Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ им истече и втората година од мандатот, а се уште немаат абер да ги исполнат ветувањата

Партијата предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев не само што им ја зацрни 2018 година на граѓаните, туку очигледно има намера со своите лаги и штетни политики да ја труе јавноста и во 2019 –та година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Навистина жално. Со манипулации се обидуваат да ја покријат својата неспособност. Иако им истече и втората години од мандатот, тие се уште немаат абер да ги исполнат ветувањата за 500 евра просечна плата, 600 километри нови автопати, 100 илјади денари плати за докторите, повраток на 15 % од ДДВ, 13-та плата во секое семејство, достоинствен откуп за земјоделците, повисок стандард, повисоки пензии, студентски град и уште десетици други шарени лаги. Што кажаа, се излажаа. Што фатија се исушија.Затоа пак направија нешто што не го спомнаа во програмата, како пораст на криминалот, сеприсутна корупција, криминални тендери, осиромашување, повисоки даноци и давачки за граѓаните, поскапи горива, менување на Устав, менување на уставното име, рушење на идентитетот, продажба на националните и државните интереси, богатење на партиските и владините функционери со народни пари, партизирање на судство и редица на црнила во секој сегмент од општеството.Граѓаните сакаат што побрзо да ја заборават оваа промаршена и црна 2018-та година. Следната 2019 година може да биде среќна само ако овој криминален картел на власт предводен од Заев падне. Само така сите граѓани, вклучително и членовите на СДСМ ќе почувствуваат среќа и благосостојба“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Georgievski

в.д градоначалникот Георгиески: Ветуваме со упорна работа Охрид ќе го направиме развиен културен и економски центар и светски позната туристичка дестинација

Почитувани сограѓани,Во новата 2019 година, влегуваме со цврста определба и верба дека сите заедно ќе работиме за подобар живот и подобро утре за Охрид. Во годинава што е зад нас, го изгубивме својот градоначалник, но не ја изгубивме неговата визија и неговите соништа за европски, модерен и развиен Охрид. Ветуваме дека со упорна и посветена работа Охрид ќе го направиме убаво место за живеење, развиен културен и економски центар и светски позната туристичка дестинација.Во 2018 година е интензивиран процесот за финансиска консолидација на Општина Охрид и со помош на Владата на Република Македонија, во 2019 година Локалната самоуправа ќе се раздолжи за 495.000.000,оо денари. Ги консолидиравме јавните претпријатија и реализиравме голем број инфраструктурни зафати. Во 2019 година, во првиот квартал ќе биде решен деценискиот проблем со блокираната сметка на ОУ „ Григор Прличев“ , а во соработка со УНДП ќе се решава и проблемот со реката „ Сатеска“ . Воспоставена е соработка со научно- истражувачки институции кои работат на проекти за животната средина и културното наследство и систематски се подобрува амбиентот за привлекување странски инвестиции.Планираните проекти за новата 2019 година се нов предизвик и цврсто сме уверени дека ќе ги реализираме. Во соработка со Агенцијата за државни патишта ќе се реконструира Булеварот „Туристичка“ , ОУ „ Св. Климент Охридски“ ќе биде енергетски ефикасно училиште, а ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе добие нова спортска сала. Градскиот стадион во соработка со ФФМ ќе добие нова трибина, проект вреден над милион евра.Ова се само дел од планираните проекти, за кои се заокружени законски предвидените постапки и тие можат брзо да почнат да се реализираат.Во Новата година посакувам, се што сме планирале да го реализираме, да имаме енергија и истрајност за да ја оправдаме довербата што сте ни ја дале.Почитувани сограѓани,Нека ни е честита и бериќетна Новата 2019 година. Ви посакувам , многу здравје, радост, среќа, љубов и добра мисла.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45483017_1569439086490712_6023250268915761152_n

Бесплатен паркинг за време на празниците во Скопје

„По повод претстојните новогодишни празници на 31.12.2018 година (понеделник) отворените паркиралишта со коистопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16:00 часот.Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 01.01. (вторник) и на 02.01.2019 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М.Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2019 година (четврток) со вообичаено работно време“,  велат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mickovski

Мицкоски: 2018 година е изгубена година за државата и за граѓаните на Македонија

„Годината што изминува на политички и општествен план можам да ја оценам како една изгубена година за државата и за граѓаните на Република Македонија, година на политички потреси, назадување и разочарувања. Ова беше година кога наместо напредок, повторно се продлабочуваа разликите, поделбите и наместо на продуктивни работи - енергијата се трошеше на прогон и притисоци“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и го посочува неговиот избор на негативни настани, пишува Дојчевеле.1. Капитулантскиот Договор и промената на Уставот;Во однос на неуспесите, на прво место би го посочил капитулантскиот договор, промената на уставот со цел промена на името на државата, и целиот спектрум на негативни влијанија кои тој Договор ги носи, почнувајќи од длабокото задирање и промена на идентитетот, па сѐ до толкувањето кое ќе се прави на историјата, културата и археологијата. Практично се донесе мошне неквалитетно решение на штета на граѓаните и државата, целосно погрешен начин на водење преговори кои резултираа со штетен Договор.2. Неуспехот во економијата и продлабочената сиромаштија;Имаме година без инвестиции и со забележан одлив на странски инвестиции, крах на градежништвото, година кога платите и пензиите не растеа, а сиромаштијата процентуално се зголеми. Граѓаните не го добија ветеното од Владата, а изгледите се дека годината што следи - ќе биде полоша. Тука во прв план ги ставам зголемените даноци кои ќе удрат по сите граѓани, а највеќе по средната класа.3. Политичкиот прогон и притисоците насочени кон опозицијата;Механизмите преку кои тоа се прави, подразбира дека граѓаните добија судство кое е целосно зависно, и обвинителство кое работи по препораките на премиерот, кој однапред ги знае одлуките на третата на власт. И во една таква консталација, преку политичките притисоци, и луѓето кои подлегнаа на нив, практично оваа власт се пазареше за нејзино одржување.Во изборот на негативни настани, Мицкоски посочува и други.„На четврто место сосема кусо би го спомнал недобивањето датум за преговори со ЕУ, скандалите и криминалните афери на Владата, меѓу кој црниот Вотергејт на Заев и прислушуваното обвинителство и судство, криминалните иновации, криминалните тендери во здравството, како и слабото 112-то место на индексот за борба против корупцијата, заедно со Танзанија и Етиопија. На планот на успесите, оваа година навистина беше сиромашна“, констатира Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar

Пожар во Сарај - целосно изгорела кровната конструкција и инвентар

На улица ”Пролетерска“ во Скопје синоќа во помошната просторија од куќа сопственост на Г.М.(39) избувнал пожар. Во несреќата целосно изгорела кровната конструкција и инвентар.Во пожарот повредени лица нема.

Скопје | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Почина едно лице од лајшманиоза, болеста се пренесува од кучињата

Пензионерка од Штип на 65-годишна возраст починала, а три лица од овој град се заболени од опасно паразитско заболување чиј извор на зараза се кучињата, независно дали тие се скитници или домашни миленичиња. Во штипскиот Центар за јавно здравје велат дека и само еден заболен од болеста лајшманиоза е трагедија, објави Независен.-Покрај починатата пензионерка, во последните три месеци од оваа година ние се соочивме и со три нови заболувања од кои едно во текот на минатиот, а две во текот на овој месец. Во ноември имавме заболено женско бебе на едногодишна возраст, а овој месец веќе имаме две заболени лица од машки пол, едното на шест, а другото на 69-годишна возраст. Ниту едно од овие лица не поседувало куче како домашен миленик, вели д-р Светлана Живкова од Центарот за јавно здравје.Оваа ситуација во Центарот за јавно здравје се оценува како алармантна. Според д-р Живкова, децата се најзасегнатата категорија од популацијата бидејќи се со послаб имунитет, иако во последно време таа граница е поместена и кон повозрасните генерации. Пренесувач на болеста е таканаречената песочна мушичка, која е со големина од една третина на комарецот и поради тоа тешко се забележува со голо око. Оваа мушичка цица крв од заболено куче, а потоа паразитот го пренесува од кучето на човекот.-Болеста е со долга инкубација, се карактеризира со малаксаност, намален апетит и слабеење на црниот дроб и слезината и пад на сите елементи од крвната слика. Бидејќи ова паразитско заболување е прикриено додека да се открие минува драгоцено време, а ситуацијата станува сè полоша кај заболените, појаснува д-р Живкова.Заболените кучиња можат да се препознаат по тоа што слабеат, ги губат влакната од телото, имаат заматени очи, рани по телото и им растат необично долги нокти. Од Центарот за јавно здравје во Штип предупредуваат дека секој сопственик кој ќе забележи такви симптоми кај своето милениче веднаш треба да го однесе на ветеринар. Најдобрата превентива е кучињата да имаат редовни ветеринарски прегледи зашто само така може да се спречи заболувањето кај нив. Бидејќи досега не е пронајден начин за лекување на ова паразитско забалување, од Центарот за јавно здравје препорачуваат таквите кучиња хумано да се еутанизираат.Песочната мушичка (флеботом) се развива во депонии и на места на кои има распаднати органски материи. Затоа препораката е кучињата скитници да се приберат во стационари, на секое такво куче да му се направи скрининг, а кај кучињата кај кои ќе се констатира вакво заразно заболување да се примени еутаназија. Засека друг начин на справување со кучиња скитници кои имаат лајшманиоза не постои, тврдат од оваа здравствена институција.И Штип е град во кој бездомните кучиња се голем проблем. Со секој нов ден ги има сè повеќе. Можат да се видат како спокојно шетаат по главните улици, се забележуваат во групи на плоштадот, дремат пред секоја самопослуга или месарница. Реакциите на граѓаните се секојдневни и тие бараат кучињата скитници да се тргнат од градот и да се однесат на места на кои треба да се згрижат. Од локалната власт ни рекоа дека стационарот за кучиња е изграден согласно сите стандарди, дека е во тек средување на законските формалности и дека очекуваат најдоцна до крајот на јануари 2019 година да започне нивното хумано отстранување од градот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
orban-gruevski

Груевски преку Путин со Орбан, Македонија со променето име

Бегството на експремиерот Никола Груевски предизвика бројни теории на заговор. Но, интервјуата на високи македонски функционери укажаа на тоа дека Груевски бил во контакт со унгарските власти последните во последните денови пред неговото бегство. Македонските власти се уште не знаат како бегалецот ја напуштил нашата територија, а испитува дали тоа е направено со возило на унгарски дипломатски таблици.Иако Владата на Орбан негираше дека се меша во внатрешните работи на Македонија и дека нема улога во шверцот на Груевски, тоа само покажува дека како политичар се вметнува во кревката политика на Балканот, во време кога Македонија се обидува да влезе во НАТО и Европска Унија, а Русија се обидува да ги блокира процесите. Груевски беше осуден на две години затвор за примање на мито од владините договори. Исто така, Груевски се здружи со рускиот претседател Владимир Путин, со тоа што се спротистави на договорот од Преспа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
k15

Работодавците кои сеуште не исплатиле К15 - денеска е последен ден

Истекува последниот ден, за исплата на К15 во приватниот сектор. За оние работодавци кои нема да исплатат регрес, законот предвидува големи парични казни до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра се за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.Законодавецот предвидел и казна затвор од една година за газдите кои ќе поделат К-15, а потоа ќе бараат од работниците делумно или целосно да им го вратат.За потсетување на секој вработен во приватен сектор кој во фирмата работел најмалку шест месеци непрекинато до 31.12 треба да му се исплатат најмалку 9.610 денари како регрес за годишен одмор. Тоа е 40 проценти од просечната нето-плата по вработен исплатена во последните три месеци.Изминативе години беа регистрирани низа прекршувања на овој закон, поточно, имало работодавци кои сакајќи да го избегнат овој трошок на ставка К15 на вработените им исплаќале минимални суми, а не законскиот минимум, на вработени кои користеле породилно воошто не им бил исплаќан регрес, и покрај тоа што законски мора да се исплати на сите, а имало и такви работодавци кои префрлените пари, барале вработените да ги подигнат и да им ги вратат.За годинава се најавува дека работодавците кои се жлат дека имаат тешкотии во работењето посебно ќе бидат ставени под лупа и ќе се следи овој проблем.Инаку според последните анкети 55 % од граѓаните сметаар дека треба здолжително да се исплаќа регрес и за вработените во јавниот сектор.Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а најголемиот број работодавачи исплатата ја прават во последниот месец од годината.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slika-od-snimanje-1

(ВИДЕО) Ексклузивна снимка од снимањето на спотот за „Небо и земја“

Во очекување на видео спотот за возобновената Божикна песна "Небо и земја", кој што ќе биде промовиран во првите денови од Новата 2019 и ќе претставува најубава Божикна честитка со Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Љубојна, Некст тајм и Златните славејчиња, погледнете ексклузивна снимка од снимањето на спотот и изјави на дел од учесниците.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Маж избоден со нож, приведени 39 лица

Британската полиција уапси 39 лица во Лондон порад сомнение за обид за убиство откако маж беше избоден со нож.Полицијата наведе дека нападнатиот маж, кој има околу 30 години добил повреди опасни по живот.https://twitter.com/voiceoftheesane/status/1079631818461274112?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079631818461274112&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3020110-haos-u-londonu-muskarac-izboden-nozem-uhapseno-39-osoba-fotoНападот се случил еден час по полноќ по локално време во Хамерсмит, во западниот дел на Лондон, пренесува Би-Би-Си.Осомничените се приведени на сослушување.

Свет | пред 7 години

7 год.
FB_IMG_1546209314234

Писмо од Јане Ченто до неговиот син Методиј: Чентовци не клечат на колена и да молат, туку се борат за своите правдини

На Фејсбук страната Слобода за Јане Ченто, неговата сестра го објави писмото кое тој го пишал на својот син. Методиј Ченто.„Мил мој сине Методиј,втора година како ќе ја дочекаш без твојот татко да биде покрај тебе и да се радува на дочек на новата година.Сега си мал и нема да можеш да го сфатиш сето ова што ми се случува мене и на нашата фамилија, но кога ќе пораснеш ќе сфатиш која жртва ја дал твојот татко, а тоa е за да го зачува достоинството и честа на нашата фамилија.Знам дека и ти и јас имаме голема празнина поради тоа што долго време не сме еден покрај друг, и премногу ми недостасуваш, но цената која треба да ја платам за нашето име и презиме е таа што ми се случува овие изминати 13-14 месеци.Ти ќе растеш со високо дигната глава дека твојот татко се борел за Македонија во судбоносни моменти и дека не попуштил пред никого и по цена да бидеме разделени.Кога ќе пораснеш ќе сфатиш што всушност значи оваа цена, на улица твоите другари нема да викаат дека потекнуваш од фамилија на кодоши, туку од фамилија на чесни и достоинствени предци, бидејќи нас во крвта ни тече тоа, да се бориме за правда.Знам дека ти недостасувам многу и ти мене и знам дека никогаш нема да го вратам времето и да гледам како мојот син расте без својот татко, но тука е твојата мајка која ќе те воспита како што треба, да бидеш чесен, достоинствен и праведлив.Не знам уште колку време ќе не држат разделени, но запомни дека татко ти еден ден ќе се врати дома со високо крената глава.Идеалите по кои оделе нашите предци барале жртви.Таа жртва што ја давам денес јас е за твое и твоите врсници подобро утро, борба во која ќе докажам дека вреди да се бориш за вредности и правда, а не да бидеш кукавица и да го избереш полесниот пат и да направиш предавство.Сега тоа го нема, но нека ние бидеме последните жртви кои ќе ја платат цената за оваа држава кој е стекната со многу крв и труд на нашите претци.Ти носиш славно име и презиме, дадено ти е по твојот прапрадедо Методија Андонов Ченто и секогаш ќе бидеш горд што сум те крстил Методиј Ченто во тоа сум уверен.Многу луѓе сакаат да ја запрат директната крвна линија на Ченто, бидејќи сеуште им е страв од македонскиот народ кој го воскресна Ченто и неговата идеологија.Тој беше невино осуден и одлежа долго време во затвор но правдата стигна еден ден и беше рехабилитиран и ослободен од сите обвиненија.После толку време таа среќа или несреќа дојде на мои плеќи, да го понесам товарот на тоа, за мене свето презиме и таа света борба за Македонија.Јас застанав на браникот на татковината кога беше потребно, но исто како и на Ченто ми е конструирано обвинение за тероризам.Еден ден, без разлика како ќе заврши овој судски процес ти ветувам дека ќе се вратам и ќе го надополниме изгубеното време и сета љубов што требаше да ти ја дадам како татко додека беше мал а јас не бев покрај тебе.Едниствено сум среќен во овие тешки моменти што знам дека твојата мајка е херој и ќе те одведе на вистинскиот пат бидејќи знам дека ќе те гледа како зеница во окото и дека ќе те воспита со сите морални вредности.Извини што сега не можам да бидам покрај тебе ни на слава, прослави, нова година, родендени и слично, но…..еден ден сине, еден ден ќе бидам покрај тебе.Ти си мојата секојдневна надеж за подобро утро и ќе издржам јунаку, ќе издржам се и сешто поради тебе најмногу.Среќна нова 2019 година мил мој синко и се надевам дека за брзо ќе бидам покрај тебе и да бидеш јунак голем кога ќе пораснеш, бидејќи ти си Ченто, а Чентовци не клечат на колена и да молат, туку се борат за своите правдини“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Најголемите 10 лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година

За антинародното и антизападно ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, 2018 беше година на лажни вести, немање став, деструкција и блокади на иднината на Македонија, велат од СДСМ.„Редовно се ширеа невистини од луксузниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.Од хиперпродукцијата на лаги и море од невистини пласирани на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година како најголеми се издвојуваат:ВМРО-ДПМНЕ ширеше паника помеѓу граѓаните дека низ цела Македонија ќе се градат бегалски кампови. Денес, на прагот на 2019 година, бегалски кампови нема.ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека ќе се укинуваат евтините летови за граѓаните. Евтините летови постојат и денес, а обезбедени се и нови дополнителни релации од аеродромот во Скопје и Охрид.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се загрози и уништи македонскиот идентитет, јазикот и посебноста. Тоа не само што не се случи, туку македонскиот идентитет, јазик и посебност се дополнително зајакнати.Лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се избрише АСНОМ од преамбулата на Уставот. Со уставните измени кои се во завршна фаза се потврдува дека АСНОМ и одлуките на АСНОМ се зацврстени, обезбеден е историскиот континуитет на државноста.Антинародното ВМРО-ДПМНЕ ширеше паника дека драстично ќе поскапи лебот и ќе се зголеми сиромаштијата. Тоа не се случи. До денес ниту еден голем производител ја нема покачено цената на лебот.Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ ширеа лажна паника меѓу граѓаните дека акцизата за горивата ќе влијае на зголемена инфлација и ќе има ценовни шокови, што се разбира не се случи. Инфалцијата е во нормалните граници а цените се стабилни, односно нема никакви ценовни шокови и поскапувања. Платите растат, се зголемува социјалната помош.Лажеше ВМРО-ДПМНЕ и за наводно поскапување на електричната енергија, што секако не се случи. Останува фактот дека единствено покачување на цената на струјата од 100 проценти се случи за време на ВМРО-ДПМНЕ, а како прв човек на ЕЛЕМ Мицкоски сноси одговорност и за тоа.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски лажеа дека се зголемува јавниот долг. И покрај тоа што се враќа огромниот долг што го остави криминалната ВМРО-ДПМНЕ долгот се намалува, од 48,8 отсто од БДП колку што изнесувал во септември 2016, на 48,2 колку што изнесуваше во септември оваа година.Мицкоски лажеше дека не добивал пари за неговиот ангажман како советник на неговиот ментор Никола Груевски а потоа се увиде дека неговиот ангажман ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари.Неспособниот Мицкоски лажеше и за неговите хидроцентрали и бизнисот што го добил од Груевски. Се покажа дека земјиштето за хидроцентралите го добил токму во време кога бил советник на Груевски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вкупно 21 сообраќајка во Скопје во изминатите денови

Во текот на изминатите денови (28, 29 и 30.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 21 сообраќајна незгода од кои три со тешки телесни повреди, девет со телесни повреди и девет со материјална штета.Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 15 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 53 возачи од кои: 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 29 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и девет возачи затоа што биле возачи - почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 24 возила бидејќи 22 биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 22 поради неносење пропишана зимска опрема, двајца поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 19 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 184 мандатни платни налози и 131 возило се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мигранти се обиделе да се качат на товарен воз и се здобиле со тешки повреди

На 30.12.2018 година во 23,55 часот било пријавено дека на железничка станица Трубарево, додека две лица – мигранти се обидувале да се качат на товарен воз кој сообраќал кон Гевгелија, при тргнување на возот  едно од лицата било повредено, при што му биле нанесени тешки телесни повреди. Од екипа на Итна медицинска помош повреденото лице билo пренесенo во kомплекс клиники “Мајка Тереза“.Другото лице е однесено во ПС Гази Баба за понатамошна постапка. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Возило излета од патот Кадино-Миладиновци, возачот починал на местото на настанот

На 31.12.2018 година во 01,55 часот било пријавено дека на стариот пат Кадино - Миладиновци, кај каналот патничко моторно возило „Пасат“ со бугарски национални ознаки, управувано од Т.З.(50) од Неготино, излетало од патот пред мостот во село Кадино.Возачот починал на местото на настанот, а сопатничката Ј.З.(43) се здобила со тешеки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен е увид на местото на настанот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
nema-voda

Без вода дел од Бутел 2

Денес поради уличен дефект ф80мм на ул.Алпи 43 (Бутел 2), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ул.Алпи и дел од ул.Иван Манолев до завршување, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2-13

Новогодишен концерт во Ресен

Со новогодишниот класичен концерт во Ресен, завршија бројните културни настани кои се одржаа деновиве во рамките на предновогодишната програма, организирана од Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен.Учениците од школата за пијано, која работи под водство на Гоце Милошевски, одржаа концерт во кино салата во Ресен, пред бројната ресенска публика.„Учениците во оваа школа во текот на целата година макотрпнo работат, вежбаат, настапуваат и го претставуваат Ресен во државата и надвор од неа. Токму затоа, овој концерт за нас значи многу и ни претставува особено задоволство што пред нивните родители и останатите наши сограѓани, тие имаат можност да го прикажат својот талент“, рече наставникот Гоце Милошевски.Како специјални гости на овој концерт настапија и професорите Љупчо Милевски на виолончело и Игор Милевски на виолина.Домот на културата „Драги Тозија“, како носител на културните  настани во Ресен и годинава понуди квалитетни содржини за сечиј вкус во текот на месец декември.

Магазин | пред 7 години

7 год.
cnjreagerhgetehg-197258

ДОМ: Нека Новата 2019, биде година на успех во евроатлантската интеграција

ДОМ им ја честита Новата 2019 година и на сите граѓани им посакува здравје, среќа и благосостојба.Нека Новата 2019, биде година на успех во евроатлантската интеграција и обезбедување мир, стабилност и просперитет. Сите заедно да градиме прогресивно демократско општество и иднина за сегашните и следните генерации.Да овозможиме спокоен и квалитетен живот, во чиста и здрава животна средина, за сите„

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Во изминатава година власта ги погази Уставот, законите како и волјата и достоинството на граѓаните

Република Македонија  со СДСМ на власт ја завршува најцрната година во својата историја. Криминалната власт на аболицираниот Зоран Заев и СДСМ во изминатава година донесе само црнила и уназадување за македонските граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Власта ги погази Уставот, законите како и волјата и достоинството на граѓаните. СДСМ насилнички и со уцени посегна кон менување на името на државата, националниот идентитет, јазикот, културата и историјата на Република Македонија.Впрочем тоа беше и единствената работа на која беа фокусирани. Додека не бираа средства за менување на името, дозволија криминалот и насилството да владеат со улиците, а граѓаните да живеат во страв беда и сиромаштија.Граѓаните повеќе не се безбедни ниту во своите домови, ниту на своите работни места. Откако СДСМ е на власт, секојдневно сме сведоци на убиства, улични престрелки и грабежи. Власта се стави во заштита на криминалот,  а за дополнително да ја загрози безбедноста на граѓаните на слобода пушти стотици криминалци кои  сега слободно дивеат по улиците низ Македонија.Алчноста и корумпираноста на власта нема граници. Додека власта сама себе си делеше тендери и грантови на владини функционери,  граѓаните  се повеќе осиромашуваа и следната година ќе ја дочекаат во неизвесност како ќе ја преживеат.  Ги покачија даноците, а трошоците за живот секојдневно се повеќе растат. СДСМ ја отвори спиралата на поскапување, ја покачија акцизата на дизелот и тоа резултира со поскапување на сите производи за живот па дури и на лебот“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека неспособниот СДСМ успеа да ја забетонира македонската економија на дното во Европа. Не беа способни да реализираат ни 50% од капиталните инвестиции кои самите ги проектираа.„И наместо да носат инвеститори тие почнаа да ги бркаат како постојните така и потенцијалните. Доказ за тоа е падот на 68-мо место на листата за водење на бизнис на реномираниот „Форбс“.Нема нови работни места, нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема повисоки пензии, а нема ниту нови патишта, болници, детски градинки, студентски домови и факултети. Но затоа има вработување за членовите од семејствата на функционерите од власта и зголемување на семејните бизниси на аболицираниот Зоран Заев.Ветуваа итни мерки за почист воздух, а речиси две години не спроведоа ниту една мерка. СДСМ ја смести Македонија на првото место како најзагадена земја во Европа, а Скопје во 10 најзагадени градови во Светот. Илјадници граѓани ги губат своите животи како последица на загадениот воздух, додека власта си игра игрички или си дреме на собраниска седница.Годината ќе се памети како најлоша година за земјоделците, хаос во здравството, образование и економија на дното, но и како година во која имаше драстичен раст на криминалот и корупцијата.Граѓаните на Република Македонија не ги заслужуваат овие црнила кои СДСМ ги нанесува. Ова зло кое СДСМ секојдневно го нанесува на граѓаните и државата мора веднаш да запре и затоа СДСМ мора да си замине. Само така земјава ќе почне да напредува. Затоа граѓаните многу скоро ќе го казнат СДСМ за сите злодела и ќе ја донесат зората во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-koli-3

Итно да се реши проблемот со кучиња скитници на автопатот кај Тетово, за среќа избегната голема трагедија

На ѕидот на сообраќајниот срам на социјалната мрежа фејсбук, возач пишува дека за среќа избегал огромна трагедија, поради кучиња скитници.Во постот М.К објаснува:„Кои се надлежни за автопат е65 у близина на наплатна после Тетово према боговиње има 120 кучиња скитници и за среќа моја, а несреќа на дечкото што возеше паралелно до мене удри у огромно куче и ја распарчи цела предница а животното остана на лице место безживотно да лежи со испокршени коски парчиња од колата влетаа во моето возило за среќа без штета и што е најважно без повредени со избегната поголема хаварија што можеше да се случи од возилата што возеа позади нас јас ќе кажам дека животното не е криво но си го плати делот со живот а дечкото со прилично нов мерцедес сигурно има штета 1000 2000 евра на само 100 метра понатаму огромно прегазено куче на сред автопат на 2 3 километра понатака теле од куче претрча преку автопат а уште едно се моташе на крајна десна лента тоест на сантиметри од коловозна лента АПЕЛ ХИТНО да се преземат мерки и тие кучиња скитници да се тргнат од таму со време не чекајте да загинат луѓе не е ова кармагедон видео игра па намерно да бркаме кучиња по автопат за да ги убиеме!Потхитно да се реши проблемот ова не е играчка флека до флека е во близина на Тетово од прегазени животни одговорните да си преземат мерки или ограда или тунели да си поминуваат животните под коловоз ко у нормални држави, знам дека е џабе што пишувам уопште но сметав дека треба да се знае за проблемов ако не барем нека стои како предупредување, пак ќе гинат животни пак ќе има штети не дај боже жртви или повредени беда од патишта имаме! ....После наплатна скопска пред да се вклучиш на обиколка на кривината огромни кратери стојат со години во средна лента кога ќе ги средите?

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-18

Новогодишен хепенинг и концерт на Влатко Лозаноски во Крива Паланка

Во деновите од викендот најмладите жители на Крива Паланка, но и сите кривопаланчани  уживаа во музички хепенинг, кој се одржа на централниот градски плоштад, а го приредија дечињата од основните и средното општинско училиште од градот.Кореографии на популарни детски рефрени, изведба на новогодишни композиции, музицирање и вокално-инструментслни перформанси, беа дел од богатата и весела програма која го привлече вниманието на публиката, но и на бројните посетители од соседните општини кои ја одбраа Крива Паланка за своја новогодишна дестинација.Настанот го разубави и посетата на Дедо мраз кој пристигна на пладне и ги израдува дечињата, а вниманието на публиката го привлече главниот гостин на програмата, популарниот пејач Влатко Лозаноски.Овој празничен настан претставува заокружување на новогодишната културна програма во организација на локалната самоуправа и  институциите од областа на културата, која започна во четврток, 27 декември, кога премиерно беше изведен фестивалот на детска песна "Распеано симитче" 2018 во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од градот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
pistol-vperen

Две лица со закана со оружје огрбиле спортска обложувалница во Скопје

На 29.12.2018 во 20,55 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во населбата Илинден-Скопје, во спортска обложувалница две лица со закана со оружје од вработената одзеле околу 16.000 денари.МВР работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
hapodpd-620x350

(ВИДЕО) Се сруши зграда во Русија поради експлозија на гас, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, 79 се водат за исчезнати кога експлодирал гас во стамбена зграда во Магнитогорск во Челјабинската Област.https://twitter.com/rns_online/status/1079632400294895618?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079632400294895618&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3020100-eksplozija-gasa-u-rusiji-troje-ljudi-poginulo-ispod-rusevina-odzvanja-plac-zarobljenih-ljudiЗа сега евакуирани се 16 лица. Во зградата живееле 110 лица во 48 станови.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ова се настаните кои ја одбележаа 2018 година: Од историското ракување до мистериозното убиство во амбасадата

Оваа година на некој начин беше година на американскиот претседател Доналд Трамп кој во своето обраќање во Обединетите нации во септември изјави дека времето на глобализацијата и е зад нас и дека доаѓа време на патриотизмот.Во изминатата година Трамп ги подобри односите со Северна Кореа, исто така имаше разговор со рускиот претседател Владимир Путин, со Кина водеше трговска војна, стоеше на страната на Саудијците и против Иран.Во април се одржа самитот каде учествуваа Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, а во јуни се одржа првиот состанок помеѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер во Сингапур.„Спремни сме да напишеме ново поглавје помеѓу нашите нации“, изјави Трамп.Во јули претседателот Трамп се сретна со Владимир Путин во Хелсинки, а неговиот одговор во врска со руското мешање во американските избори предизвика лавина реакции.„Ми рече дека тоа не е Русија, а јас би рекол дека нема причина зошто би била“, изјави Трамп. Следниот ден тој изјави дека лошо се изразил.Стравот од глобалната трговска војна го поттикна Трамп да воведе царини на кинескиот челик и алуминиум, но тоа допринесе и до воведување на царини во Канада, Мексико и Европската унија.Трамп исто така се повлече од Нуклеарниот договор со Иран.Светските лидери се собраа во Париз во ноември да ја обележат годишнината од крајот на Првата светска војна.Во Европа, Ангела Меркел ја прогласи својата наследничка, а четвртиот мандат ќе биде нејзин последен како Германска канцеларка.Британската премиерка Тереза Меј во меѓувреме продолжи да плови низ предизвиците кои ги носи Брегзитот.„Нема подобар договор од овој. Се планира излегување од Европаската унија на 29 март 2019“, изјави Меј.Светот во јуни и јули го следеше Светското првентво во фудбал. Победи тимот на Франција.Младите фудбалери од Тајланд беа ударна вест. После две недели 12 момчиња и тренерот беа спасени од потопената пештера.Најголемата трагедија во 2018 година ја донесе земјотресот и цунамито кои ја погодија Индонезија и однесоа повеќе од 2.100 животи.Војната во Сирија продолжи, но поголемиот дел од земјата беше ослободен. Трамп нареди повлекување на војската од Сирија.Во Јемен, повеќе од 20 милиони луѓе немаа храна, вода и лекови. Обединетите нации ова го прогласија за најголема хуманитарна криза во светот.Мистериозното убиство на саудискиот новинар , Џемал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври предизвика глобални проблеми.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Украинска амбасада во Македонија: Русија се подготвува да примени хемиско оружје на окупираната територија на Донбас

Руските тајни служби целат на значителен број на жртви меѓу цивилното население. За тоа на брифинг изјави претставникот на Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина, вели украинската амбасада во Македонија.„Според зборовите на Вадим Скибицки, военото разузнавање на Украина забележува низа знаци кои јасно укажуваат на подготовката од страна на Русија на диверзантско-терористички акт со примена на хемиски опасни отровни материи кој понатаму ќе биде претставен од руските пропагандисти како употреба на “хемиско оружје” од страна на украинските војници против жителите на окупираниот Донбас.Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина утврди дека на окупираните територии на Донбас во средината на декември пристигна група на руските специалисти по хемиски борбени и отровни материи.На привремено окупираните територии противникот ја зголеми подготвеноста на руската окупаторска војска за дејства под услови на хемиското загадување. Од територијата на Русија донесени се најновите средства за лична заштита за личниот состав на групите 1 и 2АК на руската окупаторска војска кои се планираат да се искористат во борбени услови.Со цел на создавање на јавното мислење поволно за неа, Москва повеќе од месец дена спроведува масовна информативна кампања за да ја обвини Украина за тајната подготовка на таквите дејства. Главната управа на разузнавачката служба констатира дека на сличен начин Русија одржа информативна операција пред имитацијата на хемискиот напад во Сирија на 24 ноември оваа година во регионот на Алепо, за да ги оправда понатамошните воздушни напади против сириските опозициски сили“, се вели во соопштението.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања