Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
zaev-za-kandidat

Заев му отиде на Курц: Разговаравме за соработка, добивме понуда

Премиерот Зоран Заев вчера во Виена се сретна и со австрискиот канцелар Себастијан Курц, а беше и негов почесен гостин на Виенскиот Бал.„Искористивме прилика да се видиме со Канцеларот Курц, кој важи за голем пријател на целиот Балкан, но и нашата Република Северна Македонија и кој ја поддржува интеграцијата на државата и во Европската Унија па дури и во НАТО иако Австрија не е земја членка на НАТО. Но, целиот овој период, од самостојноста на Северна Македонија, Австрија важи за една од нашите најголеми поддржувачи“, рече Заев по средбата.Секако, додаде тој, поддршките што последниве години доаѓаа се важни, од поддршката за Преспанскиот договор до реформите дома и сега за она што се случува во делот на економијата бидејќи на еден начин поврзани сме со компании од Австрија.„Искористивме прилика да разговараме и за економска соработка зошто за нас сега тоа е многу значајно.  Веќе добивме една конкретна понуда којашто дома ќе ја разгледаме, за австриска компанија и нејзин влез во инвестициите на Клиничкиот центар, преку евтино финансирање од страна на Австрија, со дополнителен грант, којшто ќе ги намали севкупните трошоци за инвестирање во самиот Клинички центар. Деталите ќе ги добиеме на писмено и дома ќе ги разгледаме за да може да се исконсултираме со опозицијата, со стручните луѓе, со експертите. Верувам дека тоа ќе даде можност за брза постапка за самата реализација на Клиничкиот центар“, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
stop-policija

Две деца прегазени од џип во Скопје

На 28.02.2019 околу 12.35 часот на улица „Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген туарег“, управувано од С.Р.(31) од Скопје, удрило во две деца-пешаци на возраст од девет години.Децата биле пренесени во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде кај едното биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другото телесни повреди.Извршен бил увид на местото и се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Пет сообраќајки го „тресеа“ Скопје

Во текот на изминатиот ден (28.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди од кои една сообраќaјна незгода со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и три сообраќајни незгоди со материјална штета.Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно лице се здобило со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 26 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 18 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни.Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, двајца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради непоседување пропишана зимска опрема, 11 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози и 85 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2

23-годишниот стружанец со кола ги пресретнал убиниот и неговиот татко

На 28.02.2019 околу 19 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека истиот ден околу 18 часот на локалниот пат село Делогожда-село Поум, на место викано „Кодра бум“ У.В.(22), управувајќи патничко возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(46) од село Поум, во кое бил и неговиот син З.Б.(23).Според пријавеното, В.Б. и З.Б. излегле од возилото и со секири тргнале кон У.В. со кого од порано имале нерасчистени односи. У.В. испукал повеќе куршуми и ги погодил З.Б.и  В.Б., по што заминал од местото и се пријавил во Полициската станица Струга.Од случајни минувачи повредените биле пренесени во Медицински центар Струга, каде кај З.Б. била констатирана смрт, додека В.Б. бил задржан на лекување. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
133474234-105843-207971

„Летаа“ казни во Битола

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 28 февруари извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло и алкохол, при што биле контролирани 428 возачи и возила.При контролата, констатирано е дека 19 возачи управувале возило со поголема брзина од дозволената, еден возач управувал без возачка дозвола, а кај тројца возачи има утврдено присутво на алкохол.Нерегистрирано било едно едно возило, на мобилен телефон разговарале три возачи и двајца возачи не користеле сигурносен појас.Пет возачи се писмено опоменати, а на 42 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 17 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 27 различни прекршоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-odgovornost

Вечерва во хотел „Хилтон“, СДСМ и ДУИ ќе го кажат името на кандидатот за претседател

СДСМ и ДУИ вечерва во хотелот „Хилтон“ ќе го кажат името на кандидатот за претседател. Средбата ќе се одржи во 20 часот, а потоа, ќе се каже и конечниот став на коалициониот партнер. Според информациите, двете партии ќе имаат заеднички кандидат.Висок функционер од СДСМ вчера за Плусинфо брифираше дека изборот на заедничкиот кандидат за шеф на државата е стеснет помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски. Од ДУИ пак, брифираат дека сѐ уште во игра се четирите кандидати, односно Спасовски, Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.Алијансата за Албанците и БЕСА, пак, соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река.

Македонија | пред 7 години

7 год.
helsinski

Хелсиншки за „родител 1 и 2“: Во ниту еден закон не се менуваат термините „мајка“ и „татко“

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги осудува лажните вести кои се пласираат во медиумите, а се однесуваат на предлог Законот за заштита од дискриминација, во период кога демократските чинители во земјава се борат за негово итно усвојување.„Овој закон, кој треба да гарантира еднаков третман и заштита на сите граѓани во земјава, веќе подолго време е блокиран во Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Се наоѓаме во недозволива ситуација кога закон што регулира основни човекови права е предмет на партиски калкулации. Истовремено, преку медиумите и социјалните мрежи се шират дезинформации околу содржината на овој закон, за на небулозен начин да се оправда ваквото недемократско и анти-европско однесување на политичките партии.  За дополнително појаснување за сите кои се впуштија во ширење на извртена вест, нагласуваме дека во ниту еден предложен или донесен закон не се предвидува замена на термините „мајка“ и „татко“ со „родител 1“ и „родител 2“. Тоа е теза нафрлена во форма на прашање од страна на политичка партија што е против предлог-Законот за заштита од дискриминација“, велат оттаму.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzes-bejli12-620x336

Бејли дојде во Македонија си отиде од Северна Македонија: Се гледаме!

Aмериканскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли на Твитер и се заблагодари на Северна Македонија за гостопримството, пријателството и љубезноста.„До следно видување“, напишал Бејли.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Џафери и се спротистави на Русковска: Вината за Вељаноски е кај вас

Одговорноста за евентуално бегство на Трајко Вељаноски кому не му беше одземен имунитетот не може да се бара во Парламентот, туку ќе биде кај судот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите.-Одговорноста ќе биде кај Судот кој треба да го обезбеди присуството на сите осомничени и обвинети, кажа Џафери.Обвинителката Вилма Русковска откако пратениците не му го одзедоа мандатот на Вељаноски, кажа дека одговорноста за евентуалното бегство ќе биде кај пратениците.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Akcija-za-sadenje

Продолжува зазеленувањето на Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве продолжи со засадување нови дрвја и со обновување на зеленилото на кружниот тек во Стар Аеродром, како и во дворовите на основното училиште „Браќа Миладиновци“ и детската градинка „Сонце“.Во оваа акција се засадуваат околу 800 садници, од кои повеќето се даб, липа, јавори, а се садат и јуниперуси и леланди.Општина Аеродром и есента спроведе голема акција во која беа засадени повеќе видови високостеблести дрвја на различни локации на целата територија. Набавени се над 1800 садници, за што од буџетот на Општината се издвоени 8 милиони денари.Општината останува посветена на раззеленувањето на просторот, како долгорочна мерка за зачувување на здравата животна средина.

Скопје | пред 7 години

7 год.
klima-ured

Започна постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на клима уреди

Градот Скопје, како една од мерките против загадувањето на воздухот, денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување.Со јавниот повик се опфаќаат сите инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2019 година и ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од Буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, додека јавниот повик ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“.На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.Целосниот јавен повик со условите и критериумите за аплицирање граѓаните можат да го видат на следната интернет врска –www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен повик за инвертори.pdf  

Скопје | пред 7 години

7 год.
1783741-670x377

Попладне ќе се знае кој од СДСМ ќе и се спротистави на Силјановска

Јавноста и натаму очекува објава на името на заедничкиот претседателски кандидат на коалициските партнери СДСМ и на ДУИ,  што го договорија Заев и Ахмети. Како што беше најавено по нивната средба во средата, името на кандидатот треба да биде објавено денеска.Алијансата за Албанците и БЕСА, пак, соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река. Тој од вчера се приклучи на списокот кандидати за претседател на кој е и Гордана Силјановска Давкова, зад која застана ВМРО-ДПМНЕ.По одлуката на лидерите од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за заеднички кандидат, дел од медиумите објавија дека веќе е познато и името, а дел, пак, тврдеа дека се уште се во игра се имињата на Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
GSMA-Awards

HUAWEI Mate X прогласен за најдобар нов мобилен телефон на Светкиот конгрес со Барселона

Huawei Mate X паметниот 5G телефон ја освои наградата на GSMA „Најдобро поврзан мобилен уред на Светскиот мобилен конгрес во Барселона 2019 година“, поради својата Falcon Wing Mechanical Hinge, водечката комуникациска способност од 5G, иновативната интеракција на човекот со паметниот телефон и неговиот Супер полначот.Оваа специјална и најпосакувана награда ја дава организаторот GSMA за новолансирани или уреди кои ќе бидат лансирани во блиска иднина, што претставува највисоко признание во пионерските идни технологии. Претходно оваа недела на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, Huawei освои бројни GLOMO награди (Global Mobile Awards ), вклучувајќи ја и наградата „Најдобар паметен телефон на годината“ за HUAWEI Mate 20 Pro, кој е водечки во својата класа.„Во име на целиот наш тим во Huawei, јас би сакал да се заблагодарам на GSMA за оваа награда. Оваа година, 5G е на сите уреди, мрежи и чипсети кои се поврзуваат, 2019 е година во која го трансформираме начинот на кој се поврзуваме, носејќи нови и неверојатни можности во нашите животи“, рече Кевин Хо, претседател на телефонскиот бизнис во Huawei Consumer Business Group.HUAWEI Mate X, најбрзиот 5G телефон на преклоп во светот е опремен со флексибилен OLED панел, Falcon Wing Mechanical Hinge, 7nm чипсет Balong 5000 и висока моќност на батерија од 4500mAh која e поддржана од најбрзиот светски HUAWEI SuperCharge од 55W. Оваа високо-технолошка технологија ја револуционизираше традиционалната форма на мобилни телефони, донесе неверојатно искуство за интеракција и водечко иновативно истражување на индустријата за паметни телефони. Со самото лансирање, HUAWEI Mate X беше широко признат од врвните светски медиуми. Досега има добиено награди од дури 30 меѓународни светски медиуми од различни земји и региони.Huawei инвестира повеќе од 10% од продажбата во истражување и развој секоја година. Само во 2018 година, Huawei инвестираше 15 милијарди американски долари во истражување и развој и доби 87.805 овластени патенти. Huawei е рангирана на петтото место во светот, според Европската инвестициска табела, за инвестициски рејтинг на ЕУ за 2008 година. Водејќи се со слоганот „потрошувачот на прво место“, Huawei е посветен на овозможување на сите луѓе да ги уживаат придобивките од дигиталниот животен стил. Со доаѓањето на 5G технологијата, Huawei е еден од малкуте производители кои имаат способност да развијат целосна палета на 5G производи и да испорача целосно синхронизирано корисничко искуство.World Mobile Conference 2019 во Барселона, во организација на GSMA, се одржува од 25 февруари до 28 февруари. GSMA ги претставува интересите на мобилните оператори ширум светот, обединувајќи повеќе од 750 оператори и речиси 400 компании во поширокиот мобилен екосистем, вклучувајќи производители на мобилни телефони и уреди, софтверски компании, снабдувачи на опрема и интернет компании, како и организации во слични индустриски сектори. GSMA, исто така, ги спроведува водечките MWC настани во индустријата што се одржуваат секоја година во Барселона, Лос Анџелес и Шангај, како и на регионалните конференции за мобилна телефонија.

пред 7 години

7 год.
Sobranie-naa-FFM-777x437

Експретседателот на ФФМ затајувал данок

Управата за Финансиска полиција до ОЈО поднесе кривична пријава против екс претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓоржиоски поради сомневање за даночно затајување и фалсификување и уништување на деловните книги.Како што се наведува во соопштението од Финансиската полиција, делата за кои се товари екс претседателот на ФФМ се сторени во перидот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018.Ѓорѓиоски, според Финансиската полиција, „свесно и со намера во име и на сметка на ФФМ прикажал лажни и невистините податоци во завршната сметка за 2017 кои на 27 февруари 2018 ја поднел до УЈП и Централаниот регистар“.Делата за кои се сомничи Ѓорѓиоски се дека тој во сметководствената евиденција не извршил отпис на ненаплатени побарувања од купувачите постари од три години и тоа од ликвидиран непостоечки субјект АД Тобако Скопје во износ од 10.639.293 денари и од АД Југохром Јегуновце во износ од 6.169.832 денари.На ваков начин како што велат од Финансиската полиција, Ѓорѓиоски ја зголемил даночната основица од непризнаените расходи за даночни цели , за кој износ не пресметал и не платил данок на добивка со што ФФМ остварила противправна корист од 1.680.912 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Рекордниот износ на странски инвестиции во 2018

Официјалните податоци ја потврдувуваат успешноста на економските политики на Владата предовдена од СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ.Странските инвестиции во 2018 година изнесуваат 624,5 милиони евра, што е рекорд, највисок износ во историјата на нашата економија.Странските инвестиции во земјава минатата година обезбедиле нови 4.500 добро платени работни места, со што директно влијаат на намалување на невработеноста, го јакнат бруто домашниот производ, се зголемува извозот, платите растат а со тоа се подобрува и животниот стандард на граѓаните.За само 20 месеци во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании. Дополнително, по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, нови шест компании донеле одлука да инвестираат во нашата земја.Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување мерки и политики што го поттикнуваат економскиот раст, што обезбедуваат нови вработувања, повеќе инвестиции и повеќе пари кај граѓаните, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев се рак за македонското здравство

СДСМ е партијата која парите во здравството, наместо за реновирање на болници, градење на нови или набавка на опрема за здравствените установи, ги троши за непродуктивни работи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Единствено што јавноста ќе го памети во 2018 година од Венко Филипче е обидот да додели тендер од 35 милиони евра на фантомска фирма отворена неколку дена пред распишувањето на тендерската постапка за набавка на реагенси во лабораториите.Немаат слух ниту за 30 деца со лесна кршливост на коските кои цела година се без неопходната терапија. Овие алармантни податоци беа обелоденети во јавноста.Грипот зeма се поголем зафат, има починати 4 лица, а епидемијата на морбилите коси низ целата територија на државата. Има епидемија на морбили, а на праг е и епидемија на грип. На епидемијата со морбили и покрај мерките не и се гледа крајот, а за состојбата со грипот нема ниту мерки. Молк од Филипче.Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го зголемува хаосот во здравството.За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mepso_sl111

МЕПСО трошела милиони евра за ски центри, барокна фасада и адвокати

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка за МЕПСО врз основа наревизорскиот извештај за финансиското работење на оваа компанија. Се истражува работењето на поранешното раководство додека директор беше Синиша Спасов, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 до 2016 година. Истрага води и Управата за финансиска полиција за барокната фасада и реконструкцијата на дирекцијата на МЕПСО која достигна цена од 11 милиони евра, а се уште не е докрај завршена.Ревизорскиот извештај беше објавен лани во март, а иницијатива за отворање на истрага ја потегна Владата, која е сопственик на МЕПСО. Во ревизорскиот извештај се обелоденети сомнителни тендери, договори за кои постојат индиции дека се коруптивни, сомнежи за злоупотреба на милиони евра државни пари и злоупотреба на службената положба на тогашното раководство.Поранешниот директор Синиша Спасов за ИРЛ тврди дека работел законски и домаќински, но тоа не го покажува и ревизорскиот извештај.Повеќе на ИРЛ.МК

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-leptokarija

Детали за пукањето пред ТЦ Лептокарија, не се познати учесниците

Престрелка меѓу два автомобили во движење вечерва ги вознемири жителите на скопската населба Карпош 3. Како што соопшти полицијата, нешто пред 19 часот биле пријавени пукотници на булеварот „Партизански одреди“ пред трговскиот центар Лептокарија.Од полицијата велат дека до овој момент нема пријавено повредени лица, а на терен, екипите кои веднаш излегоа на увид освен чаури од испуканите куршуми не нашле траги на крв.Вистинска среќа е што нема повредени ниту случајни минувачи со оглед на тоа што се пукало во непосредна близина на автобуската станица која во тој момент била преполна со ученици кои се враќале дома по наставата.Се уште нема информации за учесниците во престрелката.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Eпидемија на морбили и во Куманово

Центарот за јавно здравје во Куманово вчера прогласи епидемија на морбили. Бројот на заболени од мали сипаници од почетокот на годинава изнесува петнаесет, а последнава недела заболени се три лица. Новозаболени се првоодделенче и двајца здравствени работници од детското одделение од кумановската болница. Детето престојувало во целодневен престој во кумановска градинка.„Извршен е увид во вакциналниот статус на децата во градинката и во училиштето, извршена е дезинфекција и континуирано се врши проверка на вакциналниот статус на децата во градинките на ниво на Куманово, Исто така, тече вакцинирање во Здравствениот дом, се спроведуваат мерки во болницата со ограничени посети, зачестена дезинфекција и тријажа на пациентите“, изјави доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.Од вкупниот број заболени од почетокот на годинава, единаесет лица се од Куманово, а четири се жители на Општина Липково. Секој ден има нови случаи на морбили. Во последното деноноќие, од средата кон четвртокот, лекарите регистрирале морбили кај седум пациенти и, според податоците на Министерството за здравство, четворица се примени н болничко лекување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
12039717_1077029968973749_4968313203410025597_n

Зошто јас не можам да бидам претседателски кандидат?

Да нема забуни, тоа што јас инсистирам на тоа дека е време да имаме жена за претседател на државата, во никој случај не значи дека јас ќе се кандидирам за оваа функција, или дека сум соодветна за неа.Прво, не сум поврзана со ниту една политичка партија, или попрецизно кажано не сум и симпатична на ниту една политичка партија, или уште попрецизно, на сите политички партии им се превртува стомакот кога ќе се спомне моето име. Без исклучок.Второ, не сум поврзана со бизнис заедницата и на крај памет не ми паѓа да правам било какви отстапки во однос на правата на граѓаните во корист на бизнисот, профитот и личното богатење. Ја сум за агресивен прогресивен данок со кој во добивката на  најбогатите ќе се зафаќа најмалку со 50% и сум против било какви интимни врски меѓу власта и бизнисот.Трето,  претседателската функција не ја разбирам како биро за вработување, унапредување, наградување, помилување, додворување, отворање и/или поддршка на бизниси на роднини, пријатели, комшии и сл. Меѓутоа сум за најдобро можно искористување на она малку интелектуален потенцијал со кој располага ова наше државиче независно од верската, партиската, сексуалната, културната, музичката, етничката, припадност.Четврто, јас сум атеист кој го почитува правото на вероисповед како лично и многу интимно право и ниту една религија не ја сметам за сојузник на државата. Верските заедници за мене се обични здруженија на граѓани кои треба да бидат третирани како такви.Петто, не можам да бидам поткупена, на закани вообичаено реагирам со агресија, а умилкувањето го сметам за прв знак дека некого треба да го откачам.Шесто, не сакам скапа облека, скапи автомобили, големи канцеларии, резиденции, телохранители, послуга, црвени килими, приватни авиони, …Седмо, јас не ја кријам мојата лева ориентација во која се почнува и завршува со  човековите права за сите, секаде и во секоја ситуација. Најверојатно преведено на јазикот на сегашноста најблиски ми се зелените или екосоцијализмот.Посебен недостаток кој е дефинитивно непремостлив е тоа што јас точно знам кои се надлежностите на претседателот на државата и што може да направи, а што не, што е спротивно на гламурозните ветувања кои се даваат во време на претседателските кампањи во кои кандидатите ветуваат брда и долини, мед и млеко и активности кои немаат врска со функцијата претседател на државата.Во моментов во Македонија не може да има кандидат за претседател кој има и теориски шанси да биде избран а кој не припаѓа на ниту една политичка партија, кој е скаран со бизнис заедницата, кој нема намера да вработи барем сто души и уште толку да ги унапреди или именува, кој не се гушка со верските великодостојници и не имитира загрижен верник, кој не е веќе фатен на орото на меѓусебно давање и земање, кој не сонува за палата од мермер и запрен сообраќај додека поминува покрај смртниците, кој не е отворено или прикриено десно ориентиран и кој не е спремен да ја вети Месечината и брзо патување на Марс.Заради сето ова, ве молам ни на шега да не го спомнувате моето име како можен кандидат за претседател на државата.Меѓутоа, јас цврсто стојам на тврдењето дека на оваа држава и е потребна претседателка. И јас ќе гласам за било која кандидатка која ќе се појави на наредните избори. Било која. Добро, имам една црвена линија. Ќе гласам за било која, која е макар и за нијанса подобра од Ѓорѓе Иванов.Мирјана Најчевска, „КВАДРАТУРА НА КРУГОТ“ - kvadraturanakrugot.crnaovca.mk

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања