Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: Проблемот со аерозагадувањето е сложен и долготраен, затоа сите инсититуции преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ ја загади Македонија и со своите криминални, расипнички и неодговорни политики директно придонесе Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа. За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија никогаш немало посилна здружена акција за чист воздух. Сите институции на централно и локално ниво со силен порив го обвновуваат уништеното зеленило, ги решаваат сите извори на загадување, велат од СДСМ.„Во тек е есенска акција за засадување на Град Скопје, кадешто ќе бидат засадени околу 3.500 висококвалитетни садници низ сите скопски општини.АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на просторот околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва, со цел да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот.Низ цела Македонија континуирано се чистат диви депонии, се расчистуваат коритата на реките и каналите од комунален отпад и ѓубре, а истовремено е засилен е инспекцискиот надзор и контрола против загадувачите.Во рамки на Планот за чист воздух, на 800 семејства во Скопје, 150 во Битола, 150 во Тетово, ќе им се доделат инвертори, за да ги заменат старите нееколошки печки на дрва и да се греат еколошки.1.700 висококвалитетни садници ќе бидат засадени во дворовите на градинките, а во голем број училишта се поставуваат прочистувачи за воздух.Проблемот со аерозагадувањето е сложен и долготраен, затоа сите надлежни инсититуции секојдневно преземаат мерки за намалување на загадувањето, со цел за две години загадувањето да биде намалено за 50 отсто во Скопје, а за 30 до 50 отсто во цела Македонија.Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Три лица повредени во вчерашната сообраќајка на патот Кичево - Охрид

На 01.12.2018 година во 11.25 чaсотна магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.Б.(77) од Република Албанија и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(46) од Република Албанија.Притоа, со тешки телесни повреди се здобила К.П.(66) од Република Албанија, сопатничка во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила.  Тие биле пренесени во болницата во Охрид каде им била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

Вчера во 18.30 часот на улица „Архимедова“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(37) од Скопје и патничко возило „Мерцедес  А180“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од Скопје.А.А. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот во возилото „Фолксваген поло“, С.Г.(42) од Скопје се здобил со телесни повреди. Со возило на итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде им била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
devojce-111

Девојчето со кибритчињата најтажната детска приказна

Да се потсетиме на најубавата новогодишна приказна, прекрасното дело на Ханс Кристијан Андерсен. Приказна која не враќа во детството и не потсетува на значајните работи во животот; приказна со силна порака – да бидеме среќни и благодарни за она што го имаме и да бидеме свесни за многуте деца во светот кои немаат светла иднина. Да бидеме хумани и благородни, објави нмд.мкТаа година зимата беше многу остра. Во текот на последната ноќ од старата година провејуваше снег. Иако беше мошне студено и темно, едно кутро девојче сè уште талкаше пo улиците. Беше боса и без капче на главата. Кога излезе од дома беше обуена во папучите на мајка си, кои беа преголеми за неа, па ги изгуби претрчувајќи ја улицата помеѓу две кочии. Едната папуча ја изгуби, a другата ја однесе едно момче, кое од папучата направи лулка за својата кукла.Иако беше босо, девојчето продолжи да чекори по снегот.Нозете и беа помодрени од студ. Во раката стискаше кибритчиња, а кибритчиња имаше и во искинатото фустанче. Цел божји ден никој не купи ниту едно кибритче, ниту пак некој и даде пари. Гладно и премрзнато, девојчето продолжи да оди.Снегулките паѓаа пo нејзината долга руса коса, која во убави локни се спушташе по нејзиниот врат. Таа немаше време да размислува за убавината, ниту за студеното време, зашто прозорците беа осветлени, а мирисот на печена мисирка се ширеше во воздухот. Новогодишна ноќ беше во полн ек и на девојчето само тоа му беше на ум.Седна и се стутка во еден агол, но залудно. He можеше да си ги стопли ножињата. Дома не смееше да си оди. Сè уште немаше продадено ниту едно кибритче, a во џебот немаше ни скршена пара. Нејзиниот татко ќе ја натепаше поради тоа, но и дома беше студено исто како надвор. Девојчето живееше во таванска соба, па и покрај тоа што најголемите дупки на покривот беа затнати co слама и co крпи, ветрот и понатаму фучеше и се провираше низ дупките, исто како да се на отворено.Прстињата и беа вкочанети од студ. Можеби ќе може малку да ги стопли кога само би смеела да запали едно кибритче. Извади едно и го кресна од ѕидот. Ох, колку топол и сјаен бил пламенот! На девојчето му се пристори дека седи покрај голема железна печка во која огнот весело поигрува. Девојчето ги испружи и ножињата за да ги стопли и нив, но огнот изгасна. Печката исчезна, a измрзнатото девојче седеше само покрај студениот ѕид.Запали уште едно кибритче. Сега и се стори како да седи под прекрасна божиќна елка, поголема и пораскошно накитена од сите што скришум ги имаше видено низ подотворените врати на богатите трговски куќи. Илјадници свеќи светеа од гранките, а малите шарени фигурки, кои порано ги гледаше во излозите, ја гледаа од елката. Девојчето ги испружи рацете кон нив, но кибритчето изгасна. Свеќите на елките и понатаму гореа, се посјајно, исто како ѕвездите на небото. Потоа една ѕвезда почна да паѓа оставајќи зад себе огнена трага.– Некој умира – рече девојчето. Нејзината покојна баба, единствениот човек на светот што беше добар co неа, еднаш и кажа дека кога паѓа ѕвезда, некоја душа заминува при Бога.Девојчето запали уште едно кибритче. Во пламенот јасно го виде лицето на нејзината стара баба, секогаш нежна и мила.– Бабичке! – извика девојчето. – Земи ме co тебе! Знам дека ќе ме оставиш кога ќе догори кибритчето. Ќе исчезнеш како и онаа железна печка, вкусната печена мисирка и преубавата божиќна елка!За да го задржи лицето на баба си пред себе, девојчето побрза да ги запали преостанатите кибритчиња. Кибритчињата гореа како сјајно сонце. Нејзината баба никогаш порано не била толку убава и толку висока. Го зеде девојчето во прегратка и заедно летнаа, восхитени и среќни, високо, се повисоко, далеку од студенилото, гладот и стравот, право кон Бога.Девојчето го пронајдоа рано наутро, стуткано покрај ѕидот, co заруменети обравчиња и co насмевка на лицето. Умре од студ последната ноќ од старата година. Новогодишното сонце го озари малечкото тело на девојчето, кое седеше co догорените кибритчиња.– Сакала да се стопли – зборуваа луѓето, но никој не знаеше какви убави нешта виде девојчето, ниту во каква радост таа и нејзината баба ја дочекаа Новата година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

САД го прогласи 5 декември за ден на жалост

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговта сопруга ќе присуствуваат на погребот на Џорџ Буш Постариот кој умре на 94 годишна возраст, објави Белата куќа.Трамп 5 декември  го прогласи за Ден на жалост поради смртта на Буш. Исто така тој потпиша и извршна наредба со која на федералните служби им се налага да  не работат тој ден „во знак на почит“ кон Буш.Портпаролот на Трамп изјави дек во тек се подготовките за погребот на 41 претседател на САД.Џорџ Буш Постариот, почина во петокот вечерта во неговиот дом во Хјустон.

Свет | пред 7 години

7 год.
vucic

Mеѓународна награда за мир за Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е добитник на меѓународната награда „Златен лав“ за мир за 2018 година, пренесе „Блиц“.Наградата ќе му биде врачена на церемонија во декември во Венеција.Во образложението е наведено дека признанието му се доделува на Вучиќ поради „плоден придонес, од меѓународно значење, кој го карактеризира неговиот мандат“ и за неговите „силни напори за промоција на мирот“.Наградата е воспоставена пред 70 години.

Свет | пред 7 години

7 год.
scott-0399727921

Американски адмирал пронајден мртов во својот стан

Командантот на поморските сили на САД на Блискиот исток, адмирак Скот Стерни е пронајден мртов во својата резиденција во Бахреин, соопшти командата на Морнарицата на САД.Стерни беше конандант на Петтата флота на американската морнарица, чија што база беше во Бахреин.„Поморската служба за кривична истрага и бахреинското Министерство за внатрешни работи соработуваат и истражуваат, но во овој момент не постојат индиции дека смртта кај адмиралот настапила насилно“, изјави адмирал Џон Ричардсон, командат на поморските операции.Скот Стерни 20 години служеше во морнарицата , а порано бил пилот на борбен авион.  

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Свлечиште на патниот правец Макази - г.п. Маркова Нога

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.„На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација“, велат од АМСМОттаму препорачуваат возилата да се движат со прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Собранието денес ја продолжува расправата за нацрт амандманите

Собранието на Република Македонија денеска во 11 часот ќе ја продолжи расправата за нацрт амандманите, во рамки на втората фаза од уставните измени.На почетокот на вчерашната расправа премиерот Зоран Заев, образложувајќи ги амандманите кои произлегуваат од Договорот од Преспа, истакна дека измените ќе важат откако Грција ќе ја ратификува конечната спогодба и протоколот за нашето членство во НАТО, а доколку Грција не ги исполни своите обврски нема да важат овие измени.Исто така Заев додаде дека референдумот за него е успешен, но одлуката не е донесена. Според него, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ветил дека ќе го помогне овој процес.Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас.Пред Собранието за се одржаа протести против уставните измени, кои беа организирани од „Македонија Блокира“. Тие рекоа дека нема да заминат до Нова Година бидејќи се спротивставуваат на неуставното менување на името на државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, Шилегов игра игри на телефон

Опасните ПМ 10 честички синоќа во Скопје достигнуваа концентрација над пет пати повисока од дозволената, а Заев, Шилегов и Макрадули единствено што прават е омаловажување и замолкнување на граѓаните и невладините активисти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните се гушат во загадениот воздух, а Заев и Шилегов се уште немаат превземено ниту една мерка со која ќе го намалат аерозагадувањето.  Неспособната власт на СДСМ  не води ни малку грижа за граѓаните и последиците кои ги имаат од отровите кои ги вдишуваат, се наведува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.Додека Скопје секојдневно се наоѓа на листата на десет најзагадени градови во Светот, градоначалникот Петре Шилегов си игра игрички на мобилен телефон.Кога беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух, а откако дојдоа на власт не реализираа ниту еден проект. Решавање на проблемот со загадувањето не им е ниту во агендата. Наместо да се справат со загадувањето, тие трошат милиони за луксузни автомобили, фотелји и лубрикантиЗа Заев и Шилегов не е важно здравјето на граѓаните. За нив не е важно што Македонија официјално стана најзагадена земја во Европа и што Светската здравствена организација објави дека во земјава годишно умираат околу 3000 луѓе како директна последица на загадениот воздух.Неодговорната власт на Заев и СДСМ не води грижа ниту што болниците веќе се преполни со граѓани кои имаат проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи.  До СДСМ не допира тоа што граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, особено хронично болните, децата и постарите“, велат од опозициската партија.Според нив доколку СДСМ не спроведува ниту еден проект , ниту има идеја како да се справи со загадениот воздух, треба веднаш да ги прифати препораките на опозицијата.„ВМРО-ДПМНЕ предлага во услови на загаденост над дозволените мерни концентрации, да се овозможи за граѓаните бесплатен градски превоз и повеќе автобуски линии додека трае загадувањето,  со што ќе се овозможи значително  да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилитеВоедно во услови на загаденост, МВР  мора да го пренасочува движењето на товарни возила и градежни машини од централните градски подрачја, мерка која исто така ќе овозможи намалување на нивото на канцерогените ПМ10 честички.Неодговорноста оваа црна власт нема граници. Министерот Дураку вели не му е гајле за тужбите на граѓаните заради загаденоста, заменик министерот Макрадули  си дреме во Собрание, а градоначалникот Шилегов продолжува со неговата ароганција и непромислени политики.Криминалната власт на СДСМ создаде црнила за граѓаните и во црно ги завива нивните судбини. Граѓаните не заслужуваат  да се гушат во загадениот воздух,  а црнилото кое надвиснало над државата мора да замине. СДСМ мора да си замине“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево време, максимални температури до 12 степени

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови. По котлините ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.Минималните тепмепратури ќе се движат од од -5 до 1 степен, а максималните дневни од 6 до 12 степени.Во Скопје слично време со температури од -4 до 6 степени.Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со умерена до значителна облачност и со услови за појава на магла по котлините. Во западните делови повремено ќе има појава на слаб локален дожд, особено во вторник кога и облачноста ќе е зголемена. Дневната температура до средината на следната недела ќе биде во постепен пораст.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov

Мијалков доби нови 30 дена притвор, овој пат за “Империја”

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков вечерва доби 30 деневен притвор за истрагата на СЈО „Империја“, дознава 1ТВ. Тој е еден од 13 осомничени во „Империја“.Мијалков од скопскиот истражен затвор Шутка во кривичниот суд е спроведен околу 14.00 часот и самиот распит пред судија на претходна постапка и одлуката ги чекаше околу 10 часа.Ова е втора мерка притвор која ја доби поранешниот шеф на тајната полиција Мијалков, на него веќе му е определен притвор за случајот „Таргет Тврдина“. Тој притвор му беше определен на 20 октомври и е сместен во „Хашка соба“.Паралелно, наредната недела се очекува јавна седница во Апелација, на која одбраната на Мијалков ќе бара да му се укине притворот во предметот за масовното прислушување и уништување на апаратите за следење на комуникациите.На поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков му се суди во четири предмети „Таргет Тврдина“, „Титаник 2“, „Тортура“ и „Трезор“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sobranie-2

(ВИДЕО) Оган и музика во жена парк, малкумина останаа во мини шаторите

Демонстрантите од иницијативата „Македонија блокира“вечерва запалија оган во жена парк со цел да се стоплат во оваа студена декемвриска ноќ. Нема многу демонстранти во мини-шаторите, но затоа пак полицијата е добро подготвена - стои кај барикадите и будно ја следи состојбата и во текот на ноќва.Сообраќајот пак се одвива во еден смер по една сообраќајна лента.Инаку демонстрантите од иницијативата „Македонија блокира“ поставија шатори на улицата пред Собранието, во кое денес почна расправата од втората фаза за уставните измени предвидени со Преспанскиот договор на Македонија и Грција. Тие упатија обвинувања до полицијата, министерот Спасовски и премиерот Заев дека ги попречиле со тоа што не им дозволиле да ја блокираат улицата и им ја исклучиле струјата.Тие во текот на денов ги повторија барањата, а тоа се оставка на парламентарниот состав и Владата, предвремени избори, граѓанска непослушност, поништување на договорите со Грција и Бугарија и блокада на државните институции.  Во знак на револт беа запалени и копии од двата договори.https://www.facebook.com/100008292760759/videos/2305067449779658/ 

Скопје | пред 7 години

7 год.
14FE1359-2A2F-4B51-B64B-34C16134BDC2

Во Париз приведени 224 лица, запалена зграда

За време на протестот на Движењето „жолти елеци“ во Париз денеска се приведени најмалку 224 луѓе, додека 20 метро станици се затворени. Во протестите повредени се околу 80 луѓе, од кои 16 полицајци.Меѓу приведените лица има и припадници на крајната десница и на ултра левицата.Француската министерка за здравство Ањес Бизин изјави дека насилството што се случува во Париз е неприфатливо и оти демонстрантите во „жолти елеци“ мора да се спротистават на екстремистичките групи кои ги користат нивните легитимни поплаки.Таа апелираше до демонстрантите да се организираат за да отпочнат дијалог со Владата.Во исто време, лидерката на крајната десница Марин Ле Пен побара од претседателот Емануел Макрон штом се врати од Аргентина да ги прими лидерите на опозициските партии.Таа на Твитер го осуди насилството во Париз и ги повика демонстрантите, кои протестираат поради зголемување на цените на горивото и на даноците, да се повлечат и да им овозможат на полицијата да стави крај на немирите.Според очевици пожарникарите гаснат запалена зграда во близина на Елисејските Полиња.Француските медиуми објавија дека на улиците можат да се видат уништени автомобили и барикади.Во Париз денеска, трет викенд по ред избија судири помеѓу демонстрантите и полицијата.Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми.Полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејските полиња.Пред Тријумфална капија полицијата употреби солзавец и водени топови против „жолтите елеци“, кои фрлаа камења врз припадниците на безбедносните сили.„Жолти елеци“ денеска повикаа на нови демонстрации и блокади на патиштата ширум Франција.Во Движењето „жолти елеци“ учествуваат широк спектар граѓани, кои протестираат поради високите животни трошци. Тие бараат намалување на даноците, државни субвенции со цел да им се помогне на компаниите да вработат поголем број луѓе, поголеми пензии и поголема национална минимална плата.

Свет | пред 7 години

7 год.
goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Од вечерва бесплатна проекција на ремек-делата на Стефановски

Со проекција на ремек-делата на Горан Стефановски Драмскиот театар од денес почнува со повеќе настани во сеќавање на големиот драмски писателж, кој почина на 27 ноември на 66 години.„Драмски започнува со низа настани со кои ќе се потсетиме на ремек-делата на нашиот Горан Стефановски“, соопшти театарот каде беа поставени најголем дел од неговите драми.Вечерва во 19 часот ќе има проекција на претставата „Диво месо“ од 1979, во режија на Слободан Унковски. Модератор на настанот е драматургот Александра Бошковска.В понеделник во 19 часот, ќе има проекција на претставата „Дупло дно“ (1984) во режија на Унковски, а модератор е Мишел Павловски. Влезот за проекциите е бесплатен.Од Драмски велат дека датумот за комеморација ќе биде соопштен по пристигнувањето на семејството на Стефановски во Македонија.По реакциите во јавноста дека не се организираат настани во чест на Стефановски, кој е член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), ниту пак се прогласи ден на жалост, ниту на телевизиите се пуштија негови драми, Драмски театар е прва инстутуција која соопшти дека се планираат настани во чест на големиот автор.Стефановски е автор на легендарните, популарни и на над 20 јазици преведени драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот.Стефановски почина во Велика Британија каде живееше изминативе две децении. Семејството соопшти дека телото на Стефановски ќе биде биде кремирано на 5 декември во Кентербери, Англија, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
filip-1

ВИДЕО: Оро и скандирања:„Мртов Заев - добар Заев“

Демонстрантите на на денешниот протест пред Собрание  во организација на „Македонија блокира“ играа оро . Насобраните бараа оставки и скандираа :„Мртов Заев, добар Заев“Екс функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, порача дека е за поздравување тоа што пратениците од опозицијата кои гласаа за отворање на уставот, дека ќе гласаат воздржано во втората фаза.-Ако гласаат воздржано и во третата фаза ќе им простиме и ќе ги примиме меѓу нас. На светскиот поредок кој одлучил да ја избрише Македонија од мапата имам да му порачам: „Ние никогаш нема да се предадеме!“ – рече Петровски.Во знак на револт беа запалени и копии од двата договори. https://www.facebook.com/filip.t.petrovski/videos/vb.100006716443191/2283820811851778/?type=2&video_source=user_video_tab

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО)Спасовски: Започната е темелна истрага за скандалот во ОЈО

Скандалот со снимањето во Јавното обвинителство покажува уште еднаш како функционирал режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, рече на денешната прес – конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.– Има сериозна истрага, во сите институции. До детали ќе се провери која била намената на оваа инсталација од минатото, дали и кој ги слушал разговорите во правосудството. Ќе се открие кој ја нарачал опремата, кој ја купил, кој ја инсталирал и кој ја користел и секој кој што ги пречекорил овластувањата ќе одговара пред правдата! И ова ќе важи за секоја институција. Следува темелна проверка во секоја институција. Времето на снимање и прислушување заврши. Остатоците од режимот на Груевски ќе бидат отстранети од сите пори на институциите. За овој скандал ќе има одговорност – потенцираше Спасовски.Спасовски побара раководството на ВМРО-ДПМНЕ да одговори за нивните дејствија во времето кога оваа опрема била инсталирана.– Мицкоски треба да одговори за неговата улога во власта кога бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Штетата што ја направи криминалното ВМРО-ДПМНЕ остави силни последици кои не можат да се отстранат преку ноќ, но ние нема да застанеме додека не го отстраниме остатокот од криминалот со цел да обезбедиме држава по европски правила. Свесни сме за грижата и критиката на граѓаните дека од режимот на Груевски се уште има остатоци низ општеството и институциите. Ве уверувам, силно сме посветени на деинсталирање на груевизмот при тоа да не заборавиме дека цели 12 години траеше оваа криминална инсталација, во секој дел на општеството. Ние до сега имавме само година и пол за справување со оваа децениска катастрофа која и се случи на Македонија. Секој нов откриен случај од криминалното владеење на режимот ни дава дополнителен мотив да продолжиме уште посилно во борбата против корупцијата и во борбата за владеење на правото – рече Спасовски. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓорчев: Видете како ќе поминете ако отидете во Грција и им речете да си го сменат Уставот?

За време на референдумот јас бев набљудувач во Мала речица, тетовско, каде имаше 36 отсто излезност, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Ѓорчев, на денешната расправа во Собранието, каде поентираше дека власта нема легитимитет да го менува Уставот затоа што на референдумот не беше постигнат цензус, објави ФОКУС.-Од 4 куќи една ви гласала, од четири станови на еден кат еден ви гласал. Немате легитимитет. Во Мала речица, сограѓаните Албанци велеа „Не им е лесно на Македонците, ние Албанците имаме разбирање, нашите сограѓани се чувствуваат погодени, имаат право на име и презиме“. Нема ниедна општина во Македонија каде одзивот беше 50 отсто – рече тој.Ѓорчев посочи дека македонската страна во Договорот има многу повеќе обврски од грчката.-Видете како ќе поминете ако отидете во Грција и им речете да си го сменат Уставот. Името Република Македонија, кое го изговараа илинденците, преродбениците, асномците и државотворците, не го промени ни Киро Глигоров, кој рече чувајте го името, ниту Борис Трајковски, кој велеше чувајте го, ни министрите од првата влада на независна Македонија, ни министрите на Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски – рече Ѓорчев.Тој ја обвини власта дека 50.000 ливчиња на референдумот биле вештачки наполнети и дека го компромитирала процесот во Собранието.-Донесовте пратеници да гласат од затвор, мајки уценувавте во овој парламент да гласаат за да си го ослободат својот син. „Гласај па син ти да биде ослободен“, така го бркавте двотретинското мнозинство. Мајки принудувавте. Да живее Република Македонија, нека е вечна и независна – заврши Ѓорчев.Извор: ФОКУС.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
orban-grujoski

Познато во која унгарска амбасада Груевски побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски побарал азил во Амбасадата на Унгарија во Тирана, потврдија за Радио Слободна Европа од унгарското Министерство за надворешни работи. Во одговорот на прашањата од РСЕ, од Министерството велат дека тие „немаат информации на кој начин Груевски ја напиштил Македонија, но додаваат дека тој во Унгарија стасал согласно националните и меѓународните прописи“. Претходно, од унгарското МНР велеа дека немаат информација како поранешниот македонски премиер стасал во Будимпешта.

Скопје | пред 7 години

7 год.
toni-mihajlovski

Михајловски на ФБ: За какво помирување би требало уште да се разговара?

Сите што требаа, сакаа, се помирија. Разликите исчезнаа. Нема разлика. Секоја “риба” си отиде во своето “јато”. Да си ја плати киријата, концесијата. Да си го обезбеди сопствениот мир. Многу себично. И дрско, напиша на својот ФБ профил Тони Михајловски.Во продожение пост на Михајловски во целост:„Дрско и безобразно затоа што, токму, креаторите и инспираторите на омразата кон Зоран Заев, првиот ешалон од едно не толку далечно време кои смислуваа и аминуваа “кампањи” во кои ќе се прикаже дека Зоран Заев е предавник, криминалец, аболиран, сега велат дека треба да го послушаме и поддржиме самоубиствениот план на Ел Дуче.Уште поголема перверзија е што Зоран Заев во изминативе 4 години борба за превласт, токму овие ликови ги прозиваше како есенција на злото и криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, па велеше дека ќе ги апси, ќе ги вратат парите, ќе си лежеле и дека живи ќе ги изеде.И сега, тие и Тој, се заедно. Тоа кажува само едно. И тие и тој биле и во право. Има криминал, и тој е можеби нивниот најмал заеднички содржател.За вистински да се помириме, сите, треба да има правда, а не одмазда. И да се спроведе таа правда. И да важи за сите. Оти, ако нема правда, точно така, нема мир“. Заврши Михајловски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dimitrov

Грција барала Македонија да биде преименувана во „Централно Балканска Република“, Димитров со детали

Министерот за надворешни работи, на денешната собраниска седница, истакна дека Грците ни понудиле да се викаме „Централно Балканска Република“ со тоа што ако ја прифатиме оваа промена името Македонија би можело да остане за внатрешна употреба, пренесе Фактор.Димитров на денешната собраниска расправа за утврдување на нацрт амандманите, реплицирајќи им на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објави дека актуелната власт не би морала да „се расправа“ денес со уставни измени доколку прифатела назив „Централно Балканска Република“ за надворешна употреба.-Можевме да не навлегуваме во домашна употреба, да има помал опфат, ако имаше име „Централно Балканаска Република“. Но тоа не е добро, името постои и за другите како нас ќе ни се обраќаат. Од една страна имаме продолжување на предизвиците на тоа кои сме. Не случајно немаме ниту еден документ со ЕУ потпишан на македонски јазик или документ каде се спомнува јазикот. Од другата страна имаме отворање на врата, членство во НАТО, почеток на преговори со ЕУ и не само тоа. Предизвикот дали сме македонски народ не постои врз основа на овој договор. Ова е крај на истата илинденска борба која ја споменувате, да си ја зацврстиме државата. – рече Димитров. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кратка средба Путин – Трамп

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп вчера имале кратка средба на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина, изјави денеска советник во Кремљ, Јуриј Ушаков.Ушаков потенцираше дека тој се сретнал со советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон.– Русија и САД се подготвени да ги продолжат контактите, наведе Ушаков.Но, тој посочи дека „не е сигурен кога би можело да биде одржан нов состанок меѓу Путин и Трамп“.Извесен период пред одржување на самитот на Г-20 во Аргентина двајцата лидери најавија дека ќе одржат состанок на маргините на самитот. Но по инцидентот во теснецот Керч, кога Русија заплени три украински брода и неколку морнари, Трамп ја откажа средбата.Во исто време, официјален претставник на Белата куќа, кој побарал да остане анонимен, го негира извештајот дека Трамп планирал краток состанок со Путин по откажувањето на плановите за подолга билатерална средба.

Свет | пред 7 години

7 год.
vlada-slika

Неофицијално: Хазби Лика и Кресник Бектеши ја напуштаат Владата

Според се уште не потврдени инфопмации Министерот за економија Кресник Бектеши и вицепремиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика ќе бидат заменети на своите функции, откако било договорено кои ќе бидат нивни заменици , објави Канал 5. Бектеши ќе биде заменет од Ардит Салиу, додека на местото на Лика ќе дојде Азил Реџепи. Од овие двајца министри премиерот Заев бил најнезадоволен, но чекал од коалициониот партнер ДУИ први да повлечат потег и да најадат нивни заменици.Очекуваме набрзо и потврда за оваа инфомрација.Извор: Канал 5

Скопје | пред 7 години

7 год.
protest

„Македонија блокира“ од денеска со шатори пред Собранието

Демонстрации за целосно запирање на процесот на уставни измени. „Македонија блокира“со знамиња демонстрира пред Собранието на Република Македонија. Протестот се одржува во исто времено со одржувањето на пленарната седница за уставните измени. Страшо Ончев од здружението „Македониум” рече дека агендата која ја работат во Собранието не е македонска и дека имаат неколку барања кои денеска ќе ги порачаат од протестот.Организаторите информираа дека утринава додека се подготвувале за протестот им била исклучена струјата при што биле принудени да купат агрегат. Пред Собранието на булеварот има поставено двојни барикади, а видно е и бројно полициско обезбедување околу Парламентот. Демонстрантите поставија шатори на улицата пред Собранието и велат дека тука ќе ја чекаат Нова Година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Два партиски огранока , борба за името ВМРО ДПМНЕ

Дебатата за прашањето за името на денешната собраниска седница се претвори во дебата за името на парламентарната група на исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата побара од спикерот на парламентот, Талат Џафери, групата да не го употребува името на нивната поранешна партија и коалиција. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски се обрати до претседателот на Собранието, Талат Џафери и информираше дека до Собранието бил исптаренен допис, потпишан од генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, во кој се бара од Џафери да ги преземе сите потребни мерки и активности за истите да не го користат името и симболот на ВМРО-ДПМНЕ.„Ве замолуваме господине Џафери колегите да ги ословувате како Независна пратеничка група, затоа што власта не може да си нарача опозиција и да дебатира со нив. Би ве замолил да се држите до тоа колегите да се ословуваат како независни пратеници без некоја задна намера.“ рече Мицевски.Џафери на барањето на пратениците од најголемата опозициска партија одговори дека расправата за името на ВМРО ДПМНЕ пратениците можат да ја продолжат пред надлежните судови.„Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, а неговото писмо нема дејство врз мене. Пратеници според Деловникот имаат право да формираат пратенички групи. А за името не е надлежно Собранието, ќе одите на суд и ќе го решавате проблемот“,рече Џафери.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања