Промени тема
Контакт

Најнови вести

1 ден
brza-pomos-hrvatska

Автобус со 35 лица излетал од автопатот и се превртел во Хрватска, има загинати и повредени

Тешка автобуска несреќа со смртни последици се случила на автопатот А3 во Хрватска, каде што автобус излетал од патот и се превртел на делницата меѓу Иваниќ-Град и Загреб.Според првичните неофицијални информации, во возилото се наоѓале 33 патници и двајца возачи. Несреќата има смртни последици, а има и повредени лица, но засега не е соопштен точниот број на загинати.Очевидци опишуваат вознемирувачки сцени на местото на несреќата. Дел од повредените лежеле на тревата, покриени со ќебиња, додека с

Балкан | пред 1 ден

1 ден
media-libraryu59um9l5dsui641qhQj

(Видео) Пожар во Буково доцна синоќа

Пожар избувнал во Буково, Охридско, доцна вчера вечерта, а видеоснимка од настанот беше објавена на фејсбук-страницата „Охриѓани“.Засега нема дополнителни информации за причините за избувнувањето на пожарот, дали интервенирале противпожарни екипи и дали е причинета материјална штета.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryo34ncncg0fpdaTYxNli

(Видео) Новогодишната магија пристигна во Њујорк: Поставена елката во центарот Рокфелер

Празничната атмосфера полека го освојува Њујорк откако новогодишната елка за 2026 година беше поставена во познатиот центар Рокфелер. Со нејзиното пристигнување еден од најпрепознатливите симболи на празничната сезона во американската метропола повторно го зазема своето место.Поставувањето на елката традиционално го означува почетокот на празничните подготовки, а во наредниот период таа ќе биде украсена и осветлена, привлекувајќи бројни посетители и туристи. Центарот Рокфелер и оваа година ќе ст

Свет | пред 1 ден

1 ден
media-librarysb1denuv2k2naXkzohy

Орце Ѓорѓиевски доби признание за поддршката во обновувањето на храмот „Свети великомаченик Димитриј“

Со свеченост по повод 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, беше одбележана долгогодишната духовна и историска традиција на ова свето место. По тој повод, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доби признание за поддршката во реконструкцијата на придружните објекти на храмот.Ѓорѓиевски истакна дека храмот, кој некогаш бил Соборен, со децении претставува место каде што верниците наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здра

Скопје | пред 1 ден

1 ден
media-librarynpn6js1d5cerd22e5Ze

(Видео) Пратениците јадат бифтек за 160 денари, а на студентите им објаснуваат што можат да купат со 140 денари: Ходаи со критика за студентскиот оброк

Поранешниот претседател на Сојузот на средношколци на Македонија, Бленди Ходаи, остро реагираше на висината на средствата наменети за студентски оброк, посочувајќи дека пратениците и владините функционери треба самите да покажат како може да се помине со дневниот износ што им е на располагање на студентите.„Нека ги отворат бифеата во Собранието и во Владата, нека јадат студентите со 160 денари бифтек, како што јадат пратениците, па потоа нека зборуваат што може да се купи со 140 денари“, порача

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryhpsupl533biv9ohL7JR

„Алта банка“ повторно го активираше мобилното и електронското банкарство

Мобилното и електронското банкарство на „Алта банка“ АД Битола повторно се во функција, информираат од банката.Во оваа фаза, клиентите преку овие услуги можат да ја следат состојбата на своите сметки и да имаат увид во расположливите средства, додека останатите функционалности сè уште не се достапни.Од банката посочуваат дека интензивно работат на постепено воспоставување на сите услуги и целосно враќање на функционалноста на мобилното и електронското банкарство. За секоја нова промена клиентите

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryjj0qkiq5kot79EolySH

Покрената петиција за воведување електронска алка за следење на насилниците

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Марија Зајкова, информираше дека по барање на граѓаните е подготвена петиција со која се бара воведување електронска алка за следење на сторителите на насилство.Зајкова ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата и да ја потпишат петицијата, со која се бара воведување дополнителна мерка за следење на лицата што вршат насилство.

Македонија | пред 1 ден

1 ден
media-libraryhbpbp3fdic45cnJD1Cy

Променливо облачно време, попладне можен дожд во западните делови

Времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови од Македонија ќе има услови за локален дожд, додека на повисоките планини е можен слаб снег.Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 6 степени, а максималните ќе достигнат од 9 до 15 степени.Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време, додека во вечерните часови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб

Македонија | пред 1 ден

2 ден.
media-libraryo094940nuu26dZO9INm

Ким Кардашијан продава празничен календар за 148 долари, содржината ги разочара купувачите

Календарот со 12 изненадувања на брендот SKIMS на Ким Кардашијан, кој чини 148 долари, предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи. Наместо луксузни подароци, купувачите во него пронашле секојдневни додатоци како ластичиња, шноли, приврзоци, чешел и прерамки за градник.Реакциите се засилија откако корисничка на ТикТок објави видео во кое ги отвора сите 12 прегради. Снимката надмина 34 милиони прегледи, а корисниците се потсмеваа на содржината, оценувајќи дека производите не вредат н

Сцена | пред 2 дена

2 ден.
Kijanu-Rivs

Кијану Ривс повторно ќе биде Џон Вик, овој пат во анимиран филм

Кијану Ривс повторно ќе го позајми гласот на Џон Вик во нов анимиран филм посветен на настаните што му претходат на првиот филм од познатиот серијал, објавен во 2014 година.Студиото „Лајонсгејт“ го потврди враќањето на актерот во проектот, чија приказна ќе ја прикаже легендарната „невозможна задача“ на Џон Вик – во текот на една ноќ да ги елиминира сите свои ривали. Со нејзиното исполнување, тој се ослободил од обврските кон „Високата маса“ и добил можност да започне мирен живот со сопругата Хел

Филм | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryi4jf8kcvnl8v9LaVOca

Арсенал го совлада Хал, Њукасл испушти победа против Фулам

Арсенал ја продолжи трката за врвот во англиската Премиер лига со минимална победа од 1:0 против Хал, во натпреварот од 10. коло одигран во Англија.Единствениот гол на средбата го постигна Мартин Едегор во 72. минута, откако ја искористи одбиената топка по ударот на Мадуеке и интервенцијата на голманот Колакис. Иако домаќините имаа иницијатива, тешко создаваа сериозни можности за гол.Арсенал останува на првото место на табелата со 27 бодови, додека Хал е 13. со 11 бодови. Тимот на Хал последен п

Спорт | пред 2 дена

2 ден.
tan2022-10-24132289861-830x0-1

Демократите ги најавија првите чекори во Конгресот: здравствена заштита и спречување војна со Иран

Демократските лидери во Претставничкиот дом на САД ги најавија првите приоритети по почетокот на новиот состав на Конгресот на 3 јануари. Во фокусот ќе бидат здравствената заштита, намалувањето на животните трошоци и спречувањето војна со Иран.Првите гласања се очекува да се однесуваат на зајакнување на програмата „Медикејд“ и обновување на зголемените даночни субвенции со кои се намалуваат трошоците за здравствено осигурување на милиони граѓани. Демократите најавуваат и законски решенија за спр

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-library1qg134pql4pja2SehEN

Ердоган и Трамп разговараа за војните во Украина и на Блискиот Исток

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за односите меѓу двете земји, како и за регионалните и светските случувања.Ердоган истакнал дека тензиите меѓу Иран и САД треба да се надминат, а проблемите да се решаваат по дипломатски пат. Тој нагласил дека Турција ќе продолжи да се залага за мир, пренесе агенцијата Анадолија.Во разговорот станало збор и за војната меѓу Украина и Русија. Ердоган изразил надеж дека засилените дипломатски нап

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryt5ocr187in57cTfvklG

Напаѓачот во Краков бил вооружен со пушка од воен тип, во автомобилот пронајдена воена опрема

Нови детали за нападот во Краков, Полска, откриваат дека осомничениот е 25-годишен полски државјанин, кој за време на нападот носел воена униформа и нацистичка ознака СС на шлемот, објави „Полсат њуз“.Според последните податоци, во нападот загинале пет лица, додека 15 се хоспитализирани. Напаѓачот користел оружје од воен тип, најверојатно пушка АР-15. Во неговиот автомобил биле пронајдени дополнително оружје, муниција и воена опрема, меѓу кои и воен ранец и бајонет.За време на бегството, осомнич

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Италија и Шпанија се на врвот на листата на најпопуларни дестинации за есенски одмор меѓу европските туристи, покажуваат најновите податоци на туристичката организација „Конфтуризмо Конфком“, пренесени од агенцијата АНСА.Двете земји делат прво место со по 28 проценти од изборите на анкетираните туристи. По нив следуваат Грција со 20 проценти, Франција со 17 и Португалија со 16 проценти.Меѓу главните причини поради кои туристите ја избираат Италија се пониските цени и поповолните понуди во според

Патувања | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryhpsupl533biv9ohL7JR

Славески: Заинтересирани се две домашни банки за преземање на Алта банка Битола

Две домашни банки и повеќе инвеститори покажале интерес за преземање на Алта банка Битола, соопшти гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на денешната прес-конференција. Тој потврди дека претставници на две домашни банки денеска се сретнале со него, но не ги откри нивните имиња ниту имињата на заинтересираните инвеститори.Славески рече дека продажбата на банката е најпосакуваното решение, со кое би се заштитиле имотот и штедните влогови на граѓаните. Како што посочи, стечајот не е посак

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryeqqtcikqta6f4IB6Vr3

Алкарас го победи Руд и се пласираше во финалето на мастерсот во Париз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се пласираше во финалето на мастерс-турнирот во Париз, откако во полуфиналето го совлада Каспер Руд со 6:4, 6:4 за околу час и половина игра.Алкарас одигра сигурен натпревар и не му дозволи на Норвежанецот ниту една можност за брејк, додека трипати го освојуваше неговиот сервис. Ова беше нивна осма меѓусебна средба, а Шпанецот ја забележа седмата победа.За титулата на последниот мастерс-турнир од серијата 1.000 во сезоната, Алкарас ќе игра против Бен Шелтон, кој

Спорт | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryg8uq9foqo2e9bjkEsXq

Туск по нападот во Краков: Не си играјте со оваа трагедија

Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков, Полска, во кој загинаа шест лица, а уште 12 се повредени.„Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите. Им оддавам признание на храбрите полицајци кои ги ризикуваа своите животи. Искрено ги повикувам политичарите од сите страни – не си играјте со оваа трагедија. Ќе ги разјасниме сите околности на ова злосторство“, напиша Туск на Икс.Според Ројтерс, полскиот п

Свет | пред 2 дена

2 ден.
grozje-1-500x330-1

Црно или бело грозје: Кое е поздраво и содржи повеќе антиоксиданси?

Црното и белото грозје имаат бројни хранливи состојки, но темните сорти имаат предност кога станува збор за содржината на одредени антиоксиданси. Гастроентерологот д-р Војислав Перишиќ објасни кои се разликите меѓу нив, какво влијание имаат врз организмот и кој треба да внимава со нивното консумирање.Според него, црното грозје содржи повеќе ресвератрол – природно растително соединение со антиоксидантни својства, кое најмногу се наоѓа во лушпата на зрната. Сепак, поголемата количина антиоксиданси

Вирално | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryol5ihdrsfmhd6yS0klY

PlayStation 6 би можел да пристигне подоцна од очекуваното поради поскапувањето на компонентите

Иако PlayStation 5 е на пазарот од ноември 2020 година, сè уште нема официјална најава кога ќе пристигне неговиот наследник. Sony потврди дека работи на конзола од новата генерација, но не откри датум на претставување ниту очекувана цена.Според досегашниот ритам на Sony, новите генерации конзоли се појавуваат на секои шест до седум години, што остава можност PlayStation 6 да пристигне во 2027 година. Сепак, сè почесто се споменува и 2028 година поради растечките трошоци за производство и недости

Вирално | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryp1311ghe7hml2BHpRoZ

Седум родителски грешки за кои генерацијата Икс денес жали

Родителите од генерацијата Икс, кои ги воспитуваа своите деца во период на големи технолошки и општествени промени, денес сметаат дека некои свои воспитни постапки би ги промениле. Иако се труделе да им го дадат најдоброто, со текот на годините сфатиле дека во одредени ситуации биле премногу заштитнички настроени, а на други работи не им посветувале доволно внимание.Според порталот „YourTango“, постојат седум работи за кои родителите од оваа генерација денес жалат.Првата е недоволната отвореност

Вирално | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryvc471r3h8gd498bxTgq

Диета со сардини: Тридневен режим за кој се тврди дека поттикнува брзо слабеење

Тридневната диета во која се јадат исклучиво сардини, позната како „пост со сардини“, привлекува внимание поради тврдењата дека може да помогне во слабеењето и да ја поттикне кетозата. Методот го препорачува нутриционистката д-р Минди Пелц, но за неговите конкретни ефекти сè уште нема доволно квалитетни научни докази.Иако се нарекува пост, станува збор за режим во кој во период од 72 часа се консумираат само сардини, секогаш кога лицето ќе почувствува глад. Целта е да се намали внесувањето јагле

Вирално | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Руските сили извршиле три напади врз објект на украинската државна нафтена и гасна компанија „Нафтогас“ во централниот дел на Украина, при што биле оштетени постројките и избувнал голем пожар.Информацијата ја соопшти вршителот на должноста претседател на Управниот одбор на компанијата, Сергиј Федоренко, кој потврди дека вработените навреме биле евакуирани и дека нема повредени.Тој им се заблагодари на спасувачите од Државната служба за вонредни ситуации и на вработените во „Нафтогас“ за брзата р

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Се подготвува нова Национална стратегија за дроги

Министерството за здравство започна активности за усогласување на законите за дроги со европското законодавство и подготовка на нова Национална стратегија за дроги, во рамките на Реформската агенда за периодот 2024–2027 година, информира министерот за здравство Сашо Клековски.Формирана е работна група која ќе работи на усогласување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со прописите на Европската Унија. Во тек е и склучување работен аранжман со Агенцијата на ЕУ за дроги

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Три лица починаа од мали сипаници во САД за само една недела

Три лица починале од мали сипаници во Соединетите Американски Држави во период од само една недела, соопштија американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC).По смртта на дете во сојузната држава Њујорк, починале и жена во Пенсилванија и бебе во Висконсин. Според податоците на CDC, од почетокот на годината во речиси сите сојузни држави се регистрирани околу 5.200 случаи на мали сипаници.Тоа е повеќе од двојно во споредба со вкупниот број случаи во текот на минатата година и највис

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања