3 нед.
media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Премиерот во Давос: Гасни интерконектори, хидроцентрали и енергија како магнет за инвестиции

Република Македонија интензивно ги зајакнува преносните капацитети за електрична енергија и природен гас како дел од пошироката стратегија за развој на вештачката интелигенција и привлекување странски директни инвестиции, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на панел-дискусија во рамки на Светски економски форум во Давос.Одговарајќи на прашања поврзани со вештачката интелигенција, потребата од центри за податоци и конкурентноста на Македонија во однос на Хрватска и Словенија, Мицкоски истакна дека државата паралелно ги унапредува електроенергетските и гасните преносни мрежи. Тој информираше дека во моментов се гради гасен интерконектор со Грција, а наскоро започнува и изградбата на гасен конектор кој ќе ја поврзе земјата со Србија.Според премиерот, за развој на центри за податоци и високи перформанси во вештачката интелигенција е неопходно сигурно и одржливо снабдување со електрична енергија. Во таа насока, Владата планира значително зголемување на капацитетите за природен гас – од сегашна потрошувачка од околу половина милијарда кубни метри годишно, кон капацитет од осум милијарди кубни метри годишно. Ова, како што нагласи, ќе овозможи изградба на илјадници мегавати инсталиран капацитет во гасни електрани, кои ќе обезбедуваат стабилна електрична енергија за нови центри за податоци.Мицкоски потенцираше дека Владата е подготвена да го преземе целиот институционален ризик поврзан со овие проекти, нагласувајќи дека токму ваквиот пристап претставува клучен поттик за потенцијалните инвеститори.Покрај гасните и електроенергетските проекти, премиерот информираше дека во моментов се развиваат три крупни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентрали, со вкупна вредност од околу две милијарди евра. Како што рече, овие проекти имаат стратешко значење не само за Македонија, туку и за целиот регион.Станува збор за изградба на три големи брани кои ќе создадат значајни резервоари со чиста вода за пиење, што, според Мицкоски, добива особено значење во контекст на климатските промени. Проектите се дел од каскаден систем на Црна Река, а низводно од него се наоѓа Тиквешкиот регион, познат како еден од најплодните земјоделски региони во Европа.Говорејќи за темата на вештачката интелигенција, премиерот посочи дека честопати таа се користи како популарен термин без вистинско разбирање на нејзината суштина. Тој потсети дека уште пред 16 до 17 години, во рамки на својот докторски труд, работел со алгоритми на фази логика за контрола на манипулативни роботи, оценувајќи дека тоа биле раните почетоци на она што денес се нарекува вештачка интелигенција.Мицкоски нагласи дека фокусот на Владата е ставен на енергијата како темел за технолошки развој, економски раст и позиционирање на Македонија како сериозен и стабилен партнер за високо-технолошки инвестиции.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

ДУИ остро за Давос: Владата без средби, државата без сојузници

Демократска унија за интеграција оцени дека Република Северна Македонија се движи по крајно погрешна и штетна патека, обележана со стратешки отстапувања и често менување на насоката во надворешната политика, што, според партијата, ја довело државата во длабока меѓународна изолација, невидена во поновата историја.Како директен резултат на, како што ја нарекуваат, промашената политика, од ДУИ го посочуваат настапот на премиерот и владината делегација на Светски економски форум во Давос, кој го оценуваат како дипломатски дебакл што ја маргинализирал целата држава. Според нив, на форум на кој присуствувал речиси целиот свет, премиерот и делегацијата немале ниту една значајна билатерална средба, а нивните јавни настапи, сведени главно на објави на социјалните мрежи од периферијата на настанот, дополнително ја отсликувале слабата меѓународна позиција во која се наоѓа земјата.ДУИ наведува дека Давос го разоткрил и целосното промашување на т.н. „периметар дипломатија“. Додека соседните држави биле поканети од Доналд Трамп на иницијативата позната како „Board of Peace“, Северна Македонија, според партијата, останала меѓу непоканетите. Незрелото и често менување правци во надворешната политика, како и нејасната стратешка ориентација, според ДУИ, довеле до тоа земјата денес да биде игнорирана и од Европска Унија и од Соединетите Американски Држави, двата клучни стратешки партнери.Партијата предупредува дека последиците од ваквата изолација веќе се чувствуваат. Европското досие, како што наведуваат, сѐ повеќе се турка на страна, државата станува ранлива на влијанија од алтернативни центри на моќ, а тоа, според нив, ја отвора опасноста од колапс на целиот политички систем. ДУИ тврди дека двајца американски инвеститори ја напуштиле земјата, дека нови инвестиции изостануваат, буџетот се празни, а економскиот стандард континуирано опаѓа, оставајќи ги граѓаните сѐ посиромашни.Ова, според ДУИ, не е апстрактна политичка дебата, туку реална состојба која директно ќе ја погоди секоја фамилија, секој работник и секој бизнис. Партијата предупредува дека продолжувањето на меѓународната изолација ќе има долгорочни и тешко поправливи последици врз економијата, стабилноста и иднината на државата, оценувајќи дека Северна Македонија не смее да биде земја без сојузници, без перспектива и без доверба на меѓународната сцена.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
zan-mitrev

Петрушевски бара истрага: Притисоци и уцени врз Жан Митрев со државни пари

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, оцени дека со секој изминат ден сè појасно излегува на површина, како што рече, „вистинското лице на СДС“ за време на седумгодишното владеење. Според него, актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, може да негира колку што сака, но фактите и сведоштвата, како што тврди, секојдневно го демантираат и укажуваат дека заедно со својот ментор, Зоран Заев, и нивната „дружина“, државниот апарат го ставиле во функција на приватни и клановски интереси.Петрушевски тврди дека користејќи ја институционалната моќ, биле злоупотребувани државните механизми, а врз доктор Жан Митрев биле вршени притисоци и уцени со цел да му се одземе Клиничката болница „Жан Митрев“ по, како што рече, багателна цена. Според него, наместо како министер за здравство да се фокусира на јавното здравство и проблемите на граѓаните, Филипче бил насочен кон преземање приватна здравствена установа.Во таа насока, Петрушевски посочува дека за остварување на оваа цел не биле поштедени ниту државните, односно народните пари. Тој се повикува на јавно достапни податоци според кои, во периодот на владеење на СДС, а особено кога Филипче бил министер, значително се зголемувале буџетските трансфери кон Клиничката болница „Жан Митрев“ од државните институции.Како што наведе, во 2015 година буџетот изнесувал 361,6 милиони денари, односно околу 5,8 милиони евра, а со доаѓањето на СДС на власт трансферите речиси се удвоиле. Во 2020 година, кога Филипче раководел со здравствениот сектор, буџетските средства наменети за болницата достигнале 682 милиони денари, што, според Петрушевски, е износ близу 11 милиони евра.„Бројките се немилосрдни и повеќе од јасни“, изјави Петрушевски, прашувајќи дали ваквите значителни приливи на државни средства биле еден од начините, со пари на граѓаните, да се изврши притисок врз докторот за продажба на болницата по пониска цена.Тој додаде дека, според неговите тврдења, ова не бил единствениот метод што го користеле Филипче и, како што рече, „криминалната дружина на чело со Заев“. Според Петрушевски, на докторот Митрев му биле вршени притисоци, бил уценуван, а му била нудена и помош во судска постапка поврзана со клиничката болница, нешто што, како што посочи, самиот Митрев јавно го потврдил.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека овие наводи покажуваат оти нема област во општеството која СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, според него, не ја заробиле и злоупотребиле, додавајќи дека апетитите кон приватниот здравствен сектор не се нови и дека за нив со години зборува македонската јавност.На крајот, Петрушевски упати повик до Јавното обвинителство, оценувајќи дека не смее да чека и дека мора темелно да ги испита, како што рече, сериозните индиции за изнуда и сторен криминал. „Одговорност мора да има“, порача тој.

Медиасет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Алијанса за Албанците на Таравари со критики за „Сејф сити“: Проектот отвора правни и уставни прашања

Алијанса за Албанците, крилото предводено од Арбен Таравари, изрази критички став кон Законот за прекршоци, во кој е опфатен и проектот „Сејф сити“, оценувајќи дека неговата актуелна примена отвора сериозни правни, социјални и уставни загрижености.Од партијата најпрвин укажуваат дека не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во делот на службената комуникација со граѓаните. Според нив, известувањата и санкциите што произлегуваат од проектот „Сејф сити“ не се доставуваат на јазиците предвидени со закон, што претставува директно кршење на јазичните права на граѓаните Албанци и, како што наведуваат, е неприфатливо за мултиетничка држава.Како второ прашање, Алијанса за Албанците бара ревизија на висината на казните и на дозволената толеранција, со цел граѓаните да не бидат неправедно оштетени. Од партијата потенцираат дека безбедноста во сообраќајот е значајна и неопходна, но дека таа не смее да се обезбедува преку непропорционални казни кои директно влијаат врз егзистенцијата и социјалната состојба на граѓаните.Дополнително, Алијанса за Албанците оценува дека селективната примена на проектот „Сејф сити“ само во неколку градови е неправедна и дискриминаторска. Според нив, доколку проектот навистина има цел да ја зголеми јавната безбедност, тој мора да се спроведува рамноправно на целата територија на државата, а не ограничено само на три градови.Од партијата бараат надлежните институции итно да ги адресираат овие забелешки, да отворат широка јавна дебата и да обезбедат сите вакви системи и проекти да бидат во целосна согласност со законите, принципот на еднаквост и реалниот интерес на граѓаните.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
DSC_0402

Субвенции за возачки испит за млади од Центар, повикот отворен

Општина Центар објави јавен повик за доделување субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината. Мерката е наменета за млади жители на локалната самоуправа, со цел финансиско олеснување и поттикнување на безбедно учество во сообраќајот.Право на субвенција имаат лица кои во текот на 2026 година ќе наполнат 18 и 19 години, односно родените во 2007 и 2008 година, како и оние кои во 2025 година наполниле 19 години, родени во 2006 година, под услов уплатата за полагање на возачкиот испит да ја извршиле во текот на 2025 година.Висината на субвенцијата изнесува 10.000 денари со вклучен данок на додадена вредност и може да се користи исклучиво за полагање возачки испит за Б-категорија.Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека со оваа мерка општината има за цел да ги мотивира младите навремено да го положат возачкиот испит и одговорно да се вклучат во сообраќајот. Според него, субвенцијата претставува и директно олеснување за семејните буџети, имајќи предвид дека процесот за добивање возачка дозвола е финансиски оптоварувачки, но неопходен чекор за секој млад човек.Барањата со целосна документација се поднесуваат во архивата на Општина Центар – Скопје, во барака број 6, секој работен ден од 9 до 15 часот.За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/3203-600, како и на електронските адреси elif.idris@centar.gov.mk и anastazija.babulovska@centar.gov.mk.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ДУИ се повлекува: Нема поддршка за законот за Сејф сити

Демократската унија за интеграција денеска одлучи да не гласа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоци, со што се доведува во прашање неговото стапување во сила и почетокот на функционирањето на системот „Сејф сити“, најавен за 1 февруари.Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт од редовите на ДУИ, Рина Ајдари, во изјава за ТВ21 истакна дека пратениците на ДУИ нема да го поддржат законот, наведувајќи дека постојат повеќе забелешки и конкретни барања за измени на предложените решенија.Измените на Законот за прекршоци денеска се наоѓаат на дневен ред на пленарната седница во Собранието и се предуслов за целосна примена на системот за автоматска контрола на сообраќајот.Владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, заедно со Левица, најави поддршка за законот, додека СДСМ, слично како и ДУИ, соопшти дека нема да го поддржи.За усвојување на законот е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, што ја прави неизвесна неговата судбина и можниот почеток на примената на системот „Сејф сити“ во најавениот рок.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library9mfic5t8cgbl8fsPH2a

Мицкоски од Давос: Македонија станува регионален енергетски јазол со нови гасни и хидроенергетски проекти

Македонија интензивно ја зајакнува енергетската инфраструктура и развива стратешки проекти за производство на електрична енергија кои се од значење не само за државата, туку и за целиот регион, изјави премиерот Христијан Мицкоски на панел-дискусија во рамки на Светскиот економски форум во Давос.Одговарајќи на прашања поврзани со развојот на вештачката интелигенција, потребата од стабилно енергетско снабдување и напорите за привлекување странски директни инвестиции, Мицкоски истакна дека земјата работи на зајакнување на преносните капацитети за електрична енергија и гас, како предуслов за развој на современи центри за податоци.Тој информираше дека во моментов се гради гасен интерконектор со Грција, а наскоро ќе започне и изградбата на гасен конектор кој ќе ја поврзе Македонија со Србија, со што значително ќе се зголеми капацитетот за снабдување со гас.„Ќе го зголемиме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно, додека моментално трошиме околу половина милијарда кубни метри. Тоа значи дека можеме да обезбедиме илјадници мегавати инсталиран капацитет од гасни електрани за снабдување на нови центри за податоци со сигурна и одржлива електрична енергија. Владата го презема целиот институционален ризик и тоа е силен поттик за инвеститорите“, истакна Мицкоски.Премиерот најави и дека се развиваат три големи проекти за производство на електрична енергија од хидроцентрали, со вкупна вредност од околу две милијарди евра. Како што посочи, овие проекти имаат стратешко значење, не само од енергетски аспект, туку и од аспект на управување со водните ресурси.Според него, проектите опфаќаат изградба на три големи брани и резервоари на Црна Река, кои ќе обезбедат значајни резерви на чиста вода за пиење, што е особено важно во услови на климатски промени. Дополнително, каскадниот систем ќе има позитивно влијание и врз земјоделството во Тиквешкиот регион, кој важи за еден од најплодните во Европа.Во своето обраќање, Мицкоски се осврна и на темата вештачка интелигенција, нагласувајќи дека зад овој поим мора да стои суштинско разбирање и реална технолошка подлога, а не само политичка реторика, потенцирајќи го и сопственото академско искуство во оваа област.Со овие проекти, како што нагласи премиерот, Македонија се позиционира како стабилен и атрактивен партнер за инвеститорите и како важен енергетски фактор во регионот.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
posta.jpg

СДСМ: Додека работниците немаат за леб се делат милионски тендери во Пошта.

Вработените во Пошта од целата земја денеска протестираат затоа што сè уште не земале плата. Доцни платата на 1.700 работници, и тоа со месеци. Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нема пари за плати ама има за криминални тендери, велат од СДСМ.„Додека работниците немаат за леб се делат милионски тендери во Пошта.СДСМ веќе го објави скандалот, како фирма на советникот од ЗНАМ, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер од Пошта во вредност од 1,2 милиони евра за чистење.Но за овој сканадал со тендерот во Пошта нема никаква реакција од ниту една институција досега.Што се чека?Корупцијата и криминалот на ВМРО-ЗНАМ ја загрозува егзистензијата на работниците.Не може да нема пари за плати на работниците. За ова мора да има одговорност.АКТ продолжува борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи.Сите ќе одговарате!Работата не е завршена“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

„Вреди“ за „Сејф сити“: Човечкиот живот нема цена и не може да се релативизира со политички пресметки

Системот “Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред во сообраќајот. Кога зборуваме за “Безбеден град“, не зборуваме за камери или казни, туку за човечки животи, велат од „Вреди“„За побезбедни патишта, каде што никој не го губи својот татко, син или сестра поради туѓа неодговорност. За „Вреди“, човечкиот живот нема цена и не може да се релативизира со политички пресметки или дневни интереси. Затоа, законот за имплементација на системот „Безбеден град“ сега влегува во собраниска процедура, како неопходен чекор кон зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на граѓаните.Во исто време, сакаме јасно да нагласиме дека секој акт што ќе го издаде Министерството за внатрешни работи, без оглед на начинот на поднесување, ќе биде подготвен и доставен на јазикот утврден со Законот и Уставот, гарантирајќи целосно почитување на јазичните права на граѓаните, вклучително и на албанскиот јазик“.„Вреди“ ги повикува народните пратеници да го видат овој закон надвор од дневната политика и да гласаат за граѓаните, за нивната безбедност и за животот, бидејќи, како што велат, безбедните патишта се заедничка одговорност и општ општествен интерес.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryovle6iatceuu01OkFMV

При крај изградбата на мостот што ги поврзува Гази Баба и Аеродром

Мостот на булевар АСНОМ во Керамидница наскоро целосно функционален, објави градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски кој вчера излезе на терен заедно со градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.- Новиот мост кој ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром добива завршница и станува една од најважните сообраќајни врски во градот. Градот Скопје со засилена динамика работи на експропријацијата на преостанатите објекти и пробивањето на улиците, со цел булеварот да се стави во целосна функција што е можно побрзо, порача Стефковски.-  Ова не е само улица — ова е нова сообраќајна артерија која ќе го растерети метежот, ќе го скрати времето на патување и ќе овозможи побрза и побезбедна комуникација меѓу граѓаните, додава тој.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
IMG_4328

СДСМ со амандмани бара измени на КЗК и враќање на 353 од пред 2023 година

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик.„Во нив се земени предвид аргументите на експертите и невладините организации изнесени на јавната расправа како и заложбите на СДСМ за прецизни законски решенија кои ќе обезбедат услови за борба притив криминалот и корупцијата.СДСМ бара менување на членот 353 Злоупотреба на службената положба и овластување и враќање на решението пред измените на Кривичниот законик од 2023 година.Сегашните измени кај челнот 353 ја намалуваат одговорноста кај најважното – тендерите.Ова мора да се промени.Тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ е позната по начинот на којшто ги дели тендерите на свои фирми и без оваа промена нема никаква борба против криминалот и корупцијата.СДСМ бара и целосно бришење на рокот од 5 години. Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден. Правдата и украдените пари на граѓаните не смеат да имаат рок на траење!Дигиталните податоци и снимки од системот „Safe City“ мора да се бришат во рок од 48 часа! Пристап до нив може да има само и исклучиво со судски налог. Не може да се дозволи МВР да го злоупотребува, да бидат партиски инструмент за следење и уцена на граѓаните.Бараме драстично зголемување на казнената политика за секој кој се организира во група за вршење тешки кривични дела. Мора да има јасно разграничување и максимални казни за мафијашките структури.Бараме зајакнување на кривично-правната заштита на децата од најтешките форми на експлоатација. Тука нема место за компромис или благи казни.Покрај овие клучни столбови, СДСМ со амандмани бара и проширување на условите за конфискација: за имотот да не може да се сокрие зад туѓи имиња и параван-фирми.Додека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го подготвуваат теренот за легален грабеж на парите на граѓаните, СДСМ поднесе амандмани кои значат само едно – одговорност и казна“, информираат до партијата.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
dimitrieska-kocoska

Засилени контроли и дигитални решенија за намалување на сивата економија

Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети на Владата, порача министерката за економија Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на социјалните мрежи, најавувајќи низа мерки насочени кон зајакнување на контролата и воспоставување пофер даночен систем.Според неа, воведувањето на е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, како и дигитализацијата на Управата за јавни приходи и Царинската управа, се дел од конкретните чекори што треба да овозможат поефикасна контрола и зголемување на транспарентноста во економијата.„Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети. Воведувањето на е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, дигитализацијата на УЈП и Царината се дел од конкретните чекори што ќе овозможат поефикасна контрола и правичен даночен систем. Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во кој правилата важат за сите, а системот функционира транспарентно“, напиша Димитриеска-Кочоска.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
posta

Вработените во Македонска пошта на улица: бараат итна исплата на платите

Доцнењето на платите ги извади на протест вработените во Македонска поштаНезадоволството на вработените во Македонска пошта денеска кулминираше со организирани протести низ повеќе градови во државата, поради доцнењето на платата која, и покрај најавите, до 23 јануари сè уште не е исплатена.Претседателот на синдикатот во Македонска пошта, заедно со вработените, информираше дека протестните активности ќе продолжат сè додека не се изврши исплатата на заостанатите плати, при што не е исклучена ниту можноста за целосен штрајк.Од синдикатот посочија дека менаџментот бил навремено известен дека, доколку наредната плата не биде исплатена најдоцна до 15 јануари, протестите ќе започнат веднаш, што, како што велат, и се случило.Вработените алармираат и за тешките услови за работа, наведувајќи дека дел од објектите се без греење и основна работна опрема, а во некои простории е присутен и азбестен материјал, што претставува сериозен ризик по здравјето.Протестите не се ограничени само на главниот град. Вработени во повеќе градови низ државата денеска излегоа пред објектите на Македонска пошта, испраќајќи идентична порака и барање за итна исплата на платите и подобрување на условите за работа.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryr8lvdurha4uj2oZF2Rh

Општина Илинден воведува финансиска поддршка за првачиња

Општина Илинден, како една од општините со постојан демографски пораст и зголемување на наталитетот, продолжува со креирање конкретни мерки насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Во таа насока, за првпат се воведува финансиска поддршка за сите првачиња. Општина Илинден од 2022 година, континуирано обезбедува ранчиња со училишен прибор за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територија на општината. Почнувајќи од следната учебна година, покрај досегашната поддршка со ранчиња и училишен прибор, Општината како новина воведува доделување на субвенција во износ од 3.000 денари за секое прваче.Целта на оваа финансиска поддршка е на родителите да им се олесни покривањето на дел од трошоците поврзани со започнувањето на образовниот процес, како и да се овозможи посигурен и порамномерен старт за сите ученици.Средствата за спроведување на субвенцијата во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, што уште еднаш ја нагласува посветеноста на локалната самоуправа кон вложување во децата, семејствата и иднината на заедницата. Во рамки на поддршката на млади семејства, општината неодамна ги зголеми и финансиските надоместоци за новороденчиња, со што јасно потврдува дека граѓаните се нејзин клучен приоритет и основа за долгорочен и одржлив развој.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryvekom2a4nnal469ZoEN

Алиу: Министерството за здравство посветено на најсовремените пристапи во кардиоваскуларната медицина

Министерот за здравство, утрово присуствуваше на стручен симпозиум, во организација на „Клиниката Жан Митрев“, кој претставува платформа за поврзување на меѓународните препораки со реалната клиничка практика.-Особена вредност на овој симпозиум е интерактивниот формат, кој овозможува размена на искуства, унапредување на клиничкото одлучување и јакнење на соработката меѓу различни специјалности, со цел подобра, побезбедна и персонализирана грижа за пациентите. Посебно беше потенциран активниот придонес на континуираната медицинска едукација и развојот на кардиоваскуларната медицина, истакна во своето обраќање министерот за здравство, Азир Алиу.Министерот, меѓу другото потсети и на новините во предлог-законот за заштита од пушење, чија цел  е токму заштита и унапредување на здравјето на пациентите, имајќи предвид дека пушењето предизвикува кардио-васкуларни заболувања, кои се во подем, како кај нас,  така и во светски рамки.Министерството за здравство останува посветено на следење на најсовремените пристапи, во континуитет ги унапредуваме условите во јавните - здравствени установи и набавка на најсовремена опрема со цел развој на здравството во државата.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан тврди дека постои таен европски план

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на лидерите на Европската унија, на самитот на ЕУ, им бил презентиран доверлив документ на Европската комисија во кој се предвидува Украина да стане членка на Европската унија до 2027 година.Орбан изјави дека постои документ за кој „нема право да зборува“, во кој се спомнуваат 800 милијарди евра за Украина, се изнесуваат планови за начинот на обезбедување на тие средства, па дури се наведуваат и дополнителни 700 милијарди евра.„Мислевме дека тоа е почетна позиција која подоцна ќе биде ублажена“, рече Орбан, додавајќи дека предлогот, наместо тоа, бил усвоен „токму онаков каков што пристигнал од Украина“.Тој предупреди дека ваков план би барал масовно задолжување, со што финансискиот товар би се префрлил на грбот на идните генерации Европејци.Унгарскиот премиер изјави дека Унгарија ќе продолжи да го блокира членството на Украина во Европската унија, како и секоја буџетска рамка на Унијата што предвидува финансиски средства за Киев.Иако нагласи дека поединечните држави имаат право доброволно да ѝ помагаат на Украина, Орбан оцени дека наметнатото колективно финансирање од страна на ЕУ би ја „уништила Европската унија“.Одговарајќи на дополнително прашање, Орбан рече дека, според истиот „доверлив документ“, Украина треба да ѝ се приклучи на Европската унија до 2027 година.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarycertglbobvh7dNa8lOt

Економијата и безбедноста во фокус: средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Турција

На маргините на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој денеска се одржува во Истанбул, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. Фокусот на разговорите беше ставен на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности и продлабочувањето на соработката во области од заемен интерес. Во тој контекст, беа потврдени одличните политички односи меѓу двете држави и исклучително успешната соработка во повеќе области.Посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на економската соработка и поефикасното искористување на инвестициските можности, како и на продлабочувањето на соработката во други области од заемен интерес.Двајцата министри го потврдија и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и меѓусебната поддршка во регионалните иницијативи и мултилатералните организации.Разговорите опфатија и актуелни регионални и геополитички прашања, при што беше нагласена важноста од стабилен и просперитетен регион.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
pari-1

Левица: Владата и стопанските комори против зголемувањето на минималната плата

Изземајќи се од одговорност, Владата цврсто стои на страна на работодавачите и повеќе од година и пол, во услови на енормна инфлација, ја држи минималната плата замрзната. Економско социјалниот совет е окупиран од Стопанската комора и Владата и функционира како  подружница на олигархијата. Со немањето слух за барањата на работниците и синдикатите, „третата економија во Европа“ продолжува да го стимулира иселувањето на младите, коешто се обидува да го надополни преку увоз на „странски работници“, велат од политичката партија Левица.„Додека соработниците на Мицкоски носат одлуки за покачување на сметките за струја, вода, парно, комуналии, детски градинки, здравствени услуги и дозволуваат неконтролирана инфлација на основните намирници, сѐ повеќе вработени остануваат на работ на егзистенцијата, а вработување никому не му гарантира бегство од сиромаштија. Третата европска економија остана на дното по износот на минималната плата и остана во категоријата сиромашни држави.Со самото тоа што Христијан Мицковски и Владата не дава поддршка за зголемување на минималната плата јасно е дека буџетската каса е празна дури и за тековните обврски кон вработените. Отсуството од преговори за минимална плата и префрлање на истите со работодавачите од приватниот сектор е само маска и дефокус од реалната состојба на буџетот кој владеачката ВМРО - ДПМНЕ не само што го испразни, она што остана од претходната власт, туку и продолжи со кредитни задолжувања и еврообврзници. Заради себичните партиски и бизнис интереси на десничарската Влада, егзистенцијата на работниците е доведена во прашање. Левица бара итно и неодложно зголемување на минималната плата согласно барањата на работниците, затоа што тоа е единствената алатка која гарантира егзистенција на обичниот човек“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryjqfqb0scrh2q7r5362R

Такaичи го распушти парламентот и оди на предвремени избори: Јапонија пред клучен тест за економијата

Долниот дом на јапонскиот парламент денеска формално беше распуштен на иницијатива на премиерката Санае Такаичи, која настојува да ја искористи сопствената популарност на предвремените парламентарни избори, во време кога земјата се соочува со упорно висока инфлација.Со одлуката за распуштање на парламентот, Такаичи, која во октомври стана првата жена на чело на јапонската влада, го отвори патот за предвремени избори закажани за 8 февруари.Лидерката на Либерално-демократската партија смета на поволните резултати од анкетите на јавното мислење, обидувајќи се да ја зацврсти позицијата на владејачката коалиција, која во моментов располага со тесно мнозинство во парламентот.Во фокусот на изборната кампања ќе биде економијата, во земја што веќе три и пол години се соочува со раст на трошоците за живот и со хронично слаб јен, што дополнително ги зголемува цените на увозните производи.Незадоволството на јавноста од инфлацијата во голема мера придонесе за падот на поранешниот премиер Шигеру Ишиба. Во обид да ја ублажи кризата и да ја смири јавноста, централната банка во ноември претстави пакет економски мерки вреден 117 милијарди евра, наменет за поддршка на домаќинствата и компаниите преку субвенции и финансиска помош.Аналитичарите оценуваат дека изборите ќе бидат неизвесни и дека младите гласачи би можеле да имаат клучна улога. Според истражување објавено кон крајот на декември, владата на Санае Такаичи ужива поддршка од околу 90 отсто кај граѓаните помлади од 30 години.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryd7fc6nj89ok53WprOSg

Скандал на Европското првенство: ЕХФ призна грешка по спорниот гол на Германија против Португалија

Во првото коло од главната рунда на Европското првенство во ракомет, Германија ја совлада Португалија со 32:30, но натпреварот доби и контроверзно продолжение поради погодок постигнат во последните пет секунди.Клучниот момент се случи по изведувањето од центар, кога еден германски играч во моментот на почетниот удар веќе се наоѓаше пред португалскиот гол, додека двајца негови соиграчи ја поминаа централната линија пред судискиот свиреж. И покрај тоа, акцијата продолжи и заврши со гол кој решавачки влијаеше на конечниот резултат.По жестоките реакции од португалската репрезентација, се огласи и Европската ракометна федерација, која призна дека е направена судиска грешка. Од ЕХФ појаснија дека правилната процедура во ваков случај би била повторување на почетното изведување.Дополнително, беше објаснето дека ситуацијата не можела да биде проверена со видео-технологија, бидејќи не спаѓала во категориите што се опфатени со т.н. „ситуации што го менуваат текот на натпреварот“.Селекторот на Португалија, Пауло Жорже Переира, изјави дека последниот погодок бил нерегуларен и изрази загриженост дека тој гол би можел да има сериозни последици во конечниот пласман. Во групи каде што одлучуваат нијанси, токму гол-разликата често е пресудна, особено ако повеќе репрезентации завршат со ист број бодови.

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања