Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

МЕПСО демантира дека бил склучен договор за набавка на дронови во четири очи

МЕПСО ги демантира наводите дека бил склучен „договор за набавка во четири очи каде набавка зависи само од желбата и волјата на менаџментот на државната институција“ во текст објавен на 1 јануари 2019 година на порталот Лидер.„Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста известуваме дека договорот за набавка на стоки „Специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонредни прегледи на далекуводи“ е склучен откако во целост е спроведена соодветна транспарентна постапка за јавна набавка согласно со Законот за јавни набавки. Имено, договорот со правното лице „Флај Кем ДООЕЛ“ е склучен откако е објавен тендер на кој на е-аукција компанијата дала најповолна цена за набавка на 4 дронови и за обука на лица од МЕПСО за управување со тие уреди. Дополнително аргумент во полза на тоа дека е добиена поволна понуда е тоа што планираната вредност на набавката била 922.500 денари, а набавката е реализирана за вредност од 779.980 денари со вклучен ДДВ. Сите овие податоци се достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-evidences/0e1d1b9c-ccbc-4961-998b-89536d3dc5cf јавно достапен на е-системот на Бирото за јавни набавки. Со ова ги отфрламе како неточни, тенденциозни и злонамерни наводите во текстот дека бил склучен деговор во четири очи со што се алудира дека одредено правно лице било фаворизирано.Дополнително, набавката на 4 дрона произлезе од потребите на МЕПСО односно на далекуводните екипи за поефикасно откривање на можни дефекти на преносната мрежа. Овие уреди овозможуваат за многу пократко време да се направи увид на далекуводна траса и да се детектира точна локација на евентуален дефект. Тоа ја прави работата на далекуводните екипи многу поефикасна затоа што за значајно пократко време утврдуваат локација на дефект и превземаат мерки за негово отстранување на која и да е точка од преносната мрежа на МЕПСО со вкупна должина од 2.100 километри. Ова во значајна мерка ја зголемува ефикасноста во работењето на МЕПСО и на подобрува продуктивноста на електромонтерите во далекуводните екипи се со цел стабилно и навремено снабдување со квалитетна електрична енергија на сите потрошувачи на преносната мрежа“, се вели во демантот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

До 12 часот се вакцинирани вкупно 267 деца со МРП вакцина

Министерството за здравство апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина.„Потсетуваме дека се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.Министерството информира дека денеска до 12 часот се вакцинирани вкупно 267 деца од предучилишна возраст. Инаку, до овој момент е добиена лабораториска потврда за две лица, од шестте новозаболени, додека за две од нив резултатите се негативни, а кај еден случај  на дете за кое се прават дополнителни лабораториски испитувања.Министерството за здравство, во соработка со Здравствен дом-Скопје воведува и втора смена во поликлиниките, каде се врши вакцинација, односно вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат до 19 часот.Напоменуваме дека МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата GlaxoSmithKline од Белгија“, велат од Министерството за здравство. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mila_Carovska_Minister

МТСП: Царовска во најбрз можен рок ќе го пријави имотот на сопругот во анкетниот лист во ДКСК

Прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ претставува манипулирација со јавноста преку тенденциозно погрешно толкување на законите, велат од МТСП.„Законот не ги обврзува функционерите да поднесуваат извештај за имотната состојба на нивните неформални партнери како што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја излаже јавноста и не постои можност за поразлично толкување на одредбите од овој закон. Министерката Царовска уредно го има пополнето својот имотен лист и пријавено својот имот и имотот на нејзиното семејство.Иако законски не е обврзана, министерката Царовска заради транспарентност кон јавноста околу имотот на неформалниот сопруг во најбрз можен рок ќе го пријави во анкетниот лист во Државната Комисија за спречување на корупција. Тој во своја сопственост има една гаража од 25 м2 и една парцела земја во кочанско од 1.000м2“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Aleksandrova

„Македонија-Блокира“ денес на протест пред домот на пратеничката Емилија Александрова

Од Македонија - Блокира информираат дека денес ќе одржат собир пред домот на пратеничката Емилија Александрова, бидејќи како што велат не треба да гласа за уставните измени.„„Македонија - Блокира„ денес,ќе одржи собир пред домот на пратеничката Емилија Александрова која е една од 8-те пребегани и уценети пратеници. На протестот ќе и биде предадено писмо на пратеничката Александрова зошто не треба да гласа за уставните измени. Собирно место е пред Собранието на Република Македонија во 18:30 часот  кога ќе тргне поворката кон домот на пратеничката“, велат од „Македонија Блокира“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

За изнесените лаги Шекеринска ќе покрене тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Вистината за Македонија покажа дека Никола Груевски е најголемиот лицемер кој краде и лаже. Соопштенијата од неговата партија тоа го потврдуваат - плукаат и лажат без престан и без пардон, велат од СДСМ.„После 10 години владеење во Македонија, тие се уште викаат „држете го крадецот“ бидејќи се фатени во криминали од стотици милиони евра, пари на граѓаните.Врвот на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, лажните 8 милијарди евра инвестиции коишто никогаш не се реализираа, граѓаните го чувствуваат секојдневно.Се потрошија 630 милиони евра за споменици а смртноста на бебињата во Македонија е најголема во Европа .Додека фамилијата се богати преку грабеж на народните пари граѓаните се гушат во нечист, загаден воздух полн со канцерогени честички“, велат од партијата.Исто така оттаму додаваат дека лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ се гледа во украдените субвенции на земјоделците и тендерите за газдите на медиумите зад коишто стои Груевски.„Додека над 180 илјади граѓани се борат за основна егзистенција, за три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.Лагите на ВМРО-ДПМНЕ пласирани преку провладините медиуми се платени со пари на граѓаните.Да имаше една незаконска или нечесна работа направено Радмила Шекеринска, да имаше еден незаконски потпис ставено , досега сто пати ќе ја притвараа и ќе ја судеа.Бидејќи нема, продолжуваат безобразно да лажат и плукаат.За ова соопштение, полно со лаги и измислици Радмила Шекеринска ќе покрене тужба за клевета против ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода дел од Ченто

Денес поради уличен дефект од Ф-100мм на ул.Среќко Пужалка 39 во населба Ченто, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Товарник и Среќко Пужалка до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
4939359621610908008107531144098911636422656n-1024x498-830x0

(ФОТО) Хаос на улиците во Белград, автобус се излизга, а потоа во него удри автомобил

Автобус во Белград се излизга и ја попрачи целата улица, а потоа во него удри автомобил.Од полицијата велат дека за среќа нема повредени.https://twitter.com/srbabeg/status/1080751454326059008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1080751454326059008&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fbeograd%2F3020839-autobus-proklizao-na-zaledjenom-asfaltu-a-onda-se-auto-zakucao-u-njega-haos-na-cukarici-ne-jenjava-foto-sa-lica-mestaСнегот кој од утрово паѓа во Белград не формирал висока снежна покривка, но сепак во некои општини дошло до колапс и проблеми во сообраќајот.  

Свет | пред 7 години

7 год.
11

Наградени полициски службеници за остварени забележителни резултати во работењето

“Чест ми е што како министер за внатрешни работи ja имам можноста да ви оддадам признание за се она што е реализирано изминатиов период, а  со особен квалитет и покажана иницијативност во работењето  и вршењето на работни задачи во текот на минатата година, и сето тоа да се верификува на ваков начин со доделување решение за зголемен износ на плата.“ Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното врачување на триесет решенија на исто толку вработени во различни организациони единици на МВР  кои што се еднократно наградени заради остварените забележителни резултати во работењето во текот на изминатата година.Министерот Спасовски потенцираше дека овој успех и постигнатите резултати  ќе претставува поттик не само за наградените туку и за нивните колеги, уште поагилно и попосветено да работат во подигнување на интегритетот на полицискиот службеник, и да се соочат со сите професионални предизвици со максимална посветеност и пожртвуваност.Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски изрази уверување дека сите вработени во МВР ќе продолжат со несмалено темпо на работа.„Како ваши претпоставени ние сме должни да внимаваме на секој ваш професионален чекор, но и да ги вреднуваме вашите успеси и заложби. Нема да толерираме никакво непочитување на професионалните стандарди или селективност во постапувањето, бидејќи законот мора да важи еднакво за сите“, истакна директорот на БЈБ, Тасевски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
1546505270423-tuca-620x350

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Ја повлече девојката за коса и ја истепа, а потоа излезе ММА борач

Пред познат клуб во Сараево пред неколку дена надзорните камери снимиле инцидент во кој маж тепа девојка.Инцидентот се случил во неделата во раните утрински часови, кога девојката го напуштила клубот и се движела кон главната улица. Веднаш по неа истрчал маж кој ја повлекол за коса и започнал да ја тепа.За да го спречи насилството, сопственикот на објектот кој воедно е и најпознатиот босански ММА борач, за да и помогне на девојката го тргнал мажот од девојката и со неколку удари го совладал.На видеото може да се забележи како потоа од објектот изчегуваат уште неколку лица за да ги раздвојат.https://www.facebook.com/vijestibih/videos/511372099369114/ 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Обвинителството побара смртна казна за убијците на новинарот Кашоги

Главниот саудиски обвинител побарал смтна казна за 11 лица кои се осомничени за убиството на новинарот Џамал Кашоги, откако почна долгоочекуваното судење.Сите осомничени беа присутни со своите адвокати на сослушувањето, велат од саудиската новнаска агенција.https://twitter.com/MailOnline/status/1080779937752207362?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1080779937752207362&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3020832-pocelo-sudjenje-osumnjicenima-za-ubistvo-kasogija-tuzilac-trazio-smrtne-kazneКашоги е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на 2. отомври 2018 година.Тој беше жесток кртичар на актуелната власт во Саудиска Арабија.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Снег ги покри пустините, вакви кактуси ретко се гледаат

Во јужниот дел на Аризона снегот покрил кактуси, но и Големиот кањон на север.https://twitter.com/APWestRegion/status/1080615320220520450?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1080615320220520450&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3020770-prizor-kao-iz-bajke-sneg-zabeleo-i-u-pustinji-ovakvi-kaktusi-se-retko-vidjaju-foto-videoНационалната метеоролошка служба издаде предупредување за мраз во Невада, а снег падна на кратко и во Лас Вегас.Поради снегот и поледицата на улиците, училиштата и државните установи во Ново Мексико се затворени.

Свет | пред 7 години

7 год.
Mila_Carovska_Minister

МТСП: Забрането примање на невакцинирани деца во градинките, казните за родителите се од 350 до 650 евра

Министерството за труд и социјална политика ги информираше сите државни и приватни градинки, дека Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Истовремено МТСП им укажа на градинките дека е на сила забрана за примање деца во градинките кои не се васкцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит).„Градинките се задолжени и да спроведат санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.Врз основа на горе наведеното Министерството за труд и социјална политика укажува дека треба да се почитуваат одлуките коишто се донесени од страна на Министерството за здравство. Укажувањата и препораките се во насока превенција и поголема безбедност на децата.Истовремено ги информираме родителите дека казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра,“ велат од Министерството за труд и социјална политика.

Македонија | пред 7 години

7 год.
voz-avtobus-2

Почина уште едно лице од сообраќајката кај Ниш

В.Џ. (65) кој беше тешко повреден на 21 декември при судирот на воз и автобус, прочина вчера во болницата во Ниш.Тој имал повреди по целото тело.„Пациентот се здобил со фрактура на карлицата, скршени ребра од двете страни и повреди на кичмата. Состојбата на пациентот се влошила ноќта помеѓу 1 и 2 јануари, а во 5:30 починал“, велат од болницата.На местото на настанот настрадаа три лица, а уште две истиот ден починаа во болница. На 30 декември на повредите им подлегна уште една жена. Во болницата со тешки повреди се уште двајца тинејџери.

Свет | пред 7 години

7 год.
2

Huawei го претставува новиот телефон HUAWEI P smart 2019

Huawei го најави HUAWEI P smart 2019. Со експанзивен HUAWEI Dewdrop дисплеј, како и со нов и помоќен octa-core чипсет Kirin 710, HUAWEI P smart 2019 обезбедува квалитетно корисничко искуство по кое се познати HUAWEI P сериите кои имаат AI камера со високи перформанси, како во предниот дел, така и во задниот дел на паметниот телефон. Особено достојни за потенцирање се 64GB внатрешното складирање и 3400mAh батерија.HUAWEI P smart беше лансиран во 2017 година. Уредот беше наменет за средни пазари насочени кон млади потрошувачи кои бараа прифатливо, висококвалитетно корисничко искуство. Најновиот HUAWEI P smart 2019 е од секој аспект подобрена верзија на својот претходник, што вклучува примена на некои од најновите технологии и дизајни за да испорача пософистицирано искуство кое ги задоволува динамичните потреби на денешните потрошувачи.HUAWEI P smart 2019 ќе биде достапен на македонскиот пазар во текот на овој месец и тоа во две бои: Midnight Black и Aurora Blue.Можност за големо складирање и целодневна батеријаHUAWEI P smart 2019 доаѓа со внатрешно складирање од 64GB. Исто така, поддржува до 512GB раширено складирање. Со комбинирање на внатрешни и надворешни капацитети за складирање, HUAWEI P smart 2019 има повеќе простор и од некои лаптопи на денешниот пазар.Покрај тоа, батеријата од 3400mAh за корисници овозможува целодневно користење на батеријата. Според внатрешните тестови на Huawei, батеријата поддржува до 10 часа интернет прелистување на 4G мрежи, до 18 часа непрекината репродукција на видео и до 96 часа непрекината репродукција на музика.Дизајн на HUAWEI P smart 2019Споредувајќи го HUAWEI P smart 2019 со своите претходници, потрошувачите веднаш ќе го препознаат поширокиот простор на екранот што е овозможено од 6,21-инчниот 19,5: 9 HUAWEI дисплеј. Освен физички поголем екран, новиот паметен телефон на Huawei ја заменува горната рамка со ненаметлива перла во облик на куќиште во која се наоѓа предната камера и целосно го отстранува долниот дел од рамката. Освен тоа, 415ppi високата густина на пиксели на панелот овозможува повисока резолуција од FHD + (2340x1080), која во комбинација со поддршката за 85 проценти од NTSC спектарот на бои, создава навистина привлечно искуство за гледање. Со оглед дека потрошувачите трошат се повеќе време со своите паметни телефони, HUAWEI P smart 2019 вклучува нов режим за контрола на окото со помош на TÜV Rheinland, кој ефикасно ги филтрира високите енергетски сини светла за ублажување на заморот на корисникот за време на продолжените сесии.Природен изглед без напорПокрај премиум дисплејот, HUAWEI P smart 2019 е опремен со подобрени предни и задни камери.Предната камера на HUAWEI P smart 2019 поддржува нови AI и AR способности, како и карактеристики за подобрување на квалитетот на животот, како што е контрола на гестикулацијата. Предната камера, исто така, ги препознава и оптимизира осумте категории на заеднички авторизирани позадини, така што корисниците можат слободно да прикачуваат и создаваат фотографии.Моќна AI Dual камера Како водечки во индустријата за фотографија со паметни телефони, Huawei е познат по опремувањето со моќни камери на уредите. Двојната камера е составена од главна камера од 13MP и секундарна камера од 2MP. Во комбинација, системот за камера може да произведе портрети со квалитет како фотографии направени во студио. Освен тоа, HUAWEI AI Image Stabilisation работи заедно со широкоаголниот објектив за да создаде светла, детална, ноќна фотографија без потреба од статив.Оптимизирани перформанси за секојдневна употребаHUAWEI P smart 2019 е опремен со Kirin 710 чипсет. Произведен со 12nm технологија на процесирање, новиот octa-core чипсет има процесорска брзина до 2.2GHz. Kirin 710 обезбедува непречено природен систем, извонредни перформанси за игри и одлична моќна ефикасност.  EMUI 9.0 доаѓа стандардно во HUAWEI P smart 2019.HUAWEI P smart 2019, исто така, воведува иновативен систем за Extendable Read-Only File System(EROFS) за постигнување на подобри перформанси и брзина. Датотечниот систем може да се прошири со функции за компресија на датотеки за да им овозможи на корисниците да извлечат максимум од складирањето на уредот. 3D дизајнот му дава на телефонот фантастичен изглед. Бидејќи паметните телефони станаа составен дел од денешниот начин на живот, императив е да бидат отпорни на повреди. Како резултат на тоа, Huawei го направи HUAWEI P smart 2019 исклучително издржлив. Различните компоненти на уредот биле ригорозно тестирани во уредите за тестирање на Huawei. На пример, копчето за напојување и сензорот за отпечатоци можат да издржат 200.000 активирачи и да останат во добра состојба.

Магазин | пред 7 години

7 год.
atanasovski-960x533

Продолжен притворот на Владимир Атанасовски

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор, потврдија од Кривичниот суд во Скопје. Судот му го продолжи притворот на Атанасовски, кој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” за настаните од 27 април.Атанасовски беше уапсен на 5 декември по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.Владимир Атанасовски беше назначен за директор на УБК во септември 2016 година по оставката на Сашо Мијалков. На директорското место во тајната полиција остана до јуни 2017 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture

Славева: Сопругот на Царовска, Георгиев, е добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ

СДСМ ја започнува годината со црнила и со скандали. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, крие дел од имотот, според фактите кои ги обелоденуваат медиумит, вели Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.„Царовска, како што е објавено живее заедно со нејзиниот невенчан сопруг, Горан Георгиев, а во својот анкетен лист го нема пријавено имотот на истиот.Ова е анкетниот лист на Царовска, во него е наведен нејзиниот личен имот и имотот на нејзините родители, имотот на нејзиниот брат, меѓутоа го нема и имотот на нејзиниот невенчан сопруг. Имено според законските прописи, односно чл.13 од Законот за семејство, заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.Според информациите Царовска е во вонбрачна заедница со Георгиев, со кого има и дете, заедница која според македонските закони е рамна на брачната заедница кога се работи за имот и други права стекнати ззаеднички“, вели Славева.Таа додава дека невенчаниот сопруг на Царовска, Георгиев, е неколкукратен добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ. Како што објавија медиумите фирмата на неформалниот сопруг на Царовска добила 1.5 милиони денари на име набавка на дронови.„Дали милионските тендери се причината поради која Царовска не го пријавува имотот на нејзиниот невенчан сопруг? Дали преку невенчаниот сопруг на Царовска се прекршува законот за да се добиваат државни пари во четири очи без распишани тендери? Дали на тие сметки се таложат парите кои јавноста не треба да ги гледа, а ги плаќа од свој џеб?Според чл. 81 од Законот за сопственост и други стварни права имотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница се смета за нивен заеднички имот. Царовска во спротивност со законот не го прибележала имотот на нејзиниот вонбрачен другар, па дури ни тој кој како што објавуваат медиумите е стекнат додека се во заедница.Оваа криминална власт на чело на позициите за министер постави луѓе кои наместо да се грижат за граѓаните, се грижат за своите лични потреби! Оваа криминогена власт мора да си замине. СДСМ мора да си оди, црнилата мора да бидат поразени, а зората ќе изгрее за Македонија“, изјави Славева.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vakcina

Вакцинација - да или не?

Вакцината против морбили (мали сипаници), рубеола и паротит (МРП) е откриена во1963 година, но стравот од имунизација со оваа вакцина во Македонија трае и по повеќе од половина век. Кулминацијата ја достигна во изминатите неколку години поради бројните кампањи против имунизација на децата започнати од страна на родители, но и од страна на квази-експерти за оваа област. Влијание врз состојбата имаше и стравот од квалитетот на вакцините што се увезуваат во Македонија, како и неедуцираноста на дел од родителите и нивното стравување дека некои од вакцините предизвикуваат аутизам кај децата, податок кој научно не е потврден. Резултат од ваквиот сплет на околности, денес е - епидемија на морбили во Скопје, прогласена од Министерството за здравство, поради 12 нови случаи.Мал одѕив за имунизацијаПо првите седум случаи на мали сипаници кои беа потврдени на крајот на минатиот декември во населбата Радишани во општина Бутел, една недела подоцна новите случаи доаѓаат од различни скопски општини - Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и повторно - Бутел. Во вториот бран од 12 лица со исти симптоми, за шест од нив наодот е потврден преку соодветни анализи, а за другите шест резултатите се очекуваат денеска. Заразените ја немале примено вакцината против МРП, а меѓу нив, освен деца на возраст од 8 месеци до 4 години, има и двајца возрасни. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани осум од заразените лица, најголем дел се со бронхопневмонија како најчеста компликација, а кај возрасните и со посериозна клиничка слика.Повеже тука.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bosale-22

Почина проф.д-р Никола Бошале, човекот кој гo викаа Најохриѓанец од сите охриѓани

Почина проф.д-р Никола Бошале, еминентниот познавач на Охрид, негов хроничар и неуморен промотор, проф.д-р Никола Бошале во 2017 год беше добитник на највисокото општинско признание, Патрон на градот “Свети Климент Охридски“.Проф. Др. Никола Бошале е роден на 27 август 1929 година, по образование е д-р по социологија, но со неговите истражувачки потфати навлегува длабоко и во повеќе сфери и области како: туризам, екологија, археологија, етнологија, архитектура, културна антропологија, проширувајќи ги своите сознанија и изработувајќи покомплексни анализи. Иако живееше на релација Охрид – Скопје, Охрид е неговата вечна инспирација, секогаш возвеличувајќи ги неговите природни и културни богатства. Во своите дела тој се посветуваше на значењето на Св. Климент Охридски, на Античкиот театар, Плаошник, традиционалната архитектура, на Езерото и традиционалниот риболов, на охридските чалгии, охридската резба и нејзиниот последен патрик Димче Јанко, на градскиот стил и менталитет на живеење. Го обработуваше народното усно творештво, фолклорот, ликовното и литературното творештво поврзано со Охрид.Неговата трудољубивост и дарба да ги забележува и анализира сите појави и промени, а секогаш воден од исконската љубов и грижа за Охрид го чини во вистинска смисла Најохриѓанец од сите охриѓани. Тој е во моментот најдобриот познавач и хроничар на живот во Охрид. Неговите дела се убава промоција и популаризација на охридските непресушни ризници. Творештвото на д-р- Никола Бошале треба да биде задолжителна лектира за секој охриѓанец за да добие или ги прошири своите сознанија за материјалното и духовно наследство на Охрид и ќе извлече големи поуки за сите вистински вредности на Охрид што треба грижливо да се чуваат и негуваат.Книгите на Бошале може да ги поделиме на 2 дела: охридски и неохридски. Никола Бошале повеќе од половината книги ги има посветено на Охрид. Придавката охридски е во голем дел од насловите на книгите: охридски Климент, охридски флоридус, па охридската визита, охридските трубадури и охридски длаборез и уште античкиот театар во Охрид и милоста кон Езерото (секако Охридско). Би рекле најголемиот дел од трудовите им ги посветил на родниот град како ниту еден друг научник, писател или историчар. Иако најголемиот дел од животот го минал надвор од Охрид, тој секогаш својот град го носеше во себе.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ако ве касне куче скитник - ви следува отштета

Град Скопје и “Комунална хигиена“ исплаќаат отштета на граѓани што биле каснати од улични кучиња и кои потоа тужеле на суд и добиле надомест на штета. Како што известуваат градските власти, на годишно ниво има по десетина тужби од граѓани поради напади од бездомни кучиња.Просечно во Скопје секој ден се уловуваат од 120 до 170 кучиња скитници, а дел од нив повторно се враќаат на улица. Кучињата кои што и по две недели нема кој да ги вдоми, се враќаат на местото од каде што се уловени. Во 2015 година биле вдомени 175 кучиња.Од  ЈП “Комунална хигиена“ велат дека откако граѓанин ќе пријави кај нив дека е каснат од куче скитник, службите веднаш излегуваат на терен за да го најдат кучето и да проверат дали има беснило.За каснувањето, граѓанинот може да бара отштета која јавното претпријатие и градот Скопје солидарно ја делат.Доколку случајот дојде на суд, практиката покажува дека граѓанинот за претрпени физички болки може да добие отштета од 35.000 денари, за претрпен страв 30.000 денари, за претрпени душевни болки поради намалена животна активност износ од 20.000 денари и за нагрденост износ од 5.000 денари или вкупен износ од 90.000 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Маж пријавил во полиција дека бил каснат од куче во Демир Капија

На 01.01.2019 година околу 08,00 часот во Полициска станица Неготино К.Ф.(40) од Демир Капија  пријавил дека околу 08,00 часот движејќи се пеш по улица „Наум Наумовски“ во Демир Капија од дворот на една куќа истрчало куче и го каснало во пределот над коленото на левата нога.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DjaikovskiFtLionD-Shibenik-1

(ВИДЕО) Кирил Џајковски настапи во Шибеник за Новогодишната вечер

Македонскиот музичар, композитор и продуцент Кирил Џајковски имаше целовечерен настап на плоштадот во Шибеник за време на Новогодишната ноќ пред неколку илјади луѓе. Тој досега има настапувано многупати низ Хрватска и секогаш реакциите на хрватската публика се без исклучок одлични. Но ова беше прв негов настап во Шибеник, од каде се врати во Скопје преполн со позитивни впечатоци.„Задоволство ми беше овојпат да ја дочекам Новата Година за првпат во Шибеник, со одлично расположена публика која со многу позитивен и славенички набој направи да се создаде искрена и прекрасна атмосфера“ , вели Џајковски.На него се надоврза и реге артистот Дејвид Лајон кој настапи заедно со концертниот бенд на Кирил и по тој повод изјави:„Фантастично искуство! Ова беше мое прво гостување во Хрватска и наедно прва посета на земјата. Уживав во секој поминат момент. Настапувавме на прекрасна локација, публиката беше толку пријателски наклонета и како резултат на тоа се создаде совршена интеракција меѓу нас на сцената и публиката за време на настапот“Наедно, по едногодишна пауза Кирил повторно се враќа на сцената со свежа музичка понуда. Неодамна беше промовиран и неговиот најнов сингл „Reminder“ за кој е изработен и одличен видео запис. Песната „Римајндер“ е прва соработка на нашиот композитор со познатиот реге артист, вокалистот Дејвид Лајон и претставува храбра фузија на Балкан Бит, звукот на glitch-hop и реге влијанијата.Како што најавува Кирил колаборацијата со Лајон е само почеток, а ова издание под етикетата на „Филтер Лејбл“ е само прво од низата синглови што ќе бидат допрва објавени во претстојниот период. Вокалистот Дејвид Лајон е веќе дел од концертниот бенд на Кирил и заедно најавуваат засилени концертни активности.„Отсекогаш сум ја сакал комбинацијата на реге/даб влијанија и електронската музика, што е и очигледно од моите претходни соработки со Рас Твид (Крудер и Дорфмајстер) и Гето Прист (Ејжан Даб Фаундејшн). Дејвид исто доаѓа од реге сцената, признат кантавтор кој редовно настапува со свој пратечки бенд на европските музички фестивали. Една од неговите главни одлики е што над се е одличен пејач, но и многу добар рапер, комбинација која перфектно одговара за моите концертни настапи и идеално се вклопи во авторската соработка на мојот нов музички материјал. Неговиот вокален стил се движи меѓу мелодичниот реге и поинтезивниот рага/денсхол израз. Видеото за синглот го изработи една млада и талентирана продукциска фирма НУЛА ТВ од Софија, Бугарија. Целокупната продукција се реализираше на еден од филмските сетови во Софија и целата екипа на чело со режисерот Деметриј Василев со многу ентузијазам и целосна посветеност сними еден атрактивен и амбициозен видео спот со импресивна фотографија зад која стои еден извонреден македонски директор на фотографија Ненад Бороевиќ“ , вели Џајковски.Кирил заедно со Дејвид веќе работат на новиот материјал кој ќе биде презентиран годинава, а вокалистот ќе настапува заедно со нашата ѕвезда и на неговата претстојна летна турнеја. Нивниот заеднички настап во Шибеник беше меѓудругото и прва концертна промоција на новиот сингл и видеото, кој излезе пред Новата Година и е прв во низата кои ќе следат во следниот период.

Магазин | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Ги намаливме трошоците и обезбедивме повеќе пари во секое домаќинство

Во досегашниот период, Владата предводена од СДСМ преку низа спроведени мерки позитивно влијаеше врз намалувањето на трошоците и обезбедување повеќе пари во секое домаќинство, велат од СДСМ.„Намалувањето на трошоците започна со воведувањето на евтината тарифа на струјата, со која граѓаните на годишно ниво заштедуваат над 11 милиони евра, како и укинувањето на радиодифузната такса којашто на годишно ниво на граѓаните им заштедува околу 12 милиони денари.Мерките за намалување на трошоците на граѓаните продолжуваат. Усвоен е Законот за отпис на камати на долгови којшто ќе ги намали троошоците на заостанатите сметки за струја, вода, телефонија и интернет и ќе го олесни животот на граѓаните, особено оние од ранливите категории“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека се намалуваат трошоците за нотарските и услугите на извршителите за 50 отсто до 90 отсто, а со новите тарифници, ќе бидат укинати дури 16 ставки коишто порано се наплаќаа.„Ставаме крај на драконското казнување, воведуваме опомена пред казна и правична казнена политика. Казните се намалуваат и до 75 отсто, се воведува опомена пред казнување, глобите ќе се одредуваат пропорционално на прекршокот, а за првпат се воведува и градација помеѓу малите, средни и големи претпријаија.Со тоа, се постигнува целта казната да не го отежнува животот на граѓаните и компаниите, туку казните пред се да имаат превентивна и корективна улога.И во годината што доаѓа, Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да ги спроведува мерките што обезбедуваат намалени трошоци за живот, повеќе пари во семејствата и повисок животен стандард за сите граѓаните“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тевдовски: Даночната реформа за мнозинството граѓани ќе значи даночно олеснување

Даночната реформа за мнозинството граѓани ќе значи даночно олеснување, односно дека од годинава ќе плаќаат помалку даноци од лани. Ова во интервју за МТВ го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски кој посочи дека со реформата за најголем дел од населението стапката на персоналниот данок ќе остане 10%, а даночното ослободување дури ќе им овозможи да платат помалку, бидејќи ослободувањето е зголемено од 7.500 на 8.000 денари.- Нашето решение воведува даночно олеснување што значи дека за најголем дел од населението ќе остане да плаќа опо единствена стаопка од 10%, а даночното ослободување дури ќе им овозможи да платат помалку, бидејќи се зголеми ослободувањето од 7.500 на 8.000 денари, или едноставно да кажам дека нема оптоварување на работниците на вработените кои работат во фирмите, туку дополнително даночно оптоварување има само на еден процент за лицата со највисок доход-вели Тевдовски.Министерот за финансии посочува со реформата се правви и разлика помеѓу доход од труд и доход од капитал како што се дивиденди на пример.-Просечната плата во Македонија е 24.000 денари. Дури и во секторот кој има највисоки плати, а тоа е ИТ секторот, платата е околу 1.000 евра, тоа значи дека за мнозинството вработени, вклучително и ИТ секторот тие ќе оданочувани кај персоналниот само по единствената стапка од 10%, а додека даночното ослободување го намалува даночното оптоварување, особено кај најниските плати.-вели Тевдовски.Очекувањата на министерот за финансии за 2019 година се дека растот на економијата ќе биде посилен од претходната, како и дека ќе продолжи растот на платите. Тој очекува дека паралелно со тоа ќе имаме бенефити и од приближувањето до НАТО, бидејќи праксата на регионот на земјите покажала дека по членството, многукратно се зголемуваат странските директни инвестиции. Како пример Тевдовски ја наведе Бугарија, каде странските директни инвестиции се зголемени за три пати како процент од БДП пет години по членството во НАТО.Тевдовски истакна дека годината која измина на Владата бил растот на платите и намалување на стапката на невработеност. Во полето највните финансии Министерството за финансии работело напорно на 10 системски реформи, кои значајно го подобруваат системот на јавните финансии.

Македонија | пред 7 години

7 год.
anketi-kandidtai

Анкетите почнаа - Константин, Мишел, Лазе, Пецаков, Паскали, Донев ...

Деновиве во Охрид интензивно се прават анкети со кои се мери рејтингот на поедини личности кои се спомнуваат во јавноста или се посакуваат од политичките центри како потенцијални кандидати за претстојните Локлани избори кои ќе мора да се одржат најдоцна до мај 2019 година.Според она што анкетарите прашуваат најмногу од прашањата кои се поставуваат се однесуваат на актуелниот в.д. Градоначалник Константин Георгиевски од СДСМ и на адвокатот Мишел Наумоски кој дел од ВМРО ДПМНЕ.Сериозен дел од прашањата на анкетите е посветен и на Лазе Танески кој е Претседател на СДСМ Охрид и успешен менаџер и инвеститор во хотелски бизниси, а секако тука е и Сашо Донев кој е прв човек на ВМРО ДПМНЕ.На анкетата се ставени и Кирил Пецаков, Томислав Тунтев, Жаклина Лазареска, Васко Паскали, Лазар Коњаноски, Гордана Коњаноска, Митко Тилев, Дејан Паноски, Димитар Спасески, Љупчо Грданоски и други.Во посебен дел се обработува со прашања еден познат охридски бизнисмен, кој се смета за најуспешен „self made man“ во охридските бизнисмени ( човек кој сaм се остварил ) и кој целиот свој бизнис успех го должи на својата работа која повеќе од 20 години е далеку од политиката и политичките криминални центри.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Внимавајте ако патувате преку планинскиот превој Ѓавато

Утрово кашест снег е застапен на државните патишта, а на поголем дел од патиштата низ земјава има и забрана за сообраќај на тешки товарни возила.Задолжителна е употреба на зимска опрема за сообраќај преку планинскиот превој Ѓавато.Доколку мора да патувате задолжително почитувајте ги правилата за патување во зимски услови кои ги наложува АМСМ.https://www.facebook.com/blagojce.markovski.12/videos/2901390893210696/

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања