2 ден.
media-libraryqsrf3nak5oa20XMhDDI

Владата уверува во Париз: Македонија останува посветена на заштитата на Охридскиот Регион

Владина делегација составена од Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, како и градоначалниците на Охрид и Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваше во работна посета на Париз, каде беа остварени средби со високи претставници на УНЕСКО.Делегацијата одржа разговори со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, како и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб. На средбите било разговарано за улогата и значењето на УНЕСКО во современиот свет, како клучна мултилатерална организација која промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите.Посебен акцент во разговорите бил ставен на состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство. Притоа била нагласена важноста од континуирана, систематска и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на статусот на регионот на Листата на светско наследство.Од Владата информираат дека за време на средбите била потврдена јасната определба на државата за доследно спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион. Истовремено, била изразена подготвеност за продолжување и унапредување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните билатерални и меѓународни механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на овој исклучително значаен природен и културен простор.

Охрид | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryo8g513bvtg5j65OMfE2

Студентите мрзнат оти студентскиот дом во Охрид не ги платил сметките кон ЕВН

По повеќе од 24 часа без електрична енергија, струјата повторно е вклучена во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, а откако беа подмирени долговите кон ЕВН поради кои објектот беше исклучен од мрежа. Во периодот на прекинот, студентите престојуваа во услови на студ, без греење и основни услови за живот, принудени вечерите да ги минуваат на свеќи.Според информациите, прекинот на електричната енергија настанал поради неплатени сметки, а студентите и дел од вработените тврдат дека од управата не биле навремено известени за причините за исклучувањето ниту за тоа колку долго ќе трае проблемот.Директорот на домот, Жарко Куцински, изјави дека средствата за подмирување на обврските биле обезбедени со одлука на Владата, по што долгот кон ЕВН бил исплатен и електричната енергија повторно вклучена.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Уапсени 11 возачи кои возеле без возачка или во алкохолизирана состојба

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 11 возачи, од кои еден во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола и седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола и Ресен) затоа што управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Возачот во Демир Капија претходно се заканувал на неговата сопруга и со тврд предмет го нападнал неговиот татко. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Деценискиот проблем со паркирањето на Клинички конечно добива решение

Владата донесе одлука за конечно решавање на прашањето за паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“, со што се затвораат административните пречки што со децении го блокираа уредувањето на овој простор.„Одлуката создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје, а Министерството веќе го заврши процесот на регистрација на парцелите и изработката на елаборати, отварајќи пат за изградба на модерен паркинг со катни гаражи и воведување софтверско решение за ефикасно управување. Проектот ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои ги користат услугите на кампусот“, велат од Владата.

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryic9ibit1iueddQlGya6

(Видео) Запленетите 40 тона марихуана биле за улиците во Македонија или Европа, а била незаконски произведувана и чувана, вели Тошковски

Марихуаната била за македонските улици или за улиците низ Европа, а била незаконски произведувана и чувана, посочи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Таа е произведувана, складирана, чувана надвор од утврдените протоколи. Неазконски е истата третирана од фирмите од каде беше одземена. Истата е во рамки на простории на МВР за да биде искористена во тек на доказната постапка“, рече Тошковски.Според него се преземаат сите чекори за да се утврди фактичката состојба.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library752h05roicf34cJytLV

По години на неактивност, Владата бара извештаи од државната комисија за борба против дроги

Владата најави дека ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги.Комисијата, формирана во 2017 година, до сега не била активна и нема постигнати резултати, поради што Владата ќе бара редовни извештаи за нејзиното работење во иднина.Ова е дел од стратегијата за засилена контрола и превенција на незаконските активности поврзани со дроги.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
kanabis

Владата нареди вонредни контроли на сите производители на медицински канабис

На денешната 149-та седница, Владата на Република Северна Македонија разгледа информација во врска со лиценците за производство на канабис за медицински цели.Со цел да се спречи нелегално индустриско производство и пласман на канабис на домашниот и меѓународниот пазар, Владата ги задолжи сите надлежни институции да преземат законски утврдени мерки и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои поседуваат дозвола за одгледување и производство на медицински канабис.Институциите имаат рок од 45 дена да достават извештај до Владата за спроведените активности.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-librarysf6djr6ekrv7cPPad2X

(Видео) Старите дискотеки заминуваат во историјата, почна уредувањето на просторот за Луна парк

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започнува расчистување на просторот наменет за изградба на Луна паркот, при што старите, бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк ќе бидат целосно отстранети.Според најавата на градоначалникот, станува збор за воведување ред и враќање на јавниот простор во функција на граѓаните, со што, како што истакна, нелегалните објекти што со години го узурпирале просторот заминуваат во историјата. Расчистувањето, како дел од пошироките активности на Градот, има за цел да создаде услови за реализација на проектот Луна парк, кој е планиран како нова содржина за семејна забава и рекреација.Ѓорѓиевски нагласи дека ова е исполнување на дадено ветување и порака дека законот и јавниот интерес мора да бидат над сè, без исклучоци. Тој порача дека Скопје заслужува уреден, безбеден и функционален јавен простор, во кој граѓаните ќе имаат квалитетни содржини, а не дивоградби и бесправни објекти.„Ред мора да има. Како што ветив – најдоброто за Скопје“, порача градоначалникот.

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
media-library85usucb7nrfndt7ylwx

Тензии во Собранието: одбиен предлогот за минимална плата, СДСМ ја напушти салата

Пратениците на СДСМ ја напуштија денешната собраниска седница откако владејачкото мнозинство одби предлог-законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред, и покрај тоа што пред Собранието истовремено се одвиваше протестната блокада организирана од Сојуз на синдикати на Македонија со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра и останатите плати да пораснат за 100 евра.Од СДСМ информираа дека нивната пратеничка група побарала дополнување на дневниот ред со законското решение кое ги инкорпорира синдикалните барања, но предлогот не бил ставен ниту на расправа, ниту на гласање. Ова, според опозицијата, претставува директно кршење на деловничката процедура и воспоставување двојни стандарди во работењето на законодавниот дом.Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, реагираше дека правото на опозициските пратеници не смее да биде помало од правото на пратениците од власта и побара претседателот на Собранието, Африм Гаши, јавно да образложи зошто предлогот за зголемување на минималната плата не бил ставен на гласање, и пред пратениците и пред граѓаните кои протестираа пред зградата на парламентот.Спасовски појасни дека СДСМ го поднела предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што, како што нагласи, бил исполнет условот точките поднесени до крајот на претходниот месец да се најдат на дневен ред. Дополнувањето или корекцијата на текстот, според него, согласно Деловникот не претставува ново поднесување и не смее да биде причина за блокада.Тој оцени дека барањето на синдикатите минималната плата да се зголеми на 600 евра, односно 36.960 денари, е реално и финансиски остварливо, доколку постои политичка волја. Притоа потсети дека во периодот кога СДСМ била на власт минималната плата се зголемила од 8.600 на 22.400 денари, што, според него, покажува дека системско покачување е можно.Од СДСМ остро реагираа и на, како што наведоа, селективниот пристап на претседателот на Собранието, истакнувајќи дека во минатото на дневен ред биле ставале законски предлози доставени дури и на самиот почеток на седниците, но само кога тие доаѓале од редовите на власта. По едночасовната пауза, пратеничката група на СДСМ одлучи да не учествува во продолжението на седницата, оценувајќи дека ваквата практика дополнително го нарушува дигнитетот на Собранието и создава нерамноправна позиција меѓу пратениците.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library0tbsmrtjnn0c9Qhos0r

Вонредни инспекции за канабис, нов паркинг за Клинички, одлучи Владата

Владата ќе спроведе вонредни контроли на сите правни лица што имаат лиценца за одгледување и производство на канабис за медицински цели, со цел спречување индустриско нелегално производство и пласман на канабис на домашниот и меѓународниот црн пазар. Ова го соопшти владината портпаролка Венера Азизи, информирајќи за заклучоците донесени на 149. седница на Владата.Како што истакна Азизи, институциите се задолжени, во рамките на своите надлежности, да ги преземат сите законски утврдени мерки и активности и да извршат вонредни контроли на целата територија на државата. Во рок од 45 дена тие ќе треба да достават извештај до Владата за состојбата со лиценците и работењето на субјектите што произведуваат медицински канабис.Покрај тоа, Владата ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги. Азизи нагласи дека оваа комисија, иако била формирана во 2017 година, во изминатите години практично не функционирала и немала резултати, поради што во иднина ќе се бараат редовни извештаи и активна работа.На истата седница е донесена и одлука за конечно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Со оваа одлука се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркингот и се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. Министерството, во рок од три месеци, го завршило процесот на регистрација на парцелите во Катастар и изработка на елаборати, со што се отвора патот за изградба на модерен и функционален паркинг, вклучително и катни гаражи и софтверско решение за поефикасно управување.Дополнително, Азизи информираше дека Владата го усвоила Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, кој заедно со Предлог-законот за јавно обвинителство добил позитивно мислење од Венецијанската комисија. Усвојувањето на овие закони во Собранието, како што беше посочено, ќе значи исполнување на важен чекор од Реформската агенда.„Нашата цел како Влада е да воспоставиме неселективност во постапувањето и да преземаме политики во интерес на граѓаните“, порача Азизи, додавајќи дека Владата продолжува со реализација на програмата насочена кон обезбедување подобар, поквалитетен и побезбеден живот за сите.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library9nkgo16hcdcd9nBiyvN

Меморандум со Сингапур: Македонија го поврзува воздухопловството со светски авијациски центар

Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски и генералниот директор на Управата за цивилно воздухопловство на Сингапур, Хан Кок Јуан, официјализираа нов, сеопфатен Меморандум за разбирање.Овој чин, реализиран за време на посетата на г. Стојаноски како висок делегат на специјална покана од сингапурските власти, означува суштинско унапредување на билатералните односи и директно поврзување на македонскиот воздухопловен сектор со еден од водечките светски авијациски центри. Потпишувањето на овој стратешки документ, претставува директна валоризација на новите политики на менаџментот на АЦВ како за меѓународно етаблирање на институцијата така и за забрзување на темпото за што побрза примена на најновите безбедносни стандарди. Со овој чекор се отвора широка рамка за институционален развој преку напредна едукација и специјализирани програми за обука во Сингапурската воздухопловна академија (SAA), која важи за една од најреномираните во светот. Договорот предвидува директна размена на експертиза и примена на најдобри практики во делот на регулативата, безбедносниот надзор и лиценцирањето, со што македонските воздухопловни власти ќе ги хармонизираат своите капацитети со најстрогите глобални стандарди. Покрај едукативната компонента, Меморандумот има силен регионален и технолошки фокус. Соработката подразбира заедничка реализација на проекти кои не само што ќе го зајакнат домашниот сектор, туку имаат потенцијал да ја позиционираат Македонија како регионален лидер во примената на иновативни решенија во воздушниот сообраќај. Ова партнерство е јасен показател за решителноста на Агенцијата да ги следи и имплементира најсовремените технолошки трендови во меѓународното цивилно воздухопловство. Во својата изјава, директорот на АЦВ, Драги Стојаноски, истакна дека овој меморандум ја потврдува посветеноста кон примената на највисоките меѓународни стандарди на ICAO. Тој нагласи дека соработката со глобален лидер како Сингапур овозможува пристап до врвна експертиза со која дополнително ќе се подигне нивото на безбедност и ефикасност на македонското небо.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
Screenshot-2022-01-20-163627

Полицијата се вклучува во европска акција: На мета автобуси и товарни возила

Сообраќајната полиција ќе се приклучи на европската кампања за зголемена контрола на автобуси и товарни возила, која ќе се спроведува во периодот од 9 до 15 февруари, информираат од полицијата.Кампањата се реализира во координација со европската асоцијација на сообраќајни полиции, а целта е подобрување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници, со посебен акцент на професионалните возачи.Во рамки на засилените контроли, полицијата ќе врши проверки на:техничката исправност на автобусите и товарните возила,почитувањето на законските услови за превоз на деца,состојбата на возачите пред организирани училишни, образовни и рекреативни патувања.Покрај тоа, контролите ќе ги опфатат и сите останати учесници во сообраќајот, при што акцент ќе се стави на:пречекорување на дозволената брзина,возење под дејство на алкохол или психоактивни супстанци,користење на безбедносен појас,безбеден и правилен превоз на патници и други сообраќајни прекршоци.Од полицијата потсетуваат дека сообраќајните правила не се препорака, туку обврска, чија цел е заштита на животот и здравјето на граѓаните.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryjlnc3tfhfeedaWjFAWL

Повлечени серии Аптамил формули за доенчиња

Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил.„Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид.Производи опфатени со повлекувањето:• APTAMIL AR 2Сериски број (лот) Рок на употреба20250924 / 111492248 / 24.09.202620251106 / 111505015 / 06.11.2026• APTAMIL PRONUTRA 2Сериски број (лот) Рок на употреба20250619 / 111450979 / 19.06.202620260720 / 111470149 / 20.07.202620260922 / 111494041 / 22.09.202620261027 / 111509436 / 27.10.202620261130 / 111518857 / 30.11.202620261219 / 111526365 / 19.12.202620270121 / 111539141 / 21.01.2027• APTAMIL PRONUTRA 1Сериски број (лот) Рок на употреба20260722 / 111473082 / 22.07.202620260904 / 111489543 / 04.09.202620261014 / 111504828 / 14.10.202620261126 / 111519122 / 26.11.2026Апелираме потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, истите да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени“, велат од Агенцијата за храна и ветеринсрство.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ: Стручното мислење на експерт од Словенија не може да биде доказ во постапкатаза случајот Онкологија

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на д-р Симонида Црвенкова, оцени дека стручното мислење од словенечки експерт не може да биде валиден доказ во постапката за случајот Онкологија, бидејќи е изготвено врз основа на нецелосна медицинска документација и европски онколошки препораки што не се дел од македонскиот правен систем. Тој тврди дека македонските лекари постапуваат според домашни протоколи одобрени од Министерството за здравство и дека извештајот на обвинителството е пристрасен.„Како бранител на д-р Симонида Црвенкова сметам дека стручното мислење на експерт од Словенија не може да биде доказ во постапката од причина што е изготвен врз основа на нецелосна медицинска документација и врз основа на европски онколошки процедури и препораки кои не се дел од правниот поредок, неодобрени од здравствените власти на Република Македонија.Македонски лекар не може да одговара за примена на водич за онколошки процедури и препораки кои не се одобрени од македонските здравствени авторитети.Доказ за тоа е известувањето од ФЗО до министерот за здравство од 21.01.2026 година во кое се посочува дека протоколите не се менувани 10-15 години, а странските препораки не се одобрени од здравствените авторитети и истите се дескриптивни и без јасни и конкретни критериуми за соодветна примена.Сето ова претставува правен дефект и треба да се праша поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој одобрил да се упати барање за изготвување стручна експертиза за примена на европски онколошки процедури во која е применета литература од 2024 година за анализиран период на лекување од 2018-2022 година како доказ во кривична постапка, за ЕУ онколошки процедури и препораки кои не се дел од правниот поредок и не се одобрени од македонските здравствените власти.Македонските лекари постапуваат по здравствените протоколи и препораки одобрени од министерството за здравство во 2015 година и други здравствени протоколи нема.Во овој предмет Универзитетски клинички центар Љубљана не постапи по ваквото барање токму поради некомплетноста на медицинските истории и документација и тоа е одговорен и етички однос на совесен лекар.Конечно, извештајот на техничкиот советник на обвинителството е пристрасен и необјективен од причина што во неколку клучни делови од извештајот техничкиот советник дава мислење со споредба и паралела помеѓу државната клиника и протоколите и процедурите во клиниката Жан Митрев каде што работи како лекар“, вели Владимир Туфегџиќ

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library0s73q91qbcm11CJwwaO

Измени во урбанистичкиот правилник за поттик на инвестиции и развој

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.Целта на истата е на најтранпарентен начин со стручната јавност да се продискутираат предложените измени и дополнувања, велат од министерството.Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и здравствениот сектор, преку создавање на услови за нови инвестиции, за поефикасно планирање и искористување на просторот.„Имајќи предвид дека туристичкиот сектор веќе бележи позитивни трендови, преку предложените измени се предвидува можност за стимулирање на изградба на големи хотелски комплекси вон градови, исто така и надвор од заштитени подрачја, надвор од национални паркови, надвор од заштитената зона на Охридскиот регион поврзана со заштитата од УНЕСКО, со што директно се поддржува растот на туризмот и привлекувањето нови туристи во државата, а дополнително се придонесува за отворање на нови работни места.Со цел да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на јавноста во процесот на носење на одлуки, при носењето на сите планови ќе се спроведуваат јавни презентации. Одржувањето на денешната стручна јавна расправа по однос на донесувањето на измените на конкретниот Правилник е јасен показател за заложбата и отвореноста на Министерството за транспорт за унапредување на регулативата и вклучување на сите засегнати страни“.Исто така измените на Правилникот за урбанистичко планирање опфаќаат и можност за урбанизација на објекти од областа на терцијарното здравство, како и изградба на батериски системи, кои се од суштинско значење за развојот на енергетскиот сектор.Министерството за транспорт со своите политики останува посветено на создавање на одржливи решенија кои создаваат баланс меѓу економскиот развој и јавниот интерес на граѓаните.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryf1fesf9aaf81cuZHfaq

(Видео) Владата ќе формира тим за истрага по заплената на 40 тони марихуана

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени 40 тони запленета марихуана и најавија детална истрага за случајот.„Денес, заедно со претседателот на владата, со директорот на Бирото за јавна безбедност и остатокот од тимот од МВР, имаме прилика да ги видиме овие 40 тони марихуана запленети во првата фаза од истрагата. Марихуаната е произведувана, складирана и чувана надвор од оние утврдени протоколи, значи незаконски е истата третирана од страна на фирмите од каде што беше одземена“, рече Тошковски.Тој кажа дека марихуаната привремено е складирана во простории на МВР со цел да се користи во доказната постапка. Тошковски кажа дека истрагата продолжува.Мицкоски кажа дека акцијата за заплена има за цел да покаже дека никој не е над законот.„Ова нешто зад мене е дел од 40 тони марихуана, нешто што претставува резултат на погрешна политика што не сакаме да ја повториме. Очекувам дека денес на владина седница ќе биде донесена одлука да се формира комисија и тим кој ќе ја испита работатата на неколку правни лица и ќе утврди кој работи во согласност со законот, а кои се оние што не работат според законот. Сè што се случи во изминатите неколку дена има за цел да покаже дека нема компромис со неправдата и беззаконието и дека никој не е над законот и дека МВР со сиот капацитет ќе се справи со предизвиците кои ги има“, рече Мицкоски.Тој испрати порака дека криминалот не се исплати и дека сите криминалци ќе бидат фатени и жестоко казнети.„Сакам да испратам порака до сите кои одлучиле дека криминалот е исплатлива работа, можеби така било во друго време, но денеска криминалот не се исплати, ќе бидете пронајдени и ке бидете жестоко казнети“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-librarysa5ctmpu3097acuDYje

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради посета на Курти

Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryf9gi9e312e8geutlewf

Не е возможно правосудниот испит да се полага на албански јазик, додека не се променат законите, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик мора да се решава суштински и исклучиво во рамки на Уставот и законите, нагласувајќи дека со постојната законска регулатива тоа не е возможно.Мицкоски посочи дека Уставот јасно утврдува оти официјален јазик во државата и во меѓународната употреба е македонскиот јазик, но истовремено признава и официјален јазик на заедницата која е повеќе од 20 проценти, односно албанскиот јазик. Според него, во Уставот е наведено и дека комуникацијата во државната управа може да се одвива и на јазикот на заедницата, но само откако тоа ќе биде утврдено со закон.„Ние мораме овој процес на полагање да го утврдиме со закон. Ваков закон каков што е сега – не дозволува. И тоа не само за албанскиот јазик, туку за сите јазици споменати во преамбулата“, изјави премиерот, потенцирајќи дека не станува збор за политичка волја, туку за јасна правна процедура.Тој додаде дека доколку постои иницијатива за вакво решение, неопходно е да се изработи нов закон и истиот да се испрати на мислење до Венецијанската комисија, која треба да оцени дали е во согласност со Уставот. Мицкоски потсети дека и во минатото, при носење закони од областа на правосудството, Венецијанската комисија давала негативни мислења, што, според него, укажува на потребата од внимателен и правно издржан пристап.Изјавата на премиерот доаѓа по ставовите кои беа изнесени во јавноста од страна на министерот за правда Игор Филков изјави дека правосудниот испит не може да се полага на албански јазик.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryv20bb6gepsal0JNGG97

Индициите упатуваат на многу поголем криминал, ова е само почеток, рече Мицкоски најавувајќи проширена истрага

Владата денеска ќе донесе задолженија за спроведување проверки и во други фирми кои се занимаваат со производство на марихуана, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека актуелната акција е само почеток на многу поширока истрага.„Не би се изненадил ако дојдеме до сто тони заплена“, изјави Мицкоски.Прашан дали марихуаната што завршила во Србија поминала преку граница како пломбиран товар, пријавен во документацијата како друг производ, Мицкоски одговори дека засега нема такви информации.Тој посочи дека со правилник донесен од претходната власт било овозможено производство на цвет од канабис со квалитет под стандардите, кој потоа би се користел за производство на масло што се пласирало на пазарот, што, според него, отворило простор за сериозни злоупотреби.„Потребна е сериозна истрага. Ова е само почеток. Од индициите што ги имаме и од она што МВР го работи – телефонски комуникации, разговори и друг вид докази – јасно е дека случајот ќе биде многу поголем“, нагласи премиерот, додавајќи дека институциите ќе одат до крај во расчистувањето на целиот синџир на одговорност.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryuk2hccu240u42Ht8UqN

Јаневска: Автономијата на универзитетите не е чепната, но треба да бидат отчетни кон Владата

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека новиот закон за високото образование не ја загрозува автономијата на универзитетите, туку воведува обврска за отчетност кон Владата за средствата што ги добиваат.„Автономијата на универзитетите со овој закон никако не е чепната, но универзитетите треба да се свесни дека голем дел од нив треба да бидат отчетни кон Владата за средствата кои ги примаат од Владата. Ние во автономијата воопшто не навлегуваме но од сега натаму ќе бараме отчетност. Тоа било предвидено со претходниот закон од 2018 година, но никогаш не заживеало. ние во моментов бараме да заживее отчетноста без никако мешање во нивната академска слобода“, изјави Јаневска„Треба да кажат што тоа замераат, затоа што ниедно тело предвидено во законот не е зависно ниту од Владата, освен од Собранието кое е основач. Јас не гледам дека Владата многу се меша, повторно ќе кажам имаат обврска за отчетност и не гледам дека тука би се појавил било каков проблем, но доколку конкретно се обратат, кој член, кој став, ќе размислиме секако и ќе дискутираме“, додаде Јаневска.

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања