Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Собранието ќе одлучува за имунитетот на Груевски

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, чиј претседател е Павле Богоевски, денеска треба да се изјасни за пет барања за одобрување притвор на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија.Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија. За овој случај беше побарано одземање на мандатот на Груевски, но не беше обезбедено двотретинско мнозинство.Поранешниот премиер е обвинет и во случаите на СЈО „Таекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство.Покрај тоа, Груевски е осомничен и во неколку отворени истраги на СЈО, меѓу кои и „Талир“, „Пропаганда“, „Хармонија“,…Барањата за одземање на имунитетот на Груевски со цел да му се одреди притвор е за дел од овие случаи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pokana-1-1

Почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-Р Никола Незлобински“

Со неколку изложби, научни излагања и промоција на фотомонографија, во Струга деновиве, ќе се одбележува неделата посветена на јубилејот – 90 години од основањето на Музејот  „Др. Никола Незлобински“ .Програмата започнува на 27, ноември (вторник) во 13.00 со историско документаристичка изложба „Русите во Македонија“ во соработка со Државен архив на РМ.  За изложбата со свое излагање  ќе се обратат претставници од руската  амбасада, како и претставник од државниот архив. Изложбата ќе се оддржи во Галерија „Ванѓел Коџоман“.„Во допир со минатото“ е насловена ареолошката поставка, каде ќе бидат изложени предмети од археолошки локалитети од струшкиот регион: локалитет „Св.Илија“,  Делогожда; Локалитет „Голача“, с.Ташмаруништа;  Подводен локалитет „Врбник“ Струга; локалитет „Куќа на Караѓуле“. Изложбата ќе биде поставена во изложбениот простор при административната зграда на музејот, на 28.11 (среда) во 12.00, а ќе ја отвори Академик проф.др. Вера Битракова Грозданова.Дејноста на Д-р Никола Незлобински, музејот ќе ја чествува со прикажување на дигитализирани фотографии од целосната фото збирка на стаклени негативи, оставштина од Незлобински и неговиот тим на соработници.  Оваа збирка е исклучителен документ за Струга и Струшко во минатото, како и сведоштво за сестраната пасија на рускиот научник, да ги забележи, истражува, запомне,  биолошкиот и социјалниот свет на регионот, на почетоците од дваесеттиот век.  Изложбата ќе биде поставена во зградата на природонаучната збирка, на 30ти ноември, во 13.00, а истиот ден, во 13.30 ќе биде промовирана и книгата „Фотомонографија од збирката на стаклени негативи на Д-р Никола Незлобински“, во „Спомен дом на Браќа Миладиновци“.  Промотор на фотомонографијата е Д-р Елеонора Петрова Митевска, директор на Управа за заштита на културно наследство.Со неделата посветена на јубилејот, НУМ „Никола Незлобински“ се приклучува кон прославувањето на  Европската година на културно наследство.За значењето и основањето на музејот Во далечната 1928, рускиот емигрант, воен доктор, еден од  протераните белогардејци, Др Никола Незлобински, заедно со сопругата Софија и тим од соработници е упатен во Струга, за да му помогне на населението да се справи со маларијата, болест која зазема епидемични размери во овој регион.  Покрај големиот придонес за подобрувањето на здравјето на населението, но и подобрувањето на животните услови со дренирањето на Струшкото блато,  Д-р Никола Незлобински во нашата јавност, ќе остане запаметен по оставштината на импресивна збирка, која сведочи за богатството и разновидноста на живиот свет во и околу регионот на Охридското езеро.  Во 1938, Незлобински повел иницијатива за отварање на засебна зграда каде ќе бидат изложени препарирани животни присутни во поднебјето.  Зградата со ангажман и на населението идната година била завршена.  Со ова Незлобински  ги поставува основите на првиот природонаучен тематски музеј и воопшто темелите на музеологијата во Македонија. Денес, музејот се наоѓа во истата зграда, а експонатите сеуште пленат со својата афтентичност. Многу од видовите, исчезнале после пресушувањето на блатото, но за богатстовто на регионот сведочат околу  8000 примероци ( 6000 од нив, инсекти и пеперутки), кои можат да се погледнат во природонаучната поставка. Денес во музејот, покрај биолошкото одделение, функционираат и археолошко одделение, одделение за етнологија, одделение за историја  и одделение за историја на уметност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
znaminja-4-1

Во мултиетничка Струга, не се вее ниту едно македонско знаме

„Во Струга (најверојано) се обележува денот на албанското знаме. Во Струга денес е истакнато само албанското знаме иако Струга е мултиетнички град. Вакво непочитување на сограѓаните Македонци во Струга се случува постојано. Komuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga нели Ramiz Merko - Faqja Zyrtare се залагаше за општина на еднакви граѓани. Дополнително што истакнување само на албанско знаме за празници е спротивно на закон. Драги сограѓани Албанци, Ви го честитам празникот“За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе?За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит“, напиша на својот фејзбук профил познтиот адвокат од Струга Глигорие Ќатоски, а при тоа своите сограѓани ги поздрави: „Со почит, Вашиот сограѓанин - Македонец, од Струга“.Оваа слика на Струга покажува дека Општинските власти на Струга, на чело со градоначалникот од ДУИ Рамиз Мерко решиле за 28 Ноември, Денот на албанското знаме, во градот да бидат поставени само албански знамиња. На ова реагираше и општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ:„Градоначалникот на Струга, господинот Рамиз Мерко и неговите коалициски партнери од СДСМ го украсија градот со албански знамиња. Господине Мерко, да Ве потсетиме дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација. Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава. Што сакате да постигнете со овај потег?За ваков ли соживот зборувавте? Вака ли ќе се почитуваме меѓу себе? За крај, нека Ви е честит празникот, и Ве замолуваме да си ја поправите грешката и да го поставите македонското знаме, во името на соживотот и взаемната поддршка и почит“, пишува во реакцијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soros

Фондацијата Сорос се повлекува од Турција

Фондацијата за отворено општество на Џорџ Сорос се повлекува од Турција, само неколку дена по обвинувањата на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган дека американскиот милијардер се обидува да ја дестабилизира државата.Фондацијата која во Турција поддржа голем број образовни проекти, проекти за правата на жените и демократските реформи соопшти дека обвинувањата на Ердоган се неосновани и поради нив повеќе нема да може да продолжи да работи во Турција, јави „Ројтерс“.Директорот на турскиот отсек на соросовата фондација, Осман Кавала беше меѓу 13-те активисти упасени месецов под обвинување дека ги поддржале масовните антивладини протести во 2013 година.Ердоган го обвини Кавала за финансирање на протестите и рече дека зад него стои Сорос кој ги користи парите за да растура држави, пренесе „Ројтерс“.

Свет | пред 7 години

7 год.
apelacija

Кирил Божиновски побара укинување на притворот, вели 17 месеци ги почитувам мерките на претпазливост

Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, на денешната јавна седница во Апелацискиот суд побара да му биде укинат притворот за случајот „Титаник“ на СЈО.Божиновски пред судиите посочи дека нема намера да бега, а како доказ за тоа го посочи тоа што 17 месеци ги почитува мерките на претпазливост определени од судот.-Се работи за предмет за кој веќе имам определено мерка за претпазливост, одземена патна исправа и потпишување во кривичниот суд секој петок во неделата , мерки кои во јули 2017 беа донесени од Кривичниот совет и без исклучок ги почитувам речиси година и половина, односно полни 17 месеци. Притоа немам отсуствувано на ниту едно од закажаните и одржани судски рочишта. За потсетување, Титаник е еден обемен предмет, со 20-тина обвинети, со речиси 500-тина сведоци, со над 1000 снимки кои произлегуваат од незаконските снимени разговори, смс пораки итн, предмет кој веќе се суди 4 месеци а со согласно реалните проценки ќе трае најмалку година и половона, рече Божиновски.Екс-генералниот секретар на Влада тврди дека не поседува сметки во странски банки.-Во однос на наведените сознанија за поседување на наводни сметки во странство, најодговорно тврдам дека ниту некогаш сум поседувал, а ниту сега поседувам било каква банкарска сметка во било која странска држава, а ниту некогаш воопшто сум размислувал за отварање на ваква сметка. Единствената сметка која ја поседувам е редовната сметка во нашата држава, која е добро позната за СЈО. Доколку барем малку беа сериозни ваквите сознанија ќе беше приложен доказ за тоа во која држава поседувам банкарска сметка, во која банка за каков тип на сметка се работи или било што, што би ја поткрепило оваа теза, посочува Божиновски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кинески научник тврди дека создал бебе отпорно на ХИВ

„Една бременост испадна успешна и родени се две близначки кои се природно отпорни на ХИВ“, тврди кинескиот научник Хе Џианкуи.Истражувачот Џианкуи објави дека направил измена на гените на ембриони од седум парови кои биле дел од експеримент во Кина. Една од жените останала бремена со близнаци кои Џианкуи се надева дека ќе бидат отпорни на инфекции.Тој вели дека го елиминирал генот CCR5 за девојчињата да станат отпорни на ХИВ, доколку некогаш во животот дојдат во допир со вирусот.Но овој потег наиде на критики од страна на научната заедница бидејќи станува збор за експерименти врз луѓе.Многумина веруваат дека менувањето на ДНК може негативно да влијае на идните генерации, но и на самите гени на луѓето.

Свет | пред 7 години

7 год.
zemljotres-620x350

Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја погоди Црна Гора

Земјотрес со јачина од 3.6 степени го погоди црногорското приморје нешто по 15 часот, а најмногу се почувствувал во Будва и во Херцег Нови.Како што јави сеизмолошкиот завод во Црна Гора, епицентарот на земјотресот бил на 29 километри југозападно од градот Никшич, на длабочина од 13 километри.Заводот соопшти дека засега не се регистрирани материјални штети, а истиот бил почувствуван и во Хрватска, особено во Дубровник.

Свет | пред 7 години

7 год.
bik-bez-opashka-1

Музеј на современа уметност се чуди како може да е скршена опашката на бикот во Скопје

Статуата на бикот која веќе неколку години е на улица Македонија во центарот на Скопје, остана без опашката. Таа вчера наутро била пронајдена скршена.Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека неретко се случува минувачите да се бесат на неа за да се фотографираат, како и на роговите, па и не е така чудно што таа попуштила.Од Музејот на современа уметност велат дека штетата во најбрзо време ќе биде поправена.„Направена е проценка и записник, известено е Министерството за внатрешни работи. Зачудувачки е како е можно скулптура од бронза да биде уништена. Ќе се санира штетата“, велат од Музејот на современа уметност, за САКАМДАКАЖАМ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
DSC_9250

(ВИДЕО) Кирацовски: Стрежево е пример за капитален, стратешки објект што обезбедува квалитетен живот за граѓаните

„Стрежево“ е пример за капитален, стратешки објект што обезбедува квалитетен живот за граѓаните, изјави Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на одбележувањето на 40 годишнината од основањето на Јавното претпијатие „Стрежево“.„Токму од тука од хидросистемот ‘Стрежево’ со питка вода се снабдува Битола и околината, се наводнува Битолско поле, со технолошка вода за нашиот најголем енергетски комплекс ‘РЕК Битола’, како и останатите фабрики во Битола и околината“, рече Кирацовски во рамки на одбележувањето на годишнината.Исто така тој додаде дека Јавното претпријатие е еден од поттикнувачите и на туризмот во Битола, затоа што битолчани се препознатливи по Нижеполе, по летниот и зимски центар и по двата ски лифта.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Кривична пријава против поранешна директорка на градинка во Берово

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово  поднесе кривична пријава против Ф.К.(67)  од  Берово за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во текот на 2016 година пријавената, како  директор на ОЈУДГ „23-ти Август“ – Берово, при набавка на компјутерска опрема, целокупната набавка ја разделила на два засебни дела, за да ја избегне постапката предвидена во Законот за јавни набавки, со што им овозможила економските оператори да се стекнат со противправна имотна корист од 64.398 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пожар во дирекцијата на АД „Скопски пазар“

На 25.11.2018 година во 23,10 часот било пријавено дека во Скопје на улица „Перо Наков“, во објектот на дирекцијата на АД “Скопски пазар”, избувнал пожар.Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарна единица Скопје. Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2-2-1

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Н.Е. Сагер Насер Ахмед Абдулах Алраиси, амбасадор на Обединетите Арапски Емирати за Република Македонија.Претседателот Џафери, откако му посака добредојде на гостинот, изрази благодарност и задоволство од воспоставените дипломатски односи уште од 1996 година под нашето уставно име, иако за жал во текот на овој период ретко се бележат заемни средби на високо билатерално ниво. Тој истакна дека како претседател на Собранието, ја поттикнува пратеничката група за соработка со земјите од Блискиот и Средниот Исток во Собранието на Република Македонија, да воспостават комуникација со нивните колеги од соодветните парламенти и да ја иницираат парламентарната дипломатија која е доста значајна. Понатака рече дека на мултилатерален план, соработката во меѓународните организации и во системот на ООН е добра, често се поддржуваат меѓусебните кандидатури и Република Македонија во оваа насока, традиционално го поддржува кандидирањето на ОАЕ во рамките на телата и органите на меѓународните организации.Амбасадорот, Н.Е. Сагер Насер Ахмед Абдулах Алраиси искажа отворена и силна поддршка за Република Македонија, посочувајќи ги бенефициите за малите земји од членството во Европската Унија и НАТО, и предностите кои се овозможуваат за земјите полноправни членки на овие организации. Тој упати покана до претседателот Џафери со делегација да ги посетат Обединетите Арапски Емирати и нивниот парламент. Амбасадорот истакна дека со оваа покана, ќе се интензивираат билатералните односи помеѓу двете земји, а пораките ќе се упатат токму од парламентот кој е директен глас на народот.Соговорниците се согласија дека негувањето и унапредувањето на односите меѓу двата парламента треба да бележи на интензитет во периодот што следи, како и да се продлабочува во доменот на образованието, економијата, животната средина и во други области од заемен интерес за двете земји.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_9791

Градоначалникот на општина Гази Баба додели 82 решенија за субвенции за набавка на печки на пелети

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска додели 82 решенија за субвенции за набавка на печки на пелети. Барање за субвенции поднеле 83 баратели. Само еден барател е одбиен поради некомплетни документи, односно стара фискална сметка.Георгиевски пред присутните посочи дека го радува фактот дека на секој јавен повик се пријавуваат се повеќе граѓани кои се одлучуваат да користат еколошки грејни тела и материјали.„Од општинската каса за оваа намена беа одвоени 3 милиони денари за 2018 година. Општина Гази Баба и во иднина ќе ја продолжи оваа мерка со која во континуитет ќе придонесеме за намалување на загаденоста на воздухот“, рече Георигиевски.Ова е една од мерките кои општина Гази Баба ги презема за зачувување на животната средина и намалување на загаденоста. И во идниот период, општина Гази Баба ќе продолжи да со реализацијата на еко акции и настани преку кои и директно ќе се влијае за оджување на чистотата на животната околина а особено врз подигниување на свеста кај граѓаните, дека сепак зависи и од нас каква средина на живеење ќе имаме. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
2-1-2

Заев: Ќе се бараат одговори на барањата на стечајците од Охис во рамките на законските надлежности на Владата на РМ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, на нивно барање, прими делегација на Иницијативниот одбор на поранешни вработени во АД Охис Скопје во стечај.Претставниците на Иницијативниот одбор на поранешни вработени во АД Охис, изразија благодарност за можноста да се сретнат со премиерот Заев и изразија очекување, дека во рамките на законските надлежности на Владата на РМ, ќе бидат решавани некои нивни барања поврзани со стечајната постапка.Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса на АД Охис да бидат вклучени и вработените од фабриката „Малон“ АД Охис.Премиерот Заев на средбата истакна дека, иако стечајната постапка на АД Охис Скопје е завршена и спроведена од судските органи во процес во којшто Владата нема ингеренции, тој ќе го задолжи министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, да ја продолжи понатамошната комуникација со поранешните вработени во Охис, да оствари средби со надлежни институции, како и со стечајниот управник Маринко Саздовски, за да се најде одржлив одговор на барањата на Иницијативниот одбор на поранешни вработени во АД Охис Скопје во стечај.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46501585_345777292866609_2705865757673127936_n

Почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-Р Никола Незлобински“

Со неколку изложби, научни излагања и промоција на фотомонографија, во Струга деновиве, ќе се одбележува неделата посветена на јубилејот – 90 години од основањето на Музејот  „Др. Никола Незлобински“ .Програмата започнува на 27, ноември (вторник) во 13.00 со историско документаристичка изложба „Русите во Македонија“ во соработка со Државен архив на РМ.  За изложбата со свое излагање  ќе се обратат претставници од руската  амбасада, како и претставник од државниот архив. Изложбата ќе се оддржи во Галерија „Ванѓел Коџоман“.„Во допир со минатото“ е насловена ареолошката поставка, каде ќе бидат изложени предмети од археолошки локалитети од струшкиот регион: локалитет „Св.Илија“,  Делогожда; Локалитет „Голача“, с.Ташмаруништа;  Подводен локалитет „Врбник“ Струга; локалитет „Куќа на Караѓуле“. Изложбата ќе биде поставена во изложбениот простор при административната зграда на музејот, на 28.11 (среда) во 12.00, а ќе ја отвори Академик проф.др. Вера Битракова Грозданова.Дејноста на Д-р Никола Незлобински, музејот ќе ја чествува со прикажување на дигитализирани фотографии од целосната фото збирка на стаклени негативи, оставштина од Незлобински и неговиот тим на соработници.  Оваа збирка е исклучителен документ за Струга и Струшко во минатото,  како и сведоштво за сестраната пасија на рускиот научник, да ги забележи, истражува, запомне,  биолошкиот и социјалниот свет на регионот, на почетоците од дваесеттиот век.  Изложбата ќе биде поставена во зградата на природонаучната збирка, на 30ти ноември, во 13.00, а истиот ден, во 13.30 ќе биде промовирана и книгата „Фотомонографија од збирката на стаклени негативи на Д-р Никола Незлобински“, во „Спомен дом на Браќа Миладиновци“.  Промотор на фотомонографијата е Д-р Елеонора Петрова Митевска, директор на Управа за заштита на културно наследство.Со неделата посветена на јубилејот, НУМ „Никола Незлобински“ се приклучува кон прославувањето на  Европската година на културно наследство.За значењето и основањето на музејот   Во далечната 1928, рускиот емигрант, воен доктор, еден од  протераните белогардејци, Др Никола Незлобински, заедно со сопругата Софија и тим од соработници е упатен во Струга, за да му помогне на населението да се справи со маларијата, болест која зазема епидемични размери во овој регион.  Покрај големиот придонес за подобрувањето на здравјето на населението, но и подобрувањето на животните услови со дренирањето на Струшкото блато,  Д-р Никола Незлобински во нашата јавност, ќе остане запаметен по оставштината на импресивна збирка, која сведочи за богатството и разновидноста на живиот свет во и околу регионот на Охридското езеро.  Во 1938, Незлобински повел иницијатива за отварање на засебна зграда каде ќе бидат изложени препарирани животни присутни во поднебјето.  Зградата со ангажман и на населението идната година била завршена.  Со ова Незлобински  ги поставува основите на првиот природонаучен тематски музеј и воопшто темелите на музеологијата во Македонија. Денес, музејот се наоѓа во истата зграда, а експонатите сеуште пленат со својата афтентичност. Многу од видовите, исчезнале после пресушувањето на блатото, но за богатстовто на регионот сведочат   околу  8000 примероци ( 6000 од нив, инсекти и пеперутки), кои можат да се погледнат во природонаучната поставка. Денес во музејот, покрај биолошкото одделение, функционираат и археолошко одделение, одделение за етнологија, одделение за историја  и одделение за историја на уметност.

Магазин | пред 7 години

7 год.
DSC_0032

Државниот секретар на МВР на конференцијата „Задржување од имиграциски причини – Практики и применливо законодавство“

Државниот секретар м-р Магдалена Несторовска денеска имаше поздравно обраќање на конференцијата „Задржување од имиграциски причини – Практики и применливо законодавство“ во Скопје, организирана од Македонското здружение за млади правници, а поддржана од Европската Унија.На конференцијата се разгледуваат и дискутираат сегашните практики на задржување на странци во Република Македонија од имиграциски причини, применливата легислатива, како и ограничувањето на правото на слобода на движење на овие лица. Исто така, фокус е даден и на условите и третманот на овие лица, процедурите со непридружуваните деца и можните алтернативи на притвор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-16

Филипче: Воспоставуваме нов лабораториски систем за поквалитетна услуга и помалку трошоци за реагенси

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција  информираше за набавката на реагенси за целата територија на Република Македонија, за периодот од 3 години.Во изминатиот период, Министерството за здравство одржува редовна комуникација со стручни лица и со здружението на биохемичари. Заедно со сите засегнати страни се анализираат претходните постапки за набавки на биохемиски тестови, со цел да се подобри, односно одново да се дефинира техничка спецификација со нова постапка.„Правиме постапка којашто ќе ги содржи апсолутно сите сугестии на второстепената комисија за јавни набавки. Ќе има повеќе лотови, ќе биде делива, а со тоа и отворена за повеќе економски оператори. На овој начин обезбедуваме конкуренција меѓу економските оператори, нивен еднаков третман и транспарентност во процесот на доделување на договор за јавна набавка, а со тоа гарантираме рационално и ефикасно искористување на средствата. Ве повикувам да го пратите процесот, ние сме максимално инклузивни. Ќе известуваме и имате отворена врата да ги пратите сите сегменти, сите чекори на постапката“, изјави министерот Венко Филипче.Во рамките на оваа постапка, ќе се направи лот за лис систем, односно компјутерски систем кој ќе го следи трошењето на реагенсите. Министерството ќе има увид во вкупната количина на резерва со која располагаат ЈЗУ-ата, а врз основа на тоа потрошувачката и во буџетите кои сега се трошат во сите јавно здравствени институции.„Сакаме значајно да ги намалиме трошоците. Сметаме дека на сума од 35 милиони евра за 3 години ќе заштедиме најмалку 5 до 6, што ќе се согласите не е малку. И тие пари ќе ги инвестираме назад во здравствениот систем, пред се во платите на здравствените работници, но и на подобрување на опремата и инфраструктурата“, додаде министерот Филипче.Според досегашните анализи, сегашниот лабораториски систем е несоодветен, скап и неодржлив. Во таа насока ќе се воспостави нов систем на централизација на лабораториите, на ниво на град. Пациентите се уште ќе вадат крв на истите места како досега, но таа ќе се транспортира до главната болница на соодветен начин и согласно критериумите на Европското здружение на биохемичари. Исто така, со постапката ќе се бараат бесплатни апарати. Ова е веќе практика на економските оператори, за да се трошат нивните материјали, а за министерството ќе значи дополнителна буџетска заштеда.Целиот процес како и подготвителната техничка спецификација ќе биде транспарентен и отворен за јавноста преку електронскиот систем за јавни набавки. Сите засегнати страни и заинтересирани лица будно да го следат процесот и да учествуваат во текот на целата постапка. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

21-годишен скопјанец каснат од куче

На 25.11.2018 година во 18.15 часот во Полициската станица  Аеродром, С.Ц.(21) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот на  улица „Гаврил Константиновиќ“ бил каснат од куче скитник.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Одземени 28.000 денари од киоск во Кисела Вода

На 25.11.2018 година околу 21,20 часот во тобако на улица „Иван Козаров“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво над вработената, при што одзел околу 28.000 денари.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
46818498_723352394730754_3192473702495158272_n

(ФОТО) Шилегов со украсувањето го блокира сообраќајот во Скопје

Предновогодишното украсување дополнително го блокираат сообраќајот во центарот на Скопје. Возачите кои се соочуваат со метеж поради протестите на крстосниците, велат дека по два часа им треба да стигнат до дома. Тие се револитрани оти Град Скопје во работни денови, во ударни часови кога има најголем проток на сообраќај го украсува центарот на градот. Истите, прашуваат дали Шилегов слушнал за викенд, кога според нив, треба да се прават овие активности.Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години. Новина е, додава, новогодишната населба Винтерленд, што ќе внесе нова, побогата новогодишна содржина.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Костадинов: Не може да има амнестија за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27 април

Денеска мнозинството пратеници предводено од СДСМ во Собранието не го прифати предлог законот за Амнестија предложен од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за насилствата во Собранието од 27 април, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.„ВМРО-ДПМНЕ бараше за мрачните случувања против демократијата и против граѓаните да бидат ослободени од одговорност сите насилници. Тоа е недозволиво.Ставот на пратениците од СДСМ е јасен: Одговорност за насилството на 27 април мора да има.Не смее  и не може да има амнестија за оние коишто планирале, нарачале и извршиле насилство на 27-ми април“, вели Костадинов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Foto-6_Dodeluvanje-na-nagrada

Театарски оскар во Хрватска за претставата „Орестија“ на режисерот Дејан Пројковски

Претставата „Орестија“ во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на „Хрватско народно казалиште“ од Сплит, ја доби највисоката награда за најдобра претстава во Република Хрватска. Покрај Пројковски, дел од авторскиот тим на претставата се и македонскиот сценограф Валентин Светозарев и композиторот Горан Трајкоски. Доделувањето на највисоките театарски признанија, „Награде хрватског глумишта“ од страна на Хрватското здружение на драмски уметници се одржа изминатата сабота во „Хрватско народно казалиште“ во Загреб.„Авторскиот тим и ансамблот под водство на Дејан Пројковски со оваа силна и впечатлива претстава ја раскажаа Есхиловата трагедија, поврзувајќи го на суштинско и мисловно ниво античкото време со денешницата. Откривајќи ја целосно Есхиловата човечка природа полна со немири, двојба, мрачни нагони, но и желба за воспоставување хармонија, креаторите на оваа претстава создадоа дело со висока естетика“, беше истакнато од театарската критика.Наградата која викендов му беше врачена на Пројковски од претседателката на Хрватското здружение на драмски уметници, Перица Мартиновиќ, важи за највисока награда за театар во Република Хрватска. Се смета за едно од најважните и најреномираните признанија во целиот регион, а хрватските медиуми ја најавуваат како Театарски оскар. За доделувањето на наградите одлучуваше петчлено жири од истакнати театарски дејци.Пројковски премиерно ја постави „Орестија“ на годинешното 64-то по ред „Сплитско лето“ кое се одржа во август, на коешто се закити со главната награда за најдобро уметничко остварување - „ЈУДИТА“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
2-5

(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ ги излажа вработените во „Еурокомпозит“

Анѓушев и Заев ги завија во црно вработените на „Еурокомпозит“ од Прилеп, помина повеќе од 1 и пол година, а проблемот со „Еурокомпозит“ од Прилеп сè уште не е решен, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.„Над 300 вработени живеат во агонија откако дојде СДСМ на власт, преживувајќи од ден за ден, не знаејќи што ги чека секој нареден ден. Пред повеќе од 1 година, на 24 октомври лани, Заев се сретна со вработените на ‘Еурокомпозит’ и им вети исплата на заостанатите плати и трајно решавање на статусот на фирмата. Решение нема до ден денес. Пред само 5 месеци на 3 јуни оваа година, Анѓушев повторно ги излажа вработените на ‘Еурокомпозит’, давајќи им лажна надеж дека има заинтересирани инвеститори. Ниту има инвеститори, ниту, пак, се реши случајот, проблемот на над 300 вработени во фабриката сè уште е реален и горлив“, изјави Арсовски.Денес, за жал, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, погоните не се во функција и се со исклучена струја, а вработените седат дома без работа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-15

(ВИДЕО) Стоилковски: М-НАВ да ги соопшти имињата на нововработените и да ги каже критериумите според кои се примени

Mинаа два дена откако прашавме за македонската навигација за непотизам односно за вработувањата во М-НАВ агенција позната како Македонска Неофицијална Агенција за Вработување. Побаравме од М-НАВ да го објави списокот на 24 нововработени како и по кои црни критериумите се токму примени, но од таму нема одговор. А, нема одговор затоа што и самите се свесни дека Агенцијата служи за вработување на партиски кадри и исполнување на желби, иако немаат врска со потребите на М-НАВ. Меѓу кои има и искусни имиња како роднината на министерот за земјоделство, а во М-НАВ е вработен и партнерот на Заев, Стојанче Ангелов, ова денеска на прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.-На листата на нововработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци во М-НАВ, каде што платите се неколкукратно повисоки од просечната, се и син на директор на социјалните фондови, сестра на вицепремиер, внуци на директор на телекомуникациски оператор и на партиски – коалициски партнер, син на пратеничка, зет на првиот човек на СДСМ од Охрид и син на вработен во М-НАВ. Па додека во ова црнило кое што го живееме чекаме институциите евентуално да се одважат и да истражат, од тука ќе прашаме: Дали нововработениот Антонио Кочовски од Охрид, е зет на првиот СДСМовец од градот Лазе Танески, а и чиј што татко Горан Кочовски исто така е вработен во агенцијата? Дали вработениот Ветон Хадри од Тетово е син на пратеничката од редовите на ДУИ, Шпреса Кадри? На Универзитетот во Тетово каде дипломирал, нема авионавигација ниту контрола на летање, па по кои критериуми се примени овие двајца? Еве ова се два примери за вработувања во агенцијата за кои дури и членовите на комисијата се жалат дека врз нив е вршен притисок да бидат примени токму вакви кадри кои по ништо не исполнуваат услови за работење во агенцијата, потенцира Стоилковски.Тој додава дека М-НАВ треба веднаш да ги соопшти имињата на нововработени од оваа година и да ги каже критериумите според кои се тие примени. Дали освен нив имало други пријавени на конкурсите кои немале квалификации како избраните? Воедно уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага по наводите за непотизам и можната корупција при овие вработувања.-Во М-НАВ се насобрал толку неопходен партиски кадар што и новата сопствена зграда не ги собирала па ќе се селеле под кирија. На локација добро позната на директорот! Ете тоа се европските вредности на СДСМ, тоа е тој пат, навигација, кон ЕУ и НАТО, тоа е таа борба со непотизмот, партизацијата, обемноста на администрацијата и кои ли се празни флоскули и ветувања ги даваа истите оние напикани во криминогената власт кои што сега не се ни кријат ниту имаат потреба да понесат одговорност за девастацијата на Република Македонија. М-НАВ ги отсликува црнилата во кои што СДСМ ја втурна државата. М-НАВ може да се препознае во секоја владина агенција, министерство, локална самоуправа. Со ваква навигација по која сега се движи државата, таа не може да заврши поинаку освен во се подлабока црна дупка. Република Македонија не заслужува таков пат. Република Македонија заслужува многу подобро и затоа уште еднаш ве повикуваме среда во 17 часот да дојдете пред Центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на Плоштадот „ВМРО“ и со еден протестен марш да се упатиме накај Владата на Република Македонија, заврши Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_3476-2-min

Министерот Бектеши го промовираше вториот јавен повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција соопшти дека од денеска стартува вториот јавен повик за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата  ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут.„Со Ребалансот на буџетот, Министерството за економија побара и доби дополнителни средства во износ од 7.000.000 денари за субвенционирање на печки на пелети за домаќинствата. Со ова ќе придонесеме за подигање на јавната свест, за заштеди на енергијата која е скап ресурс и за заштита на животната средина, чија загаденост во есенско-зимската сезона во последниве години создава големи потешкотии. Оваа мерка е и во согласност со владиниот План за чист воздух“, рече Бектеши.Министерот за економија објасни дека ова подразбираше измена на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година, која беше усвоена на последната владина седница, а по објавување вториот по ред јавен повик, право на учество на овој оглас имаат купувачите кои имаат купено печки на пелети во своите домови во периодот од 1 септември до 12 декември 2018 година и кои ќе поднесат барање за искористување на правото на надоместок.„Во јавниот повик детално се наведени условите и потребната документација за аплицирање и иако е отворен до 12 декември годинава, морам да потенцирам дека доделувањето на поддршката на домаќинствата е по принципот ‘прв дојден – прв услужен’. Затоа би сакал да апелирам граѓаните редовно да ги следат соопштенијата од Министерството за економија за да не дојдат во ситуација да се изложат на непланирани трошоци по исцрпување на средствата, кога веќе нема да можат да си обезбедат надомест на трошоците“, соопшти министерот Бектеши.Како што е веќе познато од првиот годинешен оглас, Министерството за економија на оние кои ќе ги исполнат условите од огласот ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност, сѐ до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Македонија за оваа намена. Услов е купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Република Македонија за купување печки на пелети во својот дом. Според проекциите на Министерството за економија, доколку сите апликанти што ќе ги исполнат условите добијат максимален износ на субвенцијата, со оваа мерка ќе се субвенционираат околу 220-230 домаќинства.„Овие нови 220 домаќинства кои ги очекуваме на вториот повик ќе се придружат на групата од 453 домаќинства кои ги исполнија условите и аплицираа на првиот повик за субвенции на печки на пелети до исцрпување на средствата, за кои е веќе реализирана исплатата на обезбедените 14.000.000 денари. Значи, со овие дополнителни 7 милиони, кои ги промовиравме денеска, Министерството за економија годинава обезбеди вкупно 21.000.000 денари само за оваа мерка. Да потсетам дека годинава беа активни уште две мерки, при што за замена на старите прозорци со нови ПВЦ или алуминиумски прозорци 30 милиони денари беа распределени на 1005 домаќинства, додека за купување и вградување на сончеви термални колекторски системи со обезбедените 6 милиони денари субвенциониравме 517 домаќинства“, нагласи министерот Бектеши.Бектеши посочи дека средства за за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност се предвидени и во новиот буџет за 2019 година, а со новата програма на мерки треба да се стартува во почетокот на идната година.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања