1 ден
media-library0huk096dbp1c3T5OEeo

„Охридско лето“ добитник на престижна та меѓународна награда „Да за уметноста“

Националната установа „Охридско лето“ е добитник на престижната меѓународна награда „Да за уметноста“ на 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Република Турција како признание за високо-квалитетната програма на 65. издание на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација.Со оваа награда „Охридско лето“ уште еднаш ја оправда својата репутација како центар на врвната уметност, со програма која ја обедини класичната музика, театарот и современите уметнички форми.„Голема чест и особена гордост е што токму во периодот додека сум на чело на НУ „Охридско лето“, фестивалот првпат е добитник на оваа престижна меѓународна награда. Ова признание не го доживувам како личен успех, туку како резултат на заедничката посветена работа на целиот тим, уметниците и институциите кои стојат зад фестивалот. Наградата е потврда дека „Охридско лето“ чекори во вистинска насокасо јасна визија, висок уметнички квалитет и силна меѓународна афирмација. Ќе продолжиме уште поодлучно да го развиваме фестивалот и да го зацврстуваме неговото место на светската културна мапа“, вели директорот Ѓорѓи Цуцковски.Цуцковски вели дека наградите се мотив во иднина уште повеќе да се инвестира во содржини со високи уметнички стандарди, со светски реномирани имиња, но и да се даде простор за најдобрите домашни уметници.„Нашата цел е секое издание на „Охридско лето“ да понуди внимателно концепирана, балансирана и квалитетна програма која ќе ги оправда високите признанија кои ги добиваме од меѓународните институции со цел да ја оправдаме довербата на публиката и меѓународната културна јавност“, вели директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.

Магазин | пред 1 ден

1 ден
Monika-Zajkova-pretsedatelka-LDP

Зајкова: Со укинување банкарски провизии граѓаните ќе заштедат до 3.000 денари месечно

„Ние овој закон за банкарски трошоци го доставувавме и во времето кога седевме во влада и го лобиравме законот внатре со тогашниот заменик министер за финансии и се дискутираше во рамки на пратеничката група во која ние пак бевме тогаш независни пратеници и пробувавме да им објасниме дека не е возможно. Тогаш беше и КОВИД пандемијата, а најголеми профитери беа банките. Пробавме да им објасниме дека со кратење на одредени трошоци и со укинување на одредени провизии, согласно европски практики да им доближиме, дека навистина доста солидна сума можеби до 2-3.000 денари месечно граѓаните ќе зачувуваат во своите џебови. Тоа не е малку“, изјави претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова во гостување на поткастот Основано Сомнение со Јанаки Митровски на а1он.Зајкова додава дека предлог законот за банкарски трошоци тогаш воопшто не се дискутирал и останал некаде во лавиринтите. Во овој собраниски мандат, предлогот за трошоците Зајкова го доставила повторно, на што потоа се приклучува и пратеникот Димитар Апасиев, но мнозинството не гласа ништо и тој закон паѓа од точка на дневен ред.„Затоа често пати во дебати ги прашувам дали јасно ќе се изјаснат еднаш дека се за профитите на банките или се за џебовите на луѓето. Затоа што мене вака ми изгледа дека го бранат профитот на банките. Излезе гувернерот и ЛДП го поздрави неговото излегување да побара од банките да намалат одредени провизии. Меѓутоа гувернерот е сега и неговото мислење е тоа. Утре можеби ќе се промени гувернерот и не е целта тоа, мора да има одредена правна регулатива“, децидна е претседателката Зајкова.Како добри примери таа ги посочува Германија и Белгија, која има политика на унифициран банкарски систем и за подигнување средства од било кој банкомат нема провизија, освен ако не се подигнува готовина со странска картичка. Според Зајкова, во Франција може до три пати да подигнувате средства од различни банкомати без провизија, а после тоа провизијата изнесува околу 0,50 центи до 1 евро.„Не може Македонија да има толкави провизии и трошоци. Па за еден кредит да подигнете, луѓето кажуваат, ги слушам, куп трошоци има дур да дојдете до кредит. Имам близок пријател на кој што му се случи да му кажат затворена ви е сметката, ги прашува дали треба уште нешто да донесам, не, не, сѐ е супер. За следниот месец да излезе дека заради нивни пропуст сметката не е затворена, ама тој треба да плати 6,5 илјади денари заради нивните грешки“, вели Зајкова.Предлог законот за предвидуваше заштита на граѓаните од плаќања на надоместок или провизија за водење и одржување на сметка на платежна картичка, регистрирање и користење на услугата за електронско банкарство, проверка на состојбата на сметка на банкомат и издавање на изводи за состојба на сметка од експозитура на банка. Дополнително, доколку законот поминеше, ќе се укинеа трошоците за повлекување на готовина од сметки од банкомати, за издавање на потврда за состојба на кредит и потврда за затворен кредит, членарина за платежна картичка, како и трошоците за разгледување и обработка на барања за кредитни аранжмани, за станбени кредити и други провизии за кредит.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryepes0qlc9721dvZO8KL

ССМ утре со блокада пред Стопанска комора, Организација на работодавачи и Бизнис-конфедерација

Раководството на Сојуз на синдикати на Македонија на денешната прес-конференција обелодени дека утре во 12 часот ќе започнат со блокадата на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата.„Втората фаза започнува утре со блокада на Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата. Блокадата ќе започне на раскрсницата пред Стопанската комора во 12 часот. Да не се грижат. Повторно, ќе бидеме 21 претставник на синдикатот, онолку колку што е потребно согласно законскиот минимум за да излеземе на улица и да блокираме. Работниците нема да дозволиме да им мрзнат на газдите на улица, да им мрзнат на пратениците на улица и да им мрзнат на владата на улица, само за да ги блокираат, како што овие ги блокираат работниците некои 36 години, некои 2 години, некои 1 година. Пред Стопанската комора ќе блокираме газди кои ги блокираат работниците 36 години, газди кои одбија до крајот на минатата година да ги зголемат работничките плати и да ја зголемат минималната плата, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека не можат да ги задржат. Ќе блокираме газди кои се исплашија од нападите на владата и на политичките партии, на работниците и на синдикатите. Ќе блокираме газди сè додека не донесат одлука за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и за зголемување на сите останати плати за 6000 денари. Ги повикувам работниците кои можат, кои ќе поминуваат да ни се придружат макар и на 5 минути, затоа што другите не бројат и тие мислат дека овие блокади кои се таргетирани и наменски се со по 21 човек на улица, само за да им покажеме дека не ни се потребни оние 12 000 луѓе да ги блокираат кои излегоа на 28 јануари и со нас, но по завршување на блокадите, ќе повикаме на голем работнички протест на кој ќе организираме превоз од сите градови, на кој ќе дадеме шанса на сите работници, протест кој ќе биде организиран во неработен ден, за да излеземе многу повеќе од 21 човек на улица пред да го организираме генералниот штрајк во јавниот и во приватниот сектор, доколку и понатаму продолжат со игнорантскиот однос“, вели Трендафилов.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library4407v764flo38MuqNIz

Рамадани за полагањето правосуден испит на албански: Филков да сноси лична одговорност

Оневозможувањето полагање на правосудниот испит на албански јазик повеќе не е административно прашање. Ова веќе претставува пречка во спроведувањето на законот и отвора основа за кривична одговорност, вели Канита Рамадани од ДУИ.„Правосудниот испит е во директна надлежност на Министерството за правда. Непреземањето мерки за обезбедување полагање на испитот и на албански јазик претставува свесно непостапување по законска обврска.Со тоа се создава основ за одговорност за:– злоупотреба на службената положба и овластување,– несовесно вршење на службената должност, кога службено лице, со пропуст или одбивање, им ускратува законско загарантирано право на граѓаните.Дополнително, ограничувањето на употребата на албанскиот јазик во државна постапка претставува повреда на правото на употреба на јазикот, а јавното релативизирање на тоа право создава атмосфера на исклучување и содржи елементи на поттикнување нетолеранција на меѓуетничка основа, што е санкционирано со Кривичниот законик.Затоа, денес бараме:Инспекторатот за употреба на јазиците веднаш да спроведе инспекциски надзор за правосудниот испит и да покрене постапки за прекршок против Министерството за правда и одговорните лица.Јавното обвинителство да утврди дали постојат елементи за кривично гонење за злоупотреба на службена положба, непостапување по службена должност и поттикнување нетолеранција.Министерот за правда да сноси лична одговорност за секое дејствие или пропуст со кој се попречува спроведувањето на законот.Законот е јасен. Неговата примена не е избор. Секое попречување имаправни последици“, додава Рамадани.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryecus2s4j4f3s9zey51w

Македонија и Турција ја зајакнуваат железничката соработка

МЖ Инфраструктура и Турски Железници потпишаа Договор за соработка, објави на својот фејбук профил Синиша Ивановски, директорот на МЖ Инфраструктура.“Потпишавме договор за блиска соработка со државните Турски Железници.Заедно со колегите од Македонски Железници Инфраструктура имавме работни средби со директорот на Турските Железници - Вејси Курт и неговите соработници.Турските Железници во областа на инфраструктура имаат сериозен, брз и забележителен прогрес. Меѓу другото веќе се и сериозен регионален тренинг центар. Со потпишувањето на договорот дел од своите капацитети ги ставаат на располагање.Размената на искуства и практики во наредниот период ќе бидат придобивка за нас”- објави Ивановски.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryh159tludbijb1sMUMRK

Петрушевски: Не можел кој било да извади лиценца за медицински канабис, тоа било резервирано за луѓето блиски до кланот Заеви и до Филипче

Познанството со Зоран Заев и Венко Филипче, како и блискоста со СДС биле најважен критериум за апликантите за добивање на лиценца за медицински канабис, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Не можел кој било да извади таква лиценца, затоа што тоа било резервирано за луѓето блиски до кланот Заеви и до Филипче, затоа и во струмичкиот регион во Македонија има најмногу фабрики за марихуана за медицински цели.За да им тече бизнисот и да ги вртат милионите, Заев и Филипче во 2020 година планираа целосно легализирање на марихуаната и со тоа сакаа Македонија да ја прават светска туристичка атракција. За среќа на граѓаните, овој обид не им успеа, а сега гледаме и која им била целта.Дека ова било планирано во главите на Заев и Филипче, се гледа во подзаконскиот акт, односно Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во времето на власт на СДС, кој е во колизија со законот, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите. Со ова, логично е дека со неговото користење или во процесот на екстракција, маслото кое се произведува не може да биде лиценцирано, а најмалку да се најде во промет.Ги прашуваме Заев и Филипче, кој бил мотивот за ова? Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Затоа ли Заев и Филипче овие денови се толку испаничени? Затоа ли Заев излезе да го брани неодбранливото, додека во тоа време Филипче се упати кон Грција да се види со него? И дали Заев и Филипче стојат позади промената на Правилникот?Сите сомнежи и индиции за криминалот со дрогата водат кон Заев и Филипче. ЈО ова да го истражи до крај, еднаш правда и одговорност за ова криминално дуо, мора да има“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryqaelilenrurneFXzbfX

Манасиевски: Луѓе на Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО за тоа кои луѓе да се гонат, а кои да се изземат од одредени случаи

Луѓе на Оливер Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО за тоа кои луѓе да се гонат, а кои да се изземат од одредени случаи, односно СЈО работело под насока на Заев и СДС, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во техничката влада пред околу 10тина години, во канцелариите на СЈО и кажал на обвинителката Кадриу, дека треба да се прошири опсегот на лица опфатени со случајот, случај кој тогаш го работела обвинителката Кадриу.  Откако ова таа не го прифатила, тој си заминал на друго место да се жали, а за кратко време обвинителката Кадриу била избркана од работа.На овој начин СДС, Заев и Оливер Спасовски, раководеле преку Катица Јанева со СЈО. Тие одлучувале кој предмет ќе треба да се работи, кој обвинител ќе го работи  и кои лица ќе треба да се опфатат и кој ќе треба да се одговара.Сите овие предмети меѓу другите обвинители ги работеле и Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска, додека Катица Јанева била само координатор, бидејќи немала познавање од материјата.Донесените кривични пријави, кои ќе повторам биле напишани на ливче и не биле запишани согласно закон од страна на оваа претходна четворка која ја споменав, биле пренесувани од ЈО, за да ги работи СЈО, поради желбата на Зоран Заев и СДС. Доколку некој не сакал да ги работи овие предмети, бил оттргнат од СЈО, како што е и случајот со поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, која вели дека не сакала да учествува во криминалот на Јанева и затоа била избркана од работа.Дополнително на ова, истите овие материјали, во форма на прислушувани разговори, таканаречени бомби кои СДС и Заев ги пуштаа во јавноста, не можеле да бидат доказ во судски предмет, поради тоа што станува збор за вербален деликт. Но, со само една одлука на апелационен судија ова стана доказ во овие случаи. А, да ја потсетиме јавноста, дека пред само еден месец, кај еден апелационен судија беа најдени пари заѕидани во ѕид, што отвара дополнителни сомнежи.Според сведоштвото на Кадриу, ова било добро смислено за да се спреми терен за да се прифаќа во судот се што СЈО ќе измисли по насока на СДС. До толку било поврзано судството и обвинителството и СЈО како институција, да овде не станува збор за правда и одговорност, туку исполнување на желбите на поединци од СДС, како Заев и Спасовски, преку обвинителите во СЈО, кои работеле незаконито. Доколку некој одреден судија не се однесувал како тимски играч со Катица и СЈО, му се правеле одредени притисоци и закани, за да се отргне пречката, за да можат СЈО и СДС ја продолжат нивната игра.Токму поради овие работи, поранешен судија, претседател на еден од судовите во Македонија, беше и осуден на затворска казна.Почитувани граѓани,Вистината порано или подоцна излегува на виделина. Се што ВМРО-ДПМНЕ говореше во минатото, денес самите обвинители од тогашното СЈО го потврдуваат. Најголемото зло кое му се има случено на правосудниот и политичкиот систем во Македонија е СЈО и СДС, предводени од Катица Јанева и Зоран Заев. Едната личност знаеме како заврши, очекуваме ЈО да си го испита и овој случај и неселективно да постапува“, додава тој.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryp5pnsiqegnla5dfyxmO

ВМРО-ДПМНЕ до Трендафилов: Ако смета дека му е загрозена приватноста, нека пријави во надлежните институции

Фијаското на протестите на ССМ и Трендафилов пред Собранието, како и обелоденување на партиската позадина која стои зад протестите, се причина за огромната нервоза на Слободан Трендафилов, кој сака да се претстави како жртва на политички прогон, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Трендафилов користејќи ја ситуацијата на жртва, призна дека има 57.000 денари плата, како и дека користи службено возило.Човекот кој лицемерно се „бори“ за зголемување на минималната плата за 200 евра и останатите плати за 100 евра, призна дека зема околу 1000 евра плата, или 2,5 минимални плати, а нашите сознанија говорат и дека добива дополнителни финансиски средства во форма на бонуси и додатоци.Доколку Трендафилов смета дека му е загрозена приватноста, нека пријави во надлежните институции.Дополнително, го советуваме Трендафилов, помалку да ги слуша советите од Филипче, а повеќе да се интересира за интересите на работниците.ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе работи на зголемување на платите во сите сектори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Тепачка по сообраќајно недоразбирање во Центар, две кражби пријавени во Скопје од кои едната во финансиско друштво

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 10 февруари 2026 година, околу 11:10 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот. Во инцидентот дошло до физичка пресметка помеѓу М.С. (51) од Скопје и П.В. (28) од Струмица. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.Во друг случај, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднела кривична пријава против Д.М. (18) и Г.Д. (25), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Според информациите, на 10 февруари околу 06:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, тие на 53-годишна жена ѝ одзеле ранец во кој имало пари, документи, мобилен телефон и други предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетената.Дополнително, на 10 февруари околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 9 февруари до 04:40 часот на 10 февруари, со употреба на сила и подесен алат било скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје. По влегувањето во објектот, биле одземени пари. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сторителите.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryie09bujni7p7dOomg1P

Муцунски: Виното е еден од најпрепознатливите македонски извозни производи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а во присуство на македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов и претставници на домашните винарии, вчера во Париз се обрати на настан посветен на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена.Настанот беше организиран во рамки на работната посета на Париз, со поддршка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како дел од активностите за унапредување на економската дипломатија и зголемување на извозните можности на државата.Пред бројни гости од дипломатскиот кор, културниот и јавниот живот, политиката и француската винска индустрија, беше истакнат квалитетот, традицијата и конкурентноста на македонските вина на европските и светските пазари.Министерот Муцунски нагласи дека македонското вино претставува еден од најпрепознатливите извозни производи на државата и значаен сегмент на економската соработка, посочувајќи дека Министерството ќе продолжи со активна и стратешка поддршка на домашните производители, со цел натамошно јакнење на нивната меѓународна позиција и отворање нови пазарни можности.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Советник во МВР пријавен за проневера: Присвојувал пари од граѓани за пасоши, наместо на сметка завршиле кај него во џеб

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Штип против М.С., вработен како советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи.Според информациите, постојат основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2025 година, тој, наводно, присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓани кои поднесувале барања за издавање патна исправа барал готовина, искористувајќи го нивното непознавање на законските прописи.Како што се наведува, пријавениот им кажувал на барателите дека плаќањето преку ПОС-терминал со платежна картичка не е во функција и дека е потребно износот да го платат во готово. Граѓаните му ги давале средствата во висина на цената на услугата, по што тој бил должен да ги уплати на жиро-сметката на МВР и да изврши уплата на административна такса на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија.Иако постапката била завршувана и на граѓаните им биле издавани лични документи – пасоши, пријавениот, според наводите, не ги уплаќал средствата, туку ги присвојувал за себе.Од Одделот за внатрешна контрола најавуваат дека против М.С. ќе биде поднесен и предлог за поведување дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, како и задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Двајца браќа од Прилеп уапсени по кражба од живинарска фарма: едниот го спасувал другиот и од приведување

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 10 февруари 2026 година, околу 15:00 часот, во селото Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Х.К. (34) од Прилеп.При извршен преглед на неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се украдени од живинарска фарма во село Долнени, а кои претходно биле пријавени како одземени. Предметите биле одземени, а осомничениот приведен за понатамошна постапка.Подоцна, од слобода бил лишен и неговиот брат Б.К. (32), кој на улицата „Орде Чопела“ во Прилеп застанал пред полициско возило и се обидел да го спречи транспортот на приведеното лице до ОВР Прилеп, при што агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Удрена 69-годишна жена во Тафталиџе, возачот избегал со „рено“ па бил пронајден

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 10 февруари 2026 година, околу 16:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Његошева“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која била повредена пешачка.Според информациите, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (46), удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата, В.Д. се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.По преземени оперативни мерки, возачот бил пронајден и со него бил извршен службен разговор, а за настанот бил известен и надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Директор од Делчево пријавен за злоупотреба на лични податоци на вработени

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против С.С. (62) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.Според информациите, пријавениот во својство на директор на Јавно комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево, без знаење и согласност на две лица вработени во претпријатието, на 3 септември 2025 година на шалтер во експозитура на банка во Делчево, со сопствени средства извршил уплата на уплатници во нивно име.Како што наведуваат од полицијата, станува збор за уплати во износи од 15.374 и 35.535 денари. Со ваквото постапување, според пријавата, пријавениот им нанел нематеријална штета на честа и угледот на двајцата вработени.По целосно документирање на случајот, против С.С. е поднесена соодветна кривична пријава, а понатамошната постапка ќе ја водат надлежните органи.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryk1cc0t2fofm379WmlZ2

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ подготвува враќање на Груевски и уривање на правниот систем

Во тек е координирана политичка операција чија цел е враќање на Никола Груевски и целосно уривање на правниот систем во државата., вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ. „Откако ги видовме резултатите од истражувањата во Унгарија, станува извесно е дека блискиот пријател на Мицкоски, Орбан може да се соочи со пораз на изборите. Тоа го виде и Никола Груевски. Наместо во Идризово, ВМРО му планира враќање во Белата палата. Така изгледаат „реформите“ во ВМРО. Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренција – се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски. Мицкоски е само чувар на фотелјата. Клучниот чекор во ова сценарио е нападот врз СЈО и пресудите што произлегоа од неговата работа. Преку орбановите медиуми во Македонија, пред сè преку Алфа, веќе се води црна кампања со наратив за „политички прогон“ и „монтирани случаи“. Целта е јасна – дискредитација на предметите, релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување. Ова не е случајна медиумска офанзива. Ова е организиран обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и да се претстави бегалецот Груевски како жртва. Истовремено се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се поставуваат партиски луѓе на клучни позиции и се слабее институционалната независност. Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“. Ова не е внатрепартиска работа на ВМРО. Ова е директен напад врз владеењето на правото и европската перспектива на државата“, вели Кузеска.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryp6gll1ijv5u2eH8yUTD

Жена оштетена за 12.000 евра преку социјална мрежа: лицето се претставило како градежник од странство со капар за имот

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Тетово поднело кривична пријава против Л.М. (49) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.Според информациите од полицијата, на 15 септември 2025 година, пријавениот преку социјална мрежа довел во заблуда женско лице, претставувајќи се како сопственик на градежна фирма во странска држава, кој наводно ќе посредувал при купување на имот во истата земја.Оштетената во три наврати, преку брз трансфер на пари, на пријавениот му исплатила капар во вкупен износ од 12.000 евра. Сепак, имотот не бил обезбеден, а лицето останало без средствата.По документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните институции продолжуваат со понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryu12uhls9unu23Un5suI

(Видео) Во нормална држава, пратеничката Дафина ќе беше веќе во затвор, вели Трендафилов нарекувајќи ја „монструм“ по снимката со неговите децата и службено возило

Претседателот на ССМ, Слободант Трендафилов на денешната прес-конференција реагираше во врска со видеото кое пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ го сподели на социјалните мрежи во кое, според нејзините тврдења, претседателот наССМ ги вози своите две малолетни деца со службено возило на синдикатот.„Ќе дозволите да зборувам за монструмите. Оние кои не се под детските кревети, оние кои седат во пратеничките клупи, кои ги гледате во кафичите, кои ги среќавате на улица, кои ги имате во партијата, кои снимаат малолетни деца. Монструмите не се само на телевизија монструмите се покрај сите нас. Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи, обвинителството, треба веднаш да преземат мерки против пратеничката Дафина Стојановска. Истата Дафина која некој ја познава како богаташка, која ми ги објави малолетните деца за да можат сите да ги оцрнуваат и на таков начин да ме уценуваат. Мислејќи дека ако ме следат мене, преку децата, ќе ми направат шета и ќе ме замолчат. Се случија големи катастрофи со деца. Не сакам да верувам дека целта и била тоа. Но нормален премиер, наместо да дава изјава дека ова е само почеток со заканите кон моите деца и кон моето семејство, ќе си даваше оставка или најмалку ќе ја разрешеше Дафина. Нормална влада во нормални држави за ваква работа паѓа. Во Собранието, го повикувам претседателот на Собранието, да поведе постапка за одземање на имунитетот на пратеничката за тоа што ќе се крие зад него во следните денови, кажа Трендафилов за објавеното видео од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.Трендафилов го праша министерот Панче Тошковски дали службите го следат него и неговите деца. Најави дека ќе ги извести сите амбасади во земјава и делегацијата на ЕУ, но и братските синдикати на Меѓународната и Европска конфедерација на синдикати.

Настани | пред 1 ден

1 ден
media-libraryjk8jdvc8ds9n2jzoEb6

Левица: Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

На денешната пленарна седница, со поддршка од сите парламентарни партии, се усвои предлог-законот на Левица за укинување на дискреционото право на директорите при вработување. Ова е чекор кон конечно развивање дијалог кога се работи за закони кои се од општо добро за сите граѓани, велат од опозициската партија Левица.„Со измените на Законот за здравствена заштита се укина дискреционото право на директорите на здравствените установи да одлучуваат кои кандидати ќе бидат вработени и наместо тоа со новата законска обврска ќе бидат избрани најдобрите кандидати.Подобро и прогресивно општество се гради само преку вреднување на трудот на најквалитетните умови, а со усвоениот закон на Левица се трасира патот во таа насока“, додаваат од партијата.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryhs9hejjus41a9tnmCm1

Екссоветничката критикува: Битолчани добија 81 денар за штетите од земјотресот, a комисијата 1 милион

Поранешната советничка Габриела Илиевска на својот Фејсбук профил ја критикува распределбата на средства за штетите од земјотресот, истакнувајќи дека граѓаните добиле минимална компензација, додека како што вели комисијата за проценка на штета добила значително повеќе.„Битолчани добија по 81 денар за штетите од земјотресот.За 2400 оштетени битолчани од земјотресот се одобрени 5% просек по 700 денари, а за комисијата за проценки на штета од земјотреси се потрешени 1 мил денари за дестина души?Лоша математиката, ама гледам крепи Битола уште поќе.И нека му кажат советниците на транспарентниот градоначалник дека не е 100 дена, туку 4 години и сто дена е на функцијата градоначалник!“, вели Илиевска.

Коментари | пред 1 ден

1 ден
jsp-avtobusi-na-gas-polnaci

Девојка повредена во автобус на линијата 23 по нагло кочење, сведочи граѓанин кој алармира за небезбеден превоз

Стефан Дувњак, јавно алармира за инцидент што се случил утрово во автобус на линијата 23, при што, според неговото сведоштво, била повредена девојка откако возачот нагло закочил на семафор. Според објавата, по наглото кочење повеќе од 20 патници биле оттурнати од задниот кон предниот дел на автобусот, паѓајќи на подот, при што биле откорнати и дел од држачите во возилото.„Сабајлево во 23-ка девојка повредена кога возач на автобус нагло закочи на семафор со кола пред него и 20 луѓе летаа од задниот до предниот дел на автобусот паѓајќи на земја со откорнати држачи околу нив. Плачење, офкање, болки и дрзок однос на возачов кој уште продолжува да си вози додека човек му лежи на земја и се превиткува во болки.Истава ситуација пред месец дена се случила и во Автокоманда.Влада на Република Северна Македонија и Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski прави ли некој контрола на тоа кој вози автобуси, дали имаат потребно искуство и најбитно исправни автобуси. Застануваат кога сакаат и каде сакаат, 50% од нив се со мобилен телефон во рака или со цигара и повеќе се расправаат со патници него што внимаваат на сообраќај, а дополнително уште и се лути како тоа за прекршок со новите правила за Сејф Сити ќе требало да си ги плаќаат казните.Апел до сите што користат јавен превоз да бидат особено внимателни во преполниве автобуси и никако да не користат мобилни телефони додека се возат затоа што и мало невнимание на несовесен шофер може да предизвика потешка телесна повреда“, напиша тој.По ова следуваа низа други сведоштва:

Коментари | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања