„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Capture-2

МТСП: Започна обуката на воспитувачите/чките за работа со деца во градинките  

Денеска започна првата обука на избраните 30 воспитувачи/чки за јакнење на компетенциите на кадарот во градинките. Министерството за труд и социјална политика обуките ги спроведува како дел од заедничката соработка со УНИЦЕФ, со што и во 2019 година продолжува да работи на унапредување на квалитетот на сервисите и зајакнување на професионалните компетенции на вработените во установите за деца. Во рамките на овие активности оваа година ќе се организираат низа работилници за унапредување на социо-емоционалните компетенции на воспитувачите/чките за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај малите деца. Сè поголем број научни истражувања истакнуваат дека емоционалниот развој на почетокот на животот е од клучно значење за развојот на целокупната мозочна архитектура и има огромно влијание во текот на целиот живот.Обуката ја спроведува проф. д-р Ребека Гренџер-Елис, постдокторска истражувачка и соработничка на универзитетите “Џон Хопкинс” и “Њу Ореланс” во САД. Гренџер-Елис е експертка за социо-емоционален развој и има над 12 години искуство во развој на програми базирани на истражување, специјализирани за деца во предучилишно и основно образование, вклучувајќи и надарени и деца со потешкотии.Учесниците коишто ќе ја поминат обуката имаат обврска стекнатите вештини и знаења да ги пренесат на своите колеги и да дадат континуирана поддршка на вработените во установите за деца во рамките на Програмата за колегијална поддршка што ќе се спроведува во 2019 и 2020 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_3985

Османи: Влегуваме во клучната година за европските интеграции на земјава

Денес во Владата на Република Македонија, се одржа 40 состанок на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој го водеше Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и на кој беа отворени темите поврзани со европските интеграции: објаснувачкиот скрининг, статусот на имплементација на Планот 18, статусот на апсорпцијата на ИПА и распределбата на странска помош итн. На состанокот беше направен пресек на клучните индикатори по кои се следи напредокот во процесот на европската интеграција на нашата земја.На почетокот на состанокот Османи направи осврт на резултатите од 2018 година оценувајќи ја како  историска од аспект на европските интеграции, при што потенцираше дека и оваа година, европските интеграции остануваат во фокусот на Владата, за што во наредните месеци потребни се конкретни резултати во спроведувањето на реформите особено во приоритетните области: правосудство, реформа на безбедносни служби, реформа на јавна администрација и борбата против корупцијата и организираниот криминал.„Еден од најважните индикатори за нашата европската интеграција е секако - имплементацијата на План 18. Во таа насока денес ќе ги разгледаме досегашните реализирани активности, ќе ги разгледаме евентуалните предизвици во неговата имплементација и најважно, ќе оформиме реална проценка за негова финализација во периодот до излегувањето на новиот извештај на Европската Комисија, како еден од најважните критериуми за верификацијата на нашиот напредок во европските интеграции“ - истакна Османи, при што од своја страна изрази задоволство од досегашниот успех на овој план, во сите области.Во продолжение на состанокот беше разгледан и статусот на реализација на обврските од состаноците на телата во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, како основна функција на ова тело, како и статусите на реализацијата на обврските од оценските мисии.Во рамки на денешниот состанок на РКЕИ членовите на истиот беа запознаени  со досегашниот тек на т.н. набљудувачки скрининг, како и распоредот на Поглавја за оваа година, со оглед на тоа што ова е процес кој овозможува администрација, која е дел од преговарачката структура односно преговарачкиот тим, и сите останати чинители во истиот да се подготвуваат за евентуалниот старт на преговорите.Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) претставува највисоко административно тело на Владата во кое членуваат државните секретари на министерствата, претседавачите на Поткомитетите, раководителите на работните групи, Генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzes-bejli12-620x336

Бејли за „Гласот на Америка“ : Договорот од Преспа - најзначаен настан , а според него одговорност треба да има за оние кои го организираа упадот во Собранието

Според Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, најзначајниот настан во изминатата 2018 година за Македонија бил Договорот од Преспа . Тој во интервју за „Гласот на Америка“ тој посочува дека сè се сведува на храбро лидерство на двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас.-Тие покажаа голема храброст, трпеливост, решителност и посветеност на решавањето на долгогодишниот спор. Ние, исто така, видовме храбро лидерство и во Собранието, кога пратениците гласаа за да се започне процесот на уставни измени, тргајќи ги настрана партиските интереси, во потрага по посветла иднина за Македонија и нејзините граѓани. Лидерите во Грција и во Македонија кажуваат дека овој Договор е од нивен суштински национален интерес, тој ќе доведе до безбедност и просперитет, како во двете земји, така и во регионот, истакна амбасадорот Бејли.За законот пак за амнестија , Бејли вели дека бил донесен низ транспарентен и демократски процеси.- Одлуката на Собранието да усвои Закон за амнестија е важна политичка одлука, усвоена низ еден транспарентен и демократски процес, што беше поддржан од големо мнозинство пратеници. На крај, мислам дека тој ќе се оценува според тоа дали успеал да изгради национален консензус потребен за да се реализира желбата на мнозинството граѓани за членство во НАТО и во ЕУ, процес што ќе го зајакне владеењето на правото во земјата – порачува Бејли.Тој додава дека одговорност треба да има за оние кои го организираа упадот во Собранието.-Ние сметаме дека е важно, оние кои ги организираа нападите на 27 април, да бидат земени на одговорност за своите постапки. За време на целиот овој процес, судството мора да остане независно од политички влијанија и слободно да решава за овие случаи врз основа на факти и закони, истакнува Бејли.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada

Предлог-програмите за реализација на крупни проекти на речиси сите министерства на 114-та седница на Влада

На првата владина седница во 2019-та година, на дневен ред се Предлог-програми за реализација на крупни проекти на речиси сите министерства.На 114-та седница пред министрите ќе се најде Предлог-програмата за работа на Владата на Република Македонија во 2019-та година.Денеска Владата ќе ја разгледа информацијата за годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2019 година, со Предлог-одлука.Министерството за здравство за денешната седница предлага дваесетина предлог-програми за претстојната година. Дел од нив се Предлог-програма за задолжително здравствено осигурување на државјаните на Република Македонија, за систематски прегледи на учениците и студентите, понатаму Предлог-програма за Здравје за сите, за лекување на ретки болести, за задолжителна имунизација, за трансплантација, за рана детекција на малигни болести, итн.На предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред се Предлог-програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, како и Предлог-програмите за остварување и развој на дејноста во ученичкиот и студентскиот стандард за 2019-та година.Владата на 114-та седница ќе одлучува за Предлог-годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2019-та година.На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство, дел од владината седница е Предлог-програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019-та година.Дел од денешната седница се и Предлог-програмата за инвестирање во животната средина за претстојната година, како и Предлог-програмата за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019-та година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поевтинуваат горивата - бензините за 2,5, дизелот за 3 денари

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 5.51 проценти. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2.5 денари, па еден литар од овие горива ќе чини 58.50, односно 60.50 денари.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 55 денари.Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gjoko-tevdovski

Новина и во царинската управа - од годинава царинските декларации ќе се поднесуваат електронски

Годинава сите царински деклариции и акцизни документи ќе се обработуваат електронски, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, Кој денеска беше во посета на Царинската управа. Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот-проекти царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.-На овој начин за фирмите, значително се скратуваат трошоците и се намалува времето. Сите документи ќе се поднесуваат електронски. Наша цел е да автоматизираат процесите и со тоа да им се понудат подобри услуги и на граѓаните и на компаниите – рече министерот за финансии Драган Тевдовски.Во првата половина од годинава ќе биде пуштен и нов терминал на граничниот премин Ќафасан. Проширувањето на царинскиот премин Ќафасан опфаќа нов увозно-извозен царински терминал од 9,5 илјади м2, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти.-Општата цел на проектот e олеснување на прекуграничните постапки и спроведување на законите, што ќе се постигне со реконструкција на објектите за царинење и инспекција, обезбедени подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката, како и зајакната заштита на државата и општеството – рече директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танаскоски.Танаскоски додаде дека минатата година беше пуштен во употреба новиот царински терминал на граничниот премин Табановце, зафат кој овозможува олеснување на прекуграничната трговија долж Коридорот 10 и спроведување на царинските постапки во модерни капацитети.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pismo

Албанец од Скопје на политичарите им порача : Додека вие ја пеете химната на Албанија, јас заминувам

До редакцијата на Скопј Инфо се обратил З.И. албанец од Скопје која сака својата животна приказна да ја сподели со македонската јавност. Открива дека лошата политика на албанските партии била главна причина да замине засекогаш од Македонија.Имам 25 години и по професија сум дипломиран економист. Одлично зборувам македонски и можам гордо да кажам дека завршив финансиски менаџмент на државниот факултет во Скопје, а не во Мала Речици. Јас сум интелектуалец кој што сака да работи и да има кариера во оваа земја исто како сите други Македонци, вели на почетокот на разговорот.Не е ми важно дали ќе работам во банка каде што ќе се говори албански или македонски, мене ми е најважно да земам редовна плата затоа што многу години сум се посветил на образование. Имам инвестирано многу пари во моето образование и верувајте воопшто не ми е важно дали ќе работам во Чаир или во Центар.„Имам многу другари и пријатели македонци или подобро кажано имав. Сега веќе не. Политичките случувања во државава ми ги нарушија односите со сите пријатели македонци. Што ќе ми т.н. албанска платформа? Таа нема да ми даде ниту леб, ниту плата, а нема ниту да ми ги замени пријателите – македонци. Во државата во која живеев мене не ми е премиер некој си албански политичар па тој да создава документи во кој што ќе ја креира мојата иднина. Не, фала му. Мене таква иднина не ми треба“, емотивно додава тој.Тој потенцира дека неговата земја е Република Македонија и како сите други македонци и жители на оваа земја сака тоа да остане така.„За време на студиите преку студентски размени шетав насекаде. Секаде гордо кажував дека сум Македонец од Република Македонија и храбро ги бранев ставовите и политиката на мојата земја. Ги убедував дека македонците се добар народ кој заслужува нови шанси и интеграција во Европската унија. Знам дека се чудите и мислете дека ве лажам, но веувајте јас не се чувствувам како албанец во Македонија, туку јас сум човек што единствено има поинаква вероипсевест од другите граѓани и затоа повторно кажувам, јас сум граѓанин на Република Македонија. Имам пријатели од Србија, Косово, Бугарија. И како да им објаснам сега на тие од Србија дека мојата земја сака да ги обвини за некој си наводен геноцид кој што се случил и со тоа да ја смениме историјата на нашата и нивната држава? – се запрашува тој.Жал ми е драги политичари албанци. Но, јас морам да ви кажам дека немам веќе да чекам вие да се натпрварувате кој е поголем националист и кој повеќе ја сака земјата во која што ниту живее, ниту е роден, а можеби никогаш не ја посетил.А, вие и понатаму продолжете да ја упропастувате Македонија на ваков начин. Каде и да одам ќе кажувам за овој срам и за вашата неодговорност кон сопствената земја и ќе помогнат на секој мој пријател кој засекогаш сака да ја напушти оваа земја.Вие засекогаш ми ја земавте мојата младост. Нека ви служи на чест.Извор: Скопје инфо

Македонија | пред 7 години

7 год.
serkosovoboja

Американскиот ,,Фокс њуз” Србија ја нарече „Серкосовобија“

Во текст на американскиот ,,Фокс њуз” посветен на можниот договор за спорот меѓу Косово и Србија, за кој силно се залага амаериканскиот претседател, Доналд Трамп, се најде ,,новото“ име на Србија, тие Србија ја наекоа „Серкосовобија“.Новинарката, Холи Мекеј наведува дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака да забележи уште еден надворешнополитички поен со тоа што ќе ги охрабри лидерите на Србија и Косово да потпишат мировен договор на церемонија во Белата куќа, пренесе „Б92“.„Долгогодишниот проблем помеѓу Косово и Серкосовобија неодамна стана интензивен, дотолку што може да предизвика вооружен конфликт“, наведе Мекеј.Таа во текстот, повикувајќи се на неименуван извор, додава дека косовскиот претседател, Хашим Тачи, неодамна бил во посета на Германија, каде што се состанал со американскиот амбасадор во земјата, Ричард Гренел, за да ја разгледаат можност Приштина да ги намали тарифите на производите од Србија, што би довело до намалување на тензиите. 

Свет | пред 7 години

7 год.
vakcini

Увозникот и дистрибутер на вакцините - „Македонијалек“ се извини: Имавме технички грешки, вакцините се безбедни

По фотографиите кои вртат на социјалните мрежи дека на деќњата им се ставаат вакцини со помина рок, Македонијалек се правда дека се работело за техничка грешка, што ја забележале по извршената внатрешна контрола за проверка на наводите за можно присуство на вакцини на кои им поминал рокот.„Македонија лек“ , која е увозник и дистрибутер на вакцините, се извинија за пропустите.-Кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018. Овие пакувања се повлечени за да нема натамошни забуни во јавноста и соодветно ќе бидат заменети, а граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок. Нашата компанија се извинува за овој пропуст и непријатностите кои биле предизвикани. На вакциналните пунктови се дистрибуирани вакцини од две серии, едната со важност до мај 2019 година, а другата до јули 2019, се наведува во соопштението од компанијата.Во меѓувреме, продолжува вакцинацијата, поради прогласената епидеминија на мали сипаници во Скопје, но и поради забраната за примање на невакцинирани деца во градинка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
almir

Апелација пресече - случајот за 4 годишниот Алмир повторно на судење

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, потврди за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ.Адвокатите сè уште не ја знаат причината за укинување на случајот, бидејќи се уште не ја добиле одлуката.– Сè уште ја немаме добиено одлуката од Апелацискиот суд за да видиме зошто судењето е поништено. Бидејќи предметот се враќа во Основниот суд во Куманово, Судот е должен да закаже седница за главната расправа – вели Алиспахиќ за „Порталб.мк“.Според законските одредби, објаснува адвокатот Алиспахиќ, определениот притвор за првообвинетиот, Бобан Илиќ, во моментот кога е укинат случајот, се укинува и притворот за истиот, што значи дека Илиќ ќе се брани во слобода, но ќе има мерки за претпазливост.Во јули 2016 година Алмир, беше прегазен со возило од Илиќ, бидејќи претходно таткото на детето и Илиќ имале банална караница во амбуланта.

пред 7 години

7 год.
zaev-kasami

Ќе се откаже ли Заев од зборот „македонски народ“од преамбулата и „македонско“ од државјанството , за Касами да гласа за Северна мкд?

Продолжуваат разговорите на Владата со претстваниците од опозициската БЕСА од албанскиот блок за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. На денешниот состанок на работната група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од „Беса”, треба да бидат разгледани детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.Ова е втора средба со претставници на БЕСА по онаа во петокот на претседателот на опозициската партија, Билал Касами со премиерот Зоран Заев. На таа средба Касами од премиерот Зоран Заев неофицијално побарал бришење на зборот „македонски народ“ од преамбулата и „македонско“ од државјанството (да остане само граѓанин на Северна Македонија), а втор официјален јазик на цела територија на Македонија биде албански.Овие се барања и од претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села и истите од двете опозициски албански партии не се нови. Претходно, кога Касами и Села излегоа во јавност со овие барања, премиерот Заев велеше дека нема да дозволи да се шири Пандорината кутија, со тоа, тврдеше дека нема други промени во Уставот освен оние кои се наложуваат со Договорот од Преспа. Касами на пресс-конференција пред неколку месеци, рече дека барањата не се уцена за да гласаат за Устсавни промени, туку реални барања за правата на Албанците.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mvr1

Сообраќајна несреќа за Божик, учесниците се здобиле со тешки телесни повреди

На 07.01..2019 година во 12,30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Морани-с.Орешани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фиат пунто“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К.(26) од од с.Зелениково-скопско, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици, управувано од В.T.(48) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.К., а со телесни повреди се здобила В.Т. и сопатничката од возилото “Фиат пунто“ А.С.(35) од Скопје, констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
blace

Лице без документи сакало да влезе во земјава

На 07.01.2019 година во 16,15 часот на Граничниот премин-Долно Блаце на влез во Р.Македонија по извршена царинска контрола во багажниот простор на патничко моторно возило „Mерцедес“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.С.(23) од Куманово, а како сопатник била Р.Л.(19) од Косово било пронајдено едно женско лице без документи. Од извршениот разговор лицето изјавило дека е К.С. (20) од Косово.Лицата биле приведени за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

МВР: За време на празниците во Скопје - 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди

Во текот на изминатите денови (04, 05, 06 и 07.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 11 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 10 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 17 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 139 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 69 возачи од кои: 23 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 35 возила бидејќи 34 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно.Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 16 поради непоседување пропишана зимска опрема,, тројца поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин и пет пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Издадени се 211 мандатни платни налози и 130 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
lavina-avstrija

Лавините во Австрија досега одедоа 10 животи, има и исчезнати

Најмалку 10 лица досега го загубија животот во лавини во Австрија, има и исчезнати по кои трагаат спсувачите. Над илјада лица и натаму се отсечени во австриските Алпи. Тамошните медиуми синоќа јавија дека се пронајдени телата на девојката и момче по кои се трагаше од неделата.Според Австриските медиум , поради гоемите лавини и потрагата по исчезнатите е многу опасна.Прогнозите се дека допрва се очекува нова количина на снег каква се гледа еднаш во 10 години.

Свет | пред 7 години

7 год.
peking-deca

Во Пекинг 20 ученици избодени во основно училиште

Дваесет ученици се избодени со нож во нападот кој маж го изведе денеска во Пекинг, соопштија кинеските власти. Повредените ученици се префрлени во болница, а меѓу нив се и тројца кои се во тешка здравствена состојба, но не се животно загрозени.Мажот, инаку вработен во училиштето утрово е уапсен .Нападот се случил во 11.15 часот по локално време.

Свет | пред 7 години

7 год.
korca

Српско-црногорската заедница во Албанија бара 7 јануари да биде за државен празник

Српско-црногорската заедница во Албанија,повторно побара од албанските власти 7 јануари Божик да биде прогласен за државен празник. Оваа заедница Христовото раѓање го слави според јулијанскиот календар.-Продолжуваме со напорите овој ден да биде неработен ден за регоните каде што живеат православни Срби, Црногорци и Македонци кои Божик го слават на седми јануари, а зошто да не биде и државен празник. Албанија е земја со многу национални празници, па дури и празници за обични работи, изјави Павло Јанко, претседател на српско-црогорското здружение „Розафа-Морача“.Верниците од српска и црногорска националаност по традиција Хрстовото раѓање го дочекаа во црквата „Св. Троица“ во селото Врака во Голема Малесија, кај Скадар, област населена главно со припадници на овие две етнички заедници.Со свечената литургија чиноначалствуваше отец Предраг Сепановиќ делегиран од Црногорската православна црква.Според здруженито „Розафа-Морача“ во Албаноја, главно во северниот дел, живеат над 40 илјади Срби и Црногорци.

Свет | пред 7 години

7 год.
bansko-2

Премиерот и сопругата за Божик ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, денеска по повод празникот Божик ги посетија штитениците и вработените во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.Премиерот Заев, традиционално веќе втора деценија, за новогодишните и божикните празници се дружи со штитениците пренесувајќи им пораки за радост, за поддршка и за подобро утре за секој од нив во рамки на заедничкото општество.Низ разговорот, премиерот Заев потенцираше дека грижата и поддршката од институциите за ранливите индивидуи и заедници е еден од најважните приоритети на Владата на Република Македонија, a унапредувањето на правата за лицата со попреченост особено доаѓа до израз во 2019 година со новиот Закон за социјална заштита.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Крстевски: Човекот кој не се надева дека ќе биде подобро, многу побавно напредува и со повеќе борба ги остварува целите

Човекот кој не се надева дека ќе биде подобро, многу побавно напредува и со повеќе борба ги остварува целите, бидејќи не верува во потенцијалите на сопствената личност, пишува Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Во животот клучна е надежта, но, не зависи сé од надежта, туку зависи и од визијата, од позитивните активности и од стремежот да го реализираме тоа што го посакуваме. Без оглед на ограничувањата со кои се соочуваме, битно е афирмативно да размислуваме, да се надеваме и да осознаеме дека нештата зависат од нашите активности, од добрата мисла и од позитивната визија. Сепак, ако правиме разлика помеѓу надежта и визијата, ќе утврдиме дека визијата е многу позначајна од надежта.Имањето визија е знак дека знаеме што треба да направиме – таа е стремеж кон иднината и во корелација со иницијативноста, претставува главен патоказ за остварување на целите. Визијата е неопходна и во љубовните односи, зашто кога знаеме што сакаме, тогаш многу полесно ќе го оствариме тоа што го сакаме.Надежта е очекување дека Бог или судбината ќе помогнат позитивните нешта да се случат, дека ќе постигнеме успех или можеби ќе добиеме помош од другите.Надежта е верување дека ќе биде подобро, а визијата е знаење како да биде подобро.Недостигот на визија е како одење низ магла, без ориентир и сознание дали патот по кој се движиме е втемелен врз здрави и сигурни основи. Впрочем, доколку не преземаме акција за промена на нештата во животот, ниту надежта, ниту визијата нема да ни донесат позитивни остварувања.Многу од луѓето се научени на конформизам – удобно да седат и сé што посакуваат, автоматски да им биде реализирано. Овие поединци треба да разберат дека без активност и иницијатива, ништо добро не може да се оствари.Денес најбитни се корисно потрошеното време, информацијата и знаењето – тие на човекот му налагаат конструктивно и продуктивно да располага со сопствените рационални ресурси. Во структурата на луѓето е да стекнуваат информации и да даваат информации, со цел знаењето да вроди со плод и да им донесе успех и хармонични односи со другите. Секој од нас е должен постојано да акумулира знаење, да има визија, да ги проширува своите ментални капацитети и позитивно да ги пренесува своите информации. Затоа, треба да поседуваме корисни информации, но и да внимаваме кон што и кон кого ја насочуваме целокупната своја енергија. Притоа, од исклучителна важност е своето знаење да го искажеме во област што ќе ни донесе успех, односно својата информација да ја пренесеме на лица кои умеат соодветно да ја примат и разберат. Секој разумен и практичен човек треба да ја има на ум поуката од Новиот завет: “Бисерите не треба да се фрлаат пред свињите”.Сепак, од голема важност е да умееме да правиме разлика помеѓу знаење и мудрост. Имено, може да имаме разни знаења, но тие знаења можеби се само вештини за извршување одредени професионални задачи. Мудрост е кога умееме стекнатите знаења да ги оплодуваме низ животот, односно да се снаоѓаме во критични ситуации; да наоѓаме решенија за проблемите; да пронајдеме визија како да дејствуваме; умно да постапуваме кога ќе бидеме испровоцирани; да не се изместуваме поради лошите луѓе и ситуации итн. Ако живееме според начелата на мудроста, тогаш колку и да ни е тежок животот, ќе пронајдеме решение и полека, но сигурно ќе ги воспоставиме успехот и реализацијата. Затоа, мошне значајно е да ги осознаеме своите цели и стремежи и постојано да се надградуваме. Поразително е доколку тврдиме дека доволно знаеме и дека нема потреба да вложуваме во личниот развој и да се надградуваме.Во животот не треба да приоѓаме со отпор, туку да го воспоставиме законот на привлечност и позитивна вибрација.Со негување на законот на привлечност, многу нешта може да ни се отворат и да не однесат кон патеката на позитивните можности. Затоа, перцепцијата треба да ни биде афирмативна и секогаш да ја гледаме поубавата страна од своето постоење.Најголема мудрост е кога умееме да станеме, тогаш кога ќе паднеме.Патувајќи низ искушенијата на животот ние доживуваме разни падови, разочарувања, тешкотии. Тие се составен дел од постоењето. Некои падови се случуваат со цел да сфатиме каде грешиме и преку научената лекција да тргнеме кон вистинските вредности. Човекот кој не ја научил лекцијата на болките и страдањата, никогаш нема да ги реализира потенцијалите и да се искачи на врвот од успехот.И покрај акумулираните искуства и знаења, секогаш ќе има подеми и падови, така што суштината не е во откажувањето, туку во определбата да продолжиме настојчиво и посветено да се движиме кон целта. Притоа, доколку, не задесат копнежи, немири, преиспитувања, стравови и ограничувања, должни сме да собереме сила и да се соочиме со тешкотиите. Кога знаеме што сакаме и кога храбро им се противставуваме на ограничувачките влијанија, шансите за успех ќе ни бидат многу поголеми. Напредокот нема да пристигне, ако постојано исчекуваме и ништо не преземаме тоа да се случи.Треба да излеземе од стегите на сопствената личност и да тргнеме кон убавините на животот.Тоа ќе го постигнеме, доколку имаме надеж и визија дека ќе биде подобро. Првично треба да се справиме со сопствените слабости, да преиспитаме со што се карактеризираме, да ги препознаеме своите вредности и да согледаме дали тие вредности се присутни и кај саканата личност. Сличноста со сличност се привлекува. Ако сме духовно ориентирани, тешко дека ќе оствариме однос со неморална и нестабилна личност. Нашите енергии ќе се одбијат, наместо да се привлечат. Дури и ако се случи да оствариме одреден однос, тоа ќе биде за кратко, бидејќи нема да постои силен темел врз кој ќе се потпира импулсот на љубовта. Секој бира и привлекува личност соодветно на духовното и енергетско ниво што го поседува. Кога потиснуваме некоја карактерна слабост, недоволно се сакаме и прифаќаме себеси, веројатно ќе привлечеме партнер кој емоционално ќе не повреди, и со самото тоа ќе не научи повеќе да се самопочитуваме.Неретко, изборот на партнер го покажува степенот на развој на нашата личност и на што треба да работиме, со цел поубаво да се чувствуваме со самите себе. Колку и да е тешко и напнато во одредена љубовна врска, треба да знаеме дека сé тече и сé се менува. Сé е прогресија, еволуција, трансформација и регенерација.Најопасна е пасивизацијата и немањето надеж, стремеж и визија да се промениме и подобриме, односно да ги исчистиме нештата кои долго време сме ги потиснувале. Многу често не сакаме да се соочиме со неубавите ситуации, бидејќи бегаме од вистината дека љубовната врска ни е во криза; немаме разбирање со партнерот; се чувствуваме осамено; тотално сме отуѓени на емоционален и сексуален план. Постојано велиме: ќе дојде моментот кога ќе се справам со проблемите.Зошто, тој момент да не е токму сега. Да се има визија е знак дека знаеме кога и како да успееме. Но, не е доволно само да знаеме, туку да направиме сé што е потребно за да успееме. Многу од проблемите се надминливи (депресија, анксиозност, криза, страв), посебно доколку постои мудрост, волја, свест и визија.Тие нешта треба да ги вметнеме во себеси, да ги воспоставиме како вредност и да направиме се што е во наша моќ за да се хармонизираме и стабилизираме на психофизички план. Но, ако нештата не се одвиваат како што посакуваме, не треба да се обесхрабруваме, да губиме надеж и да немаме визија.Суштината е да имаме јасно поставена цел, која ќе биде оплодена со визија, поткрепена од надеж и водена од ентузијазмот и иницијативноста. Без иницијативност ќе стоиме во место, а колку повеќе стоиме во место, толку побрзо пропаѓаме во живиот песок на егзистенцијата. Најважно е да иницираме методи за придвижување на нештата. Првото дејствие произлегува од афирмативната мисла: Позитивно ќе мислам; позитивно ќе се надевам и позитивно ќе ги восприемам нештата. Втора вредност е зборот: Наместо да ширам лоши, депресивни и песимистички тонови, ќе искажам убави, афирмативни зборови – ќе пофалам, ќе се заблагодарам, ќе пренесам позитивна информација, ќе ги поттикнам другите да ја пронајдат вредноста во себе. Клучна е третата вредност, која подразбира иницирање позитивно дело.Со позитивната мисла и позитивниот збор, нужно се отвораме за позитивното дело. Кога правиме позитивно дело, нашата аура станува светлосна и тогаш привлекуваме личности со слична фрекфренција на размислување и со нив градиме симбиоза на хармонија и посветеност. Овие нешта не се лесни за воспоставување, бидејќи луѓето сé повеќе се отуѓуваат и поретко се отвораат и размислуваат за позитивните нешта на животот.Клучно е да се соочиме со тешкотиите и да сфатиме дека не вредат најголемите задоволства, ако потоа следат и најголемите страдања. Треба да ја бараме и воспоставиме златната средина. Кога ќе разбереме дека во животот не постојат само успехот и среќата, исто како што не постојат само кризите и уназадувањата, ќе можеме да се справиме со ограничувањата и да уживаме во позитивните мигови на радоста.Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс

Коментари | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Градиме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните

Во 2019 година се заокружува целосната реформа на системот за социјална заштита, градиме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните, велат од СДСМ.„Во новата 2019 година преку мерките гарантиран мининален доход и семеен пакет на права, примателите на социјална помош добиваат и до 300 отсто зголемена социјална парична помош.Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.За разлика од 3.200 деца кои досега добиваа детски додаток, со новиот детски и образовен додаток опфатени ќе бидат над 60.000 деца. Ова е мерка што има за цел да извлекува од детска сиромаштија.Обезбедуваме поголема помош и повеќе пари кај ранливите категории граѓани, градиме фер и праведно општество и обезбедуваме подобра живејачка на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања