Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
izbori

(ВИДЕО) Неофицијлен, видео-спот за претседателските избори

Познати дел од кандидатите за престојните претседателски избори кои ќе се одржат во земјава на 21 април.Ви го претставуваме неофицијалниот видео-спот за претседателските избори....

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пендаровски изгуби од Иванов, ќе победи ли против Силјановска?

Претседателските избори во Македонија 2019 се редовни, шести, претседателски избори кои ќе се одржат на 21-ви април.  СДСМ и ДУИ вечерва го обелоденија името на консензулниот кандидат кој ќе се бори за претседателската фотеља. Тоа е Стево Пендаровски, човкот кој во моментов е национален координатор за подготовка на земјава за членство во НАТО.Пендаровски е македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.Сега веќе кога се знаат кандидатите за претседател од поголемите партии, започнува освојувањето на симпатиите од електоратот.Главен против кандидат на Пендаровски, му е кандидатот од опозициската ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.Да се потсетиме, Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори во 2014 год. Тогаш за избор на претседател на Македонија се бореа четворица кандидати. По вториот круг победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и дотогашен претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.Во 2014 водство во првиот круг остварил Иванов со освоени 448.303 гласови односно 51,65%, додека второпласиран бил Пендаровски со 326.069 гласови или 37,57% од избирачите кои гласале. Во вториот круг се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. Победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови.На минатите претседателски избори ВМРО ДПМНЕ победи со над 136 000 гласови разлика.Како ќе биде годинава, останува да видиме, но пред тоа да проследиме и каква кампања ќе понудат партиите и кандидатите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
stevo-pendarovski-1

Стево Пендаровски е претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ

Стево Пендаровски е претседателски кандадат на СДСМ и ДУИ за претстојните избори закажани за 21-ви април.Заев истакна дека очекува поддршка од сите и додаде дека останатите фаворити за претседател го прифатиле Пендаровски како претседателски кандидат.Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.Стево Пендаровски е македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.Неговите истражувачки области вклучуваат меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи.Стево Пендаровски е дипломиран правник на Правниот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрира на истиот Универзитет, на Институтот за политички, правни и социолошки истражувања на тема “Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици”. На истиот Институт докторира на тема “Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс”.Од 2008 година навака, е професор доктор од областите на меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
61647131-mirko-filipovic

Мирко Крокап Филиповиќ: Имав мозочен удар - никогаш веќе нема да се борам

 Готово е, се надевам нема да се расплачам, ама тоа е тоа, ме чека неизбежната пензија - изјави легендарниот хрватски ултимејтфајтер Мирко Филиповиќ.Тој ова го кажа вечерва во дневникот на загребска ТВ НОВА.Имав мозочен удар, крварење во мозокот. Јас денес излегов од болница и затоа сакав да дојдам овде, луѓето да видат дека сум здрав. Имав многу среќа во несреќа, но изливот нема врска со борбите, туку причините се други. Јас сега морам да се борам за живот - рече Филиповиќ.

Спорт | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ повторно лаже, листата на лекови за ретки болести е проширена, а буџетот зголемен

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за негрижа за пациентите и урнисување на здравството. 11 години оваа партија преку своите криминални политики ги газеше правата на пациентите, ги потценуваше докторите и нивниот труд , а здравствениот систем доживеа тотален колапс, се вели во реакцијата од СДСМ.Денеска пак како опозиција преку лажни вести се обидува да манипулира со граѓаните. На овој начин, само потврдува дека има целосно несериозен пристап за сериозни прашања како што е здравјето на граѓаните.Наспроти негрижата кон пациентите од страна на ВМРО ДПМНЕ , денес Владата предводена од СДСМ дава  вистински пример за грижа кон своите граѓани.Министерството за здравство информираше дека за првпат во Република Северна Македонија е воведен електронски регистар за следење на лицата со ретки болести. Истовремено, се проширува листата со лекови за ретки болети, со тоа што минатата година се воведоа 3 нови лекови, додека за оваа година воведени се два нови лека за ретките болести.Буџетот за ретките болести, оваа година  изнесува 380 милиони денари, со заложби на Владата овој буџет да се зголеми на 450 милиони денари. За разлика од претходната  2017 година кога изнесувал 210 милиони денари и 2018 година 224 милиони денари.ВМРО ДПМНЕ наместо да шири невистини, треба да заземе посериозен пристап  за прашањаta во здравството кои се пресериозна тема. Набавката којашто ја споменува ВМРО ДПМНЕ е дел од спроведувањето на Програмата за борба против ХИВ. Програма што се спроведува со невладиниот сектор за превенција и едукација за сексуално преносливите болести. Најголем дел од планираните средства ќе се искористат за набавка на антивирусна терапија и тестови за следење на ХИВ инфекцијата, додека пак дел од средствата се наменети за едукација, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
02

Поповски: Владата е отворена за поддршка на медиумите

Владата е подготвена да разговара со претставници на медиумската заедница за предлози базирани на меѓународни искуства. Ова денеска го истакна министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, во своето обраќање на јавната дискусија на тема „Фонд за развој на медиумите“, којашто се одржа во Струмица. Министерот Поповски ја поздрави иницијативата на Здружението на електронски медиуми „Медиум Објектив“ и изрази задоволство да разговара за сите предлози од претставниците на медиумските здруженија, новинарите и медиумите, како и за нивните потреби и очекувања од Владата.„Целта на овие дискусии е како да се овозможи медиумскиот плурализам да опстане и новинарството да добие развојна компонента“, рече Поповски, објаснувајќи дека токму на тој начин била креирана и Програмата за поддршка на печатените медиуми, на иницијатива на ЗНМ и Здружението за заштита на националните печатени медиуми. Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност истакна дека јазот меѓу новинарите, новинарските здруженија и сопственичките структури мора да се надмине и дека преку вакви јавни дискусии треба да се најде формула како да им се помогне на сите, базирано на меѓународни практики.„Оваа Влада нема намера да врши никакво влијание врз работата на медиумите, особено врз креирањето на содржини во информативните појаси. Намерата на Владата е да се поддржи вистинското и професионално новинарство”, истакна Поповски додавајќи дека сеуште нема одлука за тоа дали ќе има поддршка за националните, локалните и регионалните медиуми, туку дека преку дебата треба да се дојде до најдобрите решенија.Свои обраќања имаа и организаторот на настанот Димитар Мицев, претседател на Здружението на електронски медиуми „Медиум Објектив“ којшто презентираше анализа на состојбата во сферата на локалните медиуми и покрена иницијатива за формирање на фонд за развој на медиуми.Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ја изрази поддршката за изнаоѓање модели за опстанок на локалните и регионалните медиуми во насока на професионалното новинарство, но и како опсервација на локалните власти.Свои обраќања имаа и Васко Чукаров од „Здружението на приватни локални радио станици“ и Катерина Синадиновска од „Советот за етика во медиумите“, а на настанот беа присутни и претставници на речиси сите локални и регионални медиуми.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izjava-zaev.Still048

Нов инцидент на автопатот Скопје-Тетово - автобус во чад, патниците панично бегале

Нов инцидент на автопатот Скопје-Тетово откако според очевидец автобус од една скопска компанија бил целиот во чад, објави курир.мк.Сведок на настанот за порталот вели: Автобусот цел во чад беше. Патниците панично бегаа.Наскоро детали за инцидентот...

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_20190301_140101

Санирање на подрачните училишта во општина Битола

Продолжува санирањето на образовните објекти во Општина Битола, кое се спроведува изминативе месеци, а ќе продолжи и наредниот период. Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес посети четири подрачни училишта кои работат во состав на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица, заедно со директорот на училиштето Димитар Пипилевски. Подрачните училишта, со средства од Општина Битола во вредност од над 200.000 денари добија нови печки, а во дел од нив се изведуваа градежни активности и поставување водовод.Во подрачното училиште во селото Граешница, по интервенцијата на ЈКП „Водовод“ Битола, донесен е довод и одвод во училишната зграда, што ќе им овозможи на учениците, со понатамошните вложувања на општината, да добијат тоалет кој ќе биде лоциран во училишната зграда, наместо досегашниот кој е надвор од зградата. Во наредниот период во оваа зграда ќе се врши санација и опремување на уште една училница, како и поставување на патека од патот до училишната зграда, со цел учениците и наставниците да не поминуваат каллива патека до влезот во училиштето.[caption id="attachment_29005" align="alignnone" width="1240"]  [/caption]Во подрачното училиште во селото Лажец, со средства од Општина Битола беа заменети дотраените печки на дрва со нови, кои, како што велат вработените, им штедат дрва, а на учениците им обезбедуваат долготрајна затопленост за време на образовниот процес. Во ова училиште ќе се изврши и санација на покривната конструкција.Во подрачното училиште во селото Жабени, исто така е набавена нова печка на дрва, а во наредниот период следува набавка на уште една, како и санација на училниците.На крајот од обиколката на подрачните училишта кои работат во состав на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“, во селото Меџитлија градоначалничката ја посети новата просторија во училиштето, во која општината инвестираше за оспособување на спортска училница. Во овој објект, покрај изведбата на спортската училница, општината учествуваше и со градежни материјали и изведба на градежни работи во реконструирањето на таваните, покривната конструкција и местењето на олуците. Оваа образовна институција од страна на општината ќе добие подни плочки за ходникот и подна покаривка за спортската училница.[caption id="attachment_29006" align="alignnone" width="1240"] dav[/caption]Општина Битола им се заблагодарува на лицата кои самоиницијативно земаат учество во санација на подрачните училишта. Така, во училиштето во Граешница, сопствени финансиски средства донирал Сефер Алиевски за новата дограма, дел од инвентарот и подот, а за изградба на спортската училница во Меџитлија, финансиски средства донирал Керим Сулејмани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
52947227_303016213718185_5959745651276251136_n

(ФОТО) Подметнатите пожари во Струга оставија пустош за живиот свет

Во Струга остана само музејот да реагира на беззаконието !Фотографии кои ги објави музејот „Никола Незлобински“ на својата Фејсбук страна покажуваат пустош и екоцид за живиот свет кој настрада во подметнатите пожари во кои неколку дена гореше трската во Охридско Езеро кај Струга.Пожарите се подметнуваат намерно и паралелно со огнот, на брегот се поставува бетон за градба на дивоградби и узурпација на заштитениот езерски брег.Државата во овој случај покажа комплетна немоќ, институциите покажаа дека се целосно корумпирани, партизирани и лицата кои се на функции се или незаинтересирани и неспособни или заплашени или пак се потплатени, а дивеењето и самоволието е секојдневие.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Непотизмот зема замав, трудејќи се да ја дефокусираат јавноста ги поминаа сите граници

Деновиве на тапет се членовите на Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ приведени и држани повеќе од четири часа во полициска станица само единствено затоа што не се плашат и не се двоумат да ги критикуваат глупостите на оваа власт, нивното неработење и незнаење, истакна на пресс конференција Горан Степановски од ВМРО ДПМНЕ.Вработувањето на своите блиски роднини од страна на функционерите на СДСМ зема се поголем замав и непотребно се трудат да го покријат и ја дефокусираат јавноста и со тоа ги поминаа сите граници.Иако веќе година дена јавно ги критикуваме и именуваме имињата на функционерите и нивните блиски, сепак тие не се засрамија туку напротив по истиот пример продолжија и останатите.Директорката на студентскиот дом во Битола, Соња Карапец ја вработи својата ќерка во судот во Општина Битола. Заменик градоначалникот и член на Советот на Општина Битола, Емилија Костурски го врати својот сопруг во Општина Битола. А, претседателот на Советот, Валентин го вработи својот братучед во Општина Битола. Радмила Бајоска главна сестра во Клиничка Болница Битола, ја вработи својата ќерка во Клиничка Болница, а својот сопруг во РЕК Битола.Почитувани,Ова се само дел од непоститичките вработувања во СДСМ во последните неколку месеци, очигледно наместо живот за сите, се грижат единствено за живот за нивните најблиски и прогон на нивните неистомисленици, потенцира Степановски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Кривична апријава за командир на Полициската станица за ГП „Белановце“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди при Министерството за внатреши работи поднесе кривична пријава против З.Д., командир на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Белановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Во текот на јануари и февруари 2018 пријавениот, спротивно на одредбите на упатството за начинот на евидентирање на реализирани часови на работа, издал и потпишал три наредби за работа подолга од полното работно време на 10 полициски службеници, за работни часови кои од страна на истите биле остварени во редовни работни смени, кои биле предвидени во месечните и дневните распореди за работа.Со ова пријавениот го оштетил Буџетот на МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
iveqgpr0mxohbhtipzy0

Штипјанка наседнала на измама преку социјална мрежа

На 28.02.2019 во 15.30 часот во СВР Штип, 54-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од лице кое го запознала на социјалната мрежа Фејсбук на крајот на октомври 2018. Лицето се претставило дека е од САД и дека е војник во Авганистан.Според пријавеното, во декември 2018 година и кажал дека, бидејќи бил повреден, од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и дека парите ќе и ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата-Routenet Express за да можат парите да пристигнат во Македонија.Жената се согласила и во периодот од 26.12.2018 до 29.01.2019, во неколку наврати уплатила вкупно 7300 евра и 1590 долари на агенцијата. Парите требало да пристигнат до 20.02.2019, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slika-1

Мицкоски пред Европаратениците се пожали на лошата политичка и економска состојба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николоски во Скопје, во канцеларијата на преставништвото на Европската Унија остварија работен ручек со Европаратениците Едуард Кукан, Кнут Фленкенштајн и средба со европратениците Кристијан Дан Преда, Илхан Коучук, и евроамбасадорот Самоил Жбогар.На средбата претседателот Мицкоски ја потенцираше лошата политичка и економска состојба и доцнењето со исполнување на обврските од евроагендата. Мицкоски истакна дека власта наметнува недемократски амбиент и поделеност на општеството служејќи се со притисоци и прогон врз опозицијата и неистомислениците и во такви едни услови создадени од власта ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го замрзне своето учество во процесот Жан Моне, ценејќи ја неговата функција но неоправдувајќи ги методите со кој се служи власта.Мицкоски посочи дека корупцијата и криминалот останува еден од главните проблеми во државата, како и недостатокотот на правна држава и владеење на право. Власта создава систем во кој имаме зависно судство, политизирано обвинителство кои се ставаат во функција на политичките цели на актуелната партија на власт. Сето ова придонесува до голем застој во реформите врзани со европската агенда која не е приоритет за актуелната влада.Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека треба да се овозможи јавен обвинител на предлог од опозицијата кој ќе се справи со сомнежите за криминал и да овозможи борба против корупцијата, и дека власта треба да го прифати ова барање доколку навистина суштински се залага за правна држава и владеење на правото.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dubrovnik-davenik

30-годишен македонски државјанин се удавил кај Дубровник

Тело на 30-годишен македонски државјанин извадила попладнево хрватската полиција од море кај Дубровник. Како што јавува ХИНА, во тек е увид на местото и се утврдуваат околностите за смртта на мажот. Неофицијално тој се удавил.Хрватската полиција соопшти дека околу 13 часот е извлечено телото на маж, а при идентификација било утврдено дека станува збор за 30- годишен државјанин на Македонија, со постојан престој во Дубровик.Неофицијално наведуваат дека мажот паднал во морето од кое не можел да излезе. Откако бил извлечен од водите сè уште давал знаци на живот, а дека потоа починал.Во тек е увид, со кој ќе се утврдат причините за овој немил настан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
53212828_2348961918720501_7064631666119016448_n

Пошумени 2 хектари со 4.000 садници во Коњаре

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Јавното претпријатие „Македонски шуми“ денеска извршија пошумување во Коњаре. Пошумувањето е согласно Планот за чист воздух на Владата на Република Северна Македонија.„Со овие активности придонесуваме за здрава животна средина, што е најбитно за квалитетен живот на граѓаните на Република Северна Македонија. Во наредниот период носиме низа мерки и политики, преку коишто ќе дадеме силна поддршка на секторот шумарство“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Денеска на оваа локација на површина од 2 хектари се засадија 4.000 садници од багрем, даб, јасен и аризонски чемпрес. Вакви акции за пошумување во текот на годината ќе се спроведуваат и согласно Програмата за проширена репродукција во рамки на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.„Ние се враќаме на нашите законски обврски за пошумување, согласно „Посебните планови за стопанисување со шуми”, за кои можам да тврдам дека се стручно извршени од наши вработени и што е најважно со сопствен расад од нашите расадници“, изјави директорот на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев.Во новата Програма за рурален развој, оваа година за мерката „Инвестиции за зголемување на економската на шумите“, се издвојуваат 30 милиони денари. Оваа сума ќе биде наменета за обновување на шумскиот фонд преку формирање на прореди, мелиорација на деградирани шуми, како и директна и индиректна замена на неквалитетната дрвна маса со нови висококвалитетни дрвни видови.МЗШВ започнува сериозни реформи во шумарскиот сектор, со цел унапредување на шумите и шумарството во целина, преку ново финансирање за проширена репродукција на шуми, како и хармонизација на шумарската политика во рамките на процесот на приближување кон ЕУ. За ефикасна реализација на овие цели, МЗШВ има финансиска и техничка помош од ФАО, конкретно за развивање на методологијата за спроведување национален инвентар за шумите и ќе трае до крајот на година. Шумарството е влезено и во тригодишната програмска рамка на ФАО за Македонија. Дополнително, со европската ИПА 2019, за македонското земјоделство и руралниот развој планирани се 15 милиони евра, со кои за прв пат ќе се финансира и секторот шумарство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
03-1

Заев: На ЕУ ѝ треба Северна Македонија, колку што и на земјата ѝ треба ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од членовите на Владата, заменик на претседателот во Владата на РСМ задолжен за европски прашања Бујар Османи, заменичка на претседателот и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик претседателот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, денеска ја прими во посета делегацијата од Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент, предводена од членот на комитетот, естонскиот европратеник Туне Келам.Со желбите за добредојде и благодарност за посетата на членовите на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент, премиерот Заев им посака успешен исход од средбите што делегацијата ќе ги оствари во нашата земја кои ќе ги потврдат заложбите на Владата на Република Северна Македонија, за стратешката насоченост кон европска интеграција, преку интензивна и динамична работа со сите чинители и засегнати страни.Премиерот Заев ја изрази неговата и благодарноста на Владата на РСМ, како и на граѓаните на нашата земја, за несебичната поддршка на Европскиот парламент и на евро-пратениците од сите различни идеолошки групи, Европската комисија, Европскиот совет и Советот на Европската унија, како и државите членки на Европската унија, нашите соседи и многу други активни чинители, која беше клучна за цврсто да зачекориме напред.Тоа особено дојде до израз во конкретните задачи што стоеја пред Владата на РСМ како што беа преговорите со Владата на Грција со што се затвори проблем кој постоеше повеќе од 25 години и кој се трансформираше во стабилно пријателство кое треба да биде мотивација и инспирација за сите на Западен Балкан и во ЕУ.Како резултат на надминувањето на историскиот спор и високата усогласеност со стандардите на НАТО алијансата, Република Северна Македонија доби протокол потпишан од сите 29 НАТО сојузници за да стане 30-та членка на најмоќниот безбедносен сојуз кој сега е во фаза на ратификации во парламентите на државите членки на НАТО, со темпо кое ветува дека до крајот на оваа година Северна Македонија ќе биде и полноправна членка на Алијансата.Претседателот на Владата на РСМ Заев нагласи дека паралелно со овие процеси, Владата работеше напорно на клучните реформски области кои ни ги зададе Европскиот совет во јуни 2018 како услов за ефективен почеток на преговорите за членство во ЕУ во јуни 2019 година, односно реформи во правосудството, реформи во безбедносните и разузнавачките служби, борба против криминалот и корупцијата и реформи во јавната администрација.„Знаеме дека пред нас има долг пат за одење, кој ќе биде исполнет со макотрпна работа и силна волја. Но, гордо можеме да кажеме дека денес судството е понезависно од политиката, медиумите се слободни и ја контролираат власта, институциите се потранспарентни и поблиски до граѓаните, полицијата ги заштитува правата на граѓаните, немаме повеќе незаконско прислушкување, законот важи за сите без разлика колку се моќни, а економијата почнува да расте“, истакна премиерот Заев на средбата со делегацијата од Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент.Премиерот Заев потенцираше дека низ политичкиот дијалог, Владата прави секојдневни напори во Собранието и надвор од него да се најде заеднички јазик со опозицијата околу најважните реформски закони и тие напори дадоа конкретни резултати.„Затоа и целосно ги поддржуваме вашите напори за негување на политичкиот дијалог. Европратениците Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан присутни тука, како и Иво Вајгл, во рамки на Жан Моне дијалогот, одиграа круцијална улога во воспоставувањето на Пржинскиот Договор, а сега, заедно со пратениците од Собранието имаат повторно многу значајна улога во забрзување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата на РСМ Заев истакна дека со Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан за јасна перспектива за членство во ЕУ, со Самитот во Софија на тема ЕУ и Западен Балкан, со заклучоците на Европскиот совет во јуни 2018 година, и со препораката на Европскиот Парламент од ноември минатата година, со решавање на сите отворени прашања со соседите и со реформите, нашата земја го отвори патот за одлука за почеток на преговорите за членство во јуни 2019 година. Тој додаде дека очекува отпочнувањето на преговорите за членство за нашата земја да биде силен сигнал до Регионот на Западен Балкан дека процесот на пристапување и понатаму е заснован на заслуги и резултати на земја кандидат која испорачува, и која како одговор добива соодветна испорака и од ЕУ.Претседателот на Владата на РСМ Заев, во продолжение на средбата им даде збор на министрите во Владата кои информираа за најважните реформски остварувања кои се нотирани како неопходност и приоритети од страна на Европската Комисија, во заедничката стратегија за остварување резултати кои ќе ја донесат позитивната одлука на Европскиот Совет за отворање на поглавјата во јуни оваа година.Членовите на делегацијата на Комитетот за надворешна политика на вропскиот Парламент споделија нескриени честитки за оствареното во Република Северна Македонија во последните две години и нагласија дека денес, за време на нивната посета, тие гледаат една сосема друга земја – земја во процес на прифаќање на нејзиното членство во НАТО, земја која остварува позитивни резултати на планот на внатрешните реформи.На Европската Унија ѝ треба Република Северна Македонија, колку што и на земјата ѝ треба ЕУ, и токму затоа земјата треба во наредните 4 месеци да испорача силни аргументи според кои Европскиот Совет ќе биде убеден дека треба да го исполни ветеното и да бидат отворени првите поглавја од преговорите, врз основа на спроведените реформи за кои ќе биде постигнат консензус и кои ќе се реализираат во амбиент на конструктивен политички дијалог во земјата, истакнаа членовите на делегацијата на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент, на денешната средба со премиерот Заев и со делегацијата на Владата на РСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gumi

(ВИДЕО) Се горат гуми во Гостивар, никој не реагира!

О2 иницијатива на својот фејсбук профил објави видео, за кое пишува дека е од Гостивар.- Запалени гуми на нива на излез од Гостивар денеска. Ќе има казнет или стандарно ќе остане непознат сторител? напишаа од О2 иницијатива на ФБ.https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/2187816641470761/

Македонија | пред 7 години

7 год.
strajk

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија најавуваат штрајк од 5 март

Како Синдикат на администрација и државна управа на Македонија имаме морална, етичка и граѓанска должност и одговорност да ја известиме јавноста дека на 26.02.2019 год. испративме допис до Министерството за правда, Министер Рената Дескоска, до Претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловскии и до Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, Иван Џолев за започнување на штрајк согласно законите во Основен суд Скопје 1 Скопје, велат од Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија- САДУ.Од таму додаваат: Иако, претходно беа известени за нашите барања, каде бараме да се почитуваат законите во државата во рокот за помирување од 5 дена, наидовме само на молк и игнорирање од истоимените институции.На 26.02.2019 год. согласно законите уредно со списоци на наши потпишани членови ја известивме Министерката Рената Дескоска, Претседателот на Основен суд Скопје 1 и Претседателот на Врховниот суд дека ние на ден 05.03.2019 год. започнуваме штрајк.Од тука почнуваат реформите во правосудниот систем во Македонија. Вработените кои што согласно законските процедури се потпишаа дека ќе штрајкуваат биле изложени на притисок со цел да се откажат од нивните намери.Немајќи “резултат“ од ваквите активности, Претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје ги повикал сите вработени во салата за состаноци барајќи лично до петок (01.03.2019, денес) да се изјаснат дали ќе го подржат штрајкот, дали ќе штрајкуваат или ќе го повлечат својот потпис од списокот, иако согласно Законот за работни односи не смее да се вршат такви дејствија.Нашето законско и уставно загарантирано право на штрајк е грубо прекршено, а тие како Министер за правда, Претседател на Основен и Врховен суд, како судии, треба најдобро да знаат дека за такво делување и попречување на законски загарантирано право на штрајк следува кривична одговорност.Но сепак, затскривајќуи се зад моќта на власта се определуваат да ја извршат првата реформа во слободното судство во државата.Ги повикуваме веднаш да се откажат од нивните дејствија, во спротивно, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија како претставник на работниците има обврска да ги заштити правата на штрајк преку законите во нашето реформирано судство.Ги повикуваме сите невладини организации кои работат во областа на човековите права и демократијата, вклучувајќи го и Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој вчера критикуваше за недоволната активност на синдикатите, да излезат со свој став и осуда со што ќе придонесат во остварување на нашите права како синдикат.Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија за сите активности ќе ги извести меѓународните синдикални организации каде е полноправна членка ( European public service union- EPSU и Public services international- PSI ), а преку Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе бидат известени и Светската и Европската конфедерација на синдикати, но и Меѓународната организација на трудот, каде ќе бидат наведени сите факти и докази за кршење на законите во делот на синдикалното организирање и правото на штрајк.На крај, се надеваме дека ќе сопрат сите дејствија и после долг период ќе отпочне фер и коректен социјален дијалог и партнерство, а членовите ќе можат да ги искажуваат своите барања слободно, согласно законските одредби, со што ќе докажеме дека Македонија се наоѓа на Европски пат каде слободата е на највисоко ниво.Многу пати предупредувавме со нашата парола “ Не смеете без нас, да одлучувате за нас “ и дека и ние сме фактор за реформи, но очиглено не сме сериозно сфатени или пак не се разбира што значи синдикат и синдикално дејствување, велат од Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија- САДУ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО: Лице од кичевско осомничено дека при криволов извршило тешки дела против општата сигурност

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од кичевско за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 27.02.2019 година, вршејќи криволов во шума во кичевско, убеден дека забележал животно, испукал еден куршум од пушка. Притоа погодил едно оштетено лице, нанесувајќи му огнострелна повреда од животозагрозувачки карактер во пределот на абдоменот. Повредениот е хоспитализиран и се уште се наоѓа во тешка здравствена состојба.Со цел утврдување на фактите за настанот, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за вештачење на трагите од крв и чаурата пронајдена на лице место, наредба за претрес на домот на оштетениот, како и наредба за вештачење на одземеното оружје. Ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

пред 7 години

7 год.
stevo-pendarovski

Пендаровски кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ?

Владејачката коалиција предводена од лидерите на СДСМ и ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети вечерва на свечена координација во скопскиот хотел Хилтон ќе го утврди заедничкиот кандидат за претседател на државата, потврдија двете најголеми владејачки партии СДСМ и ДУИ. Неофицијално Стево Пендаровски ќе биде кандидатот кој ќе се бори за претседателската фотеља.Извори од СДСМ велат дека Пендаровски бил подобар од Спасовски па го исфрлил од конкуренција.Инаку Стево Пендароски беше кандидат за претседател во 2014 год, а негов против кандидат беше актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања