Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
stop-policija

Низа сообраќајни прекршоци во Тетово

На 15.04.2019 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола во која биле откриени 71 прекршоци (ТЕ- 51 и ГВ-20). Најголем број прекршоци на тетовското подрачје (17) се однесувале на непрописно паркирање, осум лица ги управувале возилата без возачка дозвола, пет возила имале истечена регистрација, три возила биле технички неисправни и друго.Од прекршоците во Гостивар осум се однесуваат на неприлагодена брзина според условите на патот, односно пребрзо возење, три возила биле непрописно паркирани итн.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Кај двајца браќа пронајдена марихуана

На 15.04.2019 година во периодот од 19.00 до 21.05 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Ч.(20) на ул.„Кленоец“ во Скопје. При претресот, во неговата соба биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, семки од марихуана и еден куршум калибар 7,62мм. Во собата на неговиот брат И.Ч. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и воздушен пиштол калибар 14,5 мм, додека во кујната била пронајдена и одземена дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.Ч. и И.Ч. биле приведени и задржани во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

6 год.
kalista-4

Левица: Поднесено барање за да се утврди дали функционери на СДСМ градат нелегално на Охридско езро

Како што најавивме претходно, Левица денес поднесе Барање за инспекциски увид до Државниот градежен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Управата за заштита на културното наследство. Барањата се однесуваат на градежни активности (односно поставен бетон и ѕид од камења) на само пет метри од Охридското езеро, во заштитената крајбрежна зона каде не се дозволени објекти од тврда градба. Земјиштетото е во сопственост на функционер на владејачката партија СДСМ, кој изјави дека имотот е негова приватна сопственотт со која се стекнал пред неколку месеци.Владејачката коалиција која декларативно се залага за влез во ЕУ, додека крајбрежјето на Охридското езеро се пали, уништува, гради и узурпира, должна е да ѝ објасни на јавноста како ќе ги исполни строгите критериуми за заштита на природните и културните богатства, без кои влезот во ЕУ не е возможен. Приватната сопственост не е ултимативно право на владејачкиот естаблишмент, туку таа мора да е ограничена и потчинета на јавниот интерес и заштитата на јавните добра и природни богатства! Ваквите сомнителни зделки и градења кои интензивно се одвиваат изминатиот период и за кои градоначалникот на ДУИ, Рамиз Мерко, дрско се потруди да ги оправда под изговор за “приватен имот и приватна сопственост”, докажува дека и оваа Влада работи само за бизнис интересите на поединци блиски до нив, а на штета на сите граѓани.И покрај целиот притисок од јавноста, сѐ уште нема одговор, ниту сериозни преземени мерки од највисоките инстанци на власта, за неповратната девастација која се случува изминатиов период во регионот под УНЕСКО статус. Длабоко заглавени во корупција, скандали, самоволие на бизнис-интереси и екстремна неспособност, оваа Влада која секој ден се повикува на европскиот прогрес, мора да понесе одговорност за уништувањето на нашите природни и културни богатства заради финансиските интереси на нивните функционери.” – стои во соопштението на политичката партија Левица.https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/286870058906176

Македонија | пред 6 години

6 год.
saso-zitosanski

Припадник на МВР поднесе отказ: Се заколнав ќе ја штитам Р Македонија, а не некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина

Сашо Житошански, припадник на Министерството за внатрешни работи на 25 минатиот месец си поднесе отказ поради како што вика му смета новото име на нашата држава. Еве што напиша Сашо на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/saso.zitosanski.5/posts/2253067738069959„Во 2015 година се заколнав дека ќе го штитам Суверенитетот и територијалниот интегритет на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, мојата Татковина и наследството од нашите предци и ќе ги штитам нејзините граѓани, доколку е потребно и со мојот живот. Но НЕ и некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина, креирана од предавници и среброљубци, а одобрена од народот. Затоа на 25.03.2019 поднесов до Министерството за внатрешни работи на РСМ. , НЕОТПОВИКЛИВ ОТКАЗ и за тоа ќе платам 3800евра казна за годините кои несебично ги вложив во Министерството. Како првенец на генерација во Основно училиште, првенец на генерација во Средно училиште, помеѓу првите 3 студенти на Факултетот за Безбедност со просек 9.57, првенец на Класа 2015 (машки) во Центарот за обука на МВР, одликуван лично од тогашниот Министер за внатрешни работи и за скоро и Магистар по Криминалистика на Факултетот за безбедност, целокупниот мој живот и образование го насочував кон одржување и унапредување на безбедноста на ова свето парче земја и на овој народ. Но за жал денес јас не го препознавам овој народ, зошто кога најмногу и требавме на Македонија никој од дома не излезе, а сега се полнат автобуси за партиски митинзи... Партиите и личните интереси ви се побитни од Македонија. Жално... Не сакам ниту да споменувам за -0 Економија, за корумпираното и исполитизирано до максимум судство и полиција, за катастрофалното здравство итн. Од мал бев патриотски воспитуван да си ја сакам татковината и да ги почитувам сите кои го дале животот за неа, се наежував од самото интонирање на химната од која денес некои се срамат, од текстовите по историја за храбрите подвизи на нашите предци, но да го дадам животот за политички корумпирани игри и нивни лични интереси, не ни намислувам. Еднаш изјавив дека ќе извадам ако треба пасош од "Тунгузија", но не и од Северна и стојам на тоа, но каде и да сум јас во мене знам дека сум МАКЕДОНЕЦ и тоа никој не може да ми го одземе. На крај сакам да се заблагодарам на некои од моите досегашни колеги, чест ми е што некои ги познавам, сум учел од нив, сме делеле леб и на - 20степени надвор сме им служеле на граѓаните и на Македонија, за другите сеедно... Поздрав од Каизерслаутерн и се надевам дека ќе остани некој што ќе го изгасне светлото, но со ваков тек на настани, со ваков народ и со вакви политичари, жална судбина ја чека Македонија т.е. Македонија веќе не постои, Северна е.. Жалосно“, напиша на ФБ Житошански.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Вељаноски во обвинителството се бранел со молчење, сакал прво да направи увид во доказите

Околу четириесетина минути траел распитот во Обвинителството за организиран криминал на поранешниот спикер на Парламентот, Трајко Вељаноски. Осомничен е дека бил дел од организаторите на крвавото сценарио на 27 – ми април пред две години.Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Трајко Вељаноски, утринава беше повикан да даде исказ пред шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за упадот во Законодавниот дом од 27ми април.Вељаноски на денешниот распит се бранел со молчење и не го искористил правото да даде исказ, бидејќи сакал прво да направи увид во доказите.По распитот Вељаноски пред новинарите потврди дека не направил увид.

пред 6 години

6 год.
gorcev

Ѓорчев: Списоците на СДСМ ја доведоа администрацијата до 150 илјади вработени, а најава за масовни отпуштања на професионалци

Ова е содржинскиот дел од прес конференцијата. Со жалење можеме да констатираме дека во своето вчерашно интервју Зоран Заев најави масовно, масовно бркање на луѓе кои што се професионалци и кои што со години и децении работат во јавниот сектор за да се отворат нови и нови места за партиски војници од СДСМ, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Мира Дизел вработувањата тотално го окупираа јавниот сектор во Македонија и како последица на тоа како последица на 20.000 нови вработувања во јавната администрација изминативе две години Македонија дојде до историски најголемите 150.000 вработени во јавна администрација соопштени од Дамјан Манчевски и Зоран Заев. Внимавајте со оваа влада на Зоран Заев со 28 министри со заменици директори во сите јавни претпријатија со закон изгласани со 20.000 партиски вработувања од Мира Дизел списоците дојдовме до тоа Македонија да има фрапантни 150.000 луѓе во јавната администрација и како врв на сето тоа Зоран Заев по изборите најавува масовни бркања на луѓе од јавниот сектор за да се отворат нови и нови места за нивните партиски војници.Погледнете ги само од последниве два месеци од февруари наваму огласите кои што се распишуваат, 160 вработувања во Царинската управа , 70 вработувања во УЈП, 700 вработувања во градските претпријатија во Град Скопје, 230 во ЈСП, 30 во комунална хигиена, 100-тина во Водовод директно во седиштето на градоначалникот и градската администрација локални и т.н Списокот не се дочитува. Ако навистина во јавниот сектор има превработеност како што вели Заев, зошто тогаш 20.000 нови вработувања. Ако има превработеност зошто не се случат преземања од институција до институција.Ако има превработеност зошто ја имаме оваа динамика на вработувања во јавниот сектор како никогаш досега во историјата изминативе 28 години.Никогаш досега.Навистина станува збор за катастрофа којашто и се случува на Македонија. Станува збор за економски политики коишто буквално ја јадат економијата, го јадат реалниот сектор. Современите даноци и сме затоа во ситуација каде што изминативе две години оваа влада има потрошено повеќе од 9 милијарди евра, а во Македонија ништо не е изградено. Оваа Влада на Зоран Заев со неговите 28 министри, со сите нивни стотици директори и заменици директори коишто ги направија задолжителни по закон, потроши повеќе од 9 милијарди евра на граѓаните на Република Македонија, а една шајка не е заковано и една бандера не е направена.Ете тоа е она коешто сакаме да го соопштиме на оваа прес конференција. Граѓаните го имаат последниот збор и граѓаните ја носат одлуката на сето ова. Ако сето ова е нелогично, ако сето ова е неправедно, а е и нелогично и неправедно, недомаќински ќе може на 21 април со гласот за Гордана Сиљановска Давкова, ќе можат да го кажат сето она што го мислат за сета оваа рашомонијада и катастрофа којашто и се случува на Македонија, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
arsovski-goriva

Арсовски: Кога СДСМ дојде на власт дизелот се продаваше по 46 денари за литар, додека сега по цена од 62,5 денари за литар

Граѓаните во Република Македонија се повеќе осиромашуваат откако СДСМ е на власт. Горивата достигнуваат највисоки цени, а власта не се откажува од зголемувањето на акцизата од 3.5 денари за дизел дериватите. Кога СДСМ дојде на власт дизелот се продаваше на бензиските пумпи по 46 денари за литар, додека пак сега истиот се продава по цена од 62,5 денари за литар, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ваквото покачување доаѓа во почетокот на пролетниот период, кога граѓаните имаат зголемена потрошувачкка на горива, како за земјоделските работи, така и за градежни активности, патување и ред други активности.Заев и Пендаровски не водат сметка за граѓаните, тие се водат по максимата на Мира Дизел, која зема по 20 илјади евра за патни трошоци и се исмејува со граѓаните дека сиромашните всушност и не возат.Не запира ни расипништвото на власта. Во ек на избор, на само пет дена пред денот на гласање, власта не задолжува сите нас за нови 39 милиони евра.Овие пари се потенцијална сума за поткуп на гласачи.Целото задолжување на СДСМ во изминативе две години кое изнесува над половина милијарда евра е нерационално и неоправдано, но и неосновано. Граѓаните не знаат каде се потрошени нивните пари. Половина милијарда евра, за пет, десет години од сега ќе треба да ги враќаат некој идни генерации соогромни камати, а притоа од потрошените пари не им е оставено ништо, ама баш ништо во наследство на тие идни генерации кои што ќе треба да ги раздолжуваат долговите кои што во моментов ги прави СДСМ.Заев и Пендаровски мора да одговараат за ова расипништво. Власта мора да каже каде се потрошени парите на граѓаните, што е направено со нив или пак да кажеле во чии џебови завршиле овие пари.Ја повикуваме Антикорупциската комисија да го испита случајот со задолжување на владата во ек на изборна кампања, како и внимателно да го следи процесот на располагање со парите од истото задолжување.ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека целиот процес го набљудуваме и ќе го набљудуваме со големо внимание и верувајте дека одговорност за секое незаконско делување ќе има.Додека пак граѓаните нема да го сменат мислењето дека СДСМ треба да си оди од власта и дека СДСМ, Зоран Заев и Стево Пендаровски на овие избори ќе изгубат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
rankovce5

Николовски: Во мај ќе се објави тендерот за изведувач за изградба на хидросистемот во Славишко поле

Министерот за земјоделство ,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска заедно со градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски, имааа средби со жителите и земјоделците од овој регион. На средбите се разговараше за актулените состојби во земјоделството, предлозите на земјоделците како и мерките кои што МЗШВ ги презема за развој на земјоделството.Општина Ранковце е една од локациите каде што ќе се спроведува проектот на Европската унија за изградба на „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“. Конкретно, во оваа општина се помош на финансиски средства од ИПА програмата на ЕУ, ќе се гради системот за наводнување на Славишко поле. Министерот Николовски ги информираше земјоделците дека на почетокот на следниот месец, Делегацијата на Европската унија ќе го објави тендерот за избор на компанија изведувач на градежни работи и тендерот за надзор за системот за наводнување на Славишко поле, што е од витално значење за земјоделците од Ранковце.„Ова е еден меѓу првите проектите од проектот на ЕУ, а реализиран преку МЗШВ и овој проект ќе се реализира на неколку локации.Досегашниот систем за наводнување во Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој проект општината ќе добие модерен систем за наводнување и ќе се наводнуваат над 300 хектари. Лани направивме повеќе средби со земјоделците и жителите, направивме анализи и токму овие анализи покажаа многу позитивни резултати и во делот на заинтересираноста и во делот на ефектите кои би се постигнале со овој систем во однос на зголемување на приносите и промени на соодтвени култури со кои се занимаваат земјоделците.Со реализацијата на овој систем се создава можност да се одгледуваат и долгогодишни култури во овој познат земјоделски регион“, изјави министерот Николовски.Минатата година се изработи физибилити студијата за хидросистемот во Славишко поле, а вредноста на инвестицијата е 1 милион евра, пари кои се обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ. Рокот за изградба на системот за наводнување е 1 година. Со проектот на ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ е предвидена изработка на проектна документација за изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
asanz-apsenje

40 милиони сајбер напади врз Еквадор - одмазда на хакерите поради апсењето на Асанж

Бројот на обиди за хакерски упади врз институциите на еквадорските власти се зголеми двојно и достигна 40 милиони, откако земјата му го укина азилот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.Според зборовите на заменик министерот за телекомуникации на Еквадор Патрисио Реал, од минатата недела кога Џулијан Асанж беше извлечен од еквадорската амбасада во Лондон, страниците на претседателството, Централната банка и министерството за надворешни работи на Еквадор, меѓу другите, се нашле на удар на хакерски упади.Реал не обвини ниедна конкретна група за хакерските напади бидејќи е исклучително тешко да се идентификуваат потенцијалните напаѓачи. Меѓутоа, тој истакна дека хактивистичкиот колектив Анонимус ја објави заканата.Лондонската полиција го уапси Асанж на 11 април, откако еквадорските власти му го укинаа азилот. Претседателот на Еквадор потоа го обвини австралискиот новинар дека амбасадата ја користел за шпионирање, а хакерската група Анонимус веднаш му се закани на Еквадор дека ќе го нападне.

Свет | пред 6 години

6 год.
momo-igra

Основци од Битола сечеле вени поради игрите „МОМО“ и „Синиот Кит“

Од опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот Кит“ повредени се и основци во Македонија. Четворица ученици од ОУ „Коле Канински“ од Битола се самоповредиле со сечење вени – дознава Телевизија 24.Според нашите информации, бројката на деца во Битола кои се одзвале на предизвиците од овие игри е далеку поголем. Директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски за нашата телевизија го потврди случајот. Вели, се се случило надвор од училиштето и за се се информирани и МВР и родителите. А при вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште. Дознаваме дека речиси во сите основни училишта во Битола, родителите се предупредени за опасната појава кај нивните деца.Од МВР се уште ги проверуваат информациите.Инаку од контроверзните онлајн игри „Синиот кит” и „Момо“ неколку стотици деца во светот извршија самоубиство. Поновата игра – „Момо“, се распространува преку апликацијата „Ватсап“. Наменета е за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство.Приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи. Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат серија предизвици, а доколку ги одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.Извор: 24.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
NLB-grabez

НЛБ Банка : При грабежот се одземени 150.000 евра, експозитурата во Чаир ќе продолжи со тековна работа од 17 април

По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10.36 минути во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, би сакале да ве информираме дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба, се вели во соопштението од НЛБ Банка АД Скопје.Двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување.Дополнително, работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување.Експозитурата во Чаир не работи во моментот и ќе продолжи тековно да ги опслужува клиентите од 17.4.2019 година.Со истрагата е утврдено дека при грабежот се одземени 150.000 евра.Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот, стои во соопштението од НЛБ Банка АД Скопје.фото: Канал 5

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Арнаудова: Подобри услови за лицата со попреченост и за старите лица

Постојано работиме за да обезбедиме развој на сите сфери од секојдневното живеење и дасоздадеме подобри услови за сите категории граѓани. Осбено сме посветени наподобрување на условите за лицата со посебни потреби и за старите лица од Охрид.Општинската зграда е веќе достапна за лицата со попреченост, поставена е рампа и ставене во функција лифтот за полесно движење на сите катови. Во моментов се имплементираат два проекти финанситрани од странски фондови, за подобрување на условите за оваа категорија на граѓани. Со првиот проект ќе се реконструираат влезните скали кои водат до големата општинска сала и ќе се постави лифт платформа за лица со физички хендикеп. Исто така во рамки на проектот, салата ќе биде опремена со посебни пултови за лица од ранливите категории и простор за инвалидски колички, со цел да се овозможи полесен пристап за подобри општински услуги, истакна Рената Арнаудова, на која што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.Вториот проект предвидува набавка и поставување на опрема – електромоторен транспортер за инвалидски колички и преносни рампи за потребите на учениците со попреченост во ОУ Св.Климент Охридски. Исто така во моментов во рамки на програма за финансирање, се имплементира и проект за здравствени и социјални услуги за стари лица и деца и нивна рана превенција.Во наредниот период планираме да израбтиме План за достапност на сите објекти и простории за целото општинско подрачје за лицата со попреченост.Основната цел на планот е да се подобрат условите за движење и достапност до објектите и да се зголеми безбедноста на лицата со посебни потреби во сообраќајот преку поставување на соодветнахоризонтална и вертикална сигнализација како и сигнална опрема со светла и звукСо цел да се придонесе за унапредување на квалитетот на животот на старите и немоќнителица, ќе ги вложиме сите напори за реализација на проектот за изградба на Дом за стари лица во населбата Далјан.Фирмата која веќе стопанисува со градежното земјиште има обврска наскоро да ја започне изградбата на ваков неменски објект. Исто така за подобрување на условите за лицата од трето доба во Охрид, планирана е изведба на катчиња и паркови за пензионери збогатени со соодветни содржини на повеќе локации во градот.Нашата заложба е да работиме во интерес на сите граѓани, имаме реални планови иостварливи проекти, кои ќе донесат посигурна иднина за сегашните и идни генерации вонашиот град. Охрид заслужува да оди напред, охриѓани заслужуваат повеќе!На 21-ви април да излеземе и да гласаме за нашиот кандидат за градоначалник д-рКонстантин Георгиески и да обезбедиме уште една голема победа! Заедно Напред, ЗаОхрид, истакна Рената Арнаудова, на која што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Прогласена епидемија на мали сипаници во цела држава

Прогласена е епидемија на мали сипаници на ниво на цела држава, соопшти денеска Центарот за јавно здравје. Причината за ваквата одлука на Kомисијата за заразни болести при Министерство за здравство е дека бројот на евидентирани заболени од морбили од почетокот на годинава изнесува 961.Епидемиологот д-р Владимир Микиќ вели дека не можат да ја воведат истата забрана за училишта затоа што според законот основното и средното образование е задолжително. Најмногу заболени се деца на претшколска возраст и затоа како мерка на ниво на цела држава ќе се симне границата за вакцинирање од 13 месечни бебиња на 6 месечни бебиња.Во моментов, како што информираат на интернет-страницата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 6 до 12 април се пријавени вкупно 126 случаи на мали сипаници. Вкупно, од почетокот на епидемијата, во државава се регистрирани 961 случаи на мали сипаници. Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони (Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга).Епидемиологот, Владимир Микиќ, член на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по одржувањето на состанокот на комисијата изјави дека прогласувањето на епидемијата е неопходно за да се спроведат дополнителни мерки за заштита на населението и намалување на бројот на новозаболени.Донесени препораки и мерки за спречување на натамошно ширење на епидемијата се:- Строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на цела држава;- Забрана за посети во стационарни здравствени установи во целата држава;- Почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за детски болести, и да се намали стапката на интра- хоспитално ширење на инфекцијата;- Сите невакцинирани здравствени работници задолжително да бидат вакцинирани со две дози на МРП;- На сите воспитувачки и наставнички од предучилишните установи задолжително да им се провери нивниот вакцинален статус и да се вакцинираат доколку не се вакцинирани;- Да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14, а помлади од 60 години;- Да се организира два пати во неделата работа во две смени на Службите за вакцинација во рамките на Здравствените домови во целата држава, со цел полесна достапност на вакцинација на децата;- Службите за вакцинација на неделно ниво да доставуваат податоци до ДСЗИ за деца кои не се јавиле на доставените покани за вакцинација.

Македонија | пред 6 години

6 год.
peleti

Се уште трае субвенционирањето за набавка на печки на пелети

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека може да ги искористат субвенциите за набавка на печки на пелети и да надоместат дел од трошоците направени при набавка на печката. На јавниот повик што Градот Скопје го објави на 31.01.2019 година, а ќе трае до 30 ноември 2019 година, досега се пријавиле 273 граѓани.Со овој јавен повик, Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Градот Скопје го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците за набавка на печки на пелети со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови - печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, а ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Скопје, во општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај кои имаат купено печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот и кои ќе поднесат барање за надоместување дел од трошоците за набавка на печка на пелети. На јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во него.Граѓаните треба да го достават барањето и потребната документација во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети“ во архивата на Град Скопје, на адресата: булевар Илинден број 82, секој работен ден од 08:30 до 16 часот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
3-8

Конституиран новиот ЛЕСС на општина Битола

Во Општина Битола се одржа првата конститутивна седница на Локалниот Економско Социјален Совет на Општина Битола. По запознавањето со значењето и улогата на ЛЕСС Битола,сите 22 присутни претставници едногласно го прифатија предлогот за претседавач да биде избрана градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. За заменик претседавач е избран Ратко Христов, директор на Сокотаб, а за секретар претставничката од општинската администрација во ЛЕСС –м-р Виолета Налевска.Претставниците на ЛЕСС битола го усвоија деловникот за работа на ЛЕСС Битола, по што се разгледуваа планирањата на идни активности во рамките на проектот на Меѓународната организација за труд.Градоначалничката Петровска побара анализа на досегашното функционирање на ЛЕСС-те кои се 15 во РСМ со цел да се направи споредба и да се искористат позитивните искуства од работата на овие економско-социјални совети.На оваа седница, Мери Нашоку од МКЦ Битола ги прзентираше целите и активностите на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска кој што има за цел да ги поддржи локалните актери во процесот на зајакнување и развој на ЛЕСС на Општина Битола. Во рамките на проектот, во текот на 2019 година ќе се реализира Форум на зедницата со цел да се генерираат идеи и приоритети за работа ЛЕСС Битола со сите зинтересирани страни на локално ниво.

Македонија | пред 6 години

6 год.
rocista

Се одложи судењето за предметот „Талир“ на СЈО

Судењето за предметот „Талир“ на СЈО во кои обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски како и Илија Димовски и Леко Ристовски обвинети само за делото перење пари е одложено за идниот месец. Со обвинението за истото дело, како правен субјект опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот при за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа.Причина за одложувањето е неприсуството на преставници од партијата ВМРО ДПМНЕ која е опфатена во истото дело како правен субјект. Следното рочиште е закажано за 16 мај.

пред 6 години

6 год.
kamioni-2

(ВИДЕО) Го врзале чуварот и го запалиле возниот парк на приватна градежна фирма

Маскирани и вооружени напаѓачи изминатата ноќ во селото Превалац кај Врање, го врзале стражарот и го запалиле целиот возен парк на приватното претпријатие „5Д“.Во пожарот изгореле девет камиони, а покрај нив уништени се и две градежни машини. Во пожарот нема повредени, но штетата е проценета на повеќе од половина милион евра. Според податоци од српските медиуми, пожарот го подметнале три маскирани лица.

Свет | пред 6 години

6 год.
FullSizeRender-16-04-19-10-41

Милошевски најави реконструкција на многу улици за безбеден град за живеење

Патната инфраструктура и транспортот се лицето на градот. Изградбата и одржувањето на локални патишта овозможува одржлив развој на градот како туристички центар и услови за безбеден и динамичен сообраќај, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.За убав град реконструкција на улиците:- Абас Емин, АСНОМ, Егејска и Македонски просветители;Изградба на улиците:- Јордан Мијалков, 7 Ноември, Јане Сандански, 1 Македонска ударна бригада. Поплочување и одржување на тротоари и улици:- Асфалтирање на улиците Александар Турунџе, Партизанска, Прилепска, Будва, Анастасија Узунова, Дејан Војвода, Стив Наумов, Дебарца, населба Бејбунар, Даме Груев, Ванчо Питошески, Охридска Бригада, Кирил и Методиј од Горна порта до Дрвара;- Во Љубаништа уредување на пешачка патека од селото до автокампот, уредување на улици во село Љубаништа и Трпејца;- Во Пештани улица Климент Охридски;- Асфалтирање и уредување на улици во Долно Коњско, Рача, Велестово, Рамне, Подмоље, Орман, ГорноЛакочереј и Долно Лакочереј, Велгошти, Лескоец, Косел и Вапила.Набавка на инсталација на асфалтна база во едно Јавно претпријатие.Охрид мора да биде безбедно место за живеење преку изградбата на ефикасен систем на превенција и заштита од пожари.Проекти за безбеден и убав Охрид:Изградба на хидрантска мрежа, Набавка на нова опрема за противпожарна станица, Курсеви за пожарникари на меѓународни семинари, Набавка на нови возила. Набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крајбрежје.Број 5 за безбеден сообраќај.Број 5 за безбеден град за живеење.Број 5 за убав град, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.https://www.facebook.com/mitremilosevskimd/videos/335044157152721?sfns=mo

Македонија | пред 6 години

6 год.
kucinja-skitnici

Нови напади од кучиња скитници во Центар

На 15.04.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Центар, С.В.(67) од Скопје пријавил дека на улица „Лазар Личеновски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.На 15.04.2019 година во 13.50 часот во Полициската станица Центар, М.К.(60) од Скопје пријавила дека на 14.04.2019 година околу 21.20 часот на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Уапсено едно лице на ГП „Аеродром Скопје“

На 15.04.2019 година во 12.00 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицето Д.Н.(31) од Свети Николе се наоѓа на Стоп листа со мерка „А“(апси) по барање од СМПС-Одделение за потраги Свети Николе. Тој бил лишен од слобода и во 14.30 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод до Казнено-поправната установа Штип.

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања