1 ден
media-librarykdobgsm4jilr9zopxjB

ВМРО-ДПМНЕ: За шверц на дрога нека го прашаат Зоран Заев и Зоран Верушевски

Наместо да пишуваат глупости и за дрогата да го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме Томовски да биде крив и за вчерашниот земјотрес, нека се позанимаваат со вистинските одговори за дрогата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.„Како адресата на запленета марихуана се фирми блиски до Заев?За шверц на дрога нека го прашаат Зоран Заев и Зоран Верушевски?Тие двајца ќе образложат детално“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-librarycc773iu2qt3f5AdCrRJ

Пецаков: Охрид бил и ќе остане светски, започнуваме нова ера на засилена грижа

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информираше дека вчера и денес во Париз бил дел од државната делегација која остварила клучни средби во седиштето на УНЕСКО. Според него, посетата е од исклучително значење, бидејќи за првпат градоначалник на Охрид остварува директна средба со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани.Покрај оваа средба, делегацијата разговарала и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, како и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб. Пецаков посочи дека како градоначалник негова должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство.Тој нагласи дека на средбите јасно биле пренесени позициите на локалната и централната власт, дека Охрид претставува врвен приоритет и дека во тесна соработка со Владата се останува целосно посветен на спроведување на препораките за заштита. Според него, се работи на долгорочна и одржлива стратегија која ќе обезбеди зачувување на статусот на Охридскиот Регион на Листата на светско наследство.Пецаков истакна и подготвеност за продолжување на соработката со Република Албанија, нагласувајќи дека заштитата на езерото и регионот бара заеднички пристап и координирано делување. „Охрид бара лидерство и конкретни дела“, порача градоначалникот, додавајќи дека посетата на Париз е почеток на нова ера на транспарентна и засилена грижа за природното и културното наследство.„Охрид бил и ќе остане светски“, заклучи Пецаков, најавувајќи продолжување на активностите со конкретни чекори во насока на заштита и унапредување на регионот.

Охрид | пред 1 ден

1 ден
potkup

Уапсен Албанец, ставил пари во пасошот за да изврши поткуп на Граничен премин Блато

На 10 февруари 2026 година, околу 20:25 часот, на Граничен премин „Блато“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ го лишија од слобода Б. Ц. (33) од Република Албанија, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ според член 358 од Кривичниот законик.При пасошка контрола при излез од државата, осомничениот во неговата патна исправа ставил пари и го известил полицискиот службеник, со што се стекнале основи за сомнение за сторено кривично дело.Албанскиот државјанин е задржан во Полициската станица Дебар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryitdig9m5ig8363zU6ir

(Видео) Tензии во Тирана: Огномет и молотови коктели кон зградата на премиерската канцеларија, повредени 16 полицајци

Антивладините протести во Тирана завршија со насилство и судири со полицијата, откако демонстрантите ја зголемија тензијата барајќи оставка од премиерот Еди Рама поради обвиненија за корупција. Меѓу инволвираните има повредени полицајци, приведени демонстранти и причинета значителна материјална штета.Акцијата, организирана од здружената опозиција предводена од Демократската партија, започна мирно во центарот на главниот град, но вечерта ескалираше кога дел од демонстрантите почнаа да фрлаат огномет и молотови коктели кон зградата на премиерската канцеларија.Полицијата одговори со водни топови и солзавец, а на терен беа распоредени околу 1.400 припадници на редот. Според официјални податоци, приведени се 21 лице, меѓу кои и четворица тинејџери. Исто така, полицијата запленила 22 неексплодирани молотови коктели и шишиња со запалива течност. Во немирите најмалку 16 полицајци се здобиле со повреди, додека албанските медиуми јавуваат и за повредени демонстранти. Во хаосот било запалено и едно возило на телевизијата ABC.Демонстрантите извикуваа „Рама, оди си“ и побараа оставка и од вицепремиерката Белинда Балуку, која е предмет на истрага за корупција. Поранешниот премиер и лидер на опозицијата, Сали Бериша, изјави дека „бунтот е единствениот начин да се отстрани Еди Рама“, истакнувајќи дека владата ги оставила граѓаните без поддршка во време на кризи.Од владејачката Социјалистичка партија возвратија дека нападите врз полицијата претставуваат напад врз државата. „Кој кренал рака против полицијата, кренал рака против државата“, изјави шефот на парламентарната група Таулант Баља.Опозицијата најави дека протестите ќе продолжат сè додека не се најде политичко решение за кризата, додека властите најавија темелна истрага за насилствата и одговорност за сите инволвирани.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Уапсени седум возачи без возачка дозвола, од нив двајца малолетници

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-librarylcum5h3dm5kqed7nxNn

Во Европа по пошта испратени повеќе од милијарда лажни евра во кеш – повеќето од Кина

Полициите од 18 земји спречиле пласирање на фалсификувани пари чија вредност се проценува на 1,2 милијарди евра. Станува збор за операцијата DECOY III, која ја координираше Европол, а ја предводеа Австрија, Португалија и Шпанија. Целта на заедничката царинска и полициска акција беше сузбивање на криминални мрежи кои лажната валута ја дистрибуираат преку поштенски пратки, соопшти Европол.Над 90 отсто од запленетата фалсификувана валута е поврзана со пратки од Кина, што укажува дека таа земја е главен извор на фалсификувани пари кои пристигнуваат во Европа.Само романските власти фатиле повеќе од 4,8 милиони евра во банкноти со изменет дизајн и откриле складиште со повеќе од 223.000 фалсификувани банкноти испратени од Кина. Покрај тоа, во три одделни заплени во Португалија, Обединетото Кралство и САД откриени се повеќе од 220.000 фалсификувани монети во евра, фунти и американски долари. Сите пратки исто така се поврзани со Кина.За време на оперативната фаза, која траела од јуни до ноември 2025 година, властите заплениле 379 пакети со лажни пари. Тие заплени довеле до отворање на 70 нови истраги против криминални мрежи. Резултатите од акцијата се објавени сега, по завршувањето на оперативната фаза и анализите.Службениците вкупно пресреле повеќе од 7 милиони фалсификувани предмети, вклучувајќи 4,8 милиони банкноти и монети во евра, 2,3 милиони во американски долари, 23.302 во британски фунти и 4.800 во швајцарски франци.Во операцијата учествувале властите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Турција, Обединетото Кралство и САД.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-libraryj863qim01k3i5jVqpb0

Уапсена криминална група што подметнувала експлозии на банкомати во Италија, меѓу нив и Србин

Криминална група составена од четворица Италијанци и еден Србин е уапсена во понеделник во Италија. Тие се сомничат дека подметнувале експлозии на банкомати низ целата земја.Групата најпрво ограбувала во регионот Апулија, а потоа се преселила на север, каде извршила околу 20 кражби. Четворицата Италијанци се во дваесеттите години од животот, а Србинот има 30 години. Тие беа уапсени во понеделник на зор, тројца од нив се испратени во затвор, додека другите двајца се на слобода, но се под истрага.Истражителите веруваат дека успеале да ја идентификуваат групата, која имала логистичка база, дефинирани улоги и вештини, и дека детално го планирала своето движење. Се претпоставува дека кражбата на возилата, кои ги користеле за транспорт, исто така била дел од нивната операција.Полицијата запленила две експлозивни направи подготвени за употреба, кои биле пронајдени во возило паркирано во близина на еден банкомат.Според италијанските медиуми, осомничените користеле специјална експлозивна направа за разурнување на банкоматите. Станува збор за метален цилиндер во кој се става околу половина килограм барут со фитил.Направата се поставува во претходно направен отвор на банкоматот, по што следува силна детонација што ги разнесува заштитните капаци и овозможува пристап до сефот со пари. Целата операција траела само неколку минути, што им овозможувало брзо да го земат паричниот износ и да избегаат пред доаѓањето на полицијата.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-libraryqpm5c4m907kcdREJDa2

Наследството на Томаж Пандур живее: Наградуваната монодрама „Безгрешна“ на сцената на МНТ

На 3 април, на сцената на Македонскиот народен театар, гостува Драмата при Словенечкото народно гледалиште од Марибор (СНГ) со монодрамата „Безгрешна“ (Immaculata), сценско остварување инспирирано од романот „Маријиниот завет“ на Колм Тојбин и создадено како омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур.Гостувањето е дел од програмата со која МНТ продолжува со одбележувањето на својот јубилеј – 81 година од постоењето, во рамки на роденденската прослава на театарот.Претставата ја раскажува приказната за Марија, востоличена како Мајка Божја, која во оваа сценска адаптација добива уште поинтимна, поблиска и покондензирана форма. Во осаменото мапирање на пејзажите на нејзините исповеди, Марија ја раскажува својата вистина за настаните, кои го променија светот, преиспитувајќи ги сите големи идеи. Токму преку тоа преиспитување, тие идеи остануваат живи, како што сугерира и делото, идеите умираат ако не се доведуваат во прашање. Во улогата на Марија настапува Наташа Матјашец Рошкер, а драматизацијата и адаптацијата се потпишани од Ливија Пандур и Томаж Пандур. Претставата досега има добиено бројни меѓународни признанија, меѓу кои и Наградата за најдобра актерка за Рошкер на фестивалот „Мителфест“ во Чедад, Италија, во 2021 година.„Страсно верувам во моќта на театарот и сите мои дела се архетипови на ритуал“, велеше Томаж Пандур, режисер чиј уметнички опус остави длабока трага во словенечкиот и светскиот театар. Исклучително е тешко, ако не и речиси невозможно, да се заокружи неговата биографија. Пандур до самиот крај остана верен на својот уметнички принцип и препознатлив стил, несебично споделувајќи ги своите визии, соништа, осамености, стравови и ентузијазам со соработниците. Седум години го водеше театарот во Марибор, а од својата прва професионална претстава „Шехерезада“, до последната, „Фауст“, експериментираше со квинтесенцијата на театарскиот материјал, поврзувајќи и деконструирајќи митски, архетипски и трансцендентални пејзажи. Неговата работа беше постојан обид за надминување на формите на реалноста и истражување на односите меѓу човечкото и божественото, живите и мртвите, времето и просторот, конечноста и бесконечноста.„Преку својата глобална визија, Пандур ја артикулираше волјата за остварување на вистината и смислата на животот, каде што, зад тишината, секогаш стојат имагинацијата и убавината“, истакнуваат Ливија Пандур, драматург и театарска авторка и Бранко Јордан, театарски автор и есеист. Во центарот на „Immaculata“ е жената, која историјата ја претворила во слика, догма и инструмент на верата. Марија, мајката на Исус, трага по смисла во раните, кои никогаш не можат да зараснат, обидувајќи се да се сети на зборови, лица и фрагменти поврзани со смртта на нејзиниот син. Преку оваа исповед, претставата ја прикажува Марија како жена од месо и крв, избришана од историјата и злоупотребена од насилната религија, но и како фигура, која со тишина и сомнеж ги отвора најдлабоките прашања за верата, загубата и човечката болка.„Ако олтарот е таму каде што клечиме, тогаш мојот олтар е сцената“, вели Ливија Пандур, која „Immaculata“ ја доживува како длабоко личен и театарски чин, посветен на Томаж Пандур. „Immaculata“ има реализирано значајни меѓународни гостувања, меѓу кои Театро Еспањол во Мадрид (2017), Конхунто де Артес Есценикaс во Гвадалахара, Мексико (2017), Театар А. Ристори во рамки на фестивалот Мителфест во Италија (2020), фестивалот СОЛО во Москва (2021), како и 10. Театарска олимпијада во Будимпешта во 2023 година. Гостувањето на „Immaculata“ во МНТ е дел од роденденската програма на театарот, кој минатата година одбележа 80 години од постоењето од првата изведена претстава на 3 април 1945 година. Годинава, прославата се надоврзува на таа традиција, со ново проширување — рецентни меѓународни гостувања и настапи на светски познати уметници, како сведоштво за континуитетот и современата визија на театарот.Билетите за претставата се во продажба онлајн и на билетарницата во МНТ.

Магазин | пред 1 ден

1 ден
Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

„Мафија на лажни просјаци“ дејствува околу Клиничкиот центар во Скопје, алармира доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека околу клиничките објекти во Скопје дејствува организирана група лица кои, според него, се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а всушност станува збор за добро координирана мрежа што прибира значителни суми пари од граѓаните.„Најсиромашните што движат по клинички, скромни стуткани луѓе со секакви маки дојдени по болнициве најчесто се жртва и даваат пари на овие хоштаплери што глумат просјаци и инвалиди а не се, најверојатно и делат со нив од последните парички. Стратешки се распоредени по клинички.Ве молам денар да не им давате, цела мафија се организирана секој ден илјадници денари укрупнуваат по локални продавници дури и во црквата на клинички, заработуваат повеќе од сите нас, пред некој ден оред мои очи 7000 денари укрупни еден од нив! Со кола доаѓаат со кола си одат. Да сум власт, ова се треба на долго време да се затвори за пример“, напиша доктор Лазаров.

Коментари | пред 1 ден

1 ден
lavrov

Лавров по коментарите дека Епстин бил руски агент: Ова не вреди ни за дискусија

Тврдењата на западните медиуми дека американскиот финансиски инвеститор и сексуален престапник Џефри Епстин можеби имал врски со руските разузнавачки служби не се ништо повеќе од лажно новинарство, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.Дипломатот реагираше на неодамнешните недокажани тврдења во западните медиуми и коментари на полскиот премиер Доналд Туск, кои сугерираат дека Епстин можеби бил агент на руските разузнавачки служби.Високите претставници во Москва рекоа дека тврдењата кои го поврзуваат Епстин со руските разузнавачки служби намерно се засилуваат за да се тргне вниманието од скандалот кој го откри лицемерието на моќните личности во САД и Европа.„Влегувате во жолто новинарство. Ова не вреди ни за дискусија. Тоа е обид за провокација од земји кои на одредени кругови во други земји случајно не им се допаѓаат“, изјави Лавров во интервју за НТВ емитувано во неделата.Тој додаде дека таквите шпекулации имале за цел да влијаат и на Републиканската и на Демократската партија во САД, како и на владите во Европа.Минатиот месец, Министерството за правда на САД објави голема количина на е-пошта, фотографии и видео снимки од имотот на Епстин, што доведе до повторно испитување на истакнати личности кои биле поврзани со Епстин, и покрај неговата осуда за сексуални злосторства.Декандентниот животен стил на Епстин и начинот на живеење на неговиот потесен круг претставуваат доказ за моралниот пропаст на западните елити, изјави Лавров. Досијата, додаде тој, „го откриле вистинското лице на Западот и на длабоката држава – или подобро кажано длабоката унија која управува со целиот Запад и се стреми да владее со светот“.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-libraryg9cvddih71i75fzrYme

(Видео) Снимки од Скопје, Тетово и Призрен сведочат за силината на вчерашниот земјотрес

Снимки сведочат за синоќешниот земјотрес од 4,6 степени според Рихтеровата скала.Во Скопје потресот се случи за време поткастот „Естраден лексикон“.Во Тетово е забележан од надзорни камери на објект.Во Призрен преку надзорни камери во маркет.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

„Стоп за Усје“ бара 24/7 мерење во реално време, од Кисела Вода појаснуваат: Станиците не можат да се интегрираат во AirCare

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ јавно алармира дека податоците за загадувањето од индустриската печка во Усје не се достапни во реално време, иако, според нив, постојат технолошки услови за нивно непрекинато следење. Од иницијативата тврдат дека проблемот не лежи во опремата, туку во одлуката на институциите информациите да не ѝ бидат целосно достапни на јавноста. Ова доаѓа о покрај уверувањата на фабриката дека загадувањето не доаѓа од нивниот круг.Како што наведуваат, до Општина Кисела Вода било доставено барање мерната станица поставена во дворот на Усје да овозможи јавно мерење 24 часа дневно, со директна интеграција во апликации за следење на квалитетот на воздухот, меѓу кои и AirCare. Од општината, според иницијативата, било одговорено дека мерните станици не располагаат со систем што поддржува 24-часовна достапност на податоците.„Стоп за Усје“ го отфрла ваквиот одговор како неточен, тврдејќи дека мерната станица е модел „Aeroqual AQS-1“, уред кој, според техничките спецификации, поддржува континуиран онлајн пренос на податоци преку различни комуникациски канали, вклучително и безжична мрежа и мобилен интернет, како и интеграција преку облак и програмски интерфејс.Иницијативата дополнително наведува дека уредот има можност да мери не само ПМ10 и ПМ2,5 честички, туку и сулфур диоксид и азотни оксиди, гасови кои се поврзуваат со согорување на петролкокс и јаглен. Според нив, овие параметри во моментов не се прикажуваат јавно.Наместо континуирани податоци во реално време, како што посочуваат, институциите објавуваат селективни дневни извештаи во ПДФ-формат, што, според иницијативата, не претставува вистинска транспарентност. „Проблемот не е технологијата, туку одлуката податоците да се кријат“, се наведува во нивното соопштение.Од иницијативата потсетуваат дека мерната станица била поставена во 2024 година, кога тогашниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјавил дека здравјето на граѓаните мора да биде на прво место и дека е потребен неселективен ангажман на градските и централните власти. „Сега е 2026 година – кој е на потег?“, прашуваат од „Стоп за Усје“, барајќи институционална одговорност и целосна јавност на податоците.Иницијативата апелира до граѓаните активно да се вклучат и да извршат притисок врз институциите, оценувајќи дека станува збор за прашање од јавен интерес кое директно се однесува на здравјето и квалитетот на живот во градот.Сепак УСЈЕ тврди дека загадувањето не доаѓа од нивната фабрика.

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-librarygppscdk6ggjc8QsKz9n

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила изгореа, едно лице тешко повредено

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 10 февруари 2026 година, околу 23:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје–Куманово, пред клучката за обиколницата на Скопје, се случила тешка сообраќајна несреќа меѓу патничко и товарно возило.Во несреќата учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (25) од селото Бујковци, скопско, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од селото Брест, штипско. По судирот, двете возила се запалиле и целосно изгореле.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, а повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

Настани | пред 1 ден

1 ден
media-library7q5pgf9g6efie7VUsn3

Идентификувана жената која изврши масакр во Канада: Мотивот е нејасен

Полицијата ја идентификуваше жената осомничена за пукањето во Канада, но во овој момент не го објавува нејзиното име.Истражителите сè уште го утврдуваат мотивот за нападот, како и врската помеѓу осомничениот и жртвите, објави Асошиејтед Прес.Кен Флојд, началник на Канадската кралска коњичка полиција (RCMP), им изјави на новинарите дека осомничената е идентификувана, но дека нејзиното име нема да биде објавено.„Мотивот за напаѓачот останува нејасен. Сè уште истражуваме како жртвите биле поврзани со осомничениот“, додаде Флојд.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

СДСМ за случајот со марихуаната: Без поддршка и логистика на структури во власта ваков шверц не би бил возможен

11 дена молк од власта. Нема одговор како 5 тони дрога, по некои проценки вредни 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија, велат од СДСМ. „Кој ќе одговара? Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка. Без поддршка и логистика на структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции – ваква шверцерска операција на дрога не била возможна. Дополнително, последните информации објавени во медиумите во Србија отвораат нови сомнежи. Медиумите наведуваат дека уапсениот функционер на СНС (сестринска партија на ВМРО) кој се поврзува со откриените 5 тони дрога во Крушевац – Србија, е близок со министерот за одбрана, Братислав Гашиќ. Доколку овие информации се точни, се отвораат нови прашања. Дали нарко - скандалот води до Томовски, директор на СОЗР и ново назначен организациски секретар на ВМРО? Каква е поврзаноста на фирми на роднини на Ивица Томовски? Јавноста очекува одговори. А одговорност ќе има, за сите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ нема да постапува по анонимни пријави – иницијативите мора да бидат уредно поднесени

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од 1 јануари 2026 година нема да постапува по анонимни пријави за инспекциски надзор. Сите иницијативи мора да бидат уредно потпишани и да содржат точни податоци за подносителот и предметот на надзорот.„Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата ПОДНЕСETE ПРЕТСТАВКА објавена на интернет страната на Агенцијата https://fva.gov.mk/mk/contact/podnesete_predstavka), електронски на info@fva.gov.mk, pretstavki@fva.gov.mk, како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена.Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library9of59iu078er9CBTl7b

Стотици српски производители на млеко на протест, бараат да се намали увозот

Стотици производители на млеко од централна Србија, незадоволни од цената, откупот и неконтролираниот увоз на млеко, денеска со трактори ќе ги блокираат делови од Ибарска магистралаТие исто така планираа да истурат стотици литри млеко, со барање државата да воведе прелевмани (заштитни такси) со цел да се намали увозот на млеко и млечни производи и да се заштити домашното производство.Блокадата ќе биде од 13 до 15 часот. Во изјава за српски медиуми тие нагласуваат дека состојбата со производството на млеко е „десет пати полоша отколку во 2023 година, кога беа воведени прелевмани“.Производителите бараат итно воведување квоти и давачки за увоз на млеко и млечни производи и нивна контрола на границата и продолжување на откуп од млекарниците каде што е прекинат.Тие се подготвени да разговараат за проблемот со премиерот Ѓуро Мацут доколку тој покаже интерес за тоа.Претседателот на Здружението на одгледувачи на добиток на Централна Србија, Милија Паламаревиќ, изјави дека околу 300 производители на тоа здружение ќе го блокираат патот со трактори на патот Крагуевац – Краљево околу 13:00 часот.Според него, производителите ќе истураат млеко пред компанијата, која е голем увозник на млеко и млечни производи. Паламаревиќ рече дека некои купувачи плаќаат помалку од 20 динари за литар млеко. Млекарите од Србија долго време се борат за опстанок, а на крајот на јануари 2025 година ги блокираа регионалните патишта 24 часа.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-library4e3ieeaktcjacUWbhRJ

ДОМ бара реални реформи и отчетност: Корупцијата не смее да се релативизира туку треба да се препознае

Демократска Обнова на Македонија (ДОМ) со загриженост ги следи податоците објавени од страна на „Транспаренси Интернешанл“ за перцепцијата на корупцијата во 2025 година, според кои Македонија е рангирана на 84-то место од 180 земји.Со скоро идентични поени како и минатата година овој извештај покажува дека нема суштински напредок во справувањето со овој децениски проблем во нашата земја, велат од ДОМ.„Корупцијата продолжува да биде системски предизвик за нашето општество кој ја поткопува правната држава, економскиот развој и довербата на граѓаните во институциите.Стагнацијата во реформите, недоволното спроведување на законите, слабата отчетност на функционерите, а особено и недоволно транспарентната процедура на измените на Кривичниот законик ја оставаат нашата земја заглавена во површни резултати и покрај тоа што транспарентноста и отчетноста треба да бидат темел на една модерна демократска држава.Потсетуваме на нашите јасни позиции од изминатиот период дека борбата против корупцијата мора да биде врвен приоритет, а не само декларативна заложба. Тоа значи:🔹 Воведување строги и јасни механизми за проверка на интегритетот на јавните службеници и функционери, вклучително автоматско објавување на имотните листи, судири на интереси и обврска за суспензија при основано обвинение.🔹 Формирање на независен антикорупциски инспекторат со реални институционални овластувања и санкции.🔹 Јавно достапни истраги и пресуди за случаи на висока корупција кои ќе бидат без политички притисоци и без селективни практики.🔹 Реформи во судството и обвинителството кои ќе овозможат целосно и професионално спроведување на законот.ДОМ оценува дека без суштински реформи, транспарентност и отчетност, Македонија ризикува уште повеќе да се продлабочи недовербата на граѓаните во институциите и државата воопшто, особено на младите кои веќе масовно ја напуштаат државата поради недостаток на перспектива.Корупцијата не смее да се релативизира туку треба да се препознае како сериозна општествена болест која ја загрозува довербата, слободата и иднината на граѓаните. Во пресрет на ваквите предизвици ДОМ ги повикува сите политички субјекти, здруженија и граѓани на заедничка, принципиелна и ефикасна борба против корупцијата, со конкретни промени кои ќе донесат видливи резултати наспроти декларативните заложби кои постојано ги слушаме од сите владејачки гарнитури“, се наведува во соопштението на ДОМ.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
1680676725_Tramp-5-696x464

(Видео) Трамп: Воведов царини кон Швајцарија бидејќи не ми се допадна тонот на премиерката

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју со Лари Кадлоу објасни зошто вовел царини за Швајцарија, откривајќи дека ги зголемил бидејќи не му се допаднал тонот со кој една швајцарска официјална личност разговарала со него.Трамп наведе дека поради трговскиот дефицит од 42 милијарди долари вовел царина од 30 отсто, која по спорниот телефонски повик ја зголемил на 39 отсто.Гостувајќи на Fox Business, Трамп објасни дека имал инцидент со Швајцарија, која ја опиша како „многу убава земја“, затоа што не плаќала царини и испраќала стока во САД во неверојатни количини. Поради тоа, тврди претседателот, САД имале дефицит од 42 милијарди долари.„Реков дека мораме нешто да превземеме за да го урамнотежиме тоа“, изјави Трамп, додавајќи дека вовел царина од 30 отсто, што ја оцени како многу ниска.„Примив итен повик од, верувам, премиерката на Швајцарија“, рече Трамп. Сепак, Швајцарија нема премиер, туку ја води седумчлено Сојузно советување. Трамп појасни дека телефонскиот разговор со Карин Келер-Цутер, претседателка на Сојузното советување за 2025 година, станал напнат.„Не ми се допадна начинот на кој разговараше со нас, па наместо да ги намалам царините, ги зголемив на 39 отсто“, изјави тој.Минатиот месец Трамп објави дека се согласил да ја намали царинската стапка од 39 на 15 отсто поради притисокот на швајцарските компании, но предупреди дека таа повторно може да се зголеми.„Ја намалив затоа што не сакам да им штетам на луѓето. Не сакам да ги повредам. И ја спуштивме на пониско ниво, тоа не значи дека нема повторно да се зголеми“, рече Трамп на Светскиот економски форум во Давос.Келер-Цутер се соочи со критики во Швајцарија поради начинот на кој го водела разговорот што Трамп го спомна, при што претседателот рече дека „не сакала да го слушне“ неговото загрижување за американскиот дефицит.Американските и швајцарските преговарачи постигнале прелиминарен договор во ноември за намалување на царинската стапка на 15 отсто, при што швајцарската индустрија се обврзала да вложи 200 милијарди долари во САД до крајот на 2028 година.Швајцарските компании го поздравија намалувањето на царините, истакнувајќи дека тоа ги става на рамноправна позиција со конкурентите од Европската унија. Двете земји треба да го финализираат договорот во преговорите за кои се надеваат дека ќе завршат до крајот на првото тромесечје на 2026 година.

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-librarybqtk1uip42fnbUVeEEs

Царинската управа и ЕУ создаваат платформа за борба против еколошки криминал и криминалпротив културното наследство

Со поддршка на Европската Унија, Царинската управа потпиша Меморандуми за соработка за формирање на Национална меѓуинституционална платформа за борба против еколошки криминал и криминални дејства врз културното наследство. Платформата ќе овозможи поефикасна размена на информации, координирани истраги и кривичен прогон.„Со поддршка на Европската Унија, потпишавме Меморандуми за соработка со што ја поставивме основата за функционирање на Национална меѓуинституционална платформа која ќе обезбеди ефикасна борба против еколошки криминал и криминални дејства против културното наследство.Културното наследство и животната средина се темелни вредности што го обликуваат нашиот идентитет и влијаат на квалитетот на животот при што секој обид за нивно уништување не е само напад врз природата и историјата, туку и закана за нивната заштита и одржливост. Ваквите криминали често имаат лукративен карактер и се поврзани со корупција и перење пари, што ја нагласува потребата од силен институционален одговор.Преку системска соработка овозможуваме размена на информации, координирани истраги и поефикасен кривичен прогон. @Влатко ЛакордовЗавршниот настан во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со кривични дела против културното наследство и животната средина“ е резултат на сплотеноста на институциите, силната поддршка од ЕУ и партнерство со Корпусот на карабинери на Италија, чие искуство и експертиза имаат значаен придонес врз зајакнување на институционалните капацитети“, велат од Царинската управа.

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања