„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026
7 год.
Skopje-Interventional-Meeting-1-1392x987

Филипче: Клиниката за Кардиологија е еден од најголемите центри на Балканот

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче и директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија, Жан Зимбаков, утринава го отворија Skopje Interventional Meeting, настан кој е од круцијално значење за размена на знаења и искуства кај медицинскиот персонал, како и унапредување на медицинската експертиза.Во своето обраќање, министерот Филипче информираше дека Клиниката за Кардиологија, според бројот на срцеви интервенции и особено бројот на интервенции кај акутниот срцев удар, е еден од најголемите центри на Балканот.Дневно се изведуваат срцеви интервенции кај 30-тина пациенти, и 5-10 акутни срцеви удари. Истовремено клиниката има голем број на периферни интервенции, пред се каротидното стентирање и интервенциите на артериите на нозете.„Ова е резултат на работа на цел тим, не само од интервентни кардиолози, туку и ехокардиографисти, интензивисти, и голем средно медицински тим“, потенцираше министерот Филипче.Постојаниот развој на медицината бара следење на сите современи текови и затоа се организираат вакви собири, со присуство на врвни експерти. Денешниот симпозиум има за цел да се прикажат најновите препораки и достигнувања во периферните интервенции.„Очекувам од следниве два дена да произлезат многу нови знаења и заклучоци кои ќе ја подобрат здравствената заштита во областа на кардиологијата“, рече министерот Филипче.Министерството за здравство ги следи барањата на Клиниката за кардиологија и ги поддржува во нивниот развој. Во следниот период ќе се вложува во подобрување на капцитетите, зајакнување со нов кадар и опрема, како и воведување на нови и современи кардиолошки интервенции во секојдневната работа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вработен во Влада го оштетил буџетот за над 2 милиони денари

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, на вчера  поднесе кривична пријава против С. П. (51) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ, со што го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи во Владата на РМ за вкупен износ од 2.079.471,оо денари.Имено, С. П. во својство на службено лице вработен во Службата за општи и заеднички работи во Влада на Република Македонија, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како самостоен референт-организатор за услуги со фиксната и мобилната телефонија,  во временскиот период мај 2012 до август 2017 година, на непознати лица дал на користење девет СИМ картички, сопственост на Службата за општи и заеднички работи во Влада на РМ, без притоа да подготви и  потпише реверси за задолжување со податоци и потписи на лицата, како и своерачно потпишани изјави од истите со кои се согласуваат во случај на пречекорување на ограничувањето на сметките за користење на телефонските броеви, разликата од утврденото ограничување и висината на сметката да им биде задржана од месечната плата. Понатаму,  кога  фактурите од Македонски телеком пристигнале за наплата на побарувањата по основ на остварените мобилни услуги за 9-те телефонски броеви, пријавениот како овластено лице задолжен да врши контрола и проверка на сметките на корисниците на службени мобилни телефони, иако знаел дека  телефонските броеви ги користат лица на кои што не им следуваат телефонски броеви и нема изработени и потпишани реверси, своерачно се потпишал и ставил печат дека е извршена контрола и дека нема забелешки.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во пожарот во Северна Калифорнија загинаа 84 лица

Американските власти соопштија дека бројот на загинати во пожарот во северниот дел на Калифорнија изнесува вкупно 84 лица.Огнот, познат како „камперски оган“, е совладан 95 проценти. Тој избувна на 8 ноември и го опустоши градот Парадајс, уништувајќи повеќе од 13.000 домови.Службата на шерифот на округот Бјут соопшти дека уште 560 лица се водат како исчезнати. Според властите, многу луѓе од списокот на исчезнати можеби се на безбедно и воопшто не знаат дека нивните имиња се на него.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Едно лице загина во оружена престрелка на грчко-албанската граница

Дилер на дрога бил убиен, а еден полицаец полесно повреден во оружена престрелка во близина на грчко-албанската граница, на околу 50 километри од градот Јанина. Според локалните медиуми од областа Епир, убиениот дилер бил албански државјанин, а полицијата трага по уште четири лица. „Околу 18 часот во областа Висани кај Јанина за време на полициска акција за случај со дрога и по оружена пресметка меѓу полицајците и криминалците, смртно беше повреден еден странски државјанин, а полесно повреден еден полицаец. Во околината беа пронајдени торби со дрога, соопштуваат од грчката полиција.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шекеринска ќе го претстави буџетот во одбраната за наредната година

Минстерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на прес конференција ќе го презентира буџетот во делот на одбраната за наредната година.Според Предлог-буџетот за 2019 година што Владата го прифати и го достави до Собранието предвидено е зголемување на буџетот на Министерството за одбрана за 7,8 милијарди денари.Покрај интезивирање на процесот на зачленување во НАТО најавени се и раст на платите за пет отсто на сите вработени во одбраната со стептемвриската плата во 2019 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
idiot-3

Димитров на министерски состанок во Солун

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, заедно со неговите колеги од Албанија, Бугарија и домаќинот Грција,  учествува на четвртиот министерски состанок во Солун, на покана од алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.Квадрилатералната средба започна синоќа со вечера на четворицата министри, додека пак работниот дел ќе започне утрово со обраќање на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, по што ќе следи средбата на министрите за надворешни работи. Потоа предвиден е состанок на министрите за економија и развој, додека пак на крајот од работниот ден, домаќинот Јоргос Катругалос ќе одржи прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.Предвидено е темите за дискусија да ги опфатат прашањата во врска со развојот, регионалната соработка и економската интеграција на Балканот, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како и други актуелни настани и прашања од заеднички интерес, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи во пресрет на состанокот.-Разговорите на министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на прашања од заеднички интерес и на случувањата во поширокиот регион, а акцентот ќе се стави на прекуграничната соработка и регионална координација против предизвиците што ги надминуваат границите на секоја земја, како ние кои произлегуваат од континуираната нестабилноста на Блискиот Исток. Исто така, ќе се дискутира и за европската перспектива на Западен Балкан, соопштија вчера од грчкото МНР.Освен министрите за надворешни работи, на состанокот предвидено е и учеството на високи претставници од Министерствата за економија на четирите земји, а според грчкото МНР, тие ќе разговараат за изнаоѓање начини за зајакнување на екстровертноста, на енергетската соработка и поврзување на четирите економии, преку подобрување на инфраструктурата и искористување на дигиталната технологија.За претстојниот министерски состанок во Солун, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио „Сто кокино“, вчера рече дека намерата е преку редовните разговори, Балканот од буре барут во Европа, да стане регион што испраќа позитивни пораки. Тој додаде дека состанокот е редовна средба на која се промовира соработката меѓу земјите од регионот во прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста, но се разгледуваат и други теми.-На пример, заедно со нас, со министрите за надворешни работи, ќе ги имаме и министрите за економија за да разгледаме прашања поврзани со економската соработка во регионот. Претходните средби повеќе беа фокусирани на темите за соработка на министрите за внатрешни работи и цивилна заштита, на прекуграничните теми. Она што сакаме е редовно да разговараме, за Балканот повеќе да не биде буре барут во Европа. Напротив, да биде регион, која испраќа позитивни пораки до Европа и светот , рече Катругалос

Македонија | пред 7 години

7 год.
magla

Сообраќајот се одвива тековно, на Стража има магла

Сообраќајот на патиштата низ Македонија утрово се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост од 80 до 100 метри поради магла има на планискиот премин Стража.Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.АМСМ потсетува дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sudenje-6

Денеска судски рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Титаник" и „Титаник 3" на Специјалното јавно обвинителство.Минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради oтсуството на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор во затворот „Скопје“.Судот ќе треба да се изјасни по барањето на застапникот на обвинението на поранешниот премиер Никола Груевски, да му се суди во отсуство.Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.Во Кривичниот суд, денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kosovo-1

Сирени и истрели на Косово, уапсени четворица за случајот со Оливер Ивановиќ

Припадниците на специјалните единици на Косово, РОСУ рамо изутринава уапсиле четири лица, а се слушнало и пукање и сирени. Портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџај изјави за РТС дека по налог на надлежниот суд единиците на косовската полиција извршиле рација на четири локации и привеле четворица во рамките на истрагата за убиството на Ивановиќ.Уапсен е Драгиша Марковиќ, припадник на Косовската полициска служба (КПС) кој работел на случајот на убиството на Ивановиќ, Саша Чуркиќ, Марко Рашиќ и Недељко Спасојевиќ, исто припадник на КПС. Според РТС, тие се одведени во полициска станица во Јужна Мировица.Претседателот на Српската листа Игор Сомиќ изјави дека не знае каде се однесени уапсените, а сопругата на уапсениот Марковиќ рекла дека го тепале со раце, нозе и со кундак.Според пишувањето на порталот Коссев, во Косовска Митровица од изутринава во 6 часот се до 7 часот се случале сирени за воздушна опасност, што ги вознемирило граѓаните. Во истиот период се слушнале и истрели.Ивановиќ беше убиен на 16 јануари годинава, пред седиштето на политичката партија „Слобода, демократија, правда“, на чиешто чело беше тој. Извршителите на убиството сè уште не се фатени од страна на полицијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Промоција на публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“ во Собрание

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде промовирана публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“.На промоцијата ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери, програмскиот менаџер ДЦАФ Марк Ремилар, амбасадорот на Кралството Холандија во РМ Ваутер Пломп, амбасадорот на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, Лукаш Холуб од Делегацијата на ЕУ во РМ, претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Хари Локвенец, претседателот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање Трајко Вељаноски и претседател на Комисијата за надзор над имплементацијата на специјалната истражна мерка следење на комуникации од страна на МВР, Финансиската полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана Емил Димитриев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Повеќе делови од Скопје без струја

„ЕВН Македонија“ АД известува дека денес заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од Ресторан „Александар“ и околните куќи, ул Радишанска, Маркети Рептил, КАМ, и ГИГО. (Општина Бутел )од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од село Горно Оризари (Општина Бутел )од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од село Долно Количани, селата Горно Количани, Пагаруша и Вртекица, Објекти на МВР и АРМ на Солунска Глава, Драчевица, Цветово, нас.Мала Река, Равни Габер, Црвена Вода, Китка, Палиград, Алдинци, Караџица, и дел од корисниците од ул. Московска кај пазарчето ( Општина Студеничани и Карпош )од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Морава, Дел од ул. Гвадалахара, Гарсија Лорка, Брсјачка буна и Антони Дворжак (општина Шуто Оризари )од 09:00 до 09:30 часот, корисниците од дел од село Горно Оризари, дел од селата Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Голиево, и каменолом ГП Гранит (Општина Бутел и Чучер Сандево ) од 10:00 до 10:30 часот, корисниците од дел село Мирковци, Кучевиште, Побожје, дел од селата Љубанци, Бродец, Малино маало, Танушевци, Брест, и Кодра фура(Општина Чучер Сандево )од 10:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Љуботенски Пат, ул. Радишанска 30 и околните подулички, ул. Радишанска 30 (Општина Студеничани )од 11:00 до 11:30 часот, корисниците од дел село Сандево, Манастир Св.Илија, Караула Рамно, дел од село Мирковци, Бањани, Горњани, и Чучер. (Општина Чучер Сандево )

Скопје | пред 7 години

7 год.
Christmas-in-New-York-baner

Голем добротворен концерт на Македонско – американската алумни асоцијација

По минатогодишниот успех на „One night in America“, овој декември Македонско – американската алумни асоцијација (МААА) организира голем добротворен концерт на најпопуларните американски поп и џез композиции поврзани со новогодишните и божикни празници под наслов „Christmas in New York“ во изведба на Биг бендот на Здружението на џез музичари (ЗЏМ).Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин, а како солисти ќе настапат Ирина Карамарковиќ и Џон Илија Апелгрен.Kонцертот  ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија на 15 декември 2018 /сабота/ од 20 часот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно со максимална температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со сончеви периоди, особено околу пладневните часови. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.Утре ќе преовладува умерено до значително облачно време со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.Од среда ќе има и пад на температурата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мијалков во пристојна соба со еден цимер

Во соба од 28 квадратни метри во која има кревет, маса за јадење и тоалет, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков сега го поминува секојдневието во истражниот затвор во Шутка. Човекот кој се движеше опкружен со своите телохранители сега е во друштво со својот цимер во затворската ќелија. Во затворот го посетуваат неговите адвокати, а најблиските му испраќаат пакети, пишува Независен.По апсењето во хотелот „Мериот“, Мијалков беше однесен во обична ќелија во притворското одделение, но по еден ден беше преместен во „хашка соба“, простории кои за разлика од останатиот дел во затворот имаат попристојни услови. Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, вели дека Мијалков бил преместен во хашка соба бидејќи над десет години бил на висока полициска позиција во земјава.„Лицето било функционер на високи позиции. И поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, беше сместен во хашка соба. Тие се ставаат во хашки ќелии бидејќи биле функционери на високи позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и на високи полициски функции, а внатре има криминалци што може завршиле во затвор во време на нивно функционирање. Целта е да се спречат некои несакани ситуации. Сметаме дека треба да биде поизолиран“, вели Котевски.Според официјалните изјави на раководството, досега немало никакви поплаки од Мијалков. Храната му се носи во соба и не ја зема со другите затвореници. Во истото одделение со него, но во различна соба, е неговиот бизнис-партнер, најбогатиот Македонец, Орце Камчев, додека поранешните високи функционери кои беа заедно на врвот со Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, се сместени во обични ќелии.Шесте хашките соби се градени според стандардите на ЕУ и условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.„Во ќелијата во која сега се наоѓа Мијалков престојувал и новинарот Зоран Божиновски. Тој вели дека собата Ѓ6, во која е сместен Мијалков, е последната соба од одделението кое го викаат хашко.„На подот е поставен нов ламинат, креветите и душеците се нови. Во собата има два кревета и еден трет помошен, но тој не се користи. Има маса за јадење, столови нема, се седи на кревет кога се јаде. Има тоалет со ВЦ-шолја, има лавабо со чешма во собата. Има три нови прозорци ПВЦ со двојно стакло. Од прозорец се гледа управната зграда на затворот и влезниот двор и големата т.н. црна врата од која се влегува во затворот“, ни изјави Божиновски.Адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски, пак, вчера поднел жалба на решението за притвор, но не беше достапен за изјава за да каже што напишал во жалбата.Жалбата е поднесена до Апелацискиот суд, кој ќе ја достави на мислење до Специјалното јавно обвинителство, а потоа во судот доколку адвокатите инсистираат може да биде закажана и јавна седница.На барање на Специјалното јавно обвинителство во вторникот, Кривичниот суд му определи притвор на Мијалков кој е обвинет во случајот „Тврдина – Таргет“, поврзан со масовното прислушување. Според сознанијата на Обвинителството, Мијалков се подготвувал да бега. Опасноста од бегство во решението за притвор е поткрепена со сознанијата на Управата за финансиско разузнавање дека обвинетиот располагал со две сметки на кои има 11 милиони евра.Дополнително опасноста од бегство го зголемува и фактот што Мијалков е обвинет во повеќе предмети на Специјалното обвинителство, но и во последната истрагата поврзана со перење пари „Империја“.Освен притворско одделение, во Шутка има и дел каде што се издржуваат затворски казни и таму требаше да биде сместен поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта. Во затворскиот дел има над сто осуденици што издржуваат казна затвор до три години и повратници што се осудени на шест месеци затвор. Таму има и осуденици на повисоки затворски казни за потешки дела бидејќи таму се носат затвореници што издржале поголем дел од казната во затворот во Идризово или во други затвори во Македонија, па се префрлаат во затворот во Шутка на доиздржување на казната. Директорот на затворот во Шутка вели дека третманот во овој затвор е ист за сите, за никого нема да има ниту помалку ниту повеќе.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0096-800x533

Заев: Со Денот на албанската азбука го славиме зближувањето на различните културни традиции

,,Јазикот и негова соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој.Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа не повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на нашата интеграција во Европската Унија.Јазикот и писмото се најсилните средства и за чување и за афирмација на духовното наследство на една заедница”, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Свечената академија по повод одбележувањето на 110 годишнината од албанската азбука.,,Денес, кога го славиме значајниот јубилеј – 110 години од албанската азбука – вреди да ја споменеме исклучителната мисија што ја изврши големиот албански писател Исмаил Кадаре, кој, благодарение на стандардизацијата на албанскиот јазик и писмо, беше преведуван на стотици други светски јазици. Неговите дела, како и делата на десетици други писатели, научни работници и публицисти од албанскиот духовно-културен круг, ја ширеа вистината и културата на албанскиот народ од Албанија и од регионот.Тоа е силен доказ дека јазикот и писмото се мостови до другите традиции, култури и духовни наследства. Тоа се клучевите што ги отвораат портите на другите светови за да се запознаваат, почитуваат и да се помагаат едни со други”, додаде тој.Според премиерот, во Република Македонија имаме шанса на најдобар можен начин да ја промовираме и практикуваме големата европска идеја – Обединети во различностите.Затоа со право можеме да го истакнеме фактот дека прогласувањето на денешниот ден за официјален празник на албанското писмо, е составен дел од јазичното и од културното богатство на Република Македонија.Одбележувањето на културните вредности, датуми и традиции на сите етнички заедници, вклучувајќи ја и албанската, е во суштината, во основата на нашето мултикултурно општество.Прифаќањето на таа реалност е силен придонес за просперитетна иднина и за благосостојба на сите граѓани.,,Нашата определба е да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Нашата цел е да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон етничките, националните, верските и културните разлики. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво што се градеше со векови и што претставува обврска за нашата заедничка иднина.Со право се залагаме и велиме дека етничката и јазичната разноличност на нашето општество ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство. Празникот – Ден на албанската азбука, заеднички да го прославуваме и со тоа заеднички да ги славиме постоењето и зближувањето на културните традиции, кои на овие простори опстојувале заедно со векови.Нашата заедничка иднина, иднината на сите наши граѓани ќе ја изградиме без затворање во етноцентрична култура.Нашиот модел за иднината започнува со почитувањето на сите заедници во која различните културите ќе се почитуваат, ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат”, додаде Заев.На свеченоста свои обраќања имаа и претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Република Албанија, Илир Мета и Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

пред 7 години

7 год.
mickoski

Реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ се на резервна клупа, рече Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше гостин во отворено студио на 1тв и изјави дека луѓето кои се декларираа како реформатори не се исклучени од партијата, тие се членови на истата и со дел од нив се уште е во комуникација.“Партијата дава шанса, а вие трба да ја искористите. Доколку не ја искористите ве става на клупа, резервна клупа”Запршан дали реформаторите повторно ќе ги врати во игра, Мицкоски рече “Во политиката нема вечни пријатели ниту вечни непријатели, тоа не е само во Македонија туку е светска пракса”.Запрашан дали дозволлува спротивно мислење од неговото, тој одговори потврдно, се додека партијата не донесе конечен став. „Различното однесување од партискиот став не е досволено“, изјави Мицкоски“Сум за партиска дебата, но се додека се донесе партиска одлука”, рече Мицкоски

Македонија | пред 7 години

7 год.
DsmzJh4X4AAt50C

(Вознемирувачка фотографија) Возач усмртил куче во Лисиче и го оставил на улица

Додека се уште во Скопје се трујат кучиња бидејќи тие немаат сопственици и живеат на улица, истовремено се почесто прегазени од моторни возила се оставаат мртви по скопските улици.Последно на социјалните мрежи е објавена фотографија од куче удрено од автомобил на само пет метри од пешачкиот пример. Нема информации за возачот, а кучето било оставено мртво на улицата. Ова се случило во Аеродром, односно Лисиче.https://twitter.com/obnov_energ/status/1065579782900015104

Скопје | пред 7 години

7 год.
twitter

„Треба Шеќеринска за ‘Мис на светот’ да ја кандидирате“

   

Магазин | пред 7 години

7 год.
46508969_2076680565711478_5839276272504537088_n-1

Македонска репрезентација во хокеј: Ни треба хокеј арена под итно

Македонската репрезентација во хокеј на мраз бараат од власта да се изгради хокеј арена која е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови.„Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup.ГО ОСВОИВМЕ!!!Со 5 победи во 5 натпревари. Докажавме дека хокејот не е мал и непросперитетен спорт во Македонија, напротив, има иднина ама нема услови.Десет години се мачевме со претходната власт да се убедуваме дека хокеј арена е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови. Не успеавме. Речиси две години од оваа влада исто така абер нема да се направи нешто на ова поле. Во ред е да имаме 5 монтажни лизгалишта низ цела држава, но сакаме ХОКЕЈ АРЕНА!!!15 години се мачиме да го дигнеме хокејот, 15 години со сопствени средства го одржуваме овој спорт, 15 години чекаме на хокеј арена!НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА под итно, НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од еден лав или ограда на мост, САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од сумата исплатена на 3 компании блиски до Владата од Фондот за Иновации на жими мајка.Кога гледам како на глупости се трошат народни пари ми доаѓа да врискам се погласно секој ден: САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА!!!Голема благодарност до хокејарите, до стручниот штаб, до пријателите на хокејот....овој успех е заеднички. Отидовме во Германија на првенство со броени пари, за пат, за спиење и по некој сендвич, се вративме златни со пехар, со покажување на пркос дека можеме да успееме и кога немаме услови и кога никој не верува во нас. <3ХОКЕЈОТ ИМА ИДНИНА ВО МАКЕДОНИЈА!НИ ТРЕБА АРЕНА!!!“, стои во објавата на „Фејсбук“https://www.facebook.com/Insidious.Carnage/posts/2124829140901091

Македонија | пред 7 години

7 год.
Marija-Nikolovska-2

Ракометарките на „Спартак“ од Кисела Вода го победија „Пелистер“

Ракометарките на „Спартак“ од Кисела Вода успеаа да го победат осминафиналистот од Челинџ купот, Пелистер, со резултат 24:22.За клубот од Кисела Вода кој беше во предност од почетокот на натпреварот, играа и постигнаа погодоци: Сандева, Јовановска, Андонова, Николовска 7, Андова 3, Велкова 3, Младеновска, Стефановска 2, Трајковска 2, Ангеловска, Србиновска 3, Арсовска, Цветановска, Иванова 4 и Самарџиска.На натпреварот кој се одигра во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Кисела Вода правдата ја делеа Адриана Здравковска и Сања Божиновска, додека делегат беше Мамер Реџепи.

Спорт | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања