Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
deca-autizam-zagaden-vozduh

ВМРО-ДПМНЕ: Битолчани, Скопјани, Струмичани и Кумановчани се гушеа во канцероген воздух, дојде црн живот во Република Македонија

Битолчани, Скопјани, Струмичани и Кумановчани синоќа се гушеа во канцероген воздух. Загаденоста во градовите достигна и до 328 микрограми на метар кубен, а Заев, Шилегов, Максим, Наташа и Коста не преземаат буквално ништо. Црн воздух, црн живот во Република Македонија. Секојдневно болниците ширум  државата се полнат со десетици граѓани со срцеви и  белодробни проблеми настанати како последица на аерозагадувањето, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата велат дека Зоран Заев пред повеќе од две години ветуваше чист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, сега две години подоцна, воздухот не е почист, напротив загадувањето се повеќе е проблем за граѓаните.-Власта не презема суштински чекори во насока на решавање на загадувањето, од 7 милијарди евра колку што потрошија изминативе две години, ниту еден денар не одвоија за проекти и мерки кои ќе го намалат  загадувањето, но затоа одвојуваат 1.6 милиони евра за лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра за морски плодови и се делат милиони во четири очи. Наместо решенија за овој горлив проблем заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули шета низ Европа на чист воздух, а кога е во државата спие во собрание, се потенцира во соопштението на партијата од каде додаваат:„Црната власт не презема ништо за подобрување на квалитетот на воздухот. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора веднаш да си замине. Токму затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протесните маршови низ Република Македонија.“

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Полицијата од Стразбур во престрелка го уби атентаторот

Два дена по нападот врз божиќниот панаѓур во Стразбур, осомничениот атентатор Шериф Шекат е убиен од страна на полицијата во престрелка во стразбуршкиот кварт Нојдорф.Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер соопшти дека 29-годишниот осомничен атентатор е убиен за време на рација во стразбуршкиот кварт Нојдорф. Шекат отворил оган врз полицајците, по што бил убиен.Шекат во вторникот таму избегал со такси. Оттогаш му немаше трага. При нападот врз божиќниот панаѓур беа убиени три лица. На четвртата жртва ѝ откажа мозокот.Непосредно по убиството на антентаторот, терористичката милиција Исламска држава презеде одговорност за нападот врз божиќниот панаѓур. Таа тврди дека напаѓачот бил нејзин војник. Безбедносните сили ја проверуваат автентичноста на оваа информација. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Внимателно - сообраќајот низ земјава се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.Од 15. ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15. март 2019 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pruga

Потпишување договор за грант за втората фаза од пругата кон Бугарија

Во Министерството за финансии денеска ќе биде потпишан договор за користење 70 милиони евра грант од инструментот на Европската унија – Инвестициска рамка за Западен Балкан – ВБИФ (Western Balkans Investment Framework – WBIF)  кој ќе се користи за изградба  и реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце од пругата кон Бугарија.На потпишувањето на договорoт помеѓу Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анка Јоана Јонеску.За втората фаза од пругата кон Бугарија на источниот дел од Коридорот 8, се обезбедени 145 милиони евра, од кои  70 милиони евра грант од ЕБОР, а останатите се заем.За третата делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир  се преговара за средства со меѓународни финансиски институции. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
mile-janakieski

Нови рочишта во кривичен суд за предметите „Топлик“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Топлик“ и „Титаник 3“.Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградбата на  „Сончев град“ . Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.Покрај за „Топик“ судење денеска треба да се одржи и за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал. 

пред 7 години

7 год.
vreme

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи претежно од снег

Денеска времето во целата земја ќе биде претежно облачно, претпладне со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Поргнозата и за утре е облачно време со магла по котлините и со слаб локален дожд. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови.Дневните температури ќе бидат во Скопје 4 Целзиусови степени, Маврово 0, Охрод 5, Прилеп 4, Кавадарци 5, Крива Паланка 4, Берово 2, Дојран 7...

Македонија | пред 7 години

7 год.
ungarija-protesti-1

(ВИДЕО) Што ќе се случи со Груевски, ако падне Орбан – протести во Будимпешта

Протести во Будимпешта. Демонстрантите предводени од опозицијата пред зградата на парламентот  протестираа против новиот закон кој тие го нарекуваат „робовски“. Транспаренти со натписи  „Орбан, оди по ѓаволите“, и извикувања  „предавници, предавници“.Закон  наречен „робовски“им дозволува на работодавачите да бараат од своите вработени да работат и до 400 часа прекувремена работа годишно, наспроти досегагашниот закон дозволуваше 250 часа прекувремена работа, а со овој закон работиници можат работат и дополнителни осум часа неделно.Полицијата употреби солзавец на синоќешните протести.Инаку унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе е на немилост од опозицијата поради поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој избега од законот и од Македонија и доби азил во Унгарија.https://www.facebook.com/Indexhu/videos/1579286585549823/ 

Свет | пред 7 години

7 год.
Devojkite-od-Skopje-izlozba

Во недела изложба на фотографии „Девојките од Скопје“ на Лепа Георгиевска

Во недела со почеток од 20:00 часот во Кафе и филм Котур ќе се одржи изложба на фотографии „Девојките од Скопје“ на фотографката Лепа Георгиевска.  Лепа Георгиевска е портретна и модна фотографка, фасцинирана од брилијантноста на човековата индивидуалност и уметноста на изведувањето. Во последните години Лепа има живеено и работено во Милано, Лондон и Сингапур.„Девојките од Скопје“ е нејзин втор уметнички проект кој вклучува портрети од транс жени, по „Убавиците на Банкок“ со кој се има претставено во Банкок и Милано.   За изложбата Калиа Димитрова напиша: „Не е доволно да бидам прифатена, сакам да бидам сакана. Но, ако светот тоа не знае да ми го даде, ќе си го дадам јас на самата себе.“„Девојките од Скопје“ е серија портрети во форма на блиска и пријателска средба со 6 транс жени од нашето локално опкружување, со кои можеби за прв пат ќе се погледнете директно во очи. А тие, без да го тргнат погледот, мудро и гордо ќе ви се насмевнат, како да се познавате отсекогаш. Фотографиите лебдат некаде помеѓу реалноста и фантазијата, нивна и наша, каде една девојка може да биде задоволна, самодоволна и речиси среќна.“ Настанот дополнително ќе го обогати и Ивана Драгшиќ со ДиЏеј сет. Изложбата е дел од деновите за борба против насилството врз сексуалните работници што Коалицијата ги организира во партнерство со STAR - The first Sex Workers collective in the Balkans, и е финансиски е поддржана од Фондација Отворено општество - Македонија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Убиен напаѓачот од Стразбур

Напаѓачот Шериф Шекат од Стразбур, е убиен вечерва од страна на француските специјални сили.Шериф Шекат уби три лица, а 13 беа повредени, никогаш не го напуштил градот во кој го изврши крвавиот напад.Повеќе од 720 полицајци беа мобилизирани во потрагата по убиецот кој вторникот вечер го тероризираше Стразбур.  

Свет | пред 7 години

7 год.
smilevski

Kампања за заштита од поплави во Бутел

Во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, одржаа прес-конференција по повод кампањата за намалување на заканата и заштитата од поплави, под мотото: ,,Иднината им припаѓа на оние што се подготвени”.Директорот Џаферовски изјави дека дирекцијата изготвила флаери и два документарни филма за превенција од поплави кои од утре ќе бидат прикажувани во сите основни училишта на територија на општина Бутел.Градоначалникот Смилевски посочи дека едукацијата на младите е од исклучителна важност и затоа се предвидени предавања за сите ученици од основните училишта во општината. Сепак, додаде градоначалникот, ние, возрасните и институциите, треба да направиме сè што можеме  да не дојде до поплава. Денеска на пазарот и трговскиот центар во Бутел 1 се делеа флаери на граѓаните од општина Бутел.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Експлозија на огномет во Мексико, загинаа 5 лица

Во експлозија за време на огномет која се случила во Мексико животот го загубија најмалку 5 лица, од кои две деца, а 55 се повредени.Жителите на Фуентесуелас се собрале пред градската црква за прослава, при што дошло до експлозија на 11 килограми огномет. Жителите во паника бегале со цел да се спасат од експлозијата, но многумина не успеале да избегаат и се здобиле со изгореници.Општинските власти во септември спровеле операции со цел да ја спречат нелегалната продажба на пиротехнички средства.По експлозијата запленети се повеќе од 4 600 ракети во Фуентесуелас.

Свет | пред 7 години

7 год.
francija-protesti-768x432

Починал шестиот припадник на „жолтите елеци“, го удрил камион за време на блокада

Починал уште еден припадник на движењето на „Жолтите елеци“ во Франција откако го удрил камион за време на патни блокади во близина на градот Авињон.Локалните власти соопштија дека возачот на камионот е уапсен и притворен откако се обидел да избега од местото на инцидентот. Во соопштението се наведува дека повредениот демонстрант со екипа на  Брза помош веднаш бил пренесен во болница, но во текот на ноќта им  подлегнал на повредите.Уште пет демонстранти досега загинаа во сообраќајни несреќи, а повеќе од 1.400 припадници на „жолтите елеци“ се повредени во протестите против зголемувањето на цените на горивата откако почнаа демонстрациите минатиот месец. Демонстрантите блокираа важни сообраќајници  низ цела Франција, а во Париз протестите прераснаа во немири. Учесниците во актуелните протести во Франција се нарекуваат „жолти елеци“ поради флуоресцентните безбедносни елеци што ги носат. 

Свет | пред 7 години

7 год.
218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа следната година

Откако од година во година најавуваа и претчувствуваа бројни проблеми кои ќе го зафатат целиот свет, астролозите, на изненадување на сите, оваа година се согласиле дека 2019-та година ќе биде година на пораст, среќа и напредок.Тоа особено важи за овие хороскопски знаци, а дали и вие сте еден од нив, дознајте во продолжение.ОвенПрипадниците на овој знак, природно се работници, а нивната желба за работа и постигнување успех во бизнисот, конечно ќе дојде на вистинското место.Во 2019-та година, освен што ќе ги следи среќа, тие ќе бидат и прилично оптимисти, па нема да им недостасува инспирација за реализација на започнатата работа.Освен тоа, нема да може да се покажалат и на здравјето.БикЕдноставно кажано, тврдоглавите Бикови ќе имаат среќа во сè што ќе прават. Освен што ќе ги служи здравјето, ќе бидат поупорни од било кога. Иако среќата ќе ги следи преку целата година, кога е во прашање љубовта, најдобрите месеци ќе им бидат јануари, февруари и март, додека крајот на годината е резервиран за работни успеси.ДевицаНа припадниците на овој знак, 2019-та година ќе им биде една од најстабилните години во последно време. Ги очекуваат одлични резултати на професионално поле, добро здравје, но и стабилна финансиска состојба.ВагаВагите, претстојната година ќе ја искористат за максимално уживање и исто така нема да пропуштат ниедна прилика која ќе им излезе на патот. Позитивната енергија со која ќе зрачат, ќе биде многу „заразна“, па ќе им помогне и во деловниот, но и приватниот живот. Едноставно ќе им бидат неодоливи на луѓето околу себе. Исто така, можат да очекуваат и поголеми финансиски добивки, чести патувања и авантури.СтрелецПосле долги 12 години, Јупитер е повторно во нивниот знак, па сега конечно ги очекува среќа на професионално поле, бројни патувања, нови прилики и предизвици, на кои со задоволство ќе им се препуштат. Средината од годината е резервирана за нова љубов.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Panos-Kamenos-620x350

Каменос: Постојат црвени линии преку кои не можам да минам, а една од нив е предавање на терминот "Македонија"

Коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос, најавил дека ќе поднесе оставка откако во македонското Собрание ќе завршат процедурите за ратификација на Преспанскиот договор, пренесува "MIA"."Ако се изгласа Договорот од Преспа во Поранешната Југословенска Република Македонија, ќе поднесам оставка на местото министер за национална одбрана, преземајќи ја целата тежина на одговорноста за тоа", рекол Каменос.https://twitter.com/Sullkowski/status/1073222860343336962?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073222860343336962&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F291425%2Fgrckiot-minister-za-odbrana-postojat-crveni-linii-preku-koi-ne-mozam-da-minam-a-edna-od-niv-e-predavanje-na-terminot-makedonijaТој јавно навел дека нема да чека Договорот од Преспа да дојде до грчкиот парламент."Континуираните иредентистички и провокативни изјави кај нашиот северен сосед го потврдуваат тоа што го зборувавме дека тоа не може да се покрие со наметката на еден договор", рекол Каменос и ја повторил својата полиција дека нема да прифати договор кој го содржи терминот Македонија.Тој додал дека постојат црвени линии кои не може да ги мине и дека не смее на себе да си дозволи да остане министер за национална одбрана, прифаќајќи го предавањето на терминот "Македонија"."Ние не сакаме војна, но сакаме да разберат дека со една пропаганда која е започната во времето на Мусолини и Тито, не можат да ја оспорат историјата на грчка Македонија", заклучил Каменос.

Македонија | пред 7 години

7 год.
122233-620x350

Татко си ги закла трите деца па се самоуби, најмалото има 2 години

Морбидно убиство се случи денеска во Босна каде татко си ги уби трите деца откако сопругата го оставила.Аваз пренесува дека татко ги заклал трите деца, па се самоубил. Сопругата го оставила пред 20 дена.Според информациите најмалото дете имало две години, второто 5, а најголемото било трето одделение.Полицијата е на местото на настанот.

Свет | пред 7 години

7 год.
Capture-6

(ВИДЕО) Арсовски: Господине Заев излези и прифати ТВ Дуел со Мицкоски

Господине Зоран Заев, ајде, ајде, излези и прифати ТВ ДУЕЛ со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски!    Ајде осмели се, прифати и излези каде сакаш, кога сакаш, на кој медиум сакаш, со кој новинар сакаш на ТВ ДУЕЛ со Претседателот Мицкоски“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Не биди кукавица, не биди плашлив, ветуваше дебата за се во општеството, ветуваше дебата дека ќе има небаре секој ден. Епа еве Зоране Заев, прифати ја понудата за ТВ ДУЕЛ уште веднаш. Немој да се криеш позади паушални изјави, повели уште веднаш прифати, кажи каде ќе се одржи ТВ ДУЕЛОТ и кога.Граѓаните заслужуваат да го видат твоето лицемерие кон нив.Република Македонија за жал е клекната на коленици. Зоран Заев и СДСМ ја клекнаа и ја зацрнија Република Македонија. Граѓаните немаат доверба повеќе ниту во институциите, ниту пак им веруваат на СДСМ и Зоран Заев.Откако е СДСМ на власт, мафијата си доби држава, а државата и граѓаните секојдневно страдаат. Криминалот по улиците царува, корупцијата е навлезена во сите пори на општеството, судството е заробено од страна на Зоран Заев и СДСМ.Оливер Спасовски и искомплексираниот Димитров најитно треба да си поднесат оставки. Ниту Оливер заслужува да биде министер на честитиот македонски народ, ниту пак Димитров заслужува кој ги омаловажува и навредува граѓаните на Република Македонија. Жалосно“, вели Арсовски.Според него граѓаните тонат во сиромаштија, компаниите се пред банкрот, економијата ни е крахирана. Згора на се, Заев и Тевдовски воведуваат даноци кои дополнително ќе ги осиромашат граѓаните и наместо 500.000 сиромашни ќе станат 1 милион. Бареме под итно повлекување на законот за зголемување на даноците.„Неопходно е формирање на комисија што ќе ги анализира, систематизира и преслуша разговорите од прислушувањето на јавните обвинители, судиите и нивните соработници. За ова, за овој најголем скандал треба да се сноси одговорност и некој треба да одговара.Почитувани господа од СДСМ, ветувавте чист воздух и живот, а вие наместо тоа спиете, си играте игрици и ги исклучивте мерните станици за да не гледаат граѓаните дека во моментот е позагадено од било кога. Вратете ја назад гасификацијата и прекинете со оние мерки да го лажете народот, како што е бележењето на возилата и слично.Бараме да ја почитувате волјата на граѓаните која ја изразија на 30-ти септември на референдумот. Целиот народ е свртен против вас, не одете против народот.Година ипол не направивте ништо корисно и добро за граѓаните. Почитувани, еве Ви шанса да ја направите првата корисна работа за државата и граѓаните, а тоа е да ги прифатите нашите барања.Уште еднаш до Зоран Заев. Прифати го дуелот и не се криј, каде сакаш и кога сакаш, за граѓаните и јавноста конечно да можат да пресудат кој е во право, а кој греши. А, граѓаните веќе знаат дека Зоран Заев не е во право. И Зоран Заев греши“, изјави Арсовски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
obvinitelstvo1

Поднесено обвинение против пет лица кај кои била пронајдена дрога и оружје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поднесе Обвинителен акт против четири македонски државјани и едно лице со македонско и албанско државјанство. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 3 во врска со став 1, а едно од лицата е обвинето и за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.По спроведување на опсежна истражна постапка и прибирање на обемен доказен материјал, обвинителството утврди дека од крајот на месец септември и почетокот на октомври оваа година, обвинетите со намера неовластено да вршат продажба на наркотична дрога – марихуана и кокаин превземале дејствија на неовластено купување, држење заради продажба, пренесување и организирање на продажба на наркотичната дрога. Наркотичната дрога марихуана во количина од 20.882,8 грама била набавена од НН лица од Република Албанија за 3.500 евра. НН лицата согласно договорот, ја пренеле дрогата спакувана во две вреќи на територијата на Република Македонија во околината на Струга од каде требало да се превезе до Скопје. Кај планинскиот превој „Стража“ на бензинската пумпа „Лукоил“, при претрес на возилото во кое се пренесувала, дрогата била пронајдена од страна на полициските службеници, а при личен претрес на еден од осомничените се пронајдени и 0,43 грама кокаин. Воедно, при претрес на дом на осомничен, биле пронајдени предмети со остатоци и траги од наркотична дрога кокаин, како и 22,27 грама кокаин, кеси со марихуана, 49,79 грама психотропна супстанца амфетамин, 10 таблети со лого „S“ кои претставуваат 3,4 наркотична дрога психотропна супстанција метилен диоксиметамфетин, 24,66 грама наркотична дрога психотропна супстанција фенитилин и 45 куршуми кои според карактеристиките се муниција со калибар 22LR од производителот SWARTKLIP од Јужноафриканската Република, изработени од оловен материјал и наменети за испалување на огнено оружје.Во текот на истражната постапка одбраната на осомничените понуди предлог за спогодување со обвинителството. Надлежниот обвинител кој постапува во предметот имајќи го предвид кривичното дело што им се става на товар на обвинетите, како и фактот дека тројца од нив се веќе осудувани за истото дело, а првообвинетиот е на издржување на казна затвор во траење од 11 години за истото кривично дело, го одби предлогот на одбраната.Со обвинителниот акт доставен е и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за останатите четири лица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ambasadorot-na-SR-Germanija

МФ: Oбезбедени се средства за заокружување на „Ветерен парк Богданци“

Потпишани се спогодба и договор за обезбедување средства за изградба на втората фаза од проектот „Парк на електрични ветерници - Богданци“. Според МФ Тевдовски, Проектот има за цел да придонесе за заштитата на климата и животната средина, преку обезбедување обновливи енергии и економски раст. Средствата пак, се обезбедени по поволни услови.На јавното потпишување, потпишана е спогодбата за финансиска соработка помеѓу Владите на Р. Македонија и СР Германија, чии потписници се германскиот амбасадор Томас Герберих и министерот за финансии Драган Тевдовски. Потоа потпишана е гаранцијата со КфВ Банката, како и кредитот кој го зема ЕЛЕМ, чиј потписник е директорот Драган Миновски. Потписник од КфВ банка е директорот за Југоисточна Европа и Турција, Кристоф Тикскенс.Македонската Влада треба да се концентрира целосно на реформските процеси кои мора да доведат до создавање ново македонско општество, во кое сите луѓе ќе можат да ги остваруваат основните човекови права и кое дава можност за подобри услови за живот, изјави германскиот амбасадор Герберих на денешното потпишување.На потпишувањето на договорот се обрати и директорот на КфВ банка за Југоисточна Европа, Кристоф Тикскенс. Според него финансирањето и спроведувањето на овој Проект се важни за банката, но уште повеќе за граѓаните на Македонија, бидејќи тој претставува чекор напред кон зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.Според директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, има неколку клучни продобивки од финализацијата на овој проект и тоа: Се зголемува инсталираната моќност на АД ЕЛЕМ за 13,8 MW и годишно производство од дополнителни 37 GWh, доволни за снабдување со електрична енергија на околу 6000 домаќинства.Се заокружува проектот Парк на ветрени електрични централи Богданци на проектираната инсталирана моќност од 50 MW и вкупно годишно производство од околу 137 GWh.Со изградбата ќе се зголеми уделот на обновливите извори во производството на електрична енергија од АД ЕЛЕМ од околу 3%. Република Македонија има обврски кон Европска Унија за исполнување на целите за 20% производство од обновливи извори во енергетскиот биланс, цел која е поставена и поддржана од сите релевантни институции во Република Македонија. Предвидени се заштеди на емисијата на CO2 од околу 35.000 t/годишно.Во рамки на втората фаза од овој проект предвидено е поставување на 6 турбини во ветерниот парк Богданци со инсталирана моќност од 13,8 MW. На овој начин ќе се искористи ветрот како обновлив извор на енергија преку изградба на ветерни електрани, со цел постигнување на дополнително годишно производство од 37 GWh природно одржлива енергија.За реализација на втората фаза од проектот обезбеден е поволен заем во износ од 18 милиони евра во рамки на билатералната развојна соработка со СР Германија, преку КфВ банка, додека А.Д. ЕЛЕМ ќе обезбеди 3 милиони евра од сопствени средства. За средствата во износ од 18 милиони евра заемопримач ќе биде А.Д. ЕЛЕМ, додека Република Македонија ќе издаде државна гаранција.Министерот за финансии ги соопшти и условите според кои се обезбедува заемот на А.Д. ЕЛЕМ:Рокот за отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс период од 3 години; Каматната стапка е фиксна каматна стапка и истата дополнително ќе биде утврдена на денот на потпишување на договорите (индикативната каматна стапка добиена од КфВ на 23.11.2018 година изнесува 1,15% и истата важи до 14.12.2018 година);Сервисирањето на заемот ќе го врши А.Д. ЕЛЕМ од приходите кои ги остварува, a го гарантира државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Работна средба на министерот за култура Адеми со амбасадорката на Австрија во Македонија, Коблер

Министерот за култура Асаф Адеми денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорката на Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер.На средбата стана збор за досегашната соработка во областа на културата, како и за идните активности преку кои ќе се унапредува културната размена на проекти и уметници меѓу двете земји.Двајцата соговорници се согласија дека соработка постои во сите дејности од културата. Австриски уметници редовно се покануваат на меѓународните културни манифестации кои се одржуваат во Република Македонија, како Струшките вечери на поезијата, Охридско лето, Мајски оперски вечери и др, а постои и континуитет во претставувањето на македонските уметници во Австрија.На средбата, стана збор и за реализацијата на традиционалниот Виенски бал во Скопје, кој ќе се одржи по 19-пат. На средбата, на која присуствуваше и Оливер Арсовски од организацијата на оваа манифестација, беше оценето дека Виенскиот бал во Скопје е манифестација што ја потврдува македонско-австриската соработка на полето на културата и уметноста. Врвни уметнички имиња од земјава и музиката на легендарната династија Штраус, речиси две децении години прават оригинален спој на културите на двете држави.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48408169_594350184356630_9086323706363379712_n

Се запали такси во Охрид

Такси возило изгоре предмалку во центарот на Охрид во близина на кружниот тек кај „Охридска Банка“. Возилото се запалило во движење и нема настрадани и повредени.Интервенира и противпожарната служба која го изгаси огнот.фото Охридпресс

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на повеќе места провејува снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.„Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува во Битола,Ресен,Кичево,М.Брод,П.Шапка,Маврово и на планинските превои Стража,Буково,Ѓавато и Пресека.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.Оттму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-hrvtska-2

СДСМ: Мицкоски да собере храброст и да каже алтернатива за ЕУ и НАТО за да може да учествува на ТВ-дуел

За да може да учествува на каков било ТВ-дуел Христијан Мицкоски прво треба да собере храброст и да каже јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија, за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот од Преспа, одговори СДСМ на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за ТВ-дуел со премиерот Зоран Заев.„Мицкоски, охрабри се, кажи јасен став, која е алтернативата на ЕУ и НАТО?Мицкоски, кажи зошто си против НАТО, зошто си против ЕУ?Освен што ги брани криминалите на неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски досега не кажал јасен став за најважните прашања, дали е за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќањето на договорот од Преспа. Напротив, со своите јавни настапи, со своите активности Мицкоски јасно се профилира анти ЕУ и анти НАТО.Со таквите ставови, Мицкоски покажува дека е дел од антизападната матрица на некогашниот сопартиец Филип Петров, некогашниот коалициски партнер Јанко Бачев и гласноговорникот на режимот, Миленко Неделковски“, соопшти партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1467378558_95285784_1_585x461_profesionalni-oranzherii-za-fermeri-gr-varna_1

Јавен повик за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Се работи за повик наменет за неатрактивно земјиште, поточно од пониска класа и на поголеми надморски височини. Врз земјиштето не смее да има востановено право на закуп или плодоуживање, да биде предмет на тековни јавни огласи или денационализација.Целта на овој повик е да се стави во функција секоја педа земја, која може да овозможи добро производство. Со воведување на оваа олеснителна процедура им овозможуваме на сите заинтересирани со нивен пројавен интерес да добијат државно земјоделско земјиште и  на тој начин директно да се зголеми површината на обработено земјоделско земјиштеПонудата се доставува за земјоделско земјиште на кое нема подигнато долгогодишни насади и кое во катастарот на недвижности е запишано со  катастарска класа 4, 5, 6, 7 и 8. Рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавата во дневните весници, односно од 12.12.2018 година.Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за: подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години. Откако ќе се приберат сите понуди,  комисија формирана од страна на Владата на РМ ги разгледува понудите и донесува одлука за избор на најповолен понудувач, по донесување на одлуката министерот склучува договор со сите избрани понудувачи.Доколку има двајца понудувачи за иста катастарска парцела, Комисијата врши избор на најповолен понудувач врз основа на критериумите утврдени во член 25-а и член 27 од Законот за земјоделското земјиште и член 3 од Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп, велат од Министерството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bebe

Tригодишно дете донесено починато вчера на Клиника

Вчера околу 10 часот од страна на лекар од Детската клиника во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека е донесено починато тригодишно дете од Скопје.Известен е и јавен обвинител и се извршува обдукција.Подетални информации за тоа што се случило, се уште нема.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ограбен таксист во Арачиново

Синоќа во 03:15 часот 59-годишниот З.И.  пријавил дека во село Арачиново,скопско додека со неговото такси возило превезувал две лица пред да излезат од возилото му одзеле 2.500 денари по што го напуштиле местото на настанот.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања