1 ден
media-library8l0p1fi9icub5KYBHFn

Трамп: Имаме голема флота кај Иран, размислувам да испратам уште една

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја разгледува можноста за испраќање втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, како подготовка за можна воена акција доколку пропаднат преговорите со Иран. Изјавата ја даде во интервју за порталот „Аксиос“, во период кога САД и Иран ги обновија преговорите во Оман, првпат по 12-дневниот конфликт во јуни.Трамп порача дека изборот е јасен – или ќе се постигне договор, или ќе следува многу остра акција. Тој додаде дека веќе има значително американско воено присуство во регионот и дека е можна дополнителна ескалација. Американски функционер потврди дека се воделе разговори за испраќање уште една носачка група, покрај онаа предводена од носачот „Абрахам Линколн“.И покрај воениот притисок, Трамп изрази оптимизам дека е можен договор, оценувајќи дека Иран сега пристапува посериозно кон преговорите. Клучна точка на несогласување останува иранскиот став да се преговара исклучиво за нуклеарната програма, без откажување од збогатувањето ураниум.Во ваков контекст, во Вашингтон пристигнува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој најави дека ќе ги претстави ставовите на Израел за преговорите со Иран, додека во исто време Иран ја засилува дипломатската активност преку контакти со Оман и Катар, клучни посредници меѓу Техеран и Вашингтон.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-librarylhgc76ms6o5tej8pTjD

(Видео) Публиката воодушевена, критиката разочарана: Документарецот „Меланија“ со рекордни оценки

Додека критичарите му дадоа поразителна оценка од само 8 отсто, новиот документарец „Меланија“ беше одлично прифатен од публиката која го оцени со неверојатни 99 отсто, што претставува најголем јаз во историјата на популарниот сајт за рецензии Rotten Tomatoes, пишува The Hollywood Reporter.Од Rotten Tomatoes тврдат дека високите оценки од публиката се вистински. Во соопштение доставено до The Hollywood Reporter, компанијата нагласи дека „немало манипулација со оценките на публиката за документарецот ‘Меланија’“.„Прикажаните рецензии се верификувани, што значи дека е потврдено дека корисниците купиле билет за филмот преку Fandango“, појаснија.Од друга страна, во веродостојноста на ниската оценка од критичарите никој не се сомневал. Единствените три позитивни рецензии, кои спречиле оценката да падне на нула, пристигнале од медиуми познати по десничарски ставови: The Epoch Times, The London Evening Standard и The Spectator. Треба да се напомене и дека политичката десница често обвинува многу медиуми кои на филмот му дале негативни оценки за либерална пристрасност.Високата оценка од публиката од 99 отсто донекаде и не е изненадување. Се претпоставува дека гледачот мора да биде страствен поддржувач на движењето MAGA за воопшто да отиде во кино и да погледне документарец за мистериозната поранешна прва дама. Поради тоа може да се каже дека публиката сама се селектирала.

Магазин | пред 1 ден

2 ден.
media-librarysvfrs806oop86tasA7J

Американскиот амбасадор во НАТО: Мирот во Украина е поблиску од кога било

Американскиот амбасадор Метју Витакер оцени дека Украина е поблиску до мир од кога било досега, иако сè уште не е познато кога ќе биде потпишан мировниот договор за запирање на руската агресија.Тој нагласи дека договорот ќе биде финализиран „кога за тоа ќе дојде вистинското време“, изразувајќи уверување дека завојуваните страни се наоѓаат на чекор до постигнување мир.Витакер посочи дека внимателно ги следи преговорите и дека неговиот оптимизам се темели на конкретни случувања на теренот и на дипломатско ниво. Според него, документите за мировниот договор ќе ги потпишат американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски тогаш кога условите ќе бидат соодветни.Тој истакна дека, покрај надежта за мир, неопходно е да се обезбеди континуирана поддршка за Украина, со цел таа да може да се брани. Во тој контекст, Витакер ја нагласи важноста на програмата ПУРЛ, преку која европските членки на НАТО купуваат американско оружје за украинските вооружени сили, како и на другите иницијативи за воена помош.САД очекуваат дека земјите членки на НАТО во наредните денови ќе објават нови обврски за набавка на американско вооружување за Украина. Според Витакер, најголеми купувачи во рамки на програмата ПУРЛ досега биле Германија, Холандија и Норвешка.Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Украина вети дека Алијансата ќе обезбеди повеќе од 15 милијарди американски долари за набавка на оружје за украинските сили, како дел од истата програма.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-librarypnv7smdn2qala7PKlk3

(Видео) Јута Лердам со олимписки рекорд до злато: Штипнете ме – ова е сон

Јута Лердам, која многумина ја сметаат за најубавата спортистка на планетата, испиша историја во дисциплината 1.000 метри брзо лизгање, освојувајќи златен олимписки медал со нов олимписки рекорд.. Само десет минути претходно, нејзината сонародничка Фемке Кок го собори рекордот, но Лердам веднаш го подобри и ја потврди апсолутната доминација на Холандија.По среброто во Пекинг, ова злато беше круна на кариерата за Лердам, која не ги сокри солзите на мразот. Емоциите кулминираа и во тунелот, каде сцената со нејзиниот партнер Џејк Пол стана вирална и собра над 300.000 лајкови.„Штипнете ме“, напиша Лердам на социјалните мрежи, порака што совршено го опиша моментот кога сонот стана реалност.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryaksrrm6dfldk9TLcTXY

(Видео) Симпатизер на СНС нападнал средношколци по протест пред Уставниот суд во Белград

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа младо лице, за кое сведоци тврдат дека е симпатизер на владеачката Српската напредна странка (СНС), како агресивно се однесува кон средношколци и студент од Машинскиот факултет, по завршување на протестот пред Уставниот суд во Белград.Според сведочењата, младиот човек се обидел да му го извади мобилниот телефон од рацете на еден студент кој го снимал настанот, а во друг момент успеал да и го избие телефонот од рацете на инспекторка која исто така документирала со камера.„Ќаци насрна врз средношколци, а потоа и врз мене и моите колеги. Се обиде да ми го избие телефонот од рака, а друг ќаци успеа да и го избие телефонот на инспекторката која снимаше“, напиша студентот кој ја објави снимката на Инстаграм.Инцидентот се случил по протестот, а видеото предизвика бројни реакции и осуди на социјалните мрежи, со барања надлежните институции да реагираат и да утврдат одговорност за насилното однесување.Засега нема официјална реакција од полицијата или од Српската напредна странка.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-librarygud3c18m8lg37XpIck1

(Видео) Инцидент во Сомалија: Авион слета на плажа

Патнички авион со 55 патници и членови на екипажот се лизна од пистата и заврши на брегот во вторник во Могадишу.Според Garowe Online, авионот на локалната авиокомпанија StarSky имал технички проблеми кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром Аден Аде во Могадишу, Сомалија, на лет до Галкајо.На авионот му било дозволено итно да се врати и да слета, но кога слетал, скршнал од пистата, го прелетал работ и се запрел на плажата веднаш до брегот.Авионот „Фокер 50“ превезувал 55 патници и членови на екипажот, а сите биле евакуирани без сериозни повреди благодарение на брзата интервенција на спасувачките служби, објавува Н1 Загреб.Фотографиите од местото на несреќата го покажуваат авионот како лежи на песочниот брег. Истрагата за причината за прелевањето на пистата е во тек, а активностите на аеродромот беа накратко прекинати поради службите за итни случаи.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ: Корупцијата цвета, во извештајот на Транспаренси, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

Граѓаните секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, велат од опозициската СДСМ.„161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени., 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта....5 тони дрога преку граница, се случи најголемиот нарко -скандал во регионот со дрога од Макеоднија која била шверцувана во Србија.Наместо реформи во правосудството власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ.Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта.Сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година.Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додаваат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Истрели кај Чашка: Тројца прилепчани уапсени со повеќе видови оружје и мунициja

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 8 февруари 2026 година, во 10:15 часот, кај местото викано „Црници“, во атарот на селото Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка лишиле од слобода три лица од Прилеп – В.К. (57), И.Т. (51) и Б.Н. (77).Според информациите од полицијата, при вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, при што лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје. По пукањето, лицата се оддалечиле од местото на настанот.По преземени оперативни мерки, возилото и лицата биле пронајдени, а при извршениот преглед кај И.Т. била одземена малокалибарска пушка „брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција, како и три чаури и куршуми калибар 12 милиметри од ловечка пушка, за кои не поседувал соодветна документација. Дополнително, биле пронајдени и одземени детектори и други предмети.Кај Б.Н. бил одземен пиштол „застава“, рамка со седум куршуми калибар 9 милиметри, исто така без соодветна документација, како и други предмети поврзани со настанот. Тројцата биле задржани во полициска станица, за случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryd3ort4bj3lsn3MVtqjm

ДСЗИ презема мерките по ревизорските забелешки за 2024 година

Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе постапува согласно констатираните забелешки и препораки во извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на ДСЗИ, изготвен од Државниот завод за ревизија.„Имено, во делот на забелешките кои се однесуваат на инспекциските надзори, кои се од техничка природа се дадени насоки до сите подрачни одделенија овие забелешки во иднина да бидат корегирани. По однос на забелешките кои се однесуваат на одделението за човечки ресурси, во тек е комплетирање на документацијата.Во делот на материјално сметковотствено работење, забелешките се од административно техничка природа и имајки во предвид дека ДСЗИ од 01.01.2025 година е орган во состав на Министерството за здравство, веќе се преземени мерки за отстранување на констатираните административни забелешки.Во однос на постапката за увоз на детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба и забелешката за сертификатите за безбедност кои се приложуваат при увоз, веќе се отпочнати иницијални преговори со релевантните чинители за изнаоѓање заедничко прифатливо решение со цел да се надмине овој проблем“, информираат од ДСЗИ.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
Screenshot-2023-09-14-at-20.54.34

Инцидент во Затвор Скопје: При претрес на вработен одземен мобилен телефон

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 9 февруари 2026 година, во 09:20 часот, во СВР Скопје било пријавено од Казнено-поправната установа Затвор Скопје дека во затвореното одделение на установата, при извршен претрес кај вработено лице, бил пронајден и одземен мобилен телефон.Според информациите од пријавата, мобилниот телефон не бил сопственост на вработеното лице, по што веднаш бил одземен.Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryco5096cgdn8559yQEKd

По пријава за смрт, лекарска екипа добила закани во куќа во Скопје

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 10 февруари 2026 година, околу 02:45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била изложена на закани за време на интервенција во куќа на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.Според пријавата, по претходно барање за укажување лекарска помош на женско лице, на местото пристигнала екипа составена од лекар, медицинска сестра и возач. По извршениот преглед, медицинската екипа констатирала смрт кај женското лице.По констатирањето на смртта, сопругот на починатата, Е.Б. (40), и нејзиниот брат, Б.Н. (39), двајцата од Скопје, упатиле закани кон членовите на медицинската екипа, по што случајот бил пријавен во полиција.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави против инволвираните лица.

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryf8arlrd9520qdTdKREm

Долгови од над 7 милиони денари ја блокираа ФК Победа: Градот не може да користи буџетски средства за покривање на долгови

„Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш посветена на поддршката на локалните спортски брендови, сакаме да ја информираме јавноста дека Општината во ниту еден момент не престана да презема активности за спас на клубот, но во тој процес се соочи со сериозен и континуиран недостиг на соработка од страна на мнозинските сопственици. Иако локалната самоуправа постојано иницираше дијалог за изнаоѓање долгорочно решение, сопственичката структура не покажа подготвеност за заедничко делување, одбивајќи да постави легитимни органи на управување и извршен директор, што практично го доведе клубот во состојба на функционална парализа“, велат од Општина Прилеп„И покрај ваквиот однос, Општина Прилеп покажа искрена желба за помош преку донесување одлука за еднократна финансиска поддршка во износ од 1.000.000,00 денари. Сепак, нејзината реализација беше законски оневозможена првично поради распишувањето на изборниот процес, а потоа и поради алармантната состојба со блокираната сметка на клубот која е резултат на долгогодишно недомаќинско работење. Официјалната документација која ние можеме да ја видиме открива разорен вкупен долг кон Управата за јавни приходи во износ од над 7.000.000,00 денари, кој вклучува неплатени придонеси за вработени во висина од 496.636,00 денари, неплатен ДДВ од 410.606,00 денари, долг за данок на добивка од 2.167.762,00 денари и персонален данок во износ од 1.986.538,00 денари. Тоа е долг само кон УЈП, не можеме да претпоставиме колкав е долгот спрема други приватни и државни субјекти. Исплатата на средства од Општина Прилеп секако немаше да може да се искористат за клубот, туку ќе завршеа во исплата на некои долгови на фирмата сопственик на клубот Победа.Општината не смее и нема да дозволи буџетските средства на граѓаните да завршат како соучесник во покривање на вакви долгови, особено по сознанијата дека службени средства на клубот биле ненаменски трошени за уплати во казина, обложувалници и приватни потреби. При актуелната сопственичка структура, каде приватниот капитал поседува целосно мнозинство од акциите, одговорноста за финансискиот колапс и правниот вакуум е исклучиво кај сопствениците кои избраа пасивност наместо соработка со градот. Нашата заложба за спас на ФК Победа останува непроменета, но единствениот пат напред е преку целосен и транспарентен увид во целокупното финансиско работење, бидејќи само на здрави и чесни основи можеме да го вратиме достоинството на овој клуб.Општина Прилеп стои на располагање за помош, но средствата на граѓаните нема да дозволиме да се трошат за трошоци кои немаат врска со спортот, а Општината секогаш да биде дежурен виновник. Нашата желба за спас на прилепската гордост останува искрена и силна. Сепак, за каков било понатамошен чекор, Општината бара итен и целосен увид во целокупната финансиска документација и состојба на клубот. Победа мора да продолжи на здрави основи, со чиста сметка и транспарентно управување, бидејќи само така ќе го зачуваме достоинството на клубот и на нашиот град“, додаваат од општина Прилеп.

Спорт | пред 2 дена

2 ден.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Нов закон за Советот на јавни обвинители: зајакната независност и транспарентност

На денешната седница, Владата на Република Македонија, по предлог на Министерството за правда, го утврди Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, со кој, како што соопштуваат од Министерството, се прави значаен исчекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.Со предложените законски решенија детално се уредува постапката за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која ќе може да се покрене врз основа на образложено барање поднесено од најмалку четири члена на Советот. Истовремено, се засилува улогата на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, при што се предвидува и можност Советот да поднесе иницијатива за разрешување до Собранието.Предлог-законот предвидува и зголемена транспарентност во работењето на Советот, преку воведување јавност во второстепената дисциплинска постапка, со јасно утврдени исклучоци кога е неопходна заштита на личните податоци, угледот на странките и други легитимни интереси. Со ова, според Министерството за правда, се воспоставува појасна рамка за јавен увид во работата на Советот, без да се нарушат основните права на вклучените страни.Во делот на кадровските решенија, се воведуваат прецизни и јасни критериуми за избор на членовите на Советот, со кои се гарантира стручност, професионално искуство и интегритет, по примерот на новиот Закон за Судскиот совет. Дополнително, детално е уредена и постапката за разрешување на член на Советот, со строго дефинирани рокови и јасни критериуми за постапување.Од Министерството за правда информираат дека Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, заедно со Предлог-законот за Јавното обвинителство, добил заедничко позитивно мислење од Венецијанската комисија, што, според нив, претставува дополнителна потврда дека предложените решенија се во согласност со европските стандарди и добрите меѓународни практики во областа на владеењето на правото.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-01-6740PM

СДСМ со најава за нови закони, во фокусот и поевтинување на патарините

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање најави дека партијата во наредниот период ќе предложи повеќе законски решенија насочени кон директна помош на граѓаните, меѓу кои ќе биде и закон за намалување на цените на патарините, како дел од поширок пакет мерки за олеснување на животните трошоци.Филипче истакна дека во следните недели СДСМ ќе излезе со предлог-закони од повеќе области, изработени согласно вредносните политики на партијата, при што едно од законските решенија ќе биде насочено токму кон намалување на цените на патарините. Според него, ваквата мерка е неопходна за да им се излезе во пресрет на граѓаните кои секојдневно се соочуваат со зголемени трошоци за транспорт и живот.Тој оцени дека цените на патарините во земјава се неразумно високи и целосно неусогласени со стандардите во регионот и пошироко во Европа. Филипче нагласи дека вакво ниво на наплата за користење на патната инфраструктура не постои ниту во соседните држави, ниту во економски поразвиените европски земји.Како илустрација, тој посочи дека во дел од високо развиените европски држави се плаќа годишна цена за користење на патиштата низ целата земја, која, како што рече, изнесува приближно колку што кај нас чини едно патување од Скопје до некој од граничните премини, како на пример до Гевгелија. Според Филипче, ваквата состојба претставува дополнителен финансиски товар за граѓаните и јасен сигнал дека е потребна итна законска интервенција.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-librarykh9f1e7tdmc6epjyCNl

Филипче: Додека работниците протестираат за плата, Владата најавува луксуз со нов владин авион

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Собранието, одговарајќи на новинарско прашање, упати остра критика до Владата поради најавата за купување нов владин авион, во период кога граѓаните и работниците, како што рече, се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми.Филипче оцени дека ваквата најава не е изненадување, бидејќи, според него, власта и досега покажала дека се грижи исклучиво за сопствените интереси, а не за секојдневието на граѓаните. Тој нагласи дека одговорна власт мора да има целосен надзор и грижа за сите процеси, особено за квалитетот на животот на луѓето, наместо да дозволува, како што рече, работите да се менаџираат без јасна одговорност.Според претседателот на СДСМ, апсурдно е во исто време кога работниците излегуваат на протести и бараат повисоки плати за да можат да врзат крај со крај, Владата да најавува трошење јавни средства за луксузни потреби. Тој предупреди дека ваквите потези создаваат немир и револт во различни социјални слоеви и дополнително ја продлабочуваат недовербата во институциите.Филипче порача дека не го изненадува фактот што власта, како што изјави, не води сметка за реакциите на јавноста и за состојбата во која се наоѓаат граѓаните, туку демонстрира однесување кое целосно е одвоено од реалноста. Купувањето нов владин авион, според него, е симбол на таа изолираност и луксузирање на сметка на народот.Тој додаде дека ваквото однесување е уште една потврда за, како што рече, неодговорното владеење кое ја изолира државата, го блокира евроинтегративниот процес и не обезбедува одговорност за коруптивните скандали. Филипче нагласи дека наместо одговорност, поединци од власта се наградуваат и унапредуваат, и покрај сомнежите за злоупотреба на јавни пари, што, според него, претставува поразителна порака до граѓаните.„Кога надвор штрајкуваат работници, а власта најавува купување нов владин авион, тоа е врв на безобразие и пример за политика што не личи на ништо“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryqsrf3nak5oa20XMhDDI

Владата уверува во Париз: Македонија останува посветена на заштитата на Охридскиот Регион

Владина делегација составена од Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, како и градоначалниците на Охрид и Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваше во работна посета на Париз, каде беа остварени средби со високи претставници на УНЕСКО.Делегацијата одржа разговори со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, како и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб. На средбите било разговарано за улогата и значењето на УНЕСКО во современиот свет, како клучна мултилатерална организација која промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите.Посебен акцент во разговорите бил ставен на состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство. Притоа била нагласена важноста од континуирана, систематска и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на статусот на регионот на Листата на светско наследство.Од Владата информираат дека за време на средбите била потврдена јасната определба на државата за доследно спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион. Истовремено, била изразена подготвеност за продолжување и унапредување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните билатерални и меѓународни механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на овој исклучително значаен природен и културен простор.

Охрид | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryo8g513bvtg5j65OMfE2

Студентите мрзнат оти студентскиот дом во Охрид не ги платил сметките кон ЕВН

По повеќе од 24 часа без електрична енергија, струјата повторно е вклучена во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, а откако беа подмирени долговите кон ЕВН поради кои објектот беше исклучен од мрежа. Во периодот на прекинот, студентите престојуваа во услови на студ, без греење и основни услови за живот, принудени вечерите да ги минуваат на свеќи.Според информациите, прекинот на електричната енергија настанал поради неплатени сметки, а студентите и дел од вработените тврдат дека од управата не биле навремено известени за причините за исклучувањето ниту за тоа колку долго ќе трае проблемот.Директорот на домот, Жарко Куцински, изјави дека средствата за подмирување на обврските биле обезбедени со одлука на Владата, по што долгот кон ЕВН бил исплатен и електричната енергија повторно вклучена.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Уапсени 11 возачи кои возеле без возачка или во алкохолизирана состојба

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 11 возачи, од кои еден во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола и седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола и Ресен) затоа што управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Возачот во Демир Капија претходно се заканувал на неговата сопруга и со тврд предмет го нападнал неговиот татко. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Деценискиот проблем со паркирањето на Клинички конечно добива решение

Владата донесе одлука за конечно решавање на прашањето за паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“, со што се затвораат административните пречки што со децении го блокираа уредувањето на овој простор.„Одлуката создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје, а Министерството веќе го заврши процесот на регистрација на парцелите и изработката на елаборати, отварајќи пат за изградба на модерен паркинг со катни гаражи и воведување софтверско решение за ефикасно управување. Проектот ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои ги користат услугите на кампусот“, велат од Владата.

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryic9ibit1iueddQlGya6

(Видео) Запленетите 40 тона марихуана биле за улиците во Македонија или Европа, а била незаконски произведувана и чувана, вели Тошковски

Марихуаната била за македонските улици или за улиците низ Европа, а била незаконски произведувана и чувана, посочи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Таа е произведувана, складирана, чувана надвор од утврдените протоколи. Неазконски е истата третирана од фирмите од каде беше одземена. Истата е во рамки на простории на МВР за да биде искористена во тек на доказната постапка“, рече Тошковски.Според него се преземаат сите чекори за да се утврди фактичката состојба.

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања