2 ден.
media-libraryuk2hccu240u42Ht8UqN

Јаневска: Автономијата на универзитетите не е чепната, но треба да бидат отчетни кон Владата

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека новиот закон за високото образование не ја загрозува автономијата на универзитетите, туку воведува обврска за отчетност кон Владата за средствата што ги добиваат.„Автономијата на универзитетите со овој закон никако не е чепната, но универзитетите треба да се свесни дека голем дел од нив треба да бидат отчетни кон Владата за средствата кои ги примаат од Владата. Ние во автономијата воопшто не навлегуваме но од сега натаму ќе бараме отчетност. Тоа било предвидено со претходниот закон од 2018 година, но никогаш не заживеало. ние во моментов бараме да заживее отчетноста без никако мешање во нивната академска слобода“, изјави Јаневска„Треба да кажат што тоа замераат, затоа што ниедно тело предвидено во законот не е зависно ниту од Владата, освен од Собранието кое е основач. Јас не гледам дека Владата многу се меша, повторно ќе кажам имаат обврска за отчетност и не гледам дека тука би се појавил било каков проблем, но доколку конкретно се обратат, кој член, кој став, ќе размислиме секако и ќе дискутираме“, додаде Јаневска.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryopp6j16cgu649Cxn1R6

Студентите нека не се надеваат на бесплатно високо образование

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека во моментов не постојат услови за позитивен одговор на барањата за бесплатно високо образование, посочувајќи дека станува збор за сериозна финансиска и системска тема која не може да се решава без стабилна основа.„Да работеше повеќе минатата власт, ќе можеше да дискутираме и на таа тема. Кога ќе дојде време и кога оваа држава ќе може тоа да го издржи, ќе дискутираме и на таа тема“, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за можноста државата да воведе целосно бесплатно високо образование.Таа нагласи дека Владата во моментов е фокусирана на стабилизирање и унапредување на образовниот систем, подобрување на условите во образовните институции и обезбедување одржливи решенија, а не на популистички мерки кои би можеле да го оптоварат буџетот.Изјавата доаѓа во период кога дел од студентските организации повторно ја актуелизираат темата за бесплатно студирање, барајќи системско решение и поголема државна поддршка за младите.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryd8b47pvfua35c6nHj0D

(Видео) Не свирете кај Клинички, не го решавате метежот а создавате дополнителен стрес кај најранливите, алармира доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров, кој работи на Клиниката за гинекологија и акушерство, јавно апелира до возачите да се воздржат од неконтролирано и агресивно свирење на улицата Водњанска и на паркингот во Клиничкиот центар. Тој посочува дека ваквото однесување не придонесува за расчистување на сообраќајниот метеж, ниту на улицата ниту на паркингот, туку создава дополнителна бучава и стрес.„Џабе е, нема да ја расчистите гужвата ни на улица ни на паркингот со манијакално свирење“, порачува Лазаров, нагласувајќи дека најпогодени од ваквата бучава се трудниците, тазе породените жени и, особено, новородените бебиња. Според него, тие се исклучително чувствителна категорија и не треба да бидат изложени на ваков вид вознемирување.Апелот доаѓа во услови на секојдневен сообраќаен хаос околу Клиничкиот центар, каде што зголемената фреквенција на возила често резултира со нетрпеливост кај дел од возачите.

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
lavrov-951

Лавров: До мир во Украина има уште долг и тежок пат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека нема простор за ентузијазам околу притисокот што американскиот претседател Доналд Трамп го врши врз Европа и Украина, нагласувајќи дека патот до мир е сè уште долг и неизвесен. Неговите пораки доаѓаат неколку дена по разговорите во Абу Даби, кои Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ги оценија како тешки, но конструктивни, иако Москва јасно сигнализира дека конечен договор ќе биде исклучително тешко да се постигне.Русија, според изјавите на Лавров, и натаму останува на своите почетни и максималистички позиции. Тие вклучуваат територијални претензии кон источните региони на Украина, јасно противење на членството на Украина во НАТО, како и отфрлање на можноста на украинска територија да бидат распоредени западни сили како дел од какви било безбедносни гаранции.Од украинска страна, претседателот Володимир Зеленски порача дека мирот може да се изгради исклучиво врз основа на цврсти и доверливи безбедносни гаранции. Тој предупреди дека Русија секое евентуално мировно решение би можела да го тестира преку нови напади или преку таканаречени хибридни операции, со што би се поткопала стабилноста и безбедноста во регионот.Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека датумот за следната рунда преговори сè уште не е утврден, иако се најавува дека тие би можеле да продолжат во скоро време. Паралелно со дипломатските пораки, Русија ги продолжува и воените дејства, при што во текот на ноќта беше погоден енергетски објект во јужниот црноморски регион Одеса, во момент кога Украина и понатаму се соочува со ниски температури и сериозни енергетски предизвици.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryd4ol2p1100lcfVMwKKm

Пуштени семафорите на „црната точка“ кај училиштето „Љубен Лапе“

Семафорите на крстосницата на улица „Васко Карангелевски“ со улица „Ангел Димовски“, во близина на училиштето „Љубен Лапе“, се пуштени во нормална работа. Оваа раскрсница долго време беше сметана за „црна сообраќајна точка“ поради честите сообраќајни несреќи, особено во текот на минатите месеци.Граѓаните, особено родителите на учениците од „Љубен Лапе“, претходно реагираа дека раскрсницата е небезбедна и бараа ревидирање на сообраќајното решение. Со пуштањето на семафорите, се очекува значително да се подобри безбедноста за пешаците и возилата, а особено за децата кои секојдневно ја користат околината на училиштето.Локалните власти истакнуваат дека продолжуваат со континуирани напори за уредување на сообраќајот во опасните точки низ градот, со цел намалување на ризикот од сообраќајни незгоди и подобрување на безбедноста на граѓаните.

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
media-library68lqudr5j7e8cXu0JBy

Студентите во студ, струја и натаму нема: што го предизвика прекинот кој трае повеќе од 24 часа?

И по повеќе од едно деноноќие, во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид сè уште нема електрична енергија, а студентите остануваат без основни услови за престој. Од управата на домот нема конкретни информации за причините за прекинот, ниту пак одговор на телефонските повици и барањата за појаснување од јавноста.Единствената достапна информација е јавната објава дека проблемот треба да биде решен во текот на денешниот ден, но без прецизирање кога настанал дефектот, зошто дошло до прекин и во кој термин се очекува нормализација на снабдувањето со струја. Тие решението го чекаат од Министерството за образование и наука.Во меѓувреме, студентите и натаму престојуваат во студени простории, без греење и топла вода, во услови на целосна неизвесност и без навремено институционално информирање.

Охрид | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryq7jvrte2iq6i8TLoH7a

„Грокипедија“ на Илон Маск го претставува Гоце Делчев како Бугарин

Контроверзна содржина поврзана со Гоце Делчев се појави на „Grokipedia“, платформа што се претставува како АИ-верзија на Википедија и е поврзана со компаниите на Илон Маск. На страницата посветена на Делчев, револуционерот е опишан како „бугарски револуционерен лидер“, при што целосно се игнорира македонската историографска и научна традиција која го третира како централен лик на македонското националноослободително движење.Во објавениот текст, „Грокипедија“ го става акцентот на образованието на Делчев во училишта под егзархиска управа и од тоа извлекува заклучоци за неговата национална припадност, без да го земе предвид историскиот контекст на крајот на XIX век, кога идентитетите на Балканот биле сложени, повеќеслојни и далеку од денешните национални категории. Притоа, не се спомнуваат неговите јасно изразени ставови за автономијата на Македонија и познатата мисла за „светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.Ваквиот едностран пристап повторно ја отвори чувствителната дебата за историскиот наратив околу Делчев, но овојпат во дигитален формат што се претставува како „фактографски“ и „проверен“. Историчари и културни работници предупредуваат дека ваквите АИ-платформи, иако технолошки напредни, често репродуцираат селективни извори и наративи.Посебна загриженост предизвикува фактот што ваквите содржини се пласираат пред глобална публика, без јасно означување на спорноста и без вклучување на различни научни гледишта. На тој начин, дигиталниот простор се претвора во ново бојно поле за историски интерпретации, каде алгоритмите, наместо научниот дијалог, ја обликуваат јавната перцепција.Македонската јавност веќе реагира дека станува збор за уште еден обид за редефинирање на македонскиот историски идентитет. Според нив, токму затоа е неопходно ваквите содржини јавно да се оспоруваат, а дигиталните платформи да преземат поголема одговорност кога обработуваат чувствителни историски теми кои директно задираат во колективната меморија и националниот идентитет.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
odzak-zapalen

Гази Баба субвенционира чистење на оџаци – по 1.200 денари за секое домаќинство

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово информираше дека е објавен Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства.„Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина“, истакна Стефковски во објавата на Фејсбук.Висината на субвенцијата ќе изнесува 1.200 денари по домаќинство, а персоналниот данок е на товар на Општина Гази Баба.Право на учество имаат жителите на општина Гази Баба дел од домаќинства со исчистен оџак во периодот од објавата на повикот до 30.11.2026 година, со фискална сметка и потврда од овластена фирма.Како да аплицирате?Поднесете барање со потребната документација во архивата на Општина Гази Баба, улуца „Архимедова“ бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.Повеќе информации и формулари на линкот од јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/j-a-v-e-n-p-o-v-i-k-za.../

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
netanjahu

Израелскиот премиер бара ограничување на ракетните и терористичките активности на Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе отпатува во Вашингтон за да се обиде да влијае врз текот на преговорите со Иран, во момент кога Техеран сигнализира подготвеност за ограничени отстапки, но го одбива разговорот за ракетната програма.Нетанјаху, како што јавува „Тајмс оф Израел“, ќе се сретне со американски официјални лица и им изјавил дека неговата цел е да „врши влијание врз преговорите со Иран“.Според израелскиот функционер, премиерот смета дека секој договор не само што треба да го спречи Иран да се обиде да се вооружи со нуклеарно оружје и да ги елиминира можностите за збогатување ураниум, туку и да го ограничи развојот на балистички ракети и да обезбеди престанок на поддршката и финансирањето на терористички групи.Високите ирански и американски официјални лица минатата недела одржаа разговори во Оман, кои двете страни ги оцениле како позитивни.Техеран вчера соопшти дека е подготвен за можни отстапки во врска со залихите на збогатен ураниум, но го одбива разговорот за својата ракетна програма или поддршката на вооружени групи ширум Блискиот Исток.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-librarybrg8t16mqv1c3yGAniB

Интензивно хортикултурно уредување во Ново Лисиче – зеленило, цвеќе и нов плочник

Комуналните екипи на Општина Аеродром спроведуваат интензивно хортикултурно уредување на една од најфреквентните локации во населбата Ново Лисиче, што се наоѓа во делот меѓу станбените згради, паралелно со булеварот „Видое Смилевски-Бато“.Како што информираа од Општина Аеродром преку социјалните мрежи, за првпат по подолг период, се засадува ново зеленило, декоративни растенија и цвеќе, се оформуваат тревни површини и се уредува просторот со цел да се создаде пријатна и уредна урбана целина.Просторот добива свеж и разубавен лик, што ќе придонесе за поквалитетна животна средина, поубава секојдневна слика и попријатно движење за жителите и минувачите.Исто така, во изминатиот период целосно беше заменет и плочникот со нови елементи за безбедно движење.„Продолжуваме да вложуваме во зеленило и уредени јавни простори – затоа што чиста и здрава околина значи подобро секојдневие за сите“, порачаа од Општината.

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
gasovod

„Договорот за руски гас веројатно ќе биде продолжен уште шест месеци“, вели генералниот директор на „Србијагас“

Генералниот директор на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, изјави дека договорот за набавка на руски гас, кој истекува крајот на март, веројатно ќе биде продолжен уште шест месеци, објави б92.Тој нагласи дека цената на гасот за домаќинствата нема да се менува, како и дека Србија има доволно енергенс до крајот на грејната сезона.Бајатовиќ објасни дека долгорочниот договор со Русија ќе биде анексиран, но дека постојат бројни проблеми, од европски санкции до тешкотии со платежниот промет, кои не се лесни за решавање.„Она што ќе се случи сега, нашиот договор од март натаму, поради големите залихи, практично до октомври, ќе изнесува шест милиони кубни метри дневно, а не 10, бидејќи не можеме да го полниме „Банатски двор“. Веројатно ќе имаме продолжување на долгорочниот договор за наредните шест месеци“, изјави Бајатовиќ за РТС.Бајатовиќ нагласи дека дури и ако не се увезат нови количини, Србија има доволно гас до крајот на грејната сезона.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-library2traj9er9lm65HA0ovm

По бурниот развод, Ралф Шумахер најави свадба во Сен Тропе со својот партнер

По бурниот развод од сопругата Кора, Ралф Шумахер ќе се венча со својот партнер Етјен Буске-Касањ (36) во мај. Тој го откри ова 19 месеци откако јавно објави дека е во истополова врска.Веста за свршувачката, која одекна во светските медиуми, донесе допир на радост во семејството Шумахер, објавува „Дејли меил“. Изненадувањето е уште поголемо затоа што Кора, со која Ралф водеше медиумска војна во последните години, им испрати порака за помирување и добри желби за младожениците.Свадба од соништата во Сен ТропеСпоред германскиот весник, свадбата ќе се одржи на југот на Франција, а прославата во Сен Тропе, каде што двојката го поминува поголемиот дел од годината, ќе трае дури три дена, пишува Билд. Ралф ја објави својата љубов кон Етјен во јули 2024 година.Сепак, неговата одлука за втор брак не беше одобрена од сите. Неименуван пријател наводно изјавил за Билд: „Па, ова е изненадување. Ралф, парафразирајќи го Оскар Вајлд, велел кога другите се венчавале по втор пат: „Оној што се венчава по втор пат не го заслужува својот прв развод.“Неочекувана честитка од неговата поранешна сопругаИ покрај острите зборови и јавните обвинувања што го одбележаа нивното разделување, Кора Шумахер (49) покажа неочекувана великодушност. По веста за свадбата, таа му испрати на својот поранешен сопруг порака со добри желби, што многумина ја гледаат како знак за можно помирување.„Стивен и јас им посакуваме на Ралф и Етјен се најдобро и многу среќа“, изјави Кора за БИЛД. Гореспоменатиот Стивен е нејзиниот нов партнер, 44-годишниот Американец Стивен Бо Бекендам. Пораката на Кора е уште позначајна со оглед на тоа што, според германските медиуми, таа со години немала личен контакт ниту со Ралф ниту со нивниот 24-годишен син Дејвид.Години расправии и тешки обвинувањаРалф и Кора се венчаа во 2001 година на раскошна церемонија во Салцбург и се во брак 13 години. Но, по раскинувањето, нивната врска се претвори во горчлива кавга. Во еден момент, Кора дури и ја запали нејзината венчаница и јавно го молеше својот поранешен сопруг да ја остави на мира за да може „да се опорави во мир“. Неговата објава за истополова врска предизвика лута реакција од неа, при што таа рече дека „ги потрошила своите најдобри години“ на него.Борба против гласините за „лажен брак“По разводот, Кора се соочи и со бројни гласини за природата на нивниот брак. Се појавија тврдења дека нивниот 13-годишен брак бил „лажен“ и дека била платена да се омажи за ѕвездата на Ф1 со 10-годишен договор.Кора неколку пати силно ги негираше овие обвинувања. За време на гостувањето во емисијата на германскиот комичар Оливер Похер во 2025 година, таа повторно се осврна на тие озборувања. На забелешката на Почер, „Кора, таа му е доделена; има десетгодишен договор. Кога тоа ќе заврши, ќе биде готово“, Кора одговори, „Досега ќе бев богата ако беше така“.Кога ја прашаа дали забележала нешто за време на бракот, таа призна: „Секако дека прашав неколку пати... Не знаев, инаку немаше да се омажам за него. Немаше да го фрлам животот за пари“. Таа исто така додаде дека гласините за лажниот брак ја повредиле „ужасно“. Уште во 2024 година, таа изјави за БИЛД: „Не потпишав договор за доверливост во брачниот договор. Таму не е напишано ништо такво. Инаку, никогаш немаше да се омажам“.

Магазин | пред 2 дена

2 ден.
media-library3d618c6e52p27Acvs7F

Пезешкијан: Иран не бара војна

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не бара војна, и покрај непријателството кон земјата, нагласувајќи дека целта на економскиот притисок е да „плева репутацијата“ на владата.На состанок со верски лидери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан истакна дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот, пренесува „Press TV“.Тој посочи дека „непријателите на земјата“ користат економски санкции за да создадат перцепција за „неефикасност“ на исламскиот естаблишмент. Пезешкијан потсети дека Иран се соочил со обиди за странско мешање преку заговори, државни удари и војни, при што многу млади Иранци ги загубиле животите бранeјќи ја земјата и нејзиниот територијален интегритет.Тој нагласи дека сите божји религии промовираат воздржаност од конфликт и дека добродетелите се дефинирани преку добри мисли, зборови и дела.Пезешкијан исто така го критикуваше двојниот стандард на глобалните сили, тврдејќи дека поимите како „демократија“ и „човекови права“ често се користат за „оправдување на агресија и експлоатација на ресурси“, при што цивилното население, вклучувајќи деца и пациенти, е особено погодено.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryl1083lv7ltsp4mX29zz

Пратениците наплаќаат патни трошоци од државата како да возат на керозин, рече Трендафилов

Денеска точно во 9 часот, работниците предводени од ССМ ги блокираа приодите кон паркингот на Собранието за да не може пратениците со возила да дојдат на работа, и да не може да наплатат тој ден патни трошоци.„Добро утро на сите освен на пратениците. Зошто освен на пратениците? Затоа што 2 години го блокираа предлогот на ССМ за зголемување на работничките плати, или за зголемување на минималната плата и зголемување на сите плати за најмалку 6000 денари. Како што им ветивме, денеска по 21 човек на две локации ќе ги блокираме да не можат да дојдат до сопствените возила на работа со кои што идат, да не можат да наплатат трошоци за превоз како да трошат керозин и ќе мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз. Моите информации се дека голем дел на пратеници станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот на работа за да не се соочат со работниците на улица затоа што се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна пратеничката плата ќе се зголеми не само за 9,2%, туку и за 12,6%. Тука сме за да ги блокираме и да им покажеме дека нечовечки се однесуваат кон работниците, особено затоа што ги слушавме изјавите на работниците кои жестоко ги браниеа своите плати, кои жестоко ги бранеа своите патни трошоци кои ги имаат како право а сме им го дале ние работниците, а не го оцвозможуват како такво на работниците и затоа првата дестинација е токму тука.“.Тој посочи дека без големи протести, блокади на институциите ќе продолжат, а за тоа согасно законот, потребни се само 21 работник.„Денеска не смеат да наплатат патни тошоци, не смеат да наплатат патни тршоци онака како што наплаќаат во висина над 14 милини денари во претходната година, или како што имаме рекордери кои наплатиле над 10.000 евра за една година доаѓање на работа, нешто што работниците го немаат како право. Ќе се обратиме и до претседателот на собранието да не извести кој е тој алчен пратеник кој за денешниот ден ќе наплати 100, 150 или 200 евра затоа што доаѓа на работа“, вели Трендафилов

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-librarylo3elkeb9q7ddKxo6YH

Ристески: Гледам политика во раководството на ССМ, Владата нуди дијалог и решение

На синоќешното гостување на „Само вистини со Видиновски“ на Канал 5 телевизија, пратеникот Петар Ристески говореше за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, а тоа е зголемување на животниот стандард и платите.„Приоритет ни е економскиот развој, подобрување на животот на граѓаните и секако повисоки плати, што и го докажавме на дело не само на зборови. И тоа беше наше предизборно ветување и гледате секаде онаму каде се појавува владата како работодавец се зголемени платите, во здравството, во образованието, 10% повеќе во МВР, кај социјалните работници и вчера бевте сведоци каде Владата се договори со синдикатите САДУ и УПОЗ за зголемување на платите до 40% до 2028 година. Ова е историско зголемување на платите онаму каде Владата е работодавец’’, вели Ристески.Во однос на ССМ и денешните протести, пратеникот Ристески истакна дека гледа политика во раководството на ССМ, со оглед на тоа дека се зголемуваат платите во сите сектори, но ССМ ниту еднаш не го поздрави тоа, а бара нереални зголемување со што директно би се одразило на економијата.„Политика гледам во раководството на ССМ, бидејќи сето тоа го прават во еден период кога Владата навистина нуди дијалог, но и нуди решение. Навистина неоспорен факт е дека оваа Влада историски како никогаш досега, се договори со сите синдикати, со синдикатот на здравството, со образованието, каде што се договори зголемување од 40%-60% зголемување на платите“, појасни Ристески и додаде:„Мислам дека раководството на ССМ има можеби некој долг кон опозицијата, конкретно кон дел од луѓето во раководството на СДС, бидејќи во тој период кога имаше некои превирања на синдикатите, беше назначен за лидер на ССМ со помош на СДС“, заклучи Ристески.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryl9rdb63f4q9g67ThHlZ

Потврдена причината за смртта на Кетрин О’Хара: белодробна емболија и рак на ректумот

Објавени се повеќе детали за смртта на актерката Кетрин О’Хара. Речиси две недели по веста дека ѕвездата на серијата Schitt’s Creek починала на 71-годишна возраст, како непосредна причина за смртта е наведена белодробна емболија, додека рак на ректумот бил посочен како основна причина, објави TMZ повикувајќи се на канцеларијата на судска медицина на округот Лос Анџелес.Актерката, позната по улогите во филмовите Сам дома и Бубимир, не се појави на доделувањето на Златни глобуси 2026, каде што била номинирана за споредна улога во филмот „The Studio“. Нејзиното последно јавно појавување, според текстот, било на доделувањето на Еми награди во септември 2025 година, кога имала двојна номинација за сериите „The Studio“ и The Last of Us.Став за здравјето и стареењетоПред наводната смрт, Кетрин, која со сопругот Бо Велч има два сина – Метју (32) и Лук (28) – открила дека има ретка, но најчесто не животозагрозувачка состојба наречена situs inversus со декстрокардија, при што срцето и другите внатрешни органи се наоѓаат на спротивната страна од телото.„Јас сум чудна, да!“, се пошегувала таа во интервју од 2021 година, објаснувајќи дека за состојбата дознала подоцна во животот бидејќи ретко одела на лекар. „Ја ценам западната медицина, само не сакам да бидам дел од неа.“Во подкастот „Wiser Than Me“ на Џулија Луис-Дрејфус во 2024 година, таа изјавила дека омилениот дел од нејзините седумдесетти е „што сум жива“.Во интервју за Elle Canada во септември 2024 година, О’Хара рекла дека е благодарна што сè уште може да живее исполнето.„Размислувам за годините, но ретко се гледам во огледало. Ми се чини дека приказните за луѓе на мои години денес се вртат околу смрт, разводи и болести. Затоа сум навистина среќна што имам луѓе околу мене кои ги почитуваат постарите и ми нудат нови искуства“, рекла таа.

Магазин | пред 2 дена

2 ден.
media-librarymqij4mhs40o6dlNUzbY

Александар Поповски со мариборскиот „Амадеус“ гостува во МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски.Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и романописец, добитник на многубројни престижни награди. Најпознатата драма на Шафер, „Амадеус“, првпат била изведена во 1979 година, а светска слава стекнала благодарение на истоимениот филм на Милош Форман (1984). Во своето најпознато дело, Шафер ги сумира историските околности и создава прецизни психолошки профили на протагонистите. Драмата е напишана во стилот на ретроспективна драматургија, што овозможува широки епски режисерски решенија и бројни можности за врвни актерски остварувања.„Амадеус“ се темели на митот за животот и меѓусебното ривалство на композиторите Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери. Шафер црпи инспирација од кратката драма на Александар Пушкин „Моцарт и Салиери“ од 1830 година.Во претставата играат: Алеш Валич, Жан Копривник, Јулија Клавжар, Давор Херга, Матија Стипанич, Матевж Бибер, Катарина Барбара Крњак, Софиа Тики, Тина Ројко, Ева Млакар Поштрак и Борис Каваца – глас.Нашиот Александар Поповски, покрај тоа што ја потпишува режијата на гостинската претстава „Амадеус“ е и уметнички директор на мариборската Драма.За Поповски, фасцинантна е врската меѓу уметноста и семоќниот создавач на световите. „Тоа на некој начин го потврдува феноменот Моцарт, кој својата музика ја транскрибирал – без преписи, без корекции. Она што го слушнал во својата глава го преливал на хартија. Барем така го замислил Шафер генијалниот Моцарт, иако тоа не е чиста вистина, лично за мене, божественото инспирирање, кое го добива уметникот е многу значајно. И верувам во него. Во мојот живот музиката отсекогаш имала посебно место. Меѓу сите уметности, таа е несомнено највозвишена, бидејќи само преку еден сигнал, нота или тон, отвора други светови. Во музиката нотата е или точна или погрешна. Нема средина. Интересен ми е моментот во драмата кога Салиери сфаќа дека преку музиката на Моцарт го слуша Божјиот глас. Со страв сфаќа дека Бог има друг избраник и му се спротивставува.“, вели македонскиот режисер Поповски. Во креативниот тим се потпишуваат: Вања Магиќ – сценограф, Марита Ќопо и Миа Поповска – костимографи и Росана Хрибар – кореограф. Билетите се пуштени во продажба онлајн, како и на билетарницата во МНТ.

Магазин | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryl9e40f2b1a086DF91wa

Уапсен 69-годишник во Гостивар по пронаоѓање дрога

На 09.02.2026 во 15:30 часот на ул.„Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.Џ.(69) од Гостивар. При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryqsokl6h69s4a9BdKqaf

Трендафилов: Добро утро на сите освен на пратениците – 2 години го блокираат зголемувањето на платите

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов утрово од пред Собранието им посака добро утро на сите освен на пратениците затоа што како што вели 2 години го го блокираат предлогот на ССМ за зголемување на работничките плати.„Добро утро на сите освен на пратениците. Зошто освен на пратениците? Затоа што 2 години го блокираа предлогот на ССМ за зголемување на работничките плати, или за зголемување на минималната плата и зголемување на сите плати за најмалку 6000 денари. Како што им ветивме, денеска по 21 човек на две локации ќе ги блокираме да не можат да дојдат до сопствените возила на работа со кои што идат, да не можат да наплатат трошоци за превоз како да трошат керозин и ќе мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз. Моите информации се дека голем дел на пратеници станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот на работа за да не се соочат со работниците на улица затоа што се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна пратеничката плата ќе се зголеми не само за 9,2%, туку и за 12,6% затоа што Уставниот суд голема е веројатноста да ја укине уредбата на Владата од претходната година. Тие се подготвени нивните коефициенти да ги намалат за 9% само за да не ги зголемат платите на работниците“.Тој најави дека блокадата ќе трае до започнување на седницата на Собранието која е закажана во 11 часот.„Ако не ги зголемат платите ќе собереме 10.000 потписи и ќе станеме овлстен прелагач и ние работниците ќе им ги намалиме нивните пратенички и функционерски плати. Не осудвуваа дека иницијативата на ССМ за намалување на нивните плати била неуставна затоа што ќе дошле на минималец, па сфатиле колку тешко ќе живеат на минималец па затоа сметаат дека е неуставно да им се намалат нивните високи плати“, изјави Трендафилов.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
migranti-epa

Шпанија им даде дозвола за престој на 500.000 мигранти без документи, Брисел изрази загриженост

Одлуката на шпанската влада да се легализира статусот на околу 500.000 мигранти без документи предизвика остри критики во Брисел, изјавија за Euronews функционери на Европската унија под услов на анонимност. Европската комисија изрази длабока загриженост дека овој потег би можел да биде во спротивност со моменталната политика на Унијата.Новиот правилник, објавен кон крајот на јануари, се однесува на лица кои влегле во Шпанија пред 31 декември 2025 година. За да остварат право на легализација, мигрантите без документи мораат да докажат дека живеат во Шпанија најмалку пет месеци или дека побарале азил пред крајот на 2025 година.Според новите правила, тие ќе добијат едногодишна дозвола за престој и право на работа во кој било сектор во целата земја. Министерката за миграции Елма Саиз изјави за шпанската јавна телевизија RTVE дека целта на владата со тоа е да се зајакне „економскиот раст и социјалната кохезија“.Потегот на владата на премиерот Педро Санчез наиде на неодобрување во Брисел. „Тоа не е во согласност со духот на Европската унија по прашањето на миграцијата“, изјави еден од функционерите на ЕУ за Euronews. Друг истакна дека масовната легализација ризикува да испрати порака спротивна на онаа што ЕУ моментално ја комуницира надвор од Европа со цел да ги одврати нередовните миграции.Според извори од Брисел, една од главните загрижености е можноста дека мигрантите со новиот статус би можеле да патуваат низ Европа до 90 дена во рок од 180 дена. Постојат сомнежи дека некои од нив би можеле да се обидат да се населат во други земји на ЕУ без дозвола.Европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер, ќе се обрати за ова прашање во Европскиот парламент во вторник попладне, за време на расправата насловена „Шпанската политика на масовна легализација и нејзиното влијание врз шенгенскиот простор и миграциската политика на ЕУ“.

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања