Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
tatko-deca

ХОРОР: Татко си ги фрлил четирите деца од прозорец

Хорор во Хрватска. Утрово татко си ги фрлил четирите деца од прозорец.Меидумите во регионот пренесуваат дека 54-годишен маж на висина од шест метри ги фрлил четирите деца од прозорец. Децата се на возраст од 3, 5, 7 и 8 години. Лекарите прават се да ги спасат децата.Мотивите за хоророт се непознати.

Свет | пред 7 години

7 год.
skele

Работник во Битола починал по пад од скеле на бетонска подлога

На 27.02.2019 околу 11.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на Градскиот стадион во Битола, при изведување градежни работи на објект во изградба, Д.Д.(58) од село Црнобуки, битолско, паднал од скеле на бетонска подлога. Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а во 19.30 часот починал.Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mobilni

Кај Струмичани пронајдени мобилни телефони и технички апарати, предмет на кражби

На 27.02.2019 во периодот од 10:30 до 12:40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршил претреси во дом и други простории сопственост на лицата Р.Б.(29), Г.В.(27) и Г.Г.(54), сите од Струмица.При претресите биле пронајдени и одземени мобилни телефони и други технички апарати кои се предмет на извршени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-6

Мицкоски смета дека СДСМ и ДУИ ќе бојкотираат, поради резултатите на Силјановска

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори зашто размислува за победа. Очекувам масовна поддршка за Гордана Силјановска-Давкова и таа е идниот претседател на Македонија, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоскиво интервју за 1ТВ.-Повеќе се плашам за бојкот од СДСМ и ДУИ во вториот круг, откога ќе ги видат резултатите во првиот. Веднаш по поразот на претседателските избори СДСМ сакала-нејќела ќе мора да оди на предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.Што се однесува до изборот Владејачката гарнитура да оди со консензуален кандидат Мицкоски рече:– Тој кандидат е најмалку консензуален, туку заеднички кандидат поддржан од овие две партии за да го намали поразот на претседателските избори и кратко да ја продолжи политичката кариера на политичарите од овие две политички партии. Јас сум сигурен ако излезат со посебен кандидат ќе изгубат од Силјановска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tabla-severna-2

МВР: До целосна промена на личните документи подигнете потврди со новото име Република Северна Македонија

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите документи, почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството кои не го содржат новото име на државата “Република Северна Македонија”.Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име ,,Република Северна Македонија“. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по било кој основ престојуваат во државата.Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
p2

(ГАЛЕРИЈА) Скопје - град на самоволието

Скопје стана град каде пешачките премини се главно паркиралиште, а пак тротоарите омилено место каде возачите ги оставаат автомобилите. Граѓаните реагираат, но залудно. Во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ секојдневно се споделуваат фотографии. Истите сведочат за хаосот во нашиот град.Иако надлежните реагираат, се е залудно. Очигледно, пајак-возилата не можат да постигнат да ги дислоцираат сите автомобили. За непрописно паркирање глобата е 45 евра, но цели 250 евра ако возилото е паркирано во близина на пешачки премин или крстосница.ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: За само 20 месеци рекорден број странски инвестиции

Успешните економски реформи на Владата предводена од СДСМ ја вратија довербата во нашата економија и позитивно влијаеа на создавање поволна клима за инвестирање што резултира со рекордни странски инвестиции во земјава, се вели во соопштението од СДСМ.Според соопштениете информации од пресметките на Владата, бројот и вредноста на странските инвеситции за последниот квартал од минатата година, како вкупно за целата 2018 година, се највисоки од независноста до сега.Странските инвестиции во земјава минатата година обезбедиле нови 4.500 добро платени работни места, со што директно влијаат на намалување на невработеноста, го јакнат бруто домашниот производ, се зголемува извозот, платите растат а со тоа се подобрува и животниот стандард на граѓаните.За само 20 месеци во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании. Дополнително, по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, нови шест компании донеле одлука да инвестираат во нашата земја, а најавени се 120 милиони евра инвестиција и од германска но и од компании од други држави надвор од Европа.Решвањето на спорот со Грција, успешните евроинтеграциски процеси и најавеното членство во НАТО обезбедија стабилност и поволна клима за инвестирање.Без да се потроши ниту еден денар на промоции и реклами, преку посветено и одговорно работење, Владата предводена од СДСМ од уназадена економија, успеа да создаде конкурентно стопанство атрактивно за странските и домашните инвеститори, стои во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
filip

Петровски: Водам на анкетите за претседател

„Нема анкета на која не водиме. Споделете љубов“, напиша на својот фејсбук профил поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна основач и претседател на партијата Демократска Десница, Филип Петровски.Тој учествуваше на партиската конвенција на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, како кандидат за претседател на Република Северна Македонија од таа партија, но не беше избран од делегатите. На конвенцијата како кандидат за претседател од оваа партија беше избрана професорката Гордана Силјановска Давкова.По ова петровски се одлучи да собира потписи, како самостоен кандидат за Претседател на Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
todor-petrov

Тодор Петров достави нова граѓанска иницијатива за распишување референдум за името

Нова граѓанска иницијатива за собирање најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Републиката. И овој пат иницијтор е Тодор Петров кој до Собранието достави 157 потписи од граѓани кои бараат распишување на референдум на кој ќе треба да се одговори со за или против на прашањето: „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“Слична иницијатива на Петров беше отфрлена како неуредна пред еден месец, бидејќи не била во согласност со Законот за референдум, бидејќи прашањето кое беше поставено било пред донесување на актот кој го уредува тоа прашање. Петров наведува дека изменетите амандмани на Уставот стапиле на сила на 12. Февруари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
srna

(ВИДЕО) Приказна со среќен крај: Изгубената срна се врати кај семејството, нивните реакции бесценети

Изгубена, па пронајдена. Или кратко замина, но се врати. Срната Бамби, се врати во семеството во село Белица – Кичевско. За неа ова е дом каде се чувствува безбедно. Слободно оди и јаде во домот на едни домаќини и семејство.[embed]https://www.facebook.com/211004172631/posts/10156366360877632?sfns=mo[/embed]Вистинска реткост е да се погледне ваква работа говори еден од мештаните, бидејќи овие животинчиња се нежни и мили и треба долго време да стекнат ваква навика. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
5-3

Собраните потписи од онлајн петицијата за разрешување на професорката Билјана Ванковска, стигнаа во МОН

Говорот на омраза преку Фејсбук статус на професорката Билјана Ванковска потикна 1800 лица да се потпишат на онлајн петицијата за разрешување на Ванковска. Петицијата ја започна активистот Ваљон Елези, два дена по трагичната несреќа кај селото Ласкарци во која животот го загубија 15 лица. Тој ја достави петицијата до архивата на Министерството за образование.Според Елези Легитимно и законско право да доставам барање и мислам дека институциите со одлуките кои ќе ги донесат нема да ја засегнат автономијата на Универзитетот. Реакциите беа такви кон Ванковска бидејќи таа ширеше говор на омраза, вели тој.Елези упати апел до министерот за образование, Арбр Адеми, со ингеренциите што ги има да ја отстрани професорката од државниот универзитет Св. Кирил и Методиј.Инаку дента кога се случи автобуската несреќа, професорката Билјана Ванковска на Фејсбук напиша: “Каква трагедија и иронија – Карпалак“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
carina-krminal

Танасоски: Поуспешна и поорганизирана борба против царински измами, недозволената трговија и криминал

Во борбата против организираниот прекуграничен криминал, кој е поставен во главниот фокус на работата на Царинската Управа, од клучно значење е воспоставувањето на институционална соработка со што поголем број релевантни институции, со цел учество во заедничките акции, размена на информации, сознанија и добри практики.„Во таа смисла, за интезивирање на соработката со Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (SELEC) и државите кои учествуваат во неговото работење, која за жал во изминативе години не била со оптимален капацитет, денес во просториите на Царинската управа остваривме средба со Генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (SELEC) г-ѓа Снежана Малеева.На средбата, на заедничко задоволство и Царинската управа и SELEC ја потврдија заедничката намера за максимално искористување на расположивите инструменти и поволностите кои ги нуди центарот, со што ќе се постигне поуспешна и поорганизирана борба против царински измами, недозволената трговија и криминал“, истакна директорот на Царинска управа Ѓоко Танасоски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ohridskabanka

Шпаркасе ја купува Охридска банка

Од Сосиете Женерал Груп информираат дека одговорните лица во компанијата потпишале договор за продавање на Охридска Банка Сосиете Женерал на Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, објави ohridpress.com.mk.– На 28-ми февруари 2019 година во Скопје, Сосиете Женерал, бул. Хаусман бр. 29, 75009 Париз, Франција (29 boulevard Haussmann, 75009 Paris) („СЖ“) (акционер на Охридска Банка кој во моментот поседува 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка) и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Шпаркасенплац 4, 8010 Грац, Австрија („Штаер“), постигнале договор согласно кој, и под одредбите и условите предвидени во таквиот договор, СЖ ќе и ги продаде на Штаер акциите кои ги поседува во Охридска Банка. Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите (вклучувајќи ги правилата кои се однесуваат на конкурентски понуди) на Законот за преземање на акционерските друштва (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 и 248/2018). Денес, управниот одбор на Охридска Банка прими од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка (“Намера за преземање”), информираат од банката.Додаваат дека порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања.– Охридска Банка АД Скопје, Сосиете Женерал Груп, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти. Во наредните неколку месеци, Сосиете Женерал Груп и Штаер заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи. Охридска Банка АД Скопје ќе продолжи да го услужува населението и корпоративните клиенти со истото ниво на квалитет и посветеност, спремајќи се за непречена транзиција за клиентите, обезбедувајќи притоа стабилност на нивниот однос со банката, информираат од банката.Инаку Скопје 1 уште во месец ноември 2018 год пишуваше дека Се окрупнува банкарскиот сектор во земјава и дека Народна банка треба да даде позитивен одговор , поточно дозвола за овој чин.Се обративме до Народна банка од каде не информираа дека има потреба од консолидација на домашниот банкарски систем, но досега ни една банка не побарала„Согласно со Законот за банките, за добивање дозвола за статусни промени, банката е должна да поднесе барање до НБРМ. Документацијата, постапката и критериумите за добивање дозвола за статусни промени на банка се пропишани со Одлуката за издавање дозволи донесена од Советот на НБРМ, јавно достапна и на институцијалната веб – страница. Во случај на добивање барање за статусна промена, а врз основа на оценка за исполнуавње на критериумите се донесува решение за издавање дозвола или за одбивање на барањето. Рокот за донесување на решението е регулиран со Законот за банките (член 22), јавно достапен на веб – страницата на НБРМ.НБРМ, во повеќе наврати го има изнесено својот позитивен став за потребата од поголема консолидација на домашниот банкарски систем, преку окрупнување по пат на спојување или присоединување на банките во системот согласно со регулативата. Цениме дека доколку се случи процес на консолидација, тој особено би бил значаен за помалите банки, кои поради економијата на обем, на подолг рок би се соочувале со предизвик за остварување на доволно високи и стабилни приходи кои би им обезбедиле континуиран позитивен финансиски резултат и долгорочна перспектива за функционирање. Меѓу другото, окрупнување на банкарскиот систем би значело и ефективно натамошно зголемување на конкуренцијата, што би требало да доведе до проширување на лепезата на производи кои ги нудат банките, а под конкуретни услови, ни рекоа од НБРМ во дописот кој ни го испратија на 28 ноември 2018 год.Инаку информација дека се продава Охридска банка ги растревожи вработените во банкарскиот сектор во земјава. Тие стравуваат дека сега ќе има отпуштања од работа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
neda-arneric

Неда Арнериќ се обидела да се самоубие - лекарите се борат за нејзиниот живот

Славната актерка Неда Арнериќ се обидела да се самоубие во својот стан. Неда Арнериќ, една од најголемите српски и југословенски актерки се обидела да се самоубие сношти во нејзиниот стан во Белград, пренесува српски „Курир“.Нејзиниот брат пријавил на полицијата дека Неда не му одговара на телефонските повици. Во домот на актерката веднаш пристигнала полицијата, пожарникари и бравар. Вратата била заклучена со клучот од внатрешната страна.Браварот и пожарникарите, заедно со братот влегле во станот и ја нашле актерката онесвестена. Таа давала знаци на живот, а покрај неа била кутија од лекови. Арнериќ во тешка состојба, е итно пренесена во болница. Пред три години, таа под непознати околности падна од станот на својата тераса и се здоби со повеќе тешки повреди.„Скокнав од тераса затоа што ми се смачи овој живот. Мојот сопруг е болен“, му рекла Арнериќ тогаш на анестезиологот пред операцијата.Сопругот на Арнериќ, познатиот хирург Милорад Мештеровиќ, почина на средината на декември минатата година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
vmro-frakcija

ВМРО-ДПМНЕ Фракција: Згнасени сме од евтината глума на Заев и Ахмети

„Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ е вџашена и згнасена од неодговорниот однос и евтината глума на самоумислените ,,цареви” Зоран  Заев и Али Ахмети. Во ситуација кога едниот од нив го изневерува својот коалиционен политички другар и јавно повторно ја покажува длабоко всадената љубов кон поранешениот долгогодишен партнер, тие без око да им трепне глумат сложна фамилија. Со насмеани усти од едното до другото уво, тие дури и на македонски јазик ја покажуваат нивната ,,идила”. Замислете за помалку од еден час во име враќање на меѓусебната љубов и почит договориле заедничко дете (консензуален кандидат за претседател).Тоа што дел од нивните послушни деца свесно ја попречуваат кривичната постапка за 27 април, штитат други деца пратеници обвинети за тероризам и притоа свесно го кршат Уставот и деловникот и не е така битно, зошто палавоста на децата е плод на воспитувањето и наредбите од родителите цареви. А кога е од царевите тоа мора да се испочитува до крај!. Евентуална одговорност за стореното или нестореното може да причека за некое идно време, откако ќе порасне ,,зачнатото консензуално” дете. Се разбира доколку не заборавиме до тогаш. А тоа што ,,консензуалното” дете во бракот од интерес ќе стои на стаклени нозе и може да се случи да не прооди или пак тоа што ќе ги налути нивните помали браќа и сестри, е најмалу битно во оваа ситуација. Не е битна ниту закажаната конвенција, ниту срамот и потсмевот на кој ќе бидат изложени останатите други деца и оние кои невино и наивно влетале во оваа брачно политичка заедница од интерес на ,,царевите” дадени од господ.Битно е тоа што ,,прва и последна секогаш е нивната”, се друго е само епизода која брзо се заборава. Демократијата, процедурата и широкиот консензус и не се прашања за децата, за тоа се прашуваат и договараат исклучиво самоумислените ,,цареви”. Тоа што децата во бракот од интерес и лажна љубов се голи и боси, царевите не сакаат сега да им го соопштат, туку кога малку ќе потпораснат и ќе разбираат малку повеќе“, се вели во соопштението на Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
enota-koper-central-park-05-782x521

Додека кај нас секој ден се создаваат нови депонии во Копер направиле уникатен парк

Словенечкиот град Копер на Јадранското море е побогат за еден интересен јавен проект кој е сместен на самиот брег на градот.Новиот „централен“ парк во ова место го имаат дизајнирано од словенечкото студио „Енота“ кои на градот му имаат подарено искривени пешачки патеки кои со обликот го следат брановитиот облик на паркот, а целиот облик од далечина повеќе изгледа како природата да го има направено, а не како да е тоа изграден објект.Паркот е поврзан со шеталиштето и се наоѓа на самиот брег, што претставува почетна точка на Ривиера која го поврзува Копер со Изола.Инаку, „Енота“ овој проект го има добиено на конкурс, а вкупниот буџет изнесувал три милиони евра. Паркот се простира на површина од 26 илјади квадратни метри, а соработници во проектот виле од студиото „ Spicy Garden“ кои се задолжени за пејсажната архитектура и „ Nom biro“ кои имаат вршено инженерски, механички и електро-технички работи на проектот. Од студиото велат дека станува збор за иновативен распоред на паркот, поделен на основни блокови со брановиден облик. Нивната контролирана позиција во просторот, во комбинација со изречената топографија на зелените површини, нежно ја одделува целата површина на паркот во индивидуални интровертни програми, додека градината е збогатена со домородните медитерански растенија. Блоковите на некои места се претвораат во препреки за децата, некаде ја играат улогата на ѕидовите за качување, а некаде ги покануваат пешаците да ги користат на невообичаен начин и создаваат нови патишта за себе. Базен, прскалки, вештачки гејзери и каскади се само некои од елементите што ги поттикнуваат минувачите за активно користење на просторот. Покрај тоа, бидејќи постојат добри шанси дека новата градска плажа ќе биде поврзана со паркот, овие елементи делуваат повеќе од погодно место.Извор : Порта 3

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денес и утре сончево со температури до 20 степени, од сабота промена на времето

Денес времето ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, која ќе се движи од 9 до 15 степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со температура од 0 до 13 степени.Во петок во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Rabota-na-pat

Промена на режимот на сообраќај на делницата Градско - Неготино

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.На ден 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток) и 01.03.2019 (петок) ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Градско-Неготино за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Денес 28.02.2019 (четврток) од 09:30ч. до 10:00ч. ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија во тунелите кај Демир Капија на автопатот, поради изведување на електричарски работи од ЕВН.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мицкоски: Вечерва имам холограмски дуел со премиерот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски гостуваше во „Печат на неделата“ каде водеше жесток дуел со новинарот Сашо Ордановски кого Мицкоски го нарече бард на новинарстово, но и дека има чувство дека во емисијата води холограмски дуел со премиерот.Мицкоски кажа дека Гордана Сиљаноска Давкова е иден Претседател на Македонија и дека консензуалниот кандидат на СДСМ и ДУИ е само нивни заеднички кандидат кој е таков за да го намали поразот на следните избори и за да се продолжи политичката кариера на лидерите на тие две партии.Интервјуто на моменти имаше и висок тон.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Proekt-hemija-678x381

(ВИДЕО) Креативни средношколци - „Од литиумска батерија до антидепресив”

Проектот на тема „Од литиумска батерија до антидепресив” е изработен со учениците Ана Филипче и Филип Николовски кои во текот на редовната настава постигнуваат надпросечни резултати и кои покажуваат поголем интерес за проширување на стекнатите знаења. Со тоа кај учениците се развиваат креативни способности за примена на знаењата во секојдневниот живот.Учениците го изработуваа проектот под менторство на проф. Билјана Стевоска и во соработка со ЈНУ „Хидробиолошки завод”-Охрид.Инспирирани од желбата за истражување и експериментирање како и популаризирање на хемијата како интересна и иновативна наука која зазема клучно место во многу аспекти на животот и нејзината примената во медицината, учениците како идни студенти на Медицинскиот факултет го изработија експериментот„Од литиумска батерија до антидепресив” . Креативноста во овој експеримент е тоа што преку издвојување на литиумот од литиумска батерија и низа други хемиски процеси , учениците добија литиум карбонат кој претставува активна супстанца на антидепресивите. Придобивката би била рециклирање на литиумските батерии со што ќе се заштити животната средина и натамошна употреба на литиумот во медицински цели. Учениците проектот го презентираа пред професорите и своите соученици и на настанот„ Ноември – месец на науката” во Скопје.Овој проект беше реализиран во хемиските лаборатории на ЈНУ „Хидробиолошки завод” и ОСУ „Св.Климент Охридски”. Голема благодарност до раководниот тим и вработрните во ЈНУ „Хидробиолошки завод”– Охрид.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања