Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
PIC_0012

КК „Академија ФМП“ ја продолжи доминацијата над своите ривали

КК „Академија ФМП“ и по 16 одиграно коло во Втората кошаркарска лига ја продолжи доминацијата над своите ривали.На домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ кошаркарите на клубот од Кисела Вода убедливо со 57 поени разлика, со резултат 110-53 го победија тимот на „Дино Баскет“ од Кочани. За „Академија ФМП“ ова беше 12 победа по ред без пораз во лигата.Најефикасен на натпреварот беше Дамјан Ѓорѓиевски со 16 постигнати коша, а двоцифрени беа уште и Кристијан Саздановски со 14, Константин Мартиноски со 13 и Дарко Најдовски со 10 поени од кои три тројки.

Спорт | пред 7 години

7 год.
nikoloski-lile-2

ФОТО: Се обновува љубовта помеѓу Лиле Поповска и ВМРО-ДПМНЕ

Старите коалициони партнери од 2006 година, Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ и Лилјана Попоска од ДОМ во срдечен разговор на улица во Скопје. Објективот на Скопје1 ги улови во центарот на Скопје во близина на Рекорд. Подолго време разговраа, очигледно за политика.Потсетуваме дека Лилјана Попоска беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ додека партијата беше на Власт, по што во 2018 февруари месец Попоска кажа дека Груевски ја уценувал за да остане во коалиција со ВМРО ДПМНЕ.Сега Попоска е дел од владината коалиција.После многу критики кои Попоска ги упатуваше кон ВМРО ДПМНЕ, ова е прв пат како ги затекнуваме повторно некогашните коалициони партнери да разговраат и тоа долго на улица.Се наметнува прашањето: Дали оваа средба значи дека се обновуваат врските помеѓу Попоска и ВМРО ДПМНЕ?

Скопје | пред 7 години

7 год.
deponija-21

О2 иницијатива: Пироманија ни е дијагнозата во Република Депонија и Чадојна

Пироманија ни е дијагнозата во Република Депонија и Чадојна. Секој ден масовно нешто се пали и така цела цела година. Диви депонии, ниви, запуштени и напуштени јавни површини, кабли, гуми.... „Државава ни личи на едно бојно поле каде секојдневно секој некаде нешто пали, а граѓаните, децата мали дишат“ напиша загрижен жител, во допис до институциите и граѓанските здруженија, напишаа на својот фејсбук профил од О2 иницијатива.Тие се категорични:РЕШЕТЕ го проблемов.Неопходно е да спроведете масовна едукативна кампања за штетноста од оваа појава, најдете начин преку медиумите, да допрете до луѓето, да им стане јасно колку се изложени на ризик, одете од општина до општина и директно едуцирајте ги.Дајте им алтернатива за стрништата, за уништувањето на отпадниот органски материјал од нивите, поставете компостари насекаде, научете ги како да компостираат, ако инсектите се причина за палењето, помогнете им со вистински информации, дајте им алтернатива која нема да биде масовна употреба на инсектициди и хербициди.Алтернативите сигурно им се добро познати на органските производители. Ако нема доволно контејнери за одлагање на отпад и собирањето е проблематично, поставете доволен број, воведете редовна служба која ќе го собира.Создадете услови за рециклирање.Казнувајте.Но решете го еднаш проблемот и дајте да не бидеме последната нецивилизирана земја на континентов велат од о2 иницијатива.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Slika-Kosta-28-02

Костадинов: Ѓорѓе Иванов мора да се изјасни за вработувањата во неговиот Кабинет

Ѓорге Иванов, исто како и Христијан Мицкоски, молчи за актуелниот случај со вработувања на ќерката на неговата советничка и основаните сомневања занепотизам односно судир на интереси, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Како што го истера целиот мандат, со молчење.Молкот мора да престане. Борбата против непотизамот, партизацијата и злоупотребата на државните институции започна и враќање нема.Граѓаните очекуваат одговори и преземање на одговорност.Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов.Нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак е вработена во Агенцијата за разузнавање, институција, што е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов.Со оглед на овие информации, за овој актуелен случај во Кабинетот на Иванов постојат основани сомневања за судир на интереси.Покрај ќерката, во државна институција работа добил и братот на Илиеска, Александар Тошески, кој е вработен во Централен регистар во Прилеп.Ѓорѓе Иванов мора да се изјасни за овој случај во неговиот Кабинет.Мора да ги повика роднините на Илиеска да се повлечат од работните места, во име на борбата против непотизамот.Добро е што Државната комисија за спречување на корупцијата отвора случаи. Ги очекуваме одлуките на ова независно тело.Најавуваме дека ќе поднесеме претставки за сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ нуди решенија и веќе започнаа првите повлекувања. Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Наместо работни визи за Германија, останале без пасоши и без пари

На 27.02.2019 во Полициската станица Тетово, Б.Ѓ.(37) од Тетово пријавил дека бил измамен од А.А.(36) од Тетово. Според пријавеното, А.А. нему и на негов колега им ветила дека за четири недели ќе им обезбедела работни визи за Германија.За завршување на ветеното тие и ги дале патните исправи и по 270 евра, но потоа повеќе не им се јавувала и се посомневале дека биле измамени.Се преземат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
puska-1

При лов, од ловечка пушка испукал куршум, и го повредил друго лице

На 27.02.2019 околу 18.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во атар на село Осој, кичевско, на место викано „Алексова нива“, Д.С.(34) од Кичево, при лов, од ловечка пушка испукал куршум, при што го повредил А.С.(66) од Кичево. А.С. со Итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Кичево, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид на местото на настанот, а Д.С. бил приведен во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка.Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

Кривина пријава за „даночно затајување“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.А.(35) село Чифлик, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „даночно затајување“ и против Т.С.(59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Во текот на 2015 првопријавениот, како управител на стовариште за продажба на дрва од Тетово, изготвил лажна документација и ја употребил во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во прилог на барањето за добивање на решение за промет на дрва и дрвни сортименти.По ова, за да избегне плаќање за репродукција на шума, во наведеното министерство во три наврати приложил испратници, со ист датум и број, за продажба на огревни букови дрва на физички лица. Додека, пак, на 13.08.2015 второпријавената, како инспектор во државен инспекторат за шумарство и ловство, при инспекциски надзор на наведеното стовариште, без да изврши соодветно мерење на просторот, донела заклучок дека ги исполнува условите за добивање на решение за склад на дрва и дрвни сортименти.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Со службени катрички за гориво си полнел приватни автомобили

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.З.(53) од село Делогожда, струшко, Р.И.(48) од село Горно Татеши, струшко и против Б.В.(45) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 01.01.2018 до 23.06.2018 пријавените како возачи во „М- НАВ“ АД Скопје-АКЛ Охрид, со картички за гориво од бензинска пумпа, кои биле наменети за набавка на гориво за службените возила на наведената компанија, набавувале гориво за приватни возила за што прикажувале лажни сметки и налози.Со ова пријавените на „М-НАВ“ АД Скопје му нанеле материјална штета од 382.363 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-za-kandidat

Се спрема ли Заев да биде консензуален претседателски кандидат?

Дали првиот полицаец Оливер Спасовски е фаворитот што по маратонски преговори го договорија Зоран Заев и Али Ахмети, дефинитивно ќе се знае утре. Без да соопштуваат детали за тоа какви се релациите во владината коалиција, Заев и Ахмети во средата вечерта се договорија – заеднички ќе настапат на претседателските избори.Договорот за консензуален кандидат по низата натегања на релација “Бихаќка” и Мала Речица, сепак и не е големо изненадување, со оглед на фактот што и Заев и Ахмети беа подготвени на се за да го спасат бракот од интерес.„Направивме суштинска анализа и се договоривме да воспоставиме еден стандард во нашата земја, иако обиди имаше и порано за тоа, меѓутоа беа неуспешни, за да дадеме порака до нашите граѓани дека имаме доволно зрели политички партии, но и општество, кои да може да донесат заеднички одлуки за претседател на државата”, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по едночасовната средба со премиерот Зоран Заев.Пред самата завршница на пазарањето во јавноста до крај се шпекулира со четворката од “Бихаќка” – Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Никола Димитров и Радмила Шекеринска. Дел од медиумите пак пренесуваат дека иако името ќе се договара утревечер на средба Заев -Ахмети, и дека ќе се избира меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.Поранешниот пратеник Сафет Бишевац во телевизиско интервју рече дека во редовите на СДСМ нема компетентен човек за достоен кандидат за претседател на Република Македонија и дека владејачката партија нема план за кампања за претстојните претседателски избори. Бишевац во интервјуто ја отвори можноста дури и премиерот Зоран Заев на крај да биде консензуалниот кандидат, иако тој во неколку наврати отфрли таква можност.Повеќе на Вечер.пресс

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Затворениците и натаму ќе си имаат телефони, одлучила Управата за санкции

Управата за извршување санкции наместо да интервенира и да ги одземе мобилните телефони на притворениците и затворениците, апелира да не ги злоупотребуваат. Во телефонски разговор за Алфа, директорот оваа институција, Јовица Стефановиќ , вели дека било разговарано затворениците да не ги злоупотребуваат работите кои ги имаат кај себе.-Направени беа вонредни контроли кај затворениците, беше разговарано со нив, побарано беше да не ги злоупотребуваат работите кои ги имаат кај себе, изјави во телефонски разговор за Алфа, Јовица Стефановиќ.Од затворите каде мобилните телефони се забранети последниве денови јавноста беше сведок на испратени закани од членови на Кумановската група, дел преку објави на социјалните мрежи, дел преку писма објавени во медиумите на албански јазик. Од затворските ќелии се заканија Сами Ушкини, алијас Командант Соколи, Мухамед Красниќи, познат како Командант Малишева, а во писмо закани пристигнаа и од целата Кумановска група.Повеќе на Алфа.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
52868355_305742573403004_6825135467831230464_n

Дивите платформи на Матка нема да се рушат туку ќе се легализираат, најави Беџети

Три платформи кои се поставени во заштитеното подрачје на Матка се дивоградби а градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, најавува дека ќе се обиде да најде правно решение за трите во пакет. Иако прецизно не кажа, меѓу редови најави дека како последна ја остава можноста да се руши било која од поставените три платформи.  Вели дека платформите се таму со години и дека станува збор за реновирање и реставрирање а не изградба како што објавија медиумите но и градските власти и смета дека станува збор за контра кампања.На градоначалникот Шилегов му порача дека избрзал со изјавите и дека треба да се фокусиа на проблемите за кои е надлежен а кои се на територијата на Општина Сарај.Од министерството за транспорт и врски, каде веќе трет ден чекаат официјална информација од надлежна институција за поставената платформа, соопштија дека сеуште немаат одлука околу евентуалното одземање на ингеренциите на Општина Сарај.Повеќе на Телма.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
Gjorge-Ivanov1

Пред заминување, Иванов унапредува вработени во армијата

Претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов му подготви „билет“ за Брисел на својот поранешен аѓутант - бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, кого го назначи за воен претставник на земјава во седиштето на НАТО. Указот за испраќање на Ѓоргоски на новата функција е објавен во „Службен весник“, каде што се забележува дека тој во седиштето на Алијансата, всушност, ќе треба да ја претставува „Република Македонија“. Сите одлуките што ги потпишал Иванов пред неколку дена се со досегашното име на државата. Затоа, пак, одлуките на Владата што се објавени во истиот број на „Службен весник“ - од 26 февруари, се со новото име на земјата - Република Северна Македонија.Иванов потпишал и указ за одликување на четворица припадници на АРМ со „Медал за храброст“ за укажаната помош по тешката автобуска несреќа кај Ласкарци. Исто така, во екот на предизборието, Иванов донел одлуки за уште неколку кадровски прераспределувања во ГШ на АРМ, иако Изборниот законик и новиот Закон за спречување корупција предвидуваат ограничувања во однос на нови вработувања во државни и во јавни институции од денот на распишувањето на изборите.Најпроблематично е именувањето на Ѓорговски за „воен претставник на Република Македонија во НАТО“, особено ако се има предвид новата позиција што нашата земја ја зазема во алијансата, благодарение на Преспанскиот договор и промената на името. Друга работа се политиките на Иванов за опструкција на Преспанскиот договор, а со тоа индиректно и за потпишувањето на Протоколот за членство на земјава во НАТО.Од кабинетот на Иванов ни изјавија вчера дека указите што се објавени во „Службен весник“ биле донесени на предлог на Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности. Постапката, велат од кабинетот, траеше неколку месеци.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0107

По протестите: Власта ветува дека ќе го усвои законот за заштита од дискриминација

Владејачката СДСМ, како парламентарно мнозинство вели „НЕ“ за дискриминацијата и се посветени на градење едно општество за сите, без подлеби, без дискирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности.„Во таа насока, Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе биде изгласан во Собранието до средината на март. Претходно Комисијата за труд и социјална политика во Собранието ќе заседава ќе ги заврши сите свои обврски поврзани со овој закон. Со измените, за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет“, рече Јагода Шахпаска од СДСМ, по денешната прес-конференција на 100 граѓански здруженија кои побараа Законот за спречување и заштита од дискриминација да биде донесен пред претседателските избори.Шахпаска вели дека измените ќе ги прошират надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција.„Новиот Закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на Комисијата, кој ќе добијат статус на функционери, со цел да се професионализира Комисијата. Истовремено, од судски трошоци се ослободуваат лицата кои ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација, а се зголемува и износот на прекршочните одредби за правни и физички лица за кои ќе се докаже дека сториле дискриминација“, вели Шахпаска.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ до државната комисија за спречување корупција достави список од неколку стотици случаи на непотизам

Денеска ние како ВМРО-ДПМНЕ, по серијалот на прес конференции каде што изнесовме многу примери на непотизам од редовите на власта на СДСМ, донесовме список којшто уредно го доставивме до архивата на Државната комисија за спречување корупција, којшто подоцна ќе влезе во редовите на седницата на антикорупционерите кадешто ќе мораат да ги истражат сите оние случаи на непотизам којшто беа очигледни и ги изнесовме на прес конференцијата, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Се работи за список од неколку стотици случаи на непотизам којшто се роднини во блиско крвно сродство на актуелните функционери, пратеници, градоначалници, директори од владата на СДСМ.Очекуваме дека во најбрз можен рок актикорупционерите ќе си ја завршат својата работа како што треба бидејќи на очиглед на целата ситуација се работи за највисок степен на непотизам во државните органи, и подоцна очекуваме дека ќе бидат процисуирани сите овие случаеви и предмети на непотизам.Исто така апелираме уште еднаш и ги охрабруваме не само роднините на функционерите од СДСМ да дадат откази коишто за жал се премногу мал број и може да се избројат на прсти, ги повикуваме и функционерите на СДСМ коишто си ги вработиле своите роднини да ги достават своите оставки во Владата бидејќи тоа е најморалниот чин кој што ќе може да го демонстрираат пред јавноста кој што најверојатно сакаат да го презентираат пред јавноста.Бидејќи секогаш кога еден функционер си вработува дел од своите роднини во државните институции, верувајте дека има таму родители на граѓани и на млади луѓе кои што гледаат и вложувале во своите деца, инвестирале, двоеле од себе за да им пружат нив образование и се останато за да може да успеат во животот. Но, за жал на сметка на нивното образование се вработуваат луѓе кои што се роднини и блиски на функционерите од власта па другиве мораат да си го бараат своето чаре надвор од државата.Така да уште еднаш повикуваме антикорупционерите да го решат овој можеби најголем скандал на непотизам во Република Македонија и сите одговорни да сносат одговорност, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pecat-nasovna

АВМУ: „1ТВ“ не ги почитува професионалните стандарди

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги преку соопштение реагира на вчерашното интервју на телевизијата „1ТВ“ со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во соопштението се вели дека телевизијата не ги почитувала професионалните стандарди, односно новинарот што го водел интервјуто, Сашо Ордановски, ги прекршил начелата за почитување на достоинството на личноста, начелата за пресумција на невиност и начелата за објективно и непристрасно прикажување на настаните.„Во врска со интервјуто на новинарот Сашо Ордановски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, емитувано на '1ТВ', првичните наоди од надзорот на Агенцијата укажуваат дека во делови од интервјуто новинарот ги прекршува начелата за почитување достоинството на личноста, за пресумција на невиноста и за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на разни гледишта и мислења од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги“, стои во соопштението од АВМУ.Од Агенцијата велат дека професионалното работење на медиумите подразбира почитување на сите начела на вршење на дејноста кои се потпираат на новинарските стандарди.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada-19.02-pak

Власта ќе го крие името на кандидатот за претседател

СДСМ до Конгресот в недела нема да го открива името на кандидатот за претседател зад кој заеднички ќе застанат со ДУИ и останатите коалициски партнери.Од извори од штабот на социјалдемократите и од ДУИ велат дека утре вечер во Клубот на пратеници ќе се случи уште една средба меѓу лидерот Зоран Заев и Али Ахмети, но овој пат ќе им се придружат и првите луѓе на ДПА и новоформираната Алтернатива, Мендух Тачи и Африм Гаши. На оваа средба, според нашите извори, лидерите кончено ќе пресечат кое ќе биде името кое ќе го промовираат во претседателски кандидат.Извори и СДСМ и од ДУИ, покрај информациите во повеќе медиуми дека одлуката е донесена и името е веќе познато, за Канал 5 тврдат дека во игра се уште се четворицата фаворити кои веќе подолго се споменуваат – Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски.Од резултатите од анкетите, заклучоците на партиските органи и ставовите на лидерите ќе бидат земени предвид в петок вечер при носењето на одлуката кој ќе влезе во трката за шеф на државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
spasovski-21

Спасовски: Откази за вработените во УБК кои нема да ги исполнат условите за работа во новата агенција

Доколку за вработен во сегашната УБК се утврди дека е безбедносен ризик и не ја поминал безбедносната проверка, тој ќе биде отпуштен од работа во МВР. Ова го предвидува предлог-законот за агенција за национална безбедност, агенција која од први јуни треба да го наследи досегашното УБК. Роковите се кратки а веќе наредната среда законот со европско знаменце ќе се најде на пленарна седница пред пратениците.Критериумите за вработување во агенцијата се строги, прво ќе се прави профил на работно место, потоа профил на личност за тоа работно место и на крај ќе мора лицето кое ќе биде во финална селекција на тој процес да ги исполни сите критериуми според безбедносните стандарди на НАТО, вака денеска на брифинг со новинари објаснуваше директорот на УБК Горан Николовски.До први јуни, УБК ќе треба да се исели и од кругот на МВР и да стартува како агенција, но просторот каде ќе биде сместена се уште не е утврден.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Стоилковски:Македонија не смее да помине низ нов изборен процес со Љубомир Јовески како републички јавен обвинител

Македонија не смее да помине низ нов изборен процес со Љубомир Јовески како републички јавен обвинител. Јовески мора да си замине, бидејќи како дел од заевизмот, не постапува против изборниот криминал и со тоа ги злоупотребува своите позиција и овластувања, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Јовески остана глув и слеп на изборните манипулации, остана да седи во шинелот на Заевизмот, без да ги процесуира кривичните пријави поднесени од опозицијата. Уште повеќе што наместо ВМРО-ДПМНЕ, Јовески сам, согласно надлежноста и функцијата требаше да започне истрага за кривични дела од извонредно значење, како што е изборниот процес односно референдум.Со евидентната кражба на гласови, со полнење на кутии во рекордно време, со поткуп на гласови, со притисоци врз администрацијата, не успеаја да ја поразат волјата на народот и да го протуркаат референдумот за капитулантскиот договор. Како што не успеаја тогаш, нема да успеат ниту сега!Но, ништо не го амнестира Љубомир Јовески. Без постапка против организаторите и учесниците во овие кривични дела е директна заштита на изборниот криминал. Без постапување, Јавниот обвинител се стави на страна против граѓаните и против демократијата. Љубомир Јовески повеќе не смее да остане на функцијата јавен обвинител! Власта се сложи за обвинител на предлог на опозицијата и тоа мора да се почитува!ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи враќање на демократијата и на правната држава, за сите да бидат еднакви пред законот и институциите. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи услови во кои што правосудните институции непристрасно ќе одлучуваат и ќе ги процесуираат сите криминали на власт, истакна Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grip-12

Почина 12 годишно девојче од грип

На детската клиника денеска од грип починало 12-годишно девојче со церебрална парализа. Девојчето е втор смртен случај од грип оваа недела, а четврти оваа сезона.Девојчето било примено на КАРИЛ, а потоа префрлено на Детската клиника, велат од Министерството за здравство и додаваат дека допрва ќе се открива дали девојчето починало поради свински грип, затоа што испитувањата се во тек.Пред два дена, исто така од грип, на Клиниката за инфективни болести од грип починал 86-годишен пациент.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-4-1

Средби на премиерот Заев во Парламентот и Сенатот во Букурешт

Претседателот на Владата Зоран Заев и владината делегација се сретнаа и со претседателот на Домот на пратениците, Ливиу Драгнеа, како и со заменик претседателот на Сенатот на Романија, Јулијан Клаудиу Манда. Во Домот на пратениците е соопштена веста дека вчера едногласно е ратификуван Протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО.Изразени се честитки дека нашата држава испишува историја, како дома, така и во регионот и во Европа, низ визионерските политики и начинот на којшто им е пристапено и се решени прашањата важни за иднината.Премиерот Заев се заблагодари за огромната поддршка од Романија и за тоа што земјата е меѓу првите што пристапи кон потпишување на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.-Благодариме за почитта. За нас членството во НАТО е голема стратешка цел. Важни се мирот, стабилноста, безбедноста, но тие значат и економија. Нашата цел е да ги потврдиме перцепциите дека Северна Македонија може да биде и „економско чудо“.Во таа насока посебно е посветено внимание на планираниот бизнис форум од двете земји, интензивирање на економската соработка и размена на искуства на економски план. А разговарано е и за унапредување на соработката во областа на културата, образованието, гасното поврзување, инфраструктурата.Во Сенатот каде треба да се заокружи ратификувањето на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО е најавено дека течат забрзани процедури тоа да се случи во текот на следната недела. Изразени се честитки за храбриот пристап на премиерот Заев во решавањето на политичките прашања, на европски начин.Премиерот Заев, ги поздрави сите заложби на Романија за евро-атлантските интеграции на нашата земја и изрази надеж дека од романското претседателство во ЕУ, ќе произлезе отворање преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања