Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ пет пати да мери, еднаш да сечи

Партијата ВМРО-ДПМНЕ силно навлегува во процес за избор на кандидат за градоначалник на претстојните вонредни избори кои ќе се одржат во април.Иако анкетите се во тек, а најголемата опозициска партија има голем број на имиња кои се спомнуваат како можни кандидати, се уште не е прецизирано едно лице кое ќе ја поведе партијата на изборите во кои ВМРО-ДПМНЕ е во длабока опозиција на сите нивоа во државата.Како и пред секои избори во сите партии работат повеќе лоби групи, интересни групи, центри на моќ, но и т.н. партиски „кујни“ кои сервираат се и сешто како меѓу членството, така и пред раководната структура. Во ова предизборие опозицијата доколку направи грешка скапо ќе ја плати и ќе се доведе во ситуација да испушти голема шанса да ја раздрма власта на СДСМ по вертикала од Охрид до Скопје.Во следниот период дефинитивно партијата ќе го одреди името со кое ќе трча на изборите, а до сега се спомуваат повеќе имиња, меѓу кои како најсериозни се сметаат неколку познати доктори од градот и адвокатот Мишел Наумоски.И додека во јавноста од партиските кујни се пуштаат имиња од разни лица кои некои центри сакаат да ги кандидираат, единствен човек од големата партија ВМРО-ДПМНЕ кој јавно, јасно и недвосмислено кажа дека сака да се кандидира за градоначалник е познатиот охридски адвокат.Тој во интервју за „Скопје 1“ недвосмислено потврди дека сака да е кандидат за градоначалник, а јавно изнесе и делови од својата програма, која ја објавува етапно.Интересот за познатиот адвокат се покажа како голем, а интервјуто една седмица беше во топ 3 најчитани вести на порталот.Мишел Наумоски има голем круг на луѓе и надвор од ВМРО-ДПМНЕ, во партијата опонент СДСМ, како и во бизнис заедницата. Тој со неговиот брат Антонио кој е познат во здравствениот сектор во Охрид, како многу чест помагател на изнемоштени и социјално необезбедени семејства, се многу добро прифатени во бизнис заедницата не само во Охрид, туку и во земјава.Посебно интересно за нив е тоа што се отворени, прецизни во своите планови, директни и искрени. Заедничо за браќата Наумоски е тоа што Охрид и охриѓани се приоритет. Многупати за интересот на градот вложуваат приватни средства и искористуваат пријатели, а скромноста оди до таму што и кога ќе ги прашаме за некои акции, одговорот е идентичен, „Се за граѓаните на Охрид“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
laze-1

ЛАЗЕ ТАНЕСКИ: Природата на мојот карактер е секогаш да имам амбиции

Во интервју за „Охрид1“ бизнисменот и претседател на СДСМ Лазе Танески зборува за тоа како одлучи да ја направи најголемата инвестиција во охридски хотел од осамостојувањето на Македонија до денес и за политичките амбиции пред предвремените Локални избори. Лазе Танески зборува и за исполнетото ветување на премиерот Зоран Заев за раздолжување на Охрид.Охрид1: Пред две години храбро влеговте во инвестиција која од граѓаните беше оценета како најголема инвестиција во еден хотел, од осамостојувањето на Македонија до денес. Како ја донесовте одлуката да инвестирате големи средства, да го понесете ризикот, да го издржите притисокот и на крај Охрид да го добие Лаки Хотел?„Во приватниот бизнис сум со години. Претходно мошне успешно менаџирав два други хотели кои ги изнајмував. И покрај тоа што јас лично не бев сопственик на објектите, тие објекти ги разработив и профитабилно и успешно работев , притоа вработувајќи луѓе, редовно исплаќав плати, па дури во објектите и инвестирав и ги модернизирав, за да ги направам поприкладни за времето во кое живееме, бидејќи беа градени во ерата на бивша Југославија. Тоа беше период кога во реалниот бизнис стекнав големо искуство низ секојдневната работа притоа соочувајќи се со најразлични проблеми кои некогаш и не е можно да се предвидат. Искуството кое го имам во менаџирањето во туризмот ме направи да не се плашам и да го преземам ризикот за да инвестирам во Лаки Хотел и денес да дојдам до оваа фаза во мојот личен бизнис развој и кариера како менаџер, а сега веќе и сопственик на свој хотел. Предизвиците ги има секој ден, но ги решаваме успешно.“Охрид1: Задоволни сте од работата на Лаки Хотел до сега?„Без лажна скромност ќе одговорам да! Лаки Хотел од самиот старт успешно работи, пред се со странски туристи. Хотелот има 60 соби и 4 луксузни апартмани. Ресторан кој нуди висок квалитет на услуга и го следи светскиот тренд при избор на храната, па така нудиме од наша традиционална храна, до здрава, диетална и протеинска храна која ја бараат странските, но се повеќе и домашните туристи. Го следиме трендот, нудиме квалитет и постојано се менуваме според потребата на туристите кои своите животни навики ги пренесуваат од местото на живеење во местото на престој, па така мора постојано да се прилагодуваме на светските трендови и да држиме чекор со потребите на модерните туристи, кои постојано се менуваат. Сето ова што го набројав, комбинирано со мотивот, еланот и желбата за успех резултира со позитивни резултати во работењето.“Охрид1: Рековте нудите различна понуда која е во чекор со светот. Колку Охрид го следи светот во делот на привлекување елитни туристи, висока класа на гости?„Реално ако зборуваме ние сме далеку од привлекување на голем број елитни туристи, или како што рековте висока класа на гости. Реков и погоре светот постојано се менува и ние треба да утврдиме прво што е за нас висока класа на гости. Ако зборуваме за висока класа, тогаш денес во 2019 година, во светот висока класа на гости се милјардери. Тоа е мала популација на луѓе која многу тешко, ако не и невозможно е да ја доведеме во Охрид. Мора да сме реални пред себе но и пред читателите. Тоа е класа на луѓе која се вози со свои сопствени јахти и се движи некаде од Лондон преку Гибралтар, па помеѓу Монте Карло, Ница, Кан, и помалку накај Дубровник или Миконос. Тоа е реалноста која треба да ја кажеме и да не манипулираме со јавноста и себе да се залажуваме во илузии. Ако зборуваме за некоја средна висока класа на гости, такви луѓе во Охрид доаѓаат но во помал број. Реално средната висока класа можеме да ја доведеме во Охрид и да понудиме и сместување и услуга. Тоа го нудиме и во Лаки Хотел. Оваа категорија на богати луѓе имаме услови да ја доведеме, но треба да продолжиме да работиме на подобрување на инфраструктурата и во градот и во земјата. Работите на тој план како што гледаме одат напред, владините политики се правилно насочени и за очекување туристичкиот бизнис да почне во пооглем дел да привлекува некоја, ајде пак така да ја наречам средна висока класа на гости.“Охрид1: Некако паралелно со стартот на вашиот хотел дојде и назначувањето на политичка функција во партијата СДСМ. Ја водите партијата во Охрид. Колку сте задоволен од партиските активности и каде ќе се движи СДСМ на локална сцена во следниот период ?„СДСМ за жал ќе оди на избори, кои како што е општо познато се последица на судбински настани на кои никој не може ни да влијае ни да ги предвиди и превенира. Смртта на избраниот градоначалник Јован Стојаноски нанесе огромна загуба за Охрид, но и за партијата. Одеднаш партијата се најде во друга ситуација и сега се спроведуваат непланирани но нужни процеси. Партијата ќе избере кандидат за градоначалник, кој ќе го прифати предизвикот наметнат повторно ќе кажам од судбински процеси. Убеден сум дека СДСМ ќе кандидира најдобро решение од сите кои се спомнуваат во јавноста или во анкетите и дека повторно ќе победиме. Сплотени и единствени!“Охрид1: Се спомнува и Вашето име. Имате ли амбиции да сте кандидат за градоначалник или демантирајте ги сите медиуми кои пласираа ваква вест?„Природата на мојот карактер е секогаш да имам амбиции. Секако дека размислувам за кандидатура и разговарам со повеќе луѓе од партијата околу тоа, како со врвот така и со членството и базата на СДСМ. Ние како голема партија нормално е да имаме и повеќе имиња за избор на кандидат. Јас повторно без лажна скромност ќе кажам дека функцијата претседател не ја сметам за предност пред другите туку сметам дека ние како партија располагаме со потенцијал, квалитетни луѓе и кадри од кои можеме да понудиме пред гласачите квалитетен кандидат и да победиме. Убеден сум дека СДСМ ќе го избере најдобриот кандидат и на изборите ќе оствари победа. Ако се оцени дека јас сум тој кандидат, секако дека ќе го прифатам предизвикот и ќе дадам максимум и во изборите и во вршењето на функцијата.Охрид1: Охрид во моментов е пред историски процеси кои го доведуваат до конечно раздолжување. Интересно е што и тоа почна во вашиот хотел, кога на отворањето лично Вие го однесовте тогашниот градоначалник до масата каде седеше сегашниот Премиер Зоран Заев, па прво тука неформално, а потоа во Владата и официјално почнаа разговори за владина помош на Охрид. Го сметате ли за голем успех на оваа власт раздолжувањето на Охрид?„Со големо задоволство јас лично го однесов тогашниот градоначалник до масата каде беше премиерот и тие срдечно разговараа и почна процес за доброто на Охрид. Премиерот Зоран Заев јавно преку вашиот портал вети дека ќе помогне да се раздолжи Охрид и тоа го направи! Владата ги издвои речиси половина милијарда денари со кои ќе се раздолжува општината и јавните претпријатија, но го формира и Ј.П. Колектор, со што симна еден камен од вратот на Охрид бидејќи финансирањето на колекторскиот систем од сега е на товар на државата и ги презеде долговите од околу 15 милиони евра кои се креираа со години од работата на колекторскиот систем. Секако дека тоа се историски процеси кои нашиот град и сите нас кои тука живееме не носат до еден пресврт. Јавноста во Охрид тогаш со неверување реагираше на тие најави на премиерот Заев, бидејќи не бевме навикнати на ситуации премерот на државата да се води од интересите на Охрид, а не од партиските или внатрепартиските интереси на некои групи. Со ова СДСМ покажа далеку поголема визија од политичките опоненти бидејќи ние процесот на раздолжување го најавивме и го започнавме кога со градот владееше градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и го продолживме во време кога дојде СДСМ на власт, но и го завршуваме во условно речено „наше време“ што значи дека таа изјава на Премиерот Заев не беше кажана во пропагандни цели, туку е реалност која сега се случува. Премиерот покажа далеку поголема визија за овие локални теми од сите негови претходници и направи чекори за кои аналитичарите тогаш пишуваа дека изгледаат неверојатни бидејќи јавноста во Охрид не беше навикната на политики кои се визионерски, туку живеевме заглавени во меѓупартиски но и внатрепартиски игри и пресметки кои сите скапо ги плативме. За наша среќа Заев тоа го прекина. Зошто ВМРО-ДПМНЕ тоа не го направи е нивно внатрепартиско прашање кое треба тие да го анализираат. СДСМ вети и го исполни ветеното и го доведе Охрид до раздолжување и тоа е факт кој граѓаните го знаат и сигурен сум дека адекватно ќе го ценат.

пред 7 години

7 год.
policija-22

Две лица физички нападнати за време на боречки натпревар

На 26.01.2019 година околу 15,40 часот пријавено е дека во спортска сала во Средното училиште "Зеф Љуш Марку" лоцирано на улица "Лазар Трпковски" во Скопје, К.Н.(34) и Г.Н.(44),двајцата од Штип, додека се одржувал боречки натпревар биле физички нападнати од повеќе лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
T6ik9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWlRJN01EQV8vYzNhYmI0ZDBhNmRlN2QzMDZlM2ZmNzkzNmRjNTk5ZGQuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Ја убил девојката и нејзините родители, а потоа и своите

Властите во американската сојузна држава Вирџинија го уапсија Дакота Териот (21) кој бил осомничен за убиство на родителите и уште три лица во државата Луизијана.Во соопштението од полицијата се наведува дека Териот е уапсен од страна на безбедносната служба во областа Ричмонд. Териот е обвинет за убиство од прв степен и илегална употреба на оружје.https://twitter.com/trey_couv/status/1089263654418243586?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089263654418243586&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fubio-devojku-i-njene-roditelje-pa-zapucao-i-na-svoje-americka-policija-usla-u-trag-i%2F5l0x42zПолицајците кои стигнале на местото на настанот ги затекнале неговите родители кои биле тешко ранети. Тие веднаш биле пренесени во болница каде што починале.Напаѓачот претходно убил три лица, а според некои медиуми станува збор за неговата девојка и нејзините родители.

Свет | пред 7 години

7 год.
LEs-iynosenje-lesa1-620x350

Државјанин на Србија пронајден мртов во стан во Црна Гора

Во изнајмен стан во близина на Тиват пронајдено е безживотно тело на државјанин на Србија кој бил на возраст од 48 години.Полицијата во станот влегла откако семејството пријавило дека два дена немале контакт со него.Според првичните информации на неговото тело не се забележани траги од насилство.

Свет | пред 7 години

7 год.
avion-620x350

(ВИДЕО) Руски авион удри на земјата, се преполови и се запали, еден член на екипажот преживеа

Суперсоничен руски бомбардер „ту-22М3“ се урна во вторникот при слетување на воен аеродром во Мурманската област во Русија.Сега, во медиумите се појави неверојатна снимка од падот на военото летало. Како што е снимено на видеото, авионот се обидел да слета, додека видливоста била многу слаба, последниот дел удрил на земјата, се преполовил, а потоа се запалил. Несреќата се случи на 22 јануари во близина на пистата за слетување.Единствениот преживеан е хоспитализиран и има сериозни повреди. Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Свет | пред 7 години

7 год.
svadba-620x350-1

Најмалку 15 загинати на свадба во Перу, ѕидот од хотелот паднал врз гостите додека играле

Властите во Перу соопштија дека за време на свадба во хотелот „Алхамбра“ се срушил ѕидот и кровот на хотелот, при што настрадале 15 лица.Според локалното радио RPP, најмалку 30 лица се извлечени под рушевините и истите се сместени во најблиската болница. Голем дел од нив се во критична состојба.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Силна експлозија уништи неколку куќи во Хаг, голем број луѓе се заробени под рушевините

Силна експлозија уништи неколку куќи во Хаг во Холандија, известуваат локалните медиуми. Се стравува дека голем број луѓе се заробени под рушевините.https://twitter.com/r0eland/status/1089547811845222400?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089547811845222400&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3027547-horor-u-hagu-snazna-eksplozija-unistila-nekoliko-kuca-strahuje-se-da-je-veliki-broj-ljudi-zarobljen-ispod-rusevinaЕксплозијата се случила денес, а според портпаролот на протовпожарната бригада причина за истата е најверојатно гас.Жителите на околните куќи се евакуирани, бидејќи постои опасност од рушење на целиот блок, пренесуваат локалните медиуми.https://twitter.com/RedactieD8/status/1089543090157834240?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089543090157834240&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3027547-horor-u-hagu-snazna-eksplozija-unistila-nekoliko-kuca-strahuje-se-da-je-veliki-broj-ljudi-zarobljen-ispod-rusevina

Свет | пред 7 години

7 год.
oblozuvalnica-1

Две лица се заканувале со пиштол и го одзеле дневниот промет во спортска обложувалница

На 26.01.2019 година околу 21,05  часот  во Скопје во спортската обложувалница на ул. „Маџари“ две лица со закана со пиштол го одзеле дневниот промет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
milenko-nedelkovski

Миленко околу евентуалната кандидатура на Силјановска за Претседател

Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека Гордана Силјановска не може да биде репрезент на ВМРО-ДПМНЕ во трка за Претседател на државата.“Бидејки во оптек е и шпекулацијата дека професорката Гордана Силјановска ќе се кандидирала во трката за претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ, значи ќе му биде конкурент на Влатко Ѓорчев, со време да ги соопштам своите погледи:Гордана Силјановска не може да биде репрезент на ВМРО ДПМНЕ во трка за Претседател на држава, бидејки во најголемиот дел од својата работа (близина со Фрчкоски, министер на Црвенковски, лидер на професорски пленум против образовните реформи на ВМРО...) а и бидејки опкржувањето и другарите на нејзиниот сопруг адвокатот Благоја Давков се се‘ ВМРО-мрзачи: Слободан Богоевски, Зоран Божиновски Луди Милојко, Зоран Жоро Димитровски, Павле Трајанов... Со евентуалното влегување во Претседателската палата на Сиљановска, внатре за период од 5 години ќе се улогорат џандарските гниди Павле Трајанов и Слободан Богоевски. Овие сознанија не ми се од сега, за што приложувам своја колумна од пред точно 4 години. Доколку не ви се чита целата, еве неколку извадоци што се во врска со потенцијалниот “Фрст Хазбнд“:- “Блајоја Давков е сопруга на Професорката Гордана Силјановска која во пакет со Билјана Ванковска се “збунија“ пред Александар Палас“.- “Слободан Богоевски, Павле Трајанов и Благоја Давков се во секојдневна, долгогодишна, блиска дружба со Зоран Димитровски Жоро“.- “На заеднички состанок во скопскиот кафе бар ,,Еспресо,, со неа, Димитровски не повика мене (Зоран Божиновски) и неговиот ,,гарантор,, Благој Давков (сопруг на професорката Гордана Силјановска Давкова!). Димитровски бараше од Наташа Јанчиќ, за темите кои кои ќе ги објавува да се консултира со мене, а да биде консултиран и Благоја Давков, како негов човек од доверба. Му требаше мојата архива и темите кои постојано доаѓаат до мене, а Давков на сето тоа требаше да дава правно толкување““, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3-4

(ВИДЕО) Мицкоски: Утре ќе поднесеме барање во парламентот Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка и да се формира техничка влада

Денеска Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, разговараше и ја анализираше актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, изјави Христијан Мицкоски.„Практично сите оние случувања во Република Македонија беа разгледувани на маса, сите можни сценарија во иднина беа антиципирани и врз основа на тоа донесе неколку заклучоци. Би сакал дел од нив да ги споделам со македонската јавност, се разбира преку вас медиумите.Имено за што станува збор, Македонија никогаш како што е сега не била по поделена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален, ниту по граѓанска основа. Македонското општество во овој момент се наоѓа во можеби најтешката ситуација од осамостојувањето на Република Македонија, поради сите оние погрешни политики кои што владата на СДСМ и Зоран Заев ги водат речиси две години. Сето она кое што се случува претставува порази, разочарувања, недостоинствени прифатени предлози, никакви реформи во економијата, нула реформи во здравството, катастрофални реформи во образованието, осиромашување, пљачкосување на македонската држава, иселување, крајна разочараност, демотивација, деморализирање на граѓаните на Република Македонија, без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност.Она што денеска Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но потоа и Централниот комитет на партијата го потврди е дека утре во текот утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“, ќе поднесат во парламентот барање веднаш Претседателот на владата Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада. И истовремено ќе поднесе иницијатива за распуштање на парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските избори, на исти трошок за сите оние тези кои што ги имаше Зоран Заев и јуришниците околу него да бидат изведени на површина и да ја видиме вистинската нечестита намера на Зоран Заев и СДСМ“, вели Мицскоски.Тој додаде дека во минатото биле обвинети дека наводно барале избори, а  молеле Бога да не ги добијат изборите, еве сега ќе има можност тој, СДСМ, но и владеачката коалиција, владиното мнозинство да одлучат и да прифатат или да го одбијат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на следните неколку дена, па граѓаните на Република Македонија да видат кој е за, а кој е против предвремени парламентарни избори ,кој бара, а кој моли Бога истите да не ги добие.„ВМРО-ДПМНЕ сака да го спречи пеколниот план за уништување на Република Македонија и за уништување на Македонецот во Македонците од Зоран Заев и групата околу него. Знам дека денеска веднаш по завршување на оваа прес конференција, до ова обраќање до граѓаните на Република Македонија, ќе излезе кујната за лаги и манипулации на Зоран Заев и ќе кажува дека ова се некакви мрачни сценарија итн.Но, јас повторно ќе кажам ние имаме детална анализа на тоа што се случуваше, целосна антиципација на тоа што ќе се случува. Македонија практично под владение на СДСМ и Зоран Заев престанува да постои и затоа на денешната седница на Извршниот и Централниот комитет беа изнесени сите информации и сите факти кои што ги имаме како раководство и како политичка партија со кои што располагаме.Бараме веднаш Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада, и веднаш организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Имаме време и за реформи, имаме време и за сето она што Зоран Заев не го направи изминатите речиси две години, но исто така тоа ќе биде можност да ги корегираме сите грешки кои што Зоран Заев и владата на СДСМ од секаква природа ги направија изминативе две години“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
elena

(ФОТО) Овчарот од Пухче сака да ја жени Јелена Спенџарска, доста ти е шетање,ке бидам среќен дека сум те исправил по правиот пат да бидеш домаќинка

Марјан Трајчев од село Пухче, Штип пред неколку години стана познат на јавноста откако се јави во “Канал 5” да побара помош за љубовниот живот.Тој вели дека сака на неговата идна избраничка да и купи се што ќе посака, нема ништо да и недостасува, единствен услов е да биде домаќинка. Тој чува 300 овци и е вреден човек.Тој тогаш кажа дека на неговата идна избраничка нема ништо да и недостасува, а едниствен услов е таа да биде домаќинка.Но, по неколку години тој е без жена. Доказ за тоа е што сега преку „Фејсбук“ предложи брак на водителката Јелна Спенџарска која своевремено го интервјуираше.https://www.facebook.com/marjan.trajcev/posts/2003203106467939„Јелена, имам некој јак осет дека ваа година свадба ќе правеш сигурно, а кој ке биде среќнико нека биде ама ваа година е твоајта година, време ти е јеленче не ти мислам лошо.Озбилно, сестра ти помала од тебе ожени се, и ти ќе се оженеш, хахаха ке биде по мое, куќа ќе гледаш, деца, ќе чуваш ,доста ти е шетање,ке бидам среќен дека сум те исправил по правиот пат да бидеш домаќинка., Милена е помала од тебе ама како се ожени коку и е поубав живото“, вели Марјан а во продолжение може да ја прочитате целата понуда:

Магазин | пред 7 години

7 год.
50980908_2497076633700274_4520622021578588160_o

Фрлени 60 тони сол на улиците во Општина Кисела Вода

„Општина Кисела Вода изврши целосно расчистување на снегот и мразот од улиците, тротоарите, автобуските постојки и пристапните патеки до основните училишта и градинки на својата територија.Општината досега фрли околу 60 тони сол. Доколку во периодот што следува има нови снежни врнежи локалната самоуправа подготвена е да се справи со истите“, велат од Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да одговорат за скандалот со пензиите и штетата врз 12.000 граѓани

Наместо празни прес конференции ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред граѓаните треба да одговорат за скандалот со непрефлањето на средства во вториот пензиски столб за 12.000 граѓани, осигуреници и идни пензионери со што им ги загрозиле пензиите, велат од СДСМ.„На околу 12.000 осигуреници уплатените придонеси не се распределувале пари во вториот пензиски столб, иако ги исполнувале законските услови за тоа.Со тоа директно им се скратило правото на околу 12.000 лица да остварат пензија во целост и дитектно ги оштетиле.Тоа е начинот на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ.Додека Хидро Мицкоски водел бизнис со хидроцентрали и го советувал својот шеф Никола Груевски, на граѓаните им биле кратени пензиите и загрозена исплатата на пензиите во целост.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да дадат одговор за овој скандал и неправда врз 12.000 граѓани.Владата предводена од СДСМ ќе го санира и овој проблем наследен од криминалната ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде исправена неправдата кон сите оштетени граѓани, а одговорните за овој скандал мора да понесат одговорност“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Колариќ: 4 милиони евра ќе се издвојат за плати на 700 партиски војници, а само 1,5 милиони евра за аерозагадувањето

Додека цела влада и градот Скопје годишно издвојуваат 1.5 милион евра за борба против загадувањето на воздухот, а само градот Скопје ќе издвојува 4 милиони евра за вработување на 700 партиски војници, изјави Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.„Значи 4 милиони евра од градската каса ќе се издвојат за плати на 700 партиски војници кои ќе се запослат во две градски претпријатија , а цела власт издвојува само 1.5 милиони евра против загадениот воздух во цела држава.Кога станува збор за удовство и за партиско вработување Шилегов се покажа и дека не жали средства. А кога се разболуваат и умираат луѓе поради енормното загадување во државата се носат површни и паушални краткорочни мерки.Видлива изборна манипулација и вистински фалсификат е обидот да бидат вработени 700 партиски војници во изборна година. Овие пари наместо за корумпирање на гласови нека се насочат кон нови мерки против загадениот воздух.Само по најмали врнежи од снег Скопје изгледа како Сибир, а улиците како да паѓало снег со години, и при најмал дожд се поплавуваат сите сообраќајници, а комуналната хигиена е на најниско можно ниво за кое што не памтат граѓаните на градот“, вели Колариќ.Таа додаде дека Шилегов пред да дојде на власт кажувал дека градската администрација и јавните претпријатија се преполни, а истото го кажува и во оваа година и пол.„Ветуваше дека нема да има партиски вработувања. Но, за оваа една година и 4 месеци не запира со преполнување на администрацијата.ВМРО ДПМНЕ, предлага парите предвидени за неефикасно и вештачко полнење на јавна администрација да се пренасочат веднаш кон нови мерки, мерки кои што загадувањето ќе се доведе до прифатливо ниво кое што нема да доведе до заболување и умирање кај луѓето. За сметка на ова ќе има и поздрави и посреќни деца во Градот Скопје.Доколку сака Шилегов може да го стори ова, затоа што и тој постојано вели ова е план и истиот не значи дека ќе се реализира.Го замолувам Петре Шилегов да се одважи од партиските наредби и да застане на страна на оние кои го гласаа за градоначалник, во спротивно нека замине навреме“, изјави Колариќ

Македонија | пред 7 години

7 год.
filipce-vakcina

Министерство за здравство го правда лошиот ПР на Филипче

По низата критики упатени на социјалните мрежи кон министерот за здравство, во кои тој се критикува дека бара сите деца да се вакцинираат со МРП вакцина, а при вакцинацијата на неговата внука се прави измама, на иглата има капаче, се огласи министерството за здравство.Од таму тврдат дека Информациите на социјалните медиуми дека министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче ја вакцинирал неговата внука Илина од МРП вакцина е лажна вест!Во соопштението од министертвото објаснуваат дека : На социјалната мрежа Фејсбук, министерот Филипче објави информација и фотографија како ја вакцинира внуката со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел со неговиот личен пример да и покаже на јавноста дека вакцинацијата е вистински чекор во заштита од заразните болести.„Мојата внука е мала, и не може да биде вакцинирана од МРП вакцината. Но, јас како дел од здравствените работници ги уверувам сите граѓани дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, и тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Демантирам дека иглата при вакцинацијата била со капаче. Станува збор за еден адаптер кој се надоврзува на шприцот. Поради тоа на фотографијата не се гледа иглата на вакцината“, изјави министерот Филипче.Од министертвото уште апелираат граѓаните да ги проверуваат вестите кои се пласираат во дел од медиумите, бидејќи според нив станува збор за лажни вести. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
pretepan

Драма во Штип: Синот ја нападнал сопругата, а потоа и неговиот татко кој се обидел да ги раздели

На 27.01.2019 година во 05,20 часот во Полициска станица Штип Д.Д.(46) од Штип пријавил дека околу 03,30 часот на улица "Панко Брашнаров" во Штип настанала расправија  помеѓу неговиот син С.Д.(26) и неговата сопруга Р.Д.(34) по што С.Д. физички ја нападнал Р.Д. При обидот пријавителот да ги раздели, С.Д. физички го нападнал и него.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1499088532-Ahmeti-Nimic

Ахмети до Нимиц: Дојде денот драг Мет да ти речам, бидна!

„Дојде денот, драг Мет да ти речам бидна“- пишува во писмото што претседателот на ДУИ Али Ахмети му го испратил на долгогодишниот медијатор во спорот за името Метју Нимиц, а по  ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент.„Во 2012 година, еден мој голем американски пријател ми сугерира да отпатувам во Соединетите Американски Држави, веднаш по пропаѓањето на тогашните напори за решавање на спорот со името со Грција.Му ветив дека откако ќе ја завршиме изборната битка за локалните избори следната година, ќе направам напори да отпатувам преку океанот.На почетокот на мај 2013 година, стигнав во Вашингтон каде имав серија на официјални средби, но и средби со истакнати американски дејци по однос на прашањата за Југоисточна Европа.Моите соговорници во Стејт Департментот, во Конгресот, во Пентагон и во Белата Куќа ми рекоа дека мојот американски пријател им го порачал следново: Послушајте го Али затоа што тој е многу загрижен штом решил да дојде до тука. И навистина, ме слушаа со внимание.Потоа отпатував за Њу Јорк, на средби со британската, американската и француската мисија при ООН, за да ја завршам мојата посета на САД со средбата што ја имав со тебе, драг Мет.Охрабрувајќи те да ги продолжиш напорите кон решение, тој ден ти реков дека ќе влезеш во историјата, дека ќе се паметиш како човекот кој што изгаси едно големо кризно жариште, овозможи мир, сигурност, стабилност и иднина за мојата земја.Еве каде сме денес, победници. Можеби истрошени, но победници. Посветени низ годините и невремето, но драг мој пријателе, се заврши и оваа работа.Ние сме се среќавале често и двајцата никогаш не го изгубивме нашиот фокус за да го тргнеме овој тежок камен од нашите плеќи, ова силно стегнато јаже околу нашите вратови што не држеше во заложништво скоро три децении.Како што кажа и ти самиот, кога се постигнува компромис, ниту еден не излага танцувајќи, но јас се чуствувам комотен со постигнатите резултати и сум уверен дека овој историски договор ќе ги постави темелите на взаемната доверба и добра воља и ќе им служи добро и на Скопје и на Атина на патот кон заедничката иднина.Заедно го постигнавме овој видлив успех кон нашата цел за да ја интергрираме земјата во НАТО и во Европската Унија. Но, пред нас останува предизвикувачки пат на кој што ние остануваме целосно посветени преку заедничко делување одлучно да ја браниме слободата и заедничките вредности за човечките слободи и права, демократијата, солидарноста и владеењето на правото.Ова е навистина вековно постигнување и огромен напредок, но имаме се уште работа пред нас за да го наречеме целосен успех. Тоа ќе го кажеме кога ќе се построиме рамо до рамо со нашите сојузници при големото евроамериканско семејство на НАТО.  Јас знам дека ти ќе бидеш со нас и во тој момент, и во тоа достигнување.Сакам да ти се заблагодарам многу за твоето инсистирање и за целосната поддршка низ сите овие години кон конечното завршување на овој спор помеѓу два соседи. Твојата посветеност комбинирана со истрајноста и разбирањето на околнистите во нашите две земји придонесе кон овој позитивен резултат. Изразувам благодарност и до Генералните Секретари  на ООН за нивната посветеност и придонес низ годините.Пишав долго пријателе мој затоа што јас, во ова патешествие, го следев мојот преродбенички завет за припадност кон западот, додека ти ги следеше човечките вредности прегрнати од страна на светските демократии и сметам дека двата наши поттици беа целосно компатибилни и совпадливи.Дојде денот драг Мет да ти речам, бидна!Ти посакувам многу здравје и семејна среќа,Претседател на Демкоратската унија на Албанците Али Ахмети“, стои во писмото.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Пронајдена почината 81-годишна жена во Битола

На 26.01.2019 година  во СВР Битола, Н.С.(35) од Битола пријавила дека се сомнева дека Ј.Т.(81) која живеела сама на улица „Партизанска“ во Битола е почината, бидејќи не се јавува на мобилен телефон и не ја отвора вратата. По овластување на Јавен обвинител влезено е во станот при што лицето е пронајдено починато.Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде дадено за обдукција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Разбојници го одзеле дневниот промет на безнзинска пумпа во Скопје

На 26.01.2019 година околу 18.15 часот е пријавено дека на бензиска пумпа на ул. „Македонска Косовска Бригада“ во Скопје две непознати лица со закана извршиле разбојништо и ги одзеле парите од дневниот промет и мобилен телефон.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-odgovornost

Од 1 јули - 15 проценти повраток на ДДВ за секој граѓани, со секоја фискална сметка

Од 1 јули за секоја фискална сметка, ќе има 15 проценти повраток на ДДВ за секој граѓанин, најави премиерот Зоран Заев.“Од 1 јули го стартуваме концептот повраток на ДДВ, односно од секоја издадена фискална сметка секој граѓанин ќе има 15% повраток на средствата. Проекцијата е дека најмалку 150 милиони евра годишно ќе се вратат назад кај граѓаните. Ова е само почеток на економските мерки, не застануваме тука. Ги враќаме парите назад кај граѓаните”, изјави премиерот Заев на трибината во Велес со наслов „Силна економија – шанса со сите“.Доста е политика и политиканство, потенцира Заев. Македонија има капацитет и тоа мора да го искористи, да овозможи луѓето достоинствено да заработуваат и да живеат, младите да не си одат.„Ветувам и храброст и одважност. Ќе правиме економија за достоинствен живот на граѓаните. Мора да имаме економски задоволни граѓани. Со сите политики, со стабилизирани финансиски аспекти, со пријатели по целиот свет, со фондови од ЕУ, и тоа како ќе го подигнеме стандардот. Најавувам храбри одлуки. Ве повикувам да ме следите. Да работиме сите, министри, администрација, општини. Ова наше парче земја да го направиме достоинствено место за живеење", истакна Заев на трибината „Силна економија, шанса за сите".

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ го урнисаа здравствениот систем

ВМРО-ДПМНЕ преку лажни наоди и невистини очајно се обидува да внесува неоснована паника меѓу граѓаните, велат од СДСМ.„Токму погубните криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ го урнисаа здравствениот систем и ги поразија правата на пациентите.Негрижата кон граѓаните, криминалните тендери и сомнителниот паралелен увоз на лекови придонесе да се загуби довербата на граѓаните кон здравството.Хаосот што ВМРО ДПМНЕ го создаде во здравството донесе катастрофални последии а резултираше и со над 15 илјади невакцинирани деца да има за само 11 години.Сега се тоа тоа се менува, со вистински политики на Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство се враќа довербата во здравството, се унапредува здравствениот систем и правата на пациентите.Епидемијата е под контрола, се увезуваат квалитетни вакцини и лекови. За само еден месец вакцинирани се околу 4 400 деца. Подигната е свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбили.Владата предводена од СДСМ продолжува да спроведува мерки што се во интерес на граѓаните, што го унапредуваат здравство и ги подобруваат условите за работа на медицинскиот персонал“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ljupchonikolovski

МЗШВ работи на изнаоѓање решение за исплата на лозарите за предаденото грозје

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ги разгледува  сите можности од правен аспект како и на кој начин државата може да помогне и да интервенира лозарите во најкус рок да си ги добијат парите за предаденото грозје во винарницата  „Поварадие“ и „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), кои што имаат долг кон лозарите за предадено грозје во 2015 и 2016 година.Паралелно МЗШВ, е во постојна комуникација со раководството на „Поварадие“ и стечајниот управник на „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), со цел да се најде начин за исплата на лозарите. Воедно, веќе се иницирани и соодветни законски измени за да лозарите бидат заштитени.На состанокот што минатата недела се одржа во МЗШВ заедно со претставници од „Повардарие“, стечајниот управник на „Стефанс винарија“, лозарите, градоначалниците и пратениците од Тиквешкиот регион, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, децидно порача дека лозарите мора да ги добијат парите за предаденото грозје во овие винарници во најкус можен  рок.Во сабота (02.01.2019) во Кавадарци, министерот Николовски ќе има средба со лозарите од тиквешкиот регион, за да се разгледаат и останатите предлози на лозарите за поддршка и развој на оваа земјоделска гранка“, велат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

МЗ: Состојбата на пациентите кои се заразија со морбили е под контрола, преземени се сите мерки за да се спречи ширење на епидемијата

Здравствената состојба на пациентите кои се заразија со морбили (мали сипаници) е под контрола, преземени се сите можни мерки да се спречи понатамошно ширење на епидемијата, реагираат од Министерството за здравство на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.„Катастрофалната состојба која ја затекнавме беше предизвикана токму од негрижата на здравствените власти во тек на 11 години и биланс од над 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје.Заради комплетно изгубена доверба во јавното здравството, паралелен увоз на лекови и негрижа од здравствените власти, епидемијата на морбили која беше искоренета во нашата земја, повторно се врати.Вакцините со погрешна деклацаија, но со правилен рок на траење, се повлечени од Здравствените домови и како налага Законот мора да се уништат. Со повлекување на вакцината од Здравствените домови повикувајќи се на Законот за лековите и медицинските средства, согласно член 106 став 1 точка 5, оваа вакцина се смета за лек кој не е за употреба. Затоа МАЛМЕД донесе решение да се уништат количините од оваа вакцина.Вакцинацијата е една од врвните придобивки на современата медицина во светот, а не причина за партиски препукувања. Вакцините се со одличен квалитет и се комплетно безбедни за употреба.Нашата посветеност, позитивните кампањи за вакцинациија, како и гаранциите дека вакцините се безбедни, со рок на траење и проверен квалитет овозможи да имаме околу 4 400 вакцинирани деца за околу еден месец, што е одличен успех.Ја подигнавме свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбилите (мали сипаници). Сите препораки, известувања и апели и сите мерки за заштита на населението се преземени навреме иако, во спротивно досега ќе имавме и смртни случаи“, велат од Министерство за здравство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Шекеринска, Спасовски, Николовски и Царовска користат службени возила вон работно време за приватни средби

СДСМ ја поистоветува државата со партијата. Прави класична злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. Граѓаните им ги плаќаат возењата и партиските состаноци тука во седисштето на СДСМ на партиските фунцкионерите на СДСМ, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Мила Царовска, кои се министри во владата на партиски состанок доаѓаат со службени возила.Шекеринска, Спасовски, Николовски и Царовска незаконски користат службени возила вон работно време и за приватни средби.Според тоа што беше објавеното во медиумите, министрите не беа единствени кои што користеа службени возила и се превезуваа за партиски потреби, злоупотреби имаат направено и од голем број на директори и други избрани и именувани функционери од оваа партија.Ова не е правна држава. Дали граѓаните на Република Македонија се должни да го плаќаат приватниот превозот и приватните партиски состанови на СДСМ?Дали е ова департизацијата на администрацијата која што ја ветуваа и за која зборуваа на цел глас?Злоупотребата на државни возила за партиски цели е врв на партизација на државата. Ова покажува дека СДСМ не прави разлика помеѓу партијата и државата.СДСМ мора да одговори, колку ги чини граѓаните еден состанок на ЦО на СДСМ, во смисла на возила, шофери, гориво и амортизација на возилата кои што се наплаќаат од Буџетот од граѓаните на Република Македонија.Злоупотребата на државните ресурси е уште една причина СДСМ да си замине од власт“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања