7 год.
dokumenti

Прилепчанец со лажирани документи подигнал кредит од 300 илјади денари

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишен прилепчанец за сторено кривично дело измама при добивање кредит или други погодности.Како што информираат од МВР, на 31 август годинава, во филијала на банка во Прилеп, пријавениот поднел барање за одобрување кредит, при што образците ги пополнил со лажни податоци дека е вработен во фирма со работен стаж од две години за што приложил и невистинита потврда за вработување и лични примања и други документи, сите со потпис и печат од сметководствена служба и директор на фирмата.Врз основа на наведената документација на 3 септември годинава банката му одобрила и исплатила кредит во износ од 300.000 денари, но при извршени проверки во наведената фирма, банката добила извесување дека пријавениот никогаш не бил вработен во неа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maxresdefault-1

(Видео) Митовска: СДСМ удира по најсиромашните

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања до власта. СДСМ продолжува да удира по најсиромашните, односно Владата крати 6 милиони евра од буџетот наменети за намалување на сиромаштијата, обвини Слаѓана Митовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.Митовска посочува дека Заев од опозиција ветуваше дека буџетот треба да се троши за најсиромашните, но тој само создал лажна надеж кај луѓето и предизборно ги манипулирал, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.„Овие кратењата се случуваат во период кога Република Македонија има над половина милион граѓани што живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај или тоа се 21,9 отсто од вкупното население во државата. СДСМ, иако имаше можност една и пол година, не презема ниту една мерка за реално намалување на сиромаштијата, напротив, во економијата продолжија да ги користат бенефитите што беa спроведени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Митовска.Дополнително, додава таа, државата е на трето место во светот по младинска невработеност, таа изнесува над 50 отсто, а пред нас се само Јужна Африка и Босна и Херцеговина, а ова се, вели Митовска, официјални податоци на Светската банка.„Извршувањето на капиталните инвестиции за девет месеци изнесува само 24,7 отсто, што е очајно најниско ниво на реализација од постоењето на државата до денес. Ова е показател на неработа и незнаење и во никој случај со ваков начин на работа не можеме да очекуваме нови работни места“, посочува Митовска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
stoltengerg

Премиерот Заев имаше телефонски разговор со Столтенберг: Пратениците ги надминаа партиските разлики

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со Јенс Столтенберг, Генералниот секретар на НАТО, кој изрази комплименти, поддршка и честитки за успехот во понатамошна имплементација на Договорот од Преспа.Генералниот секретар на НАТО ја поздрави храбрата, голема и државничка одлука на пратениците, и му пренесе на премиерот Заев дека во НАТО се среќни што Република Македонија продолжува напред, и уште додаде дека во таа насока испраќа честитки и за успешно завршените пристапни разговори за членство во алијансата на 18 и 19 октомври во Брисел, и порача дека НАТО останува фокусиран на завршување на процесот на интеграцијата на земјата во сојузот.Претседателот на Владата на РМ Заев се заблагодари на честитките, и се согласи дека пратениците ги надминаа партиските разлики за добро на државата и донесоа голема и важна одлука.Премиерот Заев во телефонскиот разговор со Генералниот секретар на НАТО истакна дека одлуката во  Собранието на РМ е силен импулс Република Македонија да продолжи силно напред, и дека охрабрувањето, поддршката и пријателството од НАТО сојузниците ќе има позитивно влијание да се зголеми мнозинството кое ја поддржува имплементацијата на Договорот од Преспа.Тој информираше дека се очекува просецот да заврши во јануари, по што Република Македонија ќе може да го заземе заслуженото место во НАТО.Во телефонскиот разговор со Генералниот секретар на НАТО Столтенберг премиерот Заев уште информираше дека паралелно продолжуваат да се спроведуваат реформите, вклучително и реформите на безбедносниот сектор, и дека институциите во земјата имаат капацитет да ги спроведат сите потребни обврски што доаѓаат со полноправното членство во НАТО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-1

ФОТО: Повторно се сече зеленилото во Аеродром

Попладнево на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија фотографии од исечени дрва во Општина Аеродром. Фотографиите се направени на Булевар Асном кај новоизградениот хотел Хилтон. Жителите побараа одговорност од Град Скопје, јавното претпријатие Паркови и зеленило, како и од градоначалникот на општината, Златко Марин?„Аеродром. Бул Асном со Бул Србија. Кај нов хотел Хилтон.З А Ш Т О ???Град Скопје ?Градоначалник ?Паркови и зеленило ?“, стои во објавата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
KALUGERKA

ФОТО: Калуѓерки одгледуваат марихуана во Калифорнија

Откако минатата недела во Канада почна слободната продажба на марихуана, светските медиуми не престануваат да пишуваат за овој настан.Сè поголем е бројот на оние што ја поддржуваат одлуката на канадските власти, а тука се и калуѓерките од Калифорнија.Тие себеси се нарекуваат сестри од долината и сметаат дека марихуаната е создадена со причина.https://www.instagram.com/p/BkxpRSnnxKh/?utm_source=ig_embedОвие дами одгледуваат марихуана за медицински цели и прават производи што служат исклучиво како лек.https://www.instagram.com/p/Bi21tWOhSq0/?utm_source=ig_embedТие не се од католичка вероисповед и не се поврзани со ниту една организирана религиозна група. Со цел да го подобрат одгледувањето на марихуаната со високи дози ЦБД, тие користат духовни ритуали, а лековите ги прават според Месечевите мени, древната традиција и слично.Нивните производи може да се купат преку интернет, на страницата каде што се нуди и ЦБД-масло, мевлеми и тинктури за лекување голем број тегоби.Овие производи ги користат и од луѓе заболени од рак, па масовно нарачуваат разни масла.

Свет | пред 7 години

7 год.
Capture-1

(ВИДЕО) Василевска: СДСМ крати над 29 милиони евра од буџетот наменет за образование

СДСМ крати над 29 милиони евра од буџетот наменет за образование, обвини денеска Иванка Василевска, член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Ветуваа инвестиции во образованието, подобри услови во основното, средното и во високото образование кога беа во опозиција, а сега кога се на власт, образованието воопшто не е ни на нивната листа на приоритети. Најголемо кратење во секторот образование е во делот на капитални расходи и инвестиции, во делот инвестиции, и овие кратењата се 5 милиони и 700 илјади евра, а за капитални расходи се кратат неверојатни 13 милиони и 530 илјади евра. Тоа, почитувани, се над 19 милиони евра за инвестиции, што подразбира изградба и реконструкции на училишта и научни установи, набавки на опрема и друго што е потребно за функционирањето на образованието“, вели Василевска.Василевска на денешната прес-конференција истакна дека над 1 милион евра се крати во основното образование, односно дека тоа биле кратења во делот на изградба и реконструкции на училишта, набавка на опрема и материјали, понатаму вели дека власта крати и од ставките за средно образование, и тоа 880.000 евра, а од ставката за ученички стандард се кратат неверојатни 1 милион и 750 илјади евра, обвини Василевска истакнувајќи дека најзафатено од големите кратења било високото образование или, според неа, секторот во кој власта ветувала големи инвестиции денеска скратила 5 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kosta-10.20

(Видео) Костадинов: Дали како советник за енергетика на Груевски пионот Мицкоски добил согласност за хидроцентрали?

Антизападниот пион Христијан Мицкоски пред јавноста треба да одговори како компаниите во кои тој има удел од владата на Никола Груевски добил согласност за изградба на хидроцентрали и закуп на земјишта за мали хидроцентрали, праша Костадин Костадинов од СДСМ.„Дали тоа што бил советник за енергетика на носителот на криминалот, Никола Груевски, му помогнало на антизападниот пион Мицкоски?Очигледно има причини поради кои Мицкоски посветено ги следи погубните криминални политики на својот ментор Груевски, а преку кои им нанесува штета на државните и на националните интереси.Очигледно Мицкоски е дел од криминалите на Груевски и затоа по секоја цена тој и раководството на партијата се обидуваат да ја закочат иднината на Македонија и да ја вратат во изолација и неизвесност.Ова е уште една причина преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да им се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО“, нагласи Костадинов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
42581018_10155348552761706_4116179249260396544_o

Богоев: Обезбедени се 200 илјади евра за замена на старите водомери

Благодарејќи на поддршката од Министерството за транспорт и врски, а преку Европската банка за обнова и развој, обезбедени се 200 илјади евра за замена на старите водомери, со нови (безжични) за повеќе од 500 домаќинства од Жданец и Трнодол. Ова е само еден од проектите за кои разговараа градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на денешната работна средба на која беа отворени можностите за поддршка и начин на финансирање и на други заеднички проекти од значење за жителите на Карпош.На полето на урбанистичкото планирање, Богоев напомена дека веќе е добиена согласноста од Министерството за транспорт и врски за новиот Детален урбанистички план за Жданец и Трнодол, преку кој Општината опстојува на определбата за развој на периферните делови на Карпош.„Исто така, се очекува и согласност за Деталниот урбанистички план за Касарна Илинден, со што урбанизацијата ќе се префрли во другиот дел на Општината, а не во централнато јадро, како што беше досега“, рече Богоев.Во текот на зимскиот период, секторите при Општината ќе работат на подготовка на проекти за изградба на нови локални патишта, водовод и канализација, а со истите ќе аплицира кон повеќе финансиски институции и кредитори.Како што напомена и министерот Сугарески, за следната година, на располагање на општините ќе бидат дадени 70 милиони евра за локални патишта, средства обезбедени од Светска Банка, откако Владата и Министерството за финансии. претходно преговараше за нив.Исто така, за проекти за подобрување на водоводната мрежа и канализација за целата локална самоуправа се предвидуваат околу 100 милиони евра, средства од Европската инвестициона банка.Соработката меѓу Општина Карпош и Министерството за транспорт и врски ќе продолжи и во претстојниот период, се со цел да се подобри квалитетот на живот на граѓаните, во повеќе сегменти од живеењето.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nora

Инвеститорот кај Мајчин дом: Општина Аеродром нема пари да ме обештети, зградата ќе се изгради

По двонеделни преговори за трајно стопирање на градбата кај „Мајчин дом“, сопственикот на парцелата Фатмир Етеми, нема надеж дека Општина Аеродром ќе го обесштети. Тој денес по обајвата дека ги разлутил аеродромци, реши да одговори на прашањата од „Макфакс“, кои трета недела не ги одговараше.Вели дека се обиделе да најдат нова соодветна локација како замена за онаа пред „Мајчин дом“, но не нашле таква ниту на територија на Аеродром ниту пак пошироко на територија на Град Скопје.„Општина Аеродром нема пари да ме обесштети. Буџетот е празен, сега се градат пет згради таму, а порано се градеа сто. Ние го полневме буџетот“, вели Етеми.За да излезе во пресрет на барањата на граѓаните кои не сакаат таму да има зграда, вели дека е подготвен да преговара уште неколку недели во кои ќе ги убеди жителите дека зградата нема да влијае на загадувањето на Аеродром и дека ќе биде украс во Општината, за потоа да продолжи со градење.Повеќе на Макфакс

Скопје | пред 7 години

7 год.
ubistvo

Поднесен обвинителен акт за убиството во с. Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице поради убиство.На 16.10.018 година дошло до несогласување меѓу двајцата бидејќи починатиот со неговото возило кај Катланово му го попречил патот на обвинетиот. Недоразбирањата продолжиле и следниот ден, при што на 18.06.2018 осомниченото лице со своето возило дошло во с. Студеничани. Оштетениот со безбол палка го удрил осомничениот во пределот на главата, нанесувајќи му повреди, и веднаш започнал да бега. Во тој момент, осомничениот со огнено оружје – пиштол испукал повеќе куршуми кон оштетеното лице, нанесувајќи му осум повреди.  Од здобиените повреди, лицето починало следниот ден во Ургентниот центар „Мајка Тереза” – Скопје.Поради постоење на опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката притвор. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Отворена истрага против две лица поради обид за убиство со „калашников“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради постоење сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – убиство во обид.Двајцата се осомничени дека на 22 октомври годинава во село Батинци со умисла се обиделе да убијат едно лице.Додека оштетениот се движел по улица со блиндиран автомобил „бмв 750“ со германски регистарски таблички и поминувал во близина на гробиштата, двајцата осомничени пукале кон него со автоматски пушки „калашников“.Возачот застанал со автомобилот, а кога осомничените му се доближиле со оружје во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.Едното осомничено лице веќе е лишено од слобода и нападнатиот го препознал, а другиот осомничен не им е достапен на органите на прогонот и за него Министерството за внатрешни работи распишало централен распис.Со оглед на тоа што постојат околности што укажуваат дека осомничените може да побегнат, да ја попречат кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците или да го повторат, односно да го довршат кривичното дело, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 доставил и предлог за определување мерка притвор за двајцата напаѓачи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Возач на ЈСП пронашол починат маж во тоалет на последна 24-ка

Вчера во 22,35 часот возач во ЈСП пријавил дека на улица „Христо Татарчев“ кај последна автобуска постојка број 24 имало починато лице кое лежело во тоалетот.Од страна на полициски службеници утврдено е дека се работи за Н.К.(52), а смртта била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Manchevski-na-filmskiot-set-na-Vrba

(ВИДЕО) Почна снимањето на новиот филм на Манчевски

Денеска, во близина на прилепското село Крушевица започна со снимање „Врба“, шестиот долгометражен игран филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, кој е автор и на сценариото.По девет години, ова е прв филм што Манчевски го работи во Македонија.„Врба“ е три испреплетени приказни за љубов и доверба – едната од македонското средновековие, другите современи - се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.„Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути“, вели режисерот Манчевски.Главните улоги режисерот ги довери на младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и на веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.Снимањето на филмот ќе трае до првата половина од декември и ќе се снима на локации во во живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец, во Преспанскиот Регион и на различни локации низ Скопје.Во Крушевица за потребите на снимањето изградени се два филмски сета, со автентични сценографски решенија во духот на времето, кое режисерот сака да го долови во филмот, а во Штавица ќе се користат веќе постоечки ресурси со дополнително преуредување.Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош (Támas Dobos), дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс (David Munns), за костимите се задолжени Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач (Györgui Szakács) од Унгарија, асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија, а кастинг директорка е Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент е Ник Пауел (Nik Powell) од Велика Британија, легендарниот коосновач на „Вирџин рекордс“ заедно со Ричард Брансон.Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско - унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија.Поминаа девет години откако филмскиот режисер Манчевски го сними неговиот последен македонски филм, наградуваниот „Мајки“. Во меѓувреме, Манчевски работеше во Њујорк - „Бикини Мун“, неговиот последен филм (кој во март годинава ја имаше македонската премиера, а овој месец и њујоршката), е американско-германска копродукција без учество на Македонија.Манчевски е добитник на над 40 меѓународни награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат од универзитетот ВГИК во Москва, Златен лав во Венеција, номинација за Оскар, Индепендент спирит, Давид ди Донатело, ФИПРЕСЦИ, УНЕСКО, Сребрен кондор, ЕМ-ТИ-ВИ и други. „Њујорк тајмс“ го вброи „Пред дождот“ меѓу најдобрите илјада филмови на сите времиња. Неговите филмови се предаваат на бројни универзитети на сите пет континенти, а влезени се и во наставната програма на средните училишта во Италија и Турција. Користени се и во наставата во Јужна Кореја. За неговите филмови се одржани две академски конференции, во Фиренца и во Лајпциг.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Damjan-Mancevski1

(ВИДЕО) Манчевски: Ќе воведeме ред во хаосот што постои во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација започнува со спроведување на хоризонталната анализа на јавната администрација. Според министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, ова значи дека конечно во Македонија ќе се воведе ред во хаосот што постои во системот.„На овој процес му претходеше мапирање на постојните институции во земјата. На почетокот на годината, со поддршка од канцеларијата на УНДП во Скопје, беше спроведена анализата на правната рамка со која се регулираат институциите од јавниот сектор. Направивме и мапирање на институциите од јавниот сектор и групирање по статус и вид, линии на одговорност и други релевантни информации. Дополнително, беше спроведена хоризонтална функционална анализа на инспекциските служби. Целта беше да се оцени поставеноста на инспекциските служби во системот на државно уредување, нивната меѓусебна поврзаност, внатрешната организација и систематизацијата на работни места, интерните работни процеси, располагањето и користењето на опрема и средства за работа и слично“, вели Манчевски.Овие две анализи ја даваат основата на концептот за реорганизација. Придобивките од хоризонталната анализа, додава министерот,  се повеќекратни:– ќе се воспостават рамки за институционална организација;– ќе се адресира проблемот со преклопување на надлежностите на институциите;– ќе се реши и проблемот со институции со еден човек;– ќе имаме јасни критериуми за тоа кои институции од кого можат да бидат основани, која институција пред кого одговара. Ова ќе се обезбеди со прецизна и јасна законска рамка.Целта е институциите да се групираат по области на дејствување и да се дефинира нивниот профил.  Министерствата да се профилираат како креатори на политики, агенциите да спроведуваат политики, а функцијата на надзор ќе биде во надлежност на инспекторатите. Да се поедностави работата.На подолг рок ова ќе значи и ревизија на Законот за организација на органите на државна управа.„Можеме да очекуваме дека во текот на спроведувањето на хоризонталната анализа ќе се појави потреба од укинување на институции, намалување на бројот на управни одбори. Крајната цел е да се подобри работата на институциите, а со тоа и квалитетот на услугите што им ги нудат на граѓаните.Со оваа реформа Владата одговара на препораките на Европската комисија, СИГМА и многу други меѓународни организации. Изготвен е и акциски план со временска рамка и со чекори што треба да ги преземат Владата и релевантните институции со цел да се финализира хоризонталната функционална анализа, да се одреди моделот на реорганизација и да се пристапи кон негова имплементација“, посочува министерот Манчевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Trajko_Veljanoski-golema

СНИМКА ОД 27 АПРИЛ: Трајко Вељановски ги угостил лицата со фантомки на „крвавиот четврток“ во Собранието

На снимка од собраниските камери која во моментот се презентира во Кривичниот суд на рочиштето за “27 април”, се гледа кој се влегол во кабинетот на Трајко Вељаноски, пренесува Фокус.Кога толпата веќе е навлезена во Собранието, пред кабинетот на претседавачот Вељановски е многу раздвижено. Најпрвин се гледа како собраниското обезбедување постојано влегува и излегува од кабинетот, а со нив и обвинетата Елена Божиновска, вработена во Собранието. Божиновска во еден момент трча и ги крева рацете, а обвинителката опиша дека скокала од радост. По неколку нејзини влегувања и излегувања, кон кабинетот со фантомка на главата која ја трга пред да влезе се упатува Никола Митревски -Кољо, а со него одат и од собраниското обезбедување. Потоа доаѓа голема група, која брзо се враќа назад. По Кољо во кабинетот влегуваат уште неколку сега обвинети за “27 април”.По неколку минути задржување Кољо излегува од кабинетот со фантомка на главата и тргнува кон скалите.Според досегашните иформации објавени во медиумите, Вељановски за време на упадот бил засолнет во неговиот кабинет.

Македонија | пред 7 години

7 год.
logo_world_judo_day_2018_frien_1529322868

В недела Македонија ќе го одбележи светскиот Ден на џудото

Џудо Федерацијата на Македонија осма година по ред ќе биде дел од глобалното одбележување на Светскиот ден на џудото, кој традиционално се прославува на 28ми октомври, роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано. По овој повод, Џудо федерацијата на Македонија во недела, 28ми октомври, ќе организира настан на кој заеднички ќе тренираат и ќе ги претстават своите вештини џудисти од повеќе македонски џудо клубови.Идеата за заедничкиот настап на џудистите од македонските клубови е во согласност со овогодинешната тема за Светскиот ден на џудото - Пријателство. Годинашната тема е само продолжение на кампањите преку кои се промовираат вредностите кои ги носи џудото, како што се чест, истрајност, џудо за сите, почит... Овој ден е посветен на сите љубители на џудото, на тренерите, џудистите, како и на сите оние кои со страст, посветеност и љубов го тренираат и промовираат овој олимписки спорт. Денес, повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот секојдневно тренираат џудо, а бројот на оние кои практикуваат џудото во Македонија и во светот постојано се зголемува. Меѓународната Џудо Федерација на Џудо брои 200 земји-членки.Иако џудото е боречки спорт, секојдневно, за време на тренинзите, натпреварите, како и секој 28 Октомври, на татамите и надвор од нив, ние џудистите докажуваме дека „џудото е повеќе од спорт“, дека преку џудото е можно да се живее заедно, во единство и пријателство, и што е најважно со почит едни спрема други.Одбележувањето на Светскиот ден на џудото ќе се оддржи во недела, 28ми октомври, во спортската сала „Македонско сонце“ при основното училиште „11 Октомври“ во Скопје со почеток од 12 часот, а на истото освен вљубениците во џудото се очекуваат да присуствуваат и високи претставници на државниот естаблишмент, амбасадори, бизнисмени и останати гости.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Capture

(ВИДЕО) Трајковска: Богдановиќ за една година единствено успеа да реконструира само 2 улици

Помина една година од владеење на Саша Богдановиќ како градоначалник на Центар и една година жителите на Центар не видоа никаква корист од тоа, во оваа една година видовме лаги, неработење, нефункционалност, ѓубре на секој чекор и никаква грижа за животната средина, обвини Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.Трајковска посочува дека единствено што успеал Богдановиќ е да реконструира само 2 улици од над 30 што им ги ветил на жителите на Центар. „Проектите што ги вети дека ќе ги направи до 2018 и почетокот на 2019 година, а не ги реализираа, се: изградба на дневен центар за деца, Реновирање на просториите на Урбаните Заедници, Здравствена заштита и нега на лица со физичка попреченост, решенија за сообраќај и животна средина, што гарантираат здравје и безбедност и нула глад во општина Центар – отвoрање банка за храна“, вели Трајковска.Трајковска додава дека во оваа година немало никаков почеток, ниту најава за изградба на ниту една капитална инвестиција, вели дека нема почеток ниту на изградба на гасоводот ниту на новата градинка во Маџар Маало ниту, пак, почеток на изградбата на новата сала на „Работнички“, но затоа, вели таа, има нови партиски вработувања и полнење на администрацијата во Општината и во ПОЦ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев да каже во чии џебови се слеа поткупот од Грција

Зоран Заев очајнички ширеше лаги за руски пари во Македонија надевајќи се дека лажната пропаганда ќе му помогне на референдумот, велат во соопштение од партијата Единствена Македонија.Оттаму исто така констатираат дека лагите на Заев не поминале, а македонскиот народ и поголем дел од граѓаните масовно го бојкотирале референдумот на 30 септември.„Вистината е како шило. Врти, врти, па ќе излезе на виделина. Вистината е навистина како шило и излезе на виделина. Се виде дека во Македонија немало руски пари, туку имало грчки пари. Им благодариме на грчките министри Панос Каменос и Никос Коѕијас, кои на седница на грчката влада обелоденија дека во грчкото Министерство за надворешни работи имало таен фонд од 50 милиони евра за купување политичари, новинари и медиуми во Македонија за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, се наведува во партиското соопштение.Од Единствена Македонија истакнуваат дека и по пет дена од оваа, како што ја нарекуваат, скандалозна информација, од власта има целосен молк. Поради тоа, го повикуваат премиерот Заев да каже како и меѓу кого се поделени 50 милиони евра во Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-4

(ВИДЕО) Илков: СДСМ ветуваше подобар живот за земјоделците, а добивме само празни полиња

Пред доаѓањето на власт во предизборната кампања на СДСМ се ветуваше мед и млеко во земјоделството и подобар живот за земјоделците, но што добивме – добивме празни полиња, обвини денеска Игор Илков од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија.„Македонските земјоделци сè повеќе не се во можност да обезбедат основни средства за да ги обработуваат нивите. Раноградинарските култури, како што се бостанот, кромидот и зелката, годинава останаа на нивите, иако од страна на Владата на СДСМ јавно сите бевме убедувани дека откупот се одвива непречено и континуирано. Но, македонскиот земјоделец знае дека откуп немаше или беа понудувани цени од 2 денара за килограм лубеница, 5 денари за килограм кромид и зелка. И покај тоа, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, не се охрабри да ги посети земјоделците од општина Гевгелија откако е назначен на оваа функција“, изјави Илков.Се водеше голема медиумска кампања дека ќе се зголеми цената на винското грозје, вели Илков и обвинува дека и покрај катастрофалната година, која беше проследена и со невреме, цената на винското грозје остана непроменета.

Македонија | пред 7 години

7 год.
31902106_1658003344276830_5386637563328987136_n

Демократската фракција бара од Мицкоски итен конгрес на кој ќе се обликува идното ВМРО-ДПМНЕ

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ со отворено писмо се обрати до лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, бидејќи, како што велат оттаму, повеќето нивни предлози, поради немање храброст, се игнорирани или останале во потсвеста на раководството.Од ВМРО-ДПМНЕ – Демократска фракција кон Мицкоски изразуваат максимална поддршка во однос на расчистувањето со, како што велат, криминалните партиски структури, кариеристи, прислужници, бандити, непринципиелни и дезидеологизирани персони, во име на поубавата иднина на партијата и државата.„Иако ова го очекувавме од Вас и Вашето раководство веднаш по брзиот и нестатутарен конгрес во Валандово, сепак и задоцнетиот Ваш потег од пред неколку дена го поддржавме и го поддржуваме. Во оваа пригода сакаме да ви укажеме дека Вашата улога во овие случувања не смее да биде епизодна и селективна, туку треба да продолжи со истиот принцип и темпо кон сите што се огрешиле кон државата, граѓаните и партијата. Притоа очекуваме од Вас и јавно извинување во име на партијата кон сите граѓани на Македонија за сето сторено зло од изродите во нашата партија. Потребно е да се стави крај и да им се каже довидување на сите оние што живееја и профитираа од државата и партијата“, се наведува во отвореното писмо.Од Демократската фракција потенцираат дека за сите директни и индиректни учесници и соучесници во криминалите на претходната власт очекуваат фер судска разрешеница, а не амнестија.„Амнестијата не треба да биде средство за собирање дневнополитички поени или, пак, давање лажна надеж на обвинетите и осомничените затоа што таа нема да се случи и ќе се врати како бумеранг поради досега погрешно водените и неискрени партиски политики исклучиво за спас на кожата на врховната партиска булумента“, стои во соопштението.Од Демократската фракција сметаат дека е потребен итен разговор и договор за новите стратешки, програмски и кадровски постулати, кои, како што велат, ќе го обноват компромитираното и руинирано партиско ткиво.„Лажните и козметички промени и привидно единство не смеат да се дозволат бидејќи потребна ни е победа на следните избори. Потребна е реална и коренита промена! Нов тимски приод на работа и раководење. Потребна е јасна визија за тоа каде оди Македонија и каква улога треба да има ВМРО-ДПМНЕ во иднина. Немојте да бегате од неминовната потреба за одржување итен конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да донесе одлука со која ќе се определи дали ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе биде партија или движење, дали и понатаму ќе продолжи да функционира како злосторничко криминално здружение или најитно ќе се врати на демократскиот колосек како современа демократска и патриотска политичка партија, која ќе биде на браникот на националните интереси“, се вели во обраќањето до Мицкоски.Од Демократската фракција потенцираат дека нема да бараат промена на партискиот лидер, туку измени и дополни и демократизација на Статутот, меѓу кои и зајакнување на раководењето со партијата.„Ова зајакнување треба да биде во насока на привремено колективно раководење со партијата, со претседавач како primus inter pares во идниот и привремен колективен орган. Ова го бараме поради фактот што сите досегашни партиски лидери по разни основи ги злоупотребија позицијата и дадената доверба од членството, како и поради потребата одговорноста да биде поделена на повеќе нивоа во турбулентниот период што ни претстои“, стои во соопштението.Од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ изразуваат надеж и дека Мицкоски ќе собере сили и храброст и ќе ја поддржи иницијативата за распишување нов референдум на национално ниво, со цел, како што велат, за конечно зацврстување на статусот и позицијата на Македонците, на македонскиот јазик, историјата, традицијата, наследството и културата, како и стремежот за членство во западноевропските асоцијации и организации наспроти содржината, според нив, на неуставниот и ништовен преспански договор.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања