„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
foto-2

Како дел од „Млади Европејци”: Мултимедијален караван низ неколку града во Македонија

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје утре (19 декември) со почеток од 12 часот ќе се одржи завршниот дел од манифестацијата „Мултимедијален караван“.Манифестацијата своите две изданија веќе ги реализираше, во Штип, во Домот на млади, на 17.12.2018 и во Гостивар, во Домот на културата на 18.12.2018 година.Програмата предвидува поетски читања на четворица млади поети од Македонија со македонско и албанско етничко потекло со двојазична изведба (на македонски и албански јазик); ликовни остварувања инспирирани од поезијата на претставените млади поети и/или од актуелни проблеми; моден перформанс со традиционални мотиви во трендовски израз и изведба на песната „Македонско девојче“ на три јазици: македонски, албански и турски.Учесници во проектот се: Арлин Фезаи (поет), Игор Трпчески (поет-слемер), Снежана Стојческа (поетеса), Нурие Емрулаху (поетеса), Нита Муча (сликарка), Доротеј Нешковски (скулптор), Каљтрина Зајнели и Линда Селмани (студентки на ДУТ и изведувачки на песната).Манифестацијата сака да ја упати пораката: синтагмата: младите Европејци од Македонија, споделувајќи ги европските вредности, во Европа ја носат и сопствената традиција и култура, сфатена како европско богатството. Целта на манифестацијата е да се покаже дека културата во Македонија, со сите разлики и специфичности, била, е и ќе биде дел од европскиот културен простор и тоа е обединувачката точка за младите од Македонија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
slika-3

Концерт за четирирачно пијано со Марија Ѓошевска и Елена Атанасовска-Ивановска

Во камерната сала на Македонската филхармонија, овој петок (21 декември) во 20 часот, ќе се одржи концерт за четирирачно пијано со едни од најистакнатите македонски пијанистки - Марија Ѓошевска и Елена Атанасовска-Ивановска. На програмата се: свитата „Оревокршачка“ од Чајковски/Лангер, „Карневал на животните“ од К. Сен-Санс/Л. Гарбан и Македонска парафраза бр.2 од македонската композиторка Бете Илин.Елена Атанасовска-Ивановска и Марија Ѓошевска успешно ја претставуваат и ја афирмираат нашата земја и надвор од нејзините граници. Нивната соработка започнува сосема наивно и ненаметливо уште во Нижото музичко училиште преку изведба на Концертот за две пијана на Ј. С. Бах BWV 1060, за да се круниса со настап со Македонската филхармонија, каде што ставовите од концертот на Бах во f-moll ги делат меѓусебно.Многубројни се и полурециталите што ги даваат во Нижото музичко училиште и во Средното музичко училиште во Скопје и низ Македонија. На Факултетот за музичка уметност, пак, во класата на проф. Борис Романов, започнува нивното заедничко дружење преку музиката, каде што постојано се придружуваат на сите клавирски концерти кои бараат пијано-придружба. Дуото официјално започнува да концертира на фестивалот „Златна лира“ во 2009 година. На нивниот репертоар за навистина краток период се најдоа речиси сите капитални дела од светската литература за две пијана. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
RSBSP_01-3

РСБСП: Без изговори! Користи зимска опрема за безбедно учество во сообраќајот во зима

Сообраќајните незгоди и трагедиите што секојдневно, во голем број, се случуваат на патиштата ширум земјава, како да не се доволни за да се разбуди свеста и одговорноста кај сите возачи. За жал, и покрај тоа што временските услови од ден на ден сѐ повеќе се влошуваат, што е нормално и очекувано за овој период од годината, сепак, голем број возачи не ја почитуваат законската обврска за носење и за користење зимска опрема.Влажни и замрзнати коловози, поледица, голомразица, остатоци од кашест снег на коловозот, ниски температури, обилни и помалку обилни врнежи од снег. Тоа е реалноста во зима. Временски услови и состојба на патиштата сосема нормална и очекувана. Ваша обврска како возач е да го подготвите вашето возило и да се подготвите за безбедно учество во сообраќајот.„Тешка сообраќајна незгода. Возило излетало од патот поради поголема брзина и лизгав коловоз“,  „Заглавени возила на патот. Голем дел од возачите не користеле зимска опрема“, „Голем број изречени казни за неносење зимска опрема“ - се најчестите вести во делот на сообраќајна хроника што секојднево се објавуваат на електронските и на печатените медиуми во зимскиот период од годината. Но, наместо да се извлече поука и да се преземат конкретни дејствија, голем број возачи поминуваат покрај оваа вест како нешто сосема нормално. Ништо ново и ништо страшно, што би рекле самите тие.Дали навистина не е страшно? Дали фактот што секојдневно гинат лица на патиштата, не е нешто страшно? Дали не се згрозувате од страшните глетки на искршени возила, од глетката на крв и солзи на патиштата? Дали полицискиот билтен и болничките извештаи за настрадани лица во сообраќајни незгоди навистина не ве загрижуваат?Убедени сме дека нема човек кој не се замислува барем за момент кога ќе види и ќе слушне трагична вест за настрадани лица во сообраќајна незгода. Прашањето е, што преземате за да се заштитите? Дали обезбедивте зимска опрема за вашето возило? Користите ли зимски гуми? Направивте ли превентивен технички преглед на вашето возило? Кога ќе го подготвите возилото за возење во зима? Сега, или ќе жалите цел живот зошто не сте го направиле тоа откако ќе се случи сообраќајна незгода?Многу прашања чии одговори ги знаат сите возачи, но избираат да ги премолчат или да ги избегнат.  Бегањето од одговорите, барањето изговори и оправдувања, никогаш и никому не донело ништо добро.И покрај тоа, голем број возачи, наместо да ја исполнат својата законска обврска за носење и за користење зимска опрема, избираат да го решат проблемот со изговори.Па така, секојдневно можеме да слушнеме изговори од типот: „Оваа година нема да има многу снег и поледици, па не морам да ги менувам гумите“, „Во зима не возам многу и не ми се прави трошок за набавка на зимска опрема“, „Скапи се зимските гуми, не давам пари за тоа“, „Ниедна зима не користам зимска опрема, па ништо не ми се случило“, „Летните гуми се супер, не ми требаат нови гуми“, „Не знам да местам синџири за снег и затоа не ги користам“, „Не ги сакам зимските гуми, многу се бучни“, „Ставам зимски гуми само на двете погонски тркала, тоа е доволно. Некои не ставаат воопшто“.Многу изговори, малку решенија. Затоа РСБСП со препорака: Без изговори и без оправдувања. Крајно време е да се направи зимска подготовка на возилото. Користи зимска опрема и учествувај безбедно во сообраќајот. Изговорите не ги решаваат проблемите и не ги отстрануват опасностите.Исполни ја својата законска обврска пред да биде доцна и избегни катастрофални последици. Во зима со зимска опрема! За безбедно патување. Биди одговорен возач! 

Македонија | пред 7 години

7 год.
izlozba

Отворена изложбата „Економијата на Преспа низ вековите“

Во Ресенскиот Сарај синоќа беше отворена изложбата „Економијата на Преспа низ вековите“ од Игор Ефтимовски, млад ресенчанец кој од неодамна е дипломиран археолог.Во рамките на оваа изложба се претставени економските фази на развојот на Преспа во минатото, почнувајќи од земјоделството како основна дејност, уште од времето на неолитот пред 8000 години. Опишано е и сточарството, а голем акцент е ставен на рибарството како дејност со која населението се занимава од памтивек. Покрај автохтоните риби, опишани се и чуновите  кои специјално се ловело риба во ова езеро.„Целта на изложбата е да се сврти вниманието на јавноста кон економските гранки што традиционално, што природно, во однос на живеењето на населението било одгледувано и работено во Преспа. Оваа изложба би сакал да ги инспирира луѓето денес да размислуваат што може да се работи, а може и да се отвори некоја нова компанија“, рече Ефтимовски.На изложбата е опфатен и делот на производството на керамика во Преспанскиот регион, како важен сегмент од економијата во регионот, од што произлегува и ресенската керамичка колонија, како членка на меѓународната академија за керамика при УНЕСКО.Дел од изложбата е посветена и на бојаџиството, металообработката и трговијата. Ќе бидат претставени и монетите кои што циркулирале на територијата на Преспа во минатото.Ова е прва изложба од ваков вид во Преспа, која има огромно значење за историските показатели во развојот на економијата на оваа територија. Организатор на изложбата е Домот на културата „Драги Тозија“ Ресен. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
IMG-3760ae00bd61255eab5d665f026c12e4-V

Бабовски: Поврат на парите за камати на апликантите кои реализирале ИПАРД инвестиција со кредит од домашните банки

Сите правни и физички лица кои по 25 декември 2016 година користеле средства од Повикот за ИПАРД програмата, а за реализација на инвестицијата подигнале кредит, ќе може да добијат финансиска помош од 50 до 75 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години.Според директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, помошта е наменета за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до осум проценти на годишно ниво, кои се исклучиво пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка на Република Македонија за период до 10 години и тоа за инвестиции кои се финансирани од инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија (ИПАРД).-Услов е и кредитот да не е повисок од 500.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народната банка утврден на денот на склучувањето на договорот за кредит. Право на користење на финансиски помош ќе имаат корисници на финансиски средства од (ИПАРД), кои потпишале договор после завршување на последниот јавен повик за субвенционирање на каматна стапка, односно после 25.12.2016 година, вели Бабовски.Сите што ги исполнуваат условите треба да креираат електронско барање по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk,  за финансиска поддршка со соодветни податоци и да прикачат задолжителни електронски документи: Договор за склучен кредит со банка или штедилница за инвестицијата финансирана од Инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија и Детален амортизационен план кој е прилог на договорот за кредит.Барањата кои ги исполниле условите за користење на средства за мерката „2“ ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk . Барањата кои не се поднесени електронски нема да се разгледуваат.Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка, или најмногу две поединечни барања по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.  Краен рок за аплицирање е до 18.01.2019 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Утре без вода дел од Центар

Утре поради дефект на шибер од ф300мм на ул.Бул.Кочо Рацин бб ( кај Црвен Крст ) – Центар, прекинато водоснабдување од 08:00 часот ќе имаат корисниците од Бул.Кочо Рацин и Стив Наумов до завршување на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Што се крие стотици метри под улица „Македонија“?

Како дванаесетгодишно момче Људмил, нашинец од Австралија, открил урбана мистерија врзана за старо Скопје. Тој ја раскажал неверојатна приказна за тајни ходници што како дете ги открил под сегашната улица „Македонија" во 1963 година.Претпоставува дека по ходниците се движела турската војска.– Кога Турците бегале за Истанбул силно потиснати од нашите, меѓу останатите работи што ги носеле со себе биле и три коњски коли полни со злато. Само што немало никаква шанса да ги потераат коњите во тунелите кои влечеле претоварени коли.Така што, трите коли сосе 6 луѓе на нив и по 4 коња на кола биле затрупани некаде под земја. Подобро им било да го затрупаат златото отколку да бидат фатени со него, а поради него убиени. Така тројца турски големци успеале да избегнат сигурна смрт.Оваа информација ја имам многу одамна од еден стар скопјанец кој веќе одамна е починат. Оваа урбана легенда е таа што дополнително го разгори мојот љубопитен и авантуристички дух – раскажува Људмил.Во истата таа 1963 година, кога ги открил капакот и мистериозниот ходник под него, и кога му се родила идејата да го истражи со надеж дека ќе ја разоткрие оваа урбана легенда која ја чул од старецот, Скопје го стресе катастрофалниот земјотрес. Руините што тој ги остави зад себе ја направија оваа негова авантура речиси невозможна.– Ние, губејќи го нашиот дом, куќата на Петар Драшин, која го издржа земјотресот со мали оштетувања, но сепак беше срушена, се преселивме во населбата Влае. Иако не запрев со истражувањето на сите тунели и отвори што ги наоѓав, многу од местата каде што проценував дека водат, беа урнати и како да ја голтнаа тајната во себе. Легендата за тунелите под Скопје и златото на турските големци за мене остана урбана мистерија, која и понатаму ме скокотка, завршува Људмил.

Скопје | пред 7 години

7 год.
27-april

Кој ќе биде амнестиран, а кој не е опфатен во амнестијата за случувањата на 27-ми април?

Собранието на Република Македонија за денеска во 16 часот закажа нова седница на која единствена точка е Предлог законот за амнестија, за случувањата на 27 април, по скратена постапка.Предлогот е поднесен од пратениците Емилија Александрова, Фросина Ташевска Ременски, Зеќир Рамчиловиќ, Мухамед Зеќири, Горан Мисовски, Весел Мемеди, Соња Мираковска, Снежана Калеска Ванчева, Нола Исмајлоска, Јован Митрески, Владанка Авировиќ, Артан Груби, Бранко Маноиловски, Агим Шаќири, Павле Богоевски, Ирена Стефоска, Чедомир Саздовски, Далибор Богдановски, Костадин Ацевски, Елизабета Канческа Милевска, Мерал Узеири Ферати, откако денеска беше соопштено дека Интерпартиската парламентарна група за реформи, помирување и интеграција постигнала согласност за законското решение.Согласно Предлогот, амнестијата не ги опфаќа организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно чл. 324 од КЗ.Сите обвинети за насилствата во македонското Собрание од 27 април имаат право во рок од пет дена по донесувањето на законот да поднесат индивидуални барања за амнестија, а судот ќе донесе решение по мислење на ЈО, а врз основа на докази со кои располага.-Ние се движевме во рамки на тоа што не може да биде опфатено со законот за амнестија. Тоа ни беше појдовна основа. Целта на дебатата по овој Пределог-закон не се однесуваше на номинирање конкретни кривични дела, не се водевме персонално кон никого, туку дававме опис на дела – дејствија за кои лицата не можат да бидат амнестирани, рече денеска копретседавачот со Интерпартиската група Фросина Ташевска Ременски.Таа потенцира дека секој обвинет индивидуално ќе може да поднесе барање до надлежниот обвинител и суд, а оти судот ќе донесе решение по претходно мислење на Јавното обвинителство кое ќе го темели врз основа на докази со кои располага.Не сакаше да коментира како ќе бидат квалификувани делата на пратениците кои ги отворија вратите од Собранието на 27 април. Тоа, потенцира Ташевска Ременски, ќе го цени Јавното обвинителство и судот.Извор: Курир.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
h_54828099-202427

(ВИДЕО) „Жолтите елеци“ палат во Франција: Патарините во пламен, има и жртви

Сообраќаен хаос денеска во делови на Франција, а заслужни се „жолтите елеци".Компанијата што оперира со патарините – Vinci Autoroutes, соопшти дека протести се во тек на 40-тина локации од нивната мрежа, како и дека дел од наплатните станици се сериозно оштетени, особено на југот на земјата.Наплатната станица Бандол, источно од Марсеј, во вторникот вечерта била запалена, а автопатот А50 е затворен за сообраќај, соопштува компанијата, која претежно оперира со патарините на западот и југот на земјата.Операторот апелира до возачите во Франција да бидат крајно внимателни додека се приближуваат на некоја од наплатните станици, но и кога се приклучуваат на автопатот – поради големиот број пешаци.Исто така, проценуваат дека од почетокот на протестите, на нивната инфраструктура ѝ е нанесена штета во износ од неколку десетици милиони евра, и тоа без да се пресметани загубите од пропуштениот приход, со оглед дека демонстрантите им овозможија на илјадниците возила бесплатно да поминуваат преку патарините.Досега паднаа и неколку човечки жртви во сообраќајни несреќи предизвикани (барем делумно) од препреките и барикадите поставени од „жолтите елеци" на патарините и патиштата.Блокадите и демонстрациите на дел од патиштата, патарините и кружните текови во Франција траат веќе од средината на ноември. „Жолтите елеци" почнаа како протест против зголемувањето на даноците на горивото, а се претворија во општо незадоволство од политиките на Макрон.

Свет | пред 7 години

7 год.
48365418_559323094495718_4889452999547551744_n

Пролонгиран почетокот за пријавување на „Охрид трчаТ“

Пријавувањето за учество на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе започне од понеделник (24 декември), а не од среда (18 декември), како што беше најавено.Пролонгирањето е поради прераната и неочекуваната смрт на нашиот подржувач број еден градоначалникот Јован Стојаноски.Третото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе се одржи на 2 јуни низ градските улици. Заинтересираните ќе можат да се пријават на трката 5 и 10 километри или тим билдинг трката на 5 километри

Магазин | пред 7 години

7 год.
komemoracija-1

Семејството на Стојаноски се заблагодари за поддршката во најтешките моменти

Семејството на прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски, до сите граѓани на Охрид, упати зборови на благодарност за искажаната нивна поддршка и почит кон својот градоначалник.„Почитувани,Во најтешките моменти за нашето семејство, сакаме да Ви упатиме огромна благодарност до сите вас добри и прекрасни луѓе, кои ги надминавте сите партиски, човечки и секакви други препреки и со дела, убав збор, стисната рака во знак на поддршка или само човечки поглед, ни помогате да го изминеме и ова најголемо премрежје.Зборови немаме, солзите не запираат, за нас остана само голема празнина која никогаш нема да се надополни. Негова најголема љубов беше Охрид. Да му се оддолжиме сите заедно со тоа што ќе се сплотиме, ќе го изградиме како што доликува, ќе го направиме да биде, како што милуваше да каже „најубавото место на светот“, со силно образование, со насмеани луѓе, со верба во Бога и народот.Да застанеме зад оваа идеја во која веруваше Јован - Градоначалникот и да се сеќаваме на него онаков како што и секогаш беше - со широка насмевка, топла прегратка и отворено срце ЗА СИТЕ“ – се вели во пораката на семејството Стојаноски до охриѓани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48391254_1970459209675021_5549171203257663488_o

Комитите со емотивна порака по повод роденденот на убиениот Саздо

Навивачката група Комити на својата Фејсбук страница објави емотивна порака по повод роденденот на убиениот Саздо:„Вечерва сите погледнете кон звездите, покрај совршениот распоред на соѕвездијата ќе забележите и смог… Не оној кој го намалува видикот поради загадувањето, маглата или снежните врнежи, туку чадна завеса создадена од самите звезди… И небесните тела негодуваат што еден млад живот згасна и го испративме да талка низ просторот и вечноста.. Талка затоа што нема мир, затоа што сеуште не знае зошто е таму наместо да биде покрај нас, покрај најблиските…Денес наздравуваме во твоја чест Саздо, на овој ден ќе наполнеше 22 години! Наздравуваме во твоето име и слава, наздравуваме со тешки срца и со главите надолу, затоа што Правда се уште нема, сеуште не е ниту на повидок разрешницата, па така и немирот во нашите срца сеуште владее, не разјадува одвнатре… Наздравуваме со црвено вино, а вкусот е горчлив… Горчлив како неправдата, горчлив како солзите кои ги вкусуваме кои ни создаваат бес кој не се трпи… МВР, Јавно Обвинителство дали се слушаме?“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во петок поетско читање во чест на Блаже Конески

Во петок, на 21 декември, со почеток во 12 часот, во просториите на Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи поетско читање во чест на Блаже Конески под наслов Џиџиња од зборови, во духот на една негова песна од стихозбирката „Црн овен“ од 1993 година.Стихови од Конески по свој избор и сегменти од сопственото творештво ќе читаат писателите: Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски, Ана Мартиноска, Атанас Чуповски, Магдалена Хорват, Иван Додовски, Жарко Кујунџиски, Јулијана Величковска, Живко Гроздановски и Драгана Евтимова.

Магазин | пред 7 години

7 год.
putin-kalendar-111

Јапонците полудеа по новите календари за 2019 со Путин

Календарите со претседателот на Русија во Јапонија се продаваат подобро од календарите со која било друга позната личност.Во синџирот продавници „Лофт“, кој има ексклузивно право на продажба на календарите за 2019 година со Путин, велат дека рускиот претседател е хит во продажбата, пренесуваат светските медиуми.Две недели пред Нова година календарот со Путин во Јапонија е неспоредливо попопуларен од календарот со ѕвездата на јапонскиот филм Кеи Танака или со актуелниот олимписки првак во уметничко лизгање Јузуру Ханју.https://www.instagram.com/p/Bojk1zJAUOD/?utm_source=ig_embedИ ова не првата година на популарност на календарот со Путин во земјата на изгрејсонцето. Путин во студена вода, Путин во спортска сала, Путин си игра со кучиња во снегот, Путин на трибините на Светското првенство во фудбал 2018... голем број луѓе, особено жени, купуваат календари со Путин веројатно привлечени од неговиот неконвенционален стил и нескриен мачоизам, сметаат медиумите во Јапонија.https://www.instagram.com/p/BphTa3ahWUo/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Кривична пријава за силување против 45-годишен струмичанец

Секторот за внатрешни работи- Струмица до Основното јавно обвинителство- Струмица поднесе кривична пријава против СК (45) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „силување и други полови дејствија“, сопштија денеска од струмичката полиција.По целосно документирање на настанот од страна на полицијата подготвена е кривична пријава што е доставена во ОЈО-Струмица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-busamai-1

Премиерот Заев на средба со нобеловката Бушамауи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев прими во посета делегација предводена од Уидад Бушамауи, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, придружувана од пратеникот во Европскиот Парламент од Грција, Стелиос Колуглу, како и од ректорот на Универзитетот ФОН, д-р Нано Ружин, и од м-р Сефер Цаноски, член на Управниот Одбор на овој универзитет, каде што денеска беше објавена официјално иницијативата за номинација на премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир во 2019 година.Премиерот Заев се заблагодари и истакна дека оваа иницијатива е сама по себе доволно признание за него, но и за Република Македонија, за нејзините граѓани, и дека ќе биде дополнително охрабрување целиот процес кој отпочна со преговорите со Грција, и кој потоа се заокружи со решенијата на Договорот од Преспа, за да се финализира во парламентите на двете земји со единствена цел имплементација на договорот за пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, и да обезбеди трајно пријателско и стратешко партнерство со Република Грција.Нобеловката Уидад Бушамауи на средбата во Владата на Република Македонија нагласи дека договорот со Република Грција, светот го препозна како една од најуспешна иницијатива на планот на меѓународната политика и добрососедските односи во оваа година, и дека израсна во модел како, во дух на пријателство и доверба, да се решаваат и најсложени политички прашања.Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидад Бушамауи потоа го информираше премиерот Заев за постапката за номинацијата и изрази уверување дека оваа иницијатива ќе биде поддржана од лидерите на меѓународната заедница и организации, и информираше дека од нашата земја, таа и нејзината делегација утре заминуваат за Атина за да го запознаат со оваа иницијатива и премиерот на Грција Алексис Ципрас.„Иницијативата за номинација е мотивација целиот процес меѓу двете земји да заврши со успех и на тој начин да биде признание и за двете држави и за народите во Република Македонија и Република Грција“, истакна средбата со нобеловката Бушамауи премиерот Заев и изрази уверување дека и неговиот колега и пријател Ципрас ќе ја прифати иницијативата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sela-2

Села објави листа на пратеници кои денес го убија по втор пат

Пратеникот Зијадин Села на својот Фјсбук профил објави листа на пратеници кои денес гласаа за Законот за амнестија, а со тоа како што вели тој го убиле по втор пат.„На 27 април имаше обид за убиство, скоро ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по втор пат“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
110-sednia-2

Систем национални здравствени сметки, ќе се користи при пресметувањето на вкупните трошоци во здравството

Владата на седницата ја усвои информацијата за институционализација на националните здравствени сметки во Република Македонија. Овој систем претставува исклучително важна алатка којашто се користи при пресметувањето на вкупните трошоци во здравството според однапред дефинирана класификација, со цел подобро да се разбере финансирање во здравствениот сектор и да се согледа неговата улога во вкупната економија на земјата. Системот на Националните здравствени сметки го опишува текот на финансиските средства од изворите на финансирање, преку давателите на услуги па сé до финалната потрошувачка на здравствените добра и услуги.

Македонија | пред 7 години

7 год.
110-sednica-1

Македонија и Србија ќе соработуваат во делот на заштита и спасување

Дел од одлуките од 110-та седница е извештајот за завршени преговори за склучување на Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за заштита и спасување од природни и други катастрофи. Со спогодбата се опфатени прашањата од областа на заштитата и спасувањето на населението и материјалните добра на билатерално ниво, како и соработката во делот на давањето и приемот на взаемна помош во случај на големи катастрофи, со цел соодветен одговор при вакви ситуации. Освен тоа, Спогодбата е и своевиден придонес во унапредување на регионалната соработка на Република Македонија со државите од нејзиното најблиско опкружување, во доменот на превенција и одговор при справувањето со природни и други катастрофи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
110-sednica-3

Владата побара да се забрза со документацијата за Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево

Министрите денеска ја усвоија Информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево“, со Акциски План. Притоа Владата и препорача на општината Гази Баба во соработка со Градот Скопје, во најкус рок да донесе детални урбанистички планови за локалитетот каде согласно Генералниот урбанистички план е предвидена пречистителната станица, со цел Градот Скопје да може да започне процедура за решавање на имотно-правните односи како и да се дефинира пристапниот пат до пречистителната станица.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања