Земјотрес ја стресе Македонија
Земјотрес oд 2.8 степени, имаше попладнево на границата меѓу Македонија, Србија и Косово.Епицентарот бил на 36 км од Скопје и на 10 км од Пасјане во Косово, на длабочина од 2 км.
Македонија | пред 7 години
Земјотрес oд 2.8 степени, имаше попладнево на границата меѓу Македонија, Србија и Косово.Епицентарот бил на 36 км од Скопје и на 10 км од Пасјане во Косово, на длабочина од 2 км.
Македонија | пред 7 години
Министерот за животна средина, Садула Дураку, се оправда и вели дека жали што не бил доволно јасен во својот одговор дека тој не се занимава со граѓаните.„Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните. Во таа насока Владата ја дефинира борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураку во својата изјава за медиумите ја потенцира Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејства. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.Министерот на прашање за коментар за најавите за тужби против државата поради непреземање мерки против загадувањето на воздухот рече: „Сега јас не се занимавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат“.
Македонија | пред 7 години
Еколошкото движење од Тетово, „Екогерила“, денеска преку соопштение изјави дека не им веруваат на ветувањата на „Југохром“ и на Владата бидејќи со години биле измамувани.„Бараме заменик-премиерот Анѓушев целосно да се повлече од сите одлуки за ‘Југохром’ бидејќи постојат сомнежи за можните последици од корупцијата и конфликтот на интереси. Продажбата на електрична енергија на ‘Југохром’ од ЕДС, која беше во сопственост на Анѓушев, и тоа што поранешните вработени тврдат дека тој претходно бил генерален директор на ‘Југохром’ во период од неколку месеци, дава уште поголем простор за сомневање за судир на интереси и корупција, што судството треба да го испита“, стои во нивното соопштение.Од „Екогерила“ во соопштението наведуваат дека препорачуваат целиот процес да биде надгледуван од независни експерти.„Македонија потпиша и се обврза да ја почитува Архуската конвенција за пристап до информации, учество на граѓаните во одлучувањето и пристап до правда за прашањата поврзани со животната средина. Изненадени сме поради тоа што Владата е загрижена од надзорот на независните експерти ако системот за филтрирање, за кој тие тврдат дека ќе го инсталираат, не ги исполни бараните стандарди. Затоа, без строг надзор од страна на независни експерти и обезбедување дека граѓаните и децата од Тетово нема да бидат повторно труени како во минатото, нема да дозволиме повторно отворање на овој познат убиец“, стои во соопштението.
Македонија | пред 7 години
После три години пауза, на Клиниката за Урологија во соработка со Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ, во Македонија за првпат успешно се изврши трансплатација на бубрези од пациент кој доживеал мозочна смрт.Од пациентот кој починал, со дозвола на најблиските членови од семејствто, земени се бубрезите и веднаш се трансплантирани на двајца пациенти кои чекале на нив.Двете трансплатации поминале успешно и засега пациентите кои добиле бубрег добро се чувствуваат.Министерот за здравство. Доц. д-р Венко Филипче вчера, веднаш по трансплатацијата ги посети пациентите.„Неверојатно сум горд на медицинскиот персонал од Нефрологија и КАРИЛ кои направија неверојатно добра работа. Спасија два живота, на една жена и маж кои долго време се измачувале низ процесите за лекување и дијализа. За пациентката ова е втора трансплатација на бубрег, и посакувам добро здравје и оваа трансплантација да помине како по книга, успешно. Но, неверојатно сум горд и со полна почит кон родителите на дарителот на органите, кои дозволија, по мозочната смрт да ги донираат бубрезите од починатиот. Точно, за ваков чекор потребно е човек да биде подготвен и неверојатно големата загуба да ја потиснат размислувајќи дека со донирање на органи, ќе продолжат и спасат нечии туѓ живот. За мене лично, тоа се најголемите херои на денешницата“, вели министерот Филипче.Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова, изјави дека навистина долго се чекало на ваква трансплатација, цели три години.„Трансплатација од починат донор, беше во застој од 2015 година, за жал. Се надевам дека со почетокот овие трансплатации ќе не донесат до влезната врата од ЕУРОТРАНСПЛАТ системот. Искрено се надевам дека ќе ги препознаат нашите напори за трансплатација и многу скоро ќе можат и наши пациенти да се надеваат на органи кои би можеле да ги добиеме од некои други европски болници“, вели докторката Мојсова.
Македонија | пред 7 години
Фестивалот „Мел Фест“,кој своевремено беше единственото музичко талент шоу во Македонија и надвор од неа, вечерва во полн сјај се враќа на македонската фестивалска сцена.Елена Петреска, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Симона Поповска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојановски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска се само дел од пејачите кои ќе настапат на гала вечерта во четврток на 22.11 во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 20.30 часот.После фестивалот, односно неговата гала вечер, ќе има и изложба на фотографии како ретроспектива на „Мел Фест“. Она што ќе се случува вечерва е само најава и всушност почеток за „Мел Фест – талент шоу“ кои ќе стартува пред Нова година, низ 15 градови во Македонија.Уметнички директор на фестивалот е нашата пејачка Елена Петреска, а водител на гала вечерта ќе биде Лила Стојановска.
Магазин | пред 7 години
Општина Карпош е единствената локална самоуправа во државата во која се спроведува проектот „INHERIT 2020 HORIZON“ – Прашалник за здрава населба, во соработка со Институтот за јавно здравје на Република Македонија.Во рамки на овој проект се одржува Форум за заштита на животната средина, во Виена, Австрија, на којшто учествува градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со претставник од Институтот за јавно здравје, д – р Драган Ѓоргев. Тие на учесниците на Форумот им образлужија за начинот на кој се спроведе проектот во Карпош, резултатите од него и перцепцијата на граѓаните и локалната самоуправа за корисноста од него.За време на панел дискусијата, Богоев се осврна на важноста на Прашалникот за Општина Карпош. Конкретно, граѓаните имаа можност преку електронски пат (на http://karpos.gov.mk/page/prasalnikzazdravanaselba) да ги даваат своите забелешки за квалитетот на живот во нивната населба, зеленилото, инфраструктурата, сообраќајот, социјални аспекти од живеењето и сл.Сумираните резултати, сугестиите и идеите ќе бидат земени предвид при креирање на новиот Буџет за 2019 година, со што, на директен начин ќе се зголеми и граѓанското учество во креирање на локалните политики и финансирање на нивните потреби за здрава животна средина, рече Богоев пред присутните. Прашалникот за здрава населба придонесува Општината и општинската администрација да бидат поинформирани за вистинските потреби на граѓаните.Во рамки на Форумот во Виена, градоначалникот Стефан Богоев се сретна и со свои колеги од Европа, при што размени повеќе идеи за правилно управување со отпад и негово паметно искористување. На Форумот се одржуваат и сесии за правилен и одржлив развој на градовите, за обновливите извори на енергија, за зелените површини, за јавниот превоз, како и други области од значење на локалната самоуправа.
Скопје | пред 7 години
Денес околу 02,40 било пријавено дека во бензиска пумпа во село Визбегово, скопско од страна на две непознати лица извршено било разбојништво над вработените при што одзеле околу 12.000 денари.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Скопје | пред 7 години
На 20.11.2018 година во 12,00 часот во Полициската станица Центар, Л.К.М.(22), пријавила обид за силување од такси возач на 18.11.2018 година околу 00,30 часот во Скопје, но тој не успеал во намерата.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Скопје | пред 7 години
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ж.Г.(51) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и ,,оддавање и неовластено прибавување деловна тајна“.Во периодот од јули 2018 до август 2018 година пријавениот, по завршувањето на работниот однос во правно лице од Прилеп, како администратор на компјутерскиот систем, искористувајќи ја приликата што наведеното правно лице не презело активности за промена на корисничките имиња и пасворди за пристап кон компјутерскиот систем, континуирано, од неговиот персонален компјутер, користејќи програма за мрежно поврзување и контролирање на друг компјутер, неовластено пристапувал кон компјутерскиот систем на правното лице, при што во повеќе наврати времено го оневозможил користењето и употребата на компјутерскиот систем.При тоа, пријавениот ја следел деловната коресподенција на вработените и прибавувал класифицирани документи во електронска форма, кои потоа преку електронска пошта, ги праќал до сопственикот на друго правно лице од Прилеп.
Македонија | пред 7 години
На 21.11.2018 година во 20,15 часот било пријавено дека во маркет на улица “Владимир Комаров“ од страна на непознат сторител со закана извршено било разбојништво над вработената, при што од касата одзел околу 3.000 денари.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Македонија | пред 7 години
Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ј.П.(39) и Р.П.(39) двајцата од охридското село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци”.Пријавените, на 05 април годинава без добиена согласност, прибирале, обработувале и користеле лични податоци на женско лице од Охрид, и без нејзино знаење ги објавиле на веб страна за огласи.Дополнително, двајцата пријавени, неовластено и креирале неколку профили на социјалната мрежа Facebook.
Македонија | пред 7 години
Вчера во 16.50 часот било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ лицата Е.Б.(26) и М.Ј.(37), двајцата од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.По преземени мерки против двајцата биле поднесени соодветни пријави.
Скопје | пред 7 години
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Х.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела ,,тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија, со што причинил материјална штета од околу 120.000 денари.Пријавениот, првото дело го извршил на 18.11.2018 година околу 17.20 часот во продавница на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, второто кривично дело истиот ден околу 21.15 часот во продавница на улица „Даме Груев“.
Скопје | пред 7 години
Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за Инфективни Болести и Фебрилни Состојби, во соработка со американската невладина организација Direct Relief, обезбедија напредна и соверемена терапија за Хепатит Ц за 150 пациенти.На денешната прес-конференција, министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче истакна дека терапијата за Хепатит Ц е со вредност од речиси 19 милиони американски долари. Препаратите се произведени од една од водечките фармацевтски компании во САД и се со гарантиран квалитет.Од крајот на 2014 година во светот постои нова терапија за хронично инфицираните со вирусот на хепатитис Ц, која има висок процент на успешност. Терапијата се зема на уста, не се аплицира со боцкање, овозможува ефикасност од 95-100 проценти. Несаканите ефекти во тек на лекувањето се со значително понизок процент и тежина, кои речиси и не бараат нејзино прекинување. Третманот овозможува елиминирање на вирусот од човековиот организам, спречување на понатамошно оштетување на црниот дроб, кога има и појава на цироза и развој на хепатоцелуларен карцином. Исто така допринесува и за извесно опоравување на црниот дроб до одредени граници. Успешно спроведеното лекување ја намалува, одложува или комплетно исклучува потребата од трансплантација на црниот дроб кај овие пациенти.„Овие така наречени директно делувачки антивирусни лекови, кои ги добивме како донација американската невладина организација Direct Relief, се наменети за лекување на пациенти со хронична Ц вирусна инфекција со генотип 1 и 4. Донираната терапија ќе овозможи лекување на околу 200 пациенти кои ке се третиртаат на ЈЗУ У Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и ЈЗУ У Клиника за гастроентерохепатологија“, информираше министерот Филипче.Денeшната донација е обезбедена во рамките на поширока програма за поддршка на здравствениот систем на Република Македонија која Министерството за здравство ја реализира во соработка со Direct Relief и преку која се обезбедуваат таргетирани донации како одговор на утврдени потреби.Директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ изјави дека со овој лек не само што ќе се лекуваат заболените од хепатитис Ц, туку ќе се намали и смртноста.Хепатитис Ц вирусната инфекција претставува еден од водечките здравствени проблеми во светот поради големиот број на хронично инфицирани лица, сериозноста на последиците по здравјето и животот на болните од значајното оштетување на црниот дроб. Во Република Македонија се проценува дека бројот на инфицирани со овој вирус се движи околу 1,2-1,5 отсто од популацијата.Досега хроничната Хепатитис Ц вирусна инфекција се третираше со Пегилиран интерферон и Рибавирин, третман чија ефикасност е од 40 проценти до зависно од генотипот, според различни студии. Терапијата е со голем број контраиндикации за нејзина употреба, несакани ефекти, поради кои и третманот не ретко е прекинуван што ги остава пациентите без избор за лекување.
Македонија | пред 7 години
Припадниците на АРМ и МВР, кои учествуваа на здружената вежба „Есенска бура-18“, денеска на армискиот полигон „Криволак“, демонстрираа координиран настап при справување со ситуации и постапки поврзани со кризниот менаџмент.„На денот за високи гости, специјалните единици на АРМ и МВР, со поддршка од хеликоптерските единици, воената полиција, пешадиските единици, како и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, го покажаа својот потенцијал за ефективно справување во разни ситуации. Притоа беа прикажани вежби на упад во просторија, напад на терористички камп, изведување на препад, заседа, справување со нарушување на јавен ред и мир при заложничка криза и други постапки.На вежбата „Есенска бура-18“, која се реализира во период од 8 до 13 ноември, припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции (баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон), Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваа вежбовни активности со цел унапредување на меѓусебната интероперабилност и кризниот менаџмент како одговор на можните закани“, стои во соопштението од МВР.
Македонија | пред 7 години
На синоќешното отворање на третото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во Музејот на современа уметност, Искра Гешоска рече дека во конципирањето на фестивалот се’ уште е актуелна мислата на Ален Бадју дека заедницата која се заснова врз култура на критичко дејствување и соочување преку креативна конфронтација е култура на слобода којашто ги поместува хоризонтите на општеството.„Токму оваа идеја е се уште актуелна во нашето конципирање на фестивалот и тоа е она што ни треба, таквото поместување на хоризонтите во општеството и менување во општеството, создавање на платформи коишто ќе бидат перманентно критични и ќе се борат против состојбите на вознемиреност и на вонредност. КРИК беше замислен како отворена платформа и се уште е, тој е на некој начин резиме, кое почнува ново поглавје на целокупната работа не само на Контрапункт, туку и сите други со кои заедно сме ги создавале нашите мислечки, општествени и политички наративи“, рече Гешоска.Елена Вељановска ја претстави програмата на годинашното издание, која е поделена во три дела.„Оваа година решивме да се занимаваме со актуелни, но поглобални теми, но кои исто така имаат влијание врз нашиот локален контекст. Оваа година не направивме изложба, имаме повеќе видеа и се занимаваме со уметноста на подискурзивен начин, но имаме музича содржина, за која се надеваме дека повеќе ќе ја развиваме во иднина“, рече Вељановска.За концептот на годинашното издание на фестивалот, Артан Садику рече дека насловот „АЛЕРТ! – пред портите на моќта очекувајте исклучување“ е единствениот начин на кој може да се опише содржината.„Јас би го опишал како процес кој сакал да зборува за она кое ние го искусуваме во секојдневието токму под нашата кожа, кое е многу политичко ама не зборува. Ние сакаме да кажеме збор-два за она што се случува под нашата кожа, во нашето секојдневие, кога сме на улица, дома, ког сме во јавен простор, кога се соочуваме со политички настани, сето тоа што тлее под нашата кожата сакавме во овој КРИК да го отвориме и да го продискутираме, рече Садику.Тој го претстави и првиот гостин на фестивалот, Маурицио Лазарато, социолог, филозоф и професор на Универзитетот „Paris 8“ за кој рече дека е еден од водечките светски постмарксистички мислители кој ја револуционаризираше денешната перспектива на трудот во капиталистичките општества.Предавањето на Лазарато, насловено „Помеѓу политиките на задолжување и нео-фашистичкиот бран во светот“ ги акцентираше новите авторитарни, фашистички, недемократски движења, нивниот подем и влијанието на неолибералните економски политики врз таквата драстична промена во политичката мапа.„Изборот на Жаир Болсонаро, за претседател на Бразил е голем пресврт во историјата на светот. Овие избори покажуват што ќе се случува со светот во иднина. Неолиберализмот е само маска, вистинското лице на светот денес е фашизот. Врската помеѓу неолиберализот и фашизмот не е нешто ново, бидејќи апсолутната моќ е една од аспирациите на неолиберализмот“, истакна Лазарато.Според него, економската криза, односно задолжувањето, бегалците и екологијата се трите клучни проблеми на светот денес кои водат кон будење на новиот фашизам кој се крие зад маската на популистичкиот неолиберализам.„Последните избори во Бразил покажуваат блиска врска помеѓу војната, нејзините артикулации (фашизмот, расизмот, сексизмот) и неолиберализмот. Ова не е ништо ново, бидејќи подемот на неолиберализмот во Чиле започна помеѓу соработката на чилеанската војска и чилеанската група на економски либертаријанци, The Chicago Boys. Токму економската криза во Бразил беше предуслов за доаѓањето на Болсонаро на власт.“Тој рече дека во Европа и во САД со Трамп се создава нов тип на фашизам кој нема брзо да заврши.Одговарајќи на прашањата на публиката Лазарато истакна дека потребно е да преосмисли концептот на револуција во 21 – от век, бидејќи во фокусот на марксистичката мисла е само трудот и таа не го зема предвид феминистичкото движење како едно од највлијателните денес, а слично е и со расните политики, кои денес е изразуваат преку односто кон мигрантите и бегалците. „Потребна е револуционерна политика, а исто така и култура“, рече Лазарато.Дел од отворањето на КРИК 03 беше и перформансот на Пост глобал трио во кино салата на МСУ и дј сетот на Тони Димитров.За четврток (22 ноември) се планирани предавањето „За постанувањето поранешен“ и разговор со Петар Милат од Хрватска, поврзано со општото прашање за тоа дали и колку уметничкото творештво и естетското промислување можат да го надминат дисциплинскиот јаз - и во системот на уметноста и во општата рамка на општествениот живот – Милат во своето предавање ќе го акцентира постоењето на специфичната стратегија на трансверзалностa и на недисциплинатa: постанувањето поранешен.Во разработката на оваа идеја, ќе бидат презентирани примери од современата теорија на естетиката, експерименталниот филм и книжевноста, со цел да се укаже дека естетскиот еманципаторски капацитет се наоѓа во специфичната привременост на уметноста.Потоа ќе се одржи презентација на уметнички видеа Das nackte Überleben / Гол опстанок и разговор со Катрин Бекер од Германија. директорката на n.b.k. Видео-форумот и кураторка, Катрин Бекер, ќе претстави избор на видео-дела од изминатите две децении, кои во однос на содржината реферираат на поимот Состојба на исклучоци. Насловот на проекцијата Das nackte Überleben - или Гол опстанок - е инспириран од синтагмата „гол живот“ на Џорџо Агамбен; голиот живот од кој суверената моќ може да се ослободи и располага по укинувањето на разликата помеѓу „јавното“ и „приватното“. Во видео-проекцијата, Бекер ги претставува и коментира делата кои се однесуваат на поединецот во однос на состојбата на исклучоци - дали е тоа политичка, економска, еколошка или социјална, притоа осбрнувајќи се на различните аспекти како: диктатурата (Марина Напрушкина), војната (Мозер и Швингер, Микола Ридниј) и окупацијата (Лариса Сансур) се исто толку важни прашања како што се и политичкото исклучување (Олег Кулик), еколошките катастрофи (Урсула Биман) или постоењето на кодексот на однесување (Френсис Алес, Мванги Хутер, Хирохару Мори), што ги регулираат општествените процеси на исклученост и вклученост.Во петок (23 ноември) случувањата ќе започнат напладне со првиот дел на работилницата за критичко пишување во сферата на визуелните уметности „Јасно и гласно“ на Маја Ќириќ од Србија. Од 19 до 20 часот е предвидено да се одржи предавањето, презентацијата и разговорот за картографските филмски наративи (Cine-Soma) со Ангела Мелитопулос од Грција. Со неа подоцна ќе дебатира Маурицио Лазарато, а вечерта звучно ќе ја обојат нејзините сонародници - CËRPA со музички сет и „Millions of dead tourists“ кои ќе одржат концерт на КРИК.Првиот дел од годинешното издание на Меѓународниот фестивал за критичка култура ќе биде заокружен в сабота со вториот дел од работилницата за креативно пишување и со предавање и разговор на тема „Кризата на неолиберализмот, кризата на демократијата“ од Алфредо Саад Фиљо од Велика Британија.
Магазин | пред 7 години
Во Општина Кисела Вода се одржа јавна дебата по повод одбележувањето на Европската недела за помалку отпад. Преставници од локалната самоуправа, здруженија и невладини организации дискутираа за заедничко изнаоѓање на решенија за справување со отпадот на територијата на општината. Тие на оваа средба дадоа повеќе идеи и предлози кои би придонеле за почиста Кисела Вода.Пред присутните се обрати д-р Христина Оџаклиеска, член на Советот на Општина Кисела Вода. Оџаклиеска која даде голема поддршка за одржување на оваа дебата, ја истакна важноста на улогата на сите засегнати страни во напорите за спречување со дивото депонирање на отпад. Таа нагласи дека едукацијата на населението за правата и обврските при постапувањето со отпад, но и спроведувањето на законската регулатива од страна на надлежните служби, ќе придонесе кон активно вклучување на сите засегнати страни во надминувањето на проблемот. Додека, Мирјана Китановска, воспитувач во градинката ЈДГ „8 март“, објект „Расадник“, објасни како нивната градинка го има добиено највисокото еколошко признание, зеленото знаме и како истата работи на полето за зачувување на животната средина.На овој состанок Петар Ѓорѓиоски, раководител на Оделението за заштита на животна средина зборуваше за сите досегашни активности преземени од страна на Општината, а воедно информираше дека во соработка со Пакомак – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување , во просториите на Општина Кисела Вода поставени се пластични канти за селекција на пластика, се со цел, селекцијата на отпадот да започне од работните простории на вработените во истата.Овој настан се одржа во организација на Одделението за заштита животната средина кое постојано вложува максимални напори за зачувување на животната средина.
Скопје | пред 7 години
„Здравје Радово“ најголемата млекарница во Македонија ќе се продава, објави телевизија Алсат. На 16-ти месецов извршител напрвил заплена во сопственичкиот удел во млекарницата.Според официјален документ објавен на Централниот регистар, „Здравје Радово“ должи 4 милиони и 300 илјади евра како главен долг, 20 илјади евра по основ на камата, и 9 илјади евра плус ДДВ – трошоци за извршител.Продажбата на млекарницата ќе ја прави НЛБ Тутунска банка од каде млекарницата земала кредити, а не ги враќала.Две фирми се јавуваат како сопственици во „Здравје Радово“. 99 проценти од млекарницата се во сопственост на Земјоделкиот комбинат Пелагонија, а 1 процент поседува компанијата Пелагонија Енерџи ДООЕЛ.Сопственици на ЗК Пелагонија се Орка Холдинг на Орце Камчев, Цветан Панделевски и контроверзната оф шор фирма „Ексико“.
Македонија | пред 7 години
Протестите пред албанскиот Парламент на жителите од населбата „Астир“ во Тирана, чии домови треба да бидат урнати заради изградбата на нова обиколница, ескалираа кога учесниците на протестот се обидоа насилно да влезат во законодавниот дом, каде се дебатира за ова прашање. Со употреба на тврди предмети и протехнички средства повредени се 12 полициски службеници. „Демонстрантите со фрлање тврди предмети и пиротехника повредија 12 полицајци кои се префрлени во болница. Еден од нив е потешко повреден. Апелираме до учесниците во протестот и политичките партии кои учествуваат во истиот да се дистанцираат од насилство и да ја остават полицијата да ја врши својата задача“, се наведува во соопштението на полицијата.На жителите од споменатата населба, кои повеќе денови мирно протестираат денеска им се придружија и пратеници и членови на опозициските партии. Во населбата има над 330 објекти, добар дел од нив, според надлежните, дивоградби. За оние кои се легализирани, Владата вети обештетување, додека за сопствениците на нелегализирани објекти, подмирување на станарина за изнајмен стан во период од три години, но тие не се согласуваат.
Свет | пред 7 години
Меѓусебната почит и јакнењето на врските е позитивен фактор и од интерес на нашите граѓани, истакна премиерот Зоран Заев за време на средбата со претседателот на Албанија, Илир Мета кој денеска престојува во Македонија по повод празнувањето на Денот на албанската азбука.Заев на средбата упати честитки по повод празникот и истакна дека одбележувањето на овој значаен ден од историјата на албанската заедница е во целосна согласност со принципите за градење едно општество во мултикултурна Република Македонија.„Нашата определба да ги јакнеме врските, меѓусебната почит и поддршката на сите етнички заедници во нашата земја, се пренесува како позитивен фактор во заедничка потрага на одговори на сите прашања што се отвораат пред нас. Тоа е заеднички интерес кој не обединува во остварувањето на стратешките цели, како што се нашите аспирации за членство во НАТО и ЕУ, како и нашата силна определба да ги завршиме реформите дома за да им дадеме општество подеднакво достапно на сите граѓани“, нагласи премиерот Заев на средбата со Мета.Двајцата соговорници разговараа и за повеќе други теми од интерес за двете земји, при што истакнаа подготвеност и силна посветеност да поддржат повеќе проекти за зајакнување на економските и културните врски, како и поддршка за инфраструктурните проекти од кои се очекува дополнителен импулс и за регионално зајакнување на поврзувањето на земјите од регионот.
Македонија | пред 7 години
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.
Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања