„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
gjorcev

Ѓорчев: Кај Албанците расте револтот кон владата на Заев и СДСМ,

Објавата на пратеникот Владимир Ѓорчев ви ја пренесуваме во целост:Зулфи од Норово (општина Крушево) е Албанец и активист на ВМРО-ДПМНЕ.Кај Албанците расте РЕВОЛТОТ кон Владата на Заев и функционерите на СДСМ.Албанците од Норово беа ЖЕСТОКО излажани од Заев и СДСМ, исто како Албанците низ цела Македонија.Ветено и ИЗЛАЖАНО од СДСМ во Норово, ова важи за СЕКОЈ град и село во Македонија:– Пат од Стопанство, преку Алдинци до Норово.– Повеќе водоводи и канализации.– Ветени и ИЗЛАЖАНИ еден куп ВРАБОТУВАЊА.Албанците од Норово и од другите места ќе ги казнат функционерите на СДСМ кои МНОГУ им ветија, а сега НЕ им креваат телефон. Ароганцијата ќе биде казнета.Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има проекти за СИТЕ граѓани и СИТЕ општини.Голем поздрав до СИТЕ добри луѓе во Норово и во цела општина Крушево.https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/posts/2369925583034889

Коментари | пред 7 години

7 год.
Mickoski-4-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Црнила, црнила, црнила, црнила, ново соопштение на ВМРО-ДПМНЕ со ист текст

Република Македонија е обвиткана со црнила од власта предводена од СДСМ. Црн воздух, црна економија, црно здравство, црно образование, зацрнето земјоделие, црна и оцрнета држава, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата велат дека два месеци веќе Скопје е најзагаден град во Европа и меѓу десетте најзагадени во светот, граѓаните со месеци не смеат да излезат од своите домови, а болниците ширум државата секојдневно се полни со десеттици се граѓани со срцеви и белодро ни проблеми.-Ветија решавање, а две години не понудија ниту едно решение. Економијата за која ветуваа минимум 5% годишен раст две години е на нула, платите се ниски, а трошоците за живот секојдневно се зголемуваат. Со секој нов ден со оваа однародена власт граѓаните се се посиромашни. Ветуваа бесплатно болничко лекување за сите, 100.000 денари плата за лекарите, подобро здравство, две години откако ветија, ништо не остварија. Наместо проекти и мерки им ја покачија цената на паркинг просторот на лекарите во клинички. Образованието кое СДСМ се фалеше дека ќе го реформира брутално мипулирајќи илјадници млади е најголемата жртва на оваа влас, се наведува во соопштението.Од партијата посочуваат дека СДСМ две години откако ветуваа студентски град, ниту еден студентски дом не е поправен, а за градба не станува ни збор.-Нема инвестиции ниту во основното, ниту во средното, ниту во високото образование. Младите се изневерени, наместо да ги вратат тие за кои тврдеа дека се иселени, го забрзаа трендот на иселување и сега гледаме цели градови како се празнат и остануваат без млади. Зацрнето е и селото. Земјоделието е запустено. Оваа година немаше откуп и пласман за најголем дел од земјоделските производи, на нивите скапуваа бостанот, пиперките, доматите, зелката, пченицата, сливите и јаболката. Земјоделците во очај го фрлаа родот на буништата и ги сечеа дрвата. Трагедија и ужас. Овој хаос мора да запре. Црнилата кои надвиснале над државата мора да бидат победени. Република Македонија не заслужува да живее во очај и црнило. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа однародена власт на протестен марш во четврток, 20.12.2018 година со почеток од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Avtobus-nesrekja-Leskovac

Две жени од превртениот автобус кај Лесковац се борат за живот

Од повредените во несреќата во Лесковац, двете патнички кои беа најтешко поврдени се борат за живот, откако на едната од нив состојбата ѝ се влошила, дознава „Блиц“.Се работи за С.Т. и И.Ј., кои се хоспитализирани на Клиниката за анестезија и интензивна терапија во Ниш и кои и понатаму се приклучени на машина за дишење и животите им се загрозени.Останатите четворица повредени кои се лекуваат во Клиничкиот центар во Ниш се вон животна опасност.С.Т. има повреда на карлицата и е интубирана, но е во животна опасност. На машина за дишење е и пациентката И.Ј. која доминантно е загрозена поради фрактура на пршлен со заканувачка компресија на ’рбетниот мозок. Нејзината состојба е влошена и таа е животно загрозена.Во единицата за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија се наоѓаат Р.Д. и пациентката А.К.,  кои се стабилни, свесни и вон животна опасност, изјавил директорот на Клиниката, проф.д-р. Радмило Јанковиќ.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ утре пак на протести, Скопје одново блокирано

ВМРО-ДПМНЕ утре со почеток во 19 часот ќе одржи протестен марш кој ќе почне од плоштад ВМРО, а ќе заврши пред Владата. За тоа време, центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај.„Република Македонија е обвиткана со црнила од власта предводена од СДСМ. Црн воздух, црна економија, црно здравство, црно образование, зацрнето земјоделие, црна и оцрнета држава. Два месеци веќе Скопје е најзагаден град во Европа и меѓу десетте најзагадени во светот, граѓаните со месеци не смеат да излезат од своите домови, а болниците ширум државата секојдневно се полни со десеттици се граѓани со срцеви и белодро ни проблеми. Ветија решавање, а две години не понудија ниту едно решение“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Економијата за која ветуваа минимум 5% годишен раст, додаваат од таму, две години е на нула, платите се ниски, а трошоците за живот секојдневно се зголемуваат. Со секој нов ден со оваа однародена власт граѓаните се се посиромашни.„Ветуваа бесплатно болничко лекување за сите, 100.000 денари плата за лекарите, подобро здравство, две години откако ветија, ништо не остварија. Наместо проекти и мерки им ја покачија цената на паркинг просторот на лекарите во клинички. Образованието кое СДСМ се фалеше дека ќе го реформира брутално мипулирајќи илјадници млади е најголемата жртва на оваа власт. Две години откако ветуваа студентски град, ниту еден студентски дом не е поправен, а за градба не станува ни збор. Нема инвестиции ниту во основното, ниту во средното, ниту во високото образование. Младите се изневерени, наместо да ги вратат тие за кои тврдеа дека се иселени, го забрзаа трендот на иселување и сега гледаме цели градови како се празнат и остануваат без млади“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ivica-konevski

Коневски: Ако ги изгубиме претседателските избори, Мицкоски треба да се повлече

Доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби претседателските избори во април, одговорноста ќе биде лична на Христијан Мицкоски и тој треба да се повлече од лидерската функција во партијата, вели Ивица Коневски, кој два мандати беше градоначалник на Општина Аеродром.Коневски не е меѓу избрканите членови на партија, не е ниту дел од новото раководство, има функција како советник на Мицкоски за Град Скопје. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека е загрижен за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ откако по гласањето за уставни измени, беа исклучени дел од членовите на партијата.„Многу беше погрешен пристапот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски со исклучување на членови. Многу од членовите се дистанцираа од самиот претседател, а има и голем број кои воопшто не доаѓаат во партија само заради тие политики на поделби на предавници и патриоти. Тоа беше погрешен чекор и самата партија ја носи во погрешен правец“, вели Коневски./SDKЦелиот текст ТУКА

Македонија | пред 7 години

7 год.
kniga-zalost-9

(ФОТО) Последно збогум преку порака - книга на жалост во Општина Охрид

На денешната комеморација во општина Охрид беше отворена книга на жалост. Се потпишаа премиерот на Р Мкедонија, Зоран Заев, министерите присутни на комеморацијата, амбасадори ,пратеници , бивши градоначалници, советници, директори на државни и општински јавни препријатија, граѓани ...

Македонија | пред 7 години

7 год.
lokalni-izbori.wav.Still019

(ФОТО) Што напиша Заев во книгата на жалост ?

Прв во книгата на жалост која беше отворена денес во Општина Охрид се потпиша Премиерот Зоран Заев.Заев напиша:Со заминувањето на Јован, изгуби Охрид и Локалната заедница, изгуби академската заедница, а изгуби и партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес.Јован беше колега, другар, пријател и голем професионалец посветен на својата визија за Охрид.Претседател на Владата на Република МакедонијаЗоран Заев

Македонија | пред 7 години

7 год.
smokvica-pat

(ФОТО) Вака изгледа патот Демир Капија-Смоквица

Снег кој што заврна наместо радост донесе нервози кај граѓани. Снежната покривка која вчера покри делови од Македонија, предизвика проблеми на неколку патни правци во државата. Нервозни граѓани на социјалните мрежи објавија видеа на кои се гледа хаосот на македонските патишта предизвикан од снежните наноси.Вака изгледа патот Демир Капија-Смоквица...Возачите на социјалните мрежи се жалат од состојбата на магистралните матишта.Оние кои патуваат во текот на утрово, велат дека не сите патишта се исчистени. „Македонија пат изненадени од снегов како и секоја година.Да чекаме сонце да огрее или да излезете да поработите малку“, пишува еден од возачите. Според истиот, патот Демир Капија-Смоквица во должина од 30 километри не е исчистен, односно, останал „не пипнат“.Снегот вчера доведе до целосен прекин на сообраќајот на патниот правец Берово- Виница. Белата покривка предизвика целосна блокада и на патот Битола- Ресен. Снежни проблеми имаше и на планинските премини Стража и Плетвар и Ѓавато.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kola-raskrsnica

(ФОТО) Кога заради еден најпаметен стои цела раскрсница

Граѓаните се почесто на социјалните мрежи објавуваат фотографии од прекршување на сообраќајните правила. Денеска објавена е фотографија на која се гледа како поради еден паркиран автомобил на сред раскрсница стои цела колона автомобили.

Скопје | пред 7 години

7 год.
baba-vangja

БАБА ВАНЃА за 2019: Еден моќен претседател ќе се обидат да го убијат

Црни сценарија на Нострадамус и Баба Банѓа за 2019 година. Дали и колку може да веруваме на истите? Може ли да промениме нешто или едноставно да оставиме што ќе донеси времето.Слепата пророчица, Баба Ванѓа, која ја нарекуваат и „Нострадамус на Балканот” и покрај тоа што е мртва повеќе од две децении, сепак теоричарите на заговор веќе долго време длабоко ги почитуваат нејзините пророштва за глобални настани и природни катастрофи.Ванѓа која го предвиде Брегзит, нападот врз кулите близначки и создавањето на ИСИС, нема баш убави предвидувања за следнава 2019 год.Таа предвидела некои клучни околности во следните дванаесет месеци, вклучувајќи го и економскиот колапс во Европа и обидот за атентат врз Владимир Путин. Пред многу години предвидела дека заканата за Путин ќе дојде од неговиот тим за безбедност – но не прецизирала дали рускиот претседател ќе умре. Но, треба да се земе во предвид дека друго предвидување е дека Владимир Путин и Русија ќе владее со светот.„ Сите ќе паднат, како мраз кога се топи, само еден ќе остане недопирлив – Владимирова слава, слава на Русија, рече таа во 1979 година на средба со писателот Валентин Сидоров. Премногу жртви се принесени. Никој не може да ја запре Русија. Таа ќе биде господар на светот“ , додала таа.Но црно сценарио има и за актуелниот американски претседател. Според Ванѓа, Доналд Трамп ќе заболи од мистериозна болест, од која ќе го избуби слухот. Исто така, ќе страда од мозочни нарушувања.Според неа ќе има и природни катастрофи. Во Азија огромно цунами, во Русија ќе падне огромен метеор.Ванѓа инаку родена како Вангелја Гуштерова, почина во 1996 година и веќе ја изгради својата репутација на Балканот како пророчница. Почина на возраст од осумдесет и пет години.Слични се предвидувањата и на најпознатиот пророк Французинот, Нострадамус. Тој не само што не дава надеж за проспериот, туку нпротив пишува за војна.2019 според него ќе ја зафатат страшни полави , Северна Америка ќе биде зафатена од страшни земјотреси. Н блискиот исток пак се очекува раст на тероризмот и религиоскиот екстремизам.Сепак тој смета дека единствено нешто што ќе ги обедини светските лидери, тоа се климатските промени, поради кои ќе мора да седнат на иста маса.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Листа на пратеници кои гласаа за Законот за амнестија

Собранието со 95 гласови  „за“ и без ниеден „против“, го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието на 27 април 2017, откако претходно предложениот закон  беше одобрен од Интерпартиската парламентарна група.Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и лидерот на ЛДП, Горан Милески ја напуштија салата кога почна гласањето. За законот за амнестија покрај парламентарното мнозинство, гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е целосната листа на пратениците кои денес гласаа за Законот за амнестија. Со Законот за амнестија нема да може да бидат амнестирани: организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата под фантомки, лица кои носеле оружје и експлозивни материи ислужбени лица кои ги пречекориле своите овластувања.Откако Законот ќе стапи во сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pino

ФОТО: Пино е исчезнат веќе 9 дена, неговата мајка бара помош од граѓаните

Веќе една недела младиот Пино е исчезнат, а се уште нема никакви информации за него.Неговата мајка, Маја Трпковска повторно се огласи на социјалните мрежи барајќи помош од граѓаните за синот да го најде и врати дома. Според неа Пино нема никаква причина зошто да избега.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2426461977427760&id=100001919445500-Ве молам помогнете ми да го најдам синчето. Пинета Секондо – Пино, МВР работи, ама веќе 7 дена ништо не откри. Ве молам помогнете ми вие луѓе, вие, само вие ќе ми помогнете да го најдам синчето во ова крпче земја. Да го најдеме синчето мое. Не е избегано од дома, нема зошто да бега. Не е лут со мене, како што не е лут со никој од нашата фамилија. Џабе МВР вели дека е избеган од дома (26 години, работи, супер плата, најсакан и почитуван и на работа и дома) Нема зошто да бега!!! Со срце чекаме да го гушнеме. ВЕ МОЛАМ, ПОМОГНЕТЕ МИ, стои во апелот на неговата мајка на социјалните мрежи.Пино на 10 декември бил излезен вечерта и последен пат е виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Излезен бил со бел автомобил марка „Шкода“ со регистерски таблички SK1566AP.Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Доколку имате информација за ова момче контактирајте ја најблиската полициска станица или неговата мајка на социјалните мрежи.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
5-5

(ФОТО) Лавина реакции: По изгласувањето на Законот за амнестија, правниците си ги фрлаат дипломите

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика едногласната одлука на пратениците во Собранието за Законот за амнестија со кој се дефинира кој ќе биде амнестиран, а кој не за собраниските настани од 27 април.Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:

Магазин | пред 7 години

7 год.
48390323_10213042701165753_8228281487930163200_n

(ФОТО) Полицаец загинал во сообраќајката во Маџари

Министерството за внатрешни работи информираше дека загинатото лице во несреќата каде воз удри автомобил е полицаец вработен во Полициска станица Гази Баба. Тој починал на лице место.Несреќата се случила утрово во 5:50 минути, кога воз удрил во возило „фолксваген венто“, сопственост на МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-cipras

Преспанскиот договор е вреден за Нобелова награда

Договорот од Преспа е единствената добра вест од Европа годинава и ја покажува волјата на двете страни да направат отстапки со цел да се најде решение и да се стави крај на овој долгогодишен конфликт. Сметам дека ќе биде модел за регионот и пример за светот дека дијалогот е можен. Затоа сум тука да го поддржам овој мирен начин на изнаоѓање на решенија, истакнува меѓу другото во интервју за МИА добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи, пренесува Плусинфо.Бушамауи вчера заедно со грчкиот европратеник Стелиос Колуглу ја објави номинацијата на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир во 2019 година. Двајцата од Скопје заминуваат за Атина за и таму да ја претстават номинацијата.Како вашата иницијатива е важна за Договорот од Преспа?– За мене како добитник на Нобеловата награда за мир, заедно со колегите од Туниската четворка за национален дијалог, ја добивме идејата да се справиме со проблемите преку дијалог, да избегнеме конфликт и најдеме решенија. За нас дијалогот претставуваше единствениот начин. Сметам дека тоа што е постигнато тука во Македонија и Грција е исто, претставува дијалог меѓу политичари и влади со цел да се избегнат конфликти и проблеми. Затоа сум тука да го поддржам овој мирен начин на изнаоѓање на решенија.Нели сметате дека иницијативата е прерана, со оглед дека Договорот сѐ уште чека да биде ратификуван од парламентите на двете држави?– Јас сум сигурна дека тоа ќе биде направено, бидејќи се сретнавме со пратениците, претседателот на Собранието на Република Македонија и многу други луѓе, кои се согласни и ја поддржуваат оваа иницијатива. Сметам дека ќе биде модел за регионот и пример дека дијалогот е можен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-germanija

Рација во џамија во Берлин

Германската полиција денеска изврши претрес на неколку објекти во Берлин, меѓу кои и салафистичката џамија Ал-Сахаба. Според сомневањата, имамот финансиски поддржувал терористи во Сирија, објави Дојче Веле.Поради сомневање за давање поддршка и финансирање терористи, берлинската полиција изутринава изврши претрес во салафистичката џамија Ал-Сахаб, во берлинската населба Вединг, и во неколку други објекти.Во фокусот на истрагата е 45-годишниот Ахмад А., кој како имам во џамијата јавно настапува под името Абул Бараа. Обвинителството во Берлин на Твитер соопшти дека постои сомневање дека тој на џихадистички борец во Сирија му „испратил пари за купување оружје и опрема за извршување терористички кривични дела“.Полицијата заплени компјутери, УСБ-стикови, хард-дискови и смартфони. Податоците кои се наоѓаат на нив сега ќе бидат анализирани, изјави портпарол на полицијата.Џамијата Ал-Сахаба е предмет на набљудување на тајната служба поради тоа што е место на средби на радикални салафисти. Агентите на тајната служба во својот извештај за 2017 година пишуваат дека џамијата и здружението „Сопатници“ со години се едни од најпознатите салафистички институции во Берлин.

Свет | пред 7 години

7 год.
Mickoski-1-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Мицкоски бара одговори од Димитров оти рекол дека Македонците имаат комплекси

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил соопшти дека поднеле интерпелација за, како што наведува, најнеуспешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.-Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор! Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси! Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс! Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива, пишува Мицскоски.Тој додава дека во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се зборува за фактите кои, како што вели, ќе го разобличат неговото делување. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Времето денеска

Преку ноќта на северозапад и во Пелагонија имаше повремен снег. Утринава снег врне во Битолa, а повремено засилен ветер од северозапад има на повисоко и во Штип и Гевгелија повремено со брзина од 25 км/час.Претпладне времето ќе биде со умерена облачност, а од пладне претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.Во Скопје, претпладне со мала до умерена облачност, а од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степена.Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. Повремено по котлините ќе има услови за појава на магла особено утре и за време на викендот. Утре кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста од запад и во петок претпладне ќе има повремени претежно од дожд на пониските места.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcki-parlament

Грчкиот Парламент го усвои Буџетот за 2019 година

Со 154 гласа „за“ и 143 „против“, грчкиот Парламент доцна синоќа го усвои Буџетот на Грција за следната година, јави дописничката на МИА од Атина.За време на процесот на гласање, поранешниот шеф на грчката дипломатија и лидер на движењето Прато, Никос Коѕијас, дофрли дека гласа „за“ Буџетот, но не и за законот за тајните фондови кои не поминуваат преку Парламентот.– Побарав од Владата да ја прифати позицијата дека како што тајните фондови на Министерството за надворешни работи поминуваат преку Парламентот, така да поминуваат и сите други преку Парламентот, изјави Коѕијас.Буџетот за 2019 го поддржа и пратеник од опозициската партија Сојуз на централисти.Додека траеше расправата за Буџетот, синдикатите одржаа протести во центарот на Атина.Оној што беше организиран од синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) помина со особено мала посетеност, додека пак, како што е секогаш случај, масовно помина протестот организиран од синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција.МИА

Свет | пред 7 години

7 год.
voz-soobrakajka

Воз удри во автомобил на преминот во скопско Маџари, едно лице загина

Едно лице загина кога воз удри во возило на железничкиот премин кај Маџари во Скопје утрово во 5.50 часот.Според првичните информации, товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје удрил во возило „фолксваген венто“ управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања