Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
DSC_2105

Заев - Курц: Австрија е и останува голем пријател и поддржувач на Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во Виена оствари средба со Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц.Истакнувајќи дека секоја посета на Република Австрија е задоволство, Премиерот Заев му се заблагодари лично на Канцеларот Курц, но и на Владата на Република Австрија за се што направиле за Република Северна Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан.„Сега откако почна да се имплементира договорот од Преспа, се насочуваме целосно кон работа на реформите дома. Постигнатиот договор имаше позитивен импакт врз целиот регион. Со договорот успеавме да покажеме дека со партнерство и дијалог може да се постигне многу“, потенцираше Премиерот Заев на средбата со Канцеларот Курц.На средбата Премиерот Заев истакна дека членството на Северна Македонија во Европската Унија е единствениот избор.„По историскиот договор меѓу нашата земја и Грција, време е да им се посветиме на економските прашања во земјата“, рече Премиерот Заев и додаде дека оваа година сите напори ги насочуваме кон забрзан раст на економијата.Средбата, како што истакна Канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц, уште еднаш го покажува и го докажува пријателството меѓу двете земји. По успехот со решавање на спорот со Грција, Република Австрија се надева дека годинава Република Северна Македонија ќе ги започне преговорите со Европската Унија, во тој процес, рече Канцеларот Курц, Австрија и натаму ќе и ја дава потребната поддршка на Северна Македонија.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
parenting-trends-2018-2

ЛАГА: Во ниту еден закон не се предвидува “родител 1” и “родител 2”, наместо “мајка” и “татко”

За сите „загрижени“ и уште повеќе за сите „расположени за шега“ родители под редни броеви, чујте и почујте:1. Муабетот со „родител 1“ и „родител 2“ наместо „мајка“ и „татко“ доаѓа од Франција, каде што пред две недели беше усвоен закон со кој (читај внимателно) - во документите за евиденција во школите каде што ги пишува основните податоци за децата, по името и презимето на детето нема да стои „татко: тој и тој“ и „мајка: таа и таа“, туку „родител 1“ и „родител 2“. Објаснето е и таму дека тоа не е исфрлање или забрана на термините „мајка“ и „татко“, туку нивна замена со неутрални термини во документите за евиденција и само таму. Бидејќи родителите се еднакви меѓу себе, а и семејствата се еднакви меѓу себе без разлика од колку и какви членови се составени, било одлучено дека нема потреба да се даваат родови улоги во официјални документи во образованието. Надвор од тоа, нормално дека ќе си продолжат да постојат и мајки и татковци, вклучително и во образовните материјали.[embed]https://www.facebook.com/1050673868/posts/10216718841617340?sfns=mo[/embed]2. Во Македонија и онака тоа одамна не постои, туку се пишува „име, име на еден од родителите, и презиме“, значи веќе имаме родова неутралност во таа евиденција, па гледам не се претворивме во „едниот родител“ и „другиот родител“, уште сме мајки и татковци.3. Во ниеден предложен или донесен закон или друга одлука не се предвидува замена на термините „мајка“ и „татко“ со „родител 1“ и „родител 2“. Тоа е теза што како прашање „дали ќе се случи“ ја постави политичка партија што е против предлог-законот за заштита од дискриминација, а ја раширија портали што и се наклонети на таа партија со манипулативни наслови од кои се добива впечаток дека тоа е готово донесено решение, а не „сомнеж“.

Коментари | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево време со температура до 20 степени

Денес времето ќе биде претежно сончево и топло. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Температурата ќе се движи од 11 до 20 степени.Во Скопје сончево време со температури од -2 до 18 степени.Утре претпладне ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура во деновите од викендот ќе биде за 4 до 5 степени пониска во однос на денешната. Од понеделник и понатаму ќе биде стабилно со мала до умерена облачност и со повторен пораст на дневната температура.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Rabota-na-pat

Состојба на патиштата- внимавајте на овој патен правец денеска има прекин во сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.На ден 28.02.2019 (четврток) и 01.03.2019 (петок) ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Градско-Неготино за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mirjana-najcevska-huliganka

Најчевска: Се чувствувам како глупача!

Професорката Мирјана Најчевска се чувствува понижена и ги губи како што вели живците поради последната кривична пријава која ја доби поради учеството во ,,шарената револуција’’, ова го изјави таа во дебатната емисија Отворено студио на ТВ 24.Таа посочи дека сега луѓето и се смеат поради тоа што се ,,акала’’ по улиците и сега оние кои што Најчевска ги донела на власт,  ја казниле за фарбањето на државните институции. -Како не е политички притисок, јас наместо да се занимавам сега со својата работа. Значи наместо да се бавам со она што ми е работам, наместо да се бавам со анализи, наместо да се бавам со студии, јас треба да губам време со подготвување на жалби, треба да губам со проочување на законски текстови, треба да губам време со размислување за судски процеси. И да ви кажам она што ми е најстрашно да губам живци. И да се чувствувам понижена. Зашто? Затоа што сега една Ванковска, една Силјановска, еден Миленко, еден Јади Бурек, сега уживаат, сега се смеат. И викаат види ја онаа глупачана Најчевска, се акаше по улиците и сега нејзините кои што ги донесе на власт ја казнија. Ние не ја казнивме, но тие ја казнија, вели Најчевска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
najcevska

Професорката Најчевска „распали“ по власта

Довчерашните ,,шарени соборци’’, Мирјана Најчевска и Петрит Сарачини жестоко дебатираа во Отвореното студио поради прекршочната пријава која ја доби Најчевска поради фарбањето на државните институции за време на ,,шарената револуција’’.„Ама јас не сум добила прекршочна казна од минатата власт. Не сум добила. Значи јас не сум добила прекршочна, не сум платила до сега казна. Сум дебатирала и кога била минатата власт. Значи факт е дека не сум добила прекршочна казна од минатата власт, а добив прекршочна казна од оваа власт“, вели Најчевска.„Оваа власт се решава да не го почитува законот, на ист начин како што не го почитувала претходната власт. Не знам дали тоа е од незнаење. Јас многу се плашам дека тоа е од незнаење тоа е најзастрашувачкиот момент или пак е од малициозност. Меѓутоа наједноставен начин, го зема законот, го чита законот нема основ за овие прекршоци само треба да се примени законот и по автоматизам да се повлечат сите овие прекршочни казни, истакнува таа“, додава Најчевска.За крај Најчевска запраша зашто досега не проработеле институциите, што правеле цели две и половина години.-Зашто досега не проработеле институциите. Што правеле, па поминаа две и пол години. Не проработеле, заклучи Најчевска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3-3-1

Шарената револуција плаќа 6.400 евра кон МВР, а ќе добие уште казни

Учесничката во Шарената револуција, Ирена Стеријовска на социјалните мрежи ги сподели имињата на оние кои добиле казни од МВР затоа што фрлале боја кон институциите. Последно, казна доби и професорката Мирјана Најчевска која ќе треба да плати 200 евра.„Ана Кркулевска - 15 казни од 100 евра, 1 од 400 евра и околу 30тина во процедураПавле Богоевски - 5 казни од 100 евра и 40 во процедураИрена Стеријовска - 20 казни од по 100 евра и уште 20тина во процедураЗамир Мехмети - 8 казни од по 100 евра и 30 во процедураСимона Спировска - 10тина казни од по 100 евра и немам информација и уште колку во процедураАлек Гочев - 7 извршни казни од по 100 евра и 32 во процедураЈаков Спасов - 11 извршни казни од по 100 евра и 10 во процедура... и многу многу други за кои немам точни информации.Значајна порака е кој човек владата го праќа за да дебатира со Најчевска на оваа тема. Покажува каков однос имаат по ова прашање и на кое ниво ја сведуваат Шарената“, пишува Стеријовска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pistol-vperen

Пукање во Лептокарија, Карпош 3

Во скопскaта населба Карпош, кај трговскиот центар „Лептокарија“ вечерва имало престрелка, пишува МКД.Неофицијално, пукотници си размениле две лица од своите возила, во моментов нема информации за повредени.Во моментов трае увидот и екипи на МВР се на самото место.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-6

Убиство во Струга

Едно лице е рането, а едно убиено во престрелка која предмалку се случила во струшкото село Поум, велат извори од МВР за „Скопје 1.мк“Полицијата врши увид во селото по убиството. Атмосферата меѓу селаните е тензична, а тие се роднински поврзани. Селото Поум е мало место со околу 200 жители.Засега не е познато колку лица учествувале во престрелката и која е причината. Детали нема ниту од МВР.Повеќе информации наскоро...

Македонија | пред 7 години

7 год.
cento_policija

Детали: По пукањето во Струга, починало 23-годишно момче

22-годишен стружанец У.В. од село Поум пукал во повеќе негови сограѓани, информираат од МВР.Младо лице од 23 години починало, откако било погодено со куршум од огнено оружје.„Денес околу 18.40 часот во с.Поум-Струга У. В. (роден 1997) од с.Поум пукал кон З. Б. (1996) и В. Б. (1973) како и кон други лица. З. Б. Починал, а В.Б. е пренесен во МЦ-Струга“Лицето кое пукало само се пријавило во ПС-Струга.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
53055663_1098238870376639_371751306622140416_n

Николовски: Обезбедуваме финансиска поддршка за набавка на фотоволтаични колектори и водопоила во бачилата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја посети Општина Чашка, кадешто имаше средба со сточарите од регионот. На средбата се дискутираше за актелните состојби во секторот, предлозите на сточарите и мерките од новите програми за финансиска поддршка и рурален развој.Николовски ги информираше дека МЗШВ, заедно со Јавното претпријатије за пасишта ќе изврши измени во Законот за пасишта со кои ќе се овозможи да се склучуваат повеќегодишни договори за користење на пасиштата.Во однос на новата програма за рурален развој, Николовски истакна дека за оваа година се предвидени средства за околу 50 фотоволтаични колектори  кои ќе бидат распоредени во бачилата кои немаат електрична енергија. Воедно, обезбедена е и поддршка за водопоила за бачилата. Дополнително, во програмата за финансиска поддршка за 2019 година зголемена е поддршката за произведено и предадено овчо млеко на 4,5 денари.МЗШВ во моментот работи и на нов оглас за доделување земјоделско земјиште за сточарство, кој ќе биде кумулативен по број на грла. Досега, на огласот до 3 хектари вкупно се потпишани 35 договори со вкупна земјоделска површина од 79 хектари, а на огласот над 3 се потпишани 20 договори со вкупна земјоделска површина од 114 хектари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
leptokarija-incident

(ОБНОВЕНО и ФОТО): По престрелката нема полиција на местото на инцидентот во Лептокарија

По вечерашната престрека кај Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската населба Карпош 3, нема нити полиција, нити се врши увид на местото на инцидентот, нити се прибираат доказни матријали. Само новинарите се обидуваат до стигнат до некоја информација за инволвираните во инцидентот.Од МВР го потврдија настанот. Според нив имало пукотници кај Трговскиот центар „Лептокарија“ и според првичните информации се работи за престрелка од два автомобили во движење.Инцидентот се случил околу 18:35 мин.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ebola-703x422

Во Конго исчезнаа четворица пациенти кои имале ебола

Министерството за здравство на Конго соопшти дека четворица пациенти, кај кои е потврдена ебола, исчезнале по вчерашниот напад на медицинскиот центар во источниот град Бутембо.Тоа беше втор напад на центарот за лекување од ебола во текот на изминатата седмица.Министерството доцна синоќа соопшти дека 32 од 38 пациенти, за кои има сомневање дека имаат ебола, побегнале.Дел од нив се пронајдени и привремено се префрлени во друг медицински центар.Властите трагаат по четворицата со потврдена ебола, а кои се мнозгу заразни. 

Свет | пред 7 години

7 год.
1779877pjimage-20190228t133041569ls

(ВИДЕО) Пожар во училиште во Подгорица, ученинците скокале од прозорци за да се спасат

Во средно машинско училиште во Подгорица утрово избувнал пожар, во кој нема повредени, објавија регионалните медиуми.На снимка објавена на инстаграм-страницата „Подгорички времеплов“ може да се види како учениците надвор скокале преку прозорците, објави сајтот cdm.me.Во соопштението на противпожарната служба се наведува дека во пожарот изгорел автомобил „југо“ кој се користел за практична настава.Исто така, изгорел и дел од инвентарот на гаражата и алат, а од чадот настанала и помала штета во блиските простории.„Два тима беа испратени на местото на настанот, а пожарот беше ставен под контрола во 10 часот и 5 минути“, соопштиле од противпожарната служба.Директорот на училиштето изјавил дека за времето на пожарот во просторијата имало четворица ученици и професор.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

По престрелката во Лептокарија -Нема повредени, ниту траги од крв

Попладнево имало пукотници кај Трговскиот центар „Лептокарија“ во скопската населба Карпош 3. Според првичните информации се работи за престрелка од два автомобили во движење.Инцидентот се случил околу 18:35 мин.Неофицијално до овој момент нема пријавено поведени , а нема ни траги од крв.Полициски службеници работат на расчистување на случајот

Скопје | пред 7 години

7 год.
vxk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT0RRN01EQV8vZDE4ZGU0MmZkYmRmNmExYWZkYjlhOWFhNDEzYTg2NDUuanBlZ5GTAs0C5ACBAAE

Се сруши мал авион во близина на Москва, загинаа две лица

Две лица го загубија животот при пад на мал авион во московското предградие Коломенси.Леталото се срушило покрај викендиците со што оштетен е еден објект.Причината за падот на авионот се уште е непозната.

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-22

Cо службени картички си набавувале гориво за приватните возила

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“.Во периодот од 01.01.2018 до 23.06.2018 пријавените како возачи во „М-НАВ“ АД Скопје-АКЛ Охрид, со картички за гориво од бензинска пумпа, кои биле наменети за набавка на гориво за службените возила на наведената компанија, набавувале гориво за приватни возила за што прикажувале лажни сметки и налози.Со ова пријавените на „М-НАВ“ АД Скопје му нанеле материјална штета од 382.363 денари. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Filip-Petrovski-TV-Nova

Бачев: Службеници на ДИК фатени како ги фалсификуваат формуларите за потписи на Филип Петровски

Лидерот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев на својот Фејсбук профил напиша дека службаници на ДИК се фатени како ги фалсификуваат формуларите за потписи на кандидатот за претседател Филип Петровски.„Вечерва службеници-Албанци во подрачната канцеларија на ДИК во Гази Баба фатени на лице место како ги фалсификуваат формуларите за потписи на д-р Филип Петровски. Повикана е полиција и во моментот е тензично во канцеларијата на ДИК“, напиша Бачев на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче-скитник

На 27.02.2019 во 15.05 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.А.(54) од Скопје пријавил дека на 26.02.2019 година околу 19.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Мицкоски ќе му се јави на Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во гостувањето во емисијата „Печат на неделата“ со Сашо Ордановски, на прашањето дали е во контакт со поранешниот премиер на земјата, на што одговори дека тие не контактирале и дека не бил во Србија и Унгарија да го договара бегството на Груевски.-Никаков контакт со Груевски. Повеќе други луѓе имаат контакт со Груевски отколку јас, рече Мицкоски.На прашањето зошто не контактирале вели дека го нема неговиот телефон.-Го немам неговиот телефон. Ќе го послушам вашиот совет, ќе се обидам да го побарам неговиот телефон и ќе го побарам, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања