Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Најнови вести

7 год.
ivanov

Кабинетот на Иванов потврди дека Јанакиески се сретнал со претседателот – ЕВЕ ШТО ПОБАРАЛ

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по објавата во јавноста на Решението на Основниот суд Скопје 1 за определување на мерка притвор против лицето Миле Јанакиески, категорично одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука.„Ја информираме јавноста дека ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана ‘строго доверливо’, а која е основ за определување на мерката притвор. Миле Јанакиески телефонски побара средба со претседателот Иванов која е одржана на 13.11.2018 година, вторник во 16:00 часот во кабинетот на Претседателот на Република Македонија. На средбата, воопшто не беа дискутирани темите амнестија, на која се повикува судот во решението за притвор, која е во надлежност на Собранието на Република Македонија, ниту пак темата аболиција.Сметаме дека станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки со цел да се инволвира Претседателот на Република Македонија, видливо од јавно објавеното образложение на решението на Судот.Сето ова претставува груба полициска манипулација и инволвирање на полициски службеници со што се извршени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување на исправа, употреба на исправа со невистинита содржина.Останува нејасно, врз основа на што се следат активностите на претседателот Иванов и неговиот Кабинет од страна на УБК?”, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.Оттаму бараат итни одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на УБК, од претседателот на Основниот суд Скопје 1 на дописите од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија коишто беа испратени денеска.„Очигледно е дека продолжува практиката на конструкции и генерирање на кризи во македонското општество од неодговорно однесување на припадници на УБК, нешто што претседателот Иванов го потенцираше во годишното обраќање до пратениците во 2017 година”, се додава во соопштението до медиумите.Иванов, како што велат од неговиот кабинет, „како и досега, ќе постапува исклучиво согласно Уставот на Република Македонија и неговите надлежности и со никакви притисоци и закани нема да отстапи од тоа”.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMGP7067

Груевски од Црна Гора продолжил во Србија

Патешествието на Груевски низ Црна Гора наликувало на шпионски филм. Го чекале разни унгарски дипломати, се менувале возила, а примопредавањето се одвивало во мотел. ДВ дознава дека Груевски сепак минал низ СрбијаМакедонската лична карта и унгарското дипломатско возило му овозможиле на поранешниот премиер Никола Груевски удобна прошетка низ три балкански држави до пристигнувањето до крајната дестинација- Унгарија. Притоа, она што се случувало од моментот кога Груевски влегол во Црна Гора, па до влезот во Србија повеќе наликува на некој шпионски филм, одошто на реална приказна.Извори во полицијата во Црна Гора, кои побараа анонимност, за ДВ потврдија дека Груевски својот пат од таа земја го продолжил кон соседна Србија.Претходно, во официјалното соопштение на црногорската полиција беше наведено дека експремиерот влегол во земјата на 11 ноември со автомобил преку граничниот премин Божај. Влегол со лична карта, а излегол истиот ден со истиот автомобил во правец на Србија.Според сознанијата на Дојче веле, вака изгледало патешествието на Груевски низ Црна Гора:- Во 19:10 часот влегол во земјата преку преминот Божај. Таму го пречекале двајца службеници на унгарската амбасада во Подгорица.- Со возило Фолксваген Џета бил пренесен во Подгорица. Таму веќе го чекал заменикот- амбасадор и заедно со уште едно лице влегле во друго возило и се упатиле кон граничниот премин Добраково.- Таму пристигнале околу 22 часот. Влегле во Србија и таму им го предале Груевски на други унгарски дипломати кои за таа цел пристигнале од Белград. Средбата со дипломатите од белградската амбасада и размената на бегалецот се случила во мотелот Лукс пред влезот во Пријепоље.И во Србија, како и во Црна Гора, Груевски влегол со лична карта затоа што во тој момент по него се уште немаше распишано меѓународна потерница од македонското МВР.Извор: DW

Македонија | пред 7 години

7 год.
Centar-Za-Kultura-Grigor-Prlicev-Ohrid

Се урнал дел од таванот во охридскиот театар

Дел од таванот над малата сцена во Центарот за култура Григор Прличев Охрид е оштетен и паднал , а делови од таванот сеуште висат над сцената.Ова се случило пред неколку денови, а според наши извори и за време на премиерата на претставата „Метод“ оштетениот таван висел над салата.Управата на центарот иако таванот почнал да паѓа од 11 овој месец, не излегува во јавноста и нема информации како ќе продолжи да функционира центарот со оштетениот таван кој паѓа и виси над малата сала во периодот кој следи и во кој се закажани настани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMGP7033

Властите во Албанија потврдија дека Груевски избегал преку нивната држава

Албанските меидуми јавуваат дека властите во оваа земја денес потврдиле дека Никола Груевски бегството го направил преку територија на Република Албанија.Според албанските медиуми Груевски бил во амбасадата на Унгарија во Тирана, а дека Груевски бил во нивната амбасада во Тирана потврди и владата на Виктор Орбан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
oliver-spasovski-zoran-zaev

Власта фатена во лага: Дали е можно Спасовски да собирал информации за Јанакиески, а да не знаел ништо за Груевски?!

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски знаеле за движењето на поранешниот премиер Никола Груевски? Ова е прашањето кое на големо се коментира во јавноста, откако беше определен притвор за Миле Јанакиески врз основа на белешка на УБК за наводно бегство кој го спремал Јанакиески.Во однос на Груевски повеќе од јасно е дека човекот кого со месеци го следат безбедносните служби, за кого одредени медиуми пишуваа и најсочни детали со кого се среќавал, што зборувал на средбите, како зборувал, невозможно е да избега со сопствени сили и без знаење на Заев и Спасовски.Она на што треба да се стави акцент по заминувањето на Груевски од Република Македонија е политичката заднина и последиците од неа.Несомнено е дека заминувањето на Никола Груевски ѝ стави црна дамка на политичката и професионална кариера на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, иако на дневна основа Спасовски се обидува да спаси дел од она што останало со префрлање на топката во судот.-Размислувам во однос на одговорноста на оние на кои им одредуваат притвор на лицата за кои постои опасност да избегаат. Ги пуштаат слободно да се движат низ државата, слободно да ги обавуваат сите работи кои ги обавуваат и на крај кога се носи пресудата тие не се во притвор за да можат да бидат обезбедни, иако се со повеќе кривични дела. Замислете, притвор се одредува за случаи на разбојништво и тешки кражби, а за вакви случаи не се одредува. Полицијата работи исклучиво по наредбите кои ги издава судот и таа без наредба не може да следи кого било и постојано да биде присутна со него, околу него само заради тоа што се води судска постапка против него, рече Спасовски.Но останува неодговорено прашањето како МВР не знаело за движењето на екс премиерот додека биле употребени посебни мерки за да се следи движењето на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои стои дека тој подготвувал бегство и кои како доказ биле прифатени од судот да определи мерка притвор.Во истата стои дека обвинетиот Јанакиески преку посредник барал да биде амнестиран од Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, за што веднаш од претседателскиот кабинет беше испратен демант. Кабинет на Иванов: Oстанува нејасно, врз основа на што се следат активностите на претседателот Иванов и неговиот Кабинет од страна на УБК?Шефот на државата Ѓорге Иванов предупредува од груба манипулација од страна на УБК, откако во медиумите беа објавени извадоци од решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за прифаќањето на предлогот на СЈО, Миле Јанакиески да биде притворен. Поточно судијата на претходна постапка донел таква одлука откако претходно Јанакиески наводно преку посредник не успеал да издејствува амнестија од претседателот, па за Судот тоа било причина да го стават во Шутка.Од кабинетот на Иванов предупредуваат дека станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки со цел да се инволвира Претседателот на Република Македонија, видливо од јавно објавеното образложение на решението на Судот. Посочувајќи дека ниту била побарана ниту пак остварена средба со каков било посредник за да издејствува амнестија во име на Јанакиески.Јанакиески тврди дека е во притвор врз база на фингирана белешка од МВРДенеска пак, на почетокот на рочиштето за “Т.Н.Т” судијата Огнен Ставрев му се обрати на Миле Јанакиески, кој во судот беше спроведен од затворот во Шутка, и изрази жалење зошто морал да одреди притвор за него.Јанакиески истакна дека е во притвор врз база на фингирана белешка од МВР и додаде “кога не може по магарето, удри по самарот”.Адвокатот Миланов: Власта е бесна, па им се осветува на останатите обвинетиДа се оди со некакво известување од УБК за наводно нивно подготвување без факти, без дејствија, без аргументи сметам дека е апсурдно и сето ова е начин на освета. А на крајот на краиштата сето ова беше најавено синоќа во изјавата на господинот Оливер Спасовски, што укажува на спрега помеѓу власта и судството“, изјави Еленко Миланов, адвокат на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник“.Миланов во изјава за Република вели дека по бегството на порашениот премиер Никола Груевски, власта е бесна и им се осветува на останатите обвинети во случаите на СЈО.-Во моментот кога се објави дека Груевски не е во републиката, мерките за претпазливост кои се почитуваат во целост, се пренебрегнуваат и се носи ваква одлука, вели адвокатот Миланов.Тој додава дека како втора страна, обвинетите треба да добијат убид во доказите што ги обезбедило обвинитеството од УБК, но не знаат ниту каде ниту како ниту пак кога обвинетите се подготвувале за бегство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sesh

Шешељ: Нашиот брат Никола Груевски го спасија српски четници – тие го обезбедуваа се до 5 часот наутро

Никола Груевски преку Србија стигнал во Унгарија, а четници од Србија го обезбедувале до Хоргош, откри во емисијата „После ручек“ на Happy ТВ претседателот на СРС Војислав Шешељ.Најновата вест е дека нашиот брат Никола Груевски заминал од Македонија преку Србија во братска Унгарија, вели лидерот на радикалите.Претседателот на СРС додадек дека Груевски безбедно избегал од апсење на предавничката власт предводена од Зоран Заев.Кога се појавил на српската граница, го прифатиле српските четници и тие го обезбедувале се до Хоргош, а таму во 5 часот наутро 12. ноември преминал во Унгарија, открива Шешељ.Првиот човек на радикалите Војислав Шешељ е познат по своите контроверзни ставови за македонско-српските односи, но и промотор на идејата за Голема Србија.Горд сум на тоа и уверен сум дека еден ден таа идеја ќе се реализира. САД се главни виновници за крвавиот распад на бивша Југославија и за тоа јавно зборував во текот на хашкиот процес. Доколку тие не се вмешаа се ќе беше различно и Македонија сигурно ќе останеше со Србија и денес вие не би ги имале проблемите со кои се соочувате, рече Шешељ во интервјуто за Поглед.мк.Тој во интервјуто за „Поглед“ рече дека Груевски трпи последици поради тоа што остварувал соработка со Руската Федерација. Целото интервју со Шешељ прочитајте го ОВДЕ

Македонија | пред 7 години

7 год.
sile-89705

Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта

Градоналачникот на Град Скопје Петре Шилегов ја откажал посетата на Будимпешта која била закажан за 22 ноември, пишува „Независен“.На средбата која била закажана претходно, требало да разговараат и разменат искуства за урбанизам.Откажување на средбата е поради последните настани поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски, кој побара политички азил од Унгарија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Silegov-520x292

Решенијата се готови: Шилегов ќе блокира сметки за неплатен данок

Град Скопје ќе почне присилна наплата на данокот на имот за годините од 2013 до 2017 година, информираат службите.„Им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и неплатен долг, за да не дојде до присилна наплата потребно е неодложно да ги подмират своите обврски. Воедно, Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картичка, која е објавена на интернет сајтот на Град Скопје со извршена регистрација на истиот, стои во известувањето.Од Град Скопје велат и дека годинава во март испратиле опомени за неплатен данок на имот на сите даночни обврзници.„Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на данокот на имот по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните обврзници. Доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на должниците во деловните банки, стои во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski_1904_g111_3-640x437

Кој ќе одговара за бегството на Груевски?

Бегството на Никола Груевски долеа вода во воденицата на македонскиот политички театар на апсурдот кој никогаш не разочарува со својата очајна глума и бескрајна неинвентивност, пушува „Дојче Веле“ на македонски.ВМРО-ДПМНЕ побара оставки од премиерот Заев и министерот Спасовски поради бегството на нивниот почесен претседател. Уште еднаш препрочитајте ја последната реченица, па ако нејзината апсурдност не е доволна, еве го и вториот дел:„Наместо да се правдаат, сега е вистинско време двајцата (Заев и Спасовски, н.з.) да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирањето на институциите и разорувањето на Македонија.“Но и фарсата која ја сервира власта во изминативе денови е исто така вредна за одбележување.„Пропусти нема направено ниту една институција“, рече премиерот Заев. Единствено, ќе дополни, ако граничните премини направиле некаков пропуст, ама тоа се истражувало. Граница ко граница. Едни излегуваат, други влегуваат. Кој да им го фати крајот?Никој не е виновенМантрата „никој не е виновен“ во Македонија одамна стана сама по себе разбирлива презумпција на невиност за сите политичари на власт. Таа важи сѐ додека вина не се утврди, а дотогаш вината ја утврдува премиерот. Глупаво би било за утврдување на вината да биде надлежно некое друго тело во држава во која поделбата на власта е одамна апсолвирана категорија. До толку е преџвакана и утврдена, постигната е една таква симбиоза, што нема потреба веќе ни да постои, ниту да се споменува. За Заев, можеби, е виновен некој таму граничен службеник, за Спасовски судот, за судот- обвинителството, за обвинителството - никој, и така во круг. Сѐ додека кругот не стигне до ВМРО-ДПМНЕ, се разбира, а таму, додека седат во „замрзнатата“ Бела палата се држат за глава каква е оваа полициска држава во која нивниот почесен претседател не може да побегне ни до Унгарија, а МВР да дознае за тоа. Во нивно време МВР „дознаваше“ вакви работи уште пред некој да биде и обвинет, а камоли осуден.Ова актуелново МВР, пак, работи исклучиво според Уставот и законите. Не, не, овојпат навистина. Разликата е огромна: откако МВР почна да ги почитува Уставот и законите криминалците масовно бегаат од државата. Ако продолжи полицијата вака да работи, реални се шансите дека во Македонија за некоја година навистина нема да остане ниту еден криминалец. Сите ќе заминат.Додека порано се одеше во затвор за 100 украдени кебапчиња, денес веќе, во 30 дневен притвор завршуваат луѓе што испушиле џоинт на улица. Е има разлика. Па не се тие бивши премиери осудени за криминал, па ќе пребираат денеска сакам, утре не сакам обезбедување. Ќе дојдам во Шутка, ама да помине викендот... Ако ме нема до понеделник, испратете „Алфи“ во вторник да ме побараат. Само да се приклучам на интернет ќе ви пишам на Фејсбук, не сум далеку (кисче). Нема за нив внатрешната контрола на МВР да истражува кој и како им помагал. Се знае, согласно Уставот и законите - затвор.ФијаскоА еве, „експресно“ се јави и Јавното обвинителство кое по допрен глас ќе истражува дали некој службеник му помагал во бегството на Груевски. Логично, затоа што кога поранешен премиер бега од својата земја каде е осуден или обвинет за серија кривични дела, најчесто во тоа му помагаат таму некои службеници - ситна боранија која единствено може да организира пат од 800 и кусур километри преку најмалку три граници без пасош.Делува дека сите имаат по малку „путер на главата“, па веројатно наскоро ќе почне да им тече и по лицето, а не само „низ ногавици“. Четири дена, од петокот до понеделникот, јавноста се замајуваше со прашањето кога на Груевски ќе му бидат отворени портите на Шутка. „Не се секирајте, тука е“, беше вообичаениот одговор од власта. Претставата продолжи со камери пред домот на Груевски, па во гаражата на ВМРО-ДПМНЕ...Фалеше уште и околу крстот на Водно да го побараат - да не е излезен на воздух? И премиерот ја уверуваше јавноста: не е таков човекот, доаѓа на седници во Собрание, на рочишта во суд, зошто не би отишол и во затвор?На крајот- трагедија. Сите толку му веруваа, а тој, измамник, си замина. Неверојатно! Кој да помисли дека ќе дочекаме бивш премиер со такво беспрекорно СиВи, почитуван и сакан на сите страни, едноставно да се спакува и да си замине. Ни со жената и децата не се поздрави. Еве од СЈО велат дека немал човекот ни имот, ниту пари. Ќе му стигне ли пратеничката плата? Жално.И сега „шу праиме?“, што би рекла новата ѕвезда на македонските телевизии.Можеби е власта среќна што наместо „маченик за каузата“ доби бегалец кај Орбан. Можеби е и опозицијата задоволна што добива шанса да се ослободи од сенката на корумпираната сива еминенција.Можеби дури и некои европски политичари ликуваат што бегството на Груевски истовремено ќе му ја затне и устата.Можеби сето тоа е така. Можеби и не е. Без разлика дали ќе веруваме оти неспособноста на институциите, од судот до МВР, му го отворија патот на Груевски до Будимпешта, или пак станува збор за некаков заткулисен „валкан“ договор, едно е сигурно: Македонија вака нема да ја биде.И, кој ќе одговара за бегството на Груевски?Ама ајде сега пак со тие глупости! Таман профункционира правната држава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

КАНАЛ 5: Груевски избегал со автомобил - Следна дестинација Турција или Русија

Според информациите до кои дојдe „Канал 5 телевизија“, Груевски има намера Унгарија и барањето за азил таму да го искористи само за да купи време пред да ја донесе одлуката каде да замине за подолг престој.„Со оглед дека Унгарија е земја членка на ЕУ, за очекување е Орбан да биде соочен со притисок од Брисел за екстрадиција. Според нашите извори, знаејќи го ова, Груевски на ум има две можни дестинации.Едната е Турција, во која долги година апсолутна власт има Ердоган, со кого Груевски има изградено и лични релации, а често и годишните одмори ги поминуваше таму, на лична покана од турскиот претседател.Втората можна крајна дестинација на експремиерот, според овие информации, е Русија, во која често прибежиште бараат луѓето од регионов кои треба да одговараат во своите земји.Нашите извори, ги потврдуваат и тезите дека Груевски стигнал во Будимпешта преку Србија. Според информациите, тој ја напуштил државава во саботата претпладнето со автомобил. Првата пауза за ручек, одмор и веројатно за средување на формалностите поврзани со барањето за азил, ја направил во  елитен хотел во Белград, а потоа го продолжил патот со истото возило кон Будимпешта. Чија сопственост е возилото, на кој премин поминал, и кој се му помогнал, допрва треба да се открие“, пишива телвизијата

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, двајца со тешки телесни повреди

Вчера  во 19.30 часот на крстосницата од булевар „Никола Карев“, улица „Самоилова“ и улица „Максут Садик“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(51) од Кочани и патничко возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Г.(26) од село Буковиќ, скопско.Од нзгодата со повреди се здобиле возачот Б.А. и сопатниците во возилото „Рено трафик“, М.Ј.(56), Л.Т.(33), Е.Г.(35) и Г.Г.(69), сите од Кочани. Л.Т. и Е.Г. биле пренесени во приватната здравствена установа „Жан Митрев“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Л.Т. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Е.Г. биле констатирани телесни повреди. Б.А. и Г.Г. со возило на Итна медицинск апомош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. М.Ј. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Возачот  С.С. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје

Скопје | пред 7 години

7 год.
Maja-pres-23.02.2017-konecna-1

Морачанин и Поповска со Предлог-закон за намалување на бројот на уличните кучиња

Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, подготвија Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните. Покрај нив, предлагачи на Законот се и пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Милева Горгиева од СДСМ, Никица Корубин од ЛДП, Мирсада Емини-Асани и Шпреса Хадри од ДУИ и независните пратенички Ирена Стефоска и Ивана Туфегџиќ.„Со Предлог-законот ќе се спречи неконтролираното зголемување на бројот на улични кучиња, кои во најголем дел потекнуваат од размножувањето на домашните миленици. Секое куче женка во репродуктивен период продуцира десетина младенчиња годишно и најголем број од нив завршуваат на улица како улични кучиња. Со законските измени се воведува обрска за сопствениците на кучиња во репродуктивен период, да ги кастрираат, односно ојаловат своите кучиња во овластени ветеринарни амбуланти, болници и клиники, на сопствен трошок. Исклучок се сопствениците кои имаат регистрирано одгледувачници на кучиња. За неспроведување на оваа законска одредба се предвидува глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.Предлог-законот предвидува зголемување на глобите за сопствениците на кучиња, доколку не ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните установи, со цел регистрирање и идентификување, не постават табла на влезната врата во дворот за присуство на куче, не ги врзуваат кучињата на поводник кога се на јавно место, не го пријават леглото од своите животни во овластена ветеринарна установа, не ги идентификуваат младенчињата пред да ги вдомат и не ги пријават лицата кај кои ги вдомиле. За овие прекршоци, глобите за правните лица ќе се зголемат од сегашните 100 на 700 евра, а за физичките лица од 10-15, на 100 евра во денарска противвредност“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
FB-Event

Филмскиот фестивал „Џифони патува“ во Кочани на 14 и 15 ноември

По завршувањето на Филомскиот фестивал за млади Џифони Македонија кој се одржа минатиот месец во Скопје, продолжува патувачкиот дел во помалите градови низ Македонија под наслов „Џифони патува“.На 16 и 17 ноември во Кочани ќе се одржи Фестивалот за млади „Џифони патува во Кочани“ кој ќе го отвори градоначалникот на Кочани г-дин Николчо Илијев, а потоа во текот на двата дена младите ученици ќе го гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерката Нина Максимова, која ќе биде и ментор на актерската работилница.Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. На овој начин и младите од помалите градови каде најчесто не постои можност за гледање на филмови во кино сала, ќе можат барем за кратко да ја осетат магијата на филмот. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Кочани и Италијанската амбасада во Скопје.Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Струмица, Велес, Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп, а до крајот на оваа година ќе продолжи во Струга и Гостивар.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Политика“: Груевски побегнал преку Албанија, па со авион до Будимпешта

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал до Тирана, каде бил прифатен во унгарската Амбасада. Со првиот утрински лет на компанијата „Малев“ тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта, пишува белградскиот весник „Политика“.Добивајќи информација од своите соработници во системот на власта дека полицијата се подготвува да го уапси, Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал во Тирана. Таму бил прифатен во Амбасадата на Унгарија, а потоа со првиот утрински лет на унгарската компанија „Малев“ тој од Тирана пристигнал во Будимпешта. Екипажот на авионот воопшто не знаел кој е патникот со шешир и очила за сонце, кои не ги симнувал ниту во авионот, пишува „Политика“.Во моментот кога македонската потерница стапила во сила, а тоа било некаде околу 10 часот претпладне, Груевски веќе бил во Будимпешта од каде им испратил порака на властите во Скопје дека ги надмудрил, но дека ја сака Македонија и дека секогаш ќе биде со неа. Секако, ја сака и слободата, но сопствената, наведува српскиот весник.Властите во Скопје реагираа со моментно апсење на соработници на Никола Груевски и останува да се истражи кој сѐ му помогнал на поранешниот премиер да побегне од Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija

Полицијата во Дубаи доби летачки мотоцикли

Руската компанија од Калифорнија, Hoversurf, уште минатата година ѝ вети на полицијата во Дубаи дека ќе ѝ ги испорача првите примероци на електрични мотоцикли со способност за вертикално полетување и слетување.Годинава  тие го исполнија ветувањето претставувајќи го првиот сериски модел S3 на технолошкиот саем Gitex, а според Си-ен-ен, момчињата во сино веќе започнаа со запознавање и обука на новата технологија. Летачките мотоцикли ќе бидат во употреба од 2020 година.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Британската влада го прифати нацрт договорот за Брегзитот

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека нејзината влада решила да го поддржи предложениот нацрт предлог за Брегзитот. Најавувајќи дека денеска ќе му се обрати на британскиот парламент, Меј оцени дека оваа одлука е од национален интерес и го исполнува ветувањето поврзано со референдумот за излегување на Британија од Европската унија. Веднаш потоа Семи Вилсон, претставник на северноирската Партија на демократски унионисти која и дава поддршка на владата на Меј изјави дека станува збор за „јаден и лош договор“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си-Ен-Ен

Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си- н-Ен против администрацијата на Доналд Трамп, велејќи дека новинарот нема уставно право на пристап до канцеларијата на претседателот на САД.Во дописот се наведува дека претседателот и неговиот персонал имаат „апсолутно дискрециско право”, во поглед на пристапот на новинарите и интервјуата.Дописот беше испратен истиот ден кога многу други медиумски организации, меѓу кои и Фокс Њуз, ја објавија својата поддршка за Си-Ен-Ен.На известувачот на Си-Ен-Ен Џим Акоста му е одземена акредитацијата по бурна вербална комуникација со претседателот Трамп.Светот го обиколи снимката на која Трамп му вели  на Акоста „невоспитани сте и грда личност”, бидејќи тој продолжи да поставува прашања и не и го враќаше микрофонот на младата приправничка во Белата куќа.Потоа, Белата куќа му ја одзеде акредитација на новинарот, што ќе остане „во сила на неодредено време“, но објасни дека со оваа мерка Акоста бил казнет за упорните прашања, но и поради несоодветно однесување кон приправничката.Си-Ен-Ен поднесе тужба против претседателот и неколку негови соработници. Рочиштето беше во Вашингтон вчера попладне по американско време.Спротивно на тужбата на Си-Ен-Ен, во дописот се тврди дека „ниту еден новинар нема право според Првиот амандман да влезе во Белата куќа”.Исто така, се наведува дека Акоста истиот ден, а подоцна и писмено добил известување за причината за забраната и се истакнува дека пристап му е забранет поради тоа што „ги прекршил новинарските правила.” 

Свет | пред 7 години

7 год.
orban

Побегнатиот македонски премиер-тест за Виктор Орбан и европската заедничка политика

Српската Тв Н1, вечерва во ударниот термин на Тв Дневникот емитуваше прилог за случајот со побегнатиот поранешен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевки, ставајќи го акцентот на унгарските власти, кои според оваа телевизија засега купуваат само време со неспоменувањето на името на Никола Груевски.-Потенцијалната екстрадиција на Груевски, ќе биде тест за унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој често е нарекуван како про-руски елемент во Европската унија, кој не држи многу за единствената европска политика. Унгарските медиуми, под контрола на властите од почетокот на аферата, го опишуваат Груевски како жртва на Џорџ Сорос, што аналитичарите го толкуваат како сигнал за одлуката што ќе биде донесена, наведува Тв Н1, повикувајќи се и на изјавата на унгарскиот новинар Габор Бодис.– Јас мислам дека овој избор веќе е направен, само што не е јавен. Мислам дека Груевски ќе добие азил, без оглед на обврските што ги има Виктор Орбан кон сојузниците во НАТО и во ЕУ, вели тој.Таквата одлука унгарските власти тешко може да ја оправдаат пред своите граѓани. – Унгарија е опкружена со бодликава жица од сите страни, а законите за миграција се многу строги. Барањето за азил, вклучувајќи го и политичкиот, може да се поднесе само на транзитните точки, каде што Груевски заедно со другите бегалци ќе треба да чека најмалку една година. Оваа контроверзност е внимателно следена во Европскиот парламент, наведува ТВ Н1, која е регионална телевизија на ЦНН.-Следното прашање е дали унгарските власти ќе ги почитуваат сопствените правила и ќе го испратат Груевски да побара азил во прифатните центри или ќе го одбие неговото барање, бидејќи тој избегал од за нив „безбедна земја” или ништо од наведеното. Ние ја следиме состојбата”, нагласи Јудит Саргентини, пратеник во  Европскиот парламент.Дека случајот Груевски ќе биде коска во грлото на владата на Виктор Орбан, покажува и иницијатива на Советот за национална безбедност, чиј претседател е од опозициската партија Јовик, кој веќе најави дека следната недела ќе се расправа за случајот на одбегнатиот балкански премиер.-Нема сомнение дека ова прашање ќе биде на дневен ред. Прво и најважно прашање е  како осудениот криминалец успеа да влезе во земјата, изјави Адам Миркоцки, претседател на Советот за национална безбедност на Унгарија.Српската ТВ Н1 се прашува и од каде Груевски влегол во Унгарија, наведувајќи ја шпекулацијата дека рутата на Груевски поминувала низ Србија, но засега нема официјална потврда за оваа верзија, само информацијата од српското МВР дека Никола Груевски нема српско државјанство и пасош, не наведувајќи ништо повеќе од оваа штура информација.Околу бегството на Груевски во Унгарија вчера и денеска информираат сите српски медиуми, а весникот „Данас“ го објави и соопштението на опзициското Движење на слободните граѓании (ПСГ) на Саша Јанковиќ и Граѓанскиот блок 381 кои побараа од Српската напредна партија (СНС) и од српската влада да одговарат која е улога на Белград во бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, оценувајќи притоа дека Србија под власта на СНС станала “безбедна зона” за богатите луѓе кои во своите земји бегаат од правдата.-Дали (Претседателот на Србија Александар) Вучиќ му помогнал размислувајќи и за себе. Дали незаконски и наредил на разузнавачката служба БИА тајно да го прифати Груевски и да го спроведе преку Србија, затоа што сака да создаде пракса која утре и нему ќе му треба, прашуваат од ПСГ и Граѓански блок 381 во соопштението до јавноста

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Лагард: Централните банки треба да размислат за издавање дигитални валути

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека централните банки ширум светот треба да размислат за издавање дигитална валута.Во говор во Сингапур, Лагард рече дека ова би можело трансакциите со дигитални валути да ги направи побезбедни.Неготовинските плаќања се зголемија во текот на годините, со што се зголемија и предизвиците за владите и централните банки. Регулаторите изразија загриженост поради дигиталните валути и повикаа на поголем надзор.– Верувам дека треба да ја разгледаме можноста за издавање дигитална валута. Може да има улога за државата да обезбеди пари за дигиталната економија, изјави Лагард во својот говор на конференција во Сингапур.– Предноста е јасна. Вашата исплата ќе биде веднаш, сигурна, евтина и потенцијално полуанонимна … И централните банки ќе задржат сигурна основа во плаќањата, рече Лагард и додаде дека централните банки на Канада, Кина, Шведска и Уругвај „сериозно размислуваат” за предлози за дигитални валути.Виртуелна валута издадена од централна банка би била обврска на државата, како што се готовите пари,  не на приватна фирма. Според Лагард, тоа би ги направило трансакциите посигурни и почести, а со тоа и поевтини со што би им се помогнало на потрошувачите

Свет | пред 7 години

7 год.
budzet

Денеска последен рок буџетот за 2019 година да стигне во Собранието

Владата на Република Македонија на вчерашната седница го разгледуваше предлог-буџетот за наредната година. Во рамки на закажаната 103 седница беше најавено да се дебатира за предлог-буџетот за 2019 година, како и за предлог-законот за извршување на буџетот. Законскиот рок на Владата е најдоцна до денеска да го достави до Собранието на Република Македонија.Со предлогот на Министерството за финансии, што беше претставен пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите, предвидено е вкупните приходи во државната каса за 2019 година да изнесуваат 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а стапката на инфлација на 2 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на годинава.„Обезбедуваме умерена и постепена фискална консолидација. Ако пред две години буџетскиот дефицит изнесуваше три проценти од БДП, сега го намалуваме на 2,5 од БДП и сметаме дека тоа е сериозно намалување и исправен чекор. Не одиме кон радикално намалување“, појасни министерот за финансии Драган Тевдовски.Дефицитот ќе се покрива од домашни и надворешни извори во зависност од пазарните услови.Тој оцени дека со постепената фискална консолидација се подготвува земјата за она што ја очекува во 2020 и 2021 година, односно исплата на доспеаните долгови направени од претходната власт.Во предлог-буџетот има пари за повисоки плати во здравството, образованието и одбраната, повеќе пари за реформите во социјалната и детската заштита и пензискиот систем, како и средства за воведување „зелена нафта“ во земјоделството. Предвидени се повисоки плати за 10 проценти за лекарите специјалисти од јануари следната година и уште 5 проценти во септември за сите лекари. Зголемување на платите за пет проценти од септември догодина предвидени се и за просветните работници. Пет проценти повисока септемвриска плата се очекува да земат и вработените во администрацијата, но во предлог-буџетот за 2019 година не се предвидени пари за исплата на К-15 во јавниот сектор.Капиталните инвестиции се проектирани на 25,7 милијарди денари, а министерот за финансии очекува дека следната година ќе се забрза реализацијата на овие проекти.„Постојано Министерството за финансии прави притисок на сите институции што имаат вакви проекти да ги реализираат. Многупати тие се соочуваат со огромни проблеми како проектни документации и добро е што во моментов голем дел од таквите проблеми се решени кај големите проекти и очекуваме дека ќе забрза реализацијата на капиталните инвестиции“, рече Тевдовски, одговарајќи на прашање каков ќе биде механизамот што ќе се примени за капиталните инвестиции да бидат целосно реализирани.Владата вчера на седницата донесе одлука да се обезбедат првични 98 милиони денари во Буџетот за борба против аерозагадувањето.„Донесена е одлука со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. Како првични средства за оваа намена во буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.На дневен ред на седницата се Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2017 година и  Предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во прво читање.

Македонија | пред 7 години

7 год.
idioti

Во Софија средба меѓу Заев и Борисов

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска во Софија ќе има средба со премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов по што, како што е најавено, ќе следуваат изјави за медиумите. Премиерот Заев ќе престојува во Софија за да учетсвува на собиротStartUp Europe Summit.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sudenje-3

Продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште беа читани СМС и вибер пораки од вештачењето на мобилниот телефон на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносните камери во Собранието, од ходиникот пред канцеларијата на спикерот Вељаноски, ходниците што водат до и холот пред прес-салата во Собранието.Судечкиот совет во предметот „27 април“ минатата недела одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ  „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата здравствена состојба.За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од утре задолжително поседување на зимска опрема во возилата

Министерството за внатрешни работи информираат дека, моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.„Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на возачот кој постапува спротивно на одредбата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46146059_2065857206793814_8101874252447219712_o

Доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје

Вчеравечер, во Македонската филхармонија, се одржа свеченоста по повод одбележување на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, на која градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на годинешните добитници, на нашите сограѓани коишто дале свој придонес за негова афирмација, им ги врачи наградите и им се обрати на присутните гости.Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2018 година се:Од областа на наукатаМАРГАРИТА ЦАЦА НИКОЛОВСКА, судија, за придонес во унапредување, промоција и заштита на човековите права и слободи, развој на демократијата и владеење на правото.Од областа на образованието и воспитаниетоАЏИ ФИДА, професор во пензија, за долгогодишна успешна дејност во областа на образованието и воспитанието.Од областа на спортотАНДРЕЈ СТОЈАНОВСКИ, пливач, за остварување врвни резултати во пливачкиот спорт во категоријата за лица со посебни потреби.Од областа на културата:1.МАРКО КОЛОВСКИ, музиколог, за значајни долгогодишни остварувања во областа на музичкото творештво.2. РЕСУЛ ШАБАНИ, писател и книжевен преведувач, за превод на Антологиите „Поети академици“ и „Поети и раскажувачи академици“.Од областа на уметноста:РАМАДАН ШУКРИ, академски музичар, за придонес во областа на уметноста, културата, образованието и воспитанието.Од областа на публицистикатаСЕФЕР ТАХИРИ, новинар, за 20-годишен придонес во развојот на новинарството и публицистиката.Од областа на архитектуратаДАНИЦА ПАВЛОВСКА – ЦИГИ, архитект, за долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот.Правни лица:1.ЈЗУ ГЕРОНТОЛОШКИ ЗАВОД „13 НОЕМВРИ“ СКОПЈЕ, за долгогодишна успешна работа.2.ПРОТИВПОЖАРНА БРИГАДА НА ГРАД СКОПЈЕ, за успешна работа и голем придонес во заштитата и спасувањето на граѓаните од пожари, природни непогоди и други несреќи.За ученици и студенти:1.АРДА МУСТАФАОГЛУ, ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.2.МИЛА КОЦЕВСКА, СОФИЈА СТОЈМЕНОВА, НЕНА ГИЕВСКА, МАРИЈА ГАВРИЛОВИЌ, ПЕТАР ТОДОРОВСКИ И ВЕДРАН ЛАУРЕНЧИЌ, ученици во ООУ „Кочо Рацин“- Скопје, за хуманост-укажување прва помош на лице во градски автобус.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања