„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg
7 год.
Нема фотографија

Џеј Зи за една година заработил 76,5 милиони долари

Раперот Џеј Зи е прогласен за најплатен хип-хоп музичар во 2018 година. Во изминатите 12 месеци заработил 76,5 милиони американски долари.Шон Картер, познат како Џеј Зи, успеал да го помине раперот и продуцент Шон Комб или Паф Деди, кој три години по ред беше на врвот на листата на „Форбс“.Џеј Зи во втората половина на 2017 година го промовира својот последен албум „4.44“, а оваа година настапуваше со својата сопруга Бијонсе на заедничката турнеја „Он д ран 2“. Двојката во јуни го објави албумот „Евритинг ис лав“.Паф Деди заработил 64 милиони долари, Кендрик Ламар е трет на листата со годишна заработка од 58 милиони долари. Зад него се наоѓа Дрејк со заработка од 47 милиони долари.

Магазин | пред 7 години

7 год.
mkd-302407

СЈО бара да биде автономна институција

Специјалното јавно обвинтелство го објави извештајот за своето работење во периодот од 15 март 2018 година до 15 септември 2018 година, во кој се наведува дека во овој извештаен период конечно започнаа судските рочишта по сите обвиненија поднесени од страна на ова Јавно обвинителство и одобрени од страна на судот.– Пресудите донесени во текот на шестиот извештаен период против три лица во два различни предмети, како и пресудите донесени од страна на Апелацискиот суд Скопје со кои се потврдени првостепените пресуди против вкупно пет лица ја потврдија оправданоста на поднесените обвиненија во смисла на кривичните дела кои им се ставаа на товар на обвинетите, се наведува во извештајот од СЈО.Во извештајот пишува дека СЈО очекува во претстојниот период од надлежните институции да се превземат потребните мерки и законски услови ова обвинителство да се инкорпорира во Јавното обвинителство на Република Македонија како самостојна институција, која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција од висок профил.– СЈО е на ставот дека во периодот до истекување на законскиот мандат на ова Јавно обвинителство треба единствено да се направат соодветни подготовки за прилагодување на законските норми со кои би се овозможила интеграција на СЈО во Јавното обвинителство на Република Македонија. Од овие причини сметаме дека по 2020 година со имплементација на соодветни законски решенија кои би се донеле е потребно на ова Јавно обвинителство како самостојна институција во јавнообвинителскиот систем на Република Македонија да му се овозможи автономност во постапувањето, и тоа не само по делата од сегашната негова надлежност, туку да добие надлежност и за гонење на кривични дела на корупција од висок профил, стои во извештајот.Од СЈО посочуваат дека во идниот период судот поинтензивно ќе ги закажува рочиштата по одобрените обвиненија со што ќе се овозможи во соодветни судски постапки да ги докаже кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со поднесените обвиненија.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Додик: Нема скриено руско влијание

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека нема „скриено руско влијание“ во соработката на Република Српска со Русија. Тој вели дека Република Српска е подготвена за соработка со сите држави во регионот и пошироко кои тоа го сакаат, но не сака да се одвои од пријатели како што е Русија и се гордее со таа соработка, пренесуваат „Независнe новинe“.Додик потенцира оти не е добро секој вид на соработка на РС и Русија да се прикажува „на малиген начин со цел да се спречи руското влијание на тој простор“.– Тоа се глупости кои треба да се отфрлат, бидејќи не смееме да бидеме заморче на еден политички пристап, кој зборува дека соработката во областите здравство, култура и економија може да бидат нешто друго, освен за добробит на тие кои во тоа учествуваат, вели Додик, истакнувајќи дека Русија е „ несомнено пријател на РС“.Во текот на обраќањето на форумот за стратешки дијалог за соработка меѓу Санкт Петербург и РС, на кој присуствува гувернерот на тој град Георгиј Полтавченко, Додик рече дека рускиот став кон БиХ не е навивачки за една страна, туку принципиелен во поддршката на Дејтонскиот договор.Полтавченко зборуваше за досегашната и за можностите за идна економска соработка со РС.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Смени во српската војска, Вучиќ именуваше нов Началник на ГШ

Нов началник на Генералштабот на Армијата на Србија е генерал-мајор Милан Мојсиловиќ, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со министерот за одбрана Александар Вулин и претставниците на воениот врв.Како што изјави Вучиќ, според Уставот на Србија и по бројни консултации со министерот за одбрана Александар Вулин и водечките луѓе на армијата, издал неколку налози за назначување, именување и разрешување.Најважна одлука е назначувањето на Милан Мојсиловиќ за шеф на Генералштабот.Досегашниот началник Љубиша Диковиќ поднел барање за пензионирање, што Вучиќ го прифатил и му го доделил на Диковиќ орденот Караѓорѓева ѕвезда од прв степен.Милан Мојсиловиќ беше назначен за помошник министер за одбрана- за одбранбена политика со одлука на владата во јуни оваа година. Пред тоа, од 2013 до 2017 година бил шеф на Военото преставништво во Мисијата на Република Србија во НАТО во Брисел. Дипломирал на Воената академија, Командно-штабната школа и Националната школа за одбрана во Белград.

Свет | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ возвраќа: Ќе има дебата кога Мицкоски ќе излезе со став за референдумот

СДСМ веднаш со реакција по повод прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерската партија истакна дека дебата ќе има кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе го искаже својот став за референдумот.„Христијан Мицкоски да каже како може да му се помогне за побрзо да го дефинира својот став. Иднината на државата не смее да биде ризикувана заради нискиот рејтинг на Мицкоски. Во политиката и во дебатата, најлошо е да немаш став. Охрабри се Мицкоски, соопшти став за референдумот и ќе има и дебата и иднина и напредок за европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

Заев: Верувам до небо во народот, барам да застане зад мене

-Пријатели имаме огромни, оваа наша земја, заедно со граѓаните, ќе ја направиме земја за почит. Животот овде да го живееме, тоа е првата цел, не само за нас туку и за младите, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на граѓанската трибина во Демир Хисар.Тој ги повика граѓаните на референдумот да покажат пред земјите членки на НАТО и на ЕУ дека овој народ знае што е добро и дека и Демир Хисар ќе гласа За европска Македонија.-Ги повикувам сите граѓани, ова е наша заедничка татковина и наша заедничка обврска е да водиме грижа за неа. Носев одлуки за договорот со Бугарија, Грција, едно општество за сите, застанаа зад мене Владата и Парламентот, сега барам да застане и народот. Одлуките ги носев верувајки дека огромното мнозинство граѓани ќе ги поддржи и верувам дека и цензусот ќе го постигнеме. Овој народ секогаш кога станувало збор за државата носел правилни одлуки, рече премиерот, Заев.-Цензусот е крупна работа, 904 илјади гласачи треба да гласаат. Секој има обврска кон државата да гласа. Може да биде "за", може "против", но секој кој бојкотира е против државата. Верувам до небото во нашиот народ, додаде премиерот, Заев.Тој посочи дека со договорот од Преспа "добивме држава што никој повеќе не ја спори, со македонски идентитет потврден од сите и македонски јазик, потврден од сите во светот".-Европскиот парламент ќе го користи македонскиот јазик како 26. официјален јазик, 156 илјади страници европско законодавство ќе бидат преведени и на македонски јазик. Вчера во ЕП зборував на македонски јазик, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Заев.-Затоа, да излеземе на 30. септември и да гласаме за европски Демир Хисар и За европска Македонија, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на граѓанската трибина во Демир Хисар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
BEG-toplana-Istok-i-TE-TO-elektrana-1-bg

БЕГ: По кој закон Шилегов тврди дека мрежата за парно е дивоградба?

Балкан енерџи груп (БЕГ), компанијата што во моментов ја користи топловодната мрежа во Скопје, тврди дека таа, согласно важечките закони, никогаш не била третирана како дивоградба а согласно обврските со новиот закон, почнaла постапка за легализација, којашто е во тек. Реакцијата на БЕГ следи по ставот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов дека топловодната мрежа во Скопје е дивоградба и нема имотен лист.„Согласно Законот за регистрирање на подземни и надземни инфраструктурни објекти и придружни инсталации од 2012 година, за објекти во кои влегува и топловодната мрежа, се водеше посебен Регистар од страна на општините во Градот Скопје и град Скопје Овој закон важеше до април 2013. Со влегувањето во сила на Законот за катастар на недвижности, БЕГ како оператор на топловодната мрежа, согласно обврските од новиот закон, уште во јуни 2014 покрена иницијатива до ‘АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката’, да се спроведе постапката за легализација на топловодната мрежа. Дистрибутивната топловодната мрежа е во сопственот на Република Македониja, и со неа стопанисува ова АД. Барањето за легализација до Министерството за транспорт и врски е поднесено во ноември 2015 година“, објаснува БЕГ, додавајќи дека ова значи оти согласно важечките закони мрежата никогаш не била третирана како дивоградба, и во моментот кога законот укажал, компанијата навреме покренала иницијатива, ангажираше геодетска фирма за снимање на топловодната мрежа, како и лиценцирана фирма за финансиска процена, по што почнaла законската постапка за легализација, која е во тек.„Би сакале да нагласиме дека постапката за легализација во никој случај не може да ги наруши правата и обврските на нашата компанија по однос на лиценцата и договорот за користење на мрежата кои се со важност до 31.12.2047 година. Таквиот потег би значел кршење на законите, превземените договорни обврски како и нарушување на правната сигурност на инвеститорите со сите правни последици. Нашите инвеститори сѐ уште го држат приматот на најголем странски green field ивеститор во Република Македониjа со инвестирани преку 200 милиони евра во македонската енергетика“, укажува БЕГ.Компанијата вели дека во целост се согласува со ставот на Град Скопје за превземање на функциите за планирање на енергетската политика на градот Скопје, со која што Градот ќе ги има ингеренциите за планирањето на греењето на градските зони од различни извори централно греење, природен гас, електрична енергија.„БЕГ во рамките на подготовката на новиот закон за енергетика предлагаше Градот и единиците за локална самоуправа да се овластат да ја планираат енергетската структура на градовите и населените места. Ние го подржуваме Градот да добие надлежности за ширење и градба на енергетската инфраструктура вклучувајќи ја и топловодната мрежа, при што ќе ги добие и правата за финансирање на истото преку наплата на приклучни такси и амортизација на мрежата. Нашата компанија ќе продолжи да ја користи мрежата согласно договорот за користење и важечката лиценца, односно ќе ја врши енергетската дејност дистрибуција на топлина. На тој начин ќе се задоволат оправданите барања на град Скопје да ја планира и гради топловодната инфраструктура со обезбедени финансиски алатки, а од друга страна енергетската компонента на дејноста ќе остане во рацете на високо специјализираната енергетска компанија БЕГ, која има развиено специфични кадровски и технички ресурси за професионално вршење на дејноста и ги има сите неопходни вештини, искуства и знаења“, посочува БЕГ и вели дека тоа е важно за квалитетно и ефикасно дистрибуирање на топлина.БЕГ укажува и дека концептот каде локалните самоуправи се сопственици на топлификационите мрежи и се одговорни за нивно планирање и развој согласно урбанистичкиот планови, а професионални енергетски компании ги користат и ја обезбедуваат енергетската услуга за која се специјализирани, е  во согласност со европските директиви но и со новиот закон за енергетика.За проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје, БЕГ објаснува дека  централното греење е економски оправдано само во урбаните централни делови на градот и општините кои се карактеризираат со голема концентрација на колективни станбени објекти, институции и деловни објекти на релативно мал простор.„Тоа се оние делови од градот кои се греат или на централно греење или на електрична енергија и воопшто не се извор на загадување во Скопје. Изворот на загадувањето согласно сите објавени студии се индивидуалните станбени објекти кои користат огревно дрво, јаглен, нафта итн, а кои се распределени во периферните делови на градот. Воведување централно греење во куќите е прескапо од аспект на трошок за опрема кај потрошувачите и трошок за линиска инфраструктура. Затоа сметаме дека Градот и локалните самоуправи треба да се фокусираат за изнаоѓање алтернативни начини на загревање на куќите на економски оправдан начин со што реално ќе се реши загадувањето на воздухот, наместо да се насочуваат кон топлификациониот систем кој не е ниту извор ниту решение за загадувањето“, тврди БЕГ.Според анализите на БЕГ направени во соработка со еминентни стручни институции во земјава, за загревање на куќите во делови на градот со низок степен на урбанизација, економски оправдано решение е замена на печките со високо ефикасни инвертер клима уреди. Во просек една печка на дрва или јаглен може да се замени со 2 инвертер клима уреди со грејна моќ од 3,8 kW. Вкупната инвестиција не надминува повеќе од 30.000 денари по домаќинство, а трошоците за електрична енергија се дури пониски од трошоците за огревно дрво. Во деловите на градот каде постои среден степен на урбанизација со комбинација на куќи, деловни објекти и помал број колективни објекти, оптимално решение е гасификацијата, смета БЕГ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
shilegov

Шилегов најави внатрешна контрола за поефикасна градска администрација

Најновата реформа во работењето на градската администрација е воведувањето на внатрешна контрола со цел обезбедување поголема ефикасност во работата и подобри  и навремени услуги за сите граѓаните на Град Скопје.– Во Градот Скопје за првпат се воведува внатрешна контрола, која во наредниве два месеци треба да изготви регистар на сите предмети кои се пристигнати во Градот, во чии рамки предметите ќе ги категоризира по тип и време на постапување. Целта на оваа активност е да се спречи закочувањето на постапките во Градот, и да се поштедат граѓаните од стресот и изгубеното време талкајќи по шалтери и канцеларии барајќи одговори за непостапувањето за нивните предмети. Определуваме категорија по специфична тежина за колку работни денови треба да биде сработен еден предмет. На пример, данокот на промет би се пресметувал за 5 дена, данокот за имот за 10 дена, лиценцата за такси возачи би се издавала за 30 дена – кажа градоначалникот Шилегов.Покрај спречувањето на можноста за одолговлекување на постапките во Градот, со оваа реформа ќе се воведе и можност за следење и на ефикасноста на секој вработен во градската администрација, а внатрешната контрола на овој начин ќе води досиеја за секој вработен.– Со ова значително ќе се зголеми ажурноста, квалитетот и брзината во работењето на администрацијата. Од понеделник сите граѓани, коишто имаат активни или ново поднесени предмети до Градот, ќе имаат можност  каков било  проблем да пријават до внатрешната контрола на е маил адресата kontrola@skopje.gov.mk. Пријавете доколку Вашиот предмет не се сработува брзо, пријавете доколку Вашиот предмет не се сработува на време, пријавете доколку чувствувате дека имате непринципиелни побарувања од градската администрација – додаде Шилегов.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања