5 час.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Протест на ССМ во Скопје, сообраќајот во центарот ќе биде целосно пренасочен

Денеска, 12 февруари 2026 година, со почеток од 12:00 часот, Сојузот на синдикати на Македонија ќе одржи протест пред Стопанската комора на ул. „Димитрие Чуповски“ и ул. „Даме Груев“.Поради ова, сообраќајот во центарот на Скопје ќе биде пренасочен по околните улици, а Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воведување посебен режим на сообраќајот.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за непречено одвивање на сообраќајот и безбедност на граѓаните.

Скопје | пред 5 часа

5 час.
Svajcarija

Швајцарија ќе гласа за ограничување на бројот на населението на 10 милиони

Швајцарија ова лето ќе гласа за предлогот на крајно десничарската Швајцарска народна партија (SVP) за ограничување на населението на 10 милиони. Овој потег би можел да ги загрози клучните договори со Европската Унија и, според противниците, сериозно да ја оштети економијата, пишува „Гардијан“.Иницијативата предвидува ограничување на растот на населението, што, според критичарите, би можело да му наштети на швајцарското стопанство и на односите со Европската унија.Ако населението ја надмине границата од 9.5 милиони (во моментов 9.1 милион), државата би била обврзана да воведе рестрикции за имиграција, вклучително и за барателите на азил и спојување на семејства. Доколку се достигне 10 милиони, мерките би станале уште поригорозни, а Швајцарија би морала да го раскине договорот за слободно движење со ЕУ – нејзиниот најважен трговски партнер.Партијата SVP тврди дека „експлозијата на население“ ги зголемува трошоците за изнајмување и го оптоварува јавниот систем. Од друга страна, економските асоцијации и компании како Roche, UBS и Nestlé предупредуваат дека иницијативата би можела да доведе до преселба на бизниси, пад на даночните приходи и губење на услуги.Анкета од декември покажала дека 48% од граѓаните ја поддржуваат иницијативата, што упатува на длабока поделба во јавноста за прашањето на имиграција и демографија.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-libraryn0kkhj231ot9cSl6Ctz

12-годишно девојче застрелано во глава во масакрот во Канада, се бори за живот

Маја, 12-годишно девојче, кое беше застрелано во главата и вратот во масакрот во средно училиште во Тамблер Риџ, се бори за живот во болница, според објавата на нејзината мајка на страницата GoFundMe потврдена од Си-ен-ен.Маја е сериозно повредена во пукањето во училиштето во вторник и е однесена во Детската болница во Ванкувер, каде што е на интензивна нега. Член на семејството започна кампања за собирање средства за помош.Во масакрот во градот Тамблер Риџ, Канада девет лица, вклучувајќи го и осомничениот, беа пронајдени мртви, а 27 лица беа повредени.„Денот започна како и секој друг“, напиша мајката Сиа Едмондс во објавата.„А сега мојата 12-годишна ќерка се бори за живот додека лекарите се обидуваат да ја санираат штетата од прострелна рана во главата. И една во вратот. Ова воопшто не изгледа реално“, додаде таа. „Никогаш не помислив дека ќе барам молитви, но ве молам, молете се за моето дете.“Во подоцнежна објава, мајката рече дека се држи до „зрак на надеж“. „Ни треба чудо“, додаде таа.

Свет | пред 5 часа

5 час.
media-librarysa5ctmpu3097acuDYje

Вјоса Османи му го додели мандатот на Курти за состав на новата косовска влада

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, вчера му го додели мандатот за формирање нова влада на досегашниот премиер и лидер на Движењето Самоопределување, Албин Курти.„Согласно со Уставот на Косово, го назначив Албин Курти за мандатар за формирање на владата на Република Косово. Му посакувам успех во водењето на новата влада и во работењето во служба на граѓаните Среќно!“, напиша Османи во објава на Фејсбук.Потегот следува откако претходно денеска беше конституиран парламентот на Косово, а за негова претседателка беше избрана Албуљена Хаџију од Самоопределување.Покрај конститутивната седница, вечерва се одржува и вонредна седница на косовскиот парламент на која се очекува пратениците да гласаат за новата влада. Пред да ги предложи имињата на министрите, се очекува Курти да ја презентира владината програма пред пратениците.

Свет | пред 5 часа

6 час.
media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

СДСМ: Владата не сака да ги покачи платите на работниците – сака нов авион за Мицкоски

Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, вели СДСМ.„Работниците протестираат за достоинствени плати на улиците, за да можат да ги платат сметките и да обезбедат храната а Владата ги игнорира и најавува купивање нов авион.Ова е навреда за секој чесен работник, за секое семејство кое се бори со тешкото секојдевие, со високите трошоци и поскапувањата.Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го блокираат законското решение на СДСМ во Собранието за 600 евра минималната плата и поддршка на компаниите.Не сакаат ниту да дојде на дневен ред затоа што не сакаат да ги покачат платите на работниците и не сакаат да им помогнат на компаниите.Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос.Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купива авион на грбот на народот.За граѓаните и за работниците „нема пари“, само за луксузот на премиерот – мора да има, така функционира оваа криминална власт, во мафијашки стил.СДСМ останува на страната на работниците и ќе продолжи да се бори за повисоки плати за работниците, економска правда и враќање на достоинството на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
media-libraryevs44k69s4qv0RHEe6C

Во Белград уапсен скопјанецот кој прегази жена и побегна, следува екстрадиција

Саит Саитов од Скопје, кој се бараше со меѓународна потерница за тешка сообраќајна несреќа во која беше прегазена жена, е лишен од слобода во Белград.На 11 февруари 2026 година македонските институции биле известени од надлежните служби во Србија дека Саитов е уапсен врз основа на потерница распишана од Министерството за внатрешни работи.Тој се сомничи за сторени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, поврзани со настан што се случи во Скопје на 9 јануари 2026 година.На Саитов му е одреден екстрадициски притвор во Србија. Следува постапка меѓу министерствата за правда на двете држави за негово екстрадирање во Македонија, каде треба да биде изведен пред надлежните органи и да се соочи со правдата.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
media-librarysjv2f6c175g07jMTbY6

Обвинителката Јосифоска бара јавно извинување од Кадриу: Изнесени се лаги за мојата работа во СЈО

Обвинителката Елизабета Јосифоска тврди дека во телевизиското гостување на адвокатката Лејла Кадриу биле изнесени невистини и клевети за нејзината работа во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Таа во писмена реакција наведува дека изнесените ставови на Кадриу се, како што вели, неточни и штетни за нејзиниот професионален углед и за институцијата, најавувајќи можност за тужба за клевета доколку не добие јавно извинување.„Адвокатката Лејла Кадриу во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ емитувана на 06.02.2026 година на ТВ Алфа изнесе низа невистини, лаги и клевети  во однос на моето постапување како јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство,  во однос на постапувањето на другите јавни обвинители во тоа обвинителство и  во однос на  работењето на целото Специјално јавно обвинителство.Сметам дека овие лажни и клеветнички изнесувања се направени со цел да се наруши мојата чест и професионален углед, но и да се дискредитира работењето на целата институција Специјално јавно обвинителство.Се што адвокатката Кадриу изнесе во однос на наводното трошење на 1 милион евра за 2,5 месеци во 2015 година е лага и клевета. Податокот колку пари се потрошени во овој период е содржан во првиот Извештај за работењето на СЈО, кој е јавно објавен на 15.03.2016 година и доставен до Собранието на РМ и до Советот на јавните обвинители. Ноторен факт  е дека се потрошени  13.542.671,00 денари, а непотрошените парични средства во износ од 49.877.757,00 денари на 31.12.2015 се вратени во Буџетот на РМ. Податокот за потрошените парични средства е содржан и во завршната сметка на СЈО за 2015 година доставена до надлежните институции.Кадриу изнесе низа клевети и очигледни лаги и во однос на постапувањето по предметот познат во јавноста под името „Пуч“. Дека се што кажа е лага и невистина во однос на овој предмет е очигледно од фактот што предметот со сите докази е предаден од страна на Основен кривичен суд Скопје на СЈО кон крајот на јуни 2016 година. Во тоа време Лејла Кадриу веќе не беше јавен обвинител во СЈО, па се поставува прашањето како воопшто можела да го види предметот „во некое ќуше, неотворен и спакуван во прозирни фолии“.Лејла Кадриу, не се задржа само на ова, туку со цел да се дискретитираат сите предмети на Специјалното јавно обвинителство, изнесе лаги и невистини и во однос на приемот на материјалите од незаконски прислушуваните материјали од политичката партија СДСМ и  понатамошното постапување со нив во СЈО.Јас не присуствував на самиот прием на материјалите на 30.12.2015 година, но начинот на нивното чување и понатамошно постапување е опишан во веќе спомнатиот прв извештај на СЈО. Имено, извршен е детален попис на сите примени материјали од страна на комисија во која и јас бев член,  а записникот од извршениот попис е предаден во судот како доказ во еден од предметите на СЈО.Поради изнесените лаги и клевети, денес упатив писмено барање за извинување до адвокатката Лејла Кадриу. Доколку не добијам извинување, во законскиот рок  ќе поднесам тужба за клевета до надлежниот суд“, вели обвинителката Елизабета Јосифоска.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
media-library1ko73lsc07gb60kG2fg

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работело под политички диктат на Заев неговите адвокати интервенирале во предметот „Пуч“

СЈО наместо како независна институција делувало како партиски штаб на СДС. Зоран Заев и луѓе блиски до него давале насоки и директиви кој предмет ќе биде одработуван, каде ќе биде распореден и кој треба да биде обвинет, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу тврди дека четворица адвокати на Заев вршеле притисок врз обвинители за предметот „Пуч“.Во СЈО дошле 4 адвокати на Зоран Заев, да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч’’. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК, за да може предметот да биде работен од СЈО.Истиот овој предмет, потоа бил донесен во СЈО, спакуван во кутии и заштитна фолија. Овој предмет требало да го работат Ленче Ристоска и Лиле Стефановска. Предметот бил оставен да фаќа прашина, а обвинителките не оделе на рочиште, што според обвинителката Кадриу, тој предмет и денес ако се најде, се уште би бил со заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан.Кадриу тврди дека предметот бил префрлан и чуван без суштинска постапка, што отвора сомнежи за неговото реално процесирање.Кадриу посочува и дека најмалку уште два предмети, меѓу кои случаите поврзани со Гордана Јанкуловска и „Нешковски“, биле политички мотивирани и користени за постигнување одредени политички цели.Поради сериозноста на изнесените тврдења, неопходно е Јавното обвинителство темелно и непристрасно да ги истражи сите наводи, со цел вистината да излезе на виделина и да се утврди евентуална одговорност.Само преку транспарентна и независна постапка може да се врати довербата на граѓаните во институциите и владеењето на правото“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
misajlovski-1

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска ќе учествува на состанокот на ниво на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.- Министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на состанокот ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици, информира Министерството за одбрана.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Таравари: Ни треба нов договор за односите меѓу Македонците и Албанците во земјата, фискална конфедерација или федерација

Ни треба нов договор за односите меѓу Македонците и Албанците во земјата, а тоа е фискална конфедерација или федерација, вели Арбен Таравари во подкастот „Риштази“ („Скоро“) на „Коха“.Тој вели дека федерализацијата на државата не се однесува на територијална поделба, туку овој модел значел поголеми овластувања и повеќе финансиски средства за општините, со што, како што вели, локалната самоуправа би добила значително посилна улога во управувањето и развојот.„Наскоро ќе го промовираме нашиот нов договор за односите меѓу двата етникума што живеат во Македонија. Главниот столб на нашата следна кауза ќе биде децентрализацијата – фискална конфедерација или федерација, не територијална“, изјави Таравари.

Македонија | пред 6 часа

6 час.
DSC_0614

По години пауза се обновува неврохирургијата во „8-ми Септември“: успешно оперирани првите пациенти

По повеќе години пауза, во Градската општа болница „8-ми Септември“ повторно се обновува неврохируршката служба. Во рамки на обновената работа, вчера успешно се оперирани двајца пациенти со тежок деформитет на ’рбетниот столб и стеноза на спиналниот канал, соопштија од ГОБ „8-ми Септември“.Интервенциите, како што информираат, се изведени согласно најсовремените медицински протоколи, а пациентите се во стабилна постоперативна состојба.ГОБ „8-ми Септември“ посочува дека обновувањето на службата претставува значаен чекор кон унапредување на здравствените услуги и обезбедување континуирана, современа и квалитетна неврохируршка здравствена заштита.Со повторното активирање на неврохируршката служба, појаснуваат, пациентите ќе имаат пристап до дијагностика, оперативен третман и постоперативна грижа за широк спектар на неврохируршки состојби, вклучувајќи заболувања на мозокот, ’рбетниот столб и периферниот нервен систем.„Нашата цел е да обезбедиме безбедна, ефикасна и навремена здравствена услуга, со фокус на добросостојбата и квалитетот на живот на пациентите“, велат од болницата.Истакнуваат дека повторното функционирање на неврохируршката служба ќе придонесе за намалување на потребата од упатување на пациентите во други здравствени установи, како и за подобрување на достапноста на специјалистичка здравствена заштита во нашата средина.

Скопје | пред 6 часа

7 час.
Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

По Собранието, на ред Стопанската комора: Синдикатот продолжува со блокади за раст на платите

Сојузот на синдикати денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. По блокирањето на влезовите на македонското Собрание во понеделникот, денеска ќе биде блокирана Стопанската комора во центарот на Скопје.Блокадата на Комората е поради, како што велат од ССМ, тоа што работодавачите не сакаат да ги зголемат платите на работниците кои барајќи подобра егзистенција бегаат надвор од државава.– Повторно ќе бидеме 21 претставник на Синдикатот, онолку колку што е потребно во согласност со законскиот минимум за да излеземе на улица и да блокираме. Пред Стопанската комора ќе блокираме газди што ги блокираат работниците 36 години. Газди што одбија до крајот на минатата година да ги зголемат работничките плати и да ја зголемат минималната плата, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија и дека не може да ги задржат. Ќе блокираме газди што се исплашија од нападите на Владата и од политичките партии, изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, додавајќи дека секој може да се приклучи на блокадата.

Македонија | пред 7 часа

7 час.
media-library89cduuksgt1t9ZOCBAc

Пешевски со поддршка за Трендафилов: Вакви ниски и нечовечки дејствија прават луѓе во страв, жално е, очајно е

Претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски, преку објава на фотографија со неговиот син на фејсбук, упати поддршка за претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој заради борбата за повисоки плати, беше јавно објавен со своите деца.Пешевски упати остра критика до пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, која го објави видеото од Трендафилов со неговите деца.„Лично како претседател на Синдикат за градежништво - СГИП давам целосна поддршка на Претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија , Слободан Трендафилов за атакот врз него и неговото семејството. Поддршка е обезбедена и од членството и од братските синдикати на меѓународно ниво.Борбата за повисоки плати и достоинствени услови за работа е исклучиво синдикална и помеѓу институции. Сојуз на синдикатите на Македонија со гранковите синдикати се бори со Организации на работодавачи и Влада, но никако со демнење и објавување деца. Пратеничката Дафина Стојаноска ја потсетуваме дека согласно Кривичен законик „Демнење претставува дејство на следење, прогонување или на друг начин мешање во личниот живот на друг, или со него воспоставување или настојување да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање или други средства за комуникација, или на друг начин психичко злоставување, вознемирување или застрашување и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице.“ Воедно потсетуваме дека за вакво кривично дело се предвидува казна затвор од 3 до 5 години.Пратеничката Дафина не ужива имунитет да снима и објавува деца, туку да обезбеди подобар живот за граѓаните кои ја избрале. Пратеничката Дафина во опозиција ветуваше подобар животен стандард, а денес злоупотребува службена должност и шири страв. Но едно е јасно. Вакви ниски и нечовечки дејствија прават луѓе во страв или луѓе за уште малку повеќе се умилкуваат кај својот шеф. Жално е. Очајно е. Не само што не е фер борба која ја водиме, туку е борба со невини мали деца, а не со нас. Нас слободно дојдете посетете не. Имаме и кафе и благо, ама ќе ви горчи душата кога ќе ви кажеме со што се се соочуваат граѓаните и работниците. Токму оние што ви дале власт, а сега ги плашите. Останаа за среќа и многу кои не се плашат и не се мали деца.Единствено убаво што видовме е дека иако сме големи физички, пред децата сме мали и им отвораме врата. И во службена кола и во приватна и во такси и секаде, а вие останавте мали и во душа и во срце што го немате.Борбата продолжува и ви благодариме што со вакви дејствија не правите уште посложни, побројни и посилни. Ниту се закануваме, ниту посакуваме лошо на било кое дете на планетава земја. Само ќе ви покажеме кој и каде заслужил да биде. Не може секој еден да е следен, туку секој еден е следен.P.S. На сликата за сите што не не знаат, а не следат, сме јас и мојот син ЕвгенијP.P.S. не се плашиме од полиција, зашто и за нивните плати се бориме“, објави тој.

Коментари | пред 7 часа

7 час.
49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Студено утро со температури под нулата, најмногу снег на Попова Шапка

Студено утро со температури под нулата е измерено во повеќе делови од државата, а најниска минимална температура од минус 3 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Минимална температура од 0 степени е измерена во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево, додека 1 степен е измерен во Пожаране. Во Крива Паланка и Тополчани се измерени 3 степени, а во Берово, Ѓуриште, Тетово, Претор и Охрид 4 степени. Во Скопје на мерното место Зајчев Рид, како и во Битола, Прилеп и Виница, минималната температура изнесуваше 5 степени, додека 6 степени се измерени во Кавадарци, Струмица и Штип. Најтопло утрово било во Гевгелија со 8 степени, како и во Скопје-Петровец, Велес и Демир Капија со 7 степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Битола и Гевгелија, каде наврнале 7 литри на квадратен метар. Во Крушево, Претор и Пожаране се измерени 6 литри, во Прилеп и Тополчани 5, додека во Тетово, Ѓуриште, Попова Шапка, Маврови Анови и Лазарополе се измерени 4 литри на квадратен метар. Во Скопје-Петровец и Велес наврнале 3 литри, во Охрид, Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија 2, а најмалку врнежи се регистрирани во Штип, Виница и Струмица.Снежна покривка утрово има само на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени 67 сантиметри снег.

Македонија | пред 7 часа

7 час.
media-library8uj8qrdhuogr8qG0l8a

„Немам личен автомобил“: Касами со објаснување за појавувањето со „БМВ Х7“ на лидерската средба

„Се извинувам ако некој од граѓаните се почувствувал навредено“, изјави лидерот на Движењето Беса, Билал Касами во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, во врска со коментарите од јавноста откако се појави на лидерската средба во луксузен автомобил „БМВ Х7“.Касами рече дека автомобилот му припаѓа на негов братучед и дека го користи и Движењето Беса.„Јас лично возам автомобил што припаѓа на моите родители и немам личен автомобил. Дури и во општината го користиме автомобилот на партијата, односно на Движењето Беса. Јавноста знае дека сум бил на вакви состаноци и во други прилики, без разлика дали во Владата или на состаноци на лидери со скапи автомобили, но уште еднаш кажувам дека го немам овој комплекс. Автомобилот со кој дојдов на лидерската средба е на мојот братучед“, нагласи Касами.

Македонија | пред 7 часа

7 час.
media-libraryae66ek3dv4je0C96Leu

Најава за скандал во Унгарија: Објавена фотографија од спална соба и натпис „Coming soon“

На адресата Раднаимарк.ху вчера се појави мистериозна интернет-страница на која има само црно-бела фотографија со празен кревет, фотографирана од горниот агол на собата, со натпис „Coming soon“, односно „наскоро“.Набргу потоа, во провладините унгарски медиуми почнаа да се шират написи за „гласини“ според кои потпретседателот на партијата Тиса, Марк Раднаи, и Петер Маѓар учествувале во оргии, а дека токму снимка од тој настан наскоро ќе биде објавена на страницата.Партијата Тиса е унгарска опозициска политичка опција, која во 2024 година ја презеде и ја трансформираше поранешниот член на владејачкиот Фидес, Петер Маѓар. По разидувањето со премиерот Виктор Орбан, Маѓар се профилираше како еден од најгласните критичари на власта, а Тиса за кратко време забележа силен раст на поддршката, особено меѓу урбаните и помладите гласачи.Парламентарните избори во Унгарија треба да се одржат на 12 април. Орбан првпат по 16 години на власт се соочува со сериозен противник. Маѓаровата Тиса повеќе од една година води пред Орбановата Фидес во анкетите на јавното мислење.Новинарите ги контактираше и самиот Марк Раднаи. Тој изјави дека, иако во последно време често се селел, собата од фотографијата не припаѓа на ниту еден негов стан и дека просторијата му е целосно непозната.Додаде дека во изминатите месеци слушал обиди да биде поврзан со хомосексуална афера, но дека не реагирал бидејќи, како што вели, не е хомофоб.„Што и да објават, можам веднаш да го демантирам, бидејќи немав никаква врска што би можела на кој било начин да биде предмет на јавен интерес“, порача Раднаи.Според него, целата „акција“ е темпирана за денешната втора годишнина од интервјуто што Петер Маѓар го даде за независниот унгарски онлајн-медиум Партизан. Раднаи откри и дека во изминатите недели, кога станал кандидат во Естергом, сакал да ја заштити интернет-адресата со своето име, но тогаш открил дека некој веќе ја регистрирал. Податоците покажуваат дека доменот radnaimark.hu бил регистриран од приватно лице на 30 декември 2024 година.„Очигледно и за Фидес ова е симболичен ден, бидејќи тогаш се разниша нивната дотогаш непоколеблива власт. И се подготвуваат за тоа. Не како што би го правеле нормални луѓе, со соочување и извинување, туку со уцени и закани. Долго време ме уценуваат и ми се закануваат со видеоснимки и дискредитација, а изгледа дека на годишнината ќе покренат досега невидена кампања во руски стил“, напиша Маѓар.Тој наведе дека на многу новинари им била испратена врска до страницата на која се гледа соба со поставени камери.„Претпоставувам дека планираат да објават снимка, можеби монтирана, направена од тајните служби, на која сме јас и мојата тогашна партнерка за време на интимен однос. Што сакаат да постигнат со тоа, освен да го одвлечат вниманието од фабриката на смртта во Гед и улогата на владата на Орбан во тоа, не знам“, додаде тој.Маѓар порача дека нема да попушти.„Да, јас сум 45-годишен маж и имам сексуален живот. Со полнолетна партнерка. Имам и три малолетни деца, за кои оваа подла ‘семејно наклонета’ власт очигледно не се грижи. Но добро е сите да знаат дека ни досега, ни во иднина нема да попуштам на никакви уцени. Не сум јас тој што украл 650 милијарди од Народната банка, не сум јас тој што помилувал помагач на педофил, не сум учествувал јас во уништување на животите на илјадници деца под државна грижа“, напиша Маѓар.Обраќањето го заврши со порака до власта:„Драги исплашени фидесовци, само напред, објавете сè, монтирајте како сакате. Нема да попуштам ни пред уцени ни пред закани. Ниту пред унгарската политичко-економска мафија, ниту пред меѓународната мрежа што ја поддржува. Унгарија не е на продажба и нема цена по која јас би ги издал своите сограѓани.“

Свет | пред 7 часа

8 час.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Променливо облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

Македонија | пред 8 часа

16 час.
media-librarynhg390sebavc7UxQERW

(Видео) Давидовиќ: Вината за процесот за Пулс е кај екс обвинителот Коцевски кој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот Аднан Џаферовски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и на еден од обезбедувачите кој бил без лиценца и стоел пред дискотеката Пулс, каде загинаа 63 лица и има повеќе од 200 повредени е гостин во ,,Претрес со Ландов”.„Случајот е тежок товар за судијката, но добро го менаџира. Сепак со прифаќање на обвинението, судот го амнестираше обвинителството”, вели Давидовиќ.Од 34 обвинети очекува голем дел да има ослободителни пресуди, а одговорноста да биде кај оние дозволиле запаливи средства во дискотеката и газдата на Пулс. За голем дел од обвинетите, делото ќе биде застарено.„Обвиненијата требаше да се разделат. Поранешниот државен обвинител ги хушкаше родителите и немаше доблест да им каже дека судењето ќе биде долго, а нас не обвинуваше. Чесно беше со 34 обвинети, 12 обвинители, да им каже на родителите на загинатите деца дека предметот со толку обвинети и докази ќе трае. Дури ни Нирнбершкиот процес немаше толку обвинители. Таму имаше двајца или тројца обвинети.Вината е кај Коцевски, но тој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата”, вели адвокатот Давидовиќ.

Скопје | пред 16 часа

16 час.
media-libraryevs44k69s4qv0RHEe6C

(Видео) Во Врање приведено лицето кое прегази и усмрти жена во Капиштец

Приведено е лицето кое ја прегази и ја усмрти 75 годишната жена Љ.Ј. на улицата Народен фронт во скопски Центар. Лицето е приведено во Врање, Србија, ексклузивно во „Претрес со Ландов”, откри адвокатот Звонко Давидовиќ.Осумнаесет годишното лице, кое со возило тешко ја повредил жената, избегал од местото на несреќата, оставајќи ја беспомошна на коловозот, заедно со неговиот татко било пренесено преку граница од роднини.„Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија.Најверојатно е приведен и неговиот татко”, вели Давидовиќ кој е бранител на роднините кои ги пренеле таткото и синот преку граница.„Им верувам на моите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на такво тешко кривично дело. Мажот работи во Дирекција за заштита и спасување и е родител на дете со посебни потреби и за набавка на суплементи често патувал во Србија”, рече во Претрес, адвокатот Давидовиќ.

Скопје | пред 16 часа

17 час.
media-librarydq7avjbgjjd427eyQuC

(Видео) Ексклузивно во Претрес, Давидовиќ покажа договор за пренос на пари на мајката на судијата Ристов

Ние не сме должни ништо да докажуваме, познавајќи го народот не може да ја докажеме чесноста на судијата Ѓоко Ристов, но кога ќе заврши процесот, тоа ќе биде докажано, тврди адвокатот Звонко Давидовиќ.Ексклузивно, во „Претрес со Ландов”, покажа документ со договор за пренос на пари врз мајката на апелацискиот судија Ѓоко Ристов за удел во фирма која има имот. Не продавала нива за фотоволтаиците, туку удел во фирма. Не кажа дали парите се сменети во менувачница.„Ова е доказ, јас излегов со доказ. Дали обвинителството може да докаже дека парите се на судијата Ристов. Парите се подигнати, но тоа вештакот ќе го докаже”, рече Давидовиќ.

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања