Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Во 2018 Министерството за финансии извршило поврат на ДДВ во вредност од 375,6 милиони евра

Над 375 милиони евра завршиле кај компаниите од повратот на ДДВ, се подобрува ликвидноста во стопанствотоЕкономските мерки на владата предводена од СДСМ даваат резултат. Се зголемува економскиот раст, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните и кај компаниите, велат од СДСМ.„Тоа го потврдува уште еден податок. Во 2018 Министерството за финансии извршило поврат на ДДВ во вкупна вредност од 375,6 милиони евра.Во апсолутни бројки, минатата година назад во компаниите завршиле 60 милиони евра повеќе отколку во 2017 година.За разлика од претходните години на пример, кога поради криминалните политики на ВМРО ДПМНЕ, не се исплаќаше навреме, доцнеше и фирмите беа под притисок, денес повратот на ДДВ се реализира навремено и неселективно.Брзиот и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите ја подобрува ликвидноста во стопанството, а со тоа се стимулираат инвестициите и отворањето на нови работни места.Владата предводена од СДСМ продолжува на спроведување на политиките што обезбедуваат економски раст, зголемени инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gorge-ivanov

Претседателот Иванов упати честитка до припадниците на српската заедница по повод Свети Сава

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.-Ми претставува особено задоволство да ви го честитам големиот празник Свети Сава и да ви посакам здравје, радост, мир и благосостојба. Чествувањето на денешниот празник, 27 јануари – Денот на првиот српски архиепископ и просветител е порака за заедништво, почит и меѓусебна соработка. Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога и патоказ кон иднината.Припадниците на српската заедница со своите јазични, етнографски и културни особености го збогатуваат нашето мултиетничко и мултикултурно општество постојано придонесувајќи за напредокот на Република Македонија.Благодарение на српската заедница во Република Македонија како и на македонската во Република Србија, во нашиот северен сосед имаме пријател и поддржувач. Уверен сум дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на сите наши граѓани, сè со цел подобра и посветла иднина. Нека Ви е честит големиот празник, стои во честитката од претседателот Иванов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Приведени странски државјанки во угостителски објекти во Тетово и Гостивар

На 26/27.01.2019 година во временскиот период од 22,00 до 04,00  полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со повеќе организациски единци во МВР, како и надлежни инспекциски служби при УЈП, Трудова и Пазарна инспекција, на подрачјето на СВР Тетово спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти каде престојуваат и нелегално се вработени странски државјани, како и за откривање на други кривични дела.При акциската контрола опфатени се пет угостителски објекти од кои три на подрачјето на Тетово и два на гостиварското подрачје. При контролата во угостителските објекти затекнати беа вкупно 39 женски лица од кои 13 се државјанки на Р. Македонија како и 26 странски државјанки од кои 11 се државјанки на Р.Србија, девет се државјанки на Р.Албанија, четири државјанки на Р.Бугарија, една државјанка на Босна и Херцеговина и една државјанка на Р.Косово. Затекнатите лица се на возраст од 20 до 46 години. Лицата се приведени и задржани за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Утрово најстудено во Тетово, најмногу снег на Шапка

Според УХМР, до 07:30 часот -11 степени се измерени во Тетово, -10 било во Скопје Петровец, -8 во Прилеп, Битола и Дебар, -7 во Штип, -6 во Крушево, Демир Капија, Скопје Зајчев Рид и Крива Паланка, -4 во Охрид, Претор и Виница, како и -3 во Берово.Висината на снежната покривка е 101 сантиметар на Попова Шапка, 35 во Тетово, 28 во Ѓуриште, 26 во Скопје Петровец, 25 во Демир Капија, 19 во Битола, 10 во Охрид и Штип, девет во Крива Паланка, Скопје Зајчев Рид и Претор, осум во Прилеп и Тополчани, четири во Виница и два сантиметра во Берово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Филипче призна дека не ја вакцинирал внуката со МРП вакцина

Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.„Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“, изјави Филипче.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Screenshot_2-35

(ВИДЕО) Грчкиот пратеник Филис: Грчката Македонија стана грчка

Страницата на Фејсбук Беломорска партија денеска објави видео на кое пратеникот Никос Филис говори во грчкиот Парламент како Беломорска Македонија со сила стана грчка.https://www.facebook.com/131340650965/videos/366794170772282/

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Експлозија на плинска боца причина за пожарот во Гевгелија

На 26.01.2019 година околу 15.50 часот во Гевгелија, на улица „Маршал Тито“ во продавница за производи од железо настанал пожар при што вработениот Љ.А.(40) од Гевгелија починал, а со повреди се здобиле вработените А.Ј.(46), П.Д.(39), В.Б.(42), И.З.(42) сите од Гевгелија и М.Ј.(29) од село Прдејци.По укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија лицата се пуштени на домашно лекување. Со повреди се здобил и В.Ј.(30) од Гевгелија кој, по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје. Причина за пожарот, според првичните сознанија е експлозија на плинска боца која В.Ј. ја донел за да се монтира горилник.Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
smetkovoditeli

Сметководителите си ја отворија душата, ги кажаа проблемите - најавуваат протест во вторник пред Влада

Институционално дозволено нелегално работење, нефункционален закон што дозволува нелојална конклуренција од редовите на државната администрација и пензионерите вработени во десетина фирми, нефункционален институт и куп наметнати обврски без никакви права, се само дел од проблемите што сметководителите денеска му ги предочија на премиерот Зоран Заев.На трибината во Велес, Александра Андреева, сопственик на сметководствено биро, рече дека нејзината фела со години укажува на овие горливи прашања, но ниту една влада досега немала слух за нив. Укажа и дека повеќе од пет месеци чекаат на новиот закон кој долго се најавувал.Андреева најави протест пред Владата во вторник и изрази уверување дека премиерот Заев ќе ги прими претставниците од сметководствената дејност на разговор за заеднички да продискутираат и да изнајдат решенија.-Зборуваме за економија и за развој на стопанството, но за жал, како најважна спрега меѓу државата и стопанството сме заборавени. Во овој критилен период кога ги изготвуваме годишните сметки, се соочуваме со многу проблеми за кои сигнализираме со години наназад. Зборуваме за дигитализација, за подобрување на системите на УЈП, но јас сум жив сведок дека ние секое тримесечие не работиме по осум часа, туку по цели даноноќија. Се молиме во три по полноќ да профункионира системот за е-даноци за да можеме да ги пуштиме даночните пријави. Ако државните институции не не почитуваат нас и нашето работно и слободно време со оглед дека УЈП го прологнира рокот два дена, а тоа се сабота и недела, денеска и утре, тогаш како ќе не почитуваат стопанствениците? Излез гледваме во новиот закон, но пет месеци ништо и наместо ние да го скроиме, тоа го прават консалтинг куќите, истакна Андреева.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Уапсен Албанец на Ќафасан по кој има меѓународна потрага

На 26.01.2019 година во 16,45 часот на Граничен премин Ќафасан на влез во Република Македонија, при пасошка контрола на Ј.К.(50) од Р.Албанија со албанска лична карта било утврдено дека лицето евидентира во систем и има активна меѓународна потрага по него.Лицето е лишено од слобода и предадено во Полициска станица Струга за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
krazba-kradenje

Скопје: И го украле паричникот, па си извадиле пари од банкомат

Секторот за внатрешни работи Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(46) и Х.А.(46) поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела, „тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 251 од Кривичниот законик на РМ, со што пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 48.800 денари.Имено, првото кривично дело ,,тешка кражба“ сторителите го извршиле на 12ти ноември минатата година на улица „Бледски Договор“ кога од патничко моторно возило одзеле паричник во кој имало лични документи и банкарски картици. Потоа го извршиле и второто дело, од банкомат успешно извршиле трансакција на 47.800 денари од една од картичките кои ги нашле во паричникот и на која имало запишан пин.По наредба од судија за претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории при што пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Пријавените се лишени од слобода

Скопје | пред 7 години

7 год.
sveti-sava-768x408-640x340-162181

Денеска е Свети Сава и Св. рамноапостолна Нина Грузиска

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јануари, Св. рамноапостолна Нина Грузиска и св. Сава.Света Нина потекнува од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитана во Христовиот дух. Подоцна отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот (335 г.) ја обиколила цела Грузија, проповедајќи го Христос. Света Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како свети Кирил и Методиј словенските народи.Денес се слави и свети Сава, првиот српски архиепископ.Син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст. Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја. Двапати патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година. Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачара во Белград, на 27 април 1595 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија наместо рекордер по економски раст, стана рекордер по задолжување

Најавата за 4 нови инвестиции на Анѓушев се 4 нови лаги на оваа криминална и неспособна власт. За 2 години не донесоа ниту една странска Гринфилд инвестиција и не отворија нови работни места, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Македонија наместо рекордер по економски раст, со неспособниот Заев станавме рекордер по задолжување. Извештаите покажуваат дека 500 000 луѓе живеат во сиромаштија. Крајот сме на Јануари а јавноста уште ја чека германската инвестиција на Заев, која е исто толку реална колку неговите ветувања за инвестиции на Гоогле и ФБ во државава.Зоран Заев и Кочо Анѓушев нанесоа сериозни штети и последици врз македонската економија. Откако СДСМ е на власт, економијата во државата е во слободен пад, а граѓаните живеат се потешко. Ветуваа живот, а граѓаните добија сиромаштија, црнила и рушење на нивниот стандард. Во Македонија престана да се зборува за отворање на нови работни места, а платите се далеку од ветените 500 евра.Заев вети просечна плата од 500 евра уште пред две години и не го реализира. Нема ниту повратот на 15% на ДДВ, нема ништо од зелената нафта за земјоделците, нема покачувањето на пензиите на пензионерите, туку напротив сега со законските измени им ги крати пензиите за цели 400 денари, нема ништо од долго најавуваната младинска гаранција, нема ни приближно 100.000 денари плата за младите специјализанти, нема ништо од ветените 600 километри нов автопат, 500 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта, ништо од тоа не ни започна да гради, две години имаше застој, за сега да продолжи со довршување на проектите, кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна.СДСМ се што вети за се излажа. СДСМ и Заев немаат ниту план ниту програма. Нивните лагите нема да го подобрат стандардот и животот на граѓаните.Веќе нема таков човек кој верува во лагите на Зоран Заев затоа што побрзо си замине Заев толку подобро. СДСМ се целосно неспособен да управува со државата. Македонија и граѓаните заслужуваат да живеат подобро, а излезот се предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Бомба во католичка катедрала на Филипини, загинаа најмалку 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а 56 се ранети во две експлозии во католичка катедрала на југот на Филипини.Првата експлозивна направа експлодирала во самата катедрала, а втората била наменета за војниците кои дошле да им помогнат на жртвите, вели портпаролот на Вооружените сили на Филипини, Едгар Аревало.https://twitter.com/Waqtnewstv/status/1089415420627615744?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089415420627615744&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3027401-najmanje-17-ljudi-poginulo-na-filipinima-bombe-raznele-katolicku-katedraluОколината веднаш била евакуирана.Минатиот понеделник се одржа референдум, а поголемиот број на граѓани го поддржаа, со исклучок на градот Холо во кој се случи експлозијата. Во овој регион судирите помеѓу муслиманите и христијаните траат подолг период.https://twitter.com/cmellaniac/status/1089416384193482754?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1089416384193482754&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3027401-najmanje-17-ljudi-poginulo-na-filipinima-bombe-raznele-katolicku-katedralu

Свет | пред 7 години

7 год.
Efto-Spirovski-advokat-696x365-1

Почина адвокатот Ефто Спироски

Познатиот адвокат, Ефто Спироски, почина во Скопје на 68 години.Тој беше еден од адвокатите кои застапувале најголем број на клиенти. Во својата кариера често бранеше обвинети за тешки кривични дела, а имаше и ситуации кои беше под закани за својот живот. За еден случај му беше поставена и бомба под автомобилот.Погребот ќе се одржи во понеделник во 11 часот во неговото родно Никифорово, Маврово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со мала облачност, од утре нови врнежи

Денес во утринските часови по одделни котлини е можна појава на слаба магла, во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти под нулата и ќе се движи од -9 до -1 степен, додека дневната ќе се движи од 2 до 9 степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и температура од -6 до 2 степени.Во следните денови ќе преовладува облачно време со услови за магла по котлините. Во понеделник од крајот на денот ќе започнат нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од снег и се очекува врнежите најпрвин да се поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во ворник кога ќе се поинтензивни и на југоистокот и истокот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можност од појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
akcija

(ВИДЕО) Акција за почит: Кога си човек со големо срце

Кога си човек со големо срце, браво за пожарникарите од Вуковар. Денеска противпожарната единица од Вуковар, спаси уште еден живот. Акцијата ја пренесуваат сите балкански медиуми.[embed]https://www.facebook.com/vatrogasciheroji/videos/2961360330556112/?v=2961360330556112[/embed]Браво момци, ќе послужите за пример. 

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-traka

Маж и жена извршија самоубиство

Маж и жена од Белград утринава извршиле самоубиство со заеднички скок од недовршена стамбена зграда во белградската населба Борча, објавија српските медиуми.Како што пишува Блиц, има сомнежи дека брашниот пар В.Н. (54) и Д.Н. (55) со заеднички договор скокнале од зградата.Мажот Д.Н. претходно се јавил на близок роднина и го најавил самоубиството.Од Итната помош веднаш излегле на местот на несреќата но за жал само констатирале смрт кај сопружниците.

Свет | пред 7 години

7 год.
vucic

Вучиќ:Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име

Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на Атина. Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име. Сакаме најдобри можни односи и со двете земји и уште еднаш им честитам на господинот Заев и Ципрас, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање, вечерва во Нови Сад на отварањето на манифстацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“.Вучиќ уште им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на ратификација на Преспанскиот договор.На прашањето за тоа колку овој договор ќе придонесе за добриот развој на односите меѓу Србија и Косово, рече дека „постојано за ова слуша приказни“, но нагласи дека „тука се работи само за името“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
a-ok-2

(ФОТО) Адријан Битрак, охриѓанецот кој се среќава со Том Круз, Каролина Кенеди, Сталоне...

„И на крајот од светот да сум за Богојавление - Водици сакам да сум во Охрид“, раскажува Адријан Битрак, охриѓанецот кој 10 години живее и работи во Токио - Јапонија. Адријан си стои на заветот и зборот, патува илјадници километри, само да се искапи во осветеното Езеро и да заплива по светиот крст. Тој се чуди како има охриѓани кои чинот на осветувањето го гледаат на телевизија. Тој вели „Доаѓам специјално за да се искапам, ова е гордост и богатство“.Охриѓанецот Битрак работи во „Американски елитен клуб“ во Токио, како фитнес тренер и инструктор по пливање. Во овој елитен клуб, месечнната чланарина изнесува над 300 евра, а го посетуваат и многу познати личности, со кои Адријан се среќава, а со дел и се спријателил.Токму на неговото работно место започнува пријателство со Каролина Кенеди, која како што раскажува е редовен гостин во „Токио Американ“ клубот.- Малку е резервирана, секогаш доаѓа со обезбедување, тешко е да се дојде до неа. Но, јас имав можност да се спријателам со неа. Во многу наши разговори, имав можност да и го претставам Охрид. Со луѓето кои ги смата за пријатели е многу комуникативна, сака да разговара. Во 2016 кога за Водици бев во Охрид и купив резба, рачна изработка. Кога и ја поклонав многу се изнанади. Тогаш многу прашуваше за Охрид и кажа и она што и го кажав за неа беше многу привлечно. Таа веќе размислува да го посети Охрид и Македонија. Читала за Охридското езеро, за неговата специфичност, ми откри дека има желба да плива во Охридско езро, раскажува Битрак за „Скопје 1“.Покрај со Кенеди, Адријан има низа фотографии со ВИП личности, глумци, режисери, спортисти...„Претходните години бев присутен на многу промоции за филмови. Имав прилика да сретнам многу глумци, режисери... Со тоа ми се оствари мојот сон да ги сретнам тие познати личности и да разговарам со нив. Тоа е огромно искуство за мене. Со Том Круз, сум разговрал многу пати, тој е многу позитивен човек, пример за тоа како треба да се однесува една ѕвезда. За разлика од него, Леонардо Ди Каприо е многу резервиран, тешко комуникативен. Од останатите сум имал можност да се сретнам и разговарам со Камерон Дијаз, Арнолд Швајценегер, Силвестер Сталоне, Кристина Алгилера. Прв пат кога го видов Бред Пит се изненадив, очекував понизок човек, но пред мене застана многу позитивен, висок над 1,80 висок и многу пријатен господин“, раскажува Битрак.Покрај со Бред Пит, неколку пати сум се сретнал и со Анџелина Џоли. Глумците и покрај тоа што во живо се поинакви, претежно ми оставаат позитивен впечаток, раскажува Битрак.Охриѓанецот Битрак раскажува и за неговара соработка со Мирко Филиповиќ - Кро Коп.„Се започна со случајна средба со менаџерот од Мирко. Не знаејки дека е менаџер, долго тренираше кај што работам, ме запозна и приватно и службено. А јас многу покасно разбрав дека тој е главен организатор на најзначаен настан и менеџер на Мирко. Подоцна бев предложен од јапонска страна да бидам одговорен и да им помагам за време на борбите. Така започна моето пријателство со нив. Од тогаш последниве три години секое доаѓање јас сум со него, раскажува Битрак.Инаку македонецот Адријан го има обезбедувано најскапиот дијамант во светот, а работи и за „Тифани“. На презентациите на дијаманти во Токио, секогаш треба да поминете покрај Битрак, за да ги видите дијамантите.„Сум го обезбедувал и најскапиот дијамант. Работев и за „Ролс Ројс“, еве годинава имаа нова колекција бев ангажиран. Исто така работев и за „Сони“, а имам и одлична соработка со Австралиска амбасада во Токио“, вели Адријан.Тој додава „За годинава веќе се знаат моите ангажмани. Ги поминав интервјуата за олимпијадата. Имам добри препораки, се надевам ќе бидам ангажиран, секако тоа би било одлично искуство за мене, а ги поминав и интевјуата за обезбедување на Бил Гејтс. Така да оваа година ќе ми донеси нови дружби и пријателства“.Скромен и ненаметлив, Адријан вели дека вели раскажува како постигнал услех во странска и далечна земја, со различна култура.„Оној кој е поштен и работи, секогаш и секаде ќе успесее. Овие луѓе знаат да ценат лојалност и работливсот, и добра ја плаќаат. Кај што јас работам обично сме 50 % странци, 50 јапонци. Во клубот вработени се на 300 луѓе од 50 националности различни , а гости има многу во кои се амбасадори од различни земји, глумци, ВИП личности кои може да си го дозволат лукзузот на клубот.А приватно, Адријан има сопруга јапонка. Од минатата година имаат ќеркичка Алиса, која наполни 9 месеци, и на која и зборуваат македонски, јапонски и англиски.„Се надевам дека летово ќе додјдеме заедно. Инаку со Јапонија имаме слична клима, и ми одговара местото на живеење, и имаат многу квалитетна кујна, но често знае да ме фати криза за ајвар, комад, охридска риба, мусака, сарми, подварок... сетоа тоа го надохнадувам кога ќе дојдам Охрид. Македонските рецепти не би ги заменал ни со најскапиот ресторан во Токио“, вели Битрак.„Најмногу криза ме фаќа за погледот од терасата од мојата куќа. Кога во Токио им раскажувам за Охрид, им велам тоа е поглед од милион долари“, додава тој.Сепак Битрак раскажува дека добро заработува, добро живее, среќен е , но и искрен.„За живеење јас сепак би рекол не би го заменал Охрид со други места. Мене никогаш не ми беше план да останам. Така испадна. И не се знае, многу веројатно е да се вратам повторно во мојот роден Охрид, тука е душата, тука е се. Не се сложувам, ни јас не се оправдувам што сум заминал, убаво е човек да види. Никогаш не сум рекол фрлив камен на Охрид“, вели Битрак. Инаку Адријан не запира. Постојано одржува кондиција. вежба постојано. За да ја работи работата во која е најдобар, мора да биде кондицино подготвен. Раскажува дека 5 години тренира јапонско карате.„Од дете ги сакав јапонските филмови со кареате, и тој сон ми се оствари. Сум бил на семинари. Одиме на кампување по неколку денови со тренинзи утрински и вечерни. Но, тренинзите на изгрејзонце се доживување, букваално како на филмовите, во храмови . Ми беше желба и тренирам“, вели Битрак раскажувајќи за своите успеси.Инаку Битрак топло ја препорачува Јапонија, како земја која мора секој да ја посети. Вели еве виза не треба, се добива на граница.„Имаме македнската амбасада во Јапонија. Повелете ќе ве пречекаме и нагостиме во Јапонија, но, дома си е дома“, завршува македонецот Адријан Битрак.новинар: Татјана Караџова Маленкова 

пред 7 години

7 год.
babicka-spie

Жално: Три сестри и брат живеат под отворено небо - Да помогнеме

Три сестри и еден брат живеат под отворена небо. Немаат никакви услови за живот. Фотографија која се шири по соцјаните мрежи ги вознемири сите. Хуманите луѓе веднаш бараат информации да им испратат каква - таква помош, затоа што на овие луѓе им треба се. Но, загрижува фактот што за ова семејство треба многу повеќе од основни прехранбени произвори.- Добри луѓе, сакам да се обратам за помош за семејство кое живее во Банево трло, во близина на Куманово. Тие живеат под отворено небо, немаат ништо и секоја помош од сите нас е добредојдена.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215950482906862&set=a.2148765170617&type=3&theaterНеофицијално по ширењето на фотографијата по социјалните мрежи се огласил градоачалникот Максим Димитриевски и пратеникот Павле Богоевски, кои веќе испратиле помош.Низа коментари има под фотогафијата, секако сите се сложуваат дека треба што поскоро да им се помогне на ова семејство. Луѓе кои добро ги познаваат објаснуваат дека покрај матријална на овие луѓе им треба и професионална медицинска помош.Да помогнеме, секој онака како што може. Секако последниот збор треба да го дадат институциите и да ги згрижат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
riba-studencista

Помала количина мртва риба повторно во каналот Студенчишта

Помала количина мртва риба, повторно забележана во каналот Студенчишта, помеѓу пловните објекти кои се закотвени за брегот.Причина за угинувањето на плашицата е недостиг на кислород во водата за големата популација на овој вид риба во каналот.За потсетување, значително угинување на плашица имаше во месец ноември минатата година. Тогаш надлежните интервенираа со дотур на свежа вода во каналот, со што беше спречена поголема еколошка катастрофа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev

Заев: Ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има

Ја зголемивме минималната плата, а таа отвори спирала на покачување на платите во Македонија. Со тоа, сега просечната плата е 24.548, а претходно беше 22,889. Дојдовме до просечна плата од 400 евра, ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на трибината во Велес, насловена како „Силна економија, шанса за сите!“Премиерот посочи дека земјава има капацитет да овозможи луѓето достоинствено да заработуваат и да живеат, а младите да не си одат од Македонија. ВМРО ДПМНЕ вели дека плата од 500 евра ќе има кога ќе има и почист воздух за граѓаните. Опозицијата вели дека Заев постојано кажува исти лаги, а народот не му верува.Од денеска Владата на Република Македонија започнува со реализација на серија трибини со граѓаните и активности „Силна економија – шанса за сите“ преку кои во отворена дебата со граѓаните ќе се дискутираат економските остварувања и политики како и предизвиците и перспективите кои се отвораат за економски развој на земјата со членството во НАТО и започнувањето на преговори со ЕУ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protest-vozduh

Скопјани се кренаа против загадувањето

Ако ни го земете и воздухот, што ни останува? Парите за велосипед ги потрошивме на инхалатор, ставете налепници на тешката индустрија, четворица дневно умираат чекајќи чист воздух, се дел од паролите кои денеска ги носеа група нездоволни грашани на денешниот протестен марш за чист воздух и борба против аерозагадувањето чија рута беше од Собранието до Владата на Р.Македонија.Тие порачаа дека 1,5 милиони евра за борба со загадувањето не се доволни и кажаа дека повеќе се исплаќаат пари за патни трошоци за пратениците, отколку за справување со овој сериозен проблем.На протестот говореа и загрижени граѓани, дел од нив побараа оставки од министрите кои се надлежни за овој ресор.„Помина година и пол, сега веќе втора, цела пролет и цело лето ништо не е направено за оваа зима да имаме помала загаденост. Да ви кажам што е направено. Во 2018 година, излезе едно смешно планче за чист воздух за 2019 година од седум страни, од кои четири се вовед, а три се некакви смешни општи реченици. Значи, две години се потрошени за ништо“, рече активистот Лазар Ѓуров на денешниот протест пред Собрание и Влада, со кој граѓани побараа акција од надлежните во решавање на проблемот со загадениот воздух.„Ако ние од пролет се подготвуваме да ги едуцираме луѓето, да направиме промени во режимот на сообраќајот, да направиме начин да се запрат градежните работи, да влијаеме индустријата да запре со производство или навреме да стави филтри, ние ќе имаме почист воздух. Сега не можеме да имаме. Ама тие не го направија тоа што требаше да го направат, сега единствена работа шти може да направат, е да си дадат оставка“, порача Ѓуров.Кристија Узунов, член на иницијативата „Канцерогено општествот, која беше организатор на протестот, ги повика граѓаните на поголема масовност и наредната сабота.„И мало дете знае кои се загадувачите. Ние се боревме, еден од нив беше фабриката „Железара“ од каде црни облаци 25 години гледавме. Луѓето и тогаш седеа дома и викаа ‘ништо не е’. Еве сме сега, после четири години, најзагаден град во светот“, рече тој.Други, пак, сметаат дека ситуацијата е доказ за долгогодишното недомаќинско владеење со државата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
prosvetni-rabotnici

Просветните работници протестираат - бараат повисоки плати и сигурни работни места

Под мотото „Пристојна плата- сигурни работни места“, вработените од јавниот сектор, образованието, културата и науката, денеска на протестен марш низ Штип. Тие остануваат на своите барања за покачување на платите, во спротивно се закануваат со генерален штрајк во администрацијата и образованието.„Покачување на платите од јануари 2019, согласно процентот по кој е покачена минималната плата, стоп за трансферот од јавен во приватен сектор.“ - вели Благоја Ралповски претседател на КСС.„Доколку имаше слух владата, ние немаше и во Прилеп да протестираме и денес, но очигледно е дека овие луѓе, но и луѓе во јавната администрација се незадоволни од состојбите и по вакво лошо време се охграбрија да излезат на јавен протест.“ - вели Јаким Неделков претседател ан СОНК.Учесниците на протестот не се оптимисти дека барањата ќе им бидат прифатени, но тие како што велат повторно ќе излезат на улица затоа што платите им се ниски и недостојни за живот.На списокот барања се и потпишување на колективни договори за високото образование и вработените во Министерството за труд и социјала, но и стоп за селекцијата на синдикатите во културата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања