17 час.
media-library51u137u6i9ak0gXgBhO

(Видео) Адвокатот на судијата Ристов: Немам толку пари за да ги чувам во ѕид

Звонко Давидовиќ, адвокат на апелацискиот судија Ѓоко Ристов кај чии родители беа пронајдени заѕидани 350.000 евра, во „Претрес со Ландов” рече дека нема доказ дека парите се на Ристов.„Во туѓ ѕид има туѓи пари”, вели Давидовиќ, според кого е несериозно да се излезе на прес конференција а без ниту еден доказ.„Држите прес без докази тоа се случи и со Кочани .Обвинителката не достави докази за тоа што го тврди. Тоа е како kindergarten ( детска градинка). Заспаниот министер за правда наеднаш излезе и коментираше полициски акции и постапки, исто и премиерот”, вели Давидовиќ кој дека посочи дека нема толку пари за да ги чува во ѕид.

Македонија | пред 17 часа

18 час.
media-libraryk5dfbpuj15j9cI74R8j

(ВО ЖИВО) 350.000 евра соѕидани зад плочки - сите детали за парите најдени кај родителите на судијата Ѓоко Ристов

Вечерва гледајте нѐ во живо во „Претрес“ – разговор со адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на судијата Ѓоко Ристов од Апелација, осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари“, откако во домот на неговите родители беа најдени 350.000 евра соѕидани зад плочки во кујна.Ќе прашаме директно: кој и зошто чува толкава сума „во ѕид“, како се пронајдени парите, колку простории се претресувани, дали постојат докази за легално потекло на секое евро, како се објаснуваат старите апоени од 500 евра, дали е платен данок и зошто верзиите во јавноста се менуваат. Отвораме и чувствителен сегмент: фактот дека Давидовиќ во минатото го застапуваше и Сашо Мијалков во „Таргет-Тврдина“, предмет во кој Ристов беше судија, како и прашањата за перцепциите, можен судир на интерес и сѐ што „се шушка“ – но никој не го кажува јавно.Давидовиќ е бранител на лице обвинето дека го обезбедувало „Пулс“ без лиценца, но и на Аднан Џаферовски, ексдиректор на Дирекцијата за заштита и спасување. Зошто се тврди дека обезбедувачот не бил обезбедувач, а Џаферовски нема вина иако Законот за заштита и спасување налага мерки за превенција од пожари?Ексклузивно ќе откриеме многу информации поврзани и со други случаи, следете во живо:

Студио | пред 18 часа

18 час.
media-library70onucsur0ttd8FL6NO

Деветмина убиени во пукање во училиште во Канада, најмалку 25 ранети

Девет лица се убиени, а најмалку 25 се ранети во вооружен напад што се случил во средно училиште и во еден дом во малиот канадски град Тамблер Риџ, соопштија локалните власти. Градот со околу 2.500 жители, сместен 667 километри североисточно од Ванкувер, со часови бил под полициска блокада додека траела интервенцијата.Градоначалникот Дарил Краковка изјави дека заедницата е скршена од трагедијата и дека речиси сите жртви ги познавал лично. „Овде не сме само жители, туку семејство“, рече тој, нагласувајќи дека станува збор за мала и тесно поврзана средина во која вакво нешто никогаш претходно не се случило.Советникот Крис Норбери, чија сопруга предава во училиштето, а ќерка му посетува основно училиште во близина, опиша часови страв и неизвесност додека чекал информации. Откако бил прогласен аларм за блокада, учениците и наставниците останале затворени во училниците, додека полицијата ја обезбедувала зградата. „Тешко е да се опише чувството кога знаете дека вашата најблиска личност е во опасност“, изјави тој.Родители сведочат дека дел од учениците биле барикадирани два до три часа, збиени во аглите на училниците. Некои паничеле и плачеле, додека други се обидувале да ги смират своите соученици. Матурентот Даријан Квист рече дека во еден момент станало јасно дека станува збор за сериозен инцидент, а излегувањето од училиштето по повеќечасовната блокада го опиша како „организиран хаос“, при што професионалноста на службите била клучна.Дури по неколку часа биле објавени првичните информации за бројот на жртвите, што дополнително ја потресло заедницата. Имињата на загинатите сѐ уште не се соопштени, но локалните власти најавија психолошка поддршка за учениците, наставниците и семејствата. „Ќе мора да се собереме како заедница и да си помогнеме еден на друг“, порача Норбери, предупредувајќи дека последиците од трагедијата ќе се чувствуваат долго време.

Свет | пред 18 часа

19 час.
media-libraryhq7v3rn4vdep5WKrY1U

(Видео) Три нови серии кои треба да ги гледате оваа недела

Ако барате што ново да гледате на популарните стриминг платформи, а продолженијата на познатите серии веќе не ве привлекуваат, добрата вест е дека пристигнуваат нови изданија.Во февруари на платформите Netflix, SkyShowtime и Disney+ ќе се појават нови серии, па еве неколку на кои вреди да им се обрне внимание:„How To Get to Heaven from Belfast“Станува збор за хумористичен трилер од осум епизоди, во режија на Лиса Мекги. Приказната е за три најдобри пријателки во нивните триесетти години кои добиваат е-пораки со известување дека нивната некогашна четврта пријателка, Грета, е мртва. Триото патува низ Ирска за да ја открие вистината. Серијата ќе биде достапна на Netflix од 12 февруари.„The 'Burbs“Кеке Палмер и Џејк Вајтол се главни ликови во новиот мрачен трилер „The 'Burbs“. Серијата се базира на истоимениот култен филм од 1989 година и го следи младиот пар кој се вселува во градот на неговото детство. Светот им се менува кога нов сосед се доселува во куќата спроти нив и открива стари тајни од тоа место, додека новите смртоносни закани го нарушуваат мирното соседство. Серијата ќе биде достапна на SkyShowtime од 27 февруари.„Love Story“Нова антологиска серија на Рајан Марфи, „Love Story“, се темели на животната приказна на Џон Ф. Кенеди Јуниор, син на претседателот Џон Кенеди и Жаклин Кенеди, и модната публицистка Каролин Бесет-Кенеди. Инспирирана од книгата „Once Upon a Time: The Captivating Life of Carolyn Bessette-Kennedy“, серијата се фокусира на „сложно и срцепарателно патување на пар чија љубов стана национална опсесија“. Се очекува да биде достапна на Disney+.

Магазин | пред 19 часа

19 час.
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски: Војната мора да запре за да има избори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека избори во Украина ќе се одржат дури по воспоставување безбедносни гаранции и прекин на огнот со Русија, отфрлајќи ги наводите дека под притисок на Соединетите Американски Држави планира брзо организирање ново гласање, јавува „Франс 24“.Изборниот процес во земјата е практично ставен во мирување од почетокот на руската инвазија во 2022 година, поради прогласената воена состојба. „На избори ќе одиме кога ќе бидат воспоставени сите потребни безбедносни гаранции. Многу е едноставно – воспоставете прекин на огнот и ќе има избори“, порача Зеленски во аудио-обраќање до новинарите.Тој додаде дека, доколку и Москва се согласи, можно е непријателствата да завршат до летото.Изјавата следува откако „Фајненшл тајмс“ објави дека Киев, соочен со притисок од Вашингтон, ја разгледува можноста за одржување претседателски избори во наредните три месеци. Зеленски и претходно истакнуваше дека избори се можни само по потпишување мировен договор со Русија, но неодамна сигнализираше подготвеност и за побрзо гласање во рамки на американски план за завршување на војната. Тој нагласи и дека евентуален договор што би вклучувал територијални отстапки кон Москва би морал да биде ставен на референдум.Русија повеќепати го оспорува неговиот легитимитет по 2024 година, кога во мирнодопски услови би му истекол мандатот. Зеленски беше избран за претседател во 2019 година со петгодишен мандат.Покрај политичките дилеми, постојат и сериозни практични пречки за одржување избори – гарантирање безбедност за време на кампањата и на денот на гласањето, како и организирање гласање за милионите украински бегалци во странство. Дополнително, милиони граѓани се внатрешно раселени, стотици илјади живеат под руска окупација или се наоѓаат на фронтот.Анкетите покажуваат дека меѓу украинската јавност засега постои слаб интерес за одржување избори во услови на војна.

Свет | пред 19 часа

19 час.
media-libraryf1vm96h2vert5GnQeSv

(Видео) Нетфликс го објави првиот тизер за новата документарна серија „Диносауруси“

Нетфликс објави прв тизер за новата документарна серија „Диносауруси“, чиј извршен продуцент е славниот Стивен Спилберг, а која на платформата ќе биде достапна од 6 март.Серијата најавува оживување на праисторискиот свет на досега невиден начин, а првите прикажани сцени веќе предизвикаа воодушевување кај гледачите. Станува збор за нов проект на продукциската куќа на Спилберг, Amblin Entertainment, и на авторите на наградуваната серија „Живот на нашата планета“.Новата документарна серија во четири епизоди го следи еволутивниот пат на древните рептили, од нивното појавување до нивното целосно исчезнување. Приказната ја наративизира оскаровецот Морган Фримен, а приказната за овие извонредни суштества е прикажана со помош на најсовремени визуелни ефекти.Првите прикажани кадри го откриваат „најголемото природно царство кое го одзема здивот“, со сцени на застрашувачки грабливци и опасни морски чудовишта. „Откријте ги тајните на диносаурусите“, вели Фримен во тизерот кој предизвика голем интерес кај гледачите.Во рок од два дена, тизерот собра 3,7 милиони прегледи.Во официјалниот синопсис се наведува: „Од авторите на серијата ‘Живот на нашата планета’, оваа документарна серија ја раскажува приказната за подемот и падот на диносаурусите – каде се појавиле, зошто владееле, како се развивале и како го дочекале својот крај.“

Магазин | пред 19 часа

19 час.
media-libraryma7hg0b6q4b4coQL2LC

Пешевска: Го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“, тоа е деградирачки и понижувачки наратив кон жена

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ остро ги осуди наводите на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов со кој пратеничката Дафина Стојановска беше наречена „монструм“.„Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот!Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“!Тоа е деградирачки и понижувачки наратив насочен кон жена затоа што гласно зборува и ја говори вистината.Остро го осудувам Слободан Трендафилов за навредливиот говор и обидите преку манипулација на работниците да гради личен и политички профит!Ваквиот говор не ја труе само политичката дебата, туку испраќа опасна порака до сите девојчиња и жени дека јавниот простор е место каде навредата е дозволена.Тоа не смееме да го нормализираме!Дафина Стојаноска е пример за силна, гласна и храбра жена која не се повлекува пред притисоци и напади, туку достоинствено ја брани својата позиција.Го повикувам Клубот на пратенички и сите жени во Собранието, без оглед на политичката боја, да застанеме јасно и заеднички против ваквиот говор.Денес е нападната една пратеничка, утре метата може да биде било која од нас.Достоинството на жените во политиката е прашање на вредности и на демократска зрелост“, вели Пешевска.

Коментари | пред 19 часа

19 час.
media-librarys43b6q8f98rg5IlsqSK

(Видео) Мажи си разменија боксови на булеварот кај МНТ, откако се скарале поради сообраќајно недоразбирање

Инцидент се случил денеска околу 15:00 часот во центарот на Скопје, кај мостот Гоце Делчев, каде човек со тротинет и возач на патничко возило влегле во физичка пресметка.На водеото се гледа како двајцата мажи се расправаат, а потоа и физички се пресметуваат на коловозот. Неофицијално, причина за инцидентот било сообраќајно недоразбирање.Засега нема официјална информација дали на местото пристигнала полиција, ниту дали против некого ќе биде поднесена пријава. Не е познато ниту дали тепачката била прекината од случајни минувачи или завршила пред да интервенираат надлежните служби.

Скопје | пред 19 часа

20 час.
media-library4teqd8gqp35ebzOkStT

Стојаноска за Трендафилов: Целта е да се прикаже како овој “волк” изигрува јагне, ако сака да ја продолжи “битката” со мене, го чека Дафина

Пратеничката Дафина Стојаноска упати остри критики до претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, обвинувајќи го за лицемерие и политички притисоци врз парламентарното мнозинство.„Сосема е препознатлив речникот на Трендафилов и не би сакала воопшто да наседнувам на неговото сценарио. Видеото јасно го прикажува неговото однесување со службеното возило на ССМ. Не се цел неговите малолетни деца (чии што идентитети се прикриени на самото видео). Целта е да се прикаже на јавноста како овој “волк” изигрува јагне, “бранејќи” ги правата на работниците или во превод: разоткриено е целото лицемерие на "водачот" .Јавните личности треба да се подготвени на секакви видеа и фотографии. Тоа е “цената” која секоја јавна личност знае како и колку ја “плаќа”.Секако, не мислевте дека ние, како пратеници, немо ќе гледаме како "со сите средства" поддржани од вашите политички ментори СДСМ и Левица, вршите притисок врз мнозинството и промовирате идеологија од минатото, каде државата или законодавецот се става над приватната сопственост.Што се однесува до видеото, можеби да е и од некој незадоволен работник од “штитењата” на Трендафилов?!?Што се однесува до мојата реакција на неговата изјава (закана): Почитувам закони и Устав! Нека се постапи согласно законите и да видиме кој тоа е виновен?!?П. С. Да наречеш пратеничка (која предводеше листа на последните парламентарни избори која освои 21.622 гласови) монструм, не само што е напад врз жена, туку е напад и врз 21.622 жители на ИЕ 6.П. П. С. “Јагнето” Дичо за истите тие избори се фалел дека “вредел” околу 7-8.000 гласа (а, вчера беа само 50 ина на “блокадите”) и дека сите ги убедил да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на ниво на цела Македонија.П. П. П. С. Ако сака да ја продолжи “битката” со мене, го чека ДАФИНА …“, вели Стојаноска.

Македонија | пред 20 часа

21 час
media-librarydlonu78spq60071FC0j

Земјотресот е последица на умерена тектонска активност околу Шар Планина, која се поместува, анализира професорот Милевски по земјотресот

Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски, по последниот земјотрес даде подетално географско и тектонско објаснување за процесите што се одвиваат на просторот на Косово и западниот дел од Македонија. Тој нагласи дека станува збор за тектонски активен простор, но со умерена, а не со изразено силна активност, како дел од поширокиот систем на планини, раседи и котлини на Балканот.Според Милевски, причината лежи во вклештеноста на помали микро-плочи на кои се наоѓаат планинските масиви и котлините, под влијание на притисоците од поголемите регионални и континентални плочи – Африканската од југ, нејзиниот сегмент Јадранската плоча (Adria), како и Евроазиската плоча од север и североисток. Притисокот од Јадранската плоча кон североисток ги активира раседните структури во северна Албанија, Косово и западна до северозападна Македонија.Тој објаснува дека Шарпланинскиот тектонски блок е ограничен со повеќе нормални и хоризонтални раседи, и од косовската и од македонската страна, долж подножјето на Шар Планина. Притисоците од Јадранската плоча се пренесуваат врз овие активни раседи, при што повремено доаѓа до нивно „размрдување“, што се манифестира како земјотрес.Милевски посочува дека раседите и блоковите околу Шара имаат умерена динамика, особено во североисточниот дел, но тие дејствуваат континуирано со десетици и стотици илјади години. Како резултат на тие процеси, блокот на Шар Планина постепено се изместува, и во височина и кон исток, што, според него, објаснува зошто планината во северниот дел има лачно извиена форма.Во однос на последниот земјотрес, професорот проценува дека поместувањето на планинскиот блок било во рамки на десетина милиметри вертикално и до неколку сантиметри кон исток, со минимални поместувања и на околните депресии. Според ослободената енергија, настанот бил еквивалентен на експлозија од приближно стотина тони ТНТ.Тој нагласува дека тектонската активност во овој дел од Балканот е слаба до умерена и дека не се очекува посилен земјотрес во реонот на Шара, за разлика од подрачјата како дебарското, валандовското, пехчевското или скопското, кои се познати по поголема сеизмичка активност. Според Милевски, станува збор за постепено дооформување на северниот дел од Шар Планина и котлините околу неа, како дел од долгите геолошки процеси што траат со милиони години.

Коментари | пред 21 час

21 час
media-librarytutrt67tk1eqbGWyhLB

Владата против ограничување на пристапот до социјални мрежи за малолетници

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата не размислува за воведување забрана или ограничување на пристапот до социјалните мрежи за младите до 15 години, оценувајќи дека таквиот потег би бил радикален и би значел мешање на државата во приватната сфера и во основните слободи.Одговарајќи на новинарско прашање на настан во Прилеп, по повод одбележувањето на Денот на побезбеден интернет, Андоновски рече дека родителите треба да ја задржат контролата врз користењето на социјалните мрежи од страна на нивните деца, а не државата да ја преземе таа улога.Тој посочи дека во изминатата година, во рамки на проект за дигитална безбедност, во сите училишта биле презентирани механизми преку кои родителите можат да контролираат кои апликации нивните деца ги инсталираат на мобилните телефони и други уреди, колку време поминуваат на нив и какви содржини можат или не смеат да следат. Според министерот, ваквиот пристап овозможува превенција од опасностите на интернет, без директна интервенција на државата во семејниот живот.Андоновски нагласи дека станува збор за алатки кои се исклучително приватни и ги користат родители и деца, па секое законско ограничување би можело да се толкува како прекумерно мешање во домашните работи. Сепак, тој остави простор за јавна дискусија доколку постои зголемен интерес и загриженост кај родителите, најавувајќи можност за јавна расправа и анкета за да се утврди ставот на јавноста.Министерот посочи дека не се исклучува можноста за законски измени доколку тоа се покаже како неопходно, но предупреди дека државната забрана на одредени дигитални алатки носи сериозни ризици. Според него, таквиот пристап може да отвори простор за ограничување на слободата на говор и слободата на изразување, доколку државата почне селективно да забранува платформи или апликации.„Забраната треба да биде последна мерка. Првата мерка мора да биде превенција и родителска контрола“, истакна Андоновски.Настанот во Прилеп беше организиран од Министерството за дигитална трансформација во соработка со Општина Прилеп, во рамки на проект за воспоставување Центар за побезбеден интернет во Македонија, поддржан од програмата „Дигитална Европа“ и од Европската Унија. Според најавите, во следниот период се очекува целосно функционализирање на Центарот, кој ќе обезбеди линија за поддршка на млади лица, родители и наставници за справување со ризиците во онлајн просторот.

Македонија | пред 21 час

23 час.
drva-1

Вработени во државни институции вмешани во кражба на дрво – штета од 310.240 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против осум лица од Виница и околината, за повеќе сторени кривични дела поврзани со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво.Прво и второпријавениот, Г.И. (49) од с. Калиманци и А.А. (31) од Виница, во периодот од јуни 2024 до февруари 2025 година, незаконски исекле 1.108 стебла, односно 44,32 кубни метри дрво, со што нанеле штета од 310.240 денари.Третопријавениот, Ј.П. (59), управител на правно лице од Виница, постапил несовесно при обележување на парцелите, навлегувајќи во соседни имоти. Четвртопријавениот, С.Ѓ. (64), како референт за превоз, издал осум приемници и 26 испратници за дрво без овластување и направил ознаки за сеча со несоодветен чекан.Петтопријавениот, Љ.В. (63), изготвил Одобрение за сеча без соодветна контрола, а шестопријавениот, Б.П. (64), го потпишал без проверка. Седмо и осмопријавените, З.С. (66) и Т.М. (71), вршеле превоз на огревно дрво без лиценца.Случајот се истражува понатаму, а против сите осомничени ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 23 часа

23 час.
zaev-filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.„Дното во политиката е пробиено кога лица, кои на никаков начин не се поврзани со производство и трговија на дрога, Богданка Кузевска по насока на Зоран Заев излегува на прес и обвинува невини лица.Ова покажува дека СДС или свесно дефокусира, и се нервозни поради фактот што лица од партијата и нивни екс функционери се сопственици на фабриките каде е најдена дрога, и на овој начин сакаат да ги дефокусираат трагите или лупаат глупости и водат лични пресметки помеѓу десетици крила внатре во партијата.Очекуваме утре по овој принцип да не обвинат и за земјотресот во Скопје и за ланскиот снег.Помината е секоја граница и пробиено е секое дно. Затоа СДС е на дното“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 23 часа

1 ден
media-library79rgnkfhu8oc2jIhEpt

Вработен како обезбедување украл 2 километри бакарни кабли вредни 200.000 евра

На 10 февруари 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода Т. М. (68) од Скопје, вработен како обезбедување, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“.Според пријавата, во период од еден месец од објект во изградба на подрачјето на Центар се одземени два километри бакарни кабли, со проценета вредност од околу 200.000 евра. Каблите се користеле за градежни работи на подземен булевар.Извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а против осомничениот ќе следува соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-libraryv3hpevlssnbk5hYJ7LA

Андоновски: Забраната на социјалните мрежи за деца и млади би била радикален чекор

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади, оценувајќи дека таков потег би бил премногу радикален и би можел да значи мешање во основните слободи.„Премногу е радикално кога државата се одлучува на чекор да забрани некоја алатка, бидејќи доколку би тргнале да се движиме во таа насока, тогаш можеме да стигнеме и до нарушување на правото на слободен избор и на слободен говор“, изјави Андоновски одговарајќи на новинарско прашање, откако повеќе држави низ светот почнаа да ја воведуваат или разгледуваат оваа мерка.Сепак, тој додаде дека Владата и Министерството остануваат отворени за дискусија доколку се појави иницијатива за уредување на ова прашање.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryu3adq1h6t2okeavmpG3

Промоција на текбол во Ѓорче Петров - нов јавен простор за младите

Со поставување на текбол маси на јавен простор наменет за спорт и рекреација, Општина Ѓорче Петров денеска промовираше нови спортски содржини.„Со оваа инвестиција, општината создава современо и достапно место каде младите ќе можат активно да го поминуваат своето слободно време, да спортуваат, да се дружат и да развиваат здрави животни навики.Текболот како иновативен и динамичен спорт станува се попопуларен меѓу младите, нудејќи можност за рекреација, натпреварување и развој на спортскиот дух. Со воведувањето на вакви модерни спортски содржини, Општина Ѓорче Петров продолжува континуирано да инвестира во подобрување на јавните простори и во унапредување на спортската култура во заедницата.Поставувањето на текбол масите е реализирано во партнерство со организацијата Sports Social Solutions и Текбол федерацијата, во рамки на европскиот проект Youth Balkan Placemaking, со поддршка од Европската Унија“, велат од Ѓорче Петров.

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-librarymmduap4mmqsf22lFp5H

Македонските филмски работници со поддршка за српската кинематографија: Бараат итна деблокада

ДФРМ даде поддршка за иницијативата на српските филмски работници за итно деблокирање на тамошната кинематографија.Поддршката следува откако неодамна на Факултетот за драмски уметности во Белград, се одржа собир, на кој 8 здруженија кои претставуваат над 1.000 филмски работници (Здружението на филмски режисери на Србија, Здружението на филмски продуценти на Србија, Здружението на филмски уметници на Србија итн.)  едногласно оценија дека домашниот филм е под целосна институционална блокада.На собирот бил усвоен список на барања: итно прекинување на кршењата на законите на Република Србија вклучувајќи го Законот за кинематографија, Законот за култура и Законот за буџет, како и придружните уредби и правилници на Филмскиот центар на Србија; итно поднесување на транспарентен извештај за спроведувањето на буџетот на Филмскиот центар на Србија и Министерството за култура за 2025 година, со јасно објаснување што се случило со средствата наменети за натпревари, продукција и фестивали; итно објавување на тендери, како и разгледување и усвојување на предлогот на Правилникот за решавање на статусот на недовршените филмови и враќањето на средствата, на кој здруженијата работеа изминатата година.Во таа насока ДФРМ, како професионална заедница изразува солидарност и ја поддржува нивната заложба за системски решенија.- Друштвото на филмските работници на Македонија изразува целосна поддршка за иницијативата и заедничките барања на филмските работници и стручните здруженија во Република Србија, насочени кон итна деблокада на кинематографијата и воспоставување транспарентен, правичен и законски систем за финансирање на филмската дејност.Како професионална заедница која се соочува со слични структурни и институционални предизвици, ја препознаваме важноста на вашата борба за зачувување на уметничката автономија, професионалниот интегритет и достоинствените услови за работа во областа на филмот и аудио-визуелната култура.Изразуваме солидарност со вашите напори и ја поддржуваме вашата заложба за системски решенија кои ќе обезбедат одржлив развој на националната кинематографија и слободно уметничко изразување, стои во писмото за поддршка од ДФРМ.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryf698hv9ani4karqtBHE

Кривична за стружанец: Фатен со хашиш при излез од фабрика за медицински канабис

Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид поднел кривична пријава против 42-годишен жител на Струга, откако кај него бил пронајден и одземен хашиш.Дрогата кај осомничениот со иницијали Ј. П., според полициските инфомации, била пронајдена во момент кога тој излегувал од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид.„При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш“, се вели во информацијата од СВР Охрид.Со кривичната пријава осомничениот стружанец се товари за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-librarye4omb3k9ffj59fa6TX9

Инспекции на градилишта во Аеродром: Изречена казна од 1300 евра

Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор, при што е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице, поради прекршување на Законот за јавна чистота.„При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што се нарушува чистотата на јавните површини и се создава дополнително загадување.Општината нема да дозволи несовесно постапување, а прекршувањата ќе се санкционираат строго и без исклучок. Во наредниот период ќе продолжат и дополнително ќе се интензивираат контролите на сите активни градилишта.Особено внимание ќе се посвети на:Почитување на мерките за заштита на животната средина;Спречување на загадување и несоодветно одлагање отпад;Одржување на чиста и безбедна околина околу градилиштата;Заштита на јавните површини од узурпација;Општина Аеродром упатува апел до сите изведувачи и инвеститори да ги исполнуваат своите законски обврски. Само со дисциплина и одговорност можеме да обезбедиме уредна, чиста и безбедна средина за сите жители на Аеродром“, се вели во соопштениоето.

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-librarymrkjknuoonq34O6WKb0

Перински во „Јасен“: Инвестираме во превенција од шумски пожари

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје, Ангеле Сотировски, извршија увид во активностите на проектот WILD-A – Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени.Проектот се спроведува во рамките на првиот повик од ИПА III – Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, како соработка меѓу четири организации од двете земји. Партнери од македонска страна се ЈПУЗПП „Јасен“ и Балканската фондација за одржлив развој.Вкупниот буџет за македонските партнери изнесува 458.370 евра, од кои 91.674 евра се обезбедени како национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.„Пожарите, особено во летниот период, кои оставаат пустош зад себе, како што сведочевме и минатата година во „Јасен“, предизвикуваат големи еколошки и економски штети. Нашата обврска е навремено да инвестираме во превенција и подготвеност за ваквите штети да ги спречиме, а не само да ги санираме.“, посочи министерот Перински во рамки на посетата.Преку проектот во областа „Јасен“ се зајакнуваат мерките за противпожарна заштита со набавка на специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции. Како дел од активностите се предвидува и обезбедување научна експертиза, спроведување истражувања за мерки за заштита од пожари и поддршка на кампањи за подигање на јавната свест.„Со заедничка соработка, знаење, технологија и посветеност, ние не само што ги намалуваме ризиците од шумски пожари, туку ја поттикнуваме интеграцијата, одговорноста и активното учество на локалната заедница.“ истакна Ангеле Сотировски, директор на „Јасен“.Шумските пожари се сè поголем предизвик во услови на климатски промени, а овој проект носи конкретни решенија за превенција, рана детекција и заштита на биодиверзитетот.

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања