ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
znm

Новинарите остануваат со ниски плати и со несигурно вработување

И покрај промената на власта во 2018 година нема сериозни промени во медиумската сфера во однос на правната рамка за слободата на медиумите и позицијата на новинарите во редакциите, се оценува во Годишниот извештај на ЗНМ за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија.На денешната презентација на Извештајот, извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски истакна дека Владата не успеа да ја подобри медиумската регулатива што беше долго време најавувана, бидејќи, како што посочи, измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој требаше да создадат подобар амбиент за работата на медиумите се уште не е усвоен во Собранието. Според него, охрабрува тоа што власта и опозицијата се блиску до договор и се очекува законот да биде донесен до крајот на годината.„Во делот на законската медиумска легислатива не само што немаше подобрување, туку имаше и одредено назадување. За време на летните одмори, без никаква дебата и нетранспарентно Владата ги усвои измените на Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии. Овие измени овозможуваат на парламентарните партии да трошат јавни пари за финансирање на медиумска политичка пропаганда за време на изборна кампања, што ќе имаат негативно влијание врз слободата на медиумите“, рече Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ.Освен правната рамка на слободата на медиумите, извештајот анализира уште два индикатори: позицијата на новинарите во редакцијата и безбедноста на новинарите.Просечната плата на новинарите изнесува 18.800 денари, што е околу третина пониска од просечната плата во Македонија, додека кај новинарите од внатрешноста платите се пониски и од 12 илјади денари. Половина од новинарите немаат договор за вработување на неопределено време, а над 55 проценти од новинарите им доцнат платите.Единствен позитивен податок е бројот на напади на новинари, кој е намален за три пати – од 18 случаи во 2017, на 6 оваа година, а донесени се и први судски пресуди против лица кои напаѓале новинари во минатото. Сепак останува политиката на неказнивост, во која од 59 напади решени се само 2 случаи на напади врз новинари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
prets-2

Предновогодишна забава за децата од социјално ранливи категории

Градоначалникот Шилегов и оваа година обезбеди бесплатни билети во Театарот за деца и младинци и организиран бесплатен превоз за децата од „Здружението за заштита на правата на детето кое ги згрижува децата од улица“, децата на корисниците на услуги од ХОПС, децата без родителска грижа од СОС „Детско село“ и од домот „11 Октомври“.Дечињата, денеска, ќе имаат можност да уживаат во претставите на Театарот за деца и младинци во пресрет на новогодишните празници.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Kina

(ВИДЕО) Напаѓач во Кина, со грабнат автобус се заби во толпа луѓе, загинаа петмина

Неименуван маж од Лонгјанг во Кина грабнал денес автобус со кој неколку моменти подоцна се забил во група луѓе убивајќи пет, а повредувајќи 21 лице, пренесуваат агенциите.Тој најпрво почнал да напаѓа луѓе со нож, а кога му се спротивставиле, седнал зад воланот на автобус и се залетал во толпата. Се верува дека еден од убиените е полицаец.Инцидентот се случил во крајбрежната провинција Фуџијан на југоистокот на земјата. Како што јавуваат локалните медиуми, полицијата го совладала напаѓачот.https://twitter.com/tangyongtao1/status/1077489657917538306https://twitter.com/pZO5xK2Su74DiBW/status/1077492271434481666

Свет | пред 7 години

7 год.
kalendar

1 јануари 2019 година – неработен ден за сите граѓани на Македонија

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2019 година (вторник), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата Година. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada-1

112-та седница на Влада

На предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница ќе биде разгледана Предлог - програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.Министерството за локална самоуправа за оваа седница предложи повеќе точки меѓу кои и Предлог - програмата за изменување на Програмата за рамномерен регионален развој во 2018 година, Информацијата со барање за измена на Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2018 година, со Предлог – одлука, како и Информацијата со барање за измена на Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2018 година, со Предлог – одлука.На оваа седница на Владата на РМ ќе биде разгледана и Информацијата за усвојување на Национална транспортна стратегија 2018-2030, додека пак на предлог на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, на седницата ќе биде презентирана Информацијата за потпишување Меморандум за соработка со Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за реализација на проектот „Носење промени - добро управување и ефективност во јавната администрација“.Од Канцеларија на Претседателот на Владата на РМ, за оваа 112-та седница доаѓа Информацијата за формирани работни групи по кластери за подготовка на Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализам.На денешната седница на Владата на РМ ќе се најдат и повеќе други точки од интерес на граѓаните и од Програмата за работа на Владата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
najcevska

Најчевска: Ако може некој кој бркал по контејнери да стане пратеник, не гледам зошто пратеникот не може да си се врати на старата активност

Ако може некој кој бркал по контејнери да стане пратеник, не гледам зошто пратеникот не може да си се врати на старата активност – да брка по контејнери.Она што не смее да се случи е пратеникот да бенефицира од функцијата пратеник.Тој станал пратеник за да ги претставува граѓаните, да биде нивни глас во највисокото законодавно тело, а не да добива било какви бенефиции и лична корист.Пратеник не е вработување туку е претставување.За вработување се потребни квалификации, а за пратеник е доволно група граѓани да мисли дека конкретниот човек може верно да ги застапува нивните интереси.Пратеникот не смее да ја напушти пратеничката функција: со повеќе пари, поголем имот, повисоко образование, од она кое што го имал кога бил избран.Секое зголемување на богатството, образованието, имотот во време на вршење на пратеничката функција е сомнително и треба да биде сериозно истражено.Донесување на закон со кој се гарантираат бенефиции за пратениците кои немаат врска со нивната функција на претставници на граѓаните значи озаконување на корупцијата.Такви пратеници воопшто не ни се потребни.Мирјана Најчевска

Македонија | пред 7 години

7 год.
gGJvC-

Уште еден цариник го посетил Груевски во Будимпешта

Покрај Александар Трајковски, уште едно лице кое исто така било вработено во Царинската управа, поточно во Секторот за контрола и истраги, било во посета на поранешниот премиер Никола Груевски, во Унгарија.Вработениот во Царинската управа бил идентификуван откако на унгарскиот портал „24.ху“ се појави видео во кое Никола Груевски заедно со уште неколку лица седеше во елитен ресторан во Будимпешта.Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танаскоски вели дека цариникот користел денови од одмор, а во моментов доаѓа на работа, но и дека тој не може да ги спречи вработените да патуваат. Исто така тој истакна дека за посетата на двајцата счужбеници во Будимпешта се врши истрага.Пред две недели на унгарскиот портал „24.ху“ се појави видео во кое Никола Груевски заедно со уште неколку лице ручаше во познат ресторан во Будимпешта. Екс премиерот не одговори на прашањата кои му беа поставени од новинарот, туку се качи во возилото кое го возеше неговиот личен возач.

Македонија | пред 7 години

7 год.
durlovski

Дурловски: Наместо молба за помилување, одлучив да се борам за докажување на мојата невиност

Оперскиот пејач Игор Дурловски кој е еден од обвинетите за настаните од 27 април, преку социјалнте мрежи порача дека наместо наместо молба за помилување, одлучил да се бори за докажување на неговата невиност.„Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди.Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас.Да живее Македонија“, напиша Дурловски на Фејсбук

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Албанец со фалсификувана исправа фатен на Аеродромот во Скопје

На 24.12.2018 година во 13.00 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, на излез од РМ, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“, приведен е  С.Р.(43) од Дибар, Р.Албанија.При извршениот преглед, кај него била пронајдена британска возачка дозвола, банкарска картичка на име T.P.  и албанската патна исправа. Лицето е приведено за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
SAM_6035

Тетовец вршел ископ и утовар на песок без дозвола, па добил кривична

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против ТД “Голец Транс“ ДООЕЛ село Желино и А.Љ.(65) од село Желино за сторено кривично дело “незаконита експлоатација на минерални суровини“.На  27.11.2018 година во атар на село Сиричино, тетовско, на место викано “Леске”, на имот сопственост на второпријавениот, кој е управител на првопријавеното правно лице, од страна на полициски службеници, биле затекнати работна машина и товарно возило, сопственост на првопријавеното правно лице, при ископ и утовар на минерална суровина - песок, за што првопријавеното правно лице не поседувало соодветна концесија издадена од Министерство за економија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petardi

И Неготино остана без петарди, запленети 3.200 парчиња

Во текот на вчерашниот ден (24.12.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес кај две лица се пронајдени и одземени пиротехнички средства. Од Б.С.(52) од село Тимјаник, неготинско и Љ.Ѓ.(57) од село Долни Дисан, неготинско се одземени повеќе од 3,200 петарди и огномети.По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49055064_2124722477573953_3485600500278099968_n

(ФОТО) Продолжува менувањето на оштетената урбана опрема

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат со активностите за менување на оштетената урбана опрема од градските сообраќајници. Изминатите денови се отстрануваше оштетена урбана опрема од булеварите Илинден, Гоце Делчев, како и на улиците 11 Октомври и Кочо Рацин.„На терен се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките, сообраќајни знаци и рабници од тротоарите. На истите локации ќе биде поставена нова урбана опрема или дел од оштетената опрема што ќе биде санирана.Оваа активнот на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжи и во наредниот период на повеќе градски сообраќајници“, велат од ЈП „Улици и патишта“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Capture-8

(ВИДЕО) Константин Георгиевски изгласан за в.д. градоначалник на Охрид

Со 15 гласа „За“ изгласан Константин Георгиевски за вршител на должност градоначалник на Општина Охрид.Георгиевски го предложи советникот од СДСМ Ристе Буловски и тој беше единствениот кандидаст за вршител на должност до избори.„Ни најмалку не сум среќен што на овој начин треба да ја извршувам оваа функција“, со солзи во очите рече Георгиевски, и вети дека во целост ќе ја испочитува желбата на градоначалникот Стојановски и сите негови планови за Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски за католичкиот Божик: Поделбите да ги замениме со толеранција и соживот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати божикна честитка до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.„Празнувањето на овој голем чин во историјата на човештвото претставува најинтимен и најрадосен момент во душата на секој еден верник и следбеник на Христовото учење. Божик е најсветиот христијански празник кој го празнува раѓањето Христово, најсветол ден во животот на секој христијанин, празник кога се негуваат убавите мисли и дела. Почитувањето на традиционалните вредности, толеранцијата на различностите е нашиот заеднички идеал, кон кој сите ние се стремиме“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додава дека се наоѓаме во период преполн со предизвици за државата и сериозни пречки во нашето општество, па потребно е обединување.„Повеќе до кога било во минатото, денес потребно е обединување, да ставиме крај на проблемите кои со децении се провлекуваат во нашата земја, поделбите и омразата, да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас, да работиме и да создаваме за нашата заедничка татковина. Потребно е враќање на спокојот и сигурноста, прогонот, притисоците и поделбите да ги замениме со толеранција, вистински соживот и враќање на вербата во луѓето. Неправдата да биде замената со правда, а вредностите и принципите да бидат составен дел од нашите животи“, додава Мицкоски во божикната честитка.Ваквите празнични моменти, вели тој, носат светлост во секој дом, но и служат како потсетување дека божиќната радост треба да биде споделена со ближните, пријателите и соседите. Овие празнични моменти, како што додава Мицкоски, носат порака за мир и разбирање помеѓу луѓето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

12 сообраќајки во Скопје во изминатиот ден

Во текот на изминатиoт ден (24.12.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди и седум со материјална штета.При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со лесни телесни повреди. 12 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 13 возачи бидејќи осум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и тројца управувале под дејство на алкохол. Осум возила се исклучени од сообраќај бидејќи пет биле нерегистрирани и три технички неисправни.Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица неправилно се престроиле, седум не поседувале пропишана зимска опрема, седум не користеле сигурносен појас и 21 користеле мобилен телефон додека го управувале возилото. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози,  додека исто така 74 возила се подигнати со "Пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кирацовски: Божиќниот дух на добри дела, мир и спокој нека владее во годината што доаѓа

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски  по повод големиот празник Рождество Христово Божиќ во свое, и во име на СДСМ, упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар.„До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Рождество Христово Божиќ, упатувам срдечни честитки со искрена желба за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови кои следат.Прославувајќи го Христовото раѓање, го славиме животот, љубовта, мирот меѓу  луѓето, толеранцијата, солидарноста,  меѓусебното помагање и почитување.Во годината што доаѓа уште попосветено да ги негуваме овие универзални човекови вредности, затоа што тие се предуслов за спокоен живот на сите граѓани во Република Македонија.Нека божиќниот дух на добра мисла, добри дела и топлина владее не само овој ден, туку преку целата година.Нека ви е честит големиот празник Рождество Христово Божиќ“

Македонија | пред 7 години

7 год.
tevdovski-1-777x437

Тевдовски: Сет од 10 крупни реформи ги подобрија јавните финансии во 2018

Преку реформи на даночниот, пензискиот, социјалниот систем, системот на јавни набавки, фискалната транспарентност, спречување на перење пари, како и менаџирањето на јавниот долг, во 2018 година има значително подобрување во јавните финансии во земјава. Станува збор за сет од 10 крупни реформи направени годинава. Тие ќе придонесат за постепено намалување на буџетскиот дефицит, контрола над јавниот долг, намалување на дефицитот во ПИОМ, сервисирање на наследените обврски и спречување на создавање нови, подобро насочување на социјалните трансфери до оние на кои им се потребни и поголема фискална транспарентност.Со даночната реформа, направена годинава ќе се обезбеди фер даночен систем и постепена фискална консолидација. Пензиската реформа пак, ќе го стабилизира ПИОМ и ќе го намали дефицитот во Фондот. Направена е и реформа на социјалниот систем. Таа ќе овозможи гарантиран минимален приход, подобро таргетирање на социјалните трансфери, како и повеќе средства за најранливите категории.-Јавниот долг е ставен под контрола. Ако во 2016 година јавниот долг изнесуваше 48,8%, денес тој изнесува 48,2%. Зголемена е довербата на инвеститорите, што влијаеше на намалување на каматната стапка и зголемување на рочноста на инструментите. Годинава е 30 годишна обврзница, како и најуспешната еврообврзница досега со историски најниска каматна стапка од 2,75%. Фискалната консолидација се спроведува постепено во насока на одржливост на јавниот долг. И следната година дефицитот во Буџетот е проектиран на пониско ниво во однос на годинава - како процент од БДП, но и во апсолутен износ понизок - истакна во изјава за медиумите министерот за финансии Драган Тевдовски.Тевдовски посочи и дека системски е пристапено кон решавање на заостанатите обврски од претходната власт. Прво, како што рече, направен е закон и платформа за задолжителна евиденција на заостанатите обврски од страна на институциите, општините, фондовите. Потоа, пристапено е кон решавање на проблемот – голем дел од обврските се сервисирани. Министерот Тевдовски истакна дека направени се и законски механизми кои ќе спречат натрупување на нови обврски.Годинава преку новиот Закон за јавни набавки, системот за јавни набавки е усогласен со европските стандарди. Со тоа ќе се овозможи поголема ефикасност и транспарентност во јавните набавки.Борбата против корупцијата се спроведува преку донесените мерки за спречување перење пари. Направен е нов закон, како и стратегија со НБРМ за безготовински плаќања.Подобрена е и функционалноста на системот за јавни финансии. Воведена е претпополнета годишна пријава, електронски систем за царинско работење и многу други мерки од кој директен бенефит ќе имаат граѓаните и фирмите.Континуирано се работи на подобрување на фискалната транспарентност, како најдобар механизам за контрола на управувањето на јавните финансии. „Граѓанскиот буџет“ доби веб-платформа, континуирано се објавуваат голем број на извештаи кои имаат и квалитативно подобри податоци. Наскоро и исплатите од трезорот ќе бидат достапни до широката јавност преку веб-платформа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода неколку улици во Карпош

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека поради двоење во шахта на водоводна мрежа со пречник 1 цол на ул.Варшавска бр.38, денес без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица и од улиците Хелсинки, Мексичка и Ташкентска. (Опш.Карпош).

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта потроши 7 милијарди буџет, а не презема ништо против загадувањето

Македонија се гуши во смог. Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички во текот на ноќта во градовите низ државата изнесуваше и до десет пати над дозволеното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев ја зацрни државата. Ветуваше почист воздух откако ќе ја преземе власта, за две години потоа тој и неговите министри и градоначалници да спијат во собраниските клупи, играат игри на телефон, но и да даваат изјави дека не ги интересираат граѓаните.Потрошија 7 милијарди буџет, а не преземаа ништо против загадувањето. Две години од животот на граѓаните поминаа, а власта не спроведе ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека, наместо решенија се вадат на излитени фрази дека не е можно решение веднаш, сосема спротивно на она што го говореа од опозиција.„И додека власта не презема ништо, болниците низ државата се полнат со пациенти со срцеви и белодробни проблеми, настанати како последица на загадувањето.Граѓаните се директна жртва на негрижата на власта. Ова не смее да продолжи потребни се итни мерки кои ќе го намалат задувањето. Потребно е итно и забрзано отпочнување на проектот гасификација ма целата територија на државата.Граѓаните имаат право на чист воздух, а тоа е обврска за власта.СДСМ нема веќе простор за поправање. Со секој поминат ден со оваа власт, штетите по државата се се поголеми. Токму затоа СДСМ мора да си замине. Црнилото мора да биде победено! Зората ќе изгрее за Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја дел од Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Ѓорче

ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на ден 25.12.2018 година, без електрична енергија ќе останат:Од 13:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Првомајска, подулица 18 (опш.Кисела Вода – Скопје);Од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов, поулица 52 во нас.Лисиче; Од 11:30 до 13:30 часот, корисниците од ул.Ѓорѓи Капчев, подулица 1 (опш.Аеродром – Скопје);Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Скупи бр.3А – позади Олимпико (опш.Карпош – Скопје);Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.52 во Стопански Двор (опш.Ѓорче Петров – Скопје);

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања