Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Најнови вести

7 год.
brza-pomos

Биланс од прославите - Пијани и натепни завршиле во болниците

Брзата помош од Охрид во новогодишната ноќ интервенирала десетина пати при што две алкохолизирани лица завршиле на инфузија, додкеа три лица повредени со исекотини завршиле на хирургија после тепачка во ноќниот клуб „Хавана“.За целокупниот биланс во новогодишната ноќ официјално соопштение ќе издаде СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1879897888888888888888-620x350

Крваво утро во Белград: Маж повреден во пукање, а еден избоден со нож

Еден маж е тешко повреден во пукање кое се случило во утринските часови пред еден кафич во Белград, а еден е избоден со нож во пределот на градите.Пукањето се случило околу 7:15 часот утрово пред кафичот „Дилема“, кога на маж на возраст од 24 години му било пукано во глава.Со тешки повреди на главата и мозокот е пренесен на реанимација во Ургентен центар. Докторите се борат за неговиот живот.Околу 9 часот дошло до инцидент кога маж на возраст од околу 25 години е избоден со нож во пределот на градниот кош.Според информациите тој бил избоден за време на тепачка и исто така префрлен е на реанимација во Ургентен центар.

Свет | пред 7 години

7 год.
DSC_3607

(ФОТО) Весела и топла атмосфера на плоштадот „Магнолија“ во Битола

На Плоштадот „Магнолија“ во Битола, синоќа во весела и топла атмосфера, илјадници битолчани ја дочекаа Новата 2019 година, со желби за добро здравје и многу успеси.По масовното одбројување, точно на полноќ, со голем огномет беше означен влезот во Новата година, а атмосферата ја надополно и Дедо Мраз, по што беше прочитана новогодишната честитка од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која ја дочека Новата година заедно со своите сограѓани на Плоштадот „Магнолија“.„Нека 2019 биде година во која здравјето нема да Ве оптоварува, година во која Вашите желби ќе станат реалност, година во која Вашите лица ќе ги греат насмевки, 2019 нека е година во која ќе се исполнат Вашите копнежи и ќе отворат простор за нови“, им посака Петровска на своите сограѓани.Забавата кулминираше со песната „Ако одам во Битола“ и со масовно играње на Плоштадот „Магнолија“. За убавото расположение придонесе и перформансот „Кафана на Широк Сокак“, односно групата Боеми, заедно со актерките  Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Маја Андоновска-Илиевски, Соња Ошавкова и Маријан Ѓорѓиевски, кои пееја и читаа интересни факти за Битола и битолчани низ времето. Новогодишнат атмосфера, налик на Европските метрополи, беше надополнета и со варено вино, кое се служеше на поставените штандови.Претходно, на Плоштадот Магнолија, во богатата музичка програма која започна во 20 часот, настапија ди-џеј Христијан Ѓаковски, Сефедин Бајрамов и Силви Бенд.Ова беше едно од најмасовните одбележувања на Новата година на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kasogi-1

(ВИДЕО) Посмртните остатоци од новинарот Џамал Кашоги во црни вреќи ги изнесол специјален тим за егзекуција?

Се појви видеоснимка на која се гледа како саудискиот специјален тим за егзекуција изнесуваат вреќи. Неофицијлано во нив се наоѓаат посмртните остатоци од новинарот Џамал Кашоги. На снимката се гледа доаѓањето на неколкуте членови на тимот во резуденцијата на саудискиот конзул во Истанбул, на денот кога е убиен Кашоги во конзулатот, оддалечен неколку стотина метри од куќата. Еден од членовите на тимот за егзекутирање носи црни вреќи, кои според турските медиуми веројатно содржат делови од телото на убиениот новинар, кој беше голем критичар на саудискиот принц престолонаследник – Мохамед Бин Салман.Оваа видео снимка ја објавија турските медиуми.Тие објснуваат дека Кашоги влегол во саудискиот конзулат на 2 октомври за да добие документи за развод од неговата поранешна сопруга. Во конзулатот бил убиен и распарчен на делови, дело кое турските власти го карактеризираа како убиство со предумисла, организирано од властите во Саудиска Арабија.Саудијците го негираат тоа и тврдат дека Кашоги бил убиен во операција на „одметнати агенти“, иако првично тврдеа дека новинарот жив го напуштил конзулатот.Кашоги повеќе од една година беше во политички егзил во САД, стравувајќи од политички прогон.

Свет | пред 7 години

7 год.
17778888-620x350-1

(ВИДЕО) Се сруши мост во Москва, 13 повредени

Најмалку 13 лица се повредени, од кои три со тешки телесни повреди кога се сруши мост во Москва.Дрвениот мост се преполовил и се урнал во московскиот парк Горк, а во  моментот на уривањето, на мостот имало голем број луѓе кои се веселеле.„Мостот се урна на делот за лизгање додека на него се уште имаше голем број луѓе“ соопштила дежурната итна служба и додала дека дрвениот мост е висок пет метри.

Свет | пред 7 години

7 год.
1546298212974-0102-620x350

(ФОТО) Пожар во складиште во Лондон, 120 пожарникари го гасат огнот

Најмалку 120 пожарникари го гасат големиот пожар кој го зафати складиштето Кројдон во Лондон.За сега нема информации за повредени или загинати. Исто така не е позната ниту причината за настаување на пожарот.Според надлежните противпожаната бригада е повикана околу 19:47 по локално време.https://twitter.com/LondonFire/status/1079875769743167488?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079875769743167488&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3020323-veliki-pozar-u-londonu-oko-120-vatrogasaca-se-bori-sa-vatrenom-stihijom-foto

Свет | пред 7 години

7 год.
tokio-nova-godina-6-620x350

(ФОТО) Крвав дочек во Токио: Со автомобил удрил во пешаци, осум повредени

Осум лица се повредени кога младо момче со кола удрил во пешаци на улицата на која граѓаните се собирале за дочекот на Новата година во Токио, Јапонија. Според медиумите едно лице е во животна опасност.Момчето е уапсено под сомнение дека намерно се обидел да убие луѓе со автомобилот, пренесува АП.На видео снимките кои ги објави локалната телевизија може да се забележи мало возило чиј преден дел е смачкан, како и полицајци и возило на итната помош кои се наоѓаат на самото место на настанот. 

Свет | пред 7 години

7 год.
mancester-policija-620x350

(ВИДЕО) Напаѓачот кој вчера избоде три лица извикувал „Алах Акбар“

Напаѓачот кој синоќа во Манчестер избоде три лица, извикувал „Алах Акбар“ додека полицијата го приведувала.Случаен минувач снимил видео преку апликацијата Снепчет и на истото може да се забележи како тој извикува „Бог е најголем“ на арапски, додека полицијата му ги држи рацете.Маж, жена и работник се лицата кои биле избодени. Тие веднаш биле префрлени во болница од каде информираат дека станува збор за сериозни повреди.„Ми се приближи, погледнав надоле и видов како држи голем кујнски нож во раката“, вели еден од очевидците.Исто така тој слушнал и дел од разговорот помеѓу полицијата и уапсениот маж.„Им рече: Додека бомбардирате други земји, вакви работи ќе се случуваат“, вели очевидецот.

Свет | пред 7 години

7 год.
17778888-620x350

(ФОТО) Овие луѓе ја дочекаа 2019 два пати, како изгледа патувањето во минатото

Поради тоа што различни земји во светот се во различна временска зона, логично е во некои од нив Нова година да пристигне порано. Па така оние кои патуваат од Кина во САД ја чекаат новата 2019 година два пати.На социјалните мрежи се појавија твитови на кои е покажано како изгледа „патувањето во минатото“.https://twitter.com/flightradar24/status/1079770884586594305?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079770884586594305&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fzanimljivosti%2Fsvastara%2F3020309-ovi-ljudi-docekuju-2019-dvaput-kako-izgleda-putovanje-u-proslost-za-novu-godinu-fotoЛуѓето кои беа на летот NH106 кој леташе од Јапонија до САД од 2019 година се вратија во 2018.Исто беше и со оние кои тргнале од Нов Зеланд. Ти полетале на 1 јануари 2019 година, а слетале на 31 декември 2018 година.https://twitter.com/flightradar24/status/1079850680259674112?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1079850680259674112&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fzanimljivosti%2Fsvastara%2F3020309-ovi-ljudi-docekuju-2019-dvaput-kako-izgleda-putovanje-u-proslost-za-novu-godinu-foto

Свет | пред 7 години

7 год.
pozari-1

Изгоре стан, пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства

Стан во Приштина целосно изгорел во пожар кој бил предизвикан од огномет.„Пожарот беше на деветиот кат во населбата „ Акташ““, потврдија пожарникарите кои исто така додадоа дека се пријавени уште неколку случаи со погрешно ракување со огномет, пренесува Коха.Од приштинската итна помош соопштија дека имале повеќе случаи на повреди и изгореници од огномет, а во еден од случаите станува збор за сериозни повреди.

Свет | пред 7 години

7 год.
unnamed

Објавен четвртиот број на списанието „Современост“ за 2018. година

Во четвртиот и последен број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ за 2018. година се вклучени 50-на прилози од различни рубрики на 185 страници.Поезијата со која се отвора бројот е од творци кои припаѓаат на различни генерации, вклучувајќи ги: Мишо Китаноски, Зоран Радически, Цветанче Костоска, Давор Стојановски, Перица Сарџоски, Славчо Ковилоски, Александар Маџаровски, Славица Петревска Диневска, Мирослав Кировски, Иван Стојановски, Сања Атанасовска, Маја Нестороска, Стефан Костоски и Томе Таушанов.Меѓу застапените автори од странство се вбројуваат препеви од познатиот руски поет Вјачеслав Купријанов, бугарските поетеси Валентина Стефанова Јотова и Мила Ламбовска, како и избор од современата хрватска поезија: Никола Шимиќ-Тонин, Анте Грегов, Андреја Малта, Звонко Чулина, Јосо Некиќ, Анте Надомир Тадиќ, Ивица Ушљебрка, Жаклина Кутија, Мирјана Мајиќ, Марко Периќ и Јулија Јеласка.Уредничкиот тим на списанието предводен од Стефан Марковски, Снежана Стојчевска и Никола Алтиев и во овој број застапи автори со прозни текстови, сценарио, научно-теориски статии и рецензии, а бројот е заокружен со интервју со руската драмска авторка од движењето „Нова драма“ Јарослава Пулинович кое го направи македонската театарска режисерка Дејана Николовска.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со мала облачност, се очекува снег и појава на голомразица

Денес не очекува сончево време со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од -3 до 7 степени.Во Скопје слично време со температура од -1 до 3 степени.Под влијание на студен и влажен бран утре попладне и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и многу студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, особено на планините (над 40см). Заради ниските температури ќе има појава на голомразица, а засилениот ветер наместа ќе предизвика снежни наноси.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ohrid-plostad-2

Охриѓани и гости Новата 2019 ја дочекаа под отворено небо

Новата 2019 год и годинава охриѓани и гостите ја дочекаа под отворено небо. И покрај тоа што дочекот на плоштад беше организиран во последен момент, сепак Ѓоко Танески, Жармена, Бетис бупс, Бекдор бенд и диџеј Петар се погрижија да има забава на високо ниво.Организатори годинава на дочекот беа еснафот на угостители и Хотелелската асоцијација, откако градот Охрид се откажа од сите културно- забавни настани по смртта на градоначалникот Јован Стојановски.Инаку Охрид и годинава е исполнет во целост.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dedo-mraz-nurka

(ВИДЕО) Во Охрид Дедо Мраз дојде со нуркање

Весел Дедо Мраз, не бира начин и средства за да стигне до целта. Охридскиот и годинава дојде со нуркање...

Македонија | пред 7 години

7 год.
bebe

Првото бебе е машко, родено е една минута по полноќ

Првото бебе во новата 2019 година во Скопје е машко и тежи 3 920 грама.Бебето е родено во Клиниката за Гинекологија и акушерство една минута по полноќ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cipras

Ципрас: Гласањето за договорот од Переспа ќе се одржи во вистинско време

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ја потврди решеноста на неговата влада да работи со полна брзина до крајот на неговиот четиригодишен мандат.-Ние го бараме октомври за датумот за изборите рече премиерот, одговарајќи на прашањето кога ќе се одржат општите избори, пренесе АНА.Ципрас, прашан за договорот од Преспа и дали истиот ќе биде ратификувани од грчкиот парламент во март, рече дека „гласањето ќе се одржи во вистинско време“ и дека сé уште не одлучил дали ќе биде пред март годинава.Прашан за шпекулациите околу одлагањето на гласањето за протоколот за придружување на Македонија во НАТО, грчкиот премиер ги отфрли овие наводи како „глупости“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Вечерва се пееше, пиеше и забавуваше на скопскиот плоштад: Погледнете ги најдобрите моменти

https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2329550727265402/

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Скопје ја дочека 2019 со низа огномети: Среќна нова година на сите!

https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/276274016404009/

Скопје | пред 7 години

7 год.
ivica-milevski

Новата година кај нас астрономски ќе настапи првин во с. Ново Коњарево, а дури 4 минути подоцна во Скопје!

Поради ротацијата на Земјата кон исток, ако се земе во предвид локалното, наместо зонското време, во Република Македонија, Нова година прво ќе настапи во општината Пехчево и тоа астрономски во 23 часот и 27 минути, пишува д-р Ивица Милевски. Професорот објаснува дека по вакво, локално или реално, односно астрономско време, прва и најисточна населба во Македонија каде настапува Нова година е с. Ново Коњарево источно од Струмица и тоа во 23 часот и 28 минути, десетина секунди подоцна во с. Двориште, Беровско, а уште толку подоцна во с. Панчарево, Пехчевско. Во Скопје, по локално време, Нова година настапува 4 минути подоцна, односно во 23 часот и 32 минути. Најдоцна, по реално време Нова година ќе настапи во с. Коњари западно од Дебар и тоа во 23 часот и 36 минути. Кога во Македонија, по зонско време во 00 часот настапува Нова година, поради разликата од околу 5-8 степени или речиси половина час во однос на зонскиот (15-ти) часовен меридијан (Македонија лежи на 20-23 степени источна географска должина), според реалното време, кај нас е веќе 00 часот и 25 (Дебарско) до 33 (Пехчевско) минути.Ако сака некој да се „пофали“ дека барем 2 пати за еден ден ја дочекал Новата година, може тоа да го направи во пограничните места со Бугарија или пак ако реши да патува со авион од некоја источна земја кон Македонија или од Македонија кон Америка.Автор: д-р Ивица Милевски

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дали еколошки се прегледуваат увезените пловни објекти?

Охрид вчера доби уште еден пловен објект. Новиот брод „Будимпешта“ беше транспортиран според правилата за вон габаритен транспорт кој мора да биде со придружба, транспорт кој се користи за сите пловни објекти кои се подолги од 12 и пошироки од 2,5 метри.Бродот во моментов е во каналот Студенчишта и истиот треба да се реновира, за да се подготви за престојнава туристичка сезона.На социјалната мрежа фејсбук се огласи Дејан Пановски, член на координативниот тим за спроведување на Проектот „Дримски басен“ .Пановски е човекот кој постојано реагира кога има опасност за езерото. Неговиот коментар на фејсбук, го привлече нашето внимание:„Пловен објект ( не само овој денес) кој бил користен во друг екосистем неможе непрочистен и неисправен да се пушти да плови во Охридско Езеро, затоа што со себе носи организми или материи кои може да се опасност за нашиот езерски систем. А такви има десетици објекти во езерото па се поставува прашањето ,кој и како издава дозвола за увоз на користени пловни објекти во непроверена состојба посебно од аспект што тие со себе носат. Не сме свесни колкава потенцијална штета може да се нанесе“, напиш Пановски.На овој пост коментираше капетанот на капетанијата на пристаништата на Македонија Горан Устијаноски. Тој вели:„Апсолутно издржан коментар!!! Ние како Капетанија се занимаваме со техниката , механиката и безбедноста, но никогаш не пристапило барање за воведување на некое специјално барање во врска со оваа проблематика. Стојам на располагање да сум предлагач на таков член во законот, но ми треба дефиниција на тоа што би се барало, институција која ќе контролира од тој аспект и мерки како да се врши дезинфекцијата... Тоа треба да се врши на секој пловен објект кој прв пат влегува во езерото, не само во овој момент за новиот брод.Да се надеваме дека ова прашање кое го зачна Пановски, ќе дојде до надлежните и сериозно ќе размислат за начинот на дефиниција кој би се применал на пловни објекти во ваков случај, но и на секој друг пловен објект кој прв пат влегува во езерото.Иаку бродот „Будимпешта“, е Хидро бус за 150 патници. Бродот е идентичен како Галеб, Александрија 1 и Кристина Нова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Кејот во центарот на Скопје стана парклиралиште за гостите во кафаните

Возила се паркираат буквално по целиот Кеј. Пешаците и велосипедистите на Кејот, „совесните“ возачи да се одвојат од своите автомобили на тие 100-200 метри од Кејот.Автомобили се разминуваат во двата правци како на секоја нормална улица, а други, пак, си наоѓаат паркинг-место под сенките. Многу „совесно“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gGJvC-

Колку плаќа Груевски за престој во хотелот „Four seasons“?

Пред неколку дена се разреши мистеријата околу тоа каде во Будимпешта престојува побегнатиот екс премиер Никола Груевски, откако беше обавена негова фотографија во лобито на хотелот „Four seasons“.Најевтината соба за едно лице за само една вечер во овој хотел изнесува 445 евра со вклучен данок и туристичка такса, пишува Фокус.Се работи за соба од 33 метри квадратни, со еден таканаречен кралски кревет. Појадокот не е вклучен во цената. Собата за едно лице од 38 метри квадратни во „Четири сезони“ во која исто така има кралски кревет се изнајмува по цена од 415 евра за ноќ, без данок и туристичка такса. Собата за едно лице со поглед на ридот Буда изнесува 555 евра, додека со поглед кон паркот изнесува 815 евра.Полуксузните соби за едно лице се изнајмуваат по цени од 1.215 и 1,415 евра, а нивната големина е 64 метри квадратни. Овие цени се без данок од 18 проценти и туристичка такса од 4 проценти. Се нудат апартмани од 85 метри квадратни, а нивната цена е 3.100 евра од вечер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
puska

Се сретнале за да му ги врати парите, па пукал со ловечка пушка - детали за убиството во Ѓорче

 Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.„Како што укажуваат досега прибавените докази во постапката, осомничениот, на 28.12.2018 година, на улица „Шарпланинска“ во Скопје со умисла лишил од живот едно лице. Имено, тој ја зел ловечката пушка од куќата на неговиот дедо и го повикал оштетениот да се најдат на одредената локација за да му врати позајмени пари. Кога оштетениот пристигнал со неговото возило, осомничениот му рекол дека парите ги носи со себе, но дека се во валута евро и дека ќе мора да ги заменат. Притоа на кратко излегол од автомобилот на оштетениот, оставајќи ја намерно отворена вратата на совозачкото седиште, по што ја зел претходно скриената ловечка пушка и испукал еден патрон кон главата на оштетениот. Тој се обидел да ја отвори возачката врата и да избега, но осомничениот испукал уште еден патрон кон неговиот грб, нанесувајќи му тешка телесна повреда која предизвикала смртен исход.Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на лицето му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од обвинителството.

Скопје | пред 7 години

7 год.
nina1

Собрани се парите за операцијата на Нина, благодарност до хумaните

Кога се сака, се може се. Само со слога и убава мисла може да влеземе во Новата 2019 год. Овој пат Дедо Мраз, за Нина беа сие хумани граѓани кои и ја исполни желбата на малата Нина да се соберат потребните средства за да може да замине на операцијата.„Благодарност до сите хумани луѓе со големи срца кои донираа и беа секогаш тука кога треба. Благодарност до сите кои споделуваа апели за помош, до сите кои се активираа и помагаа на било каков начин…Овој пат успеавме сите заедно и за малата Нина се собраа и тие 5% кои недостигаа. Потребната сума за операцијата, за Нина да може да застане на нозе сега е собрана“, се наведува во известувањето кое беше објавено на социјалните мрежи.Нина, веднаш по Новогодишните прзници ќе може да замине на потребната операција во САД, од каде по опертивниот зафат ќе може да застане на нозе и да си игра заедно до нејзините другарчиња.Броевите за донација ќе останат уште малку отворени, бидејќи по операцијата ја очекува пост оперативен период за кој исто се потребни парични средства.Доколку сакате и имате можност завртете уште еднаш.Семејството на Нина Ви е крајно благодарно на несебичната поддршка, вашето големо срце и хуманост.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kuce

Анима мунди: Лишманија не се пренесува преку контакт - допир, галење, играње со кучињата

Анима мунди реагираа со цел да запре кревањето паника и страв во однос на бездомните кучиња и нивното поврзување со трагичната смрт на жена како последица од заболување со лишманија.„Потребно е граѓаните да знаат дека извор на болеста не се кучињата - станува збор за сериозни шпекулации и дезинформации кои ги ставаат на удар кучињата – затоа што кучињата сами по себе никако не можат да бидат извор на болеста која се шири саму преку инсект (мушичка), за што е потребно градот да врши редовна дезинсекција.Потенцираме дека болеста не се пренесува преку кучињата преку никаков контакт - допир, галење, играње, а ниту пак со угриз од животно; туку исклучиво преку мушички преносители и само со нивно сузбивање се сузбива ризикот по човечкото здравје.Написите за масовна појава на лишманија и посочување дека истата се пренесува преку кучињата не е ништо друго освен лаги, сеење страв, паника и поттикнување на агресија, насилство кон животните, кое оди во прилог на нивно брутално и масовно убивање.Шпекулирањето во случаи кога се случува трагедија со смртни последици е повеќе од дегутантно и неприфатливо, а речиси сме сигурни дека општините ваквите несреќи ги искористуваат како повод за масовно убивање на животните што нема да дозволиме да се случи“, велат од Анима Мунди.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања