати казната и го признае прекршокот, Министерството има можност да изрече и поблага мерка на забрана за управување.Според министерот, доколку законот предвидува минимална забрана за управување од три месеци, во ваков случај таа може значително да се намали, на пример на 45 дена. Овој модел, како што рече, е воведен со цел да се избегнат долги и непотребни судски постапки кога постојат јасни и недвосмислени докази за сторениот прекршок.Тошковски посочи дека системот „Безбеден град“ функционира врз основа на видео записи и фотографии, што обезбедува високо ниво на точност при утврдување на прекршоците. Граѓаните, нагласи тој, имаат право да поведат судска постапка доколку сметаат дека тоа е оправдано, но во таков случај не можат да ги користат поволностите што ги нуди доброволното прифаќање на одговорноста.„Целта не е казнување по секоја цена, туку подигнување на сообраќајната култура и заштита на човечките животи. Оние што прават сериозни прекршоци ќе сносат последици, а системот е дизајниран да превенира трагедии, а не само да полни буџет“, истакна министерот.Проектот „Безбеден град“, според Министерството за внатрешни работи, претставува еден од клучните чекори кон зголемување на сообраќајната дисциплина, целосна дигитализација на постапките и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvaj191t0469hbWksSvL

Студено утро со дожд и снег: На Попова Шапка измерени –4 степени, врнежи во целата држава

Според податоците на УХМР, утрово се измерени ниски минимални температури низ државата. Најстудено било на Попова Шапка со –4 степени, додека –1 степен е регистриран во Берово и Маврови Анови. Во Крушево минималната температура изнесувала 0 степени, а во Претор, Радовиш – Пожар, Крива Паланка и Охрид 1 степен. Два степени се измерени во Битола, Тополчани, Пожаране и Ѓуриште, три степени во Прилеп, четири во Скопје – Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Велес и Тетово, пет во Скопје – Петровец, Струмица и Штип, додека најтопло утрово било во Демир Капија и Гевгелија со 7 степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија – 12 литри на квадратен метар. Во Крушево и Битола наврнале по 10 литри, во Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка по 6, во Велес и Пожаране по 4, во Ѓуриште 3, а по 2 литри во Скопје – Зајчев Рид, Тополчани, Штип, Радовиш – Пожар и Тетово. По 1 литар воден талог е измерен во Охрид, Берово, Виница, Кавадарци, Струмица, Претор и Крива Паланка.Снежната покривка утрово до 7 часот изнесувала 36 сантиметри на Попова Шапка.Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата, каде количината може да надмине 20 литри на квадратен метар. Поради продор на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во дел од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната дневна температура ќе се движи од 3 до 8 степени.Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне околу 7 степени.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarydmgn8ft3ttjl0IQ9EoZ

Нова жртва тврди: Епштајн ме испрати во Велика Британија за сексуален однос со принцот Ендру

Уште една жена тврди дека била испратена од Џефри Епштајн во Обединетото Кралство со цел да има сексуален однос со Принц Ендру, откри нејзиниот адвокат за британските медиуми. Наводниот настан, според тврдењата, се случил во 2010 година во „Ројал Лоџ“, резиденцијата на поранешниот британски принц, кога жената, која не е британска државјанка, била во своите дваесетти години.Според изјавата на адвокатот Бред Едвардс од адвокатската канцеларија „Едвардс Хендерсон“, ова е првпат некоја од жртвите на Епштајн да наведе дека сексуален однос се случил во рамки на кралска резиденција.Тој тврди дека по ноќта помината со принцот Ендру, на жената ѝ била организирана и тура низ Бакингемската палата, пренесува BBC.Од Бакингемската палата засега не ја потврдиле ваквата посета, наведувајќи дека без откривање на идентитетот на жената не може да се проверат евиденциите за посетители. Од кабинетот на принцот Ендру не беше доставен одговор на барањето за коментар на обвинувањата.Адвокатот Едвардс, кој застапувал повеќе од 200 жртви на Епштајн ширум светот, претходно ја застапуваше и Вирџинија Џуфре. Таа тврдеше дека во 2001 година, на 17-годишна возраст, била донесена во Лондон за да има сексуален однос со тогашниот принц, како и дека подоцна била принудена на уште два сексуални односи со него – во Њујорк и на приватен остров на Епштајн на Карибите. Принцот Ендру ги негираше сите обвинувања.Едвардс наведува дека пред наводната средба во 2010 година постоела комуникација меѓу неговата клиентка и поранешниот принц, по што, како што тврди жената, таа преноќила во неговиот дом. Тој додава дека бил во контакт со правни застапници на Ендру во САД, но дека комуникацијата престанала откако Крал Чарлс Трети формално му ги одзел титулите, стилот и кралските почести.Одземањето на титулите, според адвокатот, имало спротивен ефект, бидејќи на поранешниот принц му овозможило да тврди дека нема финансиски средства за исплата на отштета. „Со тоа, на овие жени им се дозволува само да страдаат“, изјави Едвардс, критикувајќи го однесувањето на кралското семејство.Би-Би-Си во своја истрага утврди дека Епштајн преку комерцијални летови и приватни авиони пренесувал повеќе жени во Обединетото Кралство. Од Бакингемската палата во октомври соопштија дека „нивните величества изразуваат најдлабоко сочувство и поддршка за сите жртви и преживеани од каква било форма на злоупотреба“.Адвокатот најави дека разгледува можност за поднесување нова граѓанска тужба против принцот Ендру во име на жената. Потсетува дека Вирџинија Џуфре во 2021 година поднесе тужба против него во САД, која беше завршена со вонсудска спогодба во февруари 2022 година, проценета на околу 12 милиони евра. Џуфре минатата година изврши самоубиство, додека принцот Ендру и понатаму ги негира сите обвинувања.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library5hegc93e08mtb8uWKBU

Научниците предупредуваат: „AI ројеви“ ќе ги преплават социјалните мрежи со дезинформации

Социјалните мрежи наскоро би можеле да бидат преплавени од т.н. „ројеви“ на вештачка интелигенција кои ќе шират дезинформации, ќе ги вознемируваат корисниците и ќе ги поткопуваат демократските процеси, предупредуваат научници во коментар објавен на 22 јануари во реномираното научно списание Science.Според авторите, овие „AI ројеви“ претставуваат ново и исклучително опасно оружје во современите информациски војни. За разлика од досегашните ботови, кои најчесто се примитивни и релативно лесно препознатливи, новите системи ќе можат уверливо да го имитираат човечкото однесување, да се приспособуваат на заедниците во кои се инфилтрираат и да создаваат впечаток на спонтано и автентично дејствување.Како резултат на тоа, корисниците би можеле да стекнат чувство дека пред нивните очи се формира јасен став на мнозинството по одредено прашање, иако во реалноста станува збор за координирана активност управувана од вештачка интелигенција. Овој привид на консензус, според научниците, може силно да влијае врз јавното мислење, бидејќи луѓето по природа се склони да ги следат ставовите што ги доживуваат како доминантни.Коавторот на анализата, Јонас Кунст, професор по комуникации на BI Norwegian Business School, објаснува дека луѓето се конформни и често прифаќаат ставови на мнозинството затоа што тоа им дава чувство на сигурност и припадност, дури и кога не се целосно убедени дека тоа мнозинство е во право. Токму оваа психолошка слабост, предупредува Кунст, AI ројевите би можеле да ја искористат со голема ефикасност.Опасноста, сепак, не се ограничува само на манипулација со јавното мислење. Истите системи можат да се користат и за организирано дигитално вознемирување, при што лица со поинакви ставови би биле изложени на координирани напади од „вештачки корисници“, сè додека не бидат замолчени или истиснати од платформите.Авторите нагласуваат дека напредокот на големите јазични модели и автономните агенти овозможува кампањите за влијание да достигнат досега невидени размери и прецизност. Генеративните алатки можат масовно да произведуваат пропаганда и невистини со низок трошок, при што тие често делуваат „почовечки“ од содржините создадени од луѓе. Со поврзување на овие модели во повеќеагентски системи, AI ројевите можат автономно да се координираат, да се инфилтрираат во заедници и долгорочно да создаваат илузија на општествен консензус, со што директно ја загрозуваат демократијата.Научниците предупредуваат дека проблемот не е само во злоупотребата, туку и во самиот начин на кој се дизајнирани и управувани овие технологии, како и во економските модели зад нив. Поради тоа, тие не веруваат дека одговорното однесување може да се остави на добра волја на компаниите или корисниците, туку бараат јасни правила и конкретни мерки што би ја ограничиле потенцијалната штета.Иако не се наведува точен временски рок кога ваквите ројеви би можеле масовно да се појават, авторите предупредуваат дека тие ќе бидат исклучително тешки за откривање, па не е исклучено некои форми веќе да се користат. Проценките покажуваат дека и денес повеќе од половина од вкупниот интернет-сообраќај го сочинуваат ботови, што дополнително ја заматува границата меѓу автентична и автоматизирана комуникација.Како илустрација за реалноста на овој ризик, авторите потсетуваат на случајот кога платформата Reddit минатата година се закани со правни чекори против научници кои користеле AI-чатботови во експеримент за влијание врз мислењата на милиони корисници. Прелиминарните резултати покажале дека одговорите на чатботовите биле неколкукратно поубедливи од оние на луѓето.Заклучокот на научниците не е дека апокалипсата е неизбежна, туку дека станува збор за реален и растечки ризик кој бара сериозна и навремена општествена дебата. Доколку општествата не се подготват навреме, предупредуваат тие, границата меѓу вистинското јавно мислење и вештачки создадениот привид може да стане опасно нејасна.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
IMG_6878

Техеран возвраќа на Брисел: Европските војски на иранската листа на терористи

Иран официјално ги прогласи армиите на европските земји за „терористички групи“, како одговор на одлуката на Европска унија да ја стави Иранската револуционерна гарда на листата на терористички организации. Одлуката ја соопшти претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, обраќајќи се пред пратениците во Техеран.„Во согласност со член 7 од Законот за контрамерки поврзани со прогласувањето на Корпусот на Исламската револуционерна гарда за терористичка организација, армиите на европските држави се сметаат за терористички групи“, изјави Галибаф. Тој додаде дека со обидот да ја нападнат Револуционерната гарда, „Европјаните всушност си пукаа во нога и донесоа одлука спротивна на интересите на сопствените народи, слепо потчинувајќи се на Американците“.За време на седницата, Галибаф и дел од пратениците се појавија облечени во униформи на Иранска револуционерна гарда, како симбол на солидарност со организацијата. Засега не се јасни непосредните практични последици од ваквата одлука на иранските власти.Одлуката на Европската унија, донесена во четвртокот, претставува значајна и симболична промена во европскиот пристап кон иранското раководство. Со неа, Револуционерната гарда беше ставена на истата листа со организации како Исламска држава и Ал Каеда, по најкрвавите пресметки со протестите во Исламската Република од нејзиното основање во 1979 година.Иако дел од земјите членки на ЕУ, предводени од Франција, долго време се спротивставуваа на ваков чекор, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, соопшти дека „репресијата не смее да остане без одговор“ и дека министрите за надворешни работи донеле одлучна одлука со означувањето на ИРГК како терористичка организација.Галибаф најави и дека парламентарната комисија за национална безбедност ќе разгледува можност за протерување на воените аташеа на земјите членки на ЕУ од Иран и дека по ова прашање ќе биде воспоставена координација со иранското Министерство за надворешни работи.Иранската револуционерна гарда е формирана по Исламската револуција во 1979 година со цел заштита на шиитскиот клерикален систем на власт. Со текот на децениите, таа стекна огромно влијание во земјата, контролирајќи значителни сегменти од економијата и од вооружените сили, што ја прави еден од клучните столбови на иранскиот политички и безбедносен систем.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

„Најголемиот триумфален лак во светот“: Трамп најави монументален проект во главниот град

Американскиот претседател Доналд Трамп подетално зборуваше за својата идеја за изградба на триумфален славолук во Вашингтон, опишувајќи го како монументална градба инспирирана од парискиот Arc de Triomphe. Во разговор со новинари на претседателскиот авион Air Force One, Трамп изјави дека планираниот објект ќе наликува на познатиот француски споменик, а на социјалните мрежи веќе е наречен „Arc de Trump“.Трамп истакна дека триумфални лакови постојат на многу места низ светот, но дека сака оној во Вашингтон да биде најголем. „Ние сме најголемата и најмоќната нација. Би сакал да биде најголемиот од сите“, изјави тој, додавајќи дека ќе биде формиран посебен одбор кој ќе го надгледува проектот.Славолукот е најновиот во низата архитектонски проекти со кои Трамп сака да остави личен печат во главниот град. Во тек е и изградба на луксузна балска сала на теренот на Белата куќа, поради што беше срушено старото Источно крило – потег што предизвика бројни критики во јавноста.Според пишувањето на The Washington Post, еден од плановите предвидува славолукот во Вашингтон да достигне висина од 76 метри. За споредба, парискиот Триумфален лак, завршен во 1836 година, е висок околу 50 метри. Дел од архитектите ја критикуваат предложената висина, оценувајќи дека објектот не би се вклопил во околината, додека некои историчари ја поддржуваат идејата за ваков споменик во престолнината на САД.Трамп првпат јавно ја спомена идејата во октомври, а минатата недела објави три различни дизајни на својата платформа Truth Social. Еден од предложените модели изобилува со златни украси – препознатлив естетски елемент на Трамп, кој и претходно го преуреди Овалниот кабинет со златни детали.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Опозицијата бара 600 евра минимална плата веднаш: „Од први до први не се живее“

Од СДСМ порачаа дека е време премиерот Христијан Мицкоски да се соочи со реалноста на работниците и да „погледне во своите часовници вредни 65.000 евра“, кои, како што наведуваат, чинат колку 150 минимални плати и за кои работник со минималец би работел 12 години.Според СДСМ, на работниците им е потребна достоинствена минимална плата од 600 евра сега, а не по најави за две години, бидејќи со сегашните примања и високите трошоци едвај преживуваат. Тие посочуваат дека потрошувачката кошничка за четиричлено семејство изнесува 66.413 денари, што значи дека за покривање на основните егзистенцијални потреби се потребни 2,8 минимални плати. Со две минимални плати, нагласуваат од партијата, едно работничко семејство не може да има достоинствен живот.Опозицијата укажува дека со континуираните поскапувања на храната, електричната енергија, греењето и со инфлацијата, на граѓаните не им стигаат парите од први до први. Наместо изговори и одложувања, Владата, според СДСМ, мора веднаш да обезбеди средства за повисоки плати, додавајќи дека „не може да има пари за криминални тендери, а да нема пари за работниците“.Во реакцијата се поставува и прашањето како е можно власта да се фали дека земјата е „четврта економија во Европа“, а истовремено да биде на дното по висината на платите. СДСМ тврди дека македонските работници денес имаат најниска минимална плата во регионот и во Европа, при што наведува дека Косово ја зголемува минималната плата на 500 евра, Албанија од 1 јануари 2026 година воведе минималец од 500 евра, Србија ја зголеми минималната плата на 500 евра, а во Црна Гора таа веќе се движи меѓу 600 и 800 евра.Како последица на ваквите политики, според СДСМ, квалификуваните работници масовно заминуваат, младите се иселуваат, а државата се претвора во пазар за „економски работници“. Од партијата оценуваат дека ова води кон намерно обезвреднување на трудот и намалување на цената на работата, доколку тоа, како што велат, не е и свесна цел на актуелната власт.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfisefdcltqbg3o3TEFQ

До 200 метри, четири ленти и 24 часа контрола: што сè можат камерите на „Безбеден град“

Со стартот на системот „Безбеден град“, на македонските улици и булевари се активираше нов начин на сообраќајна контрола, базиран на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста најчесто се зборува за казните, клучното прашање е – како функционира системот откако ќе се регистрира прекршок и што точно можат да „видат“ и измерaт овие камери.Во моментот кога возилото ќе ја надмине дозволената брзина, ќе помине на црвено светло, ќе биде регистрирано со истечена регистрација или ќе запре на недозволено место, камерата автоматски го детектира настанот. Системот работи континуирано, 24 часа дневно, без оглед на временските услови, и не зависи од физичко присуство на полиција на терен.Клучната карактеристика на овие уреди е тоа што тие не се обични надзорни камери, туку интегрирани мерни системи. Камерите користат радарска технологија за мерење на брзината, во комбинација со видео-анализа, со што се обезбедува висока точност и дополнителна потврда на прекршокот. Мерењето на брзината се врши на далечина од приближно 10 метри, па сè до над 200 метри, што значи дека прекршокот може да биде регистриран далеку пред возачот да ја забележи камерата.Техничките спецификации овозможуваат истовремено следење на повеќе сообраќајни ленти. Во зависност од поставеноста, една камера може паралелно да контролира до четири ленти, во ист или во спротивен правец на движење. Во секоја од тие ленти, системот следи повеќе возила истовремено, без мешање на податоците, при што точно се утврдува во која лента се движело конкретното возило и со која брзина.Камерите се опремени со инфрацрвено осветлување, што овозможува јасно снимање и ноќе, без заслепување на возачите. Системот чита регистарски таблички и при високи брзини, дури и над 200 километри на час, како и во услови на дожд, магла или намалена видливост. Дополнително, софтверот прави разлика меѓу типови возила – патнички, товарни, автобуси и мотоцикли – што е важно за делници со различни ограничувања.По детекцијата, камерата автоматски генерира доказен пакет. Тој вклучува јасна фотографија од регистарската табличка, фотографија од возилото во поширок сообраќаен контекст, кратко видео од движењето на возилото, како и технички податоци – точен датум и време, локација, измерена брзина и дозволена брзина за таа сообраќајница. Сите податоци се дигитално заштитени и врзани за конкретниот уред, што ја исклучува можноста за накнадна измена. Дел од нив се доставуваат до сопственикот на возилото со казната. Другите се чуваат во случај на спор или докажување дали прекршокот е сторен или не.Паралелно, системот автоматски ја чита табличката и ја споредува со базите на податоци, со што се утврдува сопственикот на возилото и статусот на регистрацијата. Во случаи кога се детектира прикриена, оштетена или нечитлива табличка, тоа се евидентира како посебен прекршок.Врз основа на овие технички податоци, се подготвува прекршочен налог согласно законските одредби. Камерата не ја одредува висината на казната, туку таа е строго дефинирана со закон, при што се применуваат и законски дозволените толеранции, особено кај мерењето на брзината.Системот „Безбеден град“, според институциите, има цел да воведе постојана и еднаква контрола за сите учесници во сообраќајот, без селективност и човечки фактор. Фокусот, како што се нагласува, не е исклучиво на казнување, туку на превенција, дисциплина и намалување на бројот на сообраќајни несреќи, особено на критичните и фреквентни сообраќајни точки.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

(Видео) Србија ја тресе најголемата нарко-афера која води до Македонија: рекордна заплена на марихуана

Набавката на повеќе од пет тони марихуана oд територијата на Република Македонија е клучниот елемент во истрагата за најголемата заплена на дрога во историјата на Србија. Според српското Обвинителство за организиран криминал, организирана криминална група од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година во Македонија се стекнала со точно 5.002.079,18 грама марихуана, која потоа била транспортирана преку граница и пласирана на српскиот пазар.Како што наведуваат истражните органи, дрогата, по план на организаторот, преку државната граница ја пренесувал осомничениот Иван Драгниќ, по што била складирана во магацин поврзан со семејството Спасојевиќ. Од таму, осомничениот Урош Младеновски ја преземал марихуаната за понатамошна продажба.Особено внимание предизвикува фактот што Иван Драгниќ е косопственик на скопската компанија ALPHAPHARM, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис, пишува Блиц. Овој податок, според српските медиуми, дополнително ја зајакнува тезата за меѓународен карактер на криминалната операција и ја отвора линијата на истрага поврзана со потеклото на дрогата.Во рамки на предметот, јавниот обвинител за организиран криминал во Србија донесе наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски, поради сомнение за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги.По сослушувањето, сите осомничени го искористиле законското право да се бранат со молчење, по што обвинителството побарало притвор за сите лица од судијата за претходна постапка при Посебното одделение за организиран криминал на Вишиот суд во Белград. Предлогот е образложен со сериозноста на делото и со фактот дека станува збор за рекордна количина наркотична дрога.За Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на криминалната група и се наоѓа во бегство, поднесен е и предлог за распишување потерница, вклучително и меѓународна.Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека станува збор за најголемата заплена на дрога досега во земјата, нагласувајќи дека акцијата претставува рекорд во историјата на српската полиција. Според официјалните податоци, претходниот рекорд изнесувал 1.960 килограми, додека во текот на целата мината година биле запленети вкупно 6,1 тон различни наркотични супстанци.

Свет | пред 1 седмица

2 нед.
media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски: Чекаме детали од САД за продолжување на мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина очекува дополнителни информации од Соединетите Американски Држави во врска со натамошните мировни преговори и најави дека се очекуваат нови средби следната недела.Во своето вечерно обраќање, Зеленски индиректно навести дека утрешниот состанок, кој беше најавен да се одржи во Обединетите Арапски Емирати меѓу претставници на Украина, Русија и САД, најверојатно нема да се реализира. Трите страни одржаа еден круг разговори пред една недела.„Во постојана сме комуникација со американската страна и очекуваме прецизни детали од нив околу понатамошните состаноци“, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена да учествува во сите работни формати доколку тоа доведе до конкретни резултати. Тој нагласи дека Киев смета на нови состаноци во текот на следната недела и дека подготовките веќе се во тек.Во меѓувреме, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска разговарал со претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев, при што разговорите биле оценети како „продуктивни и конструктивни“. Виткоф изјави дека прашањето за територијата останува клучно за постигнување напредок во преговорите, додека Киев категорично го отфрла барањето на Москва Украина да ја предаде целата област Донбас, вклучително и териториите кои не се под руска контрола.Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека територијалното прашање не е единствениот нерешен проблем во разговорите, но не прецизираше кои други точки остануваат отворени.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Туфегџиќ: Документите за Епштајн ја оголуваат хипокризијата на оние што ни држат лекции за „европски вредности“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ оцени дека објавувањето на документите и комуникациите поврзани со Џефри Епштајн е исклучително значајно за јавноста, бидејќи, како што истакна, овозможува јасно да се види „кои пореметени умови се на слобода и го управуваат светот“.Според Туфегџиќ, особено загрижува фактот што дел од луѓето поврзани со т.н. клиентела на Епштајн, со децении имаат влијание и присуство во Македонија и пошироко на Балканот. Тие, како што нагласи, токму во изминатите 30 години настапуваат како авторитети кои ѝ држат лекции на државата и на граѓаните за тоа како треба „европски“ да се однесуваат.„Истите тие луѓе ни објаснуваат што сè треба да смениме – име, презиме, историја, знаме – и ни делат памет за европски вредности, како да сме малоумни“, порача Туфегџиќ, додавајќи дека објавените документи отвораат сериозни прашања за моралниот кредибилитет на оние кои со години се претставуваат како носители на демократски и цивилизациски стандарди.Тој потенцира дека ваквите објави не се важни само поради скандалот околу Епштајн, туку и затоа што ја разоткриваат длабоката противречност меѓу јавно пропагираните вредности и приватните постапки на дел од глобалните и регионалните елити, кои, како што рече, сè уште имаат реална моќ и влијание.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-library39j3bs4jgpinbcco50A

Тошковски: За „Безбеден град“ со внес на матичен број се спречува доставување на податоци на погрешно лице а евентуалните грешки ќе се коригираат во рок од 24 часа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија говореше за почетокот на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, притоа информирајќи ги граѓаните за начинот на функционирање на системот и за постапките во случај на евентуални несогласувања во податоците.Тошковски посочи дека дел од податоците за сопствениците на возила во постојните евиденции може да бидат неточни, што може да се должи на претходно доставени погрешни информации од граѓаните или на грешки при внес во системите. Поради тоа, можно е одредени граѓани да добијат известување или записник што не се однесува на нивното возило или на прекршок што тие не го сториле.„Секој граѓанин кој ќе забележи несогласување во податоците ќе има право да се обрати во која било полициска станица и да пријави дека станува збор за грешка – дека возилото не е негово, дека не управувал тој или дека има друг вид неточност. Согласно законски утврдена процедура, Министерството за внатрешни работи во рок од 24 часа ќе изврши проверка и корекција на податоците, а Граѓанинот ќе добие известување дека нема да биде прекршочно гонет доколку не го сторил прекршокот“, истакна министерот.Тој нагласи дека во новиот систем е воведен и дополнителен механизам за заштита на личните податоци. По добивањето на СМС-известување за сторен сообраќаен прекршок, граѓанинот ќе треба преку линк да пристапи до записникот, при што за преземање на документот ќе биде потребно внесување на матичен број. Со ова се овозможува дополнителна автентикација и проверка на веродостојноста на податоците, со цел лични информации да не бидат доставени на погрешно лице.Министерот потенцираше дека, и покрај современата технологија, можни се технички грешки поради надворешни фактори како светлина, временски услови или други околности што може да влијаат врз читањето на регистарските таблички. Во такви случаи, граѓаните повторно ќе имаат можност да побараат исправка, која ќе биде извршена во најкус можен рок.„Не постои совршен систем и не тврдам дека нема да има грешки. Ќе ги има, но тие ќе се коригираат. Овој систем е значително подобар од она што го имавме досега, а неговата основна цел е да спасува животи и да обезбеди поголема безбедност во сообраќајот. Важно е одговорност да сноси оној што го сторил прекршокот“, порача Тошковски.Проектот „Безбеден град“ претставува дел од пошироките напори на Министерството за внатрешни работи за дигитализација, зголемување на транспарентноста и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryipif7pt85e2kbVjttj9

Нови толеранции за брзина со Сејф сити: до 6км/ч во град, до 9км/ч меѓу градови, до 12км/ч на автопат

Во денешното гостување во Дневникот на МТВ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека системот Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните, туку системот е да спаси човечки живот плус.„Во изминатиот период имаше огромен број на забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранцијата во рамки на опоменувањето на граѓаните и воведовме толеранција која што беше важечка во рамки на важечка легислатива од 6 км/ч кога управувате мотторно возило до 100, а над 100 тогаш 8км/ч. Правилникот кој е во надлежност на Министерството за енергетика, во консултација со екперти, професори, со луѓе од министерството за енергетика и од Министерството за внатрешни работи се измени овој правилник и стапи во сила во текот на вчерашниот ден со тоа што сега за брзини до 50км/ч останува како што беше и претходно, толеранција од 6км/ч. Тоа значи дека ако возите моторно возило таму каде што имаме знак од 30 км/ч, со 36км/ч камерата нема да ве евидентира за сторен сообраќаен прекршок, туку ќе ве евидентира од 37км/ч. Од 50 до 100 км/ч толеранцијата законски согласно новиот правилник е 9км/ч, тоа значи дека ако управувате моторно возило таму каде што е дозвилено до 50км/ч, со 51км/ч камерата ќе ве евидентира и ќе ви прати порака, односно ќе ве казни системот доколку управувате моторно возило со 60км/ч. Таму каде што имаме ограничување од 100км/ч а се управува возило со над 101км/ч моторно возило камерата ќе ве идентификува со толеранција од 12км/ч, значи таму би биле санкционирани доколку е дозовлено да речеме 100км/ч, а вие управувате на пример со 113км/ч. Овие толеранции се дефинирани во рамки на правилник под Министерството за енергетика и сметаме дека се апсолутно прифатливи се со цел овој систем да го заживееме се со цел да спасиме ден човечки живот повеќе, а притоа да ги увериме граѓаните дека целта не ни е казнување, туку целта ни е помалку повредени, помалку сообраќајни незгоди, помалку загуби на човечки животи“, дециден беше министерот Тошковски.Министерот во овој контекст најави и уште еден проект кој ќе се имлементира во наредните денови со поддршка на македонски телеком.„За сите овие прекршоци кои се сторуваат во рамки на толеранцијата, значи ако е забрането над 30км/ч од 30-36км/ч, ако е забрането над 50км/ч од 50-59км/ч ќе доставуваме информативна порака од страна на Министерството за внатрешни работи до секој еден граѓанин кој што ја пречекорил брзината со која што ќе им го привлечеме вниманието на граѓаните дека и покрај тоа што возат во рамки на законската толеранција која што е дозволена нема да има парична казна, односно нема да има прекршок, тие надминуваат над законски уврдената брзина со што доколку не дај боже било кој граѓанин управува моторно возило и стори сообраќаен прекршок со 55км/ч таму каде што е дозволено да се управува моторно возило максимум со 50км/ч и притоа повреди пешак со тешки телесни повреди, ќе одговара кривично“, заклучи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryq30itunirmdvcbegSpn

МВР одзеде возило на Плачковица во Радовиш

Денеска, во добро организирана акција на Министерството за внатрешни работи, одземено е уште едно возило на територијата на планината Плачковица во Радовиш. Акцијата е дел од посветената борба против девијантни појави кои, покрај штетата за животната средина, претставуваат сериозна опасност за граѓаните.„Ветивме дека состојбата ќе се среди не само на оваа критична точка, туку и секаде во Македонија каде што се среќаваат вакви девијантни појави“, истакна Кире Михаилов. Тој нагласи дека граѓаните кои ја загрозуваат безбедноста не треба да се жалат, а МВР останува посветено на своите законски и хумани обврски кон граѓаните.Акцијата на Плачковица е дел од пошироките напори за заштита на безбедноста и животната средина во земјата.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryuvmi9vf1njct5MSr8uq

Епстиновите документи го урнаа словачкиот советник Лајчак

Словачкиот премиер Роберт Фицо ја прифати оставката на својот советник Мирослав Лајчак, откако неговото име се појави во документи поврзани со американскиот финансиски криминалец Џефри Епстин. Лајчак сам ја понуди оставката, иако ги негира сите наводи.Лајчак изјави дека никогаш не му биле понудени сексуални услуги, ниту пак учествувал во активности поврзани со Епстин и со лицата што се споменуваат во неговите досиеја.Иако Фицо оцени дека Лајчак е „врвен дипломат“, но дека со прифаќањето на оставката се става крај на нивната соработка. Оставка побараа и опозицијата и дел од владејачката коалиција.Лајчак изјави дека никогаш не бил вмешан во активности поврзани со Епстин и дека е подготвен тоа да го докаже на секој можен начин.Мирослав Лајчак е долгогодишен словачки дипломат, поранешен министер за надворешни работи на Словачка и поранешен специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarydnnqm6i9k13tck8SYt4

Поддршката за Орбан „се топи”, опозицијата води на анкетите

По речиси две децении неприкосновена власт, унгарскиот премиер Виктор Орбан се соочува со најтешкиот политички предизвик досега. Најновите анкети покажуваат водство на опозицијата, а во владејачкиот Фидес сè погласно се отвора прашањето дали е време за промена на лидерството и тоа на помалку од три месеци до парламентарните избори.Истражувањето на повеќе агенции покажуваат дека опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, има 49 отсто поддршка, наспроти 39 отсто за Фидес. Во некои анкети разликата меѓу двата блока меѓу сигурните гласачи достигнува и до 12 процентни поени во корист на опозицијата.Поранешниот член на Фидес и сегашен ривал на Орбан, Петер Маѓар, во моментов е најпопуларен политичар во Унгарија.Тиса има силна поддршка кај младите, урбаните и високообразованите гласачи, особено во Будимпешта, а Фидес својата база сè повеќе ја задржува кај гласачите постари од 60 години.Според „Дејли њуз Хангари“, ниту засилената владина кампања со финансиски мерки, пензии и даночни олеснувања не успеала да го запре падот на рејтингот. Независните анкети покажуваат дека Тиса веќе подолго време има околу 400.000 потенцијални гласови повеќе од Фидес – предност што може да се покаже клучна на изборите напролет.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

Оставката на Кедев на 23 јануари е примена во министерството за здравство, до министерот не е пристигната оставка-велат од МЗ

Известувањето за повлекување на кардиологот и академик Сашко Кедев од здравствениот совет е примено во Министерството за здравство на 23 јануари годинава односно пред осум дена.Документот до кој дојде ,,360 степени“ го пишува датумот и причината за оставката.„Ве известувам дека се повлекувам од работата на здравствениот совет на Министерството за здравство, од причина што сметам дека започнатите контролни процеси треба да ги спроведуваат исклучиво компетентни кадри со веќе докажан стручен и професионален кредибилитет“, пишува Кедев во оставката.Претходно денеска, на навно прашање за коментар за повлекувањето на Кедев од здравствениот совет и причините што тој ги навел, од Министерството за здравство одговориле дека до министерот за здравство Азир Алиу досега формално не е пристигната оставка од Кедев.Кедев во писмената оставка наведува и дека се надева оти „јавното здравство ќе остане приоритет во политиките на Министерството за здравство”.Кедев минатата година откри скандал и бараше да се расчисти кој во Македонија оперира срце само за профит и без медицинска потреба.Членови од комисијата, која ја формираше министерот за здравство реагираат дека во контролните процеси не се вклучени компетентни кадри со докажан стручен и професионален кредибилитет а избрани биле доктори интернисти и доктори од судска медицина.Истрагата на комисијата, се прошири и на државното и на приватното здравство, иако наводите на Кедев се однесуваа само на приватното. Првичните наоди беа дека од 25 кардиохируршки интервенции 10 се непотребни или со непотребно упатување.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryadhbgm8ncfakbh5DefH

Молдавија погодена од масовни прекини на струја поради проблеми во украинската мрежа

Молдавија денеска беше погодена од масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија поради проблеми во електропреносната мрежа на соседна Украина, што остави делови од земјата, вклучително и главниот град Кишињев, без струја.Според соопштението на молдавското Министерство за енергетика објавено на апликацијата Телеграм, пречките во украинската мрежа предизвикале пад на напонот на една од линиите што ја снабдуваат Молдавија.Градоначалникот на Кишињев, Јон Чебан, информираше дека поголемиот дел од населбите во престолнината се без напојување, а властите соопштија дека не работат ниту семафорите.Истовремено, делови на Украина се соочуваат со вонредни прекини на струјата, метрото во Киев е привремено затворено, а водоснабдувањето во главниот град е нарушено. Експертите посочуваат дека украинската електропреносна мрежа со месеци е цел на руските напади, што во изминатите недели довело до значителни ограничувања во снабдувањето со електрична енергија.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања