Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
Slika-zgolemuvanje-na-higiena

Нови мерки во Општина Карпош за зголемување на јавната хигиена

Општина Карпош воведува нови мерки за зголемување на јавната хигиена во сите урбани заедници. Од овој викенд, комуналните служби на Општината ќе работат и во текот на викендот, со цел да се зголеми тековното одржување на јавната хигиена.Саботата ќе биде работен ден за хигиеничарите, а во недела се воведуваат дежурни служби.„Имајќи го предвид фактот дека хигиената и заштитата на животната средина е еден од најгорливите проблеми на граѓаните, во претстојниот период, освен викенд работата за хигиеничарите, Општината дополнително ќе постави и нови корпи за отпадоци низ населбите.Исто така, во соработка со Град Скопје, ќе бидат поставени и нови подземни контејнери кои ќе овозможат правилно управување со отпадот. За оваа мерка, Советот на Општина Карпош одвoи два милиони денари.Во оваа прилика, ги потсетуваме сите граѓани дека е активна и телефонската линија за пријавување на електричен и електронски отпад: 070 – 236 – 000.Освен овие нови мерки, Секторот за животна средина и енергетска ефикасност работи на воспоставување на систем за собирање на кабастиот отпад. Граѓаните навремено ќе ги информираме за локациите на собирните пунктови во нивните населби.Локалната самоуправа апелира до сите граѓани и правни лица, посебно градежните компании, да водат повеќе грижа за заштитата на животната средина. Во спротивно, сите субејкти кои придонесуваат за загадувањето на околината ќе бидат санкционирани“, велат од Општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можност за појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од снег на коловозот. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-399565

ММДЧП ги повикува Русија и Кина да се обврзат дека ќе стават вето на промената на македонското име

„По средби со руски и кинески претставници, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права испрати писма до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и до кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во кои ги повикуваме двете земји, како членки на Советот за Безбедност на Обединетите Нации да:Поднесат барање до Обединетите Нации со кое ќе се побара ОН да ја почитува својата Повелба и владеењето на правото, и веднаш да и дозволи на Република Македонија да биде примена под своето вистинско име, и со тоа трајно да се стави крај на сите обиди за негово менување, иНедвосмислено да повикаат да се стави крај на принудното и илегално спроведување на Преспанскиот договор и да стават вето на било каква промена на македонското име и идентитет.ММДЧП побара поддршка за да се одбрани нашето право на самоопределување, и појасни дека западните империјалистички цели за проширување на НАТО со нови членки – при што на Грција и се помага во нејзианта цел да се избрише македонската нација – мора да бидат итно спречени.Во нашите дискусии со претседателот Ѓорге Иванов и со неговите советници за надворешна политика, ММДЧП, заедно со нашите партнери во борбата за одбрана на Македонија, ги подвлекуваме барањата претседателот да преземе итни мерки со кои ќе се помогнат погоре наведените акции и да поднесе негово барање до ОН, како претседател на Република Македонија.Понатаму, ги повикуваме сите земји – членки на ОН да ја почитуваат Повелбата на ОН и притоа да ги почитуваат и бранат правата на Македонија и на македонскиот народ“, се веили во соопштението од Македонското меѓународно движење за човекови права.

Македонија | пред 7 години

7 год.
intervju-misel-4

Наумоски: „Секогаш е најтемно пред зората, но светлината ќе блесне од Охрид“

Претседателските избори ќе се распишат на 8 ми февруари. Заедно со претседателските избори ќе се одржат и локални избори во три општини каде во моментов има в.д. градоначалници. Една од тие општини е и Општина Охрид.Партиите во Охрид, прават калкулации кој кандидат може да ја добие довербата на граѓаните. Вообичаено се прават анкети, каде се вртат имиња на познати јавни личности. Некои од нив велат дека и покрај тоа што нивните имиња се вртат во анкетите сепак не би се нафатиле на тоа и покрај тоа што станува збор за примамлива функција. Други се смешкаат и велат дека ќе размислат, но има и искрени, кои отворено признаваат дека имаат план, стратегија, идеи, но и поддршка и дека со чисто срце и образ би ја превзеле оваа функција, секако доколку партијата се одлучи да застене зад нив.Токму таков е познатиот охридски адвокат Мишел Наумоски, кој кога го запрашавме дали навистина ќе аплицира во неговата матична партија за функцијата градоначалник, ни рече, да, одамна размислував за тоа, подготвувам и програма.... За жал се случи тоа што се случи, Охрид многу порано треба да бира градоначалник, поради несреќата која се случи. Токму поради тоа ќе побрзам сите мои идеи да ги ставам во Програма и да секако дека сум подготвен за ваков чекор, доколку и ВМРО-ДПМНЕ ми даде подршка и доколу одлучат јас да бидам кандидат за оваа функција.Скопје1: Каква локална самоуправа заслужува Охрид? Како вие ја замислувате општината? Од што би почнале?Мишел Наумоски: Сметам дека крајно време е на Охрид му се случи „локална самоуправа“ на која приоритети ќе и бидат граѓанството и Бизнис заедницата и конечно широко отворени врати за нивните потреби и нивното решавање. Ние треба на непосреден начин да организираме партиципативни активности за жителите на општината Охрид , за планирање во секоја област на децентрализираните услуги, а пред се во образованието, урбанизмот, животната средина, спортот, локалниот, економски развој, преку развој на туризмот и културата како и во другите области.Локалната самоуправа мора да ги утврди приоритетите, а секако претходно да ги утврди досегашните слабости. Општина Охрид треба да го подобри процесот на локално буџетирање и финансиски-фискален мониторинг.Локалната самоуправа мора да ги утврди приоритетите, а секако претходно да ги утврди досегашните слабости. Како на пример евидентен е фактот дека Општина Охрид треба да го подобри процесот на локално буџетирање и финансиски -фискален мониторинг. Впрочем општината најлошата репутација ја има токму во овој сегмент на локална надлежност.Неминовно е финансиско зајакнување на општината каде влегува и разрешување на преостанатиот долг и деблокирање на градот. Препорачливо е на пр. долгот да се финансира преку издавање локална обврзница на среден рок каде трошоците се далеку помали споредбено со банкарските, па понатака пристапување кон меѓународните фондови за добивање на развојни проекти, инвестиции на бренд хотели и угостелски ланци , трговски брендови, што ќе ја зголемуваат и вработеноста и платите на вработените во сите сектори.Скопје1: Капиталните инвестиции во Охрид скоро да ги нема, а градежната експанзија и тоа како му наштети на Македонскиот бисер. Центарот се пренатрупа, комуналната инфраструктура крајно застарена, не го издржува товарот. Размислувате и на овие проблеми. Мислите ли дека може да се решат, имате ли план?Мишел Наумоски: Перцепција на жителите на општина Охрид е дека после долг период на стагнација во изградбата на локалната комунална инфраструктура постои потреба од забрзан развој на истата и планирање соодветни мерки и спроведување активности за напредно програмирање, планирање и за финансирање на капиталните инвестиции. Впечаток е дека токму градежната експанзија особено во градот Охрид создаде скоро неиздржлив притисок на застарената инфраструктура и дека е последен момент нешто да се стори на тој план. Охрид не е само крајбрежјето, центарот на градот .... , Охрид е и Радојца Новичиц, Железничка, Далјан, Видобишта ... , општината мора да инвестира во инфраструтурно поврзување на секоја точка од општината со квалитени улици но и комплетна поврзаност што ќе има аспект на кавалитетот на животот и аспект на туризмот .Од она што го разговарам секојдневно со граѓаните на општина Охрид, сметаат дека има поголем простор за поактивна улога на локалната самоуправа во поддршката за забрзан локален економски развој која ги вклучува сите сегменти на заедницата.Културното наследство, туризмот, квалитетна животна средина мора да биде еден од врвните приоритети на градот. Поддршката на општината преку грижата на градот за Езерото, крајбрежната зона, состојбата и пристапот кон културните знаменитости и промоција на истите за туристички цели се со цел создавање на целогодишен туристички маркет.Скопје1: Невработеноста на младите еден од поголемите проблеми со кои мака мачи Охрид. Општината не може дирекно да ги вработи, но може да создаде услови за инвестиции, а со тоа индирекно да помогне во намалувањето на овој проблем. Неодамна ми споменавте дека досега не се користеа можностите за склучување на јавно-приватни и други облици на социјални партнерства?Мишел Наумоски: Мојата препорака е дека е непоходен скрининг на релевантниот локален, регионален, национален, приватен сектор и на граѓанското општество, кои имаат широка мрежа, добра репутација и се способни да мобилизираат млади и други специфични ранливи групи и да генерираат основање социјални партнерства за инклузивна испорака на услуги, како и за воспоставување соработка за инклузивен локален развој. Мапирање на (постојните и потенцијалните) модели на социјално претприемништво - општествено одговорни економски иницијативи кои можат да привлечат инвестициски фондови во локален контекст, мапирање потенцијални аранжмани за меѓу општинска соработка поврзана со локалниот економски развој, како и со целокупните можности за јавно-приватни партнерства и за издавање концесии во насока на намалување на трошоците за администрацијата или во насока на намалување на трошоците за обезбедување услуги кои имаат влијание врз локалниот економски развој и врз стапката на (не)вработеност во заедницата.Можностите за склучување на јавно-приватни и други облици на социјални партнерства за подобрување на услугите и на инфраструктурата на децентрализираните услуги во општината Охрид не се докрај искористени и поради селективната практика во минатото. Неопходно е превземанње на низа мерки како да се формираат партнерства на кои им претходат консултации и прифаќање од локалната јавност, односно од другите засегнати страни.Кога се пристапува кон Јавно приватно партнерство, препорачливо е од јавниот сектор да се трансферира на приватниот сектор управувањето со подготовката и со испораката на услугите, а со тоа и одговорноста за квалитетот на процесот на подготовка и испорака како и финалниот квалитет на услугите. Практиката покажува дека треба да се избегнуваат шеми со споделено управување.Придонесот на јавниот сектор треба да се фокусира врз процесот на планирањето, финансирањето на партнерството и врз други политички и нормативни подготовки кои се неопходни за едно функционално партнерство. Партнерства треба да се склучуваат и условно кажано, за мали и средни проекти, а не само за големи проекти. Јавниот сектор треба да ја задржи и доследно да ја спроведува контролата врз спроведувањето на договорот за јавно приватно партнерство од приватниот сектор, гарантирајќи високо ниво на отчетност на партнерството пред јавноста. Јавниот сектор, исто така, треба да гарантира дека политичките ризици ќе бидат сведени на минимум. Подршка за спроведување на проектот преку „Шема на мали грантови“, која ги поврзува ресурсите на централната и локалната власт, поврзана со придонеси од приватниот сектор за унапредување на корпоративната социјална одговорност со долгорочна цел која е надвор од проектниот циклус за одржлива финансиска поддршка на акциите на младите и обезбедување на социјални услуги.Скопје1: На крај не можеме, а да не прашаме, сите знаеме како во последно време се избираат кандидатите и како се спроведуваат избори. Дали сте подготвени, доколку сте кандидат покрај со презентација на вашата програма, она што треба да биде приоритет, да се справувате и со сопки од „вашите сопартијци“ и оние кои избираат лична корист во замена за придобивките на охриѓани?Мишел Наумоски: (Се смешка...) Имам чист образ, уште почиста душа. Мојата цел е само Охрид да го добие заслуженото, да го задржи епитетот БИСЕР, затоа што тоа и е. Имаме капацитет, имаме ресурси, доста е веќе делби и сопки. Треба сплотено да работиме за Охрид, доколку го сакаме овој град. Охрид бил и ќе биде место од кое сите се гордеат. Нема непоправливи грешки, штом се има желба се може се. Јас знам дека заедно можеме да му го вратиме сјајот на Охрид. Имам две ќерки кои живеат, учат, растат овде. За моите, но и за сите деца, за идните генерации дајте да ја направиме нашата општина приоритетна. Дајте да го вратиме сјајот на Охрид. Затоа што Охрид заслужува, деталните проекти ќе ги претставам доколку ја добијам поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатура, а нa нив работам веќе подолго време со поддршка од поголем дел на експерти и бизнисмени од нашиот град. Нема повеќе место, ни време за импровизации во Охрид. Тоа е мој пристап и мое мото зад кое барам да застанат и партиски, но и неопределени сограѓани.

пред 7 години

7 год.
vakcini-novi

Министерството за здравство веведува нови задолжитени вакцини, овој пат против пневмококна бактерија и рота вируси

Нови задолжителни вакцини од месец април. Овој пат вакцини против пневмококна бактерија и рота вируси. Овие вакцини ќе бидат задолжителни за сите деца. Иако здравствените власти ги најавуваа по нова година, го пролонгираа проширувањето на календарот поради незавршениот тендер за набавка на вакцини.Лекарите се убедени дека додавањето на овие две вакцини во календарот за имунизирање е во интерес на малите деца бидејќи и двете заболувања предизвикувале сериозни компликации до 5 годишна возраст.По оваа најава родители со уште поголем скептицизам дискутираат за вакцините. Тие веднаш се огласија на социјалните мрежи со коментари дека не веруваат дека има потреба од проширување на календарот за вакцинирање.Пневмококната вакцина е со три дози и една ревакцинација, а рота вакцината ќе има две или три боцкања, но тоа надлежните ќе го утврдат по завршување на тендерот за набавка на вакцини.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Џафери претседателските избори ќе ги распише на 8 ми февруари

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 8 февруари. Џафери вели дека според тоа, првиот круг од изборите ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. Претседателот на собранието истакна дека дека првично било планирано првиот круг од изборите да се одржи на 14 април, а вториот на на 28 април, но бидејќи се совпаѓа со Велигден, изборите ќе се поместат за една недела подоцна.Заедно со претседателските избори ќе се одржат и локални избори во три општини каде сега има в.д. градоначалници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Tereza-Mej

Пратениците не го поддржаа Брегзитот

432 пратеници гласа против договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ постигнат помеѓу премиерката Тереза Меј и претставници од Европската унија , додека 202 го поддржаа Овој договор. Ова значи дека Британските пратениците не го подржаа договорот на Британската премиерка Тереза Меј .Меј го претрпе најтешкиот парламентарен пораз на било кој друг британски премиер во демократската ера откако пратениците го отфрлија нејзиниот договор за Брегзит со убедлива разлика од 230.Премиерката Меј пак беше сигурна дека ќе ја добие поддршката од пратениците. Таапред гласањето им порача:„Излезноста на референдумот беше висока, а резултатите јасни. Оваа дебата е историска за парламентот и нашата земја. Никој нека не се сомнева во силата на оваа институција кога е демократијата во прашање“, рече Меј.

Свет | пред 7 години

7 год.
485241-tito-belichanec-trebashe-da-se-puka-vo-narodot-206093

Беличанец бара суспензија за Борко Ристовски и Стојанче Стоилов

Професорот Тито Беличанец побара суспензија за целата ракометна репрезентација, бидејќи ја пееја македонската песна „Бисер балкански“.Беличанец на својот Фејсбук сподели вест во која се вели дека Борко и Стојанче го продолжуваат дуелот против власта, ја пееја „Бисер балкански“, а над неа напиша суспензија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mirjana-najcevska

Најчевска: Пред да се менуваат називи на албански јазик, треба да се докаже дека тие сочинуваат 20% од населението

Професорката Мирјана Најчевска, во врска со Законот за употреба на јазиците на својот Фејсбук профил напиша дека пред да се менуваат називи и да се бара употреба на албанскиот јазик, треба да се докаже дека тие сочинуваат 20% од населението.„Објавувањето на Законот за употреба на јазиците воопшто не значи дека тој може веднаш да се примени во пракса.Пред да почнат да се менуваат називи и да се бара употреба на албанскиот јазик, треба да се докаже дека тие сочинуваат 20% од населението.Процедурата за донесување на Законот е соодветна, што воопшто не го прави помалку несоодветен самиот закон“, напиша Најчевска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petar-bogojeski

Богојески: Актот на самоволие на Џафери ја попречува интеграцијата на Македонија во ЕУ

Реформистот, Петар Богојески, кој до неодамна ја извршуваше функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил реагираше на потпишувањето на Законот за јазици од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери.„Прогласот на “Законот за јазиците” од страна на Претседателот на Собранието Талат Џафери е силување на правната држава!!!Овој акт на самоволие, дирекно ја попречува интеграцијата на Македонија во ЕУ!!!Судската власт во РМ, да преземе итни мерки за заштита на правниот поредок на Републиката!!!Судбината на овој неспроведлив “Закон” да ја одредат граѓаните на Претседателските избори!!!Двојазичност или бинационалност не се решение за иднината на сите нас во оваа земја... граѓанската држава и рамноправноста на сите јазици е единственото одржливо решение за европската иднина на Македонија“, напиша Богојески на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
belali

Балканскиот Ескобар и се предаде на полиција, ќе повлече ли со себе познати албански политичари?

После три години бегство и криење од органите на законот и правдата, познатиот трговец со наркотици – Келменд Балили, ѝ се предаде на полицијата, соопшти албанскиот министер за внатрешни работи – Сандер Леши. Леши или познат под псевдонимот Балакански Ескобар, е организатор на меѓународниот шверц со дрога од Албанија во странство.„По две години потрага, полицијата деновиве го обиколи местото каде што се криеше Балили во близина на Делвина, па верувавме дека конечно ќе биде уапсен. Сепак тој денеска се предаде на полицијата“ додаде албанскиот министер за внатрешни работи.https://twitter.com/VincentTriest/status/1085114437588135936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1085114437588135936&ref_url=https%3A%2F%2F365.com.mk%2F290572%2Fbalkanskiot-pablo-eskobar-se-predade-na-politsijata-fotoПредавањето на Балили на полицијата се случува во момент кога се подготвува стартот на големиот судски процес на Клемен Балили во Тирана. Јавното обвинителство за тешки кривични дека на Балили го обвинува за организиран меѓународен шверц со дрога како и организирање на криминални групи. Албанските медиуми кои се повикуваат на дебелото досие на Балканскиот Ескобар, пишуваат дека станува збор за човек кој го организираше најголемиот шверц со дрога од Албанија во Европските држави но и пошироко. Тој се обвинува за производство и трговија со огромни количини на дрога и поврзаност со голем број на меѓународни шверцерски канали на дрога .Медиумите уште пишуваат дека „ако Балили проговори, ќе паднат и повеке познати албански политичари“.

Свет | пред 7 години

7 год.
IMG_0316

Концерт на HOOVERPHONIC во Македонска филхармонија

Ако во животот постојат концерти што се прават од љубов, тогаш тоа е следниот наш концертен проект за оваа година кој со задоволство сакаме да ви го најавиме.Станува збор за концертот на извонредниот трип хоп бенд HOOVERPHONIC кој ќе се одржи во Скопје, во рамки на својата балканска турнеја, која е исто така ќе биде во организација на Авалон Продукција, и тоа во Загреб, Белград и во Софија.Скопскиот концерт е закажан за 29-ти март во салата на Македонската филхармонија, која е најадекватна за музиката на овој бенд.HOOVERPHONIC e белгиски бенд основан во 1995 година кој има позади себе осум студиски албуми, како и неколку компилациски изданија. Кон средината на ноември минатата година, бендот го објави албумот „Looking for stars“ кој содржи единаесет нумери на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип хопот чија основа преовладува во целиот носач на звук, а исто така наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти.Публиката во Скопје ќе има ексклузивна можност за прв пат во живо да ги чуе некои од најголемите хитови кои ја одбележаа кариерата на еден од најголемите трип-хоп бендови на сите времиња како што се легендарната „Mad about you“, „2 Wicky“, „Eden“, „Winegar and salt“ и уште многу други.Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (16.01), а сите информации околу цените на билетите ќе бидат објавени утревечер на ова исто место.

Магазин | пред 7 години

7 год.
DUIII

Пратениците од ДУИ со честитки по повод објавувањето на Законот за јазици

Откако претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери објави дека Законот за јазици е објавен во Службен весник, пратениците од ДУИ преку социјалните мрежи испратија честитки.– Ветивме, остварувме, напиша Ахмети.Пратеникот Артан Груби ги наброја столбовите кои ги ветила ДУИ.– Интаграција во НАТО и ЕУ, ветено сторено, јазичната рамноправност, ветено сторено, ситемски реформи, ветено сторено, напиша Груби.Бујар Османи пак, напиша „Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети“.– Употребата на албанскиот јазик од нашите домови отсега и во институциите и пошироко. Честитки сонародници законот за јазиците влегува во сила, напиша Хазби Лика.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-7

Градот Скопје ќе добие станица за третирање на отпадните води

Вчера во просториите на “ЈП Водовод и канализација – Скопје”, се одржа состанок на меѓународни и македонски експерти и претставници од “ЈП Водовод и канализација – Скопје”, во врска со имплементирање на проектот за изградба на станица за третирање на отпадни води во Град Скопје."Oвој проект е од големо значење за градот и истиот ќе обезбеди одржливи услуги за третман на отпадните води за повеќе од 500.000 луѓе, како и усогласеност со директивите на Европската Унија за вода и животна средина и најдобрите меѓународни практики во oваа област", велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Разбојници одзеле 36.000 денари од бензинска во Прилеп

На 14.01.2019 година во 22.25 часот било пријавено дека две непознати лица извршиле разбојништво на бензинска пумпа на улица „Александар Македонски“ во Прилеп и со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 36.000 денари и мобилен телефон.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Го оставил возилото да работи и влегол во маркет, па му го украле

На 14.01.2019 година во 22.00 часот во Полициската станица Центар, Д.Г.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20.30 до 20.35 часот пред маркет на улица „Рузвелтова“ непознат сторител одзел патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје.Пријавителот го оставил возилото да работи и влегол во маркетот, а непознато лице влегло во незаклученото возило и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

Пронајдени 10.223 парчиња пиротехнички средства при преглед на возило

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.А.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 27.12.2018 година на улица „Маршал Тито“ во Тетово полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Мерцедес“, сопственост на Д.А. од Тетово, при што пронашле и одзеле 10.223 парчиња пиротехнички средства.

Македонија | пред 7 години

7 год.
iveqgpr0mxohbhtipzy0

Кривична пријава против битолчанец поради закани по живот на Фејсбук

Секторот за внатрешни работи Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-Битола презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на О.Ј. (40) од Битола, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Македонија.На 14.01.2019 лицето О.Ј. е повикано на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против О.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

За веледрогеријата „Македонијалек“ предложена максимална казна за техничката грешка со декларацијата на МРП вакцините

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што беа детектирани МРП вакцини, со добар и проверен рок, но со техничка грешка на декларациите со македонски јазик.„Го констатираа бројот, извештајот е готов и сега ќе се продолжи во насока на санкционирање на оваа постапка кон веледрогеријата „Македонијалек“. Ќе инсистираме тоа да биде максималната казна, со оглед на тоа што сметаме дека ваков тип прекршок, кој сериозно го урива угледот на јавното здравство не треба никогаш повеќе да се повтори. Ова ќе биде укажување за сите, како внимателно да ги следат овие внатрешни процеси“, потенцираше министерот.Министерот Филипче додаде дека ќе се повикаат на одговорност сите директори на здравствените домови и тие коишто се задолжени за прием на вакцината, а не укажале на овој пропуст и зошто не се детектирала разлика меѓу вистинскиот рок, кој е добар, и тој на погрешната декларација, со цел Министерството за здравство да преземе санкции кон одговорните за оваа грешка.Во меѓувреме заврши и состанокот со официјалните претставници на компанијата GlaxoSmithKline, кои имаа увид во вакцината, пакувањето и рокот.„Компанијата GlaxoSmithKline не увери дека вакцината е нивен производ, дека рокот е добар и квалитетот е согласно нивните стандарди, потврден со испитување во европски лаборатории, какви што има само неколку во цела Европа и истата вакцина се користи во сите земји на ЕУ“, истакна министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

7 год.
silegov-zelen-katastar-1

Презентација на проектот за Зелен катастар - попишани 65.844 дрвја и 28.395 грмушки во градско зеленио

Градот Скопје во соработка со УНДП влезе во напредна фаза од реализацијата на активностите за воспоставување Зелен катастар на јавните зелени површини во градот, односно досега се попишани 65.844 дрвја и 28.395 грмушки во градското зеленило. Денеска, во големата сала на Советот на Град Скопје пред претставници од невладините организации, јавните градски претпријатија, скопските општини и стручната јавност се одржа презентација на проектот за Зелен катастар чија основна цел е заштита на животната средина, подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и зајакнување на урбаната отпорност преку собирање и анализа на просторни податоци за зеленилото.- Зелениот катастар на Град Скопје е проект кој долго време е во фокусот на јавноста, особено во зимскиот период од годината кога главна тема е аерозагадувањето, како проблем кој најдиректно ги засега жителите на Скопје. Унапредувањето, заштитата и зголемувањето на површината под зеленило се предизвици на кои градската администрација во последнава година им посветува големо внимание. За жал, повеќе години наназад, како последица на градежната експанзија, особено во делот на проектот „Скопје 2014“, зеленилото во градот честопати беше жртвувано за сметка на новите градежни објекти кои задоволуваа извесни лични, политички и бизнис интереси, но не и интересот на граѓаните кои имаат неспорно право да живеат во здрава животна средина. Ваквиот начин на функционирање мораше да се промени. Грижата за градското зеленило бара внимателно планирање и континуирана работа – рече на денешната презентација градоначалникот Шилегов.Зелениот катастар треба да обезбеди прецизни и квалитетни податоци со помош на кои ќе може целосно да се спречи непотребното сечење или оштетување на дрвјата и целосното уништување на зеленилото за потребите на разни градежни активности, подобро планирање во насока на зачувување на постојното зеленило и поквалитетно одржување- Поради комплексноста на работите, активностите се реализираат во фази. Досега се реализирани активности за геодетско снимање на зелените површини и дрвјата, грмушките и парковската инфраструктура. Изработена е и ГИС апликација за преглед и управување со јавното зеленило на територијата на град Скопје. Со геодетското снимање опфатено е зеленило на површина од 650 хектари. Во оваа фаза тоа го опфаќа булеварското зеленило и парковското зеленило кое е под надлежност на Градот Скопје. Исто така, реализирана е т.н. инвентаризација на теренот која подразбира попис на дрвјата и грмушките, со собирање податоци за видот на дрвото, неговата здравствена состојба, големина, ширина и неговата точна местоположба. Досега се попишани точно 65.844 дрвја и 28.395 грмушки. Во следните фази предвидено е снимање на зелените површини на институциите што се под надлежност на Град Скопје - јавните претпријатија, јавните установи, средните училишта и други. Во соработка со општините во Скопје, пак, предвидено е и дополнување на катастарот со зеленилото што е под нивна надлежност - блоковското зеленило и зеленилото во основните училишта и градинките. Во најнапредната фаза се предвидува и отворање на модул во кој секој граѓанин ќе може да го впише и зеленилото од сопствениот двор – објасни градоначалникот Шилегов.- Она што сакам да го потенцирам е дека во претстојниот период освен на подигањето нови зелени површини, големо внимание Град Скопје ќе посвети и на заштитата на постојното зеленило. Во таа насока ќе споменам дека со помош на Шумарскиот факултет работиме на мапирање и ослободување на заробени стебла и корења на дрвја со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности. Тоа е еден извонреден пример каде што со помош на ентузијазмот на стручните лица од оваа област и институционалната поддршка од градот со своите јавни претпријатија може да се работи на заштитата на постојното зеленило на која многу малку било работено досега. Сосема на крај, ќе подвлечам дека Зелениот катастар, како и преостанатите проекти за заштита и унапредување на животната средина на кои е посветена оваа градска администрација се од витално значење за обезбедувањето одржлив урбан развој на градот. Граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во модерна зелена престолнина која ќе им гарантира квалитетен и здрав живот. Верувам дека со многу ентузијазам и посветена работа сите заедно можеме да го постигнеме тоа, за доброто на сите – нагласи Шилегов.Присутните на презентацијата денеска имаа можност да слушнат стручни предавања поврзани со изработката на Зелениот катастар, и тоа предавање за ГИС – Орудие на паметна мапа и Апликација за зелен катастар; Зелен катастар Фаза 2 – попис, предизвици и бариери; Еколошките атрибути на Зелениот катастар и за реализираните проекти во 2018 година од ЈП „Паркови и зеленило“ и дел од планираните активности за 2019 година. На презентацијата на проектот за Зелен катастар присуствуваше и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Скопје | пред 7 години

7 год.
igor-janusev

Јанушев: Не играме на картата на национализмот, законот е штетен и донесен на сила и истиот е противуставен

По денешната пресс конференција Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев одговраше на новинарски прашања.Истите ги пренесуваме во целост:Новинарско прашање: Дали кога го пишувавте вашиот говор имавте во предвид како ќе се чувствуваат вашите сограѓани Албанци кога ќе го слушнат ова од вас? Имате ли нешто друго да понудите на македонскиот обичен гласач, освен националистичка реторика, затоа што откако ги изгубивте изборивте, малку застанавте, па повторни играте на таа карта?Одговор: Апсолутно не играме на картата на национализмот. Законот е штетен и законот е на сила донесен и истиот е противуставен. Во постапката кога се носеше јас лично овде сум држел неколку прес конференции сум ја повикувал власта да седнеме и да изработиме добар текст на законот, притоа да се прифатат забелешките од претседателот на оваа држава Република Македонија и господинот Ѓорѓе Иванов. Власта не игнорираше, на насилнички начин го донесен законот и сега повторно со кршење на Уставот и законите се обидуваат да спроведат така наречен закон. Почитувањето и почита кон сите кои живеат во оваа држава е двонасочен процес. Почита треба да ја добиете за да може истата да ја возвратите. Со криминални дејанија, одење спротивно на волјата на народот и на ваков насилнички и криминален начин обидувајќи се да се протнат сите овие не законски и не уставни решенија се далеку од почит и почитување на волјата на македонскиот народ и сите останати кои што живеат во оваа држава.Новинарско прашање: Според вашата партија кој ќе бидат клучните проблеми во примена и спроведување на овој закон?Одговор: За да зборуваме за примена на овој закон, прво овој закон треба да биде во согласност со Уставот и законите. Овој закон прво е во контрадикторност со највисокиот акт – Уставот, е во колизија со други закони, опозицијата воопшто не учествуваше, претседателот на државата беше максимално игнориран. Не можеме за проблеми за имплементација да зборуваме кога самото решение како и начинот на кој сега го објавија во Службен весник е незаконски и криминален. Прво треба некој да одговара за тоа што се прави, второ треба да седне и да се направи добар текст на законот, а после тоа можеме да разговараме каква би била имплементацијата на истиот.Прашање новинар: Дали ќе одите со бојкот на претседателските избори ако не се прифаќа со нив да се одржат и предвремени парламентарни избори?Одговор: Претпоставувам дека реферирате на вчера нешто што беше објавено за кое што можам да кажам дека беше грубо злоупотребено за дневно политички цели. Во моментов ги разгледуваме буквално сите опции кои што ќе ги објавиме и нормално ќе пресечеме кога ќе имаме одговор на власта во однос на нивното понатамошно делување.Прашање новинар: Дали бојкотот е опција?Одговор: Како што кажав сите идни чекори ќе зависат од делувањето на СДСМ и ДУИ пред се, односно од страна на владејачката гарнитура.Прашање новинар: Дали ВМРО-ДПМНЕ веќе има конкретно име за претседател на државата?Одговор: Како што знаете конкурсот е објавен пред десетина дена, и истиот трае до 31 јануари. По завршување на огласот ќе следи проверка на кандидатурите, односно дали истите ги исполнуваат законски предвидените услови за да се биде кандидат за претседател на Република Македонија. По што на 16 февруари ќе ја одржиме конвенцијата каде што ќе се изврши изборот за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори 2019 година. Така да во овој момент било кое споменување на било кое име е врз база на шпекулација.Прашање, новинар: Повикавте во вашиот говор ако не се лажам институциите да не го спроведуваат овој Закон за јазици, што значи ако утре дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе направи се а да го укине овој јазик?Одговор: ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во наша моќ да ги врати овие штетни процеси онаму каде што треба да припаѓаат.Прашање, новинар: Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ дали Албанците заслужуваат да го употребуваат својот мајчин јазик во оваа држава?Одговор: Да, апсолутно заслужуваат да го употребуваат мајчиниот јазик, исто како и сите останати бошњаци, срби, роми, сите оние кои што живеат на територијата на Република Македонија. Каде што еден закон ќе се донесе со консензус, помеѓу сите политички субјекти и пред се и над се закон кој што ќе биде во согласност со Уставот и кој нема да биде во колизија, со останатите закони и при тоа ќе се испочитува целата законски пропишана постапка која што е потребна за донесување на еден таков закон.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија:Талат Џафери продолжува со опасните провокации спрема македонскиот народ

„Талат Џафери продолжува со опасните провокации спрема македонскиот народ и македонската држава со неуставното објавување на законот за јазици и законот за ратификација на Договорот за промена на името без потпишување на указот од претседателот Иванов.Освен нелегално избран за собраниски претседател, Талат Џафери покажува и правна неписменост оти без потпис на указот од Иванов нема закони и Уставниот суд ќе мора тоа да го констатира.Правната неписменост на Џафери е негова лична работа, меѓутоа, за Единствена Македонија самоволието на Џафери за туркање на јазичната федерализација како преодна етапа до територијалната федерализација со крајна цел создавањето на Голема Албанија во која влегуваат и делови од Република Македонија, е крајно вознемирувачко и опасно.Единствена Македонија во име на македонскиот народ го предупредува Талат Џафери да не се расфрла со провокации оти Македонците се при крај со своето трпение од секојдневните провоцирачки и веќе здодевни барања на албанското малцинство за нови и нови права“, стои во соопштението на Единствена Македонија

Македонија | пред 7 години

7 год.
konferencija-1

ЕУ проект: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на евра“

Постоењето на капацитети за борба против фалсификувањето на евра е еден од основните предуслови предвидени во поглавјето 24 и колку побрзо ќе ги изградиме овие капацитети толку подобро за процесот на преговори, но и подобро за зајакнување на нашите институции во зголемување на капацитетите и нивната стабилност, со што ќе се зголеми довербата на граѓаните, рече министерот Оливер Спасовски на конференцијата „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на евра“ што се одржува во Скопје.Потребата за реализација на овој проект произлегува и од забелешките од неколкуте последователни извештаи за напредокот на Република Македонија, во кои беше утврдена потреба од јакнење на капацитетите на институциите кои имаат свои ингеренции во делот на борбата против фалсификување на еврото. Фалсификувањето на парите, вклучително и еврото ќе биде една од клучните области во поглавјето 24 кои ќе бидат таргетирани со започнување на скрининг процесот.Во изминатиот период од страна на Владата на Република Македонија, рече Спасовски, се преземени неопходните мерки за прифаќање и инкорпорирање на европското законодавство во оваа област. Веќе е воспоставена централната канцеларија за истраги во областа на фалсификувањето на пари.Проектот ,,Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на еврото“ започна со имплементација на 01 ноември 2018 година и има за цел да воспостави ефикасно функционирање на системот за спречување на фалсификување на пари, спречување на вршење на криминални активности, јакнење на монетарниот систем на Република Македонија, како и прилагодување на македонските со европските стандарди за борба против фалсификувањето на пари. Досега веќе се реализирани неколку експертски мисии со цел мапирање и запознавање со моменталната состојба. Како имплементатор на проектот, кој е предвидено да трае осум месеци, е избрана германската Бундесбанк.„Крајни корисници на резултатите во рамките на проектот се Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност и Народната банка на Република Македонија. Во овој дел би сакал да изразам благодарност до претставниците на Народната банка за нивната континуирана соработка и поддршка и се надевам дека истата ќе продолжи и во иднина. Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни активности со цел успешна имплементација на овој исклучително значаен проект и ќе работи на понатамошно зајакнување на меѓуинституционалната соработка помеѓу сите засегнати чинители“, рече Спасовски.Министерот Спасовски изрази благодарност за континуираните напори и помош што Европската Унија ја дава на Република Македонија, а во тој контекст и на Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
karolina-ristova-asterud

Астеруд: Џафери, го повредува Уставот со објавување на закон, без претходен потпис од шефот на државата

Професорката на Правниот факултет “Јустинијан” Први, Каролина Ристова-Астеруд, во коментар на Фејсбук, пишува дека претседателот на собранието Талат Џафери, го повредува Уставот со објавување на закон, без претходен потпис од шефот на државата.-Како е, кога ЗУЈ е објавен без потпис на шефот на државата? Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание, а реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон, кој не е “контроверзен” туку апла повреда на Рамковен и Уставот, ама баш апла, плус и на други уставни одредби. Нека пробаат да казнуваат, врз основа на што? На недефинирани деликти? Со какви санкции, со некакви кои одат до перверзна диспропорционалности преставуваат сурово и невообичаено казнување? По двата основа може тужби до Стразбур. Како и немање почек, и тоа нигде го нема. Законот допрва на Уставен, а за него треба реакции и кај гарантите на Рамковен и до сите институционални играчи надлежни за проширувањето. Ова овде не завршува! – напиша Астеруд.Инаку Ристова-Астеруд беше претседателка на Форумот на жени на СДСМ, пратеничка од редовите на СДСМ, како и жестока критичарка на поранешната власт.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzaferi-talad

Џафери: Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска

На пресс конференција претседателот на македонското собрание Талат Џафери информираше за последните активности на Собранието. Тој појасна зошто во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и врз основа на неговите овластувања ги потпишал два Указа и ги испратил во Службен весник.Џафери нагласи дека не чувствува никаква одговорност за тоа што ги потпишал двата Укази, и дека му дал доволно време на претседателот на Република Македонија да ги потпише двата Указа и токму поради тоа тој смета дека прекршил нешто.„И двата Укази се доставени во Службен весник со дополнително објаснување зошто Указот е потпишан само од моја страна", изјави Џафери.„Од почеток на постапката за донесување на Закон за јазици сум тврдел дека сум постапил во рамките на постапките и процедурите во Уставот и на Деловникот.Може да се смета дека е злоупотребена службената должност со нетпотпишувањето на законот од страна на претседателот. Според членот 8 од Уставот направена е поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска", рече Џафери.Џефери на прес-конференцијата се обраќаше и на Македонски и на Албански јазик.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања