2 ден.
makron

Трамп посакува колапс на ЕУ, вели Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати низа остри и предупредувачки пораки во неколку интервјуа со влијателни западни медиуми, оценувајќи дека Европа е во длабока геополитичка и геоекономска криза, со сè поизразени надворешни притисоци и внатрешни слабости кои, како што тврди, го загрозуваат самиот опстанок на Европската Унија како уникатен проект.Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Макрон изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја „распадне Европската Унија“, оценувајќи дека сегашната американска администрација се однесува како „отворено антиевропска“, дека ја „презира“ Европската Унија и дека нејзината стратешка цел е да го ослабне европското единство.Макрон предупреди дека Европа не смее да ја прифати улогата на пасивен набљудувач ако притисокот од Вашингтон продолжи или се засили. „Ако отворено нè нападнат, не мислам дека треба да ги наведнеме главите или да се обидеме да постигнеме договор“, рече францускиот претседател, додавајќи дека политиката на ублажување на тензиите што Унијата ја спроведува со месеци очигледно не дава резултати.Дополнителна тежина на предупредувањата на Макрон дава неговата проценка изразена во интервју за „Економист“, во кое тој изјави дека Европа е во „вонредна состојба“, и геополитички и геоекономски. Според него, Европската Унија мора итно да инвестира во сопствената економија и да ги отстрани внатрешните пречки за раст, бидејќи во спротивно ќе биде „смачкана“ помеѓу американската технолошка доминација и масовниот увоз од Кина.Макрон нагласи дека прашањето за конкурентноста стана клучно егзистенцијално прашање за Унијата, особено пред самитот на ЕУ закажан за 12 февруари, каде што економската сила и развојниот потенцијал на Европа ќе бидат во фокусот на дискусиите на европските лидери.Во исто време, во интервју за „Зидејце Цајтунг“, францускиот претседател ја отвори темата за односите со Русија, предлагајќи им на некои европски лидери да продолжат со директниот дијалог со Москва, за да Европа избегне зависност од трети страни во разговорите за завршување на војната во Украина.Макрон потсети дека географската положба на Европа нема да се промени, „без разлика дали ни се допаѓа Русија или не“, и дека таа е трајно „пред нашата врата“. Токму поради оваа причина, како што наведе, предложил продолжување на комуникацијата, иако, според него, некои европски земји сè уште се двоумеле да го преземат тој чекор.Според Макрон, Париз веќе го обновил дијалогот со Москва на „техничко ниво“, со очекување дека Европската Унија ќе изгради унифициран и организиран пристап кон контактите со Русија во иднина. „Не треба да има премногу соговорници; потребни се мандат и јасна репрезентација“, истакна тој, додавајќи дека мора да има простор за продолжување на дијалогот.„Зошто? Затоа што денот кога ќе дојде мирот, тој мир ќе биде европски мир“, заклучи Макрон, јасно ставајќи до знаење дека, и покрај војната и длабоките политички поделби, Европа не може да си дозволи трајно отсуство на стратешка комуникација со Русија.Сите овие пораки, доставени во краток временски период, укажуваат дека францускиот претседател се обидува да отвори широка дебата за идната позиција на Европа во брзо менувачкиот свет – свет во кој, како што предупредува, Унијата повеќе нема луксуз на неодлучност, ниту пак потпирање на политичките и економските центри на моќ на другите луѓе.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-library8tj6aj5gvdod0VBeB7Q

(Видео) Хеликоптер на брза помош се урна во Либија, загинати пет лица

Хеликоптер на брза помош се урнал на базата Ал-Сара во Либија за време на враќање од мисија за медицинска евакуација, при што загинале пет лица, објавија локалните медиуми.Несреќата се случила во област околу 300 километри југoисточно од градот Куфра, објави порталот al-Wasat.Меѓу загинатите се двајца припадници на воената транспортна служба и медицинска сестра од болницата во Куфра. Преостанатите две жртви се странски државјани – пилотот на хеликоптерот и неговиот асистент.Причината за несреќата засега не е позната, а либиските власти сè уште не објавиле официјално соопштение за падот на хеликоптерот.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп се закани: Новиот мост САД–Канада нема да се отвори додека САД не бидат „целосно компензирани“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го блокира отворањето на нов мост што ги поврзува САД и Канада сè додека Вашингтон не биде „целосно компензиран“ за сè што му направил на својот северен сосед.Меѓународниот мост Горди Хау, кој ја поврзува канадската покраина Онтарио со американската држава Мичиген, нема да се отвори сè додека Отава „не се однесува праведно кон САД и со почитта што ја заслужуваме“, напиша Трамп на социјалните мрежи, пренесува Би-би-си.Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп рече дека САД треба да поседуваат „барем половина од овој имот“. Тој исто така тврдеше дека Канада е сопственик и на канадската и на американската страна од мостот. Според официјалната веб-страница на проектот, организацијата што го развива мостот, Windsor-Detroit Bridge Authority е во целосна сопственост на канадската влада.„Канадската влада очекува од мене, како претседател на САД, да им дозволам едноставно да ‘ја искористат Америка!’“, напиша Трамп. „Нема да дозволам овој мост да се отвори сè додека САД не бидат целосно компензирани за сè што им дадовме“, додаде тој.Не беше веднаш јасно како Трамп може да го спречи отворањето на мостот, но рече дека преговорите ќе започнат веднаш, без да даде детали.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
sjo

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева добивала насоки а Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски ги извршувале наредбите на Заев

Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски во времето на СЈО  се однесувале како авторитети а денес се претставуваат како жртви, додека Кaтица Јанева предметите ги распоредувала по насока на Зоран Заев и СДС, вели ВМРО-ДПМНЕ„Според сведочењето на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу на почетокот на работата на СЈО биле избрани само  7 од предвидените 12 обвинители, а останатите 5 биле приклучени за многу кратко време  исклучиво само и само да се обезбеди присуство на Гаврил Бубевски.Сите чекале амин од Зоран Заев за да се оформи тимот да дојде и Гаврил Бубевски за да започнат со работа.СЈО било користено исклучиво за да се задоволат интересите на СДС, Заев и врхушката околу него.Кадриу посочува дека постоел договор меѓу Катица Јанева и Заев, каде истакнува настан од 30 декември 2015 година, кога на вработените им било кажано да не доаѓаат на работа и да ги искористат празниците. Таа била една од ретките кои сепак дошле, и сведочи дека токму тој ден во просториите на СЈО биле присутни Заев, Шекеринска и други лица, кои доставувале материјали што, според неа, незаконски ги примиле Ристоска, Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска.Ленче Ристоска отворено покажувала воодушевување и симпатии од присуството на Зоран Заев и Шекеринска во СЈО па се поставува прашањето дали тој пристап на Ристовска е пристрасно водење на обвинителството.За Гаврил Бубевски, Кадриу вели дека самиот се фалел оти ништо не можело да помине во СЈО без негова согласност, дека користел повеќе телефони и преку нив добивал насоки за распределба на предметите, што, според неа, укажува на директно влијание од надворешни, партиски структури врз работата на СЈО.Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефановска, ''бомбите'' и материјалите од Заев ги преземале без никаков записник, што е спротивно на законите и отвора дополнителен сомнеж за веродостојноста на истите.Според овие сведоштва, Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефановска  наместо да се претставуваат како жртви треба да превземат одговорност и да се извинат за своите постапки.Не смее да се дозволи партиски послушници и маши да ги водат правосудските органи.Правда и одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library5um6bd0ato5dfMVHU0z

Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски, вели СДСМ

Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион, вели СДСМ„За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се потребни околу 200 милиони евра. Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени за работниците.Со решението на СДСМ, преку ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, службени возила, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и поддршка на приватните компании без да им се загрози ликвидноста.Но Власта го избра својот луксуз наместо егзистенцијата на работниците и не го прифаќа ова јасно и одржливо решение.Груевски купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра со пари на граѓаните.Мицкоски носи часовници вредни над 60 илјади евра, или 150 минимални плати, и сега сака авион од стотици милиони евра.Нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа што Владата планира купување нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ: Факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Заев

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената на над 40 тони марихуана повторно се вплеткани имињата на Зоран Заев и Филипче. Заев сам ја потврди поврзаноста брзајќи да се оправда и да си ја тргне мувата од капата, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Наместо да се извини Заев на граѓаните за целиот криминал, тој индиректно си ја призна вмешаноста обидувајќи се да се одбрани и оправда пред јавноста.На Заев и СДС одамна веќе никој не им верува а неговите објави на социјалните мрежи и нервозните реакции само покажуваат колку директно е погоден за случајот со запленетата марихуана.Факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 додека Филипче беше министер за здравство.Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве, е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.  Станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Тоа е Тони Котев познат како Мгчев кој пак бизнисите ги води со Вице Заев.Каде се се јавувал Заев при запленета на петте тони дрога во Србија, зошто набрзина Филипче се упатил кон југ?ЈО да ги истражи сите аспекти, меѓу кои и поврзаноста на Заев и Филипче“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-7720PM

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради синдикалниот протест

Денеска (10.02.2026) од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Р.С. Македонија на ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Ватикан со хуманитарна пратка за Украина: 80 генератори и илјадници лекови

Папата Лав XIV испрати во Украина 80 електрични генератори и илјадници медицински средства за да им помогне на цивилите да се справат со ниските зимски температури и постојаните напади, соопшти вчера Ватикан.Помошта е организирана како одговор на апелите на бискупите, кои предупредија на сè поголемите тешкотии предизвикани од руските удари врз енергетската инфраструктура и температурите под нулата низ целата земја.Три камиони со генератори и медицински средства тргнале од базиликата Света Софија во Рим и веќе пристигнале во Фастив и Киев, области тешко погодени од неодамнешните напади.Покрај генераторите, испорачани се илјадници медицински средства, вклучувајќи антибиотици, противвоспалителни лекови, додатоци во исхраната и мелатонин. Според ватиканските претставници, за мелатонин владее голема побарувачка бидејќи Украинците поради постојаните напади се соочуваат со стрес и недостиг на сон.Од Ватикан додадоа дека се во тек подготовки за испраќање уште една пратка со лекови и храна, а дистрибуцијата ќе се координира преку мрежите на парохиите низ Украина.Откако минатата година ја презеде папската служба, папата Лав повикува на „праведен и траен мир“ во Украина и понуди Ватикан да биде домаќин на мировни преговори меѓу Киев и Москва.Украинскиот претседател Зеленски ја поддржа таквата иницијатива, додека руските претставници засега го одбија предлогот.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието со 84. седница: Закони за работни односи, администрација и здравство пред пратениците

Собранието денеска ќе ја одржи 84.седница, на чиј дневен ред се шест точки.На дневен ред се Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија - второ читање.Пред пратениците по скратена постапка се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници и Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
2-2

Попова Шапка со 64 сантиметри снег и најмногу врнежи во изминатото деноноќие

Минимални температури под нулата утринава се измерени на Попова Шапка, каде се регистрирани -2 степени, додека во повеќе градови низ земјава температурите се движат од нула до осум степени Целзиусови. Најтопло е во Демир Капија со осум степени, а во Гевгелија се измерени седум степени.Според податоците од УХМР, најмногу врнежи во изминатите 24 часа до 7 часот се измерени на Попова Шапка – 17 литри на метар квадратен, по што следуваат Пожаране со 14 и Крушево со 7 литри на метар квадратен. Помали количества врнежи се регистрирани и во Маврови Анови, Тетово, Струмица, Кавадарци и во повеќе други градови низ земјава.Снежната покривка е највисока на Попова Шапка, каде утринава се измерени 64 сантиметри снег.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryloqjnb1hk6668Wab5DW

„Можеби ова е крај на монархијата“: Американски конгресмен со остри пораки за британскиот двор

Конгресменот Ро Кана, член на одборот на американскиот Конгрес кој ја истражува аферата поврзана со Џефри Епстин, упати од Вашингтон порака што предизвика внимание во Велика Британија.Тој во изјава за Sky News порача дека „можеби ова ќе биде крај на монархијата“.Американскиот политичар смета дека постојат прашања на кои британскиот крал Чарлс III треба да одговори во врска со скандалот во кој е вмешан неговиот помлад брат Ендру.„Мислам дека британската монархија сега е поранлива од кога било досега. Треба да постават прашања до кралот и кралицата и можеби ова ќе биде крај на монархијата“, оцени демократскиот конгресмен кој е иницијатор на Законот за транспарентност на досиејата за Епстин, законот што доведе до нивно објавување.Кана додаде дека „ако (кралот и кралицата) немаат одговори, ако се вмешани во класата на Епстин, тоа не е добро за британската монархија“.„Кралот мора да одговори на она што го знаел, што знаел за Ендру, само одземањето на титулата на Ендру не е доволно. Ендру мора да излезе пред нашиот одбор и да почне да одговара на прашања. Не мислам дека соодветна казна е тоа што повеќе не може да биде принц. Мора да има повеќе од тоа. Мора да одговорат и кралот и кралицата, не го разбирам тој британски обичај кога некој ќе ѝ постави прашање на кралицата, таа да се навреди што ѝ се поставува прашање? Мислам, ве молам. Таа носи иста облека, јаде иста храна, таа е само човечко суштество, мора да одговори на истите прашања како и сите“, рече Кана.Британската телевизија потсетува дека Ендру Маунтбатен-Виндзор ги негирал обвинувањата за незаконско постапување и наведува дека немало назнаки дека поширокото кралско семејство било вмешано во аферата околу Епстин.Сепак, објавените документи покажале дека Епстин бил покануван во Бакингемската палата и дека го посетил кралскиот имот Балморал.Конгресменката Џасмин Крокет, која како и Кана е демократски член на одборот што ја истражува аферата Епстин, била прашана дали смета дека постојат прашања што треба да ѝ се упатат на пошироката кралска фамилија.„Наша должност е да ги разгледаме доказите и да се обидеме да утврдиме кој е вмешан во оваа многу сложена мрежа. Мислам дека треба да разговараме со секого, дури и ако тоа значи да одиме толку високо“, порача Крокет.Бакингемската палата објави соопштение во кое портпаролот наведе дека кралот Чарлс III јасно изразил „длабока загриженост“ поради обвинувањата што се однесуваат на Ендру.„Ако ни се обрати полицијата, подготвени сме да им дадеме поддршка, како што и би очекувале“, наведе портпаролот на кралското семејство.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryg2tuuvr6kmo84cWyQ2x

Левица за повикувањето на Стеваноски во полиција: Режимска злоупотреба на полицијата за замолчување на опозицијата

Адвокатот и советник од редовите на Левица во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, бил повикан на информативен разговор во Полициската станица во Прилеп, поврзан со негов објавен пост на социјалните мрежи од 28 јануари 2026 година. Од партијата Левица реагираа на социјалните мрежи, обвинувајќи за притисоци врз опозицијата и злоупотреба на институциите.„Денес, советникот од редовите на Левица во Советот на Општина Прилеп, адвокатот Жаре Стеваноски, беше повикан на информативен разговор во МВР - ПС Прилеп, поради јавно изразен политички став на социјалните мрежи. Овој повик е уште една алка во низата притисоци што режимот на ДПМНЕ систематски ги врши врз членови и функционери на #Левица.Ова не е прв пат ваков тип на институционален притисок да се применува врз Левица. Не е ни прв пат вакви повици да се користат како метод на заплашување кон Жаре Стеваноски. Напротив, станува збор за препознатлив режимски образец - кога ДПМНЕ нема политички одговор, користи полиција, а кога нема аргументи, активира притисок.Станува збор за режимска злоупотреба на полицијата за замолчување на опозицијата. Кога МВР се активира по налог на власта за статус на опозициски советник, тоа значи дека ДПМНЕ ја претвори полицијата во партиска служба за притисок и заплашување. Наместо да гони криминал, корупција и милионски афери, полицијата се користи за дисциплинирање на оние што зборуваат јавно и гласно. Очигледно, режимот на Мицкоски не толерира критика и слободата на говор ја смета за закана што треба да се сузбие.Сепак, ДПМНЕ сè уште немаат разбрано една суштинска работа – овие подли и кукавички методи не функционираат врз Левица. Нашите членови и функционери свесно влегоа во отворен судир со партиско-државниот апарат, знаејќи дека режим кој се храни од неправда и криминал нема да реагира поинаку.Левица нема да биде нем набљудувач на распаѓањето на државата, институционалните неправди и криминалите што ја гушат Македонија. Напротив, сме и ќе останеме гласни, без разлика на цената, затоа што молкот е соучесништво, а ДПМНЕ токму на тоа смета.Колку повеќе режимот посегнува по притисоци, толку појасно станува дека власта на Мицкоски се плаши од опозиција која не може да се купи, уценува или замолчи“, велат од партијата.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-librarycekqtu4oqsjvdzLCMVj

Трагедија на Бајкалското Езеро: Автомобил пропаднал низ мраз, две лица загинаа

Две лица загинаа, а две се спасиле кога автомобил пропаднал низ мразот на Бајкалското Езеро, откако возачот ја прекршил забраната за возење надвор од обележаните премини. Возилото потонало на длабочина и до неколку стотици метри, а потрагата по настраданите е во тек.Две лица загинаа, а две успеале да се спасат кога нивниот автомобил пропаднал низ мразот на Бајкалското Езеро, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Иркутската област во Русија.„Прекршувањето на безбедносните прописи при возење по мраз резултираше со пропаѓање на автомобилот и смрт на две лица на Бајкалското Езеро“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.Во понеделник вечерта, спасувачите добиле информација за „тојота рактис“ која пропаднала низ мразот на Бајкалското Езеро.Според информациите на Министерството за вонредни ситуации, возачот ја прекршил забраната за возење по мраз надвор од обележаните премини додека се движел долж заливот Уст-Анга.Автомобилот потонал на околу два километри од брегот.„Во автомобилот имало четири лица. Две од нив успеале да избегаат од возилото што тонело, но другите две, маж роден 1991 и жена родена 1989 година, не успеале да го сторат тоа“, се наведува во соопштението.Агенцијата напомена дека дното на езерото е нерамно, со карпести испакнатини. Длабочината на езерото се движи од 100 до 400 метри. Потрагата е во тек.

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryaup1o853gmkr6myJzIi

Ново засилување за „Вреди“: Зибери му се приклучува на Меџити

Поранешниот пратеник на ДУИ, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер Насер Зибери, решил да го продолжи својот политички ангажман заедно со Изет Меџити, објави порталот Газета.Семејството Зибери е познато како семејство со интелектуална традиција и со значаен влијание, особено во Скопје. Овој развој се гледа како доказ дека по победата на локалните избори, Вреди ( исто така се консолидира и во регионот на Скопје, со проширување на својата политичка база. Д-р Арбен Зибери е познат како еден од најактивните пратеници во Собранието, но и како успешен професионалец во медицинската област.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
pat-magla

Магла на Плетвар, Ѓавато и Крушево, возачите со апел за внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ. На планинскиот превој од село Лисец кон Попова Шапка има мали остатоци од снег кои се задржуваат на коловозот, додека врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, но засега не се задржуваат на патот.Намалена видливост поради магла е регистрирана на неколку планински премини и тоа на Плетвар до 30 метри, на Ѓавато до 100 метри и на превојот кон Крушево до 40 метри, поради што се препорачува зголемена внимателност при возење.Од АМСМ потсетуваат дека законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови, е во сила од 15 ноември 2025 година и ќе трае до 15 март 2026 година.Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од појава на одрони. Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила и ќе биде недостапен за сообраќај до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library5ie3l356m47l6ECiNtD

Независниот синдикат на полицијата со барања до МВР: Повисоки казни, повисоки плати и нова систематизација

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, информира дека на работната средба со министерот за внатрешни работи биле отворени повеќе клучни прашања за статусот на полициските службеници, платите и работните услови. Тој посочи дека од МВР било уверено дека нема да има намалување на платите за вработените кои не се на раководни функции, а било побарано и зголемување на платите за полицијата за 20 проценти по новата систематизација.„Денес во Министерството за внатрешни работи остваривме работна средба со министерот за внатрешни работи, на која отворивме дискусија за следните точки:Побаравме поддршка за измени на ЗППЈРМ и предвидување на повисоки казни за прекршителите, особено во делот на омаловажување на полициските службеници и државните органи.Во однос на постапката за набавка на нова униформа, ни беше пренесено дека не е точно дека тендерот е поништен и дека во моментов од втора инстанца е вратен на дополнително разгледување, како и дека до крајот на месецот ќе имаме информација дали овој тендер ќе биде спроведен или ќе биде поништен и повторно објавен.Директно го поставивме прашањето дали ќе има бришење и кратење од 20%, односно 30% од платите на вработените со новиот ЗВР, како што кружат шпекулации, на што јасно ни беше кажано дека на НИТУ ЕДЕН колега во МВР кој не е на раководна функција, без разлика во која категорија на ПС ќе работи, нема да му биде намалена платата за ниту еден денар.Од наша страна беше истакнато дека не се согласуваме со тоа дека сите плати треба подеднакво да растат и дека на полицијата ѝ е потребно зголемување на платата во висина од 20%, за што од страна на министерот од нас беше побарано трпение од неколку месеци, до спроведување на новата систематизација, по што ќе може да се направи реална проекција за тоа во колкав износ ќе може да се зголемат платите.Дополнително укажавме и побаравме решението за слободните денови од прекувремена работа да биде уредено со новиот колективен договор и конечно да биде исправена оваа неправда, која пред неколку години беше нанесена на оние што најмногу ја заслужуваат.Од наша страна беше побарано решение и враќање на работа на колегите на кои работниот однос им беше ставен во мирување поради активни судски мерки, кои сега веќе се прекинуваат, на што наидовме на разбирање и ни беше кажано дека ќе се разгледа можноста истите да бидат вратени на работа доколку нема дополнителни пречки за тоа.Побаравме повлекување на телеграмата за забрана за користење мобилни телефони за колегите од граничната полиција, поради која има голем број дисциплински постапки, за што ни беше ветено дека ќе биде извршена ревизија и дека истата ќе биде прилагодена согласно современите текови на работните процеси.Побаравме додатокот од 45% за време на боледување да не биде дополнително кратен до боледување на ЕБР и САЕ, како и на останатите организациски единици кои имаат ваков додаток.Побаравме упразнетите работни места со високо образование приоритетно да бидат пополнети со колеги кои имаат завршено високо образование, а веќе се вработени во МВР.Спроведувањето на новата систематизација треба да биде завршено и изгласано на Влада до 15.03.2026 година, по што ќе следи нејзината имплементација, вели Ефремов.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library42aeoov8l6n79rPDwsK

Блокада на центарот на Скопје кај Рекорд од 09 часот, дел од работниците им се лути на пратениците

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, најави блокада на пратениците пред Собранието на Република Македонија, поради, како што вели, игнорирањето на работничките барања за зголемување на платите и истовремениот луксуз во кој уживаат народните избраници.Блокадата е најавена за утрово, со почеток во 9 часот, и ќе се одржи пред Собранието, односно на улиците „11-ти Октомври“ и „Даме Груев“. Според Трендафилов, симболично, 42 работници ќе ги блокираат пратениците, со пораката „ако 21 плус 21 се 42, тогаш 42 работници ќе стојат пред оние што одлучуваат за нивната судбина“.Причината за протестот, како што посочи, е фактот што пратениците во 2025 година зеле вкупно 14.369.470 денари за патни трошоци, додека истовремено не поддржале зголемување на минималната плата, ниту зголемување на останатите плати за најмалку 6.000 денари. Како рекордери по висина на патни трошоци, според информациите што ги изнесе, се наведуваат Кире Божиновски од Битола со 637.233 денари и Петар Ристески со 602.187 денари.Трендафилов истакна дека пратениците покажуваат целосна глувост кон работничките барања, иако, како што нагласи, токму работниците им го дале мандатот. Тој потсети дека платите на пратениците веќе се зголемени за 79 отсто, а дополнително може да пораснат уште за 21,8 отсто, доколку Уставниот суд ја укине уредбата на Владата и се земе предвид растот на просечната плата.„Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 евра за работниците – тоа е срамно“, порача Трендафилов, додавајќи дека работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а сите други плати да пораснат за најмалку 6.000 денари или за разликата што ќе произлезе од зголемувањето на минималната плата.Според него, пратениците ќе мора да направат избор – дали ќе гласаат за сопствениот комодитет или за работниците кои ги избрале. „Или ќе застанат на страната на работниците, или јавно ќе покажат дека гласаат против нив“, порача претседателот на ССМ.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
IMG_1106

Денес променливо облачно, дожд и снег на планините, ветер од југоисток

Денес променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег.Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

Македонија | пред 2 дена

3 ден.
media-libraryo8g513bvtg5j65OMfE2

Струја во охридскиот студентски дом нема да има до сабајле, студентите добија извинување, решение чекаат од Министерството за образование

Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид со кратко соопштение им се извини на студентите прекинот на електричната енергија кој трае од 10 часот утрото (на 09 февруари), поради кој тие останаа без струја, греење и топла вода.Од управата на домот информираат дека биле известени од Министерството за образование и наука дека проблемот со снабдувањето со електрична енергија ќе биде решен во текот на утрешниот ден.„Им се извинуваме на студентите кои се сместени во Д.С.Д. ‘Никола Карев’ за прекинот со електрична енергија. Од МОН не известија дека во текот на утрешниот ден проблемот ќе биде решен“, се наведува во соопштението.Прекинот на струјата предизвика силни реакции кај студентите, кои повеќе од 12 часа поминаа во мрак и студ, без основни услови за престој, за што јавно реагираа преку сведоштва и поплаки. До овој момент не се соопштуваат дополнителни детали за причините за прекинот, ниту за тоа дали ќе се преземат мерки за да не се повторат вакви ситуации.

Охрид | пред 3 дена

3 ден.
media-library68lqudr5j7e8cXu0JBy

(Видео) Свеќи наместо светло, без греење, со конзерви за вечера: Студентите од „Никола Карев“ без струја повеќе од 12 часа

Повеќе од 12 часа студентите кои престојуваат во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид се без електрична енергија, со што се соочија со целосен прекин на греењето, немање топла вода и услови за нормално функцонирање.Според сведоштвата, струјата била исклучена околу 10 часот наутро, а и до моментот на објавување на овој текст се уште е во мрак. Студентите велат дека биле принудени да користат свеќи и блицеви од мобилни телефони за најосновно движење низ просториите, додека ниските температури дополнително го отежнале престојот во објектот поради немање греење.Поради прекинот на електричната енергија, студентите немаат ниту топла вода, што целосно се оневозможени основните хигиенски потреби. Како што наведуваат, за вечера им била поделена конзервирана храна, која ја јаделе во мрак, на свеќи, без никакво дополнително објаснување или алтернативно решение од страна на управата. Особено револтирачки за студентите е, како што велат, целосниот молк од надлежните. Тие тврдат дека не добиле никаква официјална информација за причините за прекинот на струјата, ниту пак колку време ќе трае проблемот.До управата на студентскиот дом, „Скопје1“ упати прашања за тоа зошто е прекинато снабдувањето со електрична енергија, дали постои план за итно решавање на проблемот, зошто студентите не се навремено информирани и зошто во вакви услови не е обезбедено поадекватно решение за исхрана и престој. До моментот на објавување на текстот, одговор од надлежните не е добиен.Студентите бараат итна интервенција и јасна комуникација, предупредувајќи дека ваквите услови не само што го нарушуваат нивниот секојдневен живот и студирање, туку претставуваат и сериозен ризик по здравјето, особено во зимски услови.

Настани | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања