7 год.
tunel

Маск го најави отворањето на првиот тунел под Лос Анџелес во декември

Eлон Маск го најави отворањето на првиот тунел под Лос Анџелес за 10 демеври.Брзиот транзитен тунел кој компанијата Boring Company го копа под Лос Анџелес ќе биде отворен на 10 декември, потврди основачот Илон Маск. Тој преку Твитер го потврди отворањето на тунелот, како и бесплатно возење на јавноста наредната вечер.Тунелот со должина од 3,2 километри, кој се наоѓа под седиштето на компанијата SpaceX во Калифорнија, е доказ за одличниот концепт за подземен јавен транспортен систем чија цел е да се транспортираат патници и возила под патиштата кои се закрчени од сообраќај, а за тоа ќе се користат електрични платформи наречени „скејтови“. Скејтовите теоретски ќе транспортираат од осум до 16 патници или едно патничко возило преку магнетна шина со брзина до 250 километри на час.Во август Маск објави фотографија од Model S во истиот Hawthorne тунел, а во јуни компанијата беше избрана да изгради брза транзитна врска меѓу центарот на Чикаго и меѓународниот аеродром Охаре. Boring Company соопшти дека ќе направи друг тунел во Лос Анѓелес. Маск минатата година кажа дека се надева дека ќе ги поврзе Њујорк и Вашингтон со подземен hyperloop и доби одобрение од администрацијата на Доналд Трамп.

Свет | пред 7 години

7 год.
USA-China

Хоџес: За 15 години САД би можеле да завојуваат со Кина

Поранешниот командант на американските сили во Европа, генерал полковник Бен Хоџес изјави дека САД би можеле да завојуваат со Кина.– На Америка и е потребен многу силен европски столб. Мислам дека за 15 години, а тоа не е неизбежно, постои голема веројатност дека ќе завојуваме со Кина, истакна Хоџес на вчерашниот безбедносен форум во Варшава.Тој додаде дека САД немаат доволно капацитети да направат се што мораат во Европа и на Пацификот за да се изборат со киенската закана.Генерал Хоџес оцени дека европските сојузници мора да работат на зајакнување на сопствената одбрана поради Русија, бидејќи САД ќе се фокусираат на одбрана на своите интереси на Пацификот

Свет | пред 7 години

7 год.
makron

Макрон: Подготвени сме да воведеме санкции за убиството на Кашоги

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со саудискиот крал Салман изјавил дека Франција е подготвена, во соработка со партнерите, да воведе „меѓународни санкции“ против одговорните за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.Како што соопшти Елисејската палата, Макрон побарал од кралот да ги расчисти сите околности кои довеле до убиството на новинарот.– Макрон го потсети Салман дека еден од главните приоритети за Франција е заштита на слободата на истражување, на медиумите и граѓанските слободи. Според него, Франција нема да се двоуми, во соработка со своите партнери, да воведе меѓународни санкции за виновниците за убиството-се наведува во соопштението од Елисејската палата.Кашоги, критичар на саудиското кралско семејство, кој живееше во САД, исчезна на 2 октомври откако влезе во Генералниот Конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, каде отиде по документи за склучување брак.Ријад во првата реакција соопшти дека Кашоги (59) го напуштил Конзулатот, за подоцна, под меѓународен притисок, да ја смени изјавата дека новинарот го загубил животот во тепачка во Конзулатот.Турските медиуми јавија дека новинарот е малтретиран до смрт.

Свет | пред 7 години

7 год.
pozar

Голем шумски пожар на Халкидики

Голем шумски пожар изби околу шест часот утрово во областа Сарти – Ситонија на вториот крак на Халкидики, а силниот ветер бргу ги прошири огнените јазици.Како што јави дописничката на МИА од Атина во гаснењето на пожарот учествуваат 60 пожарникари со 30 возила, три екипи од пешадија и четири авиони.Гори борова шума, а силниот ветер дополнително го отежнува справувањето со огнените јазици.Според локалните медиуми, пошироката област каде што изби пожарот, е покриена со чад, а во Сарти има прекин на електрична енергија и на мрежат на мобилните оператори.За сега, според истите информации пожарот е далеку од населените места.

Свет | пред 7 години

7 год.
granica

Тројца повредени во нов инцидент на границата БиХ – Хрватска

На граничниот премин Маљевац синоќа дојде до уште еден инцидент со мигрантите, во кој се повредени најмалку три лица, од кои едно е припадник на Граничната полиција на Босна и Херцеговина.Мигрантите почнале да се туркаат меѓу себе, но и со граничната полиција откако ги преместија шаторите кои претходно ги поставија на територијата меѓу БиХ и Хрватска.Шаторите насилно се преместени на стотина метри од мостот на кој хрватската полиција постави кордон, поради тоа што некои мигранти со предмети фрлаа кон хрватските полицајци.Претходно беше најавено дека граничните полицајци се обидоа да воспостават нормален сообраќај на преминот Маљевац, со надеж дека ќе се договорат со мигрантите.Ова не е е прв инцидент, бидејќи во текот на вчерашниот ден тројца мигранти се здобија со полесни телесни повреди во судир со полицијата на преминот Маљевац, во Велика Кладужа, а меѓу нив имаше и едно дете.Еден полицаец од БиХ исто така е полесно повреден.Хрватската полиција од другата страна на границата ја набљудува состојбата по воздушен пат, а покрај мостот е поставен и воден топ во случај мигрантите да одлучат да тргнат.

Свет | пред 7 години

7 год.
fond

Се зголемува дупката во пензискиот систем, потребни реформи

Средствата што државата ги дава за Фондот за пензискo и инвалидско осигурување за редовна исплата на пензиите постојано се зголемуваат, иако податоците покажуваат дека низ годините се зголемува бројот на корисници на пензија, но и бројот на вработени. Експертите предупредуваат дека се неопходни реформи за постигнување одржливост на пензискиот систем, нешто на што работи и Министерството за труд и социјална политика. Некои од нив сметаат дека е потребно зголемување на старосната граница, но во комбинација со минимално зголемување на процентот за придонеси. Иако неодамна имаше информации дека бизнис-заедницата ќе бара зголемување на старосната граница за пензионирање, од МТСП се децидни дека не размислуваат за таква мерка.– Министерството за труд и социјална политика не размислува да ја зголемува старосната граница за пензионирање и тоа нема да биде дел од пензиската реформа. Анализите за реформата се во тек и она што можеме да го кажеме во овој момент е дека реформата опфаќа пакет-мерки за стабилизирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но ниту една од нив не се однесува на покачување на старосната граница за пензионирање, велат од Министерството.Во прилог на тврдењата дека постојано се зголемуваат  средствата од буџетот за ПИОМ одат и податоците на предложениот буџетски ребаланс  за годинава, согласно кој, како што посочуваат од Владата, е предвидено алоцирање дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб, обезбедување дополнителни средства во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на правото на здравствена заштита и боледувања, како и дополнителни средства за Агенцијата за вработување на Република Македонија за исплата на надоместокот врз основа на невработеност.Ако се погледнат податоците од Фондот за ПИОМ, на пример, во 2011 година изворни биле 61,5 отсто од приходите, во кои најголем дел отпаѓале на придонесите, а 35,7 отсто биле директна поддршка од буџетот.  Тогаш вкупните приходи биле приближно 44 милијарди денари. За разлика од тогаш, податоците на ПИОМ покажуваат дека во 2017 година, изворни приходи на Фондот биле 54,52 отсто, а тој се надополнува со 43,57 отсто средства од буџетот. Висината на приходите лани била 65 милијарди денари.Споредените години, според податоците на Државниот завод за статистика, пак, покажуваат дека во 2011 година имало околу 642 илјади вработени лица, а во 2017 околу 730 илјади вработени. Податоците на ПИОМ покажуваат дека во 2011 година има 281 илјада корисници на пензии, а 2017 година 312.398 корисници на пензија.Се гледа дека има зголемување на пензионерите, но се зголемува и бројот на вработени. Тогаш се поставува прашањето од каде се јавува потребата за повеќе средства како буџетска поддршка за исплата на пензии, дали се должи на зголемувањето на пензиите или на помала наплата на средства од придонеси.Секако мора да се забележи и податокот дека голем дел средства од придонесите се издвојуваат и за таканаречениот втор пензиски столб, иако од него сѐ уште не се исплаќаат пензии, а првиот помасовен бран пензионирања се очекува околу 2025-2030 година. Од придонесите за ПИОМ што изнесуваат 18 проценти, 12 се во ПИОМ, а шест во приватните пензиски друштва.Во моментов за 2018 година 6,5 милијарди денари одат во овие две пензиски друштва на годишно ниво. Според податоците на МАПАС, во нив има 500 илјади члена, а вкупните средства што во овие две пензиски друштва се акумулирани од нивното формирање досега изнесуваат околу една милијарда евра.Проблем за ПИОМ да може да собира доволно средства од придонеси на вработените е и постојаното стареење на населението, но и иселувањето на младите од земјава. Иако се шпекулира за голема бројка иселени од Македонија, ниту една државна институција нема точна бројка колку навистина се заминати.Во првото тримесечје од земјава статистика објави податок дека првпат во историјата на следење на статистичките податоци во РМ бројот на умрени стана поголем од бројот на родени.За овој податок во интервју за МИА објавено пред неколку месеци директорот на ДЗС, Апостол Симовски, рече дека е очекувана последица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Европски ден за граѓанска правда

Основниот суд Скопје 2, Нотарската комора  и Комората на медијатори  денеска со низа активности ќе го одбележат Европскиот ден за граѓанска правда.Основниот суд Скопје 2 организира отворен ден за граѓаните во свечената сала Врховниот суд на РМ, со цел тие да се запознаат со начинот на остварување на нивните права во судските постапки.– Нашата мисија е владеење на правото, ефикасна и достапна правда за сите граѓани, стои во соопштението од Судот.И Нотарската комора на Република Македонија ќе се приклучи во одбележувањето на Европскиот ден за граѓанска правда преку организирање отворен ден во сите нотарски канцеларии низ државата.– Нотарските канцеларии ќе бидат отворени за граѓаните во текот на цело работно време за да можат одблиску да се запознаат со работата, надлежностите и одговорноста која ја носи нотарската професија, постапките во кои би можеле граѓаните да се најдат пред нотарите, како и други прашања поврзани со нотаријатот како институција која е дел од правосудниот систем во државата, се наведува во соопштението од Нотарската комора.Нотаријатот во Република Македонија како важен сегмент во правниот систем на државата и во иднина, како што посочуваат од Комората, ќе ги поддржува ваквите активности се со цел обзебедување поширок пристап до правдата на граѓаните.По повод Европскиот ден за граѓанска правда, Комората на медијатори на РМ во заедничка соработка со Институтот за Европска Политика (ЕПИ) и Центарот за правни истражувања и анализи, организира промотивен настан за медијација на отворено, во непосредна близина на Дом на АРМ во Скопје.– Сите заинтересирани ќе можат да бидат информирани за процедурите, предностите и придобивките од примена на постапката на медијација во решавање спор како и за улогата на медијаторот, преку непосредни разговори со медијаторите: Љупчо Сотироски, Бранко Ушковски, Роза Алексова, Фросина Кипровска Лукиќ, Дејан Белевски, Славе Младеновски, Илија Манасиев, Гордана Атанасова, Надежда Неделковска, Маја Ристовска Стојановска и Ирена Цветковска, како и од претставниците на Институтот за Европска политика и Центарот за правни истражувања и анализи, информираат од Комората за медијатори.

Скопје | пред 7 години

7 год.
SARA

Хуманитарен настан за Сара во Зоолошка градина Скопје

Во сабота во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за малата Сара Настеска од Охрид.Од 12:00-15:00 посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со Дизни ликовите Мики и Мини Маус, а притоа и да донираат за Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж.Во Зоо Скопје веќе неколку дена е поставена и кутија за донации, па и на самиот влез граѓаните може да донираат и да бидат хумани.Да се обединиме сите за Сара.

Скопје | пред 7 години

7 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Претседателски избори се спремаат за во март или април

Премиерот Зоран Заев верува во полн четиригодишен мандат и не смета дека треба да има предвремени парламентарни избори, но оти за тоа се важни и опозицијата, албанските политички партии и пред сѐ, Парламентот.– Го знаете мојот став, освен ако е насушно е потребно, неопходно и било кои големи фактори тоа го предизвикаат, тогаш би отишле на избори. Јас верувам во полн мандат, пред сѐ заради економијата, заради бизнисот, заради сите институции, заради граѓаните да можат да испланираат конечно после долги години четиригодишен мандат, а тоа значи и успех и развој и свекупен раст – рече Заев одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Стоби.Тој додаде дека изборите ќе беа неопходност ако ова во Парламентот не беше возможно.

Македонија | пред 7 години

7 год.
apasiev

Апасиев: Не се плашете, СДСМ и Заев тоа го сакаат

Професорот Димитар Апасиев ја јавноста и порача да не се плаши, бидејќи власта тоа го сака. Според него целиот репресивен апарат обвинителство, полиција, судии, инспекторати, комисии, рекетари во Македонија е активиран за да се плаши народот, а со тоа впрочем СДСМ и Заев го покажуваат својот страв. Апасиев истакна дека иако го имаат странскиот грб мафија, ЦИА, тајни служби, комесари и сл. сепак народот игра на домашен терен.„НЕ ИМ СЕ ПЛАШЕТЕ!Тоа го сакаат. Затоа го имаат впрегнато цел репресивен апарат (обвинителство, полиција, судии, инспекторати, комисии, рекетари…). Тоа доволно говори дека и те како се упрпани. Оти и они не се недоветни. Знаат дека ова што го прават е антидржавен криминалитет и кад-тад ќе си лежат. А тоа шо имаат странски грб (мафија, ЦИА, тајни служби, комесари и сл.), не значи дека не можеме поштено да ги „истепаме“ додека да им дојде помошта.Оти запамтете: Играме на домашен терен!“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 7 години

7 год.
tramp-1

Трамп повторно ги прогонува медиумите и противниците

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги обвини своите противници и медиумите за турбулентното политичко опкружување во земјата. Ова се случува на денот кога бомби  беа испратени во домот на Обама, семејството Клинтон и други јавни личности, јави CNN.Трамп самиот не ја презеде одговорноста за тонот на политичките дискусии, истакнаа од телевизискиот канал.Американскиот претседател ги обвини медиумите за “бесконечно непријателство” и ги повика да користат порезервиран тон. Коментарот беше направен во Висконсин, праашан  за испораките на бомби упатени до истакнати претставници на Демократската партија.Тој, исто така, изрази незадоволство од демонстрантите против номинацијата на Брест Кавана за врвен судија и против рестораните кои одбија да им служат на претседателските пратеници.Трамп истакна дека никој не треба да ги спореди своите политички противници со историски негативци, за кои смета дека постојано се случуваат. Според него, несогласувањата може да се надминат мирно додека луѓето одат на гласање.Криминализирањето е  на медиумите со нивниот тон,па  тој ги повика да придонесат за приклучување на Американците.Трамп, исто така, ја критикуваше даночната политика и прописите што ги воведоа демократите.По критиките на неговите противници, тој изразил одобрение за своето однесување.“Патем, ќе видите колку добрини  имам вечерва, дали сте го виделе и слушнале  ова пред тоа?” Сите ние се однесуваме многу добро “, и рече тој  на толпатаОд друга страна , шефот на Си- Ен-Ен, Џеф Цукер, го обвини Трамп дека не ги проценува импликациите на неговите зборови и не разбира колку далеку оди со напаѓаањата врз медиумите.

Свет | пред 7 години

7 год.
20181025090022

Приведен уште еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ

Четири лица од Демир Капија, меѓу кои и поранешен градоначалник и претседателoт на Советот на општината, се приведени на информативен разговор во Финансиската полиција.Тракче Димитриев реновирал објект со 500.000 евра пари од Европската унија, а потоа го продал за околу 30.000 на близок роднина за истиот да отвори казино.Од Управата за финансиска полиција за МИА потврдија дека лицата се приведени и дека се врши информативен разговор и оти по разговорот во соработка со јавно обвинителство ќе се одлучи за понатамошна постапка.Секторот за внатрешни работи Велес годинава поднесе кривична пријава против Трајче Димитриев од Демир Капија за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Тогаш беше наведено дека за време на предизборна кампања за Локални избори 2017 година, спротивно на одредбите од Изборен законик, донел решение во кое ја одобрил нелегалната одлука на советот на Општина Демир Капија, за одобрување на финансиски средства за покривање на трошоци за добивање на дозволи за сеча на огревно дрво на 20 социјално најзагрозени семејства од село ДренТој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rapoer

ВИДЕО: Канадски рапер падна од авион додека снимал спот

Канадскиот рапер Џон Џејмс Мекмареј (34) загина при снимање на музички спот додека рапувал на крило на авион. Канадската полиција на провинцијата Британска Колумбија соопшти дека Мекмареј загинал додека работел со тимот кој изведувал акробации со леталото во саботата, пренесува „Асошиејтед прес“.Менаџерот на Мекмареј, Рајан Дероче, рекол дека раперот интензивно вежбал за акробациите, но кога застанал на крилото на авионот тој се накосил на едната страна. Мекмареј тогаш паднал и се фатил за крилото, но не успеал да се додржи. Тој се пуштил од авионот, а кога се обидел да го активира падобранот веќе било доцна. Паднал на земја и починал на самото место. Авионот и пилотот подоцна слетале безбедно.

Свет | пред 7 години

7 год.
besa

Движењето Беса ги образложи своите четири предлози за промена на Уставот

Пратениците на Движењето Беса предлагаат до Владата четири амандмани при изготвување на нацрт-предлогот за уставните промени кои ќе се достават во Собранието. Од партијата бараат албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот, државата да се грижи за сите свои граѓани во дијаспората и претседателот на државата по второто гласање закон или друг акт во Собранието да нема право на вето.Нивната прва сугестија е во делот на преамбулата, односно да се врати предлогот кој беше усвоен од потписниците на Рамковниот договор од 2001 година, каде Македонија е дефинирана како рамноправна држава на сите граѓани.„Охридскиот рамковен договор е потпишан во 2001 година преку дијалог и компромис од сите четри политички лидери во тоа време. Содржината на преамбулата согласно со Рамковниот договор беше тотално изменета и во постапката за уставни измени е усвоено сосема нова преамбула на уставот која е и денес во правна сила. Првичниот предлог на уставните измени од 2001 година кој е доставен до Собранието на Република Македонија е вистинскиот модел според кој треба да се изгради иднината на оваа држава, како граѓанска држава, со рамноправни граѓани и етнички заедници“, објаснуваат од партијата и додаваат дека со една ваква интервенција би се гарантирале еднаквите права и обврски на сите граѓани кои живеат во Република Македонија.Од Движењето Беса сугерираат и амандман 5, точка 1, параграф 1, од Уставот на Република Македонија да се преформулира на следниот начин:„На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, како и албанскиот јазик и неговото латинско писмо“.Појаснуваат дека со предложената промена ќе се овозможи отстранување на пречките и дилемите и се овозможува употребата на албанскиот јазик како службен јазик.„Со договорот од Преспа се заштитува и гарантира идентитетот и јазикот на македонскиот народ, што за нас е неспорен факт, но од другата страна во постоечкиот устав имаме една подредена ситуација врзана за албанскиот народ во делот каде се регулира употребата на албанскиот јазик со ограничување со дефиниција на ‘проценти’, а не преку прифаќање на идентитетот и јазикот на албанскиот народ“, наведуваат од партијата.Понатаму, од Движењето Беса бараат во член 49 од Уставот да се допрецизира дека Република Македонија води грижа за своите граѓани кои живеат надвор од територијата на Република Македонија, еднакво за сите етнички заедници.„Дијаспората е големо богатство што го има една држава така што сите придобивки кои доаѓаат од истата никогаш не се за само една етничка заедница, туку истите се одразуваат добро кон сите граѓани. Имајќи го предвид фактот дека дијаспората активно учествувала во сите значајни процеси за државата и истата е неодвоив дел и секој обид да се фаворизира една етничка заедница, не е во согласност со демократските вредности за еднаквост на сите граѓани, па така и на дијаспората“, сметаат од партијата.Исто така, оттаму сугерираат и промена на член 75, параграф 3 и 4 со цел на претседателот на државата да не му се овозможува да ги блокира законите што се усвоени по второ гласање во Собранието.„Свесни сме дека само во последната година претседателот на државата во два случаи одби да го потпише указот за прогласување на законите иако согласно со Уставот беше обврзан. Со самото тоа се генерираат неповолни ситуации и институционални политички кризи, создавајќи тензична политичка клима, како што е случајот со непотпишувањето на указот за законот за јазиците или указот за усвојување на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“, образложуваат од Движењето Беса.Оттаму сметаат дека со овие интервенции на Уставот би се овозможило непречено функционирање на Собранието како највисок законодавен орган во рамките на правниот систем.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Амнестијата не му одговара на ДПМНЕ

Една искусна и многу почитувана правничка некни ми го претстави своето размислување за моделот на амнестија што би можел да се примени во Македонија. Тоа, отприлика, би одело вака…Прво, судењето за 27 април да се дотера до својот логичен, правен крај, барем на ниво на првични судски пресуди. Тоа, секако, ќе потрае уште неколку месеци, најверојатно до претседателските избори идната пролет. Тогаш, како резултат на поширок политички консензус за „национално помирување“, новоизбраниот претседател (откако претседателски и формално ќе се „упокои“ Иванов) би можел да покрене постапка за помилување на осудените и тоа само на оние кои „соработувале со правдата“, кои ги признале делата за кои Обвинителството има доволно докази против нив, а кои помогнале и во комплетирањето на целата слика за инспирацијата, организацијата и спроведувањето на планот за државен удар пролетта 2017 г.За оние кои ќе се докаже дека стојат на чело на тој опасен заговор (вклучително и инстанци што сè уште не се обвинети во процесот за 27 април), помилувања не би имало. Впрочем, новиот претседател на државата и онака мора да направи поединечни, поименични акти на помилување, со образложение за секого од осудените кој ќе се најде опфатен во оваа политичка иницијатива.На тој начин би се сочувал правниот интегритет на македонската држава, а иницијативата за простување и помилување би имала некаква цивилизирана политичка рамка што не би ја уништило и домашната и меѓународната претстава за Македонија како рамноправна членка на НАТО (до тогаш, државата ќе стане членка на Алијансата) и сосема не би ја спречила реформата за усвојувањето (еден убав ден) на високите стандарди за состојбите во правосудството на кои инсистира интегративниот процес во ЕУ.Ваквиот план, можеби, би можел да биде добра основа за постигнување на политички договор во Собранието низ дебатите кои таму се планираат на тема на меѓусебните „простувања“.Ова, се разбира, е неприфатлив план за „зовриените глави“ кои сега управуваат со ВМРО-ДПМНЕ. Тие сакаат нешто, сега и овде, ако може уште вчера, што ќе му нанесе мортална штета на СДСМ и на омразениот Заев, откако во еден централно-комитетски полноќен потез го отпишаа Мијалков и целата криминална метафора („Фамилијата“) што ја претставува нивната партија во македонската политичка реалност од нивната свест, потсвест и надсвест – и му го „увалија“ на „хунтата на Заев“!Чирибу-чириба, ДПМНЕ се реформираше! И точка!Од таква позиција на политички новороденчиња, раководството на таа партија сега вели дека нив не ги интересира никаков собраниски процес на помирување – напротив, тие наскоро ќе дадат свој предлог на закон за амнестија. А, ако тој не се прифати, Македонија нека му ја мисли!Всушност, се чини дека на Мицкоски токму и му одговара да пропадне иницијативата за „простување“, па уште и предложена од Заев. Што ќе му се нему помилуваните и амнестираните?! Па, навистина, сè се тоа луѓе на Фамилијата, повеќето на самиот Мијалков – замислите тие да му се вратат на Мицкоски во тазе реформираната и декриминализирана партија?! Со три шлаканици наоколу ќе воведат ред и поредок, Александар Николовски со едно „бууу!“ ќе го истресат од гаќи, а Мијалков следниот викенд ќе им отвори казино, како депанданс на „Мериот“, во салата за состаноци на ЦК на ДПМНЕ…Тоа е причината поради која може да се очекува делот на сегашното ДПМНЕ во опозицијата да го опструира процесот на меѓусебно „простување“, околу кој, според интерпретацијата на мицковистите, се изгради дветретинското „уставно“ мнозинство во Собранието. Всушност, кога добро ќе се размисли, неуспехот на тој процес е витален елемент за зацврстувањето на власта на Мицкоски во неговата партија, а можеби и за рушење на создадениот консензус за Договорот од Преспа. Две во едно!Затоа, треба да се очекува дека предлогот на законот за амнестија што ќе го понуди Мицкоски ќе биде сосема неприфатлив дури и кога СДСМ би се преименувало во Милостиво здружение „Мајка Тереза“. Така, ем мицковистите ќе се пуваат дека токму тие инсистирале на амнестија, ем амнестија нема да има, за што ќе ги обвинат СДСМ и „предавниците“ од своите редови.Не им е лоша стратегијата. Може да им заврши некоја работа, на краток рок.А и ние, искрено, нема нешто да паднеме во севдах заради пропаднатата амнестија…Извор: Цивил медиа

пред 7 години

7 год.
natasa-beklavac

Наташа Беквалац доживеа сообраќајна незгода

Наташа Беквалац доживеа сообраќајна незгода на излезот од Нови Сад. Во возилото во тој момент, покрај пејачката се наоѓале и бебето Катја и дадилката.Беквалац тргнала на пат за Белград, кога во нејзиниот автомобил удрило друго возило. За среќа ударот не бил толку силен за да дојде до потешки повреди.„Да имаше судар. Наташа се упати од Нови Сад кон Белград, за да ја однесе малата Катја во Центарот за социјални работи. Таа остана на лице место на незгодата, за да биде извршен целосен увид, но најважно од се е дека Катја, дадилката и таа се добро и дека немаат никакви повреди“, соопштија од нејзиниот пијар тим.  

Магазин | пред 7 години

7 год.
gruevski-sud-1-1021x580

Груевски и Јанакиески на судење за уривањето на „Космос“

За предметот „Титаник 3“ во кое се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“ треба да бидат сослушани останатите предложени сведоци.На обвинителна клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-mickoski

Власта нуди помирување, опозицијата бара амнестија за 27 април

Власта и натаму за залага за помирување меѓу пратениците и сите политички субјекти во земјата со цел обединување околу стратешките цели – членството во ЕУ и НАТО, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ инсистира за амнестија за сите инволвирани во настаните во Собранието од 27 април. Веќе е најавено формирање на собраниска комисија за помирување. Иницијативата за нејзино формирање дојде од осумтемина пратеници од опозицијата, кои минатиот петок дадоа поддршка за отпочнување на процесот за уставни измени.Претседателот на Собранието Талат Џафери најверојатно ќе ја води комисијата за помирување, но сега засега се чека на ставот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше еден од заклучоците на вчерашната средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието Џафери, прва по гласањето за уставни измени во петокот.Премиерот Зоран Заев повтори дека кога повикува на помирување во национално обединување во Парламентот, всушност нема намера да се меша во работата на правосудните органи. За него случувањата во опозицијата се внатрепартиски работи и рече дека верува во силна опозиција, во силно ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
arnaudov

Пратениците денеска повторно на судење, ново рочиште за 27 април

Во Кривичениот суд во Скопје денеска треба да се одржат четири рочишта. Едно на ОЈО за настаните во Собранието од 27 април и три на СЈО, „Тарифа“, „Т.Н.Т.“ и „Титаник 3“.За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На претходното рочиште беа прикажани снимките од видео камерите на Стопанска банка, од Собранието и од телевизиите.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денеска сончево, но студено време

Сончево, но студено ќе биде денес времето во Македонија.Според најавите ќе дува засилен сверен ветер.Утринската температура ќе се движи од 1 до 8, а дневната од 6 до 18 степени.Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања