1 ден
media-library4e3ieeaktcjacUWbhRJ

ДОМ бара реални реформи и отчетност: Корупцијата не смее да се релативизира туку треба да се препознае

Демократска Обнова на Македонија (ДОМ) со загриженост ги следи податоците објавени од страна на „Транспаренси Интернешанл“ за перцепцијата на корупцијата во 2025 година, според кои Македонија е рангирана на 84-то место од 180 земји.Со скоро идентични поени како и минатата година овој извештај покажува дека нема суштински напредок во справувањето со овој децениски проблем во нашата земја, велат од ДОМ.„Корупцијата продолжува да биде системски предизвик за нашето општество кој ја поткопува правната држава, економскиот развој и довербата на граѓаните во институциите.Стагнацијата во реформите, недоволното спроведување на законите, слабата отчетност на функционерите, а особено и недоволно транспарентната процедура на измените на Кривичниот законик ја оставаат нашата земја заглавена во површни резултати и покрај тоа што транспарентноста и отчетноста треба да бидат темел на една модерна демократска држава.Потсетуваме на нашите јасни позиции од изминатиот период дека борбата против корупцијата мора да биде врвен приоритет, а не само декларативна заложба. Тоа значи:🔹 Воведување строги и јасни механизми за проверка на интегритетот на јавните службеници и функционери, вклучително автоматско објавување на имотните листи, судири на интереси и обврска за суспензија при основано обвинение.🔹 Формирање на независен антикорупциски инспекторат со реални институционални овластувања и санкции.🔹 Јавно достапни истраги и пресуди за случаи на висока корупција кои ќе бидат без политички притисоци и без селективни практики.🔹 Реформи во судството и обвинителството кои ќе овозможат целосно и професионално спроведување на законот.ДОМ оценува дека без суштински реформи, транспарентност и отчетност, Македонија ризикува уште повеќе да се продлабочи недовербата на граѓаните во институциите и државата воопшто, особено на младите кои веќе масовно ја напуштаат државата поради недостаток на перспектива.Корупцијата не смее да се релативизира туку треба да се препознае како сериозна општествена болест која ја загрозува довербата, слободата и иднината на граѓаните. Во пресрет на ваквите предизвици ДОМ ги повикува сите политички субјекти, здруженија и граѓани на заедничка, принципиелна и ефикасна борба против корупцијата, со конкретни промени кои ќе донесат видливи резултати наспроти декларативните заложби кои постојано ги слушаме од сите владејачки гарнитури“, се наведува во соопштението на ДОМ.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
1680676725_Tramp-5-696x464

(Видео) Трамп: Воведов царини кон Швајцарија бидејќи не ми се допадна тонот на премиерката

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју со Лари Кадлоу објасни зошто вовел царини за Швајцарија, откривајќи дека ги зголемил бидејќи не му се допаднал тонот со кој една швајцарска официјална личност разговарала со него.Трамп наведе дека поради трговскиот дефицит од 42 милијарди долари вовел царина од 30 отсто, која по спорниот телефонски повик ја зголемил на 39 отсто.Гостувајќи на Fox Business, Трамп објасни дека имал инцидент со Швајцарија, која ја опиша како „многу убава земја“, затоа што не плаќала царини и испраќала стока во САД во неверојатни количини. Поради тоа, тврди претседателот, САД имале дефицит од 42 милијарди долари.„Реков дека мораме нешто да превземеме за да го урамнотежиме тоа“, изјави Трамп, додавајќи дека вовел царина од 30 отсто, што ја оцени како многу ниска.„Примив итен повик од, верувам, премиерката на Швајцарија“, рече Трамп. Сепак, Швајцарија нема премиер, туку ја води седумчлено Сојузно советување. Трамп појасни дека телефонскиот разговор со Карин Келер-Цутер, претседателка на Сојузното советување за 2025 година, станал напнат.„Не ми се допадна начинот на кој разговараше со нас, па наместо да ги намалам царините, ги зголемив на 39 отсто“, изјави тој.Минатиот месец Трамп објави дека се согласил да ја намали царинската стапка од 39 на 15 отсто поради притисокот на швајцарските компании, но предупреди дека таа повторно може да се зголеми.„Ја намалив затоа што не сакам да им штетам на луѓето. Не сакам да ги повредам. И ја спуштивме на пониско ниво, тоа не значи дека нема повторно да се зголеми“, рече Трамп на Светскиот економски форум во Давос.Келер-Цутер се соочи со критики во Швајцарија поради начинот на кој го водела разговорот што Трамп го спомна, при што претседателот рече дека „не сакала да го слушне“ неговото загрижување за американскиот дефицит.Американските и швајцарските преговарачи постигнале прелиминарен договор во ноември за намалување на царинската стапка на 15 отсто, при што швајцарската индустрија се обврзала да вложи 200 милијарди долари во САД до крајот на 2028 година.Швајцарските компании го поздравија намалувањето на царините, истакнувајќи дека тоа ги става на рамноправна позиција со конкурентите од Европската унија. Двете земји треба да го финализираат договорот во преговорите за кои се надеваат дека ќе завршат до крајот на првото тромесечје на 2026 година.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-librarybqtk1uip42fnbUVeEEs

Царинската управа и ЕУ создаваат платформа за борба против еколошки криминал и криминалпротив културното наследство

Со поддршка на Европската Унија, Царинската управа потпиша Меморандуми за соработка за формирање на Национална меѓуинституционална платформа за борба против еколошки криминал и криминални дејства врз културното наследство. Платформата ќе овозможи поефикасна размена на информации, координирани истраги и кривичен прогон.„Со поддршка на Европската Унија, потпишавме Меморандуми за соработка со што ја поставивме основата за функционирање на Национална меѓуинституционална платформа која ќе обезбеди ефикасна борба против еколошки криминал и криминални дејства против културното наследство.Културното наследство и животната средина се темелни вредности што го обликуваат нашиот идентитет и влијаат на квалитетот на животот при што секој обид за нивно уништување не е само напад врз природата и историјата, туку и закана за нивната заштита и одржливост. Ваквите криминали често имаат лукративен карактер и се поврзани со корупција и перење пари, што ја нагласува потребата од силен институционален одговор.Преку системска соработка овозможуваме размена на информации, координирани истраги и поефикасен кривичен прогон. @Влатко ЛакордовЗавршниот настан во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со кривични дела против културното наследство и животната средина“ е резултат на сплотеноста на институциите, силната поддршка од ЕУ и партнерство со Корпусот на карабинери на Италија, чие искуство и експертиза имаат значаен придонес врз зајакнување на институционалните капацитети“, велат од Царинската управа.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryd58ho5m5iilib4spwl3

Сведоштво на ученик за масакрот во Канада: Земавме клупи и ги забарикадиравме вратите

По масакрот во училиштето во Тамблер Ридж, Британска Колумбија, Канада, Дарјан Квист, ученик и неговата мајка Шели Квист, за CBC радио ја опишаа драмата што се случила.Според неговото сведоштво, на 13:30 часот по локално време, веднаш штом пристигнал во училиштето, го слушнал алармот во ходниците. Од звучниците следувало предупредување за сите ученици да ги заклучат вратите на училниците.Дарјан раскажува дека вратите биле затворени некое време, а тој и неговите соученици брзо сфатиле дека нешто сериозно се случува. Тогаш почнале да добиваат фотографии од местото на нападот на мобилните телефони.„Земавме клупи и ги забарикадиравме вратите“, рече Дарјан.Вратите останале забарикадирани повеќе од два часа, сè додека полицијата не пристигнала и учениците не биле евакуирани од училиштето. Кога излегле надвор, Дарјан се сретнал со мајка си во центарот на градот, на неколку стотини метри од училиштето.Подсетуваме, во средното училиште во Тамблер Ридж, Британска Колумбија, дошло до пукање во кое животот го загубиле десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавиле властите.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-libraryf8v48b5vptka7M0TYau

Десет мртви и 25 повредени по пукање во Канада

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија, соопшти канадската полиција. 25 лица се повредени.Шест лица се пронајдени мртви во средно училиште во Тамблер Риџ, уште две се пронајдени мртви во куќа за која се верува дека е поврзана со инцидентот, а едно лице починало на пат кон болница, соопшти полицијата.Осомничениот бил пронајден мртов од очигледна самонанесена рана, соопшти полицијата, додавајќи дека не веруваат дека има други осомничени или дека претставуваат понатамошна закана за јавноста.Дали напаѓачот е жена?Напаѓачот можеби била жена, бидејќи во предупредувањето за закана издадено во Британска Колумбија осомничената е опишана како жена во фустан и кафеава коса.„Имаше повеќекратни повреди и повеќекратни смртни случаи во училиштето додека полицајците се пробиваа низ местото на настанот“, изјави портпаролот на полицијата Кен Флојд на прес-конференција. „Местото на настанот моментално е обезбедено. Истражителите се таму за да се обидат да го утврдат степенот на повредите и кое оружје можеби е употребено, а кое не“, рече Флојд.Тамблер Риџ е оддалечена заедница од околу 2.400 луѓе сместена во подножјето на Карпестите Планини во северна Британска Колумбија, околу 1155 км североисточно од Ванкувер.Други 25 лица беа однесени во локален медицински центар поради повреди, соопшти полицијата.„Нашите мисли се со луѓето од Тамблер Риџ. Разговарав со градоначалникот и локалниот советник… понудивме секаква дополнителна помош што можеби им е потребна“, изјави министерката за јавна безбедност на Британска Колумбија, Нина Кригер, во изјава за Икс.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-libraryic9ibit1iueddQlGya6

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија стана балкански нарко-центар под Заев и Филипче

Македонија во време на владеењето на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Последната заплена од околу 40 тони марихуана јасно покажува дека таканаречениот „медицински канабис“ бил само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога. Овие количини се запленети од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, токму оние лиценци кои беа издавани во време на Заев и Филипче.Околу 70 проценти, односно околу 30 тони од запленетата марихуана, потекнуваат од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, компанија која во јавноста се поврзува со лица блиски до СДС, Зоран Заев и Венко Филипче. Основач на фирмата е Христијан Котев, син на Тони Котев М’гчев, поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село и човек близок до Заев.Лиценците за производство на канабис во тоа време не се издавале според јасни и строги критериуми, туку според партиска и лична блискост со СДС, Заев и Филипче.Паничните реакции на Заев и Филипче по откривањето на случајот, дополнително ја потврдуваат нивната вмешаност.Нервозата кај Заев паничните јавувања, објавите на социјалните мрежи и сомнителните движења на Филипче даваат дополнителен сомнеж. Сето тоа личи на гасење пожар а не на однесување на луѓе кои имаат чист образ.Сите овие индиции укажуваат на сериозна поврзаност меѓу поранешната власт и криминалот со марихуана.Јавното обвинителство темелно, целосно и неселективно да го истражи случајот. Како се издавале лиценците, кој стои зад компаниите, каде завршувала произведената марихуана и кој ја штител нелегалната трговија. Кој и колку профитирал?Законот мора да важи за сите подеднакво. Јавноста очекува одговори, а институциите мора да покажат дека никој не е над законот. Законот мора да важи и за Заев и за Филипче и за нивните соработници. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryk06vlq5sg1n37kcHdBg

Бубевски се закани со тужба за клевета: Никогаш немав 4 телефони, вистината ќе излезе на суд

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски тврди дека бил клеветен од поранешната обвинителка Лејла Кадриу која даде интервју во интервју на ТВ Алфа на 07.02.2026 година. Тој најавува граѓанска тужба за клевета доколку не добие извинување во законскиот рок и истакнува дека сите наводи за неговото постапување се невистинити.„Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени од адвокатката Лејла Кадриу во интервју во емисијата "Вечерното шоу на Богдан Илиевски" на ТВ Алфа, емитувано на 07.02.2026 година.Наводите кои се однесуваат на моето постапување и на работата на поранешното СЈО се невистинити и креирани со цел да наштетат на мојот личен и професионалениот углед, за што веднаш по емисијата иницирав постапка со која од неа побарав извинување за јавно изнесените лаги. Доколку не добијам извинување во законски предвидениот рок, ќе поднесам граѓанска тужба за клевета и во суд ќе се докаже дека се што беше кажано во наведената емисија е апсолутна невистина.Иако сметав дека изнесените клевети не заслужуваат да им се дава јавно внимание, сфаќам дека нашето општество веројатно не е доволно отпорно на лаги.Вистината е дека јас никогаш во мојот живот не сум имал 4 мобилни телефони. Додека бев јавен обвинител во СЈО имав еден телефонски број кој го користев за цело време додека бев во тоа обвинителство. По враќањето во ОЈО Скопје исто така користам само еден телефон. Мојот единствен, во моментов приватен телефонски број го знаат сите новинари и многу граѓани, бидејќи вистински верувам во начелото на транспарентност и на тој телефон секогаш сум бил и останувам отворен и достапен за сите прашања.Ги отфрлам сите наводи за какво било влијание и стојам зад секоја одлука која сум ја донел.Во голем дел од ситуациите кои беа претставени, како што е предавањето на прислушуваните материјали во СЈО, јас лично воопшто не сум бил присутен, за што имам и соодветни докази.На страна од тоа, записник за тие материјали постои и тој е дел од доказите во предметот Таргет-Тврдина.Од позиција на поранешна јавна обвинителка за чие оддалечување најпрвин од СЈО, а потоа и од редовното обвинителство, причините се многу добро познати во јавнообвинителската организација, каде и се водени и соодветни постапки за одговорност, Кадриу се обидува да го загрози мојот професионален интегритет и да влијае врз моето извршување на јавнообвинителската функција.Мотивите за овој и други вакви слични настапи мене ми се јасни, но немам намера во ниту еден момент да им подлегнам на тие лаги и манипулации. Ќе ги искористам сите законски механизми за заштита, како што веќе направив и поднесов тужба и за лагите изнесени од уште еден адвокат - поранешен обвинител кој јавно настапува со истите намери и мотиви.Очекувам во судска постапка да се докаже вистината наспроти лагите со кои "храбрите" поединци ја манипулираат јавноста подолг временски период, а со тоа да се утврди и нивната кредибилност како извори за информации во медиумите по однос на вистинските состојби во правосудството, вели јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Заев и Спасовски преку Јанева ја контролирале работата на СЈО

СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата, вели ВМРО-ДПМНЕ„СЈО работело под директна насока на Зоран Заев и СДС.Советник на министерот за внатрешни работи, Спасовски, за време на техничката влада пред околу 10 години, во канцелариите на СЈО му рекол на обвинителот Кадриу дека треба да се прошири опфатот на лица во одреден предмет. По нејзиното одбивање, тој заминал да се жали на друго место, а Кадриу подоцна била отстранета од работа.Заев и Спасовски преку Катица Јанева ја управувале работата во СЈО. Спасовски преку неговиот советник давал насоки за избор на предмети и кој обвинител кој предмет ќе го работи, кои лица треба да се опфатат и кој да одговара.Катица Јанева била само координатор додека предметите ги работеле и Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска.Кривичните пријави биле доставувани на лист и незаконски пренесувани од ЈО во СЈО по политичка желба на СДС. Поранешната обвинителка Лејла Кадриу како што сведочи била отргната од СЈО бидејќи не сакала да учествува во криминалот на Јанева поради што и била избркана од работа.Прислушуваните разговори „бомбите“ првично не можеле да бидат доказ, но со само една одлука на апелационен судија биле прифатени во судските постапки.Постоеле координирани врски меѓу СЈО, обвинителството и судството за да се прифаќаат предмети по насока на СДС, Зоран Заев и Оливер Спасовски. Судии кои не соработувале биле изложени на притисоци и закани.Секој што не бил „ тимски играч“  со Јанева и СЈО бил под притисок, а еден поранешен судија и претседател на суд бил осуден.СЈО на Катица Јанева и Заев се најголемиот срам за правосудниот и обвинителски систем во државата кој дополнително ја поткопа недовербата во институциите.ЈО да го испита целиот случај и одговорноста кај инволвираните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library5nqogkn9g3486PkK0A4

Претседателот на Колумбија преживеа обид за атентат додека патуваше со хеликоптер

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро изјави дека преживеал обид за атентат додека патувал со хеликоптер во понеделник вечерта.Вчера, Петро на владина седница што беше емитувана во живо изјави дека неговиот хеликоптер не можел да слета на планираната дестинација на карипскиот брег поради веродостојни информации дека леталото ќе биде „застрелано“.Поради ова, хеликоптерот летал кон отворено море околу четири часа пред да стигне на безбедно место, опишувајќи го маневрот како тесно избегнување на планиран напад, пишува Newsweek.Претседателот не ги именувал осомничените или групите зад наводниот обид, а колумбиските власти јавно не ги идентификувале лицата поврзани со инцидентот.Петро рече дека на наводниот обид му претходеле месеци предупредувања за заговори поврзани со мрежи за трговија со дрога и други вооружени групи, иако не се објавени конкретни докази што ја поврзуваат која било група со инцидентот.Петро постојано ги поврзуваше заканите по неговиот живот со криминални организации, вклучувајќи нарко-картели и дисидентски вооружени групи, во контекст на тековните безбедносни предизвици во Колумбија.Владини безбедносни извори претходно објавија дека нелегални вооружени фракции, како што се дисидентските герилци на ФАРК, Националната ослободителна армија (ЕЛН) и паравоените сили на Заливскиот клан, биле вклучени во заговори против претседателот. Овие групи, кои ги отфрлаат мировните договори и остануваат активни во регионите каде што се одгледува кока, се сметаат за одговорни за насилството низ целата земја.Иако конкретниот инцидент во понеделникот вечерта се случи на море, претходните наводни закани вклучуваа извештаи за противтенковско оружје во близина на претседателската палата и заговори за напад врз авионот на Петар со ракети земја-воздух. Тврдењата предизвикаа контроверзии и скептицизам од критичарите поради недостаток на јавно достапни докази.

Свет | пред 1 ден

1 ден
920541_573957962634478_1877160628_o

Жерновски: За минимална плата нема пари, но за кожни седишта и шампањ на 10.000 метри височина веднаш најдоа

Поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски преку објава на социјалните мрежи упати остри критики до Владата за најавите за набавка на авион. Тој оценува дека додека граѓаните се соочуваат со ниски плати и економски притисоци, власта приоритет става на луксуз наместо на животниот стандард.„На граѓаните им велат: „Нема пари! “.На работниците им велат: „Стрпете се!“.На семејствата им велат: „Кризата е глобална!“.Но во исто време, истите тие си купуваат авион за себе.Додека фрижидерите се празни а неплатените сметки се редат една врз друга, и додека минималната плата не стигнува ни за основна храна, власта има јасен приоритет – не достоинствен живот за народот, туку комфорен лет за премиерот.За минимална плата од 600 евра – „нема пари“, но за кожните седишта и шампањот на 10.000 метри височина веднаш најдоа десетици или стотици милиони евра.Машала! Ученикот на истотатака скромниот Груевски, кој си го купуваше “она на М”, очигледно го надмина учителот. Интересно, се претставуваат како народна партија, а ги обожуваат луксузните автомобили и авиони.И додека народот пеш оди низ тмурното секојдневие, власта многу сака да лета.Ајде барем да беа активни на дипломатски план. Барем да имаа интензивни официјални посети, средби, иницијативи, сојузништва.Ама и таму – ништо.Кога никој не ги кани на официјални државнички посети, кога Македонија е сѐ поизолирана, а надворешната политика сведена на соопштенија и изговори, логично се поставува прашањето: за што навистина ќе служи овој авион?За дипломатија – очигледно не.За државни придобивки – уште помалку.Тогаш, дали само за туристички прошетки?Турите со претоварени камиони до Србија веќе им ги пробија.Ќе лета ли авионот празен, за да лета полн?“, вели Жерновски.

Коментари | пред 1 ден

1 ден
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

СДСМ: ВМРО-ЗНАМ не сака да ја покачи минималната плата, го избра сопствениот луксуз наместо потребите на работниците

Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред, велат од СДСМ.„Иако СДСМ го поднесе предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што согласно Деливникот целосно беше исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на вчерашаната седницата.Додека работниците протестираа пред македонското Собрание, внатре во собраниската сала беа понижени од пратениците на тендер коалиција ВМРО-ЗНАМЗатоа, во знак на протест пратениците на СДСМ ја науштија седницата.Барањата на претставниците на Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата на 600 евра или 36.960 денари се реални и издржани. Во буџетот има пари, само со пренамена на две категории се обезбедуваат 200 милиони евра, доволно да им се излезе во пресрет на работниците.Но, владата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака да ја покачи минималната плата, го избра сопствениот луксуз наместо потребите на работниците.Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, се ели во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
49896239_1977012449012818_2128562530354724864_n_1977012442346152

Минимални температури до -2°C и 63 см снег на Попова Шапка

Минималните температури во земјава утрово се движат од -2 степени на Попова Шапка до 6 степени во Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија и Гевгелија. Во Лазарополе утрово се измерени 0 степени, во Крушево и Маврови Анови 1 степен, а во Крива Паланка, Берово и Кавадарци 2 степени.Во последните 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Лазарополе – 6 l/m², додека 3 l/m² дожд и снег паднале во Тетово, Охрид и Прилеп, а по 1 l/m² се измерени во Претор, Крушево и Маврови Анови.Највисока снежна покривка е забележана на Попова Шапка со 63 сантиметри.Возачите се предупредуваат да возат внимателно и да ги прилагодат брзините на условите на патот, особено на планинските превои каде што се уште има снег на коловозот.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

Зајкова против членот 353в: Се брише одговорноста на министрите

„Спин е она што го говори ВМРО-ДПМНЕ дека виделе има мнозинството 61 на седницата па влегле за Кривичниот законик. Во салата нашето мнозинство имало регистрирано, сосе мене, бидејќи на таа седница и претходеле и други точки, ние нормално сме се регистрирале, на таа седница имало околу 54 луѓе. Како стигна до 61? И не ми беше суштината да ние се доведеме во ситуација каде што ќе коментираме кој го направил кворумот, но мислам дека со кворумот се избегнува суштината на тоа дека се брише одговорноста“, вели претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова во гостување на поткастот Основано Сомнение со Јанаки на а1он и посочува дека не гласала за овој Кривичен законик исто како што не гласала и за тој во претходниот мандат.Зајкова вели дека е за поздрав тоа што со овој закон се регулира приватните снимки да не бидат злоупотребувани и родово-базираното насилство да се гони по службена должност, меѓутоа не се согласува под превозот на тие членови да се турка член како 353в, со кој што се брише одговорноста на органите на државната управа (министрите и директорите).„Друго во членот 353, ајде што казните не се на ранг на кои што биле претходно и даваат можност за со условна осуда да се помине. Јас не знам за кои јавни набавки се направило кривично дело затоа што не бил објавен повик за јавна набавка? Значи најголемите малверзации се прават во техничките спецификации, во понудите.. и сега ние сето тоа го тргаме и се правиме и кажуваме како ја заоструваме казнената политика. Не е точно“, посочува Зајкова и додава дека со тоа се бега од суштината.„Целата дискусија се сведува на кворумот за да се избегне да се даде објаснување зошто 353 останува ваков. Иако ВМРО-ДПМНЕ од опозиција, односно нивниот претседател на партија, ги имам јас изјавите, најжестоко го критикуваше тоа и кажуваше дека ќе се вратат оние најмалку години на осуда“, вели Зајкова.На прашање дали тоа се правело со Кривичниот законик за да се направат услови за да се врати поранешниот премиер Никола Груевски, претседателката Зајкова одговара дека не била дел од никакви групации или такви заговарања и не знаела дали било шпекулација и дали било вистина.„Едноставно како правник навистина не ме интересираше тоа. Ме интересираше суштината на тоа што ќе го донесе Кривичниот законик. Бидејќи во тоа време ЛДП имаше доставено паралелно предлог непосредно пред да стигнат, за покачување на роковите за застареност, затоа што ги вадевме праксите од хрватскиот модел, каде што во самиот институт на застареност на релативната и апсолутната го креваат го креваат прагот, а ние не добивме ништо од тоа“, заклучува Зајкова.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Величковски: Случајот со марихуаната има пошироки импликации

Ивон Величковски, претседател на Либерална партија, преку објава на Фејсбук реагираше за, како што наведува, обид за цензура околу аферата со запленетата марихуана. Тој посочува дека случајот има пошироки импликации и повика на поголема транспарентност и одговорност од институциите и медиумите.„Пораката гласи: Не се прифаќа обидот за цензура од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и медиумите на аферата 40 тони марихуанаНавидум едно "протоколарно" известување на Амбасадата на САД во Скопје:"Вршителот на должност амбасадор, Никол Варнс пред кратко време протоколарно се сретна со министерот за надворешни работи Муцунски, министерот за одбрана Мисајловски и министерот за внатрешни Тошковски. За време на средбите в.д. Варнс ја потврди извонредната соработка по заедничките приоритети, вклучително трговијата, колективната одбрана и безбедноста на нашите две нации".Еден ден пред премиерот и министерот за внатрешни да излезат на снимки со запленетата роба.Истиот ден кога невешто:- Мицкоски на прес инсистираше да не се верува на медиумите во Србија дека таму запленетата марихуана не потекнува од Северна Македонија, а- Заев со писмо сакаше да се дистанцира од марихуанската афера иако дејноста се "регулираше" во неговиот владин мандат, а последиците од "регулативата" се мерат во тони шверцувани психотропни супстанци.И два дена откако медиумите веста ја третираа небаре се случила во Сомалија.Бидејќи марихуаната меѓу Северна Македонија и Србија очигледно транзитирала полесно одошто брашно.Цензурата кажува дека:- Ова е повеќе од афера и имплицира далеку вон границите на регионот. Молкот на ЕУ амбасадите затоа е особено интересен.- Операцијата секако не е домашна“, вели Величковски.

Коментари | пред 1 ден

1 ден
gruevski

Груевски по сведоштвата на Кадриу: СЈО беше вистинско „злосторничко здружение“

Екс премиерот Никола Груевски се огласи по сведоштвата на екс обвинителката на СЈО, Лејла Кадриу.Тој напиша обемен статус во кој ги коментира нејзините тврдења во емисијата на Богдан Илиевски.„ПОРАНЕШНА ОБВИНИТЕЛКА ВО СЈО ЛЕЈЛА КАДРИУ: “Груевски беше во право кога велеше: “сечено, лепено, монтирано”;“Теренот се припремаше за политичка егзекуција…не можев да гледам”; “Газеа по законот”;“Тоа беше лов на вештерки”;Лејла Кадриу обвинител во СЈО:”Сакаа да престават дека тие се ѕверови кои крадат и убиваат”;”Се правеше план како да се притискаат судиите. Сите беа под лупа. Да се соработува. Тоа не беше обвинителско професионално однесување, тоа беше каубојско однесување”;”Требаше да се спреми терен за се да се прифати што СЈО ќе измисли…Значи луѓето работеа незаконски!!!…”;”ти упаѓаат во предмети и министерот за внатрешни Оливер Спасовски ќе ти кажува што ќе правиш…”;”На сред колегиум на обвинителот Гаврил Бубевски ќе му заѕвони телефонот, ќе излезе, и доаѓа кажува што да правиме. На крај повеќе ми изгледаше дека тоа е штаб на СДСМ него СЈО”;самиот Бубевски кажувал дека без тој да дозволи ништо не може да помине;За предметот ТЕНК: “Од човечки аспект и од професионален аспект сметам дека луѓето се земени на врат”;”Владимир Панчевски работеше на законот начин, а му се формираа предмети со селективна правда”;советник на тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски дошол во нејзината канцеларија, да и сугерира кој сѐ уште треба да се опфати во предметите кои тогаш таа ги работела;случајно ги затекнала Зоран Заев и Радмила Шеќеринска како ги предаваат аудио матерјалите БЕЗ ЗАПИСНИК!”“Тоа е повреда на постапката од самиот почеток. Крај!”;За Ленче Ристовска: “ти земаш не законити материјали одушевена од Шеќеринска и од Заев, живи весели…јас си ја земав ташната, капутот и излегов. Јас нема да бидам дел од ова лудило”.Ги обучувале странски служби…;На аудио матерјалите донесени од СДСМ во СЈО: “на секое ливче пишуваше “CALLS”. Не “повици”, не “разговори”, туку на англиски”.Се правел план на колегиум да се купат коли само од таа фирма што била договорена;дел од екипата и викале: “молчи бре Лејла не прави проблеми. Четири илјади евра ќе имаш плата, бонуси, чуда”;Покрај платата и законскиот додаток од 35% имале и незаконски 2000 евра месечно приходи: “Тие не смееле да излегуваат од тие 35%, а тие на тие 35% уште по 2.000 евра…и тоа е тотално не законски”.Адвокатите на Заев се прогласувале за специјални гости во СЈО и се примале по работното време. Тие ги убедувале да се повлече предметот “ПУЧ”. СЈО никогаш не провериле дали има докази. Воопшто не ја отвориле кутијата со матерјалите и доказите примена од ОЈО, а го повлекле предметот од судот со образложение дека нема докази.“Виновни сме ние како општество што еден аболициран криминалец ти станува премиер и ти ја раководи државата”;”зборувам само за тоа што моите очи виделе, и моите уши слушнале”; ***Вистинска штета е што власта во Македонија, досега не се одлучи посуштински и подлабоко да се фокусира на незаконското и наместо стручно и професионално, политичко-партиски контролирано работење на специјалното јавно обвинителство (СЈО) и нивните нарачатели од политиката.СЈО беше вистинско “злосторничко здружение”.Една независна истрага на нивните активности многу лесно би го потврдила тоа.Штетата не е само во тоа што стотици жртви на СЈО не дочекаа казна за неправдите со кои се соочија, а голем дел сеуште не дочекале правда за себе, туку и што еден ден кога ќе се сменат политичките околности, истото може да се повтори, дури можеби и од дел од истите луѓе, но токму против оние кои денес се на власт, независно што можеби некој од нив верува дека нивното непостапување ќе биде наградено со коректно однесување кон нив кога ќе се сменат политичките околности.Разбирам дека за таа активност освен МВР од кое досега не се слушна дека имало иницијатива, беше потребна волја на главниот јавен обвинител на основното јавно обвинителство (ОЈО), кој според јавните настапи на преставниците на власта не си ја вршеше работата професионално, што доведе до предвремено негово разврешување, но сега веќе се отвори можност за тоа.Таквото непостапување некои луѓе, вклучувајќи и некои судии дури и денес го сваќаат како одобрување на постапките, криминалниот и партиски контролираното работење на некогашното СЈО од страна на новата власт, но и како премолчен сигнал дека треба да продолжат да работат по старите инструкции од поранешната власт.Факт е дека досега никој од СЈО или нивните нарачатели од политиката нема никакви последици од новата власт за криминалното однесување во минатото, освен Катица Јанева заради случајот “Рекет”, пред околу пет години. Таа неказнивост ќе ги охрабри во првата можна прилика да го повторат злосторството.Да потсетам дека тоа беше време кога дури и судиите блиски до СДСМ беа повеќе исплашени од обвинетите од тогашното СЈО.Тие беа исполнувачи на нивните желби, а ретките кои покажаа автономност и професионално работење беа остранети или разрешени од судии.Адвокатите беа исплашени.Некои од нив се повлекоа под лични закани и притисок. Некои не прифатија да бидат како бранители во тоа опасно време во случаите на СЈО од страв да не настрадаат и тие. Имаше и такви кои се премислуваа како во судницата да станат и да кажат нешто во одбрана на обвинителот, а да го кажат на начин што нема да ги налути или сврти против нив лично обвинителите од СЈО или судијата. Дел од нив или пред да кажат нешто во одбрана на обвинетиот најпрвин бараа некоја причина да им кажат некој ласкав збор на судијата или обвинителот. Некои понекогаш под притисокот кој го чудтвувас на паузите или после судењата одеа на приватен разговор со нив, со цел да се до објаснат дека немало ништо лично против обвинителот или судијата со кажаното и со тоа да ја намалат нивната евентуална лутина кон нив лично, за да не се насочат кон нив, бидејќи такво беше времето, многу лесно можеше да се случи тоа.Сведоците не беа само исплашени, туку голем дел од нив беа преплашени, некои од нив со трауми до денес.Заканите на СЈО беа многу директни и брутални кон нив: “или ќе потпишеш и ќе кажеш “тоа и тоа”, или и тебе ќе те обвиниме и ќе те осудат на “толку и толку” години затвор”.Некои од нив уште тогаш пред да потклекнат на заканите ми испраќаа пораки преку мои блиски или преку некој од адвокатите дека се принудени да се спасуваат со лажни сведочења против мене и други, за да се спасат од обвинение и затвор кој нема никаква логика, но во тоа лудо време се беше можно. “Морам да кажам барем нешто што бараат да го кажам, за да не ме уништат”, му рече во лична средба еден од сведоците, поранешен мој соработник. Уцентетитњ сведоци веќе не говореа за вистината, тоа престана да биде тема, туку како да се извлечат без да предизвикаат преголема штета. Сите бевме свесни дека само еден збор да извлечат од нив лажно сведочење, обвинителите веќе градеа цел случај. Гледаа што ни прават нам на обвинетите, и тоа ги наведуваше да мислат дека многу лесно и нив тоа може да ги снајде.Сепак, има и многу кои останаа цврсти и иако поминаа низ пекол, денес одат со крената глава. Особено во тој дел на мачење сведоци заради изнудување лажни изјави предничеше обвинителката Лиле Стефанова. Онаа за која нејзината колешка Лејла Кадриу во интервјуто кажа дека уште од самиот почеток барала цел апартман во обвинителството и кревет.Еден дел од самите обвинети беа толку исплашени што по претходно ветување од обвинителот во разговор на само, признаваа не постоечка вина за нешто што не го сториле, со ветување од обвинителот дека ќе добијат поблага казна, и дека ќе можат да се вратат на нормалниот живот, што секако им правеше штета на другите обвинети во случајот кои не сакаа да постапат исто. Но, тоа беше и целта на обвинителите кои немаа ни докази ни сведоци - за нешто да се фатат. Некогаш ветеното се испорачуваше од страна на обвинителот, а во некои случаи обвинетите беа измамени. Ем ќе ги наведеа да признаат вина, ем ќе ги ставеа во затвор.Имаше и случаи каде по претходна усна спогодба со обвинителот, дел од обвинетите беа уште побрутални и набедуваа друг обвинет од групата заради истата цел.Таквите до ден денес, години подоцна на различни начини и со различни пристапи по улиците се правдаат и објаснуваат пред пријателите и познатите дури и без да бидат прашани, бидејќи во нивните очи чуствуваат презир, кој веројатно никогаш нема да исчезне.Голем дел од медиумите и новинарите или заради нивната или пак на сопственикот на медиумот политичка припадност, или заради привилегии и интерес, или можеби дел и заради страв да се спротистават, или можеби закани кон сопственикот на медиумот, силно го подржуваа СЈО и нивните постапки. Голем дел од нив за да не си го погазат јавно кажаниот збор и да се понижат пред јавноста, и денес ги бранат тие ставови, иако убеден сум дека длабоко во нив се свесни дека таму имаше сѐ освен правда и закон. Секако, еден дел од новинарите уживаа во тоа изживување со нас, и воопшто не им беше важно дали е правично или не.СЈО правеа што сакаат. Ни закон, ни правда ги интересираше. “Газеа” се пред себе за да ја остварат политичката цел некој кој е на списокот од штабот на СДСМ да биде обвинет и осуден.Судиите ги затвораа очите и судеа што ќе им се каже, а дел од нив и денес не можат да излезат од таа улога и време.СЈО де факто беа освен обвинители и судии кога ќе се појавеа во судницата. Нивната моќ беше огромна, а заканата која дури и судиите блиски до СДСМ ја чуствуваа беше толку голема, што сервилноста просто беше непријатно да се гледа.Беше непријатно да се гледа како при предлог на обвинетиот или неговиот адвокат, судијата гледа кон обвинителот со цел, макар и невербално со мимика и гестикулација на лицето да добие одобрување или одрекување за нешто што беше очигледно право. Очекувас барем едно поместување на некој мал мускул од лицето обвинителот кој што ќе им дадеше насока и истовремено ќе им овозможеле мирен сон, во однос на лични проблеми.Истовремено дел од судиите активностите на СЈО и сервилноста ја гледаа како добра шанса за кариерно унапредување, што дел од нив и го постигнаа, водејќи ги судењата на недолично неправеден начин и носејќи срамни пресуди базирани на претпоставки, без докази и во дел со уценети сведоци.Таму имаше сѐ освен правда. А неправдата не е остранета ни денес. ***Јавниот прилично искрен и храбар настап на поранешната обвинителка во СЈО, а пред и потоа во ОЈО - Лејла Кадриу, во интервју на една од националните телевизии минатата недела, беше шокантен за многумина кои се или слаби познавачи на состојбите во поранешното СЈО, или луѓе кои слушнале за многу таквите тешки злоупотреби, директната вмешаност и команда од врвните функционери на СДСМ во нивната работа, незаконитости во работата и жестокиот и чист политички прогон, но не верувале во тоа, главно заради тоа што тие информации најчесто доаѓаа од засегнатите, односно обвинетите или од луѓе од политиката.Обвинителката во СЈО Лејла Кадриу посочи дека никогаш во животот не била член на ниту една партија и дека како интелектуалец следи, гледа и размислува со своја глава и критикува се што мисли дека не е во ред без оглед за која партија се работи.Па така, овој пат тие информации не дојдоа и не беа кажани од некој политичар, припадник на партија, новинар или уште повеќе некој кој бил обвинет и бил жртва на СЈО, туку од обвинител од нивните редови, кој бил одбран и предложен од шефот на СЈО Катица Јанева и кој бил сведок на случувањата внатре во институцијата.Обвинителка која како што самата кажа секогаш сработувала 2 до 3 пати повеќе предмети од она што бил просекот и била посветена и експедитивна, не оставајќи не завршени или заостанати предмети и која најмалку 10 пати во емисијата повтори дека мора да се држиме до Законот и уставот на државата.Истата била сведок на случувањата во СЈО само два и половина месеци, по што била остранета со образложение од Катица Јанева дека не е “тимски играч”, што во суштина било затоа што се спротивставила на незаконското и криминално работење на обвинителите на СЈО.Не можам да претпоставам колку ќе требаше да трае тоа интервју ако обвинителката Кадриу наместо два и половина месеци, во СЈО била две и половина години или во целиот период на неговото постоење.Таа не говореше само за СЈО, туку и за притисоците на власта и поставените лица од нив во ОЈО во време кога изгоре модуларното болница во Тетово и во други настани и скандали.Почекав околу 5 дена пред да објавам нешто поврзано со ова интервју на обвинителката на СЈО, за да видам дали ќе има деманти од нејзините колеги обвинители во СЈО и ОЈО, или од спомнатите политичари од СДСМ, но такво нешто нема.Зоран Заев директно и со име и презиме посочен во интервјуто на госпоѓа Кадриу, викендов објави дека ќе почнал за тужи политичари за лажни обвинувања, но за овој случај молчи.Од настапот на некогашната обвинутелка на СЈО Лејла Кадриу, инаку како што самата кажа албанка по националност, ОЈО доби многу повеќе одколку допрен глас за да започне истрага за сведоштвата на една од ретките лица во СЈО која размислувала со сопствената глава и така делувала, а јавноста дозна неколку важни моменти кои ги пренесувам подолу.Приложувам и линк од интервјуто на обвинителката Лејла Кадриу за оние кои претпочитаат да гледаат и слушаат, наместо да читаат.Еве ги нејзините главни поенти:Катица Јанева ги привлекувала обвинителите со ветувањето за многу високи примања, плати, додатоци и други приходи за кои ако се собере се што беше кажано, произлегува дека биле околу над четири илјади евра, во време кога претседателот на републиката имаше плата од околу илјада и петстотини евра, а министрите во владата околу илјада евра.Наградите кои си ги делеле биле делумно законски, делумно не законски исплаќани. Обвинутелката Кадриу посочи: “Катица се ставаше над законот”.Ова го сметам за директен повик до ОЈО да го истражи и процесуира сето ова јавно сведочење кажано од страна на поранешната обвинителка, која исто така кажа дека одлучиле дека во првите неколку месеци милион евра мора да се потрошат за да не се вратат во буџетот како не потрошени. Обвинителката Кадриу кажа: “тука треба да се направи една добра финасиска истрага, не е чесно кон граѓаните на нашата држава, тоа се буџетски средства. Да трошиш законски пари од буџетот, за нешто нечесно затоа што “морало” да се потрошат…”Инаку тој буџет го овозможи владата и парламентот, а беше наметнато од неколку преставници на меѓународната заедница кои притисокот го вршеа во правец дека ако не дадеме повисок буџет, тоа ќе било доказ дека сакаме да ја обструираме работата на обвинителството, затоа што биле потребни пари за сериозни истраги и слично.Подоцна видовме дека никакви сериозни истраги немаше, и дека тоа само било начин делумно законски и во еден дел не законски да ги корумпираат обвинителите да прават сѐ што треба и сѐ што ќе се побара од нив, само за да не ја загубат позицијата;Освен две обвинителки кои подоцна беа остранети како лица кои по теркот на Катица Јанева не се покажале како “тимски играчи” што преведено значи не се прилагодиле на не законското работење на СЈО, меѓу кои беше и обвинителката во СЈО Лејла Кадриу;предметите од тогаш веќе објавените снимки ги превземале од ОЈО со пријави напишани на едно ливче, колку да добијат број, а внатре ништо немало превземено бидејќи така било договорено, во смисла да ги превземе СЈО.Но, аудио матерјалиге ги добиле дури на 29 декември 2015 година, три и пол месеци од формирањето на СЈО.Ден претходно им било кажано на обвинутелите од страна на Катица Јанева дека не мораат да дојдат на работа тој ден, но обвинителката Лејла Кадриу која присуствувала на новогодишната прослава претходната вечер на која како што кажа многу се пиело и се лумпувало на државна сметка и со парите на граѓаните, сепак тој ден дошла на работа.Така случајно ги затекнала Зоран Заев и Радмила Шеќеринска како го предаваат БЕЗ ЗАПИСНИК аудио матерјалите и тоа не на единствен овластениот по закон да ги прими и да потпише записник - Катица Јанева, туку на четири други обвинители за кои обвинителката Кадриу кажа “очигледно тие беа главните а не Катица”, обвинутелите Ленче Ристовска, Фатиме Фетаи, Лиле Стефановска и Гаврил Бубевски.За Гаврил Бубевски јас се сеќавам во тоа време сите информации кои ги добивавме беа дека тој беше главната и најдоверлива врска на СЈО со партијата на власт СДСМ...“Значи во секое време може некој да додаде, да одземе”, вели Кадриу мислејќи на незаконски примените докази и матерјали без никаков записник…За четирите обвинители таа кажа дека биле пресреќни и воодушевени заради присуството на Заев и Шеќеринска во СЈО.Кадриу: “…На Катица и беше важно да излезе на телевизија дотерана, со чипка, како елка…сето друго беше во рацете на овие четири обвинители” посочи нивната колешка од СЈО.Лејла Кадриу за Ленче Ристовска: “ти земаш не законити материјали одушевена од Шеќеринска и од Заев, живи весели…јас си ја земав ташната, капутот и излегов. Јас нема да бидам дел од ова лудило. Јас нема да дозволам во обвинителството да влезат материјали кои не се со записник за примопредавање и нема да седам тука да ве дружам и да пијам кафе, и да се глупирам”Поранешната обвинутелка кажа дека самиот Бубевски кажувал дека без тој да дозволи ништо не може да помине. На забелешката на обвинителката Кадриу дека тоа е незаконско примање на матерјалите, тие кажале дека нема да прават записник за примопредавање.Таа додаде дека не требало да се согласат да ги примат на таков начин. “Газеа по законот”, вели Кадриу.“На сред колегиум ќе му заѕвони телефонот, ќе излезе, и доаѓа кажува што да правиме. На крај повеќе ми изгледаше дека тоа е штаб на СДСМ одколку СЈО кое треба да се занимава со истраги за криминал” вели за тогашниот член на тимот и обвинител во СЈО Лејла Кадриу.“Работите се надополнуваа. Се сеќавам едно поладне (по завршување на работното време во 17 часот) дојде Катица и најави специјални гости во СЈО. И во пет одам во салата и гледам четири адвокати на Зоран Заеев”, вели Кадриу, и забележува дека К.Јанева била позитивно превозбудена заради доаѓањето на “важните” гости.Ова е се во време кога СДСМ не е на власт, уште е ВМРО-ДПМНЕ на власт или можеби дел техничката влада.Јас знам како беше кога СДСМ дојдоа на власт, но да се задржиме на интервјуто на обвинителката Кадриу.Што била целта на адвокатите? “Да не убедувале да се даде позитивно мислење да се пуштат од притвор за предметот “ПУЧ”, и дека тука нема никаков криминал. И да де бара предметот да се одземе од ОЈО за организиран криминал за да го земе СЈО и да го затвори”.Кадриу кажа дека имала издвоено мислење за тоа.Предметот го добиле од ОЈО и не го ни отварале, само ги одложувале рочиштата неколку пати со образложение дека немаат време да го исчитаат.Кадриу: “Не се отвори никогаш, за да третиот пат отидат и се одкажат од гонење бидејќи немало докази…и денес ако го земат тој предмет да го отворат, сигурна сум дека уште си седи замотан во фолија како што беше добиен од ОЈО”, вели таа.Ова значи дека тогаш СЈО го излажале и судот и јавноста дека нема докази за предметот ПУЧ.СЈО според сведочењето на обвинителката Кадриу никогаш не провериле дали има или нема докази. Доволно им била посетата на адвокатите на Зоран Заев.Не ја отвориле кутијата со доказите. Не ја прочитале ни изјавата на Ѕвонко Ристевски во која мошне прецизно и ревносно кажал зошто снимал разговори на политичари и по чие барање. Едноставно ја спровеле наредбата од СДСМ.“Го гледав во ходникот предметот не отворен до крај”, вели Кадриу.Покрај другото ова значи дека аудио матерјалите СЈО ги добиле повеќе од еден месец од законски утврдениот рок во Законот за приватност, што значи дека истите се ништовни како доказ. Ако тоа не го регистрираат македонските судови, еден ден ќе го регистрира судот во Стразбург, кога ќе одлучува по некои од предметите.Инаку вистинската причина за доцнењето на доставување на аудио матерјалите од информации кои јас ги добив неколку месеци подоцна, не било случајно или заради бавност. На Зоран Заев му требало време да ги преслуша сите и да ги извади неговите и на нему блиските компромитирачки разговори, бидејќи како што изјави во признанието во ОЈО пред тоа човекот кој снимал во МВР - Ѕвонко Костовски , нарачките за снимање биле и за политичари од власта, и за политичари од опозицијата.Она што не го знае госпоѓа Кадриу е дека на 29 јануари 2015 година, или можеби беше 30 јануари, според информациите кои ги добив во тоа време, на СЈО биле предадени празни касети, колку да се покаже пред камерите и јавноста дека нешто се дава.Причината според нашите информации од тоа време е што Заев сеуште ги немал сослушани и доострането своите и на своите блиски аудио материјали. Истите тивко се заменети дури после празниците во јануари, кога Заев ја завршил работата.Кадриу: …”вербален деликт не постои. Мора да има матерјални докази….” Поранешната обвинителка на СЈО кажа дека советник на тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски дошол во нејзината канцеларија, да и сугерира кој уште треба да се опфати во предметите кои тогаш таа ги работела, по што од нејзина страна бил избркан од нејзината канцеларија. “Тој знаеше кој предмет јас го работам, информација која ја имаше само Катица”, вели таа објаснувајки дека само К.Јанева можела да го пушти како надворешно лице да влезе во зградата на СЈО.Кадриу: “Ти советник на политичко поставено лице, доаѓаш на мене како јавен обвинител под заклетва, да ми кажуваш јас што да правам со моите предмети? Надвор да те нема од канцеларијата, го избркав”, вели Кадриу.”…Тоа беше лов на вештерки”, вели Кадриу.“Ајде што ги примивме без записник сите материјали, но требаше да се создадат услови да се врши притисок на сите судии што глупост да напишат за тоа (обвиненијата) мора да помине. И за (аудио) матерјалите станат доказ, и за да се прифатат обвиненијата.Се правеше план како да се притискаат судиите. Сите беа под лупа. Да се соработува. Тоа не беше обвинителско професионално однесување, тоа беше каубојски однесување. А и после тоа, дај го, направи го…тоа беше сосема не законско однесување”, сведочеше пред јавноста екс обвинителката на СЈО Лејла Кадриу.Кадриу: “Се сеќавам имаше некое барање да се прибават некои списи од организиран криминал од ОЈО, кога претседател на кривичниот суд Скопје беше Владимир Панчевски. Тогаш добербата во судот беше 40-50%, ако не и повеќе. Се сеќавам дека претседателот на судот нe дозволи предметот да излегува од судот. Значи, имате потреба, дојдете, направете увид, во присуство на стручни соработници, под камери , повелете, што ви треба ќе се направат заверени копии, ќе се дадат.Тогаш требаше по секоја цена Владимир Панчевски да не биде таму. Тој беше проблем број еден и требаше по секоја цена да му се измисли нешто. Кога не можеа да му најдат ништо, почнаа да му измислуваат предмет за АКМИС.Во судовите ако (софтверот) АКМИС определи некој судија кој само што е избран, тој не може да го работи тоа. Затоа менаџира и законитоста е улогата на претседателот на судот…И во другите судови се постапуваше исто, но само на Владимир Панчевски му формираа предмет. Човекот работеше на законот начин а му се формираа предмети со селективна правда. Да беше за сите еднакво, ајде човек ќе рече, но овде беше селективна правда”.Кадриу: ”Теренот се припремаше за политичка егзекуција…не можев да гледам, не законито снимени, не законито донесени во институцијата. Тоа е повреда на постапката од самиот почеток. Крај!Требаше да се спреми терен за се да се прифати што СЈО ќе измисли…Значи луѓето работеа не законски!!!…Никој од странците не ни рече: не го почитувај законот! Застани во рамките на уставот и законите. И крај на приказната. Нема тука може-не може. Може и вака ама може и така, не е така. Уставот и законите се такви и мораат да се почитуваат како што се напишани. Во обвинителство не може да се примаат материјали без записник и примопредавање”, вели поранешниот член на тимот на Катица Јанева. Кадриу: “без записник за примопредавање, тоа не можеш ни да го користиш во постапка како доказ. Јас незнам како апелациониот судија дозволил, фактички ги легализирал, нешто што е примено без записник за примопредавање. Значи сѐ од старт поставено наопаку. И не вештачено.Отпосле, одкако се воспоствија работите, мислам дека господин Груевски беше во право кога велеше: “сечено, лепено, монтирано””., кажа екс обвинителката на СЈО во јавно сведочење на национална телевизија.”се сеќавам еднаш ми дојде едно писмо со некои фотографии на една маса поставени некои скрипти со ливче одозгора. Тоа беше пуштено од штабот на СДСМ. Дали вие имате услови да ги чувате предметите кои ќе во ги дадеме. Дали имате специјална каса? Ама тоа на една голема маса поставени така, после и се прибави сеф , но на секое ливче пишуваше “CALLS”. Не повици, не разговори, туку на англиски. На секој од тие предмети имаше “CALLS”. Ја прашав Катица зошто пишува на англиски. Немаше одговор”, сведочеше Лејла Кадриу. Кадриу за подоцнежниот главен јавен обвинител Јовевски: “него не го рачунаа ни два посто…”Обвинителката Лиле Стефанова барала специјално за неа да има и простор и апартман и кревет во обвинителството.за нејзиното остранување од СЈО Катица Јанева само ја известила обвинителката Лејла Кадриу дека веќе не е дел од СЈО бидејќи не била “тимски играч”.Кадриу го известила совет за јавни обвинители чии претседател ги примил и формирал комисија каде заклучиле дека Катица Јанева постапила не законски, ги пречекорила своите овластувања и ја злоупотребила својата службена положба и овластувања, правејќи им штета на нив двете како обвинители.Потоа Јанева јавно им се заблагодарила на соработката и изјавила дека нема доволен волумен на работа, па потоа по еден месец бара уште двајца обвинители за што била одбиена.обвинителката Кадриу кажа дела била сведок како требало да се купуваат коли, па се правеле специјални спецификација само за една врста, за да одпаднат сите други при јавна набавка, да се земат коли само од таа фирма што била договорена.Ова е уште една причина ОЈО да отвори предмет и да ги истражи набавките, покрај не законските приходи на обвинителите на СЈО.Обвинителката Кадриу: “Во случајот “ТЕНК”владата (во случајот МВР) не била обврзана да објавува јавен тендер, затоа што законот дозволува директна набавка бидејќи е специфична набавка, бидејќи тоа ќе се користи за специјални услови за заштита на нашите државни раководства, како и за гости кои доаѓаат, бидејќи таквите коли се изнајмуваат од други држави и се плаќаат огромни кирии за изнајмување на такви коли за ВИП делегации.Од човечки аспект и од професионален аспект сметам дека луѓето се земени на врат. Јанкуловска тогаш имаше бебе, ја одвоија и ја затворија за ништо! Државата тогаш немаше штета! Злоупотребата се сосостои во штетна последица.На кого е направена штета? Таа дури и спровела постапка за јавна набавка иако не била обврзана.Во СЈО на колегиум се зборуваше од кого ќе земаме коли, имаме договорено со него. Јас ги слушав разговорите, бидејќи не бев дел од тие што работеа на јавни набавки…зборувам само за тоа што моите очи виделе, и моите уши слушнале. Зборувам за тоа што активно, свесно го имам слушнати и видено”.разговорите што ги слушале во тоа време биле истите од оние што јавно беа објавени, не во подолгата верзија, бидејќи објавените беа кратени. Кадриу вели: “памтам дека еден од предметите беше за Мартин Нешковски. Го слушав тој разговор. Бидејќи беше пресуден предмет го прибавив предметот од судот. Да се види дали има или нема криминал. Прво што ми падна во очи беше што тој предмет беше потврден и во Стразбург. Потоа, јас го проучив предметот, направив стратегија да ги сослушам лицата кои се спомнуваат. Кој каде бил, што каде направил, со кого комуницирал. Каде се качил по втор пат, па како настрадал, како дошло до смртна последица. Тоа го испитував и дојдов до заклучок дека е многу чист (предмет)...на крај ништо не излезе од тоа. Сакаа да ја наведат јавноста дека некој убива во оваа држава. Сакаа да престават дека тие се ѕверови кои крадат и убиваат. Виновни сме ние како општество што еден аболициран криминалец ти станува премиер и ти ја раководи државата”.За снимката каде Заев бараше мито: “јавно се слуша евро за мене, евро за брат му, црква…” И одговараше ли за тоа?…дел од екипата во СЈО и викале на Кадриу: “молчи бре Лејла не прави проблеми. Четири илјади евра ќе имаш плата, бонуси, чуда…Државата ја губиме, од корен ја сечеш државата, а ние ќе измислуваме…” за поранешниот главен јавен обвинител до 2017 година, Марко Зврлевски (сега покоен) и за искуствата потоа: “никогаш не ми се случило во мојата кариера додека тој човек раководеше, сум одела да реферирам предмети, што е нормална процедура по хиерархија и субординација, никогаш не ми се случило мене некој да ми упаѓа во предмети.Со овие од СДСМ…, ти упаѓаат во предмети и министерот за внатрешни Оливер Спасовски (министер за внатрешни и премиер во време на СДСМ) ќе ти кажува што ќе правиш, и Јовевски (главен јавен обвинител во време на СДСМ),да се направи вака, да се направи така, ќе се јавува во ОЈО вака-така да се прави…Кафриу за предметот бонуси на СЈО: “тоа е тоа што се бараше како да се потрошат парите. Се измислуваа и се излегуваше од рамките на законот. Тоа не смееше да го дозволат ниту обвинителите, ниту таа (Катица Јанева) немаше право тоа да го дозволи. Се знае обвинителска тоа плата колкава е, додатоци за доверливост, ризик и сл. може до 35%. Тие не смееле да излегуваат од тие 35%, а тие на тие 35% уште по 2.000 евра…и тоа е тотално не законски”.За првиот заменик на Катица Јанева, обвинителката Ленче Ристовска: “таа секогаш сакаше да изигрува жртва, можеби има некој здравствен проблем”.за прифаќањето на Јовевски наредба потпишана во притвор од страна на Катица Јанева: “тоа е изигрување на законот. Како од криминалец ти ќе земаш записници од човек во затвор”.Обвинутелката на СЈО говореше и за други случаи, како разговорот со Оливер Спасовски за водоводот во селото Синичани, од каде чувме и снимка веќе објавена како истата обвинителка се спротиставува на Оливер Спасовски.Исто така и за трагедијата со пожарот во модуларната болница во Тетово каде 14 болни изгореа и починаа, каде била повикана на испомош од дежурен колега, Кадриу изнесе фрапантни податоци дека на местото на настанот пристигнал главниот јавен обвинител Јовевски со два обвинители да го приклучат на случајот, со цел да ја држи ситуацијата под контрола.“Ние спроведуваме истрага…како дошло до пожарот како е изградено тоа, и се воспостави дека за таа модуларна болница средствата се обезбедени од светската банка вкупно 90 милиони долари, од кои 30 милиони за 10 модуларни болници.Направени се од рециклирани матерјали. Кога се распрашував колку чинат панелите со камена волна која не гори 40 минути, а колку чинат рециклирани матерјали со пулпен пени, излезе дека во тоа време дека е 17 евра ова што е безбедно 40 минути, а ова со пулпен пените не е ни 5-6 евра, ако се пресметува тие 10 модуларни болници не можат да чинат повеќе од 300 илјади евра за сите 10, а потрошени се 30 милиони евра.И што е најцрно во сѐ, кога се издаде наредба да се направи вештачење од страна на вештак по електро техника, дојде известување дека причинско-последичната врска за настанување на пожарот е лошо инсталирана електрична енергија.Значи кога се ставил тој апарат во утикач, повлекол огромна количина на струја, немало прекидачи, нема разводна табла, затоа доаѓа струјата, не ставиле разводна табла.И тука прво пропустот е на министерот за здравство, во тоа време Филипче бидејќи тој ја составил спецификацијата без да има елаборат за електрична енергија и без противпожарен елаборат.Пописот на работните задачи кои ги има Министерството за здравство, објавува оглас, а го спроведува Министерството за труд и социјална политика. Значи разводнување, но на крај се воспостави дека причинско- последично врска е лошо инсталирана електрична енергија...”“…при распрашувањето на медицинскиот директор, тој кажа дека им понудил два не опремени ката од тетовската болницата и само да ја опремат и да се справуваме со Ковид. Владата инсистирала дека мора да се гради модуларната болница, парите мора да се потрошат, а модуларната болница е ставена до бензинската пумпа до болницата, до резерварот…”“…тука не е направен ни технички прием при предавање, на економскиот директор му бил даден клучот. Овие директори воопшто не учествувале ниту во набавката, ниту во изградбата. И сега овие двајца се осудени, а овие што го направија тоа се не осудени. Страшна работа.И тогаш ме суспендирана бидејќи барав дополнително да се направи и градежно вештачење, е тогаш ме суспендираа од работа…Треба пола влада во затвор да отиде…главната одговорност лежи во тој што го објавил огласот, што ги издвоил средствата за тоа, министерот за здравство, заедно со комисијата што ја спремала спецификацијата и изведувачот на работи. Тој не смеел да поставува струја, а да не предвиди склопни табли кои ќе спречат довод доколку дојде до вакви работи”, сведочеше јавно поранешната обвинителка во СЈО.Кадриу: “и во тоа време со уредба со законска сила (време на Ковид), носат уредба за издавање лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели...тие треба да одговараат за тоа”“, вели Груевски.

Коментари | пред 1 ден

1 ден
avtopat

Целосен прекин на сообраќајот Скопје–Македонски Брод преку Јасен во два термина

Од АМСМ најавуваат целосен прекин на сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Ј.П. Јасен во одредени термини во текот на денот.„Сообраќајот на релација Македонски Брод – Скопје ќе биде во прекин од 10:30 до 11 часот, додека од Скопје кон Македонски Брод прекинот ќе трае од 12 до 12:45 часот“, информираат од АМСМ.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library6b15u79sfgu8eZdKazH

Девијација на патот Куманово-Скопје кај Хиподром по судир меѓу камион и автомобил

Поради случена сообраќајна незгода воведена е девијација на патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром, информираат надлежните служби, апелирајќи до возачите на внимателно управување со возилата и почитување на поставената сигнализација.Според информациите ноќеска камион се запалил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром, по сообраќајна несреќа во која учествувал и патнички автомобил.Засега нема податоци за состојбата на возачите и евентуалните патници. На терен веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош и противпожарни служби. Причините за судирот и за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат, а од надлежните се очекуваат повеќе информации во текот на денот.

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-libraryk39pjnsl8acf39mVdFp

Магла на Плетвар, Стража и Крушево, слаб снег на Попова Шапка – внимателно на патиштата

Сообраќајот на државните патишта низ земјата се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но снегот засега не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и Крушево до 30 метри.Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март 2026 година.Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај, според кој патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
ovci-vo-sneg

АХВ: Потврдени нови жаришта на сипаници кај овци во Липково, преземени итни мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека по потврдените случаи на сипаници кај овци и кози во липковско се преземаат сите пропишани мерки за контрола и спречување на ширењето на болеста. Оттаму посочуваат дека извозот на јагнешко месо не е доведен во прашање, додека во сила се рестрикции за движење на живи животни и работа на добиточни пазари.„Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира граѓаните на Македонија дека Агенцијата за храна и ветеринарство како сериозна државна институција која е надлежна за здравствената заштита и благосостојба на животните, по добивањето на позитивен резултат за присуство на болеста сипаници кај овци и кози на ден 27.01.2026 година веднаш го пријави случајот од листата А болести на Европската Унија до Информациониот систем на болести кај животните (ADIS) и WAHIS системот на Светската организација за здравје на животните (WOAH), во кој јасно се наведени заштитните и контролните мерки кои треба да се превземат од страна на Агенцијата. Со цел да се подигне јавната свест на сите засегнати страни, Агенцијата преку ветеринарните друштва и Ветеринарната комора го достави Решението за контрола на болеста во регионот на Лопате, односно во заштитната зона од 3 километри и зоната под надзор од 10 киломентри околу одгледувалиштата со цел навремено информирање на сточарите во однос на појавата на болеста. Дополнително, на ден 30.01.2026 и 02.02.2026 година беа потврдени резултатите за присуство на болеста на уште 2 одгледувалишта на овци во населено место Лопате, општина Липково, при што нештетно се уништени и закопани сите заболени животните од наведените одгледувалишта. До сега официјално забрана за увоз и транзит на живи животни од видовите овци и кози, како и на герминативни производи, кожи, крзно, волна и влакна од овци и кози, со потекло од целата територија на Македонија имаме добиено само од Албанија, но забраната не се однесува на производи од животинско потекло – извоз и транзит на територијата на Албанија, при што воопшто не е доведено во прашање извозот на јагнешко месо и производи од месо во Европската Унија и регионот. Во регионот болеста е присутна на територијата на Грција со 1532 жаришта на болеста, во Бугарија 129 жаришта на болеста, во Србија со 3 жаришта. Докторите по ветеринарна медицина максимално професионално се справуваат со болеста на терен, при што во најкраток можен рок се постапи во сите одгледувалишта во опфатената заштитна зона согласно Решението на директорот. Од тие причини, Агенцијата ја забрани работата на сите добиточни пазари за сите приемчиви животни, одржување на изложби или друг вид на спортски настани на целата територијата на Македонија, освен доколку истите се движат кон одобрен објект и оператор со храна – кланица за домашни чапункари. Суровото млеко добиено од животните и производите добиени од тоа млеко може да се стават во промет по термички третман/пастеризација на 72°C во времетрање од 15 минути на одгледувалиштето или во одобрен објект и оператор со храна од животинско потекло – сурово млеко и производи од млеко во зоната под надзор, што опфаќа територија околу позитивното одгледувалиште од 10 километри. Суровото млеко и производи од млеко надвор од рестриктивните зони може да се употребува.Не е точна констатацијата дека „вистинската слика ќе се знае дури по 42 дена откако ќе изминат два инфективни циклуси“, од причина што во стандардот за копнени животни на Светската организација за здравје на животните (WOAH) и Европската легислатива, наведено е дека инкубациониот период на болеста е 21 ден од денот кога здравите животни ќе дојдат во контакт со заразено животно.Агенцијата за храна и ветеринарство не е надлежна за одредување на цената на јагнешкото месо, туку за олеснување на извозот на истото преку потврдување на здравствениот статус на животните со издавање на ветеринарно – здравствен сертификат.Во однос на исплатата на заостани обврски за ветеринарните друштва, Агенцијата посветено работи на исплата на заостанатите обврски и превземање на активности согласно одобрените финансиски средства од Буџетот на РСМ и средства од самофинансирање со цел навремено спроведување на сите активности, вклучително и активностите кои не се предвидени со истото, како што се болестите сипаници кај овци и кози, чума кај мали преживари па и други новопојавени болести кои не се предвидени со Програмата за здравствена заштита и Годишната наредба за здравствена заштита“, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Врнежи од дожд низ земјата, снег на повисоките планини и засилен ветер

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања