Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
1783741-670x377

Ахмети: На овие избори ќе излеземе со заеднички претседателски кандидат со СДСМ

Имавме значително содржински состанок со Заев. Разговаравме за настаните во нашата земја и регионот. Се разбира дека една од суштинските теми беа претседателските избори, изјави Али Ахмети по средбата со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.„Направивме суштинска анализа имајки во предвид дека треба да воспоставиме стандард во нашата земја иако за тоа имаше обиди претходно, но беа неуспешни, за да дадеме здрава порака до нашите граѓани дека имаме доволно зрели политички партии и општество кои можат да донесат заеднички одлуки за претседател на државата. Се договоривме на овие избори да излеземе со заеднички кандидат за претседател на државата, и ова да стане стандард и во иднина.Секако дека се разговара за имињата кои се спомнуваат во медиумите и во наредните денови ќе има состаноци за да се одлучи еден од нив. Ќе има состаноци и со другите политички партии за да и они се здружат со оваа добра иницијатива за нашата земја“, изјави Ахмети.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sibora

Да бидеме хумани - потребни се средства за хируршка интервенција на 4-годишната Сибора

Семејството на 4-годишната Сибора Малетај од Скопје, која боледува од канцер на глава со дијагноза (EWING SARCOM/PNET), со апел до сите хумани граѓани бара да се соберат средства за хируршка интервенција и лекување на малото девојче во Турција.„Републичкиот фонд за здравство на Македонија не ни дозволува, односно не исплаќа парични средства за хируршка интервенција и лекување во странство“, велат од семејството и додаваат дека операцијата првично изнесува 35.000 евра и е последна надеж за оздравување на Сибора, објави република.Над четиригодишното девојче досега се извршени две операции на канцер на глава. Првата во Македонија , а втората кон крајот на месец декември 2018 во Турција.Сите хумани граѓани кои имаат броеви на „Македонски телеком“, може да донираат по 100 денари со повик на телефонскиот број 070/143-131.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Amdi-Bajram

Амди Бајрам лут: Ми го одземате правото да поставам прашања пред јавноста, ние не сме фактор?

Се налути пртеникот Амди Бајрам. Тој побара од колегите пратеници да се откажат од своето право да постават прашања, за да може јавно да ги постави своите прашања до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител.-Ова втор пат вака да ми правите, прошлиот пат се откажав. Ми го одземате правото да поставам прашања пред јавноста. Ние не сме фактор? Без разлика што сум Ром, има проблеми што треба да ги поставам за Ромите. Втора седница чекам да поставам прашање до МВР и до народниот правобранител. Не можам да дојдам до израз. Бидете хуманитарни, пуштете ме да поставам пратеничко прашање, народот бара од мене. Јас сум тука и поддржавам се, но што значи ова, кои игри се прават овде? Значи јас како Ром не би требало да учествувам во овој парламент, и што сега – да си дадам оставка? – рече тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
siluvanje

Му рекла да застане, но тој извршил обљуба - Кавадарчанка пријавила силување

На 26.02.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Кавадарци, 29- годишна девојка од Кавадарци пријавила дека на 24.02.2019 година околу 22.30 часот во нејзината соба нејзиниот познаник И.А.(28) од Кавадарци извршил обљуба врз неа. Според пријавеното, тие прво почнале да се бакнуваат, по што таа му рекла да застане, но тој ја извршил обљубата.И.А. бил пронајден и со него бил извршен разговор во полициска станица. По Наредба на јавен обвинител Ј.П. ќе биде спроведена до институтот за судска медицина во Скопје за преглед и вештачење . Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_4048

Демократската партија на Турците дава поддршка за заеднички кандидат за претседател

Заеднички претседателски кандидат, којшто ќе ја обедини цела држава и граѓаните, независно од националната или верската припадност, беше тема на разговор на денешната средба што ја имаше претседателот на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Демократската партија на Турците во Македонија Бејџан Илјас.На состанокот присуствуваа и Александар Кирацовски генерален секретар на СДСМ и Миле Зечевиќ организациски секретар на партијата, како и пратеникот од ДПТ Јусуф Хасани и партискиот генерален секретар Енвер Хусеин.Претседателите на двете партии констатираа дека има заемна желба за заеднички настап и се согласија дека за иднината на Република Северна Македонија е од исклучително значење да се дојде до заеднички кандидат за претседателските избори, кој ќе промовира единство, рамноправност и стабилност на земјата.Претседателот на СДСМ Зоран Заев нагласи дека партиските консултации околу обезбедување поддршка на заеднички претседателски кандидат веќе привршуваат и се одвиваат во позитивна насока. Тој изрази задоволство од подготвеноста на партиите и во рамките на Коалицијата што ја предводи СДСМ, но и од останатите партии да се обединат околу еден заеднички претседателски кандидат.Претседателот на ДПТМ Бејџан Илјас изрази уверување дека СДСМ преку внатрепартиските разговори, но и преку преговорите со останатите парламентарни и вонпарламентарни партии ќе дојде до најдобриот кандидат за претседателските избори. Тој најави дека ДПТМ активно ќе се вклучи во предизборната кампања, особено за промоција на претседателскиот кандидат кај припадниците на турската етничка заедница.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Jovan-Jauleski

(ВИДЕО) УМС ВМРО ДПМНЕ: Власта без никакво образложение во полициската станица приведе членови на ВМРО-ДПМНЕ

Власта уште еднаш покажува во пракса дека во Република Македонија дека правната држава е суспендирана. Денеска власта на Заев и Спасовски без никакво образложение во полициската станица зад нас неколку членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги држеше 4 часа, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Власта е исплашена од граѓаните, а особено од младите и затоа спроведува политички прогон врз сите неистомисленици и слободомислечки граѓани.Младите нема да ги исплашите. Младите се предводникот на промените кои следуваат.Почитувани претставници од власта, ударот врз младите е удар врз државата. Не можете да ги оправдате вашите лоши политики со спроведување терор, прогон и сеење на страв.Насилието мора да запре. Криминалот не смее да биде пракса. Откако сте на власт имаме 9 неразјаснати убиства, запалени автомобили, секојдневни грабежи и безредие. Власта не ја остварува нејзината основна задача - чување на редот и мирот.Тргнете ги рацете од младите. За целото незаконие кое го спроведувате ќе одговарате кога ќе се врати правната држава и демократијата во Република Македонија, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
krazba

Ограбиле 9 куќи, заработија кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Р.(27) од Кичево и Л.А.(27) од село Грешница, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба во обид”, кривично дело „тешка кражба” и кривично дело ,,кражба”.Во периодот од декември 2018 година до 13.02.2019 на подрачје на Кичево, во девет куќи, пријавените, со употреба на сила влегувале внатре и одзеле разни алати и апарати, со што предизвикале материјална штета од околу 100.000 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
iveqgpr0mxohbhtipzy0

24 годишен маж преку лажен профил на „Facebook’’, испраќал недолични пораки на девојка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.З.(24) од село Радишани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци’’ и „загрозување на сигурноста’’.На 20.11.2018 година на социјалната мрежа „Facebook’’ пријавениот креирал лажен профил со име на девојка од Тетово на кој објавил фотографии со недолична и компромитирачка содржина. Потоа, пријавениот, преку телефон, на девојката и испраќал пораки со закани по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija

Битолчани не ги почитуваат сообраќајните правила

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 26 февруари извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 404 возачи и возила.При контролата, констатирано е дека 25 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, шест возачи управувале без возачка дозвола. Нерегистрирани биле две возила, на мобилен разговарале двајца возачи и еден возач не користел сигурносен појас. Осум возачи се писмено опоменати, а на 46 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 15 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други девет видови прекршоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
stop-policija

Контрола на СВР Штип - од 27 автобуси, кај 10 е утврдена неисправност на уредот за запирање

На 27.02.2019 во периодот од 07.00 - 10.00 часот Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Од извршената контрола на 27 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, кај 10 е утврдена неисправност на уредот за запирање, поради што се исклучени од сообраќај и издадени им се прекршочни платни налози.

Македонија | пред 7 години

7 год.
2-7

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши: Со изборот на универзален снабдувач заштитен е интересот на граѓаните

Во Владата денеска се одржа прес- конференција на којашто се обратија заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Комисијата за избор на универзален снабдувач, академик Глигор Каневче и ги  споделија информациите и резултатите од одржаната електронска аукција на којашто конзорциумот ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје понуди најниска маржа од 11.5% и со тоа ги исполни условите да стане најповолен понудувач за универзален снабдувач на електрична енергија на конкурентен и транспарентен начин како што е предвидено во новиот Закон за енергетика.На самиот почеток на прес-конференцијата, академик Глигор Каневче како претседател на Комисијата за избор на Универзален снабдувач ги соопшти резултатите од одржаната електронска аукција, при што истиот потенцираше дека врз основа на претходно завршената евалуација на доставените документи, Комисијата утврди дека и двете понуди ги исполнуваат условите и критериумите од тендерската документација и поради тоа, компаниите беа поканети на денешната електронска аукција на којашто  за најповолен понудувач е избран конзорциумот ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје со понудената најниска бруто маржа од 11.5%„Универзалниот снабдувач како механизам со којшто се штити интересот на граѓаните на Република Северна Македонија и се обезбедува домашното производство на електрична енергија да стигне кај граѓаните по најповолни услови и цени и на тој начин се заштитуваат граѓаните од можните ценовни шокови, станува реалност. Денеска заврши јавното наддавање на тендерската постапка за универзален снабдувач при што од првичната понудена бруто маржа од 14.4% како почетна цена на аукцијата, цената во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија се намали за скоро 30% и последната понудена бруто маржа изнесува 11.5%. Со ова се гарантира дека најголемиот бенефит останува за граѓаните на Република Северна Македонија“, соопшти вицепремиерот Анѓушев и додаде дека либерализацијата на пазарот на електрична енергија ги дава економските бенефити во корист на потрошувачите.Во таа насока вицепремиерот Анѓушев додаде дека сите снабдувачи на слободниот пазар треба да се борат со помали маргини и да ги задоволат условите на тендерската постапка што ќе обезбеди поповолна цена за граѓаните.„Се ослободува и либерализира пазарот на електрична енергија за малите, средни и микро претпријатија, кои сега ќе имаат можност за избор и да очекуваат пониска цена на електричната енергија од таа којашто ја имаа досега. Овие мали компании, од маалски продавници па до средни и поголеми компании кои до скоро не беа на слободниот пазар, сега веќе имаат можност да очекуваат поевтина електрична енергија од таа што досега ја плаќале. Ова е важно бидејќи тие мали, средни и микро компании беа носители во транзициониот период на економијата“, нагласи вицепремиерот Анѓушев и рече дека Владата на Република Северна Македонија покажа знаење и капацитет да ги задоволи директивите на ЕУ за регулирањето на слободниот пазар.„Ја воведовме евтината тарифа на електрична енергија. Цената на струјата за граѓаните од формирањето на оваа Влада не се покачи, а претходно за неколку години имавме покачување на цената за цели 75%.  Преку универзалниот снабдувач гарантираме поволни цени и услови пред сé за граѓаните на Северна Македонија и заштита на претпријатијата и граѓаните, и конкуренција на пазарот на електрична енергија“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека денеска по завршување на електронската аукција како најповолен понудувач за универзален снабдувач со електрична енергија е избран конзорциумот составен од компаниите ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електроснабдување Скопје кој понуди бруто маржа од 11.5% и посочи дека во новиот Закон за енергетика е предвидено Република Северна Македонија да избере универзален снабдувач за наредните 5 години.„На транспарентен начин беше водена постапката, претседателот на Комисијата е од академската фела,  денеска на ова наддавање го избра најповолниот понудувач за универзален снабдувач којшто на наредната владина седница треба да се усвои со одлука на Владата. Имајќи ги во предвид двете понуди, едната од ЕВН Македонија, другата од ЕЛЕМ важно е да се истакне дека токму оваа Влада уште еднаш докажа дека на конкурентен начин ги решава сите прашања. Ќе продолжиме на транспарентен начин да овозможуваме поквалитетни услуги за граѓаните“, соопшти министерот Бектеши.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lovecka-puska

ОЈО: Во притвор разбојникот кој ограби казино во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на 40-годишна возраст од Гевгелија поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 и Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот во временскиот период од 12.10.2018 година до 22.02.2019 година неовластено држел преправено огнено оружје кое на граѓаните им е забрането и тоа ловечка пушка Збројовка Брно со кал.16 мм. и 8 ловечки куршуми со кал. 16 мм. На пушката претходно биле извршени механички интервенции со кои и се скратени цевките и кундакот.Со ова оружје осомничениот на 9 јануари околу 02.40 часот отишол во казино во Гевгелија каде откако влегол преку споредниот влез маскиран со качулка на главата го вперил оружјето кон касиерот. При тоа осомничениот од фиоката која се наоѓала на работното биро и од касата ги одзел парите кои се наоѓале внатре во вкупен износ од 150.000,00 денари во различни апоени, истите ги ставил во најлонско кесе и преку споредниот влез излегол од касиното и заминал.Основното јавно обвинителство Велес смета дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот и можности да ги повтори кривичните дела поради што до Судијата на претходна постапка на Основниот суд Велес предложи против осомниченото лице да се определи мерка притвор. Предлогот е прифатен и од страна на Судија на претходна постапка на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

пред 7 години

7 год.
stoilkovski-12

(ВИДЕО) Стоилковски: Кого крие и што крие Републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески повеќе од пет месеци?

Кого крие и што крие Републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески повеќе од пет месеци? Зошто не се постапува во врска со изборниот грабеж?ВМРО-ДПМНЕ има поднесено повеќе кривични пријави во кои само со една се опфатени над 200 лица за изборен криминал, за невозможно брзо гласање? Да потсетиме на рефрендумското изјаснување се гласаше за 2, 4, 5, 7, 9 секунди, што е невозможно, но можеби за Јовески е небитно, вели Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Не се постапува ниту по пријавата за изборен поткуп, во која како доказ е поднесено видео на кое што Зоран Заев поттикнуваше и јавно повикуваше на поткуп во изборни цели? Јовески не постапува, иако минаа пет месеци од референдумот, иако сите поднесени кривични пријави се поткрепени со докази.Државата повторно се подготвува за избори, а Љубомир Јовески е јавен обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, кривични пријави токму поврзани и се однесуваат на изборниот процес.Дали причина за молкот е содржината на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите кои што се под негова команда? Зошто и за оваа истрага се тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимени и што содржат нивните разговори?Почитувани,Пет месеци поминаа по завршувањето на референдумот на 30-ти септември, повеќе од пет месеци минаа од поднесените Кривични пријави од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од пет месеци нема никакво известување од ОЈО, ниту од Јавниот Обвинител, Љубомир Јовески за кривичните пријави! Државата се подготвува за нови избори, а Републичкиот Јавен Обвинител сето тоа го гледа и не реагира.Според Законот, Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој што ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Ама Републичкиот Јавен обвинител, Јовески никаде го нема!Јовески го нема, како што го нема ниту за многубројните афери како што се крвавите тендери на Филипче, за плацевите на кланот Заеви, за криминалните набавки во четири очи, за Фондот за иновации, буквално за сите криминали кои потоа завршуваат и со мафијашки пресметки со смртни последици? Јовески го нема ниту за кривичната пријава за објавувањето на законот за јазици.Почитувани,Јовески е Републички Јавен обвинител кој што мора да си замине! Свесно и намерно, Љубомир Јовески со непостапување, прави тешки злоупотреби на службената положба и овластување. Републичкиот Јавен обвинител е ОБВРЗАН САМ да почне да дејствува, дотолку повеќе што се работи за криминогени дејствија за НАСТАНИ ОД ВОНРЕДНО ЈАВНО ЗНАЧЕЊЕ. Јовески е ДОЛЖЕН да преземе предистражни дејствија за утврдување на околностите за сознанија за кривични дела и тоа е опис и попис на неговата функција. Со негово нестручно и несовесно работење прави свесна злоупотреба на службената должност.Јовески не презема дејства за кои што е задолжен и за што дал заклетва.Почитувани, помина времето кога Јавниот обвинител можеше да излезе од шинелот на Зоран Заев и да почне да постапува согласно заклетвата. Сега е време да си замине и согласно договореното, да се избере јавен обвинител на предлог на опозицијата, истакна вели Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
arsovski-14

(ВИДЕО) Арсовски презентираше случаи на непотизам кој владее на локално ниво

Епидемијата на непотизам е навистина застрашувачка. Ги има зафатено функционерите на СДСМ на сите можни нивоа. На државна сметка се закачиле блиски роднини на пратеници, членови на Влада, но и на сите градоначалници, истакна Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Денес ќе ви презентираме неколку сомнежи за непотизам кој владее на локално ниво кај што се заразени блиски роднини на градоначалниците на СДСМ.Дали вработување како професор во ОУ „Маршал Тито“ во Струмица добила сопругата на Марјан Јанев, инаку градоначалник на Василево од редовите на СДСМ?Дали вработување во Водостопанство Кавадарци добила ќерката на Бранко Јанев, градоначалникот на Росоман?Дали вработување како професор во ОУ „Кочо Рацин“ во Дојран добила сестрата на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов? Патем токму оваа институција е под директни ингеренции на братот, а сестрата баш таму станува професорка. Претпоставуваме дека изговорот ќе биде дека била единствен или најдобар кандидат, како и во сите претходни случаеви каде што се правдаат, односно се обидуваат да се оправдаат?!Вработување во Агенцијата за храна и ветеринарство добил братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски.Дали Вработување во Централен Регистар добил првиот братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски?Сестри, ќерки, браќа, сопруги, золви, снаи, свекрви и фризерки се најважниот критериум за вработување во Република Македонија во време на овој криминален картел кој што е на власт. Граѓаните гледаат како администрацијата се полни не според мерит, туку според Мира Дизел систем, а тоа граѓаните ќе треба да го плаќаат со народни пари прибирани од зголемените даноци, зголемените акцизи, давачки или безмилосните задолжувања на Тевдовски.Граѓаните ќе плаќаат за порамнување на роднинските односи на функционерите на власта, истакна Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_4007

(ВИДЕО) Костадинов го повика претседателот Иванов да го образложи вработувањето на Анастасија Илиеска и нејзините роднини

Партизацијата и злоупотребите на државните институции се симбoл на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кои донесоa пандемија на непотизам.Кабинетот на Ѓорѓе Иванов е уште една потврда дека во секоја државна институција која била раководена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ има случаи на вработувања на роднини на функционери од оваа партија, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Денеска ќе објавиме еден актуелен случај.Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов.Нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак е вработена во Агенцијата за разузнавање. Оваа институција, Агенцијата за разузнавање, е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов.Станува збор за многу блиски роднински врски, за овој актуелен случај во Кабинетот на Иванов постојат основани сомневања за судир на интереси.Освен нејзината ќерка, во државна инситуција добил работа и братот на Илиеска, Александар Тошески, поточно во Централен регистар во Прилеп.Го повикуваме Ѓорѓе Иванов да се изјасни за овој случај во неговиот Кабинет, да ги повика роднините на Илиевска да се повлечат од работните места, во името на борбата против непотизамот.Христијан Мицкоски да не чека, да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски и Стевананџија да ги повлечат своите роднини од државниот сектор. Да ја повика членката на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ и советничка на Иванов, Анастасија Илиеска, нека ги повлече своите роднини од државниот сектор.Ајде да го пресечеме јазолот на непотизам создаден во времето кога ВМРО-ДПМНЕ имаше апсолутна власт.СДСМ бара и нуди решенија против непотизам и партизацијата. Веќе се случија и повлекувања на вработени роднини на функционери.Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот.Најавуваме дека ќе поднесеме претставки до Државната комисија за спречување на корупцијата за овој, но и се сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО- ДПМНЕ, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lovecka-puska

Гевгеличанец заканувајќи се со ловечка пушка од електронско казино одзел околу 150.000,оо денари

Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава против Т.К.(40) од Гевгелија поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1, а во врска со член 44 став 1 и 2 од Кривичниот законик. Имено, на 09.01.2019 околу 02.40 часот во електронско казино во Гевгелија пријавениот со ловечка пушка марка „Брно“ упатил закана кон вработениот и противправно одзел околу 150.000,оо денари.На 22.02.2019 во 05.30 часот во непосредна близина на сервис кај с. Мрзенци, од страна на полициски службеници пријавениот е лишен од слобода и кај него биле пронајдени пари, цигари, кои потекнуваат од извршена тешка кражба во маркет во село Негорци и ловечката пушка. На 22.02.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеици извршиле претрес во станот и помошните простории во кои живее и престојува пријавениот, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела и тоа: четири кражби од продавници и три кражби во куќи, за кои дополнително ќе бидат процесуирани кривични пријави. На предлог на јавниот обвинител во Велес, од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Гевгелија, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_7638

Премиерот Заев на средба со вршителот на работите министер за Европа и надворешни работи на Албанија Цакај

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска ја прими во посета делегацијата на Република Албанија што ја предводи вршителот на работите министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај.Премиерот Заев, посакувајќи добредојде за делегацијата, на средбата истакна дека и со оваа посета се потврдува срдечното пријателство меѓу двете земји, без отворени прашања и со зацртани насоки за зајакнување и проширување на соработката меѓу владите и граѓаните на двете земји. Воедно се заблагодари за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во албанскиот Парламент.Претседателот на Владата Заев потенцираше дека Република Северна Македонија и Република Албанија имаат многу бројни заеднички интереси кои се сериозен капитал за градење на долгорочни пријателски односи, со проекти кои се од посебен интерес за граѓаните на двете земји.Освен заедничките стратешки интереси за членство во Европската Унија, Северна Македонија и Албанија посветено работат за инфраструктурното поврзување на двете земји, кое оваа година треба да добие нова динамика со финиширање на подготовките за старт на работите на железничката линија од Кичево до Лин во соседна Албанија, како и со довршување и конектирање на крак од автопатот Кичево-Охрид со Ќафасан.Со овие проекти, како и со соработката во сферата на енергетиката, се отвораат дополнителни можности за соработка со економијата, како потенцијал за продлабочување на пријателството меѓу двете земји и нивните народи, од кои произлегуваат и придобивките за нови проекти за соработка и во образованието и културата, рече премиерот Заев на средбата со делегацијата на Министерството за надворешни работи на Албанија што ја предводеше вршителот на работите министер за Европа и надворешни работи на оваа наша соседна земја, Гент Цакај.Вршителот на работите министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, на средбата се заблагодари за можноста делегација да се сретне со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Заев, и го изрази неговото лично, како и задоволството на Владата на неговата земја и на премиерот Еди Рама од извонредните односи и од взаемната поддршка меѓу двете земји кои бележат исклучителен раст во последните две години. Во таа насока, тој на средбата информираше дека албанската влада ги завршува административните работи за старт на работата на Културниот центар на Република Северна Македонија во Тирана, и дека се разгледуваат можностите за отворање на Културен центар на Република Албанија во Скопје.Вршителот на работите министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, на премиерот Заев му го предаде писмото со кое премиерот Еди Рама го поканува премиерот Заев во официјална посета на Тирана, и му ги пренесе честитките за успешната завршница на одредбите од Договорот од Преспа, како и за постапката на ратификација на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО.Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, се заблагодари за поканата и најави дека со задоволство ќе ја посети Република Албанија, како земја пријател која ја поддржува Република Северна Македонија низ целиот овој процес, и како земји партнери кои негуваат исти вредности кога е во прашање заедничката иднина на регионот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Во се политика - според Спасовски повеќе луѓе исчезнале кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ

Се исполитизира и статистиката за исчезнати лица, според министерот Спасовски повеќе исчезнувале лица за време на ВМРО ДПМНЕ.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратенички прашања за безбедноста во земјава, тврди дека Безбедноста во земјава се зголемила на 01 јуни 2017, кога МВР го превзеде како што кажа СДСМ и тој како министер. Според Спасовски министерството го превзел со 23 % доверба, а сега статистиката на ОПСЕ покажувала дека довербата сега кон МВР била 75 % .Спсосвки обраќајќи и се директно нс пратеничката Љилјана Затуровска од ВМРО ДПМНЕ и рече: Госпоѓо Затуровска - Фифти .. фифти ... само за тоа ве бива.Министерот пред пратениците ја презентираше и статистиката за исчезнати лица. Според него во 2014 кога на власт била ВМРО ДПМНЕ, пријавени исчезнати лица во земјава биле 554 лица, а во 2018 год кога министер за внатрешни работи е од СДСМ, пријавени исчезнати биле 370 лица.За економскиот криминал има зголемување на кривичните дела, и тоа е благодарени на вас од ВМРО ДПМНЕ. За 25 % се зголемини кривичните дела за злоупотреба на службена положба и овластивање, рече министерот.Во делот на компјутерски криминал откривачката дејнос бележи зголемување од 30%, а за 37 % намалување на убиства во Р Македонија во овој период, рече министерот.Во продолжение изјавата на министерот Оливер Спасовски, пред пратениците.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Општина Охрид ги стави во мирување програмите и проектите од јавен интерес на општината за 2019 година

Од општина Охрид ги известуваат сите апликанти кои аплицирале на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од Јавен интерес на општина Охрид за 2019 година, дека постапката е ставена во мирување.– В.д градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, согласно законската регулатива и член 8-а од изборниот законик, донесе одлука со која постапката по однос на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2019 година се става во мирување. Постапката ќе продолжи по завршување на изборите за избор на претседател на државата и изборите за градоначалник на општина Охрид, информираат од охридската локална самоуправа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
antoaneta-trajkovska

ВМРО ДПМНЕ: Повеќе од една година без осветлување се јавните површини, паркинзи и улици во општина Центар

Наместо да донесе светлина и живот за сите, градоначалникот Саша Богдановиќ не враќа на почетокот на 19-от век. Повеќе од една година без осветлување се јавните површини, паркинзи и улици, низ целата општина, изјави Антоанета Трајковска.Речиси и да не постои маало на територијата на општината кое не е погодено од тотален мрак. Улиците 369, 364, 365, делот околу Музејот на современата уметност, просторот околу улицата Стив Наумов, ул. Алберт Ајнштајн, паркингот кај Зелен Пазар и многу други се само дел од мрачната слика.Со ваквиот неодговорен однос на градоначалникот жителите на најбогатата општина секојдневно мора да живеат во страв за себе и за своите најблиски.Како потврда е на ова е билтенот на МВР каде е забележан пораст на уличниот криминал и нарушување на јавниот ред и мир за неверојатни 65% во споредба со декември минатата година.Почитувани,Јавно го прашуваме градоначалникот дали и кога планира да ги осветли маалските улици, паркинзи и слободни простори?Ќе овозможи ли слободно и без страв жителите спокојно и безбедно да стигнат до своите домови.Наместо да се фокусира на партиски вработувања на партиски кадри во општината и во ПОЦ, време е да се насочи на поважни работи во општината, а администрацијата наместо да пие и да се забавува во текот на работно време треба да се погрижи за реалните проблеми на граѓаните на општината, истакна Антоанета Трајковска.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања