Промени тема
Контакт

Најнови вести

2 ден.
media-librarybc2eecoqgsh8de4wl0T

Јанкуловски: Депозитите на граѓаните се заштитени, нема потреба од паника

Заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, порача дека депозитите и правата на граѓаните се заштитени согласно со законските прописи и дека нема потреба од паника поради случувањата во банкарскиот сектор.Во својата објава, Јанкуловски објасни дека досега се воздржувал од јавни коментари бидејќи супервизијата и контролата на банките се во надлежност на Народната банка, а не на Министерството за финансии. Според него, одговорното постапување е неопходно за смирување и нормализирање на со

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library8ri9664r2f32aMpMg9x

(Вознемирувачко видео) Нови информации за нападот во Краков: Петмина загинати, напаѓачот во критична состојба

Мажот осомничен за пукањето на Главниот плоштад во Краков, Полска, во кое загинаа пет лица, се наоѓа во критична состојба и е подложен на операција, објави полскиот портал „Онет“.Според информациите на полските медиуми, осомничениот има 24 или 25 години, но неговата точна возраст сè уште не е потврдена. Полицијата соопшти дека станува збор за полски државјанин, чиј идентитет го утврдила со оперативна работа, бидејќи кај себе немал лични документи.Според медиумските извештаи, напаѓачот бил облече

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-librarybduht2vmm23q42x82L9

Четврти викенд протести во Франција: Се намалува бројот на демонстранти

Околу 7.000 луѓе учествувале на новите протести во Франција, организирани против високите животни трошоци и во знак на поддршка на младите. Демонстрациите се одржаа четврти викенд по ред во повеќе градови, но со значително помал број учесници отколку на претходните собири.Според извори блиски до Министерството за внатрешни работи, до раните попладневни часови биле одржани 68 протести. Собирите започнале мирно, со засилено полициско присуство, по немирите, вандализмот и пожарите што ги одбележаа

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryntd0bh9gah6n0FMmbaT

Општина Бутел реагира за градежни активности на државно земјиште во Бутел 2

Почетните градежни активности на државно земјиште во населбата Бутел 2 предизвикаа реакции кај жителите, по што Општина Бутел упати јавно предупредување до лицата што ги изведуваат работите.Градоначалникот Дарко Костовски соопшти дека досега пристигнале пријави од повеќе од десетина загрижени граѓани. Од Општината побараа веднаш да се запрат активностите сè додека не се утврди дали градбата е законска.Костовски предупреди дека, доколку се утврди дека станува збор за бесправна градба и работите п

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryhgu7vv146c2bcVORT3m

Анче Џамбазова меѓу заслужните граѓани на Карпош – признание за нејзиниот придонес во културата

Во чест на придонесот на истакнатата македонска уметница Анче Џамбазова, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Советот, Христо Саракинов, денеска остварија средба со нејзиниот син, Игор Џамбазов.Средбата беше посветена на ликот и делото на Анче Џамбазова, која по повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош постхумно беше одликувана со плакета „Заслужен граѓанин“.Признанието ѝ е доделено за нејзиниот исклучителен придонес во македонската култура

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Иран повеќе не се смета за обврзан со досегашното доброволно ограничување на дострелот на своите балистички ракети од 2.000 километри. Одлуката ја соопшти Исламската револуционерна гарда, отворајќи можност за развој на оружје што би можело да погоди цели на значително поголема оддалеченост, вклучително и во поголем дел од Европа.Портпаролот на Револуционерната гарда, генералот Хосеин Мохеби, на прес-конференција во Техеран потврди дека ограничувањето повеќе не важи. Тој најави дека иранските вое

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryc7gbdcme6o5973a4nD2

Новиот шеф на кабинетот на Белата куќа: Трамп ја спаси Америка

Стивен Милер, еден од највлијателните и најконтроверзните соработници на американскиот претседател Доналд Трамп и главен творец на неговата строга имиграциска политика, е назначен за нов шеф на кабинетот на Белата куќа. Тој најави целосна лојалност кон претседателот, а должноста треба да ја преземе задутре.Назначувањето доаѓа во период на зголемена загриженост дека администрацијата на Трамп дополнително ќе ја заостри имиграциската политика. Во првото јавно обраќање по објавувањето на одлуката, М

Свет | пред 2 дена

2 ден.
Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV повика на единство и соработка меѓу јужноамериканските земји

Папата Лав XIV ги повика земјите од Јужна Америка да ги надминат меѓусебните несогласувања и заеднички да се справат со регионалните предизвици. Пораката ја упати во Уругвај, каде што десетици илјади верници го пречекаа на границата со Аргентина, и покрај силниот дожд.Папата од Монтевидео отпатува во Пајсанду, град на северозападот на Уругвај, со што стана првиот поглавар на Католичката црква што го посетил ова место. Тој ги повика жителите на Латинска Америка да се однесуваат едни кон други со

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-library8i0j539r5hcjfKhbqAH

Најмалку петмина загинати во вооружен напад на главниот плоштад во Краков

Најмалку пет лица загинаа, а десетина се повредени во вооружен напад на главниот плоштад во полскиот град Краков.Според информациите од полициската управа, околу 15 часот маж отворил оган врз луѓето од автомобил со кој влегол на плоштадот. Полицијата возвратила, при што напаѓачот бил застрелан и пренесен во болница.Меѓу повредените има и полициски службеници. Градските власти ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа додека трае истрагата.Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryegupju0qku57amNVVLO

Нов Bluetooth-стандард носи речиси четирипати побрз пренос на податоци и поквалитетен звук

Нова генерација на Bluetooth-технологијата ветува значително побрз пренос на податоци, поквалитетен безжичен звук и поефикасно поврзување меѓу уредите. Организацијата Bluetooth Special Interest Group (SIG) официјално го усвои стандардот Bluetooth High Data Throughput (HDT) како изборна функција во спецификацијата Bluetooth Core 7.0.Новата технологија овозможува брзината на пренос кај уредите со Bluetooth LE да се зголеми од досегашните 2 Mbps на дури 7,5 Mbps, што е речиси четирипати повеќе. Пог

Технологија | пред 2 дена

2 ден.
media-library05g4thts8ldu97elu9a

Одземен пасошот на осомничениот за нападот врз бизнисменот Зоран Азманов, доби и забрана за приближување

На 61-годишниот маж осомничен за физичкиот напад врз познатиот македонски бизнисмен Зоран Азманов во Основниот граѓански суд во Скопје му се определени мерки на претпазливост, дознава Скопје1.Прифатен е предлогот за определување три мерки – одземање на патната исправа, обврска за редовно јавување кај надлежен орган и забрана за приближување.Мерките следуваат по инцидентот што се случи вчера во Основниот граѓански суд во Скопје, каде што Азманов, кој е директор и претседател на Надзорниот одбор н

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library1u8h2ga1l91tbR4uTdY

Планирате патување во Тунис? Еве што треба да знаете пред да тргнете

Тунис, земја во Северна Африка, нуди спој на богата историја, ориентална култура и песочни плажи, што го прави привлечна дестинација за туристите. Но, пред да тргнете на патување, важно е да се информирате за климатските услови, локалните обичаи, потребните документи, превозот и трошоците.Тунис има средоземна клима на северот, додека јужните делови се одликуваат со пустинска клима. Во летните месеци температурите често надминуваат 35 степени, особено во внатрешноста и во областите околу Сахара.

Патувања | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryi7o6u6krmpj7dsIQpSC

Леброн за првпат по 22 години остана под границата од 10 поени

Леброн Џејмс ја заврши вечерта со несекојдневен негативен учинок, откако за првпат по речиси 22 години не успеа да постигне најмалку 10 поени на еден натпревар.Кливленд Кавалирс славеа против Филаделфија Севентисиксерс со 119:95, а Џејмс, кој настапуваше за својот поранешен тим, беше пречекан со свирежи од домашните навивачи.Ѕвездата на НБА постигна само осум поени, со седум скока и три асистенции. Од игра шутираше 3/12, а забележа и шест загубени топки.Со овој настап заврши неговата неверојатна

Спорт | пред 2 дена

2 ден.
media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Франција влегува во четврти последователен викенд на протести, откако синдикатите, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ повторно повикаа на масовни собири низ целата земја.Во текот на неделата беа организирани блокади и протестни акции, како и генерален штрајк во четвртокот. Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, во него учествувале повеќе од половина милион луѓе, додека синдикатот ЦГТ проценува дека бројот достигнал речиси 1,6 милиони.За време на викендо

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-library55i5smuvs8h89Ou0fzk

Каде да побегнете од студот во ноември: Фуертевентура нуди сонце и песочни плажи

Додека поголемиот дел од Европа се подготвува за зимата, на Канарските Острови сè уште може да се ужива во сончеви денови и пријатни температури. Меѓу дестинациите што привлекуваат посетители и во ноември е Фуертевентура, шпански остров во Атлантскиот Океан, познат по долгите песочни плажи, вулканските предели и впечатливите природни убавини.Ноември е погоден период за посета, бидејќи температурите остануваат пријатни за престој на отворено, а туристичките гужви се помали отколку во летната сезо

Патувања | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Кина остро реагираше на одлуката на САД да воведат санкции врз две кинески компании поради наводна испорака на електронска и безбедносна опрема за кубанската војска, предупредувајќи дека ваквите мерки го нарушуваат меѓународното право и ги загрозуваат економските и трговските односи меѓу двете земји.Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, задолжен за економските и трговските односи со САД, преку видеоврска разговарал со американскиот министер за финансии Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Гр

Свет | пред 2 дена

2 ден.
mrtov

Починат 58-годишен маж пронајден на улица во Гостивар

Тело на 58-годишен маж било пронајдено на улицата „Беличица“ во Гостивар, а лекарите од Итната медицинска помош констатирале смрт. При интервенцијата не биле забележани видливи траги на насилство, информира Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, на 6 ноември, околу 19:50 часот, Итната медицинска помош од Гостивар пријавила во СВР Тетово дека добила повик за укажување лекарска помош на лице на улицата.По пристигнувањето, лекарот констатирал дека мажот е починат. Утврдено е дека ста

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини СДСМ за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека опозициската партија се обидува да предизвика паника и да го наруши довербата во банкарскиот систем.Во реакцијата на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Оттаму тврдат дека гувернерот Славески никогаш не изјавил дека одлуката за „Алта банка“ ј

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија преку соопштение ги отфрли критиките од Алијансата за Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски, оценувајќи ги како лични дисквалификации и обиди за политичка дискредитација.Од партијата велат дека патриотизмот не се докажува со навреди, туку со конкретни одлуки и преземање одговорност. Како пример го посочуваат потегот на Димитриевски од 2017 година, кога пред локалните избори се откажал од пратеничкиот мандат за да влезе во изборната трк

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Од понеделник полесно до парите во „Алта банка“: Лимитот расте на 15.000 денари, се отвораат шалтери во Струмица и Тетово

Клиентите на „Алта банка“ АД Битола од понеделник, 9 ноември, ќе можат да располагаат со поголем износ преку платежните картички, а ќе бидат отворени и шалтерите во Струмица и Тетово. Народната банка најави и целосна исплата на новите приливи од плати, пензии и социјална помош доколку средствата се уплатени од институции или компании што имаат сметки во други банки.Неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картички се зголемува од 10.000 на 15.000 денари. За клиентите кои немаат платежни

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште

Инцидент со употреба на огнено оружје бил пријавен на локалниот пат меѓу гостиварските села Дебреште и Врапчиште, откако во автомобил во движење бил забележан проектил, како и оштетувања на возилото.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 ноември, околу 22:40 часот, 28-годишниот Е.Ј. од Гостивар пријавил кривично дело „предизвикување општа опасност“ во Полициското одделение Галате.Во пријавата се наведува дека додека 31-годишниот Е.З. од Гостивар управувал автомобил „БМВ“

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди крајбрежјето на Јапонија, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Потресот бил регистриран во близина на островот Хоншу, на околу 90 километри од населбата Мито. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 32 километри.Засега нема информации дали има повредени лица или материјална штета.

Македонија | пред 2 дена

2 ден.
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Иранските државни медиуми објавија снимка за која тврдат дека ги прикажува подземните тунели на поморските сили на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот на земјата. Во ходниците се забележуваат камиони со ракетни лансери и контејнери за проектили, а според иранските извори, во комплексот се чуваат противбродски ракети и брзи воени чамци.На снимката се гледа и Абдолах Хаџи-Садеги, претставник на иранскиот врховен лидер во ИРГЦ, како го разгледува комплексот заедно со воени ф

Свет | пред 2 дена

2 ден.
media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Во текот на септември и октомври, од подрачјето на Општина Аеродром биле отстранети и транспортирани 400 тони мешан отпад до депонијата „Дрисла“.Екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности секојдневно се на терен, каде што собираат кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини.Од Општината информираат дека на граѓаните им е достапна и услугата за подигање отпад директно од нивните домови, со негово соодветно и безбедно транспортирање до „Дрисла“ за симболичен

Скопје | пред 2 дена

2 ден.
media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Возач на камион тешко повреден откако удрил во метална ограда на експресниот пат Прилеп – Градско

Тешка сообраќајна несреќа се случила на експресниот пат Прилеп – Градско откако камион со приколка излетал од коловозот и удрил во металната заштитна ограда.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 6 ноември во 20:40 часот во ОВР Кавадарци. Во неа учествувало влечно возило „ман“ со приколка и скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Д. П. од селото Стојаково, општина Богданци.Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кава

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања