„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Dzhim-En-Kim

Претседателот на Светска банка ќе поднесе оставка

Џон Јонг Ким, претседателот на Светска банка , ќе поднесе оставка на февруари, три години пред истекот на неговиот мандат кој требаше да трае до 2022 год, соопшти мегународната финансиска институција.Џон Јонг Ким (59) најавил дека одма се приклучува на една фирма и дека е фокусиран на јакнење на инфраструктурата на земјите во развој. Банката не изнела повеќе детали, пренесува Ројтерс.По заминувањето на Ким, должноста претседател привремено ја превзема извршниот директор на Светската банка Кристалина Георгиева.

Свет | пред 7 години

7 год.
133838480-184601

МЗШВ: Ниските температури нема да предизвикаат штети врз земјоделските култури

Досегашните минимални температури забележани во државата нема да предизвикаат штети врз земјоделските култури. Mоменталните ниски температури не се невообичаени за овој период и многу често ги имало во овој период од годината, велат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.„Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека овошките во овој период од зимата издржуваат до минус 28 степени, додека виновата лоза до минус 18 или минус 20 степени, а такви температури не се забележани досега во регионите каде што овие култури се најзастапени.Со оглед на фактот дека режењето на виновата лоза не е изведено, доколку се случи понатамошен пад на температурите, евентуалните измрзнати ластари во наредниот период би се корегирале со самото кроење. Опасноста кај овошките е уште помала заради поголемата издржливост.Во наредниот период се очекуваат ниски минимални температури во границите до минус 20 степени, што сепак не се невообичаени, а тука треба да се има и во предвид податокот дека во изминатите неколку дена имавме вакви или слични температури, што дополнително ги подготвија овошките и виновата лоза за пониски минимални температури. Во однос на житните култури, снежната покривка изврши целосна заштита врз нив и нема да предизвика штети, бидејќи нивната издржливост во вакви зимски услови е поголема.Временските услови се вообичаени, исто така и температурите, така што засега не треба да има загриженост за штети врз земјоделските култури.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Управата за хидрометеоролошки работи ќе ја следат состојбата со ниските температури и нивното влијание врз земјоделските култури и доколку се случат евентуални штети навреме ќе се реагира со соодветни мерки“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vakcini

Министерство за здравство: Компанијата Македонија лек залепила стари декларации на вакцините

Вонредниот инспекциски надзор кој во изминатите два дена го изврши комисијата формирана по барање на министерот за здравство, Венко Филипче, покажа дека сите МРП вакцини со кои се имунизираат децата се со важечки рок и целосно безбедни.„Надзорот изврши контрола во повеќе вакцинални пунктови и беа детално исконтролирани фабричките рокови втиснати на сите кутии и на внатрешните пакувања од страна на производителот. Утврдено беше дека сите вакцини се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година.Надзорот констатираше дека од страна на увозникот, компанијата Македонија лек бил направен технички пропуст. Имено, компанијата Македонија лек, кај мал број од пакувањата залепила стари декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз кој бил со важност до октомври 2018 година. За оваа констатација на инспекцијата ја информиравме и компанијата Македонија лек.Родителите и граѓаните може да бидат спокојни и слободно да продолжат со редовната имунизација на децата. Вакцините во вакциналните пуктови се со проверен квалитет и безбедност и во исправен рок на траење“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vulin

(ФОТО) Србија по грешка му честираше Божик на починат патријарх

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин, им го честиташе Божик на припадниците на Војската на Србија, на свештениците и монаштвото.Тоа што сите ги изненадили е што Вулин, Божик му честита и на покојниот српски патријарх Павле, наместо на актулениот Иринеј.После 20 тина минути грешкта била збележана , по што истата била и исправена.Според Српските медиуми грешката ја направиле од кабинетот за односи со јавност на министртвото за одбрана, која најпрво ја истратил честитката па покасно и извинувањето.Инаку актуелниот патријарх Иринеј, на чело на СПЦ е устоличен во јануари 2010 год.фото: espreso.rs

Свет | пред 7 години

7 год.
Grabez-pistol

Разбојници му се заканувале со оружје, а потоа физички го нападнале

На 07.01.2019 година во 05,00 часот во Полициската станица Дебар С.Л.(38) од Дебар пријавил дека во дом на ул. “Вељко Влаховиќ“ во Дебар од страна на три лица со закана со оружје му било извршено разбојништво при што е одземен мобилен телефон, а едниот од нив физички го нападнал, по што го напуштиле местото на настанот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Физички го нападнал, а потоа пукал со пиштол

На 06.01.2019 година во 23,00 часот во Полициската станица Кавадарци А.В. (38) од село Росоман пријавил дека  истиот ден, околу 18,00 часот бил повикан од С.К. од Скопје да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко- доверителски односи. Кога стигнал таму, заедно со С.К. било уште едно лице од Скопје, негов пријател.Пред да му ги даде парите С.К., според пријавителот, го повикал и Б.П. од Росоман, кој откако дошол веднаш почнал да се расправа со пријавителот и физички го нападнал. Во моментот кога пријавителот го напуштил објектот, според него, С.К. испукал два пати со пиштол, но никој не бил погоден.На А.В. му е укажана лекарска помош во Општата болница  Кавадарци и е пуштен на домашно лекување. С.К. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
putin-1

(ВИДЕО) Путин на Божик во црквта каде е крстен, а потоа пукаше од топ

Рускиот претседател Владимир Путин, на Божик литургја следеше во својот роден град Санкт Петерсбург и во црквата каде е крстен како дете.Рускиот претседател пукаше од топ „Д-30“ за време на свечена церемонија на Петропавловската тврдина во Санкт Петербург. Путин за време на посетата разговараше со студентите од Военото училиште.https://twitter.com/Kremlinpool_RIA/status/1082206584040837121

Свет | пред 7 години

7 год.
tesla-1

На денешен ден починал Никола Тесла, еден од најголемите умови на 20 век

Еден од најголемите умови на 20 век, српскиот научник Никола Тесла, починал на денешен ден, на Божик во 1943 год.Починал во сон во хотелската соба во која ги поминал последните 10 години од својот живот. Веста за смртта на Тесла, била објавена два дена покасно, кога било и пронадено неговото тело. Урната со пепелата од Тесла пренесена е од ЊуЈорк во Белград во 1951 год и сеуште е во неговиот музеј.Никола Тесла роден бил во Смилјан, Австро-Унгарија, Србин по потекло, подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.По неговата демонстрација на безжичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во „Војната на струите“, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник.Единицата во системот SI за густина на магнетен тек или магнетна индукција (често нарекувана магнетно поле во негова чест е наречена Тесла.Покрај неговата работа во областа на електромагнетизмот и инженерството, генераторите, Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, нуклеарната и теориската физика. Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли дваесеттиот век"и "светецот-заштитник на модерниот електрицитет.Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание.Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом - САД.Тесла ги пронашол уште и „Зракот на смртта“, Најозлогласениот пронајдок на Никола Тесла постоел само теоретски. Тесла во 1930-те тврдел дека измислил направа со која може да се создаде силен енергетски зрак кој може да се насочи кон непријателските авиони и возила. Т.н. „зрак на смртта“ никогаш не бил конструиран, иако Тесла ги прикажал плановите за уредот на разни воени организации во САД.Бежична енергија - За време на Светскиот Експо во Чикаго во 1983, Тесла го демонстрирал бежичното пренесување на електрицитет, запалувајќи серија фосфорни светилки во процесот кој тој го нарекол електродинамична индукција. Тесла теоретизирал дека таа технологија би овозможила да се спроведува енергија на голема оддалеченост во атмосферата, снабдувајќи ги далечните краишта со електрицитет.Машина за земјотрес - Во 1893, Тесла патентирал електричен генератор на парен погон наречен осцилатор. Подоцна Тесла тврдел дека една верзија на осцилаторот е достаточно моќна да предизвикува земјотреси. Подоцна тврдел дека со помош на тој осцилатор предизвикал земјотрес во Њујорк во 1098 година, кој во популарната култура останал запомнет како Теслин земјотрес. Тесла тврдел дека ја уништил машината, а своите помошници ги натерал да се заколнат дека ќе молчат.Наизменична струја - Најзначајниот пронајдок на Тесла бил моторот и преносниот систем на наизменична струја. Методот на пренос на електрична струја бил демонстриран во 1893 година во Чикаго, со кој се спротивставил на Томас Едисон и неговите бизнис партнери, кои ја поддржувале еднонасочната струја, што предизвикало војна на препукувања помеѓу двајцата пронаоѓачи, во која победил концептот на Никола Тесла, и денес наизменичната струја ги снабдува домовите со енергија.Далечински управувач - Тесла учествувал и во првите истражувања на радио пренос кои резултирале со пронаоѓањето на првото бродче на далечинско управување, демонстрирано во 1890 година. Со помош на неколку батерии, прекинувачите управувани со радиосигнали управувале со контролите и моторот на бродчето. Со овој свој пронајдок, Тесла ја најавил иднината со роботи кои ќе работат за луѓето.Х-зраци - Иако германскиот физичар Вилхелм Рентген се смета за пронаоѓач на Х-зраците, наречени според него и рентгенски зраци, Тесла експериментирал со овој концепт отприлика во исто време како и тој.

Магазин | пред 7 години

7 год.
GP-bogorodica

На Граничниот премин „Богородица“, сакале да поминат со фалсификувни исправи

На 06.01.2019 година во 09,30 часот на Граничниот премин „Богородица“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување исправа“ (зелена карта) приведен бил О.Х.(58) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило “Ивеко“ со турски национални ознаки со полуприколка „Макинсан“. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.На 06.01.2019 година во 18,00 часот на Граничниот премин “Богородица“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување исправа“ (зелена карта) приведен бил Ц.М.(43) од Р.Турција кој управувал товарно моторно возило “Ивеко“ со турски национални ознаки со полуприколка “Тирсан“. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Утрово извршено разбојништво во Дебар

На 07.01.2019 година во 05,00 часот во Полициската станица Дебар С.Л.(38) од Дебар пријавил дека во дом на ул. “Вељко Влаховиќ“ во Дебар од страна на три лица со закана со оружје му било извршено разбојништво при што е одземен мобилен телефон, а едниот од нив физички го нападнал, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr

МВР трага по 13 год. штитеник од ЈУ за згрижување на деца, заминал пред три дена

Во Полициската станица Гази Баба В.М.П. пријавила дека од Јавната установа за згрижување на деца на 04.01.2019 самоволно се оддалечил нивен 13 годишен штитеник. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

7 год.
joci-111

Кој е поголем верник, оној кој оди во црква или не?

Религијата е преполна со догми, индоктринира, но затоа вербата е нешто сосема друго, напиша Јорднка Ивановска Јоци на својот ФБ Профил. Таа во продолжение пишува:Ако верувате дека сте добар човек, кој не лаже, краде, повредува, не прави зло, простува, си ги преиспитува постапките итн, без притоа да си ги прекрстувате прстите зад грб и во срцето ако го правите спротивното, тогаш сте поголем верник и од оние кои одат во црква и следат разни адети и традиции.Италијанската мафија е добар пример за тоа. Одат во црква, земаат причест, се молат, а потоа нарачуваат убиства.Впрочем, во Новиот Завет, кој важи по Исусовото раѓање и во кој е претскажано второто негово доаѓање по Апокалипсата, има постулати кои важат како животни начела, а кои не мора попови да ви ги прераскажуваат по свое, па уште и да ви наплатат без фискална за водичката со која ќе ве чистат наводно.Ете, вака ние, нерелигиозните, да ви кажеме. Среќен Божиќ !, напиша Јоци на социјалната мрежа фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pistol-vperen

Наместо да се расчистат, му извадил пиштол

Триесет и осумгодишен жител на селото Росоман во полицијата во Кавадарци во вечерните часови на 06 јануари пријавил дека истиот ден бил физички нападнат во викендичка во селото која е во сопственост на скопјанец.Според неговата изјава во полицијата, околу 18:00 часот бил повикан од скопјанецот да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко-доверителски односи.Според билтенот на МВР:На 06.01.2019 година во 23,00 часот во Полициската станица Кавадарци А.В. (38) од село Росоман пријавил дека истиот ден, околу 18,00 часот бил повикан од С.К. од Скопје да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко- доверителски односи. Кога стигнал таму, заедно со С.К. било уште едно лице од Скопје, негов пријател. Пред да му ги даде парите С.К., според пријавителот, го повикал и Б.П. од Росоман, кој откако дошол веднаш почнал да се расправа со пријавителот и физички го нападнал. Во моментот кога пријавителот го напуштил објектот, според него, С.К. испукал два пати со пиштол, но никој не бил погоден. На А.В. му е укажана лекарска помош во Општата болница Кавадарци и е пуштен на домашно лекување. С.К. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mraz-ovosje

Студот ги уништува овошните насади - зошто не се осигуруваат?

Ниски утрински температури под нулата може да ги уништат насадите од цреши, јаболка, кајсии, ореви и лозови насади. Сопствениците на овоштарници коментираат дека и покрај преземените мерки за заштита сепак доколку потрае стиденото време штетите ќе бидат големи.Иако во вакви случаеви најдобра заштита е осигурувањето на земјоделските површини од елементарни непогоди, сепак мал е бројот на земјоделци кои ги осигуруваат површините што ги обработуваат. Причината за тоа тие ја гледаат во осигурителните компании кои не сакаат да вршат осигурување од мраз и дека основицата на осигурувањето е превисока.Слична беше сликата и минатата година кога во истиот овој период мразот предизвика големи штети на овошките и лозовите насади во охридскиот регион.Засега студот не се очекува да предизвика проблеми кај житните култури. Како што велат агрономите на есенските житни посеви евентуална снежна покривка им е повеќе од потребна. .

Македонија | пред 7 години

7 год.
vucic-putin-696x419

Орденот „Свети Александар Невски“ Путин ќе му го додели на Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ е одликуван со орденот Александар Невски, објави денеска пресс службата на Рускиот претседател, Владимир Путин.Претседателот Путин денеска потпишал декрет за доделување на орденот.– Александар Вучиќ се наградува за голем личен придонес во мултилатерната соработка со Руската Федерација, се наведува во соопштението на Кремљ.Ова е најзначајното признание кое, по речиси сто години, му се доделува на Србин.Орден „Свети Александар Невски“ имаат добиено и Милан Обреновиќ и Александар Караѓорѓевиќ, а последен пат му е доделен на Никола Пашиќ, кој ја водеше земјата за време на Балканските војни и во Првата светска војна.

Свет | пред 7 години

7 год.
kosta-liturgija-1

Градоначалникот на Охрид Георгиевски на Божиќна литургија

На светатата архиерејска василева литургија, што по повод одбележувањето на Рождеството Христово Божиќ , утрово се одржа во црквата „Св.Георги“ во Горна влашка маала, присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Охрид Константин Георгиески. На литургијата, со која чиноначалствуваше Митрополитот на Дебарско- кичевската епархија г. Тимотеј, во присуство на бројни верници , беа упатени Божиќни пораки во духот на големиот празник на Христовото раѓање.Утре, на 8-ми јануари, втор ден Божиќ, Собор на Пресвета Богородица, света архиерејска златоустова литургија ќе има во црквата „Света Богородица“-Челница со почеток во 08:45 часот. Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
eksplozija-gasa-u-rusiji-5-830x0

Чудо за Божик: Од кома се разбуди бебето кое 35 часа беше под рушевини на -17 степени

Малиот Вања Фокин, десетмесечното бебенце кое во рушевините на зграда во Русија беше затрупано, околу 35 часа, се разбуди од кома и тоа на Божик.Руската министерка за здравје исјави дека Вања е добро. Бебето ги отворило очињата и прозборело што значи дека за среќа нема компликации.Малиот Вања преживеа експлозија на зграда и беше затрупан на -17 степени.Инаку несрќата се случи поради експлозија на гас, се руши зграда во Русија. Според податоците од Министерството за вонредни ситуации на Русија уништени се 26 станови во кои живееле 46 лица. Спасувачите предупредуваат дека се уште постои опасност од рушење и на други делови од зградата.Снимкава покажува како Вања беше извлечен од под рушевините.

Свет | пред 7 години

7 год.
y5Pk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURJN01EQV8vY2FlZTFhNWMzNjM0OTVjM2QyZjQyM2VkMzY1NjVkYmEuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Шест лица го загубија животот поради лошите временски услови

Најмалку шест лица го загубија животот во Германија, Австрија и Швајцарија поради лошите временски услови, а властите предупредија дека постои ризик од лавина на северните Алпи.Германската полиција соопшти дека животот го загубил 44-гоодишен маж во Вакерберг кога врз него паднале гранки од дрво.Во Швајцарија жена била затрупана од снег минатата недела и починала од здобиените повреди, соопштија надлежните.Над илјада туристи останаа „заробени“ поради обилните врнежи од снег во скијачките центри на Алпите за време на викендот.Опасноста од лавина на поголем дел од планинските предели во Австрија е означена како висока. И покрај предупредувањата и ризиците, некои од скијачите се упатиле кон скијачките стази, па двајцата германски скијачи го изгубиле животот.Иако имале елеци кои се дуваат во случај на лавина со цел да се одржат на површината на снегот, тие не успеале да се спасат.

Свет | пред 7 години

7 год.
ambasada

Грчкото МНР го осуди нападот врз Американската амбасада во Атина

Нападот врз американската Амбасада не може да ги повреди силните, долгогодишни врски на пријателство меѓу наште народи и односи Грција- САД, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во за денешниот напад со боја врз американската амбасада во Атина од членови на анархистичката група „Рубикон“, јави дописничката на МИА од Атина.– Го осудуваме фрлањето боја од членови на анархистичка група во дворот на Амбасадата на САД, што предизвика материјална штета. Ваквите активности не може да ги повредат силните, долгогодишни врски на пријателство меѓу наште народи и стратешкиот однос Грција – САД, што се зајакнува во особено клучен период за нашата земја и регионот, соопштуваат од грчкото МНР и додаваат дека надлежните власти ги преземаат сите неопходни чекори за сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.Преку неговиот официјален Твитер профил реагираше и амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, кој го осуди „бесмислениот вандализам на амбасадата“ и ѝ се заблагодари на грчката полиција за брзата реакција.МИАфото: 1 ТВ

Свет | пред 7 години

7 год.
senator-pozar1

Пожар во казино во центарот на Скопје

Спој во електричната инсталација, причина за пожар во казино во центарот на Скопје. Спојот се случил во моментите кога слот апаратите биле вклучени, јавува Сител.Од пламенот биле зафатени биле два монитори од слот апаратите кои биле поставени во казиното.Со две противпожарни возила и 5 пожарникари во гасењето на пожарот интервенирале од противпожарната бригада на Град Скопје. Констатирана е мала материјална штета.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања