3 нед.
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,1 степен ја погоди областа јужно од Панама

Областа јужно од Панама денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на потресот бил лоциран на отворено море, на длабочина од околу 10 километри и на оддалеченост од 537 километри од градот Есмералдас.Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Непланирано слетување над Кина: Руски авион со 238 патници безбедно приземјен во Ланџоу

Руски патнички авион со 238 патници, кој сообраќал на релација Пукет–Барнаул, безбедно слета на аеродромот во Ланџоу, Кина, соопшти авио-компанијата, пренесува ТАЊУГ.„Во авионот што се подготвуваше за непланирано слетување во Ланџоу, Кина, се наоѓаа 238 патници“, претходно изјави портпарол на компанијата „Азур Ер“ за агенцијата РИА Новости.„Азур Ер“ е руска авио-компанија со седиште во Москва. Компанијата соопшти дека е во постојан контакт со руските воздухопловни власти, како и со свој претставник во Кина, со цел целосно да се координира постапката околу слетувањето и безбедноста на патниците.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

ВМРО-ДПМНЕ: „Безбеден град“ дава резултати, СДС и натаму против мерките за сообраќајна безбедност

СДС и Филипче се против безбеден град, против заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, против намалувањето на повредени и човечки жртви во сообраќајот. СДС се против и покрај фактите и бројките за помалку жртви и помалку повредени,  СДС се против  се што е добро ако не е од нив, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.„СДС додека беа на власт 8 години ништо не направија за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да ги заштитат граѓаните. Зошто СДС и Оливер Спасовски цели 8 години не усогласиле ништо поврзано со Законот за заштита на лични податоци.За разлика од СДС изминатите неколку недели Министерството за внатрешни работи усогласи околу 11 акти со Агенцијата за заштита на личните податоци.Целта на „Безбеден град“ е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки живот. Да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, помалку повредени и колку што е можно помалку човечки жртви.На почетокот безбеден град детектира над 100.000 прекршоци дневно, а сега имаме драстично помалку сообраќајни прекршоци дневно.Со безбеден град успеаја бројот на починати, како последица на непочитување сообраќајни правила, на територија на СВР Скопје да го намалат од 11 споредено со декември и јануари минатата година на 2 смртни случи во декември 2025 и јануари 2026 година, заклучно со 20 јануари.Бројот на повредени лица, како последица на непочитување на сообраќајни правила, споредено за овие 50-тина дена со крајот на 2025 со почеток на 2026 година и крај на 2024 со почеток на 2025 година за истите месеци декември и јануари е намален за 35 отсто.Имаме за 35 отсто помалку повредени лица на територија на СВР Скопје компарирано со претходните два месеци.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за безбедноста на граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Николоски предупредува: Станбениот пазар е надуван балон, купувајте само готови објекти

Министерот за транспорт Александар Николоски во денешното гостување во поткастот на Радио Лидер изјави дека актуелните високи цени на становите претставуваат надуван балон и упати апел до граѓаните да бидат крајно внимателни при купување недвижности, особено кога станува збор за објекти што сè уште не се изградени.Тој предупреди дека постои сериозен ризик дел од градежните проекти да останат незавршени доколку дојде до пукање на балонот во градежништвото, поради што купувањето станови „на хартија“ може да се покаже како опасна инвестиција.– „Загрижен сум дека се создава еден балон во градежништвото и да ги замолам граѓаните да не купуваат станови без да можат да ги видат со голо око. Да не купуваат станови со таканаречена прибелешка во имотен лист, туку да купуваат станови во објекти кои што веќе имаат добиено употребна дозвола“, изјави Николоски.Министерот истакна дека најсигурен начин за заштита е купување станови во објекти со завршена документација и впишани во Катастарот.– „Затоа што ми е страв дека овој балон може да пукне и дека бројни објекти може да останат незавршени. Апелирам до граѓаните да внимаваат многу кога купуваат недвижности. Наједноставен совет е да бараат од инвеститорот употребна дозвола и да е впишан во ‘Катастар’“, додаде тој.Николоски нагласи дека актуелните цени се нереално високи и не соодветствуваат со реалната куповна моќ.– „Немам сретнато човек што купил стан по цена од 2.500 или 3.000 евра, а цените се тие, што повторно ме носи до грижата дека се работи за ‘балон’“, рече министерот.Според него, државата има ограничен простор за интервенција, бидејќи високите цени се концентрирани во неколку урбани зони, додека во другите градови и населени места се бележи пад на цените на недвижностите.Тој посочи и на дополнителен парадокс – иако цените на становите растат, трошоците за градежни материјали во овој период се во опаѓање, што дополнително ја засилува загриженоста дека станува збор за вештачки надуван пазар.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library9mto71190fbu9NXTA1y

Со години се претставувал како пилот и стјуард и летал бесплатно – сега му се закануваат до 20 години затвор

Маж од Торонто е обвинет дека со години лажно се претставувал како пилот и стјуард за да си обезбеди стотици бесплатни летови.Далас Покорник (33) наводно во период од четири години ги измамувал американските авиокомпании користејќи фалсификувани идентификациски документи, пренесува Unilad.Според судските документи, Покорник од 2017 до 2019 година работел како стјуард во неименувана авиокомпанија со седиште во Торонто. По тој период, властите тврдат дека продолжил да користи фалсификувани службени исправи од истата компанија за да добие бесплатни авионски билети кои се наменети исклучиво за пилоти и кабински персонал на три американски авиопревозници.Во обвинението се наведува дека оштетените компании имале седишта во Хонолулу, Чикаго и Форт Ворт, во сојузната држава Тексас.„За време на измамата, Покорник барал помошно седиште во пилотската кабина на авионот, кое го користат членови на екипажот кога не се на должност, иако тој не бил пилот и немал пилотска дозвола“, соопшти Канцеларијата на американскиот обвинител. Засега не е познато дали тој навистина патувал во пилотската кабина.Поранешниот стјуард бил уапсен во Панама во октомври минатата година поради обвиненија за измама. По екстрадицијата, на 20 јануари, тој се изјаснил дека не е виновен по сите точки од обвинението.Доколку биде прогласен за виновен, на Покорник му се заканува казна до 20 години затвор, како и парична казна до 250.000 долари. Дополнително, можно е да му биде изречен и период на условен надзор по издржување на казната.Случајот потсетува на филмот „Фати ме ако можеш“ од 2002 година, но и на случајот со Тајрон Александер, кој шест години, од 2018 до 2024, лажно се претставувал како член на авионска посада и бесплатно летал повеќе од 120 пати користејќи интерни системи за издавање билети. Александер минатата година беше осуден за измама и неовластен влез во заштитена зона на аеродром со лажно претставување.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
policija-4

Тетовец пијан возел во спротивна насока

На 23.01.2026 во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско.Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library2b9jsevuo03q4b14Enr

Румен Радев ја напушта претседателската функција, Јотова ја презема должноста

Претседателот на Бугарија во оставка Румен Радев денес ќе ја напушти претседателската функција, објави БГНЕС.Администрацијата на „Дондуков“ 2 објави дека Радев ќе ја напушти претседателската институција во 16:00 часот. Во понеделникот, тој го упати своето последно обраќање до бугарскиот народ, во кое ја објави својата оставка од функцијата.Румен Радев ќе биде испратен до главниот влез на институцијата од потпретседателката Илијана Јотова, која ќе ја преземе функцијата шеф на државата по одлуката на Уставниот суд.Уставниот суд ќе ја одржи седницата на која ќе донесе одлука во 10 часот

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2025-02-03-at-09.10.21

Една година без Фросина, усмртена на пешачки на Партизанска

Една година по трагичната смрт на младата Фросина Кулакова, семејството со длабока тага најави помен и упати повик за молитва и сеќавање. Во сабота, на 24 јануари 2026 година, на градските гробишта во Неготино ќе се оддаде почит на животот што прерано згасна.„Во сабота на 24.01.2026 една година помен на нашата ќерка, твојата, мојата, вашата, чедото кое го откинаа од своето семејно гнездо, ангелот на кого му ги скршија крилјата кои насмевки и светлост носеа, една година од ангелот кој е во рајската градина каде што сите ангели вечно живеат, во нашите срца, во мислите, во душата.Семејството на Фросина ја испраќа својата тага и болка, преку почит и повик кон сите кои би можеле да се помолат за душата на Фросина и до сите кои би можеле да ѝ го осветлат небото со палење на свеќа на нејзиното вечно почивалиште на градските гробишта во Неготино во 11.00 часот.Нашите молитви ќе ги испратиме заеднички кон ангелот чија светлост секогаш ќе сјае.Семејството на Фросина:Драги пријатели, роднини…Во сабота, во 11:00 часот, ќе одржиме помен / парастос – една година од заминувањето на нашето мило дете, АНГЕЛ-Фросина.Една година помина. Но за нас – не помина ништо. Болката не се мери со време. Се мери со празнината што останува засекогаш.Фросина не беше „само млад живот“. Фросина беше светлина, добрина, чистина, милина, убавина… и нашата најголема љубов. Центарот на нашето семејство…Ги повикуваме сите роднини, пријатели, другари и колеги кои ја носат Фросина во срцето – да дојдат, да запалат свеќа, да кажат молитва и да ѝ оддадат почит. Да не биде сама во споменот. Да не биде заборавена. Никогаш.Сабота – 11:00Неготино / градски гробиштаВечна ти слава, Фросинче наше миличко. Биди најмила при Бога, како овде нам…Тато, мама, Бато – те сакаат бескрајно.“, стои во објаватаФросина Кулакова беше смртно прегазена од 20-годишниот Васил Јованов, кој на булеварот „Партизански одреди“ под дејство на алкохол, поминал на црвено светло со брзина од 91 километар на час и без возачка дозвола.Судијката Снежана Марковска изрече казна од 12 години затвор за Васил Јованов.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
nikola-gruevski-45

Случајот „Талир“ со изменето обвинение: застаре злоупотребата, останува перењето пари

Судскиот процес против поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир“ доби нов тек откако дел од кривичните дела за кои беше обвинет застареа. Груевски повеќе не се гони за злоупотреба на службената положба и овластување, која се однесуваше на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, но кривичниот прогон за перење пари продолжува, потврди јавната обвинителка Ленче Ристоска.До судот е доставено изменето обвинение, откако беше утврдено дека предикатното кривично дело е застарено поради истек на законските рокови и измените на Кривичниот законик од 2023 година. И покрај тоа, според законските одредби и воспоставената судска пракса, нема правни пречки за продолжување на постапката против Груевски и неговиот соучесник Кирил Божиновски за делото перење пари.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Николоски бара од ЕУ ревизија на правилата за македонските превозници: Тоа е голем ризик за економијата

Година дена алармираме за проблемот со транспортерите и електронската евиденција во ЕУ и требаше да се донесе до ескалација да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање, вели во интервју за Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во однос на новите правила за влез во земјите од шенген зоната за професионалните возачи.Тој истакна дека проблемот е многу сериозен од причина што ова ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион, дополнително на извозно ориентираните компании. Засега решение нема, а Владата целесно ги разбира транспортерите и најавените блокади на граничните прмини кон шенген земјите.“Од понеделник ќе има протест кој предвидено е да трае седум дена на граничните премини кои одат кон шенген зоната, на превозниците на Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Б и Х. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија, бидејќи нашите економии се мали и главно се ориентирани кон извоз. Целокупното производство на компаниите кои прозиведуваат во ТИРЗ кои што работат најголем дел од луѓето во Македонија и кои што носат најголем девизен прилив -сто процентен извоз, голем дел од домашните компании кои се извозно ориентирани и ако не можат да извезат тоагаш запира и економската активност, а од друга страна ако превозот поскапе за 3 до 5 % тогаш стануваат неконкурентни на европскиот пазар”- рече вицепремиерот Николоски.Иако во континуитет има разговори со претставници до ЕУ, засега тие остануваат на ставот за употреба на новите правила за влез и за транспортерите.‘Јас во декември имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ, директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање и овие радикални мерки се единствен начин да се привлече внимение. Јас и владата имаме целосно разбирање за македонските транспортери, го разбираме нивниот револт, ги подржуваме нивните барања и навистина треба да се реши овој проблем преку одложување на електорнскиот систем за професионалните возачи или да се изнајде начин како да добиваат работни визи треба да го реши ЕУ. Мислам дека не им е јасно на ЕУ што значи ова за земјите од Западен Балкан, се работи за класична бирократија, за целосна игнорантност и непосветување на внимение на проблемот”- истакна Николоски.Тој како пример истакна дека веројатноста е голема за зголемување на цената на превозот за 5 % со што домашните производи ќе станат неконкуретни на европскиот пазар.“Сите стопански комори од регионот веќе цела година реагираат. Не е едоставно решението. На пример компанија од Македoнија која што извезува во Германија ако ангажира германска компанија, тогаш превозот е од 3 до 5 % поскап. Доколку превозот е до 5 % поскап, тогаш прозиводите во Македонија и регионот ќе станат неконкуретни и тогаш можно е да се компаниите да си заминат од Македонија. Една компанија со која разговарав, а нема да ја именувам, најавува загуби од 1,5 милиони евра неделно. Сега со овие услови, транспортниот бизнис ќе остане целосно неисплатлив од причина што ќе се намали времето за 50% што возачите ќе можат да го минуваат во рамки на ЕУ”- додаде вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
793404-sijarto-eu-da-se-fokusira-na-zapirane-na-migracijata-i-rabotni-mesta-za-evropskite-gragani

Унгарија пред одлука: Мир или војна на изборите на 12 април

Унгарија на парламентарните избори на 12 април ќе одлучи дали сака мир или војна, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.Тој додаде дека претстојните избори ќе покажат дали Унгарија ќе му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги користи парите на унгарските даночни обврзници за, како што рече, „одржување на корумпираниот украински режим“.Сијарто, во видео-обраќање објавено на Фејсбук, изјави дека Унгарија, во време кога се обликува нов глобален поредок, „има свое место на масата“ каде што се носат клучните одлуки, пренесува агенцијата МТИ.Тој истакна дека премиерот Виктор Орбан е единствениот европски лидер кој во моментов може директно да комуницира со Вашингтон, Москва и Пекинг. Сијарто потсети и на учеството на Орбан на Светскиот економски форум во Давос, каде што се приклучил на Одборот за мир, нагласувајќи дека Унгарија ги поддржува мировните напори за завршување на четиригодишниот конфликт во регионот.„Нема да дозволиме Унгарија да биде вовлечена во војна, без разлика дали тоа му се допаѓа на претседателот Зеленски или не“, порача Сијарто.Тој го обвини Зеленски дека повторно се меша во предизборната кампања во Унгарија, како што, според него, тоа го сторил и пред четири години, додавајќи дека проукраинската опозиција може да дојде на власт само доколку ја смени сегашната влада.„Додека оваа влада е на власт, Унгарија нема да биде вовлечена во војна и Зеленски нема да може да зема пари од унгарските граѓани. Влогот на овие избори е јасен: Унгарците ќе бираат меѓу мир и војна и дали ќе дозволат финансирање на корумпиран режим со нивните даноци“, заклучи Сијарто.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
aplikacii-telefon

Телефонот ви е постојано полн? Еве како за пет минути да ослободите меморија

Проблемот со полната меморија на мобилните телефони денеска ги погодува речиси сите корисници. Сепак, постојат неколку едноставни чекори со кои за само неколку минути може значително да се ослободи простор и да се подобрат перформансите на уредот.Современите апликации, фотографиите со висока резолуција и 4К-видеоснимките зафаќаат огромен дел од внатрешната меморија, а кешираните податоци со текот на времето се таложат незабележливо. Најголемите „потрошувачи“ на простор на телефонот се фотографиите и видеата, кои често зафаќаат меѓу 40 и 60 отсто од вкупната меморија, како и апликациите со нивните податоци, кои со текот на времето можат да достигнат и неколку гигабајти.Дополнителен простор зафаќаат музиката и видеосодржините преземени за офлајн користење, кеш-датотеките од интернет-прелистувачите и апликациите за стриминг, како и системските датотеки и остатоците од ажурирањата. Само една минута 4К-видео може да заземе и до 400 мегабајти, додека фотографиите направени со модерни камери тежат од 3 до 12 мегабајти. Апликациите како WhatsApp и Instagram дополнително складираат фотографии, видеа и пораки, што значително го зголемува зафатениот простор.За да се провери што точно ја исполнува меморијата, потребно е во поставките да се отвори делот за меморија или „грижа за уредот“, каде што е прикажан детален преглед по категории и апликации.Најбрзите начини за ослободување неколку гигабајти простор за само неколку минути се: бришење на датотеките од папката „Downloads“, чистење на кешот кај најчесто користените апликации, празнење на корпата за избришани датотеки, отстранување дупликат-фотографии и снимки од екранот, како и деинсталирање апликации што не се користеле со месеци.Иако постојат бројни апликации за чистење меморија, се препорачува користење на веќе вградените системски алатки, бидејќи тие се побезбедни и не претставуваат ризик за приватноста или за бришење важни податоци.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-library4vsp2v80fas5cuH4JJ5

СДСМ обвинува: ВМРО со кривични предмети врши притисок врз Деспотовски и Шилегов

Како СДСМ со сета сила го објавува криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ така се засилуваат хајките, црните кампањи и обидите за рушење на СДСМ одвнатре. Сите диригирани и координирани од еден центар - ВМРО, велат од СДСМ.„ВМРО најде двајца слаби од нашите редови за ова предавството.  Прашањето е зошто? Зошто токму Деспотовски и Шилегов се одбрани за напад врз СДСМ?Кои се причинско последичните факти?Против Јово Деспотовски е поднесена Кривична пријава од Управата за финансиска полиција со сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување.Осомничен е дека како службено лице – директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Скопје во 2022 година, заедно со други службени лица му овозможиле на едно правно лице да прибави противправна имотна корист која надминува значителна вредност од  10 милиони евра.  Постапката сè уште е во тек.Сега дали е појасно?По неуспешните првични обиди, Деспотовски ги продолжи нападите кон СДСМ, во директна координација со Геро и објави на неговиот портал.Дури се користи и иста реторика и истите теми како ВМРО. од страна на Деспотовски, но и од страна на Шилегов.Предавството на Шилегов можеби е очекувано поради пороците, приватните слабости и долгови. Но, според информации со кои располагаме, Основното јавно обвинителство во 2024 година доставило барање за доставување податоци и за оформен предмет за јавна набавка на Град Скопје од 2021 година.Овој предмет се уште е во истражна постапка но се однесува на времето на времето кога Петре Шилегов ја извршуваше функцијата Градоначалник на Скопје.ВМРО ги уценува со кривични пријави или други процеси.СДСМ уште еднаш порачува дека обидите за рушење на СДСМ од внатре нема да успеат.Ќе се избориме со сите напади.Нема неколку вакви слаби обиди да нè поколебаат во нашата борба против криминалот и корупцијата на ВМРО“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче вложувал повеќе во болницата Жан Митрев за подоцна преку притисок да ја презема како профитабилен бизнис?

Веројатно не постои црвена линија што Венко Филипче и Зоран Заев не би ја преминале ако на крајот од неа стојат пари, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„Јавноста беше сведок за време на нивното владеење, а е сведок и денес, на апетитите кои очигледно немаат дно.Таков е и случајот со д-р Жан Митрев, сопственик на истоимената болница, кој неодамна на национална телевизија изјави дека во период кога против него се водел судски процес, бил под директен притисок поврзан со сопственоста на неговата болница.И во овој случај биле пакет аранжман, Заев-Филипче, и наместо да се држат до институционална дистанца, тие веднаш го препознале моментот како можност за профит.Според кажаното од самиот Митрев, токму во тие околности му било сугерирано дека „може да му се помогне“ во судскиот случај, ако болницата заврши во „вистински раце“.Во меѓувреме, му биле блокирани и личната сметка и сметката на болницата, а постоела и забрана за продажба. Но, штом станало јасно дека болницата е таргет, по само една недела, забраната била повлечена од страна на ЈО, со што се отворила можност за купување удели.Ова е само уште еден меѓу многуте примери и се должи на инсталациите на СДС во судството.Откако теренот бил исчистен следувала и  спогодба, односно Заев и Филипче му понудиле на д-р Жан Митрев, цена за болницата далеку пониска од продажната, а за возврат да му помогнат да се ослободи од обвиненијата против него.Инаку, болницата Жан Митрев имала најголем буџет за време кога Филипче бил министер за здравство.За 2015 година буџетот е  361.600.000 денари. Истиот се зголемува во 2017 година на 406.600.000 милиони денари, во 2018 повторно се зголемува на 457.000.000 денари. Во 2019 година има уште поголемо зголемување или 612.000.000 денари, за во 2020 година достигне 682.000.000 денари.  За 2021 година, 602.000.000 милиони денари, за 2022 година, повторно 602.000.000 милиони денари,  за 2023 година, околу 548 000 000 денари, за 2024 година,  околу 515 милиони денари, а во 2025 година или минатата година е намален на 479.883.000 милиони денари.Ова не е прва приватна здравствена установа на која Филипче и фрлил око, а во контекст на случајот логично е да се постави прашање, дали преку овие милионски трансфери за Филипче претставувале инвестиција во сопствен проект со цел подоцна требало да ја преземе како веќе профитабилен бизнис?Додека граѓаните во екот на  ковид пандемијата бараа вакцини, додека луѓе умираа, болниците беа на раб на капацитетите и граѓаните беа принудени да одат во соседни земји за вакцини,  министерот за здравство очигледно имал поважни приоритети и сопствени бизнис планови и лични калкулации.Дали ЈО ќе отвори истрага или ова ќе остане во сенка на политичките интерпретации на Филипче? Затоа што, вчера на неговата прес-конференција како заменик портпарол на СДС, овој случај се обиде да го минимизира“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarylt3ng5vj36avcxB0OVY

(ВИДЕО) Џиновски бранови од 10 метри и урагански ветрови: Ингрид носи хаос во Франција

Олујата Ингрид денеска го зафати регионот Бретања, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и крајбрежни поплави, јавува телевизијата БФМ.Француската метеоролошка служба „Метео-Франс“ регистрираше удари на ветер до 136 километри на час во Уесан и Финистер, додека во Бел-Ил-ан-Мер тие достигнале 119 километри на час, а во областа Гроа, во департманот Морбијан, 112 километри на час.Врнежите во Кемпер достигнаа 23,8 милиметри, а во текот на денот се очекуваат дополнителни од 10 до 30 милиметри дожд на веќе натопеното тло.Највисоките бранови, со височина и до 10 метри, се забележани долж брегот на Финистер и Морбијан. Трите реки – Лаита, Блаве и Уст – и натаму се под портокалово метеоролошко предупредување, со постојан пораст на водостојот, особено во Морбијан.Олујата Ингрид доаѓа само една недела по олујата Горети, која веќе предизвика значителни штети во регионот. Иако се очекува постепено слабеење на ветровите и врнежите до крајот на денот, ризикот од поплави и оштетувања на крајбрежјето и инфраструктурата останува висок.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library0rd6tugruijme1ng7tB

Пет филмови номинирани за Оскар што можете да ги гледате на Нетфликс

Нетфликс и годинава ја потврдува својата силна позиција во современата филмска индустрија, откако објавувањето на номинациите за 98. доделување на Оскарите покажа дека стриминг-платформата има значајно присуство меѓу најпрестижните филмски остварувања. Меѓу номинираните се најдоа шест филмови на Нетфликс, со вкупно 18 номинации.Во изминатите години, Нетфликс се етаблираше не само како платформа за масовна забава, туку и како дом на амбициозни, оригинални и наградувани филмски проекти, кои рамноправно се натпреваруваат со традиционалните холивудски студија.Меѓу најистакнатите наслови е „Frankenstein“ на Гиљермо дел Торо, адаптација на класичниот роман на Мери Шели, која доби девет номинации за Оскар, меѓу кои и за најдобар филм. Филмот нуди емотивна и визуелно богата интерпретација што ги преиспитува моралните и етичките последици од создавањето живот.Филмот „Train Dreams“ на Клинт Бентли, сместен на почетокот на 20 век, ја раскажува тивката и поетска приказна за еден обичен човек соочен со љубовта, загубата и промените на модерниот свет. Остварувањето е номинирано во повеќе категории, вклучувајќи адаптирано сценарио и кинематографија.Меѓу анимираните филмови се издвојува „KPop Demon Hunters“, музички и визуелен спектакл кој ги спојува поп-културата, фантазијата и акцијата. Филмот е номиниран за најдобар анимиран филм и најдобра оригинална песна.Во документарната конкуренција, „The Perfect Neighbor“ се издвојува со истражување на трагичен настан во САД, при што фокусот е ставен на одговорноста и молкот во заедницата, без сензационалистички пристап.Листата ја заокружува краткометражниот документарец „All the Empty Rooms“, кој ја прикажува тишината и празнината што остануваат по пукањата во училиштата, преку сведоштвата за детските соби на жртвите, претворајќи ги во силен симбол на прекинати животи.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
49939034_276406699699199_5996088938685530112_n_276406693032533

Попова Шапка со најмногу снег – 32 сантиметри снежна покривка

Попова Шапка утринава е локацијата со најголема снежна покривка во земјава, каде до 7 часот се измерени 32 сантиметри снег. Значителна снежна покривка има и на Маврови Анови со 14 сантиметри, додека во Крушево се регистрирани 6 сантиметри, во Битола и Ѓуриште по 5, а во Тетово 1 сантиметар снег.Најниските утрински температури се измерени во Крушево, каде живата во термометарот се спушти до минус 3 степени. Минус 2 степени се регистрирани на Попова Шапка, додека минус 1 степен е измерен во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови. Нулта температура е измерена на Зајчев Рид во Скопје, како и во Крива Паланка, Берово, Струмица и Битола. Во Куманово, Велес, Охрид и Претор се измерени 1 степен, во Штип, Прилеп, Кавадарци, Виница и Гевгелија 2 степени, додека најтопло утринава било во Демир Капија со 3 степени.Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне, по одделни котлини, се очекува појава на магла или ниска облачност, а ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 4 до 10 степени.Во Скопје, претпладне ќе има магла и ниска облачност, додека во текот на денот се очекува променлива облачност со сончеви периоди. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 6 степени.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryto3t75tj2umt3zl0yAV

Со имот како гаранција, Борче Марковски излезе од притвор

Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски, е пуштен од притвор, дознава Телма. Според неофицијални информации, гаранцијата што ја понудил за да му биде укинат притворот изнесува речиси пет милиони евра и опфаќа недвижен и движен имот.Како гаранција се наведуваат куќа со двор и три стана во Битола, сопственост на „Марковски компани“, како и 25 булдожери и камиони што се водат како имот на фирмата.Одлуката ја донел Основниот суд во Битола, и покрај тоа што битолското Основно јавно обвинителство претходно дало негативно мислење на барањето за укинување на притворот. Судот му определил мерки на претпазливост – Марковски еднаш неделно ќе мора да се јавува во судот, а привремено му е одземен и пасошот.Од обвинителството за Телма ја потврдија информацијата и информираа дека поднеле приговор за надлежноста на Кривичниот совет, оценувајќи дека одлуката требало да ја донесе Апелацискиот суд.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Муцунски во Истанбул на министерскиот состанок на Балканската платформа за мир

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул. На состанокот е предвидено учество на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 година, со цел да придонесе за регионалниот мир, стабилност и благосостојба, преку заеднички пристап во изнаоѓање регионални решенија за регионалните прашања. Првиот министерски состанок во рамки на оваа иницијатива се одржа во јули минатата година, исто така во Истанбул.Муцунски ќе се обрати на состанокот, при што се очекува да ги адресира клучните прашања поврзани со регионалната соработка и заложбите за побрза интеграција во Европската Унија, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, дигитализацијата, како и образованието и младите.На маргините на состанокот е предвидено министерот Муцунски да оствари и одвоена билатерална средба со министерот Фидан, на која, покрај прашањата од доменот на билатералната соработка, ќе се разговара и за регионалните состојби и актуелните глобални предизвици.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarye5tprdemmlaic8JV2X4

СДСМ обвинува: Орбановата 4iG со политичка поддршка на ВМРО влегува на македонскиот пазар

Мицкоски во Давос ја покажа изолацијата, немаше средба со високи европски и светски лидери. Во видеа кои сам си ги снимаше видовме само средби со неколку негови партнери меѓу кои и со сопственикот на унгарската 4iG, вели опозициската партија СДСМ.„Ова уште еднаш го потврдува она што СДСМ цело време го говори, за политичката и бизнис спрега Орбан-Мицкоски и како влијае врз Македонија.4iG е унгарска ИТ и телекомуникациска компанија која прерасна во голем играч во телекомуникацискиот сектор, вклучително и во мобилните оператори. Таа е сопственик на Vodafone Hungary (денес под брендот One Hungary), кој беше купен во 2023 година во партнерство со унгарската држава. 4iG поседува 51%, а државата 49%. Компанијата стана „национален шампион“ во Унгарија, со ширење и во други држави.4iG е длабоко поврзана со Виктор Орбан и неговата бизнис-империја. Тој лично интервенирал во преговорите за аквизиции, како на пример при купувањето на Invitech во 2021 година, кога во Лондон ги убедил кинеските сопственици да ја продадат компанијата на 4iG, со поддршка на унгарската дипломатија.Унгарската влада обезбеди масивна поддршка: повеќе од 189 милиони евра тајни државни инвестиции преку фондови како iG COM, олеснувања во регулаторните постапки (на пример изземање од антимонополски контроли) и финансирање преку државни банки за купувањето на Vodafone.Компанијата е дел од планот на Орбан за изградба на провладин бизнис во стратешки сектори, како што се телекомуникациите, со цел да се намали влијанието на странските компании и да се зголеми контролата врз информативните мрежи.Оваа поддршка ѝ овозможи на 4iG брз раст – од мала ИТ фирма до конгломерат со интереси во одбраната (партнерство со Rheinmetall и купување државни удели во воената индустрија во 2025 година).Медиумите во ЕУ ова го гледаат како начин Орбан да пренасочува државни средства кон своите сојузници, во согласност со неговата политика од 2010 година наваму.Сега е појасно зошто оваа врска потсетува на врските на Мицкоски и неговите ортаци кои добиваат тендери.Исто така, појасна е и бизнис позадината на „тендер коалицијата““, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања