1 ден
avtopat

Целосен прекин на сообраќајот Скопје–Македонски Брод преку Јасен во два термина

Од АМСМ најавуваат целосен прекин на сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Ј.П. Јасен во одредени термини во текот на денот.„Сообраќајот на релација Македонски Брод – Скопје ќе биде во прекин од 10:30 до 11 часот, додека од Скопје кон Македонски Брод прекинот ќе трае од 12 до 12:45 часот“, информираат од АМСМ.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library6b15u79sfgu8eZdKazH

Девијација на патот Куманово-Скопје кај Хиподром по судир меѓу камион и автомобил

Поради случена сообраќајна незгода воведена е девијација на патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром, информираат надлежните служби, апелирајќи до возачите на внимателно управување со возилата и почитување на поставената сигнализација.Според информациите ноќеска камион се запалил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром, по сообраќајна несреќа во која учествувал и патнички автомобил.Засега нема податоци за состојбата на возачите и евентуалните патници. На терен веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош и противпожарни служби. Причините за судирот и за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат, а од надлежните се очекуваат повеќе информации во текот на денот.

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-libraryk39pjnsl8acf39mVdFp

Магла на Плетвар, Стража и Крушево, слаб снег на Попова Шапка – внимателно на патиштата

Сообраќајот на државните патишта низ земјата се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но снегот засега не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и Крушево до 30 метри.Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март 2026 година.Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај, според кој патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
ovci-vo-sneg

АХВ: Потврдени нови жаришта на сипаници кај овци во Липково, преземени итни мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека по потврдените случаи на сипаници кај овци и кози во липковско се преземаат сите пропишани мерки за контрола и спречување на ширењето на болеста. Оттаму посочуваат дека извозот на јагнешко месо не е доведен во прашање, додека во сила се рестрикции за движење на живи животни и работа на добиточни пазари.„Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира граѓаните на Македонија дека Агенцијата за храна и ветеринарство како сериозна државна институција која е надлежна за здравствената заштита и благосостојба на животните, по добивањето на позитивен резултат за присуство на болеста сипаници кај овци и кози на ден 27.01.2026 година веднаш го пријави случајот од листата А болести на Европската Унија до Информациониот систем на болести кај животните (ADIS) и WAHIS системот на Светската организација за здравје на животните (WOAH), во кој јасно се наведени заштитните и контролните мерки кои треба да се превземат од страна на Агенцијата. Со цел да се подигне јавната свест на сите засегнати страни, Агенцијата преку ветеринарните друштва и Ветеринарната комора го достави Решението за контрола на болеста во регионот на Лопате, односно во заштитната зона од 3 километри и зоната под надзор од 10 киломентри околу одгледувалиштата со цел навремено информирање на сточарите во однос на појавата на болеста. Дополнително, на ден 30.01.2026 и 02.02.2026 година беа потврдени резултатите за присуство на болеста на уште 2 одгледувалишта на овци во населено место Лопате, општина Липково, при што нештетно се уништени и закопани сите заболени животните од наведените одгледувалишта. До сега официјално забрана за увоз и транзит на живи животни од видовите овци и кози, како и на герминативни производи, кожи, крзно, волна и влакна од овци и кози, со потекло од целата територија на Македонија имаме добиено само од Албанија, но забраната не се однесува на производи од животинско потекло – извоз и транзит на територијата на Албанија, при што воопшто не е доведено во прашање извозот на јагнешко месо и производи од месо во Европската Унија и регионот. Во регионот болеста е присутна на територијата на Грција со 1532 жаришта на болеста, во Бугарија 129 жаришта на болеста, во Србија со 3 жаришта. Докторите по ветеринарна медицина максимално професионално се справуваат со болеста на терен, при што во најкраток можен рок се постапи во сите одгледувалишта во опфатената заштитна зона согласно Решението на директорот. Од тие причини, Агенцијата ја забрани работата на сите добиточни пазари за сите приемчиви животни, одржување на изложби или друг вид на спортски настани на целата територијата на Македонија, освен доколку истите се движат кон одобрен објект и оператор со храна – кланица за домашни чапункари. Суровото млеко добиено од животните и производите добиени од тоа млеко може да се стават во промет по термички третман/пастеризација на 72°C во времетрање од 15 минути на одгледувалиштето или во одобрен објект и оператор со храна од животинско потекло – сурово млеко и производи од млеко во зоната под надзор, што опфаќа територија околу позитивното одгледувалиште од 10 километри. Суровото млеко и производи од млеко надвор од рестриктивните зони може да се употребува.Не е точна констатацијата дека „вистинската слика ќе се знае дури по 42 дена откако ќе изминат два инфективни циклуси“, од причина што во стандардот за копнени животни на Светската организација за здравје на животните (WOAH) и Европската легислатива, наведено е дека инкубациониот период на болеста е 21 ден од денот кога здравите животни ќе дојдат во контакт со заразено животно.Агенцијата за храна и ветеринарство не е надлежна за одредување на цената на јагнешкото месо, туку за олеснување на извозот на истото преку потврдување на здравствениот статус на животните со издавање на ветеринарно – здравствен сертификат.Во однос на исплатата на заостани обврски за ветеринарните друштва, Агенцијата посветено работи на исплата на заостанатите обврски и превземање на активности согласно одобрените финансиски средства од Буџетот на РСМ и средства од самофинансирање со цел навремено спроведување на сите активности, вклучително и активностите кои не се предвидени со истото, како што се болестите сипаници кај овци и кози, чума кај мали преживари па и други новопојавени болести кои не се предвидени со Програмата за здравствена заштита и Годишната наредба за здравствена заштита“, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Врнежи од дожд низ земјата, снег на повисоките планини и засилен ветер

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library6b15u79sfgu8eZdKazH

(Фото) Запален камион кај Хиподром по судир со автомобил, сообраќајот во застој од Миладиновци

Камион се запалил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром, по сообраќајна несреќа во која учествувал и патнички автомобил. Инцидентот предизвика застој во сообраќајот, кој започнува од близина на патарината Миладиновци.Во првичните информации, нема податоци за состојбата на возачите и евентуалните патници. На терен веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош и противпожарни служби, кои работат на гаснење на пожарот и обезбедување на местото на настанот.Присутна е и полицијата, која го регулира и обезбедува сообраќајот, како и поширокиот периметар околу несреќата. Причините за судирот и за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат, а од надлежните се очекуваат повеќе информации во текот на денот.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library6q8geqbgl291ajC4FPA

Сеизмолог за Косово предупредува: Историските податоци покажуваат ризик од потреси до 6,5 степени

Директорот на Сеизмолошкиот институт во Косово, Шемси Мустафа, во изјава за Клан Косова се осврна на силниот земјотрес што вечерва го погоди Призрен, нагласувајќи дека станува збор за потрес со средна јачина, но со значително психолошко влијание врз граѓаните.Мустафа појасни дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал на околу 22 до 23 километри источно од Призрен, во близина на Штрпце. Според него, иако магнитудата се смета за средна, ваквиот потрес бил доволен да предизвика паника и вознемиреност кај граѓаните, кои субјективно го доживеале како многу посилен.Тој истакна дека подрачјето на Призрен припаѓа на изразито сеизмичка зона, која и во минатото генерирала силни земјотреси, а такви настани се можни и во иднина. Мустафа потсети дека Призрен бил погоден и од земјотрес со јачина од 6,8 степени, нагласувајќи дека целата територија на Косово се наоѓа во сеизмички активна област.Според него, постојат неколку зони во Косово со различен степен на сеизмички ризик, при што три од нив имаат потенцијал да бидат погодени од земјотреси со максимална магнитуда до 6,5 степени според Рихтер. Мустафа нагласи дека проценките на ризик мора да се темелат на историскиот каталог на земјотреси, кој претставува клучен параметар за ваквите анализи.Тој додаде дека мапите на сеизмички ризик се изработуваат врз основа на повеќе научни параметри, меѓу кои се тектонските и неотектонските карактеристики, сеизмотектониката, топографијата и геолошките податоци. Врз основа на овие анализи, како што рече, постои веројатност од 72,6 проценти Косово да биде погодено од земјотрес со јачина до 6,5 степени во период на повторливост од 100 години.Мустафа порача дека оваа информација треба да ја знаат сите граѓани, со цел подобра информираност и подготвеност, нагласувајќи дека разбирањето на сеизмичкиот ризик е клучно за намалување на последиците од ваквите природни појави.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-library7pqrflooq1redLcDvoy

(Видео) „Рипавме од кревет, зградите се нишаа“: сведоштва од косовски Призрен за земјотресот

„Рипнавме од кревет“, „се тресеше сè околу нас“, „мислев дека ѕидовите ќе пукнат“ – вака граѓаните од Косово го опишуваат силниот земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, кој вечерва околу 22 часот го погоди регионот и предизвика страв и паника кај илјадници луѓе. Потресот беше почувствуван во Косово, Србија и Македонија, а епицентарот, според првичните податоци, се наоѓал на околу 19 километри источно од Призрен и 15 километри северозападно од Тетово.Највознемирувачки сцени биле забележани во близина на епицентарот. Во селото Партеш, во општина Гњилане, мештаните раскажуваат дека земјата силно се тресела, а предметите во домовите се нишале и паѓале. Една жителка сведочи дека сè во куќата се тресело, цвеќето на прозорецот почнало силно да се ниша, по што саксија паднала на подот.Во Призрен, каде што граѓаните за тамошните медиуми велат дека ударот бил многу силен, се слушала бучава, а зградите се нишале неколку секунди.„Беше многу страшно, се тресеше и правеше силна бучава, траеше околу осум секунди“, вели еден жител за Индекс онлајн, додека друг кратко опишува: „Многу се тресеше“. Некои од граѓаните сведочат дека биле разбудени од силниот удар и дека во паника станале од кревет.Потресот предизвика вознемиреност и во јужниот дел на Србија, особено во Ниш и Лесковац, а, според сведоштвата, се почувствувал и во Белград. Жителка на Нови Белград раскажува дека додека гледале телевизија, одеднаш почувствувала вртоглавица, а потоа забележала дека лустерите почнале да се нишаат.Надлежните институции во земјите од регионот информираат дека состојбата се следи, а засега нема информации за повредени или за поголеми материјални штети. Граѓаните се повикуваат на смиреност и да ги следат исклучиво официјалните информации.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-library7h2agh079c6384Q5XRn

Географско објаснување по земјотресот: Ништо страшно, Шар Планина се извишува

Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски појасни дека нема причина за загриженост поради последните сеизмички настани во регионот, нагласувајќи дека станува збор за природни и долготрајни геолошки процеси.Во своја јавна објава, тој посочи дека Шар Планина и понатаму се издига, но со исклучително бавно темпо, мерливо во десетини милиметри, што е карактеристично за тектонската еволуција на планинските масиви.„Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, што и не е малку). Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме“, напиша Милевски.Објаснувањето доаѓа по земјотресот со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Косово, а кој силно беше почувствуван во Скопје и Тетово.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryff221a9d8e2dcJvo9I9

Властите во Приштина со апел за смиреност по земјотресот кај Призрен, досега нема пријави за жртви

Градските власти на Приштина вечерва информираа дека земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погодил јужниот дел на Косово, во подрачјето меѓу Призрен и Штрпце. Потресот бил регистриран околу 22:05 часот и, според официјалните информации, бил почувствуван во повеќе делови на земјата.Во соопштението се наведува дека досега нема пријави за повредени лица или за сериозни материјални оштетувања. Надлежните институции, како што се посочува, и понатаму ја следат состојбата на терен.Граѓаните се повикуваат на смиреност и почитување на безбедносните препораки, особено во случај на нови потреси. Од градските власти апелираат лицата да се држат подалеку од прозорци и објекти кои би можеле да се урнат, а во затворени простории да побараат засолниште под цврста маса или покрај носечки ѕид. Доколку се најдат надвор, граѓаните се советуваат да се задржат на отворен простор и да избегнуваат непотребно движење.Надлежните служби исто така апелираат јавноста да се информира исклучиво преку официјални канали и да им помогне на лицата на кои им е потребна поддршка. За итни случаи, граѓаните можат да се јават на службените телефонски броеви за итни интервенции.Од институциите порачуваат дека сите нови информации ќе бидат навремено објавени преку официјалните канали и дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-libraryajl3m8oq2gnq8DTHsBs

(Видео) По земјотресот, публиката во МНТ тргна да заминува, Сашко Коцев ја сврте работата на смеа

Земјотресот што вечерва го почувствува Скопје се случи за време на стенд-ап комедијата „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев, која се изведуваше во Македонскиот народен театар. Во моментот на потресот, дел од публиката се вознемири и стана од своите места со намера да ја напушти салата, додека другиот дел продолжи да реагира со смеа на шегите на сцената.Коцев, кој изјави дека не го почувствувал земјотресот, ситуацијата веднаш ја сврте на шега, задржувајќи ја смиреноста и позитивната атмосфера во салата. До посетителите кои решија да заминат, тој упати апел тоа да го сторат мирно и без брзање, со цел да не се создаде паника или дополнителна вознемиреност.По околу десет минути, стенд-ап комедијата заврши во целосно мирна атмосфера, без тревога и без нарушување на безбедноста на публиката. Настанот помина без инциденти, а реакцијата на комичарот придонесе вечерта, и покрај неочекуваниот прекин, да заврши во духот на смеата и смиреноста.Инаку според последните информации, земјотресот е регистриран во Косово, а почувствуван во делови од Македонија. Истиот, според неофицијалните страници кои преработуваат информации од сеизмолошки станици е 4,3 степени, инаку првичните информации беа дека станува збор за потрес од 4,6 степени.

Настани | пред 1 ден

1 ден
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес почувствуван во Скопје од 4.6 степени

Земјотрес со јачина 4,6 степени според Рихтеровата скала почувствуван во Скопје.Локациски, земјотресот е:23 километри југоисточно од Призрен, Косово12 километри северно од Тетово, МакедонијаСеизмичките параметри сè уште не се официјално потврдени од сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-librarys9e2tvmrbqm95Sjvc2h

Норвешкиот генерал: Не сум го видел Трамп во Авганистан, нема поим за што зборува

Норвешка не може да ја исклучи можноста за руска инвазија на нејзиниот север, со цел заштита на нуклеарниот арсенал сместен на полуостровот Кола, предупреди началникот на норвешкиот одбранбен штаб, генерал Еирик Кристоферсен. Во интервју за британскиот „The Guardian“ тој истакна дека Русија нема освојувачки цели во Норвешка како во Украина, но дека дел од нејзините нуклеарни капацитети – подморници, копнени ракети и авиони – се во близина на норвешката граница. „Не ја исклучуваме можноста Русија да се обиде да заземе дел од нашата територија за да го заштити својот нуклеарен арсенал“, рече Кристоферсен.Генералот, кој има искуство од мисиите на НАТО во Авганистан, остро ги критикуваше изјавите на Доналд Трамп дека сојузниците не биле на првите линии на бојното поле. „Тоа нема смисла. Бевме на првите линии, губевме пријатели и извршувавме различни мисии“, подвлече Кристоферсен, додавајќи дека ваквите изјави ги загрижиле норвешките ветерани и семејствата на загинатите.И покрај заканата од традиционална инвазија, Кристоферсен истакна дека современите руски тактики се повеќе насочени кон саботажи и хибридни закани. Норвешка и Русија, сепак, одржуваат директен контакт за мисии за пребарување и спасување и редовно се среќаваат на границата. Тој предложи и воспоставување директна воена телефонска линија меѓу главните градови за избегнување на несогласувања.За арктичкиот регион, Кристоферсен рече дека Русија ги почитува договорите за демилитаризација на архипелагот Шпицберген, а тврдењата за скриена милитаризација ги оцени како пропаганда. Коментирајќи ги тврдењата на Трамп за можни воени намери кон Гренланд, тој ги нарече „чудни“, истакнувајќи дека норвешките разузнавачки служби не забележуваат такви активности.На крајот, Кристоферсен предупреди дека окупирањето на земја е лесно на почетокот, но многу тешко за одржување и дека секоја експанзионистичка сила тоа го има искусено, давајќи јасна порака кон САД и Трамп.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-library8l0p1fi9icub5KYBHFn

Трамп: Имаме голема флота кај Иран, размислувам да испратам уште една

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја разгледува можноста за испраќање втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, како подготовка за можна воена акција доколку пропаднат преговорите со Иран. Изјавата ја даде во интервју за порталот „Аксиос“, во период кога САД и Иран ги обновија преговорите во Оман, првпат по 12-дневниот конфликт во јуни.Трамп порача дека изборот е јасен – или ќе се постигне договор, или ќе следува многу остра акција. Тој додаде дека веќе има значително американско воено присуство во регионот и дека е можна дополнителна ескалација. Американски функционер потврди дека се воделе разговори за испраќање уште една носачка група, покрај онаа предводена од носачот „Абрахам Линколн“.И покрај воениот притисок, Трамп изрази оптимизам дека е можен договор, оценувајќи дека Иран сега пристапува посериозно кон преговорите. Клучна точка на несогласување останува иранскиот став да се преговара исклучиво за нуклеарната програма, без откажување од збогатувањето ураниум.Во ваков контекст, во Вашингтон пристигнува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој најави дека ќе ги претстави ставовите на Израел за преговорите со Иран, додека во исто време Иран ја засилува дипломатската активност преку контакти со Оман и Катар, клучни посредници меѓу Техеран и Вашингтон.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-librarylhgc76ms6o5tej8pTjD

(Видео) Публиката воодушевена, критиката разочарана: Документарецот „Меланија“ со рекордни оценки

Додека критичарите му дадоа поразителна оценка од само 8 отсто, новиот документарец „Меланија“ беше одлично прифатен од публиката која го оцени со неверојатни 99 отсто, што претставува најголем јаз во историјата на популарниот сајт за рецензии Rotten Tomatoes, пишува The Hollywood Reporter.Од Rotten Tomatoes тврдат дека високите оценки од публиката се вистински. Во соопштение доставено до The Hollywood Reporter, компанијата нагласи дека „немало манипулација со оценките на публиката за документарецот ‘Меланија’“.„Прикажаните рецензии се верификувани, што значи дека е потврдено дека корисниците купиле билет за филмот преку Fandango“, појаснија.Од друга страна, во веродостојноста на ниската оценка од критичарите никој не се сомневал. Единствените три позитивни рецензии, кои спречиле оценката да падне на нула, пристигнале од медиуми познати по десничарски ставови: The Epoch Times, The London Evening Standard и The Spectator. Треба да се напомене и дека политичката десница често обвинува многу медиуми кои на филмот му дале негативни оценки за либерална пристрасност.Високата оценка од публиката од 99 отсто донекаде и не е изненадување. Се претпоставува дека гледачот мора да биде страствен поддржувач на движењето MAGA за воопшто да отиде во кино и да погледне документарец за мистериозната поранешна прва дама. Поради тоа може да се каже дека публиката сама се селектирала.

Магазин | пред 1 ден

1 ден
media-librarysvfrs806oop86tasA7J

Американскиот амбасадор во НАТО: Мирот во Украина е поблиску од кога било

Американскиот амбасадор Метју Витакер оцени дека Украина е поблиску до мир од кога било досега, иако сè уште не е познато кога ќе биде потпишан мировниот договор за запирање на руската агресија.Тој нагласи дека договорот ќе биде финализиран „кога за тоа ќе дојде вистинското време“, изразувајќи уверување дека завојуваните страни се наоѓаат на чекор до постигнување мир.Витакер посочи дека внимателно ги следи преговорите и дека неговиот оптимизам се темели на конкретни случувања на теренот и на дипломатско ниво. Според него, документите за мировниот договор ќе ги потпишат американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски тогаш кога условите ќе бидат соодветни.Тој истакна дека, покрај надежта за мир, неопходно е да се обезбеди континуирана поддршка за Украина, со цел таа да може да се брани. Во тој контекст, Витакер ја нагласи важноста на програмата ПУРЛ, преку која европските членки на НАТО купуваат американско оружје за украинските вооружени сили, како и на другите иницијативи за воена помош.САД очекуваат дека земјите членки на НАТО во наредните денови ќе објават нови обврски за набавка на американско вооружување за Украина. Според Витакер, најголеми купувачи во рамки на програмата ПУРЛ досега биле Германија, Холандија и Норвешка.Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Украина вети дека Алијансата ќе обезбеди повеќе од 15 милијарди американски долари за набавка на оружје за украинските сили, како дел од истата програма.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-librarypnv7smdn2qala7PKlk3

(Видео) Јута Лердам со олимписки рекорд до злато: Штипнете ме – ова е сон

Јута Лердам, која многумина ја сметаат за најубавата спортистка на планетата, испиша историја во дисциплината 1.000 метри брзо лизгање, освојувајќи златен олимписки медал со нов олимписки рекорд.. Само десет минути претходно, нејзината сонародничка Фемке Кок го собори рекордот, но Лердам веднаш го подобри и ја потврди апсолутната доминација на Холандија.По среброто во Пекинг, ова злато беше круна на кариерата за Лердам, која не ги сокри солзите на мразот. Емоциите кулминираа и во тунелот, каде сцената со нејзиниот партнер Џејк Пол стана вирална и собра над 300.000 лајкови.„Штипнете ме“, напиша Лердам на социјалните мрежи, порака што совршено го опиша моментот кога сонот стана реалност.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-libraryaksrrm6dfldk9TLcTXY

(Видео) Симпатизер на СНС нападнал средношколци по протест пред Уставниот суд во Белград

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа младо лице, за кое сведоци тврдат дека е симпатизер на владеачката Српската напредна странка (СНС), како агресивно се однесува кон средношколци и студент од Машинскиот факултет, по завршување на протестот пред Уставниот суд во Белград.Според сведочењата, младиот човек се обидел да му го извади мобилниот телефон од рацете на еден студент кој го снимал настанот, а во друг момент успеал да и го избие телефонот од рацете на инспекторка која исто така документирала со камера.„Ќаци насрна врз средношколци, а потоа и врз мене и моите колеги. Се обиде да ми го избие телефонот од рака, а друг ќаци успеа да и го избие телефонот на инспекторката која снимаше“, напиша студентот кој ја објави снимката на Инстаграм.Инцидентот се случил по протестот, а видеото предизвика бројни реакции и осуди на социјалните мрежи, со барања надлежните институции да реагираат и да утврдат одговорност за насилното однесување.Засега нема официјална реакција од полицијата или од Српската напредна странка.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-librarygud3c18m8lg37XpIck1

(Видео) Инцидент во Сомалија: Авион слета на плажа

Патнички авион со 55 патници и членови на екипажот се лизна од пистата и заврши на брегот во вторник во Могадишу.Според Garowe Online, авионот на локалната авиокомпанија StarSky имал технички проблеми кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром Аден Аде во Могадишу, Сомалија, на лет до Галкајо.На авионот му било дозволено итно да се врати и да слета, но кога слетал, скршнал од пистата, го прелетал работ и се запрел на плажата веднаш до брегот.Авионот „Фокер 50“ превезувал 55 патници и членови на екипажот, а сите биле евакуирани без сериозни повреди благодарение на брзата интервенција на спасувачките служби, објавува Н1 Загреб.Фотографиите од местото на несреќата го покажуваат авионот како лежи на песочниот брег. Истрагата за причината за прелевањето на пистата е во тек, а активностите на аеродромот беа накратко прекинати поради службите за итни случаи.

Свет | пред 1 ден

2 ден.
media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ: Корупцијата цвета, во извештајот на Транспаренси, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

Граѓаните секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, велат од опозициската СДСМ.„161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени., 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта....5 тони дрога преку граница, се случи најголемиот нарко -скандал во регионот со дрога од Макеоднија која била шверцувана во Србија.Наместо реформи во правосудството власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ.Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта.Сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година.Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додаваат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања