Промени тема
Контакт

ДУИ

media-libraryil9qv5ric8ub9D3iEZm

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање и зборуваше за опозициските партии и нивните претседатели, кои како што вели тој, водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција. Мицкоски потсети на тоа што правеше Левица, кога рушеше се што е на народот, и каква кампања водат

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti-skenderbeg

Ахмети на последниот ден од кампањата ќе биде на протест во Тирана, ги откажа сите партиски активности, соопшти ДУИ

ДУИ денеска соопшти дека лидерот Али Ахмети, на 17 октомври, во последниот ден од изборната кампања, одлучи да ги откаже сите планирани партиски активности и да учествува на општонародниот протест во Тирана, свикан од организациите произлезени од војната на ОВК.Протестот ќе се одржи на плоштадот „Скендербеј“ во Тирана, со почеток во 17:00 часот, под мотото: „Правда за ослободителите, против неправдата во Хаг“. Али Ахмети, кој беше присутен и на протестот организиран во Приштина, како еден од осн

Македонија | пред 1 година

media-librarysn14t9b416k47UuV3IP

Филипче со проценка: „Можно е ВЛЕН да биде заменета со ДУИ по изборите, ВМРО прави сè за својот интерес“

На новинарско прашање дали е можно по изборите да дојде до промена во владејачката коалиција и ВЛЕН да биде заменета со ДУИ, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави:„Мислам дека е сè можно кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање. Тие не ги земаат сериозно работите кои ги ветуваат, така е лесно да го кажуваат. Тоа го видовме и сега, и изминатата година, и сега сме сведоци дека огромен број од ветувањата и работите што ги кажале пред 4 години, таму кај што имаат сега градоначалници едноставно не се испо

Македонија | пред 1 година

media-libraryc1ap85n8vj4ucWbLAz4

Меџити: ДУИ е симбол на влезот на српските банки

На Конвенцијата за презентирање на кандидатите за градоначалници и општински советници на коалицијата ВЛЕН во Скопје, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, остро ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеат Албанците.“НЕ, ние не сме предавници – НЕ го поддржуваме Отворен Балкан, НЕ го признаваме Дака Давидовиќ, НЕ продадовме акции на српска банка, НЕ донесовме српско-

Скопје | пред 1 година

media-library353dmsmr07c52ucOarB

За „Влен“, салата „Борис Трајковски била „центар на албанското единство“, а ДУИ им кажа дека имале „бледа конвенција со празни седишта“

Синоќешниот настан на коалицијата ВЛЕН во арената „Борис Трајковски“ во Скопје предизвика бурни реакции и меѓусебни обвинувања меѓу ВЛЕН и ДУИ.Од ВЛЕН соопштија дека салата и просторот околу неа биле преполни со илјадници поддржувачи, опишувајќи ја конвенцијата како „центар на албанското единство“. Партијата нагласи дека нивниот проект не е список на ветувања, туку „инвентар на дела“, наведувајќи финансиски инвестиции во општините со албанско население, универзитети и инфраструктура.„ВЛЕН е глас

Македонија | пред 1 година

media-libraryreh9pijf5jaf3IrLyGr

Меџити за митингот на ДУИ: Говорот на Ахмети е знак за крај на ерата на ДУИ

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, митингот на ДУИ, го оцени како настан што го означува крајот на политичката кариера на лидерот на партијата, Али Ахмети.Меџити посочи дека говорите и пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку напротив – знак на слабеење на позициите на ДУИ.„Настанот во „Борис Трајковски“ не е само митинг, туку јасен показател за крај на една ера“ изјави тој.Според него, јавниот настап на Ахмети и неговите најбли

Македонија | пред 1 година

media-librarysadvjlo0adutcOr0YKo

ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“

По настапот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, од ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение возвратија дека Ахмети и неговата партија не се „орли“, туку „врапчиња“.„Ви рековме пред некој ден дека ќе продолжи – и еве го. Не е тешко да се предвиди Ахмети. Не е тешко ни човек да се справи со него – само треба да има волја, да не е компромитиран и да има интегритет. СДС тоа не беа. Тие немаа волја да се спротивстават, имаа волја само да крадат. И

Македонија | пред 1 година

media-librarygm9m3o3l6l2bfSDVIdL

(Видео) Ахмети до Мицкоски: „Христијане млад си размисли, орли летајте високо – кучиња, чувајте се од зајци“

Со извици „УЧК, УЧК“ и видео проекции со сцени од војната во 2001 година започна конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Атмосферата на почетокот беше јасна демонстрација на симболиката и политичкото наследство на кое партијата гради мобилизација во кампањата. Во салата се скандираше и „Артан Груби“.Лидерот Али Ахмети го искористи говорот за жестока критика кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Мицкоски: СДС се бори заедно со ДУИ да дојдат на власт и да продолжат со криминалот кој им го бранат нивни обвинители и судии

На денешниот настан во Штип на кој се одржа промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Социјалдемократскиот сојуз се бори заедно со ДУИ, и тоа е јасно како бел ден, за да дојдат повторно на власт и да продолжат со криминалот, кој им го бранат нивните обвинители.„Се борат заедно со Али Ахмети ДУИ и тоа е јасно како бел ден, и тоа ние го гледаме на секој чекор. Се борат за да се вратат на власт да продолжат по старо, се бо

Македонија | пред 1 година

media-librarynbu01n69ld20fY2IoK8

Велјановски: ДУИ секогаш кога губи прибегнува кон потпалување на меѓуетнички односи

Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ остро ја осуди изјавата на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, дадена за време на промоцијата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи, оценувајќи ја како опасна и штетна по меѓуетничките односи во државата.„Секогаш кога ДУИ губи, секогаш кога граѓаните ќе ги прочитаат нивните вистински коруптивни намери, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот“, изјави Велјановски.Тој

Македонија | пред 1 година

menduh-taci-vlada

Тачи се закани: Ако ДУИ проговори, ќе откријам кои бизнисмени од Скопје и од Албанија колку го молеле Мицкоски

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа во гостување на ТВ21 изјави дека се покајал што влегол во Европскиот фронт, обвинувајќи го лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека не си го одржал зборот.„Јас се покајав што влегов во Европскиот фронт“, нагласи Тачи.Во своето излагање, тој упати и сериозни предупредувања до ДУИ: „Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следен јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклониле, ка

Македонија | пред 1 година

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз

ВМРО-ДПМНЕ упатува сериозни обвинувања на сметка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и нејзината коалиција со СДСМ и ДУИ. Според партијата, поради неспособноста на Арсовска и неисполнувањето на финансиските обврски, Скопје повторно се соочува со ризик да остане без јавен превоз.„Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека фирмата „Пуцко Петрол“, која ја поврзуваат со ДУИ – коалицискиот партнер на Арсовска

Скопје | пред 1 година

bujar-osmani-artan-grubi

Ситните трикови на грофот од Зајас не минуваат ниту во детска градинка, му врати ВМРО-ДПМНЕ на Османи

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на изјавата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, , оценувајќи дека неговите наводи за „емисари“ од опозицијата се „измислици и сценарија што постојат само во неговата фантазија“.„Со вакви изјави, Османи се обидува да ја прикрие паниката во која се наоѓаат ДУИ и СДС пред сигурниот изборен пораз. Ситните трикови на грофот од Зајас не минуваат ниту во детска градинка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата нагласуваат дека единствената порака што ја нос

Македонија | пред 1 година

media-librarygjkk3vu7f4kteUCv0nw

Османи: Во Чаир има општонароден отпор кон Мицкоски, по изборите ќе преговараме за заедничко владеење

Кандидатот за градпначалник на Чаир, Бујар Османи, самиот најави преговори за влез на ДУИ во Влада, иако власта е децидна дека за нив нема место на „Илинденска“. Османи го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека испраќал пораки преку посредници, а друго зборел во јавност, но и дека Албанците имале општонароден отпор кон него.„Веднаш по изборите, победниците кај Албанците ќе седнат да преговараат, никој нема да ги земе. Ќе седнеме да преогвараме за заедничко владеење, за да се отко

Македонија | пред 1 година

ahmetii

ДУИ: Меџити не знае за одговорност, туку само за личен интерес

ДУИ остро го критикуваше министерот за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, обвинувајќи го дека во најкритичните моменти за граѓаните на Скопје не покажал никаква одговорност.„Додека воздухот во Скопје мирисаше на отров, Изет Меџити, кој очигледно заборавил дека е министер за животна средина, не кажа ниту збор. Не излезе пред јавноста, не даде препораки, не понуди информации, не упати ниту еден апел. Кога граѓаните стравуваа за своето здравје, нему му беше најважно д

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-09-13-at-15.44.58

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и ДУИ дека намерно ги палат депониите за да создадат хаос во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека коалицијата СДС–ДУИ стои зад намерното палење на скопските депонии „Дрисла“ и „Вардариште“, со цел да создаде страв и хаос кај граѓаните.„Криминалците од СДС–ДУИ, задушени од народниот пораз, решија да го задушат и Скопје, само за да го спречат доаѓањето на правдата,“ велат од партијата.Во реакцијата се наведува дека „злосторничкото здружение прибегнало кон најопасни и криминални методи“ и дека палењето на депониите претставува свесно уништување на здравјето на скопјани.„С

Скопје | пред 1 година

mickoski-ahmeti

Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите, но огледалото е од Али-експрес, вели ВМРО-ДПМНЕ за Ахмети

ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во последните настапи повторно се навраќа на 2001 година.„ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, но сега е 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат државата. Ахмети се враќа 24 години наназад, а 23 од тие години беше на власт и учесник во целото газење, компромитирање и корумпирање на институциите,“ стои во реакцијата.Од опозициската

Македонија | пред 1 година

ahmeti-bujar

Ахмети: Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на партискиот собир во Чаир одговори на, како што рече, „измислени наводи“ од дел од политичарите дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија.„Ако Албанците сакале поделба, ќе ја направеле со петнаесет илјади вооружени војници. Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни,“ изјави Ахмети, пренесуваат медиумите на албански јазик.На настанот, заедно со кандидатите за градоначалници Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд, лидерот на ДУИ г

Коментари | пред 1 година

ahmeti-bujar-1

Ахмети: Во Чаир потпишан „Актот на Чаир“ – најголемо национално обединување по 2001 година

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа на својот „Фејсбук“ профил објави дека заедно со кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи и пратеникот Скендер Реџепи – Зејди го потпишале „Актот на Чаир“, кој, како што истакна, претставува „најголемо национално обединување по 2001 година“.„Сите се обединети, како и порано, за да се врати достоинството, за да се врати честа, за да се заштитат постигнатите права. Тогаш повикот беше за да се добие еднаквост, денес е за да се одбрани,“ напиша Ахмети.Тој

Скопје | пред 1 година

Venko-SDSM-1

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос

Премиерот Христијан Мицковски повторно покажува целосна неспособност и менаџирање на државата. И денеска и една година наназад за политичкиот неуспех на Мицковски криви се СДСМ и ДУИ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за Телма телевизија. Филипче обвинувањата на премиерот Мицковски дека СДСМ и ДУИ имаат тајни планови за хаос и политички малверзации за изборите ја оценува како резултат на немањето капацитет да се води државата.„Иако пред повеќе месеци Уставниот суд ја донесе одлу

Македонија | пред 1 година

mickoski

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна, кога беа на власт имаше само многу криминал

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток ги отфрли сите обвинувања за етничка нееднаквост од страна на ДУИ и истакна дека ДУИ означува криминал, неспособност и корупција, како и дека тезите се неконструктивни со што приложи докази за финансиската поддршка од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон општините кои ги предводат градоначалници токму од ДУИ.„Нивната улога во Владата значи многу кри

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-08-22-at-10.57.47

Османи со националистички пораки во Чаир: „Не е лапсус – сакаат укинување на Рамковниот договор“

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, промовирајќи што ќе прави со општината, повторно се осврна на националистички прашања. Тој промовира теза дека се спрема укинување на Рамковниот договор. Ова доаѓа откако министерот за правда, Игор Филков рече „Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, можеби е дојдено време да се ревидира“, а премиерот Христијан Мицкоски возврати: „Рамковниот договор е исполнет во целост и тоа е завршена тема“. Османи најави мобилизација, обвинувајќи де

Македонија | пред 1 година

dui-

ДУИ ја обвини ВРЕДИ дека наместо албанска донела српска банка во Македонија

ДУИ денеска обвини дека партијата ВРЕДИ го прекршила предизборното ветување за основање на албанска банка со доминантен албански капитал и наместо тоа отворила врата за влез на српска банка во Македонија.„Наместо да го исполнат ветувањето од програмата за 2024 година за Албанска банка, ВРЕДИ, како слуга на ВМРО, овозможи навлегување на ‘Српскиот свет’ во банкарскиот сектор преку Алта банка“, се наведува во соопштението на ДУИ.Партијата тврди дека станува збор за политички и економски проект на Б

Македонија | пред 1 година

208629925_2853807214947928_6912460377458792794_n

Чаир не смее да се врати во рацете на човекот кој за 20 години ја претвори општината во приватна фирма за лично богатење, вели ДУИ

„Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Изет Меџити и неговиот послушник Висар Ганиу“, велат од ДУИ и додаваат:Знаат дека за време на нивните мандати, општината стана синоним за криминал, корупција и целосен хаос.Знаат дека наместо да живее меѓу луѓето за кои наводно се грижи, тој удобно живее во Бутел, а Чаир го гледа само како поле за лични бизниси и брзи пари.Меџити треба да одговори колку милиони евра влегле во нивните џебови од оваа корупција со градењето на диво?И дали со тие пари Меџити план

Македонија | пред 1 година

mickoski-za-dui

Мицкоски до ДУИ: Да не се надеваат на предвремени избори, на локалните ќе победи ВМРО

Премиерот Христијан Мицкоски, им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови со лажен патриотизам. Мицкоски рече дека ДУИ имаат за цел да испровоцираат предвремени парламентарни избори, па порача да не се надеваат.„Тие играат на картата – кратко помнење. Тоа така не оди. Јас ги повикувам сите граѓани, дека тука бираат помеѓу концептот кој 20 години ја опустошувале Македонија, а немаат никаква врска со права, и оние кои сакаат заеднички да градиме иднина“, рече

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања